Брдо-Бриони Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/brdo-brioni/ За подобро да се разбереме Mon, 07 Oct 2024 08:23:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Брдо-Бриони Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/brdo-brioni/ 32 32 Претседателката Сиљановска Давкова на состанок на Процесот Брдо-Бриони во Црна Гора https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelkata-silanovska-davkova-na-sostanok-na-protsesot-brdo-brioni-vo-tsrna-gora/ Mon, 07 Oct 2024 08:23:29 +0000 https://republika.mk/?p=823711

Претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова, денеска и утре ќе престојува во работна посета на Црна Гора, по повод учеството на состанокот на лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони, на покана на претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар и претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ.

Од Кабинетот на Сиљановска Давкова денеска информираа дека темите на дискусија на кои се фокусира самитот се надоврзуваат на декларацијата усвоена на минатогодишниот состанок на Процесот Брдо-Бриони и ги адресираат прашањата поврзани со младите и младинските политики, потребата од поголемо регионално поврзување, одржливиот развој и заштита на животната средина, како прашања од заеднички интерес за земјите од Западен Балкан.

На самитот што се одржува во Тиват и чиј домаќин е претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, предвидено е учеството и на претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, претседавачот и двајцата членови на Претседателството на Босна и Херцеговина, Денис Беќировиќ, Жељка Цвијановиќ и Жељко Комшиќ, претседателката на Република Косово, Вјоса Османи и претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ.

Процесот Брдо-Бриони е формиран во 2013 година на заедничка иницијатива на Словенија и Хрватска и го промовира дијалогот и соработката помеѓу шефовите на држави и Влади за прашањата од взаемен интерес, со крајна цел - интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија.

The post Претседателката Сиљановска Давкова на состанок на Процесот Брдо-Бриони во Црна Гора appeared first on Република.

]]>

Претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова, денеска и утре ќе престојува во работна посета на Црна Гора, по повод учеството на состанокот на лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони, на покана на претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар и претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ. Од Кабинетот на Сиљановска Давкова денеска информираа дека темите на дискусија на кои се фокусира самитот се надоврзуваат на декларацијата усвоена на минатогодишниот состанок на Процесот Брдо-Бриони и ги адресираат прашањата поврзани со младите и младинските политики, потребата од поголемо регионално поврзување, одржливиот развој и заштита на животната средина, како прашања од заеднички интерес за земјите од Западен Балкан. На самитот што се одржува во Тиват и чиј домаќин е претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, предвидено е учеството и на претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, претседавачот и двајцата членови на Претседателството на Босна и Херцеговина, Денис Беќировиќ, Жељка Цвијановиќ и Жељко Комшиќ, претседателката на Република Косово, Вјоса Османи и претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ. Процесот Брдо-Бриони е формиран во 2013 година на заедничка иницијатива на Словенија и Хрватска и го промовира дијалогот и соработката помеѓу шефовите на држави и Влади за прашањата од взаемен интерес, со крајна цел - интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија.

The post Претседателката Сиљановска Давкова на состанок на Процесот Брдо-Бриони во Црна Гора appeared first on Република.

]]>
Балканот во ЕУ до 2030-та година, убав сон од кој брзо ќе се разбудиме https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/balkanot-vo-eu-do-2030-ta-godina-ubav-son-od-koj-brzo-ke-se-razbudime/ Tue, 12 Sep 2023 06:07:14 +0000 https://republika.mk/?p=680999

По вчерашниот самит Брдо -Бриони стана јасно дека Балканот има само декларативна, но не и конкретна поддршка за членство во ЕУ.

За конкретен рок не ни станува  збор. И додека другите претседатели завиено и во ракавици говореа дека изјавата на првиот човек на Евроскиот совет Шарл Мишел за членство до 2030 година е негово лично очекување а не став на ЕУ, српскиот претседател Вучиќ го кажа најсликовито.

За Вучиќ тоа се убави желби и сон и оти кој е тој да им ги руши соништата.

Ова се убави желби но кој сум јас да им го уништам оптимизмот и да им ја намалам амбицијата на некои друи.Одлично е ако е така но сум сигрен-изјави Вучиќ вчера во Скопје.

Тој е искрен дека не сака да зборува за датуми и години само за да добие на избори и оти тоа не му треба.

-Треба да кажат дали не сакаат. Но и тоа не е клучното прашање. Клучното прашање е дали се развиваме со доволна брзина или не – нагласи шефот на српската држава.

Пред Македонија стоеше Грција, сега стои Бугарија, а за Србија тоа ќе биде Хрватска, или можеби и Бугарија.

