братислава Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bratislava/ За подобро да се разбереме Wed, 31 May 2023 19:42:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png братислава Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bratislava/ 32 32 Рама: Во Солун, кога Димитар сè уште имаше коса беше речено дека ќе станеме членки на ЕУ, така што, еве сме двајцата ќелави https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/rama-vo-solun-koga-dimitar-se-ushte-imashe-kosa-beshe-recheno-deka-ke-staneme-chlenki-na-eu-taka-shto-eve-sme-dvajtsata-kelavi/ Wed, 31 May 2023 19:42:04 +0000 https://republika.mk/?p=646622

„Што ќе сторат со Украина? Ќе ја внесат во ЕУ? Прво, тоа не е реално. Второ, се работи за претсобје за депресија. Тоа не е претсобје за интеграција, туку претсобје за депресија. А, ние знаеме дека е тоа така. Знаете, (на форумот) во Солун, кога Димитар сè уште имаше коса беше речено дека ќе станеме членки на ЕУ. Тоа се случи дури и пред јас да ја изгубам својата коса. Така што, еве сме. Двајцата ќелави. Затоа што ние верувавме во тие глупости. Тоа што нам ни треба е да бидеме реални, да бидеме искрени, отворени и да бидеме и директни“.

Вака изјави албанскиот претседател Еди Рама на панел-дискусијата за Западен Балкан во рамки на Глобалниот форум за безбедност во Братислава.

Присутните се засмеаја. Претходно, тие исто така се смееја кога Рама иронично го спореди влезот во ЕУ со свадба.

 

The post Рама: Во Солун, кога Димитар сè уште имаше коса беше речено дека ќе станеме членки на ЕУ, така што, еве сме двајцата ќелави appeared first on Република.

]]>

„Што ќе сторат со Украина? Ќе ја внесат во ЕУ? Прво, тоа не е реално. Второ, се работи за претсобје за депресија. Тоа не е претсобје за интеграција, туку претсобје за депресија. А, ние знаеме дека е тоа така. Знаете, (на форумот) во Солун, кога Димитар сè уште имаше коса беше речено дека ќе станеме членки на ЕУ. Тоа се случи дури и пред јас да ја изгубам својата коса. Така што, еве сме. Двајцата ќелави. Затоа што ние верувавме во тие глупости. Тоа што нам ни треба е да бидеме реални, да бидеме искрени, отворени и да бидеме и директни“. Вака изјави албанскиот претседател Еди Рама на панел-дискусијата за Западен Балкан во рамки на Глобалниот форум за безбедност во Братислава. Присутните се засмеаја. Претходно, тие исто така се смееја кога Рама иронично го спореди влезот во ЕУ со свадба.  

The post Рама: Во Солун, кога Димитар сè уште имаше коса беше речено дека ќе станеме членки на ЕУ, така што, еве сме двајцата ќелави appeared first on Република.

]]>
Две кореографии од Скопје танцовиот театар на Фестивалот „Share“ во Братислава https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/dve-koreografii-od-skopje-tancoviot-teatar-na-festivalot-share-vo-bratislava/ Thu, 02 Jun 2022 08:42:15 +0000 https://republika.mk/?p=510042

Вечерва на сцената на „Театр ЛАБ“ во Братислава, Словачка, на отворање на фестивалот „Share“ ќе настапат студентите на Катедрата за современ танц при Универзитетот „Гоце Делчев“, кои ќе ги изведат кореогрфаиите „Outline“ на Дејан Битровски, во која настапува Емилија Милак и „Без–надежен“ на Иван Ангелковски, во која настапува студентката Стефани Шааршмит.

Двете кореографии се во продукција на Скопје танцовиот театар. Воедно, во рамките на фестивалот, асистентката Анастасија Данчевска ќе одржи работилница, а професорката Рисима Рисимкин ќе има предавања на тема „Развој на софтвер за компјутерски генерирана кореографија“, труд кој беше претставен на научната конференција ЕТИМА во 2021 година.

Фестивалот „Share“ 2022 ќе се одржи од втори до петти јуни во Братислава, Словачка, како платформа на седум европски танцови академии и универзитети, и тоа „Антон Брукнер“ универзитетот од Линц и „Универзитетот за музика и уметност на Градот Виена“ од Австрија;„Академијата за култура“ од Латвија; „Академијата за музика и театар“ од Литванија; Конзерваториумскиот центар „Данкан“ од Прага, Чешка; Академијата за изведувачки уметности од Братислава, Словачка и Катедрата за современ танц при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, Македонија.

Огромен број млади уметници, студенти и професори деновиве ќе ги споделат своите искуства во Братислава, ќе има работилници, како и вечерна програма на секоја од овие седум академии.

Фестивалот „Share“ се формираше во 2017 година, кога за прв пат се одржа во Братислава, со цел да се постави платформа за соработка на млади европски современи танчери. Во Братислава фестивалот се одржува секоја втора година, а во меѓувреме патува низ земјите учеснички. Во 2018 година фестивалот се одржа во рамки на „Танц фест“ во Скопје и Штип, на него присуствуваа преку сто млади уметници и професори.

The post Две кореографии од Скопје танцовиот театар на Фестивалот „Share“ во Братислава appeared first on Република.

]]>

Вечерва на сцената на „Театр ЛАБ“ во Братислава, Словачка, на отворање на фестивалот „Share“ ќе настапат студентите на Катедрата за современ танц при Универзитетот „Гоце Делчев“, кои ќе ги изведат кореогрфаиите „Outline“ на Дејан Битровски, во која настапува Емилија Милак и „Без–надежен“ на Иван Ангелковски, во која настапува студентката Стефани Шааршмит. Двете кореографии се во продукција на Скопје танцовиот театар. Воедно, во рамките на фестивалот, асистентката Анастасија Данчевска ќе одржи работилница, а професорката Рисима Рисимкин ќе има предавања на тема „Развој на софтвер за компјутерски генерирана кореографија“, труд кој беше претставен на научната конференција ЕТИМА во 2021 година. Фестивалот „Share“ 2022 ќе се одржи од втори до петти јуни во Братислава, Словачка, како платформа на седум европски танцови академии и универзитети, и тоа „Антон Брукнер“ универзитетот од Линц и „Универзитетот за музика и уметност на Градот Виена“ од Австрија;„Академијата за култура“ од Латвија; „Академијата за музика и театар“ од Литванија; Конзерваториумскиот центар „Данкан“ од Прага, Чешка; Академијата за изведувачки уметности од Братислава, Словачка и Катедрата за современ танц при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, Македонија. Огромен број млади уметници, студенти и професори деновиве ќе ги споделат своите искуства во Братислава, ќе има работилници, како и вечерна програма на секоја од овие седум академии. Фестивалот „Share“ се формираше во 2017 година, кога за прв пат се одржа во Братислава, со цел да се постави платформа за соработка на млади европски современи танчери. Во Братислава фестивалот се одржува секоја втора година, а во меѓувреме патува низ земјите учеснички. Во 2018 година фестивалот се одржа во рамки на „Танц фест“ во Скопје и Штип, на него присуствуваа преку сто млади уметници и професори.

The post Две кореографии од Скопје танцовиот театар на Фестивалот „Share“ во Братислава appeared first on Република.

]]>