браво бенд Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bravo-bend/ За подобро да се разбереме Wed, 17 Apr 2024 14:08:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png браво бенд Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bravo-bend/ 32 32 „Браво бенд“ 20 години на музичката сцена: „Љубав преко мреже“ е новата песна која ја направија заедно со Сале Тропико https://arhiva3.republika.mk/scena/bravo-bend-20-godini-na-muzichkata-stsena-lubav-preko-mrezhe-e-novata-pesna-koja-ja-napravija-zaedno-so-sale-tropiko/ Wed, 17 Apr 2024 14:34:05 +0000 https://republika.mk/?p=767194

„Љубав преко мреже“ е насловот на новата песна на момците од Браво бенд, која е само продолжение на приказната што почнаа да ја испишуваат со претходната нумера „Катаклизма“. Авторскиот тим и на двете песни е ист, односно музиката ја потпишува фронтменот на Тропико бенд Сале (Александар Цветковиќ), текстот е на Драган Брајовиќ – Браја, додека аранжманот е на Јован Лазаревиќ – Тукс. Песната излегува во исто време со спот, за кој кадрите се снимени на Преспанското Езеро, а кој е работен под режисерската палка на Ѓорги Вацев.  Приказната во спотот ја следи самата нумера и зрачи со позитивна енергија како и песната која претендира да стане летен хит.

https://www.youtube.com/watch?v=RO-mMfJxOs4

Се вели случајните работи се најубави, така беше и со оваа соработка со Сале и Браја. Случајно по еден заеднички настап со Тропико седнавме со Сале, направивме муабет и ете се изродија неколку песни. Две веќе слушнавте“, вели Кире Денов, вокалот на Браво бенд и додава дека нема да застанат тука, но и нема да се ограничат само на снимање песни на српски јазик.

Наскоро, вели, излегува песна на македонски јазик, а во подготовка е и убав сплет со кавери.

Годинава ни е јубилејна, па некако сакаме да покажеме, докажеме, но и да го оправдаме 20-годишното присуство на сцената“, вели тапанарот во бендот Дејан Младеновски.

За Сале Тропико, кој со своето присуство ја збогати синоќешната промоција во „Дион“ да се работи со момци кои се талентирани и, пред сѐ, позитивни луѓе е задоволство. Вели, тоа што и самиот е пејач не го спречува некоја добра песна да ја даде некому.  

Среќен сум кога некоја моја песна ќе стане хит, тоа што пеам и самиот никогаш не ми било пречка за некому да дадам добра песна наместо да ја чувам за себе. Напротив, се радувам кога некој ќе ја донесе како што сум замислил. Се радувам што работам со овие момци затоа што се позитивни, талентирани и знаат што сакаат“, вели Сале.

А на промоцијата вриеше од колеги, медиуми, пријатели... ниту дождот кој делуваше како да сака да ја расипе вечерта не успеа да ги поколеба сите кои сакаа да бидат дел од оваа за Браво бенд важна вечер. Велат дожд е бериќет, нека биде така и сега, и наскоро да има уште едно големо браво за дечките од Браво бенд.   

The post „Браво бенд“ 20 години на музичката сцена: „Љубав преко мреже“ е новата песна која ја направија заедно со Сале Тропико appeared first on Република.

]]>

„Катаклизма“ – нова песна на момците од „Браво бенд“ https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/kataklizma-nova-pesna-na-momtsite-od-bravo-bend/ Fri, 07 Jul 2023 09:09:01 +0000 https://republika.mk/?p=658847

„Катаклизма“ е насловот на новата песна на момците од Браво бенд, која јавноста веќе има можност да ја чуе после повеќе од 5-годишна пауза од создавање авторска музика.  

Не би сакале да звучи како клише, но паузата што ја направивме во изминатиот период одлично ни дојде за добро да размислиме во која насока ќе се движи нашата кариера во иднина, а заедничкиот заклучок е – ова е само почеток на сето она што публиката допрва ќе го чуе и види од нас“, велат момците од Браво бенд.

Интересно е дека „Катаклизма“ е песна снимена на српски јазик и во издание на Гранд продукција, а зад неа како автор на музиката се потпишува Александар Цветковиќ или Сале, фронтменот на Тропико бенд. Текстот е со потписот на Драган Брајовиќ-Браја, а аранжманот на Јован Лазаревиќ.

Зошто на српски јазик е прашањето кое ни го поставија сите кои ја слушнаа песната, а сигурно ќе ни го постават уште многумина - така е затоа што кога Сале ни ја пушти песната да ја слушнеме веќе беше направена на српски. Знаеме и дека голем дел од македонската публика ја следи естрадата во соседството, па некако сакавме да направиме еден камбек за домашната публика, но и да се претставиме надвор од нашите граници“, велат момците и додаваат дека паузирале само кога станува збор за правењето авторска музика, но не и кога се во прашање настапите.

Со исклучок на периодот за време на пандемијата со корона вирусот, ние постојано настапуваме, па и сега едвај чекаме во живо да ја отсвириме „Катаклизма“, додаваат дечките од Браво бенд.

Задоволен од соработката е и Сале – Тропико, кој признава дека му е исклучително драго што имал можност да соработува со момците од Браво бенд за кои вели дека се одлични момчиња и, пред сѐ, неверојатни музичари.

Навистина ми е драго што со нив соработував на песната „Катаклизма“. Долго опстојуваат на македонската сцена, но со ова издание за Гранд продукција сметам дека им се отвора врата за целиот балкански пазар, а сѐ со надеж дека песната „Катаклизма“ ќе ѝ се допадне на публиката бидејќи е правена токму за Браво бенд“, вели Сале.