Помладите членки на ЕУ како што се Бугарија ги употребуваат или злоупотребуваат добрососедските односи.

Тоа му е јасно и на македонсккиот претседател Пендаровски кој нагласува дека добрососедството  е задолжителна клаузула во ЕУ од 1997 година.

Меѓутоа, во однос на нашите аспирации досега, јасно е дека постои прилично голем дебаланс меѓу традиционалните критериуми за влез во ЕУ и билатералните односи со најмалку два од нашите соседи. Во последниве три години посебно, ние имаме сериозен дебаланс во таа смисла, бидејќи билатералниот проблем со Бугарија ја покри целокупната традиционална европска агенда за проширување. Ние се надеваме дека час поскоро ќе се промени тоа, бидејќи ако инсистирате на Западен Балкан да бидат решени чисто билатералните спорови, посебно ако се базираат на историјата или на емоциите, тогаш ниту еден од Западен Балкан нема да влезе во ЕУ кога било – истакна претседателот Пендаровски

The post Балканот во ЕУ до 2030-та година, убав сон од кој брзо ќе се разбудиме appeared first on Република.

]]>

По вчерашниот самит Брдо -Бриони стана јасно дека Балканот има само декларативна, но не и конкретна поддршка за членство во ЕУ. За конкретен рок не ни станува  збор. И додека другите претседатели завиено и во ракавици говореа дека изјавата на првиот човек на Евроскиот совет Шарл Мишел за членство до 2030 година е негово лично очекување а не став на ЕУ, српскиот претседател Вучиќ го кажа најсликовито. За Вучиќ тоа се убави желби и сон и оти кој е тој да им ги руши соништата.
Ова се убави желби но кој сум јас да им го уништам оптимизмот и да им ја намалам амбицијата на некои друи.Одлично е ако е така но сум сигрен-изјави Вучиќ вчера во Скопје.
Тој е искрен дека не сака да зборува за датуми и години само за да добие на избори и оти тоа не му треба.
-Треба да кажат дали не сакаат. Но и тоа не е клучното прашање. Клучното прашање е дали се развиваме со доволна брзина или не – нагласи шефот на српската држава.
Пред Македонија стоеше Грција, сега стои Бугарија, а за Србија тоа ќе биде Хрватска, или можеби и Бугарија. Помладите членки на ЕУ како што се Бугарија ги употребуваат или злоупотребуваат добрососедските односи. Тоа му е јасно и на македонсккиот претседател Пендаровски кој нагласува дека добрососедството  е задолжителна клаузула во ЕУ од 1997 година.
Меѓутоа, во однос на нашите аспирации досега, јасно е дека постои прилично голем дебаланс меѓу традиционалните критериуми за влез во ЕУ и билатералните односи со најмалку два од нашите соседи. Во последниве три години посебно, ние имаме сериозен дебаланс во таа смисла, бидејќи билатералниот проблем со Бугарија ја покри целокупната традиционална европска агенда за проширување. Ние се надеваме дека час поскоро ќе се промени тоа, бидејќи ако инсистирате на Западен Балкан да бидат решени чисто билатералните спорови, посебно ако се базираат на историјата или на емоциите, тогаш ниту еден од Западен Балкан нема да влезе во ЕУ кога било – истакна претседателот Пендаровски

The post Балканот во ЕУ до 2030-та година, убав сон од кој брзо ќе се разбудиме appeared first on Република.

]]>
Декларација од состанокот на лидерите на земјите учеснички од Процесот Брдо-Бриони во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/deklaratsija-od-sostanokot-na-liderite-na-zemjite-uchesnichki-od-protsesot-brdo-brioni-vo-skopje/ Mon, 11 Sep 2023 14:37:59 +0000 https://republika.mk/?p=680963

Забрзување на процесот на пристапување кон Европската Унија, борба против ефектите од климатските промени и нивно ублажување и задржување на младите во регионот на Западен Балкан се главните точки во заедничката Декларација од Скопје на лидерите на земјите учеснички од Процесот Брдо-Бриони.

Официјалниот текст на декларацијата е усогласен на англиски јазик, а во продолжение следи протоколарен превод на македонски јазик.

