бранко црвенковски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/branko-crvenkovski/ За подобро да се разбереме Sun, 14 Apr 2024 12:14:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бранко црвенковски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/branko-crvenkovski/ 32 32 Бранко Црвенковски ја омажи ќерката https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/branko-tsrvenkovski-ja-omazhi-kerkata/ Sun, 14 Apr 2024 13:03:19 +0000 https://republika.mk/?p=765942

Синоќа  се омажи ќерката на поранешниот претседател Бранко Црвенковски, Марија . Дамјан и Марија стапија во брак а првиот танц го изиграа со песната од Владо Јаневски „Љубовта е моја религија“.

Свадбената веселба ја прави во еден од најпознатите скопски хотели.

Нека им е со среќа на младенците.

The post Бранко Црвенковски ја омажи ќерката appeared first on Република.

]]>

Синоќа  се омажи ќерката на поранешниот претседател Бранко Црвенковски, Марија . Дамјан и Марија стапија во брак а првиот танц го изиграа со песната од Владо Јаневски „Љубовта е моја религија“. Свадбената веселба ја прави во еден од најпознатите скопски хотели. Нека им е со среќа на младенците.    

The post Бранко Црвенковски ја омажи ќерката appeared first on Република.

]]>
Доби зет: Се омажи ќерката на Бранко Црвенковски https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/dobi-zet-se-omazhi-kerkata-na-branko-tsrvenkovski/ Sun, 14 Apr 2024 08:12:47 +0000 https://republika.mk/?p=765863

Ќерката на поранешниот претседател Бранко Црвенковски, Марија Црвенковска, синоќа се омажи за своето долгогодишно момче Дамјан.

Свадбената церемонија се случила во еден од најпознатите скопски хотели во строгиот центар на градот.

Марија носела елегантна венчаница, а целиот изглед невестата го надополнила со нежна фризура и дискретна шминка.

Младоженците првиот танц го одиграле на песната „Љубовта е моја религија“ од Каролина Гочева и Владо Јаневски.

The post Доби зет: Се омажи ќерката на Бранко Црвенковски appeared first on Република.

]]>

Ќерката на поранешниот претседател Бранко Црвенковски, Марија Црвенковска, синоќа се омажи за своето долгогодишно момче Дамјан. Свадбената церемонија се случила во еден од најпознатите скопски хотели во строгиот центар на градот. Марија носела елегантна венчаница, а целиот изглед невестата го надополнила со нежна фризура и дискретна шминка. Младоженците првиот танц го одиграле на песната „Љубовта е моја религија“ од Каролина Гочева и Владо Јаневски.  

The post Доби зет: Се омажи ќерката на Бранко Црвенковски appeared first on Република.

]]>
Нешто се подготвува: Бранко Црвенковски се појави на ручек со еден од најголемите „сдсмовци“ во Охрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/neshto-se-podgotvuva-branko-tsrvenkovski-se-pojavi-na-ruchek-so-eden-od-najgolemite-sdsmovtsi-vo-ohrid/ Tue, 08 Aug 2023 07:50:27 +0000 https://republika.mk/?p=669837

Дали поранешниот претседател Бранко Црвенковски нешто подготвува. „Охрид1.com“ објави фотографија од популарниот Бранко со неговиот братучед Јован Мирчески -. Пупе, меѓу охриѓани познат како еден од најголемите „сдсмовци“.

Тие двајца се братучеди и времето ќе покаже дали  е ова роднински ручек или во Охрид се подготвува ново движење или партија на незадоволните од СДСМ и актуелното раководство.

[caption id="attachment_669843" align="alignnone" width="495"] foto Ohrid1[/caption]

The post Нешто се подготвува: Бранко Црвенковски се појави на ручек со еден од најголемите „сдсмовци“ во Охрид appeared first on Република.

]]>

Дали поранешниот претседател Бранко Црвенковски нешто подготвува. „Охрид1.com“ објави фотографија од популарниот Бранко со неговиот братучед Јован Мирчески -. Пупе, меѓу охриѓани познат како еден од најголемите „сдсмовци“. Тие двајца се братучеди и времето ќе покаже дали  е ова роднински ручек или во Охрид се подготвува ново движење или партија на незадоволните од СДСМ и актуелното раководство. [caption id="attachment_669843" align="alignnone" width="495"] foto Ohrid1[/caption]    

The post Нешто се подготвува: Бранко Црвенковски се појави на ручек со еден од најголемите „сдсмовци“ во Охрид appeared first on Република.

]]>
Ковачевски за изјавата на Црвенковски: Секогаш зависи од која перспектива гледате https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-za-izjavata-na-tsrvenkovski-sekogash-zavisi-od-koja-perspektiva-gledate/ Tue, 20 Jun 2023 10:12:34 +0000 https://republika.mk/?p=653337

Премиерот Димитар Ковачевски ја проследил изјавата од експретседателот Бранко Црвенковски. Тој смета дека излагањето било корисно, иако се спротивни на тезите кои Владата ги застапува. За песимистичкиот став дека на Црвенковски кој кажа дека Македонија нема шанси до 2030 година да биде членка на ЕУ, Ковачевски искоментира: „Секогаш е од која перспектива гледате. Имаше луѓе кои беа песимисти дека никогаш нема да станеме членка на НАТО – ние станавме. Така што, важно е да се остане верен на целта која ја сакаат граѓаните и да се работи таа цел да се оствари“.

Кога ќе погледнете од временска перспектива, тогаш во еден момент некои работи можат да ви се чинат неостварливи или тешко остварливи. Јас сум зборувал со негови колеги кои биле советници во неговиот кабинет, кои се мои блиски пријатели, кои велат: ‘За нас од тогашна перспектива беше несфатливо да се дојде до договор со Грција и државата да стане членка на НАТО. Од оваа перспектива гледаме дека можело да се постигне договор’. Исто така, никој не очекуваше дека минатата година ќе добиеме преговарачка рамка, по 17 години, но ние заедно со пратениците и 27 членки усвоивме преговарачка рамка. Јас верувам дека до 2030 година можеме да бидеме членка на ЕУ ако ги донесеме одлуките кои се очекуваат од нас. Подоцна, да го довршиме и процесот на скрининг, да ги отвориме поглавјата и да ги затвориме поглавјата. Има отворен прозорец од ЕУ - рече Ковачевски.