Видеото за „Катаклизма“ во кое освен членовите на Браво бенд - Кире, Дејан, Мирослав, Драган, Момчило и Александар, ќе го видите и актерот Петар Стојанов, како и моделката Матеа Стојковска, е со потписот на неверојатниот Даниел Јовески.

https://www.youtube.com/watch?v=b3sji_1Egt8

The post „Катаклизма“ – нова песна на момците од „Браво бенд“ appeared first on Република.

Сале Тропико и Браја направија песна за „Браво Бенд“ https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/sale-tropiko-i-braja-napravija-pesna-za-bravo-bend/ Wed, 08 Feb 2023 11:37:23 +0000 https://republika.mk/?p=606449

Момците од „Браво Бенд“  пред неколку дена во Белгра ја започнаа соработката со познатиот фронтмен на групата „Тропико“, Александар Цветковиќ – Сале. Познатиот бенд кој со години е еден од најбараните за свирки, сега сериозно ќе поработи на нивна авторска музика преку соработка со повеќе познати српски автори.

Тие веќе ја снимија нивната прва песна на српски јазик, на која музиката ја потпишува Сале од „Тропико“, додека пак текстот го напиша познатиот Драган Брајовиќ – Браја.

Презадоволни сме, конечно го добивме тоа што го замислувавме и ние во нашите глави. Нема да биде една песна со овие автори, договоривме подолгорочна соработка. Наскоро ќе го видите „Браво бенд“ во едно поинакво издание, со многу нова музика. Деновиве се подготвуваме и за снимање на спотот за новата песна и искрени да бидеме едвај чекаме да слушне и види публиката што сме подготвиле, велат момците од бендот.

Тие открија и како течела соработката со Сале, за кого имаат само пофални зборови.

Сале е феноменален човек, а потоа и одличен музичар. Иако не го познававме предходно, доволни ни беа само 10 минути со него за да ни се спојат енергиите и да се чуствуваме како да го познаваме 10 години, дополни тапанарот Дени.

До тогаш „Браво бенд“ можете да ги слушнете и видите на нивните настапи, ширум Македонија.

The post Сале Тропико и Браја направија песна за „Браво Бенд“ appeared first on Република.

]]>

Момците од „Браво Бенд“  пред неколку дена во Белгра ја започнаа соработката со познатиот фронтмен на групата „Тропико“, Александар Цветковиќ – Сале. Познатиот бенд кој со години е еден од најбараните за свирки, сега сериозно ќе поработи на нивна авторска музика преку соработка со повеќе познати српски автори. Тие веќе ја снимија нивната прва песна на српски јазик, на која музиката ја потпишува Сале од „Тропико“, додека пак текстот го напиша познатиот Драган Брајовиќ – Браја.
Презадоволни сме, конечно го добивме тоа што го замислувавме и ние во нашите глави. Нема да биде една песна со овие автори, договоривме подолгорочна соработка. Наскоро ќе го видите „Браво бенд“ во едно поинакво издание, со многу нова музика. Деновиве се подготвуваме и за снимање на спотот за новата песна и искрени да бидеме едвај чекаме да слушне и види публиката што сме подготвиле, велат момците од бендот.
Тие открија и како течела соработката со Сале, за кого имаат само пофални зборови.
Сале е феноменален човек, а потоа и одличен музичар. Иако не го познававме предходно, доволни ни беа само 10 минути со него за да ни се спојат енергиите и да се чуствуваме како да го познаваме 10 години, дополни тапанарот Дени.
До тогаш „Браво бенд“ можете да ги слушнете и видите на нивните настапи, ширум Македонија.

The post Сале Тропико и Браја направија песна за „Браво Бенд“ appeared first on Република.

]]>
Огнен Здравковски е нов член на групата „Браво бенд“ https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/ognen-zdravkovski-e-nov-chlen-na-grupata-bravo-bend/ Wed, 28 Sep 2022 08:13:42 +0000 https://republika.mk/?p=555085

Од неодамна групата „Браво бенд“ има нов член, односно добиваат засилување и тоа не било какво. Во нивниот тим влегува и поп-пејачот Огнен Здравковски, кој важи за еден од најдобрите машки вокали во нашата земја.

Групата и пејачот соработувале и во минатото, но овојпат решија и официјално да се спојат и во иднина тие ќе настапуваат под името Огнен Здравковски и „Браво бенд“.

Долго време бев во потрага по бенд и мислам дека сега се склопија коцките. Добив понуда од „Браво бенд“ и да бидам искрен не се двоумев многу, бидејќи со нив се познавам долго време, сме соработувале зеадно, а она што е најважно, тие се инзворедени музичари, вели Здравковски.

Задоволството не го кријат ниту членовите на бендот. Тие велат дека нивните планови се големи и дека допрва публиката ќе види за што станува збор.

Со Огнен се познаваме долго време и воопшто не ни беше тешко да се договориме. Седнавме, разговаравме, сфативме дека имаме исти амбиции, исти планови и по неколку минути си подадовме рака дека започнуваме со соработка, изјавија момците од „Браво бенд“.

Инаку како што кажавме, нивните планови се големи. Во блиска иднина тие ќе снимаат и авторска песна, а дотогаш ќе може да ги видите и слушнете на настапите ширум нашата земја.

The post Огнен Здравковски е нов член на групата „Браво бенд“ appeared first on Република.

]]>

Од неодамна групата „Браво бенд“ има нов член, односно добиваат засилување и тоа не било какво. Во нивниот тим влегува и поп-пејачот Огнен Здравковски, кој важи за еден од најдобрите машки вокали во нашата земја. Групата и пејачот соработувале и во минатото, но овојпат решија и официјално да се спојат и во иднина тие ќе настапуваат под името Огнен Здравковски и „Браво бенд“.