„Ние, лидерите на Процесот Брдо - Бриони, водени од начелата на регионална соработка, демократија и одржлив развој, се состанавме во Скопје, на 11 септември 2023 година, со цел да ја препознаеме и истакнеме виталната важност на забрзувањето на процесот на интеграција на Западниот Балкан во Европската унија, потребата за прилагодување кон ефектите од климатските промени и дебата во однос на мерките за обезбедување на виталност на општествата преку задржување на младите во регионот на Западен Балкан. Целејќи кон напредна и безбедна иднина на Западен Балкан како предуслов за напредокот и стабилноста на Европа, го подвлекуваме следново:

Забрзување на процесот на пристапување кон Европската унија: 

Се обврзуваме, преку реафирмирање на нашиот став во врска со политиката на проширување на ЕУ и перспективата за членство на Западен Балкан во Европската унија, како најдиректен придонес кон одржувањето на мирот и стабилноста, а сега, повеќе од кога било и како геополитичко прашање, да го интензивираме стратешкиот дијалог со институциите на ЕУ со цел да се забрза процесот на пристапување кон ЕУ и да се спречи занемарување на регионот.  ЕУ, како и Западниот Балкан, треба да биде подготвена за проширување во најкус можен рок, но не подоцна од  2030 година за да се постигне оваа цел.

Во однос на постојаната руска агресија врз Украина и ефектот на прелевање кон Западниот Балкан, ја повторуваме потребата од силна, отпорна и инклузивна ЕУ, со Западен Балкан како нејзин дел.

Го препознаваме фактот дека сеопфатни политички, економски и социјални реформи се клучни за пристапување кон ЕУ.  Се обврзуваме да ги интензивираме нашите напори во спроведувањето на реформите на Западен Балкан чија цел е зајакнување на владеењето на правото, напредокот, функционирањето на демократските институции и јавната администрација.

Потврдуваме дека регионалната соработка и добрососедските односи се суштински за напредување по соодветните ЕУ патеки. Се обврзуваме да работиме заедно за да негуваме атмосфера на заемна доверба, разбирање, мирно и долготрајно решавање на преостанатите билатерални прашања и солидарност помеѓу нас.

Ја истакнуваме важноста на постигнување видливи придобивки и можности за граѓаните на Западен Балкан и пред формалното пристапување.  Оттука, ја покануваме ЕУ да го разгледа отворањето на патишта кои ќе му овозможат на Западен Балкан да пристапи кон специфични ЕУ политики, иницијативи и фондови, на тој начин приближувајќи им некои од придобивките од членството во ЕУ на луѓето од Западен Балкан уште денес.

Во таа смисла, ја подвлекуваме итноста за користење на новата методологија на преговори со цел да се забрза процесот на пристапување кон ЕУ заснован на заслуги, како и да се осигура напредок на постепената интеграција помеѓу ЕУ и регионот уште за време на самиот процес на проширување.

Борба против ефектите од климатските промени и нивно ублажување:

Препознавајќи ја итната потреба од прилагодување кон брзорастечката закана од климатски промени во регионот, истакнуваме дека прилагодувањето кон климатските промени е споделена одговорност која изискува заеднички напори од страна на нашите влади, граѓанско општество, приватен сектор и меѓународни партнери.  Овие напори треба да бидат координирани со ЕУ и нејзините сродни програми.

Справувањето со предизвиците од климатските промени, зелената транзиција и зелениот раст, заедно со зајакнатата диверзификација на енергенсите и преминот кон обновлива енергија и ефикасност, треба дополнително да се унапредуваат.  Се обврзуваме да го забрзаме преминот кон обновливи извори на енергија и да ја зајакнеме енергетската ефикасност со цел да се намали јаглеродниот отпечаток и да се обезбеди одрѓлива енергетска иднина.  Ова може да вклучува еколошки здрави инвестиции во хидро, соларни, ветерни и геотермални извори.

Го поздравуваме Пакетот за енергетска поддршка во износ од 1 милијарда евра за Западен Балкан, со кој ЕУ ги прошири мерките за солидарност кои беа преземени во рамките на ЕУ по агресијата на Руската Федерација врз Украина, како што е поддршката за ранливи домаќинства и изградба на нова енергетска инфраструктура.

Препознавајќи го богатството на нашите природни пејзажи и биодиверзитет, ќе работиме заедно на зачувувањето и заштитата на нашите уникатни екосистеми и ќе промовираме одржливи практики на користење на земјиштата.

Ќе поддржиме инвестиции во климатски отпорна и еколошки одржлива инфраструктура и мерки за подготвеност против катастрофи, со цел да се заштитат нашите општества од влијанието на екстремни временски услови.  Поплавите кои ги погодија Словенија и Хрватска оваа година, како и шумските пожари низ регионот се потврда за потребата од заедничка работа и взаемна помош во справувањето со заедничките предизвици.  Солидарноста е вредност која постојано била интегрален дел од нашата соработка.  Во тој дух, го охрабруваме осмислувањето и употребата на добри практики, вклучително и преку европските механизми, со координирање на помошта и на билатерално и на мултилатерално ниво, со цел да се осигураме дека помошта секогаш ќе биде достапна за оние кои имаат најголема потреба.