Посочи дека ги цени ставовите на Црвенковски и другите експретседатели и експремиери.

The post Ковачевски за изјавата на Црвенковски: Секогаш зависи од која перспектива гледате appeared first on Република.

Црвенковски со стратегија за евроинтеграциите: Прифатете ја или критикувајте ја, но не ѝ ставајте партиски печат на иницијативата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tsrvenkovski-so-strategija-za-evrointegratsiite-prifatete-ja-ili-kritikuvajte-ja-no-ne-stavajte-partiski-pechat-na-initsijativata/ Mon, 19 Jun 2023 10:39:46 +0000 https://republika.mk/?p=653053

Здружението за надоврешна и меѓународна политика „Совет на амбасадори“ во соработката на поранешниот претседател Бранко Црвенковски организираше трибина на тема Македонија меѓу Отворен Блакан и Берлински процес можно ли е побрзо членстово во Европската унија.

Црвенковски упати критики за бавниот процес на евроинтеграциите на Западен Балкан. Новата методологија за преговори што ја предложи Франција, според него, нема резултати бидејќи процесот или стои во место или има симболичен напредок, а Македонија проблемот не треба да го гледа само од аспект на проблемот со Бугарија туку пошироко.

Затоа, според Црвенковски, потребна е нова стратегија за евроинтеграциите за што, тој денеска промовира иницијатива која значи регионот да побара од Брисел пристап до заедничкиот пазар и европските фондови.

Ние земјите кандидатки за членство да ѝ помогнеме на ЕУ да дефинира една појасна стратегија кон регионот на Западен Балкан и процесот на неговото интегрирање. Би сакал да ја искористам оваа можност пред вас, но и пред македонската јавност да промовирам една идеја за една таква иницијатива која по мое мислење заслужува внимание. Што е тоа што во оваа фаза за нас земјите од Западен Балкан е најбитно, а во исто време не задира во и онака комплицираното одлучување во рамки на ЕУ? Тоа е пристап до заедничкиот пазар и до европските фондови. Најдиректно кажано, иницијативата би се однесувала на овозможување на овие две цели. Ќе напоменам за да нема никаква заблуда, ова не би било никаква алтернатива или супституција на полноправното членство во ЕУ. Напротив, тоа би бил еден меѓучекор или преодна фаза која би го олеснила остварувањето на таа цел, рече Црвенковски.

Бенефитите, според него, би биле што земјите од регионот би ги подобриле своите економски перформанси, а со тоа би биле поподготвени за полноправно членство. Од друга страна, како што рече, ЕУ би го зајакнала својот кредибилитет, како и влијание во регионот, и би ги елиминирала сите опасности од неевропски и антиевропски влијанија.

Поранешниот претседател на настанот презентира два начина како да се постигне оваа цел. Едната, рече, е да се искористи постојната Европска економска област.

Да се потсетиме оваа организација е основана на 1 јануари 1994 година врз основа на договорот меѓу земјите членки на ЕФТА и во тоа време европската заедница, денес ЕУ. Со овој договор денес се овозможува Исланд, Лихтенштајн и Норвешка да учествуваат во внатрешниот пазар во ЕУ и без членство во ЕУ. За возврат тие се обврзани да ги усвојат и спроведуваат сите закони на ЕУ кои се поврзани со единствениот пазар освен законите поврзани со земјоделство и рибарство. Дека членството во европската економска област не е никаква кочница за полноправно членство во ЕУ говори примерот на Австрија, Финска и Шведска кои во 1995 како поранешни членки на ЕФТА станаа полноправни членки на ЕУ. На оваа тема имам разговарано со амбасадорот Јолевски тој има подготвено една, рече Црвенковски.

Втора варијанта со која би се избегнале сложените процедури за прием на нови членки во европската економска област, а истовремено би се овозможил и пристап до европските фондови, според него, е доколку ЕУ истовремено потпише нов посебен договор со сите земји од Западен Балкан и со него би се овозможило учество на заедничкиот европски пазар и можност за користење на европските фондови.

Откако ја презентира, експретседателот побара од политичките партии да не ѝ ставаат партиски печат на оваа идеја.

Ако оцените дека оваа идеја е интересна и заслужува внимание, во ред, ќе ми биде мило. Ако сметате дека идејата е лоша и безвредна, повторно во ред – можете да ја критикувате или едноставно да ја игнорирате. Но, ве молам немојте да ѝ ставите партиски печат и да ја внесете во своите дневнополитички конфронтации. Не случајно се решив да ја промовирам токму тука пред советот на амбасадори, пред луѓе со големо живото и дипломатско искуство, но ви исто време што е многу важно, луѓе со различни политички припадности и ориентации, рече Црвенковски.

Пред да ја соопшти иницијативата, пак, тој упати критики за бавниот процес на евроинтеграции, што е и причината за идејата за нова стратегија. Дека процесот оди бавно, според него, покажува и тоа што ништо не се променило ниту од неговиот последен јавен настап во мај лани.

Подготвувајќи се за денешниот настан, покрај други материјали го прочитав и моето обраќање од мај минатата година. Што заклучив? Дека за жал можам да го прочитам истиот текст и денес и ништо битно нема да пропуштам. Таму каде што бевме лани се наоѓаме и сега без видлив и сериозен напредок. Тоа не се однесува само за Македонија туку и за другите земјите од регионот, без разлика дали ќе го нарекуваме Југоисточна Европа или Западен Балкан, рече Црвенковски.

Потоа, тој се осврна на секоја земја од регионот одделно.

