Брегу Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bregu/ За подобро да се разбереме Fri, 16 Jun 2023 12:33:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Брегу Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bregu/ 32 32 Брегу: Не ни треба дополнителна институција за унапредување на соработката во Западен Балкан, потребна е политичка волја https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/bregu-ne-ni-treba-dopolnitelna-institutsija-za-unapreduvane-na-sorabotkata-vo-zapaden-balkan-potrebna-e-politichka-volja/ Fri, 16 Jun 2023 12:33:25 +0000 https://republika.mk/?p=652180

На земјите од Западен Балкан не им е потребна дополнителна институција што ќе работи на унапредување на регионалната соработка, туку политичка волја, затоа што има доволно организации што се занимаваат со тоа, оцени Мелинда Брегу, претседателка на Процесот за регионална соработка, на сесијата „Искрената регионална соработка го одржува регионот стабилен“ во рамки на Преспа форумот за дијалог 2023 во Струга.

Имаме одлични стратешки договори, програми и планови, а проблемот настанува кога почнува нивната имплементација. Недостасува политичка волја тие да заживеат, што е многу важно, иако ја имаше додека беше потребно да се подготват. Меѓусебните недоразбирања се причина тие договори сè уште да постојат само на хартија. На пример, би било добро на студентот кој завршил во Подгорица дипломата да му биде признаена во Тирана. Регионот се празни од млади луѓе и губиме околу 2,8 милиони евра поради нивното заминување од овде. Слично е и со договорот за укинување на визите меѓу Косово и Босна и Хецеговина, што уште не заживеал. Регионалната соработка уште се користи како мантра, а тоа е процес во кој треба заеднички да се инвестрира, но се покажува дека во суштина ние сè уште се бориме едни со други, истакна Брегу.

Во својата оценка за важноста и улогата на граѓанскиот сектор за регионалната соработка, Брегу нагласи дека добрососедските односи во перцепцијата на луѓето се добро прифатени и тие знаат дека само така можат да се решаваат проблемите што ги имаат земјите од регионот. Останува на лидерите, кои имаат политички мандат, да го спроведат она што е добро за граѓаните, затоа што тоа не е важно само за кредибилитетот на процесот, туку и за нив како луѓе кои го водат.

The post Брегу: Не ни треба дополнителна институција за унапредување на соработката во Западен Балкан, потребна е политичка волја appeared first on Република.

]]>

Ковачевски – Брегу: Регионалната соработка е придонес во стабилноста, развојот и европските перспективи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-bregu-regionalnata-sorabotka-e-pridones-vo-stabilnosta-razvojot-i-evropskite-perspektivi/ Wed, 06 Apr 2022 15:48:27 +0000 https://republika.mk/?p=484262

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски се сретна со Мајлинда Брегу, генерална секретарка на Регионалниот совет за соработка, оперативен орган на Процесот за соработка во Југоисточна Европа.

На состанокот е посочена важноста на регионалната соработка, како придонес во стабилноста и безбедноста на регионот и во делот на воспоставувањето заеднички регионален пазар и со тоа унапредување на економиите во државите.

Затоа, како што е заеднички констатирано, неопходно е да има синергија меѓу државите во регионот, на патот на нивниот развој.

Исто така, заеднички е оценето дека војната во Украина го истакна значењето на евроатлантските интеграции на Југоисточна Европа и на европската иднина на земјите од регионот.

Се смета дека отворањето преговори на Македонија и Албанија со ЕУ ќе биде мотивација и охрабрување и за другите држави од регионот да продолжат со реформите по европскиот пат, што се покажа важно и во регионални рамки - и за Европа.

Премиерот Ковачевски рече дека се водат принципиелни разговори со премиерот Петков, а дека Владата е фокусирана на надминување на предизвиците од војната во Украина преку историското зголемување на минималната плата, покачувањето на пензиите, поддршката на граѓаните во делот на сметките за електрична енергија, односно кон поддршката на стандардот на граѓаните и на компаниите за што е донесен и сет антикризни мерки.

На средбата се разгледани можностите за унапредување на регионалната соработка, преку нови проекти во рамки на Регионалниот совет за соработка, со цел напредок и перспективност како за земјите, така и за целиот регион.