Задржување на младите во регионот на Западен Балкан:

Емигрирањето на младите луѓе од Западен Балкан има значителни последици по долгорочната виталност на нашите општества, одржливиот економски раст и општествениот напредок.  Ја препознаваме суштинската важност на задржувањето на младите во рамките на Западниот Балкан.  Силно сме уверени дека искористувањето на потенцијалот на младите е витален за напредокот на нашите општества и за постигнување на дологорочен просперитет.

Ја истакнуваме важноста на соработката со ЕУ и поддршката во задржувањето на младите во регионот.  Ангажманот и партнерството со ЕУ се клучни за обезбедување на успешно спроведување на стратегиите чија цел е негување и искористување на потенцијалот на младите.

Ја славиме разноликоста на регионот на Западен Балкан и се обврзуваме на унапредување на културната размена и разбирањето помеѓу младите. Преку негување на инклузивни и отворени општества, целиме кон создавање на средина која ќе ги охрабрува младите поединци да останат или да се вратат и да придонесат кон колективниот развој на регионот.

Ја признаваме важноста на квалитетното образование. Ќе работиме на подобрување на образовните системи и зголемување на можностите за младите да стекнат соодветни компетенции и вештини.

Се обврзуваме да создадеме привлечна и конкурентна бизнис средина која охрабрува иновации, претприемништво и создавање на нови работни места, задржувајќи ги на тој начин младите во регионот.

Потврдуваме дека соработката на овие полиња е од суштинска важност за зајакнување на развојот на човечкиот капитал, запирање на одливот на мозоци и охрабрување на протокот на мозоци, како и негување на развојот на дологорочен, стабилен и иновативен екосистем и премин кон екомонија заснована на знаење, на тој начин обезбедувајќи подобра перспектива за младите во регионот“, се вели во заендичката Декларција од Скопје.

На состанокот денеска во Скопје ќе учествува претседателот Стево Пендаровски, како домаќин, претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ и претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар, во улога на ко-домаќини, како и претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, претседателката на Република Косово, Вјоса Османи Садриу, претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ и членовите на претседателството на Босна и Херцеговина: Жељко Комшиќ, Денис Беќировиќ и Жељка Цвијановиќ.

The post Декларација од состанокот на лидерите на земјите учеснички од Процесот Брдо-Бриони во Скопје appeared first on Република.

]]>

Забрзување на процесот на пристапување кон Европската Унија, борба против ефектите од климатските промени и нивно ублажување и задржување на младите во регионот на Западен Балкан се главните точки во заедничката Декларација од Скопје на лидерите на земјите учеснички од Процесот Брдо-Бриони. Официјалниот текст на декларацијата е усогласен на англиски јазик, а во продолжение следи протоколарен превод на македонски јазик. „Ние, лидерите на Процесот Брдо - Бриони, водени од начелата на регионална соработка, демократија и одржлив развој, се состанавме во Скопје, на 11 септември 2023 година, со цел да ја препознаеме и истакнеме виталната важност на забрзувањето на процесот на интеграција на Западниот Балкан во Европската унија, потребата за прилагодување кон ефектите од климатските промени и дебата во однос на мерките за обезбедување на виталност на општествата преку задржување на младите во регионот на Западен Балкан. Целејќи кон напредна и безбедна иднина на Западен Балкан како предуслов за напредокот и стабилноста на Европа, го подвлекуваме следново:

Забрзување на процесот на пристапување кон Европската унија: 