Единствен исклучок можеби е Албанија за која беше донесена одлука за почеток на преговорите. Ние ги отворивме, но не ги почнавме, како што стојат работите тешко е да се предвиди каде и кога тоа ќе се случи. БиХ доби кандидатски статус, но со 14 строги услови и без можност да ги користи фондовите кои следуваат за земја-кандидат за членство. На Косово заради збиднувањата на северот му се закануваат дури и санкции од страна на ЕУ и САД. Посебна приказна се Србија и Црна Гора, држави кои преговорите ги почнаа пред цели 9 односно 11 години, констатира експретседателот.

Токму со образложение дека процесот на преговори со нив тече бавно, продолжи тој, пред три години Франција предложи, а другите земји прифатија нова методологија на преговорите.

Меѓутоа, и новата методологија, нагласи, не даде резултати.

Да се потсетиме дека токму заради тоа, а не заради бугарското вето во октомври 2019 година и покрај позитивната препорака од страна на Европската Комисија, Македонија не ги почна преговорите со Унијата. Што е резултатот од новата методологија? Овие три години ниту Србија ниту Црна Гора не направија ниту еден видлив значаен чекор напред во процесот на преговорите. Со други зборови, од различни причини, за различни држави процесот на евроинтегрирање на целиот регион или стои во место или бележи симболички напредок, рече Црвенковски.

Во ваква ситуација како сега, односно ако нема промени, експретседателот вели дека не е оптимисти дека би можело да има напредок и во наредните неколку години.

Сево ова го говорам затоа што сметам дека во креирањето на нашите политики во однос на евроинтеграцискиот мора да го имаме предвид и поширокиот контекст, а не се да се сведува само на проблемот со Бугарија. Фактите говорат дека интеграциите во однос на целиот регион на Западен Балкан се во застој со повремени мали чекори. Според мене во овој момент не постои простор за поголем оптимизам ниту за наредните неколку години, рече Црвенковски.

The post Црвенковски со стратегија за евроинтеграциите: Прифатете ја или критикувајте ја, но не ѝ ставајте партиски печат на иницијативата appeared first on Република.

]]>

Здружението за надоврешна и меѓународна политика „Совет на амбасадори“ во соработката на поранешниот претседател Бранко Црвенковски организираше трибина на тема Македонија меѓу Отворен Блакан и Берлински процес можно ли е побрзо членстово во Европската унија. Црвенковски упати критики за бавниот процес на евроинтеграциите на Западен Балкан. Новата методологија за преговори што ја предложи Франција, според него, нема резултати бидејќи процесот или стои во место или има симболичен напредок, а Македонија проблемот не треба да го гледа само од аспект на проблемот со Бугарија туку пошироко. Затоа, според Црвенковски, потребна е нова стратегија за евроинтеграциите за што, тој денеска промовира иницијатива која значи регионот да побара од Брисел пристап до заедничкиот пазар и европските фондови.
Ние земјите кандидатки за членство да ѝ помогнеме на ЕУ да дефинира една појасна стратегија кон регионот на Западен Балкан и процесот на неговото интегрирање. Би сакал да ја искористам оваа можност пред вас, но и пред македонската јавност да промовирам една идеја за една таква иницијатива која по мое мислење заслужува внимание. Што е тоа што во оваа фаза за нас земјите од Западен Балкан е најбитно, а во исто време не задира во и онака комплицираното одлучување во рамки на ЕУ? Тоа е пристап до заедничкиот пазар и до европските фондови. Најдиректно кажано, иницијативата би се однесувала на овозможување на овие две цели. Ќе напоменам за да нема никаква заблуда, ова не би било никаква алтернатива или супституција на полноправното членство во ЕУ. Напротив, тоа би бил еден меѓучекор или преодна фаза која би го олеснила остварувањето на таа цел, рече Црвенковски.
Бенефитите, според него, би биле што земјите од регионот би ги подобриле своите економски перформанси, а со тоа би биле поподготвени за полноправно членство. Од друга страна, како што рече, ЕУ би го зајакнала својот кредибилитет, како и влијание во регионот, и би ги елиминирала сите опасности од неевропски и антиевропски влијанија. Поранешниот претседател на настанот презентира два начина како да се постигне оваа цел. Едната, рече, е да се искористи постојната Европска економска област.
Да се потсетиме оваа организација е основана на 1 јануари 1994 година врз основа на договорот меѓу земјите членки на ЕФТА и во тоа време европската заедница, денес ЕУ. Со овој договор денес се овозможува Исланд, Лихтенштајн и Норвешка да учествуваат во внатрешниот пазар во ЕУ и без членство во ЕУ. За возврат тие се обврзани да ги усвојат и спроведуваат сите закони на ЕУ кои се поврзани со единствениот пазар освен законите поврзани со земјоделство и рибарство. Дека членството во европската економска област не е никаква кочница за полноправно членство во ЕУ говори примерот на Австрија, Финска и Шведска кои во 1995 како поранешни членки на ЕФТА станаа полноправни членки на ЕУ. На оваа тема имам разговарано со амбасадорот Јолевски тој има подготвено една, рече Црвенковски.
Втора варијанта со која би се избегнале сложените процедури за прием на нови членки во европската економска област, а истовремено би се овозможил и пристап до европските фондови, според него, е доколку ЕУ истовремено потпише нов посебен договор со сите земји од Западен Балкан и со него би се овозможило учество на заедничкиот европски пазар и можност за користење на европските фондови. Откако ја презентира, експретседателот побара од политичките партии да не ѝ ставаат партиски печат на оваа идеја.
Ако оцените дека оваа идеја е интересна и заслужува внимание, во ред, ќе ми биде мило. Ако сметате дека идејата е лоша и безвредна, повторно во ред – можете да ја критикувате или едноставно да ја игнорирате. Но, ве молам немојте да ѝ ставите партиски печат и да ја внесете во своите дневнополитички конфронтации. Не случајно се решив да ја промовирам токму тука пред советот на амбасадори, пред луѓе со големо живото и дипломатско искуство, но ви исто време што е многу важно, луѓе со различни политички припадности и ориентации, рече Црвенковски.
Пред да ја соопшти иницијативата, пак, тој упати критики за бавниот процес на евроинтеграции, што е и причината за идејата за нова стратегија. Дека процесот оди бавно, според него, покажува и тоа што ништо не се променило ниту од неговиот последен јавен настап во мај лани.
Подготвувајќи се за денешниот настан, покрај други материјали го прочитав и моето обраќање од мај минатата година. Што заклучив? Дека за жал можам да го прочитам истиот текст и денес и ништо битно нема да пропуштам. Таму каде што бевме лани се наоѓаме и сега без видлив и сериозен напредок. Тоа не се однесува само за Македонија туку и за другите земјите од регионот, без разлика дали ќе го нарекуваме Југоисточна Европа или Западен Балкан, рече Црвенковски.
Потоа, тој се осврна на секоја земја од регионот одделно.
Единствен исклучок можеби е Албанија за која беше донесена одлука за почеток на преговорите. Ние ги отворивме, но не ги почнавме, како што стојат работите тешко е да се предвиди каде и кога тоа ќе се случи. БиХ доби кандидатски статус, но со 14 строги услови и без можност да ги користи фондовите кои следуваат за земја-кандидат за членство. На Косово заради збиднувањата на северот му се закануваат дури и санкции од страна на ЕУ и САД. Посебна приказна се Србија и Црна Гора, држави кои преговорите ги почнаа пред цели 9 односно 11 години, констатира експретседателот.
Токму со образложение дека процесот на преговори со нив тече бавно, продолжи тој, пред три години Франција предложи, а другите земји прифатија нова методологија на преговорите. Меѓутоа, и новата методологија, нагласи, не даде резултати.
Да се потсетиме дека токму заради тоа, а не заради бугарското вето во октомври 2019 година и покрај позитивната препорака од страна на Европската Комисија, Македонија не ги почна преговорите со Унијата. Што е резултатот од новата методологија? Овие три години ниту Србија ниту Црна Гора не направија ниту еден видлив значаен чекор напред во процесот на преговорите. Со други зборови, од различни причини, за различни држави процесот на евроинтегрирање на целиот регион или стои во место или бележи симболички напредок, рече Црвенковски.
Во ваква ситуација како сега, односно ако нема промени, експретседателот вели дека не е оптимисти дека би можело да има напредок и во наредните неколку години.
Сево ова го говорам затоа што сметам дека во креирањето на нашите политики во однос на евроинтеграцискиот мора да го имаме предвид и поширокиот контекст, а не се да се сведува само на проблемот со Бугарија. Фактите говорат дека интеграциите во однос на целиот регион на Западен Балкан се во застој со повремени мали чекори. Според мене во овој момент не постои простор за поголем оптимизам ниту за наредните неколку години, рече Црвенковски.

