Братислава форум Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bratislava-forum/ За подобро да се разбереме Wed, 31 May 2023 17:31:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Братислава форум Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bratislava-forum/ 32 32 Рама: Ако Балканот се закашла, за ЕУ тоа е рамно на пневмонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/rama-ako-balkanot-se-zakashla-za-eu-toa-e-ramno-na-pnevmonija-2/ Wed, 31 May 2023 19:44:05 +0000 https://republika.mk/?p=646586

Ако Балканот се закашла, за ЕУ тоа е рамно на пневмонија, рече албанскиот премиер Еди Рама за време на форумот на „Глобсек 2023“ во Братислава.

Рама повторно ја критикува Европската Унија коментирајќи дека е тажно што требало да избувне војна за да се разбуди.

„Ние на Западен Балкан преку болка и фрустрација имаме сфатено дека ЕУ се движи многу бавно и сфативме дека нема стратешка визија. Иако имаше геополитичка загриженост во рутински изрази за влез на трети играчи на Западен Балкан, ништо конкретно не се правеше. Највџашувачки беше кога нè погоди пандемијата и кога сите ние бевме целосно изолирани и гледавме како земјите од ЕУ брзаат и се трудат да се заштитат во своите граници. Кога дојдоа вакцините, дистрибуцијата не го зеде предвид фактот дека има шест земји опкружени со нивните граници. Ние како Албанија се свртевме кон Турција, Србија, Кина и Русија со цел да најдеме помош да спасиме животи. Ако не беше Ердоган, Албанија ќе претрпеше големи жртви. Беше лудило, а беше реалност. ЕУ се разбуди со руската агресија. Добивме отворање на преговорите. Сега е јасно. Не можеме да чекаме уште години за да добиеме реална поддршка. Тој јаз се проширува. Многу зборуваат дека ни даваат поддршка, но бројките се безмилосни. 90 отсто од поддршката за инфраструктура, енергетиката доаѓа преку заеми, а само 10 отсто преку грантови. Најголем процент од грантовите е техничка помош“, рече Рама.

Заклучи дека ЕУ мора да отвори нов пат на соработка во поглед на финансиите.

The post Рама: Ако Балканот се закашла, за ЕУ тоа е рамно на пневмонија appeared first on Република.

]]>

Ако Балканот се закашла, за ЕУ тоа е рамно на пневмонија, рече албанскиот премиер Еди Рама за време на форумот на „Глобсек 2023“ во Братислава. Рама повторно ја критикува Европската Унија коментирајќи дека е тажно што требало да избувне војна за да се разбуди. „Ние на Западен Балкан преку болка и фрустрација имаме сфатено дека ЕУ се движи многу бавно и сфативме дека нема стратешка визија. Иако имаше геополитичка загриженост во рутински изрази за влез на трети играчи на Западен Балкан, ништо конкретно не се правеше. Највџашувачки беше кога нè погоди пандемијата и кога сите ние бевме целосно изолирани и гледавме како земјите од ЕУ брзаат и се трудат да се заштитат во своите граници. Кога дојдоа вакцините, дистрибуцијата не го зеде предвид фактот дека има шест земји опкружени со нивните граници. Ние како Албанија се свртевме кон Турција, Србија, Кина и Русија со цел да најдеме помош да спасиме животи. Ако не беше Ердоган, Албанија ќе претрпеше големи жртви. Беше лудило, а беше реалност. ЕУ се разбуди со руската агресија. Добивме отворање на преговорите. Сега е јасно. Не можеме да чекаме уште години за да добиеме реална поддршка. Тој јаз се проширува. Многу зборуваат дека ни даваат поддршка, но бројките се безмилосни. 90 отсто од поддршката за инфраструктура, енергетиката доаѓа преку заеми, а само 10 отсто преку грантови. Најголем процент од грантовите е техничка помош“, рече Рама. Заклучи дека ЕУ мора да отвори нов пат на соработка во поглед на финансиите.

The post Рама: Ако Балканот се закашла, за ЕУ тоа е рамно на пневмонија appeared first on Република.

]]>