Се обврзуваме, преку реафирмирање на нашиот став во врска со политиката на проширување на ЕУ и перспективата за членство на Западен Балкан во Европската унија, како најдиректен придонес кон одржувањето на мирот и стабилноста, а сега, повеќе од кога било и како геополитичко прашање, да го интензивираме стратешкиот дијалог со институциите на ЕУ со цел да се забрза процесот на пристапување кон ЕУ и да се спречи занемарување на регионот.  ЕУ, како и Западниот Балкан, треба да биде подготвена за проширување во најкус можен рок, но не подоцна од  2030 година за да се постигне оваа цел. Во однос на постојаната руска агресија врз Украина и ефектот на прелевање кон Западниот Балкан, ја повторуваме потребата од силна, отпорна и инклузивна ЕУ, со Западен Балкан како нејзин дел. Го препознаваме фактот дека сеопфатни политички, економски и социјални реформи се клучни за пристапување кон ЕУ.  Се обврзуваме да ги интензивираме нашите напори во спроведувањето на реформите на Западен Балкан чија цел е зајакнување на владеењето на правото, напредокот, функционирањето на демократските институции и јавната администрација. Потврдуваме дека регионалната соработка и добрососедските односи се суштински за напредување по соодветните ЕУ патеки. Се обврзуваме да работиме заедно за да негуваме атмосфера на заемна доверба, разбирање, мирно и долготрајно решавање на преостанатите билатерални прашања и солидарност помеѓу нас. Ја истакнуваме важноста на постигнување видливи придобивки и можности за граѓаните на Западен Балкан и пред формалното пристапување.  Оттука, ја покануваме ЕУ да го разгледа отворањето на патишта кои ќе му овозможат на Западен Балкан да пристапи кон специфични ЕУ политики, иницијативи и фондови, на тој начин приближувајќи им некои од придобивките од членството во ЕУ на луѓето од Западен Балкан уште денес. Во таа смисла, ја подвлекуваме итноста за користење на новата методологија на преговори со цел да се забрза процесот на пристапување кон ЕУ заснован на заслуги, како и да се осигура напредок на постепената интеграција помеѓу ЕУ и регионот уште за време на самиот процес на проширување.

Борба против ефектите од климатските промени и нивно ублажување:

Препознавајќи ја итната потреба од прилагодување кон брзорастечката закана од климатски промени во регионот, истакнуваме дека прилагодувањето кон климатските промени е споделена одговорност која изискува заеднички напори од страна на нашите влади, граѓанско општество, приватен сектор и меѓународни партнери.  Овие напори треба да бидат координирани со ЕУ и нејзините сродни програми. Справувањето со предизвиците од климатските промени, зелената транзиција и зелениот раст, заедно со зајакнатата диверзификација на енергенсите и преминот кон обновлива енергија и ефикасност, треба дополнително да се унапредуваат.  Се обврзуваме да го забрзаме преминот кон обновливи извори на енергија и да ја зајакнеме енергетската ефикасност со цел да се намали јаглеродниот отпечаток и да се обезбеди одрѓлива енергетска иднина.  Ова може да вклучува еколошки здрави инвестиции во хидро, соларни, ветерни и геотермални извори. Го поздравуваме Пакетот за енергетска поддршка во износ од 1 милијарда евра за Западен Балкан, со кој ЕУ ги прошири мерките за солидарност кои беа преземени во рамките на ЕУ по агресијата на Руската Федерација врз Украина, како што е поддршката за ранливи домаќинства и изградба на нова енергетска инфраструктура. Препознавајќи го богатството на нашите природни пејзажи и биодиверзитет, ќе работиме заедно на зачувувањето и заштитата на нашите уникатни екосистеми и ќе промовираме одржливи практики на користење на земјиштата. Ќе поддржиме инвестиции во климатски отпорна и еколошки одржлива инфраструктура и мерки за подготвеност против катастрофи, со цел да се заштитат нашите општества од влијанието на екстремни временски услови.  Поплавите кои ги погодија Словенија и Хрватска оваа година, како и шумските пожари низ регионот се потврда за потребата од заедничка работа и взаемна помош во справувањето со заедничките предизвици.  Солидарноста е вредност која постојано била интегрален дел од нашата соработка.  Во тој дух, го охрабруваме осмислувањето и употребата на добри практики, вклучително и преку европските механизми, со координирање на помошта и на билатерално и на мултилатерално ниво, со цел да се осигураме дека помошта секогаш ќе биде достапна за оние кои имаат најголема потреба.

Задржување на младите во регионот на Западен Балкан:

Емигрирањето на младите луѓе од Западен Балкан има значителни последици по долгорочната виталност на нашите општества, одржливиот економски раст и општествениот напредок.  Ја препознаваме суштинската важност на задржувањето на младите во рамките на Западниот Балкан.  Силно сме уверени дека искористувањето на потенцијалот на младите е витален за напредокот на нашите општества и за постигнување на дологорочен просперитет. Ја истакнуваме важноста на соработката со ЕУ и поддршката во задржувањето на младите во регионот.  Ангажманот и партнерството со ЕУ се клучни за обезбедување на успешно спроведување на стратегиите чија цел е негување и искористување на потенцијалот на младите. Ја славиме разноликоста на регионот на Западен Балкан и се обврзуваме на унапредување на културната размена и разбирањето помеѓу младите. Преку негување на инклузивни и отворени општества, целиме кон создавање на средина која ќе ги охрабрува младите поединци да останат или да се вратат и да придонесат кон колективниот развој на регионот. Ја признаваме важноста на квалитетното образование. Ќе работиме на подобрување на образовните системи и зголемување на можностите за младите да стекнат соодветни компетенции и вештини. Се обврзуваме да создадеме привлечна и конкурентна бизнис средина која охрабрува иновации, претприемништво и создавање на нови работни места, задржувајќи ги на тој начин младите во регионот. Потврдуваме дека соработката на овие полиња е од суштинска важност за зајакнување на развојот на човечкиот капитал, запирање на одливот на мозоци и охрабрување на протокот на мозоци, како и негување на развојот на дологорочен, стабилен и иновативен екосистем и премин кон екомонија заснована на знаење, на тој начин обезбедувајќи подобра перспектива за младите во регионот“, се вели во заендичката Декларција од Скопје. На состанокот денеска во Скопје ќе учествува претседателот Стево Пендаровски, како домаќин, претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ и претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар, во улога на ко-домаќини, како и претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, претседателката на Република Косово, Вјоса Османи Садриу, претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ и членовите на претседателството на Босна и Херцеговина: Жељко Комшиќ, Денис Беќировиќ и Жељка Цвијановиќ.