The post Црвенковски со стратегија за евроинтеграциите: Прифатете ја или критикувајте ја, но не ѝ ставајте партиски печат на иницијативата appeared first on Република.

]]>
Бранко Црвенковски со ново движење „МАКЕДОНИЈА ПРЕД СЀ“ ќе настапи на претседателски и парламентарни избори https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/branko-tsrvenkovski-so-novo-dvizhene-makedonija-pred-s-ke-nastapi-na-pretsedatelski-i-parlamentarni-izbori/ Wed, 12 Apr 2023 18:56:19 +0000 https://republika.mk/?p=630317

Поранешниот претседател на Република Македонија и екс-претседател на СДСМ ќе застанел јавно зад новото движење „МАКЕДОНИЈА ПРЕД СЀ“, кое ќе вброи поранешни и сегашни видни членови на СДСМ, дознава редакцијата на Охридскај.

Движењето „МАКЕДОНИЈА ПРЕД СЀ“, има свои корени од последните локални избори во РМ, кога во поедини општини се појавија независни кандидати за градоначалници, а кои кандидати поради недоразбирањата со централата на СДСМ, настапија како независни кандидати, а во поедини општини се појавија и независни советнички листи, кои освоија советнички места и се дел од мнозинството во советите како коалициски партнери на ВМРО ДПМНЕ.

Како што дознава редакцијата Охридскај, Црвенковски има сериозна намера, преку ова движење, да се врати на политичката сцена на бел коњ. Токму за таа цел, пред две години како пробен балон организирано е движењето во Охрид, „Охрид пред сè“, но и само-кандидатурата на Максим Димитриевски во Куманово, Зоран Ногачевски во Општина Дебарца, како и тајната поддршка на Данела Арсовска за кандидат на град Скопје. Горенаведени примери за Црвенковски беа доволен доказ дека може преку движења поддржани од незадоволни членови на СДСМ и другите политички партии, на престојните парламентарни избори да освои двоцифрена бројка на пратеници во Собранието на РМ.

За новата политичка цел, приврзаниците на Црвенковски веќе отпочнале со основање на движења низ сите градови во Македонија, за конечно во месец септември 2023 година сите да се обединат под името „МАКЕДОНИЈА ПРЕД СЀ“.

Според изворот на Охридскај, Бранко Црвенковски нема да биде лидер на движењето, а нема да биде ниту Максим Димитриевски, туку лице од потесниот круг на Црвенковски, кој би бил најголемо изненадување на политичката сцена…

Извор: Охридскај

The post Бранко Црвенковски со ново движење „МАКЕДОНИЈА ПРЕД СЀ“ ќе настапи на претседателски и парламентарни избори appeared first on Република.