The post Ковачевски – Брегу: Регионалната соработка е придонес во стабилноста, развојот и европските перспективи appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски се сретна со Мајлинда Брегу, генерална секретарка на Регионалниот совет за соработка, оперативен орган на Процесот за соработка во Југоисточна Европа. На состанокот е посочена важноста на регионалната соработка, како придонес во стабилноста и безбедноста на регионот и во делот на воспоставувањето заеднички регионален пазар и со тоа унапредување на економиите во државите. Затоа, како што е заеднички констатирано, неопходно е да има синергија меѓу државите во регионот, на патот на нивниот развој. Исто така, заеднички е оценето дека војната во Украина го истакна значењето на евроатлантските интеграции на Југоисточна Европа и на европската иднина на земјите од регионот. Се смета дека отворањето преговори на Македонија и Албанија со ЕУ ќе биде мотивација и охрабрување и за другите држави од регионот да продолжат со реформите по европскиот пат, што се покажа важно и во регионални рамки - и за Европа. Премиерот Ковачевски рече дека се водат принципиелни разговори со премиерот Петков, а дека Владата е фокусирана на надминување на предизвиците од војната во Украина преку историското зголемување на минималната плата, покачувањето на пензиите, поддршката на граѓаните во делот на сметките за електрична енергија, односно кон поддршката на стандардот на граѓаните и на компаниите за што е донесен и сет антикризни мерки. На средбата се разгледани можностите за унапредување на регионалната соработка, преку нови проекти во рамки на Регионалниот совет за соработка, со цел напредок и перспективност како за земјите, така и за целиот регион.

The post Ковачевски – Брегу: Регионалната соработка е придонес во стабилноста, развојот и европските перспективи appeared first on Република.

]]>
Маричиќ – Брегу: Секое одложување на преговорите со Македонија и Албанија ја намалува довербата на граѓаните https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/marichikj-bregu-sekoe-odlozuvanje-na-pregovorite-so-severna-makedonija-i-albanija-ja-namaluva-doverbata-na-gragjanite/ Wed, 06 Apr 2022 14:46:29 +0000 https://republika.mk/?p=484174

Иднината на регионот е во ЕУ и секое одложување на почетокот на преговорите со Македонија и Албанија ја намалува довербата на граѓаните пред сè, оценија на денешната средба вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ и генералната секретарка на Советот за регионална соработка, Мајлинда Брегу.

Според нив, на патот кон ЕУ, многу важна е и регионалната соработка.

-Добрата и континуирана регионална соработка е важна за нас и за нашата безбедност. Затоа, потребна е синергија и заеднички проекти на кои ќе работиме заедно како партнери во исполнувањето на нашите обврски на патот кон ЕУ, рече вицепремиерот Маричиќ.

Во оваа насока, како што информира СЕП, двајцата соговорници се согласија дека е време да се видат плодовите од досегашната посветена работа и заложби на Владата за решавање на сериозните прашања преку пријателски дијалог, кои дадоа голем придонес во зајакнувањето на стабилноста на регионот.

Генералната секретарка Брегу посочи дека сите активности на Советот се насочени кон просперитет на регионот преку поврзаност на земјите од Западен Балкан и зајакната регионална соработка и покрај дозата на неизвесност која ја предизвикува воениот конфликт во Украина, посветено продолжуваат да работат кон остварување на регионалните цели.

Маричиќ и Брегу ги разгледаа можностите за унапредување на соработката преку конкретни нови  проекти со Регионалниот совет за соработка, согласно планираните приоритети во овој период за реализација на европските реформи.

The post Маричиќ – Брегу: Секое одложување на преговорите со Македонија и Албанија ја намалува довербата на граѓаните appeared first on Република.

]]>

Иднината на регионот е во ЕУ и секое одложување на почетокот на преговорите со Македонија и Албанија ја намалува довербата на граѓаните пред сè, оценија на денешната средба вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ и генералната секретарка на Советот за регионална соработка, Мајлинда Брегу. Според нив, на патот кон ЕУ, многу важна е и регионалната соработка. -Добрата и континуирана регионална соработка е важна за нас и за нашата безбедност. Затоа, потребна е синергија и заеднички проекти на кои ќе работиме заедно како партнери во исполнувањето на нашите обврски на патот кон ЕУ, рече вицепремиерот Маричиќ. Во оваа насока, како што информира СЕП, двајцата соговорници се согласија дека е време да се видат плодовите од досегашната посветена работа и заложби на Владата за решавање на сериозните прашања преку пријателски дијалог, кои дадоа голем придонес во зајакнувањето на стабилноста на регионот. Генералната секретарка Брегу посочи дека сите активности на Советот се насочени кон просперитет на регионот преку поврзаност на земјите од Западен Балкан и зајакната регионална соработка и покрај дозата на неизвесност која ја предизвикува воениот конфликт во Украина, посветено продолжуваат да работат кон остварување на регионалните цели. Маричиќ и Брегу ги разгледаа можностите за унапредување на соработката преку конкретни нови  проекти со Регионалниот совет за соработка, согласно планираните приоритети во овој период за реализација на европските реформи.

The post Маричиќ – Брегу: Секое одложување на преговорите со Македонија и Албанија ја намалува довербата на граѓаните appeared first on Република.

]]>