The post Декларација од состанокот на лидерите на земјите учеснички од Процесот Брдо-Бриони во Скопје appeared first on Република.

]]>
Никој од Западен Балкан нема да влезе во ЕУ ако се инститира земјите прво да ги решат билатералните спорови https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikoj-od-zapaden-balkan-nema-da-vleze-vo-eu-ako-se-institira-zemjite-prvo-da-gi-reshat-bilateralnite-sporovi/ Mon, 11 Sep 2023 14:25:01 +0000 https://republika.mk/?p=680959

Во изминатите три години имаме сериозен дисбаланс меѓу традиционалните критериуми за влез во Европската Унија и надминување на билатералните спорови, бидејќи билатералниот спор со Бугарија за жал ја покри целокупната традиционална агенда за пристапување, порача денеска претседателот на државата Стево Пендаровски, на заедничката прес-конференција во Скопје со неговите колеги од Словенија и Хрватска, Наташа Пирц – Мусар и Зоран Милановиќ по состанокот во рамки на процесот Брдо-Бриони.

Пендаровски одговори на новинарско прашање во врска со тоа дали во однос на државите од Западен Балкан е поважно да ги решат чисто билатералните спорови, отколку да ги исполнат критериумите за членство содржани во поглавјата.

Пендаровски посочи дека во однос на Македонија јасно е дека постои прилично голем дисбаланс во тој сооднос.

Нам ни е јасно дека '97 година таа т.н. регионална клаузула или добрососедските односи мора да се исполни. Во однос на нашата земја, нашите аспирации, нашиот пат досега, јасно е дека постои прилично голем дисбаланс меѓу традиционалните критериуми за влез во ЕУ и билатералните односи со намалку двајца од нашите соседи. Во изминатите три години ние имаме сериозен дисбаланс во таа смисла, затоа што билатералниот проблем со Бугарија, ја покри за жал целокупната традиционална агенда за пристапување. Ние се надеваме дека најскоро тоа ќе се промени, бидејќи ако на Западен Балкан инстистираме најпрво да бидат решени чисто билатералните спорови и посебно ако тие се потпираат на историја и на емоции тогаш ниту еден од Западен Балкан нема да влезе во ЕУ, рече Пендаровски.

Хрватскиот претседател истакна дека се важни и критериумите и решавањето на споровите и додаде дека тоа се процеси, кои се одвиваат паралелно.

Важно е и едното и другото, постојат отворени прашања, особено меѓу Србија и Косово, кои меѓусебно не се признаваат. Тоа се процеси, што се одвиваат паралелно и истовремено и ќе повторам уште еднаш сметам дека овој вид на дијалог е вреден и дека е најлошо кога ќе стивнат телефонските линии. Тоа е смрт за дијалогот, за комуникацијата, за меѓусебното разбирање, па и недоразбирање. Еден од најважните моменти во скорешното минато е поврзан со идентитетот и самопочита на државите во овој простор, а тоа е кога Украина доби кандидатски статус пред БиХ, тоа беше необјасниво, но ете се случи, рече Милановиќ.

Словенечката претседателка истакна дека е недвосмислено оти решавањето на билатералните спорови е во интерес на ЕУ, на пристапувањето во Унијата, но секако и во интерес на државите кои сакаат да станат членки.

Пирц – Мусар напомена дека сепак таа не е приврзаник на одолговлекување на процесот за влез во ЕУ поради билатерални проблеми.

The post Никој од Западен Балкан нема да влезе во ЕУ ако се инститира земјите прво да ги решат билатералните спорови appeared first on Република.