]]>

Поранешниот претседател на Република Македонија и екс-претседател на СДСМ ќе застанел јавно зад новото движење „МАКЕДОНИЈА ПРЕД СЀ“, кое ќе вброи поранешни и сегашни видни членови на СДСМ, дознава редакцијата на Охридскај. Движењето „МАКЕДОНИЈА ПРЕД СЀ“, има свои корени од последните локални избори во РМ, кога во поедини општини се појавија независни кандидати за градоначалници, а кои кандидати поради недоразбирањата со централата на СДСМ, настапија како независни кандидати, а во поедини општини се појавија и независни советнички листи, кои освоија советнички места и се дел од мнозинството во советите како коалициски партнери на ВМРО ДПМНЕ. Како што дознава редакцијата Охридскај, Црвенковски има сериозна намера, преку ова движење, да се врати на политичката сцена на бел коњ. Токму за таа цел, пред две години како пробен балон организирано е движењето во Охрид, „Охрид пред сè“, но и само-кандидатурата на Максим Димитриевски во Куманово, Зоран Ногачевски во Општина Дебарца, како и тајната поддршка на Данела Арсовска за кандидат на град Скопје. Горенаведени примери за Црвенковски беа доволен доказ дека може преку движења поддржани од незадоволни членови на СДСМ и другите политички партии, на престојните парламентарни избори да освои двоцифрена бројка на пратеници во Собранието на РМ. За новата политичка цел, приврзаниците на Црвенковски веќе отпочнале со основање на движења низ сите градови во Македонија, за конечно во месец септември 2023 година сите да се обединат под името „МАКЕДОНИЈА ПРЕД СЀ“. Според изворот на Охридскај, Бранко Црвенковски нема да биде лидер на движењето, а нема да биде ниту Максим Димитриевски, туку лице од потесниот круг на Црвенковски, кој би бил најголемо изненадување на политичката сцена… Извор: Охридскај

The post Бранко Црвенковски со ново движење „МАКЕДОНИЈА ПРЕД СЀ“ ќе настапи на претседателски и парламентарни избори appeared first on Република.

]]>
Крилото на Миле Зечевиќ победи во внатрепартиската битка во СДСМ: Брат на еден од најблиските соработници на Црвенковски е нов директор на АНБ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kriloto-na-mile-zechevikj-pobedi-vo-vnatrepartiskata-bitka-vo-sdsm-brat-na-eden-od-najbliskite-sorabotnici-na-crvenkovski-e-nov-direktor-na-anb/ Wed, 14 Dec 2022 20:18:36 +0000 https://republika.mk/?p=585738

Миле Зечевиќ победник во внатрепартиската битка во СДСМ, нов директор на АНБ е Зарко Милошевски. Иако функцијата во АНБ треба да биде во рацете на непартиски човек, според информациите на Алфа, на местото на Виктор Димовски доаѓа и тоа како познат човек во СДСМ. Зарко е брат на Томе Милошевски, човек кој своевремено важеше за десна рака на Бранко Црвенковски во делот на безбедноста, а бил и помошник министер во МВР за обезбедување на ВИП личности и објекти, објави „Алфа“.

И другиот брат на новиот директор на АНБ е функционер на СДСМ. Милан Милошевски 2003-та година од тогашниот премиер Црвенковски бил поставен за директор на ГТЦ, а во исто време бил и заменик претседател на управниот одборна клинички центар и член на надзорниот одбор во Македонски Железници.

Владата информира дека новиот шеф на Агенцијата за националба безбедност до сега бил помошник директор на агенцијата за безбедносни проверки и НАТО регистар во АНБ.

The post Крилото на Миле Зечевиќ победи во внатрепартиската битка во СДСМ: Брат на еден од најблиските соработници на Црвенковски е нов директор на АНБ appeared first on Република.

]]>

Миле Зечевиќ победник во внатрепартиската битка во СДСМ, нов директор на АНБ е Зарко Милошевски. Иако функцијата во АНБ треба да биде во рацете на непартиски човек, според информациите на Алфа, на местото на Виктор Димовски доаѓа и тоа како познат човек во СДСМ. Зарко е брат на Томе Милошевски, човек кој своевремено важеше за десна рака на Бранко Црвенковски во делот на безбедноста, а бил и помошник министер во МВР за обезбедување на ВИП личности и објекти, објави „Алфа“. И другиот брат на новиот директор на АНБ е функционер на СДСМ. Милан Милошевски 2003-та година од тогашниот премиер Црвенковски бил поставен за директор на ГТЦ, а во исто време бил и заменик претседател на управниот одборна клинички центар и член на надзорниот одбор во Македонски Железници. Владата информира дека новиот шеф на Агенцијата за националба безбедност до сега бил помошник директор на агенцијата за безбедносни проверки и НАТО регистар во АНБ.  

The post Крилото на Миле Зечевиќ победи во внатрепартиската битка во СДСМ: Брат на еден од најблиските соработници на Црвенковски е нов директор на АНБ appeared first on Република.

]]>
Се роди наследникот на Црвенковски, Бранко стана дедо https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/se-rodi-naslednikot-na-crvenkovski-branko-stana-dedo/ Tue, 15 Nov 2022 12:10:14 +0000 https://republika.mk/?p=574039

Поранешната икона на СДСМ, претседтел на партијата, претседател и премиер на Македонија Бранко Црвенковски стана дедо откако неговиот син Љупчо викендов стана татко на син кој, според најавите од семејството би требало да биде крстен по дедото – Бранко.

Бранко Црвенковски со сопругата Јасна има две деца, син Љупчо и ќерка Марија. Синот е оженет со ќерката на поранешниот директор на Комерцијална банка Скопје, Драгољуб Арсовски.

The post Се роди наследникот на Црвенковски, Бранко стана дедо appeared first on Република.

]]>

Поранешната икона на СДСМ, претседтел на партијата, претседател и премиер на Македонија Бранко Црвенковски стана дедо откако неговиот син Љупчо викендов стана татко на син кој, според најавите од семејството би требало да биде крстен по дедото – Бранко. Бранко Црвенковски со сопругата Јасна има две деца, син Љупчо и ќерка Марија. Синот е оженет со ќерката на поранешниот директор на Комерцијална банка Скопје, Драгољуб Арсовски.

The post Се роди наследникот на Црвенковски, Бранко стана дедо appeared first on Република.

]]>
„Да Ве има почесто и погласно“, вели во роденденската честитка до Црвенковски професорката Данева https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/da-ve-ima-pochesto-i-poglasno-veli-vo-rodendenskata-chestitka-do-crvenkovski-profesorkata-daneva/ Wed, 12 Oct 2022 16:32:15 +0000 https://republika.mk/?p=560254

„Да Ве има почесто и погласно“, му порача во роденденската честитка професорката Ана Павловска Данева на некогашниот лидер на СДСМ и премиер и претседател на Македонија, Бранко Црвенковски.

Среќен роденден на Претседателот Црвенковски, мојот учител и пријател!
Да славите уште многу јубилеи, да Ве има почесто и погласно, пишува таа.

Црвенковски го прослави јубилејниот 60 роденден.

The post „Да Ве има почесто и погласно“, вели во роденденската честитка до Црвенковски професорката Данева appeared first on Република.

]]>

„Да Ве има почесто и погласно“, му порача во роденденската честитка професорката Ана Павловска Данева на некогашниот лидер на СДСМ и премиер и претседател на Македонија, Бранко Црвенковски.
Среќен роденден на Претседателот Црвенковски, мојот учител и пријател! Да славите уште многу јубилеи, да Ве има почесто и погласно, пишува таа.
Црвенковски го прослави јубилејниот 60 роденден.

The post „Да Ве има почесто и погласно“, вели во роденденската честитка до Црвенковски професорката Данева appeared first on Република.

]]>
Димитриевски: Го почитувам Црвенковски, но немам разговарано со него околу новиот политички субјект https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dimitrievski-go-pochituvam-crvenkovski-no-nemam-razgovarano-so-nego-okolu-noviot-politichki-subjekt/ Sun, 04 Sep 2022 17:43:24 +0000 https://republika.mk/?p=547423

Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски смета дека вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи е флексибилен кадар и позитивен пример за работа во Владата.

-Се уште не е дефинирано, доаѓаат голем број идеи и иницијативи. Имаме контакт со голем број на луѓе. Нашата иницијатива „За наше Куманово“ веќе даде резултат. Тоа што ќе се формира ќе биде граѓанско здружение за граѓаните, рече Димитриевски околу формирањето на нов политички субјект.

Околу тоа што мисли за слоганот „на 15-ти септември“ , што го изјави поранешниот лидер на СДСМ и поранешен премиер, Бранко Црвенковски и дали се спрема за нови избори, Димитриевски вели:

-Се сеќавам на тој период, беше голема борба. Иако излезе во јавноста дека Црвенковски е вклучен во иницијативата, јас со господинот, кој многу го почитувам, немам разговарано на оваа тема. Иницијативата е отворена за сите. Првично позициите во новата политичка гарнитура ќе ги носат луѓе од образованието, бизнис фелата, образованието, земјоделството… луѓе кои претходно не вршеле политичка функција. Доколку сега излеземе со понуда, ќе излеземе како боксерка вреќа. Овој начин што го работиме во Куманово привклекува внимание. Кога ќе дојде време, ќе ги објавиме деталите, кажа Димитриевски во вестите на Тв Сител.

-Уставот не е тефтер што се пишува или препишува секој ден. Сепак треба да постои реципроцитет. Што се однесува до прашањето за референдум, тоа мислам е завршена работа, додаде градоначалникот на Куманово.

The post Димитриевски: Го почитувам Црвенковски, но немам разговарано со него околу новиот политички субјект appeared first on Република.

Црвенковски: Барањата на Бугарија до таа мера задираат во нашиот национален идентитет и историја, што компромис, едноставно, не е можен https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/crvenkovski-nie-od-makedonizmot-ne-smeeme-da-se-otkazeme/ Wed, 22 Jun 2022 14:59:26 +0000 https://republika.mk/?p=518542

Поранешниот премиер и претседател на државата Бранко Црвенковски, на последната дебата „Предизвиците на македонската надворешна политика“ во организација на Советот на амбасадори потенцираше дека договорот со Бугарија не само што не затвори ниту едно прашање туку, напротив, ја отвори Пандорината кутија и создаде основа за цела серија барања од страна на Бугарија, кои до таа мера задираат во нашиот национален идентитет и историја, што компромис, едноставно, не е можен.

Преспанскиот договор со Грција кој јас не го сметам за добар, уште помалку за идеален, туку за избор на помалото зло, сепак затвори едно тешко отворено прашање. Договорот со Бугарија не само што не затвори ниту едно прашање туку, напротив, ја отвори Пандорината кутија и создаде основа за цела серија барања од страна на Бугарија, кои до таа мера задираат во нашиот национален идентитет и историја, што компромис, едноставно, не е можен. Односите со Грција по потпишувањето на Преспанскиот договор се неспоредливо подобри отколку пред договорот. Сосема спротивно, односите со Бугарија се неспоредливо полоши по, отколку пред потпишувањето на договорот. Или да бидам уште подиректен. Потпишувањето на договорот за пријателство и соработка со Бугарија со таква содржина, посебно со формулацијата за „заедничка историја“ и формирањето на мешовитата историска комисија со мандат да арбитрира околу историските настани и личности беше голема грешка - изјави Црвенковски.

Toj посочи дека тезата која се пласираше во јавноста дека за националниот идентитет не преговараме, а за историјата ќе се договориме, во самата своја основа е апсурдна.

Секој и сечиј национален идентитет е резултат на историски процес, кој се потпира на одредени историски меѓници, настани и личности. Ако тие меѓници ви бидат одземени и прогласени за туѓи, од националниот идентитет не останува ништо, освен празна реторика. Книга со корици и празни листови. Јас не тврдам дека и без договорот, Бугарија немаше да стави вето. Но, во тој случај барем не ќе можеше да го користи аргументот кој постојано го повторува дека Македонија не ги исполнува преземените обврски. Позициите презентирани од страна на официјални претставници на Република Бугарија се такви што не оставаат простор за било каков оптимизам. Да се потсетиме само на изјавата на претседателот Радев дадена неодамна за време на неговата посета на Берлин: „Нема да дозволиме македонизмот да влезе во Европската Унија“. Е па, ние од „македонизмот“ ниту можеме, ниту смееме да се откажеме - истакна Црвенковски.