]]>

Во изминатите три години имаме сериозен дисбаланс меѓу традиционалните критериуми за влез во Европската Унија и надминување на билатералните спорови, бидејќи билатералниот спор со Бугарија за жал ја покри целокупната традиционална агенда за пристапување, порача денеска претседателот на државата Стево Пендаровски, на заедничката прес-конференција во Скопје со неговите колеги од Словенија и Хрватска, Наташа Пирц – Мусар и Зоран Милановиќ по состанокот во рамки на процесот Брдо-Бриони. Пендаровски одговори на новинарско прашање во врска со тоа дали во однос на државите од Западен Балкан е поважно да ги решат чисто билатералните спорови, отколку да ги исполнат критериумите за членство содржани во поглавјата. Пендаровски посочи дека во однос на Македонија јасно е дека постои прилично голем дисбаланс во тој сооднос.
Нам ни е јасно дека '97 година таа т.н. регионална клаузула или добрососедските односи мора да се исполни. Во однос на нашата земја, нашите аспирации, нашиот пат досега, јасно е дека постои прилично голем дисбаланс меѓу традиционалните критериуми за влез во ЕУ и билатералните односи со намалку двајца од нашите соседи. Во изминатите три години ние имаме сериозен дисбаланс во таа смисла, затоа што билатералниот проблем со Бугарија, ја покри за жал целокупната традиционална агенда за пристапување. Ние се надеваме дека најскоро тоа ќе се промени, бидејќи ако на Западен Балкан инстистираме најпрво да бидат решени чисто билатералните спорови и посебно ако тие се потпираат на историја и на емоции тогаш ниту еден од Западен Балкан нема да влезе во ЕУ, рече Пендаровски.
Хрватскиот претседател истакна дека се важни и критериумите и решавањето на споровите и додаде дека тоа се процеси, кои се одвиваат паралелно.
Важно е и едното и другото, постојат отворени прашања, особено меѓу Србија и Косово, кои меѓусебно не се признаваат. Тоа се процеси, што се одвиваат паралелно и истовремено и ќе повторам уште еднаш сметам дека овој вид на дијалог е вреден и дека е најлошо кога ќе стивнат телефонските линии. Тоа е смрт за дијалогот, за комуникацијата, за меѓусебното разбирање, па и недоразбирање. Еден од најважните моменти во скорешното минато е поврзан со идентитетот и самопочита на државите во овој простор, а тоа е кога Украина доби кандидатски статус пред БиХ, тоа беше необјасниво, но ете се случи, рече Милановиќ.
Словенечката претседателка истакна дека е недвосмислено оти решавањето на билатералните спорови е во интерес на ЕУ, на пристапувањето во Унијата, но секако и во интерес на државите кои сакаат да станат членки. Пирц – Мусар напомена дека сепак таа не е приврзаник на одолговлекување на процесот за влез во ЕУ поради билатерални проблеми.

The post Никој од Западен Балкан нема да влезе во ЕУ ако се инститира земјите прво да ги решат билатералните спорови appeared first on Република.

]]>
Вучиќ главна ѕвезда во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vuchik-glavna-zvezda-vo-skopje/ Mon, 11 Sep 2023 09:26:15 +0000 https://republika.mk/?p=680802

Почна состанокот Брдо-Бриони во Скопје. Пристигнаа сите претседатели за регионот за да разговараат за евроинтеграциите и иселувањето на младите што е еден од најголемите проблеми во сите земји од овој дел на светот.

Најголема звезда во Скопје е претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Сите камери и фоторепортери се вперени во него и сите сакаат фотографија со него.

Во Скопје е и претседателката на Косово, Вјоса Османи, па се очекува и нивна директна средба пред продолжување на дијалогот Белград-Приштина.

[caption id="attachment_680836" align="aligncenter" width="640"] Skoplje, 11. septembra 2023.- U Skoplju je danas počeo samit lidera procesa Brdo- Brioni, kojem prisustvuje i predsednik Srbije Aleksandar Vučić. Domaćini skupa su predsednik Severne Makedonije Stevo Pendarovski, predsednik Hrvatske Zoran Milanović i predsednica Slovenije Nataša Pirc Musar. Domaćini su dočekali goste, prvi je stigao predsednik Srbije Aleksandar Vučić, a potom i ostali lideri regiona.Među prisutnima su predsednik Crne Gore Jakov Milatović, predsednik Albanije Bajram Begaj, člano[/caption]

 

The post Вучиќ главна ѕвезда во Скопје appeared first on Република.