Имајќи ги предвид огромните и непомирливи разлики меѓу позициите и црвените линии на двете страни единствено можно решение според него за овој спор е асиметрично толкување на историјата и идентитетските прашања кои произлегуваат од неа.

Односно, секоја страна да си го задржи правото на сопствено видување и притоа тоа да не претставува никаква пречка во билатералните и мултилатералните односи. Дали и кога е такво нешто можно, јас не знам, но она што сигурно го знам е дека треба веднаш да се прекине со праксата присутна во последните 4-5 години на лесно и без основа подигање на очекувањата дека решението е на повидок и само што не се случило. Големи, а нереализирани очекувања водат кон големи разочарувања - додаде Црвенковски.

The post Црвенковски: Барањата на Бугарија до таа мера задираат во нашиот национален идентитет и историја, што компромис, едноставно, не е можен appeared first on Република.

Ковачевски би сакал почесто да го гледа Црвенковски во јавноста иако за многу работи не се согласуваат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-bi-sakal-pochesto-da-go-gleda-crvenkovski-vo-javnosta-iako-za-mnogu-raboti-ne-se-soglasuvaat/ Sat, 11 Jun 2022 18:49:45 +0000 https://republika.mk/?p=513960

Ги ценам изјавите и интервјуата на Бранко Црвенковски, тој има големо искуство како поранешен премиер и претседател, би сакал почесто да го гледаме и слушаме во јавноста, рече актуелниот премиер и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски во интервју за Ал Џезеира.

Ние сме членови на иста партија, кога тој бил претседател јас сум бил обичен член и сум учел политика од него, сега јас сум претседател на СДСМ и премиер и за многу работи со него имаме исто мислење, а за многу работи не се согласуваме. Договорот со Бугарија е основа за решавање на проблемите со Бугарија, историските комисии не се нешто ново, имаме таква со Грција, но таму нема проблем затоа што историчарите не тераат политика туку тераат историска дебата. Ако историската комисија од бугарска страна не ја политизира својата работа туку си работи според она што е фактичка состојба за минатото нема да има големи проблеми, мораме со Бугарија да наоѓаме решенија кои не задираат во националните интереси на двете земји и двата народа – рече Ковачевски.

The post Ковачевски би сакал почесто да го гледа Црвенковски во јавноста иако за многу работи не се согласуваат appeared first on Република.

Јовановиќ го нарече Црвенковски прдло и шутрак зошто зборувал за Македонија, а немал мислење за Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/jovanovikj-go-nareche-crvenkovski-prdlo-i-shutrak-zoshto-zboruval-za-makedonija-a-nemal-mislenje-za-ukraina/ Tue, 31 May 2022 07:56:22 +0000 https://republika.mk/?p=509049

БЦ за Украина имаше став или за него тоа е непопуларно? Оној што себе се смета за државник, или тапшачите околу него го сметаат тоа, а нема став за масакрот во Украина, се држи за „локални теми“ додека надвор од рамката географска „трешти" војна од која посредно и непоредно цел свет е загрозен, не е ништо освен претенциозен и злонамерен шутрак.

Вака политичкиот аналитичар Ненад Јовановиќ, кој важи за голем љубител на Зоран Заев, го коментираше обраќањето на поранешниот претседател Бранко Црвенковски на трибина организирана од Дипломатскиот совет, на која порача дека Договорот за добрососедство со Бугарија е грешка.

https://republika.mk/vesti/makedonija/crvenkovski-dogovorot-so-bugarija-ne-samo-shto-ne-zatvori-nitu-edno-prashanje-tuku-naprotiv-ja-otvori-pandorinata-kutija-i-sozdade-osnova-za-cela-serija-baranja/

Реков шутрак? Јок, мислам на претенциозен покварењак, суетен и нарциосиден прдло.
Нема поголема и поважна тема од Украина денес. Со сите нејзини консеквенци. Слободата на сите нас се брани во Украина.
Падна ли Украина, ќе паднеме сите како пилци. Размислете малку, не трчајте пред коњот, вели Јовановиќ.

The post Јовановиќ го нарече Црвенковски прдло и шутрак зошто зборувал за Македонија, а немал мислење за Украина appeared first on Република.

]]>

БЦ за Украина имаше став или за него тоа е непопуларно? Оној што себе се смета за државник, или тапшачите околу него го сметаат тоа, а нема став за масакрот во Украина, се држи за „локални теми“ додека надвор од рамката географска „трешти" војна од која посредно и непоредно цел свет е загрозен, не е ништо освен претенциозен и злонамерен шутрак. Вака политичкиот аналитичар Ненад Јовановиќ, кој важи за голем љубител на Зоран Заев, го коментираше обраќањето на поранешниот претседател Бранко Црвенковски на трибина организирана од Дипломатскиот совет, на која порача дека Договорот за добрососедство со Бугарија е грешка. https://republika.mk/vesti/makedonija/crvenkovski-dogovorot-so-bugarija-ne-samo-shto-ne-zatvori-nitu-edno-prashanje-tuku-naprotiv-ja-otvori-pandorinata-kutija-i-sozdade-osnova-za-cela-serija-baranja/
Реков шутрак? Јок, мислам на претенциозен покварењак, суетен и нарциосиден прдло. Нема поголема и поважна тема од Украина денес. Со сите нејзини консеквенци. Слободата на сите нас се брани во Украина. Падна ли Украина, ќе паднеме сите како пилци. Размислете малку, не трчајте пред коњот, вели Јовановиќ.
 
The post Јовановиќ го нарече Црвенковски прдло и шутрак зошто зборувал за Македонија, а немал мислење за Украина appeared first on Република.