]]>

Почна состанокот Брдо-Бриони во Скопје. Пристигнаа сите претседатели за регионот за да разговараат за евроинтеграциите и иселувањето на младите што е еден од најголемите проблеми во сите земји од овој дел на светот. Најголема звезда во Скопје е претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Сите камери и фоторепортери се вперени во него и сите сакаат фотографија со него. Во Скопје е и претседателката на Косово, Вјоса Османи, па се очекува и нивна директна средба пред продолжување на дијалогот Белград-Приштина. [caption id="attachment_680836" align="aligncenter" width="640"] Skoplje, 11. septembra 2023.- U Skoplju je danas počeo samit lidera procesa Brdo- Brioni, kojem prisustvuje i predsednik Srbije Aleksandar Vučić. Domaćini skupa su predsednik Severne Makedonije Stevo Pendarovski, predsednik Hrvatske Zoran Milanović i predsednica Slovenije Nataša Pirc Musar. Domaćini su dočekali goste, prvi je stigao predsednik Srbije Aleksandar Vučić, a potom i ostali lideri regiona.Među prisutnima su predsednik Crne Gore Jakov Milatović, predsednik Albanije Bajram Begaj, člano[/caption]  

The post Вучиќ главна ѕвезда во Скопје appeared first on Република.

]]>
Лидерите од регионот се собраа во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/liderite-od-regionot-se-sobraa-vo-skopje/ Mon, 11 Sep 2023 06:13:28 +0000 https://republika.mk/?p=680714

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Скопје ќе биде домаќин на состанокот на лидерите на земјите учеснички од Процесот Брдо-Бриони.

На состанокот, како што е најавено, ќе учествуваат претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ и претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар, во улога на ко-домаќини, како и претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, претседателката на Република Косово, Вјоса Османи Садриу, претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ и членовите на претседателството на Босна и Херцеговина: Жељко Комшиќ, Денис Беќировиќ и Жељка Цвијановиќ.

Во фокусот на годинешниот состанок на лидерите на земјите учеснички од Процесот Брдо-Бриони во Скопје се европските интеграции, климатските промени и иселувањето на младите.

Лидерите на земјите учеснички на Процесот Брдо-Бриони, како што е најавено ќе имаат пленарен состанок, по што ќе следи заедничка прес-конференција на Пендаровски, Пирц – Мусар и Милановиќ.

Процесот Брдо-Бриони прв пат се одржа во 2013 година на заедничка иницијатива на претседателите на Република Словенија и Република Хрватска, во Брдо кај Крањ.

Главната цел на процесот е целосна интеграција на земјите од регионот во Европската Унија, стабилизирање на состојбите во Западен Балкан преку јакнење на регионалната соработка и решавање на отворените прашања.

Лидерите на земјите од Процесот Брдо-Бриони се состануваат најмалку еднаш годишно.

На состанокот на лидерите на земјите учеснички од Процесот Брдо-Бриони, кој ќе се одржи во хотелот „Хилтон“ во Скопје, се акредитирани 125 претставници на медиумите, 72 од нашата држава и 53 од странство

The post Лидерите од регионот се собраа во Скопје appeared first on Република.

]]>

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Скопје ќе биде домаќин на состанокот на лидерите на земјите учеснички од Процесот Брдо-Бриони. На состанокот, како што е најавено, ќе учествуваат претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ и претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар, во улога на ко-домаќини, како и претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, претседателката на Република Косово, Вјоса Османи Садриу, претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ и членовите на претседателството на Босна и Херцеговина: Жељко Комшиќ, Денис Беќировиќ и Жељка Цвијановиќ. Во фокусот на годинешниот состанок на лидерите на земјите учеснички од Процесот Брдо-Бриони во Скопје се европските интеграции, климатските промени и иселувањето на младите. Лидерите на земјите учеснички на Процесот Брдо-Бриони, како што е најавено ќе имаат пленарен состанок, по што ќе следи заедничка прес-конференција на Пендаровски, Пирц – Мусар и Милановиќ. Процесот Брдо-Бриони прв пат се одржа во 2013 година на заедничка иницијатива на претседателите на Република Словенија и Република Хрватска, во Брдо кај Крањ. Главната цел на процесот е целосна интеграција на земјите од регионот во Европската Унија, стабилизирање на состојбите во Западен Балкан преку јакнење на регионалната соработка и решавање на отворените прашања. Лидерите на земјите од Процесот Брдо-Бриони се состануваат најмалку еднаш годишно. На состанокот на лидерите на земјите учеснички од Процесот Брдо-Бриони, кој ќе се одржи во хотелот „Хилтон“ во Скопје, се акредитирани 125 претставници на медиумите, 72 од нашата држава и 53 од странство

The post Лидерите од регионот се собраа во Скопје appeared first on Република.

]]>