]]>
Црвенковски е сурово реален, згасна „љубави“ меѓу Пендаровски и Борисов https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/crvenkovski-e-surovo-realen-se-izgubi-ljubavi-megju-pendarovski-i-borisov/ Mon, 30 May 2022 11:20:38 +0000 https://republika.mk/?p=508727

Делува понижувачки и застрашувачки! Двајца претседатели на Република Македонија, еден актуелен и еден поранешен, Стево Пендаровски и Бранко Цвенковски, но обајцата припадници на левицата од владејачкиот СДСМ, не знаат како да најдат излез од наметнатиот македонско-бугарски јазол, а уште помалку каква иднина нѐ очекува и како држава, и како народ, и како нација!, анализира „Пресинг ТВ“.

Поконкретно, каде припаѓа Република Македонија на својот евроинтегративен пат - дали во Европската унија или на најавената европска политичка заедница? И тоа по цели 30 години самостојност, две години официјално членство во НАТО и енормно високо платена цена за тоа.

А, ако тоа не го знаат двајца претседатели, тогаш каква држава сме и каква држава тие претставуваат или претставувале?! Што тогаш на ова да каже обичниот народ? Дека сме изгубени во вселената, без визија и компас ниту за минатото, ниту за сегашноста, ниту за иднината! - прашува „Пресинг ТВ“ во анализата.

Поранешниот прв човек на СДСМ, премиер и претседател на државата, Бранко Црвенковски, во својот настап пред Дипломатскиот совет беше сурово реален. Го призна тоа што им беше познато и на врапчињата на гранка - дека потпишувањето на асиметричниот Договор за добрососедство, пријателство и соработка со Бугарија во главниот негов сегмент за „заедничка историја„ било грешка. И некаков излез од ќор-сокакот гледа во т.н. „асиметрична историја“, ако таква историја воопшто постои. Од француско-германското искуство, на пример, постои заеднички дополнителен учебник по историја.

Но, таквиот пример уште на стартот за бугарската страна беше неприфатлив, што пак, на извесен начин, беше потврда на европското неснаоѓање. Во исти ситуации да дозволи различни практики, што само ги зголеми апетитите на официјална Софија и ја отвори Пандорината кутија. Не таа, што ја споменува Црвенковски, туку кутијата за идните преговори меѓу останатите претенденти за членство и земјите-членки на ЕУ. Еноставно, ревизионистичкото препрочитување на европската историја е дупка без дно.

Црвенковски сега, од оваа временска дистанца, може да биде предмет на напади и на етикетирања, на оценка на неговото практикување на власта, и тоа од страна на неговите некогашни медиумски „пулени и деца“, но непобитен факт е дека и неговото јавување по фамозното интервју на експремиерот Зоран Заев за агенцијата БГНЕС и ова последното нималку не се случајни.

Напротив! Погодуваат точно во центар, му се допаѓало некому тоа или не. А, споредбите од типот дека  „муртинецот“ Заев за „скопјанецот“ Црвенковски е Кисинџер и Черчил во едно, не кажуваат ништо друго, освен дека доаѓаат од обични политички дунстери, кои немаат елементарни познавања од историјата. Уште повеќе, дека за нова доза зелени банкноти се подговени родено дете да продадат, а не пак држава, народ и нација.

Да биде иронијата поголема, бугарската ексминистерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, во своето последно интервју за софиски „Труд“ (30 мај 2022 година) меѓу другото изјави дека не само што во односите меѓу Бугарија и Македонија нема ништо суштински ново, туку тие назадуваат. А, како основен параметар за тоа тврдење го користи податокот дека поранешните премиери Зоран Заев и Бојко Борисов заеднички го чествувале 24 мај во Рим, додека актуелните Димитар Ковачевски и Кирил Петков тоа не го сториле!

Ова, пак, отвора друго прашање - ако Ковачевски и Петков не ги чествуваат заеднички светите браќа Кирил и Методиј, тогаш што за нив договорила заедничката комисија за историски и за прашања на учебниците? Која е формулацијата, што се води како прифатена и треба да влезе во македонските учебници, зошто таа не е до сега објавена, а била основа за заедничко чествување на Заев  и Борисов? Ова прашање добива на тежина особено по новонастанатата ситуација со МПЦ-ОА.

По денешниот настап на претседателот Пендаровски во Утрински брифинг, прво што на обичен смртник му паѓа на ум е каде по патот му се изгуби она негово „историско“ обраќање кон поранешниот бугарски премиер Борисов „кај си љубави, те поздрави Зоки“!?

А, дека и тој беше изненаден и неподготвен од бугарското толкување на „заедничката историја“ знаеме одамна, од едно негово интервју за „Еуроактив“ или „Еуроњус“, што впрочем и не е толку важно. Важно е дека и неговиот оптимизам од под 50% за почетокот на преговарачкиот процес од пред некој ден се сведе на нула, па сега вели дека перспективата за ЕУ во догледно време, за жал е завршена!

А, уште поважно и можеби пострашно е дека како шеф на државата не знае дали Македонија ќе биде дел од пакетот на новата европска политичка заедница! Тоа што блефира со кој образ ќе излезе пред народот за да му објасни нешто што не знае, не треба да изненадува никого. Ќе излезе со истиот образ со кој стана и претседател на државата со ветување за членство во ЕУ. Колку е тоа образ, тоа самиот си знае. На крајот на краиштата, си има институт-оставка!

Но, покрај овие објаснувања, Пендаровски треба да даде и други. На пример, како ќе го објасни натамошното функционирање и работата на македонско-бугарската комисија за прашања од историјата и за учебниците?

Ова особено ако македонската Влада се согласи бугарските барања да бидат дел од евентуалната преговарачка рамка со ЕУ. Зашто, тогаш работата би се свела на онаа позната секвенца од последниот разговор меѓу Гоце Делчев и Дамјан Груев, кога одлуката за предвремено кревање на Илинденското востание Груев ќе ја оправда со зборовите: „Доста е! Подобро ужасен крај, отколку ужас без крај“. Или со други зборови, тогаш нема да биде важно дали Македонците ќе станат Бугари сега или по 10-15 години.

The post Црвенковски е сурово реален, згасна „љубави“ меѓу Пендаровски и Борисов appeared first on Република.

]]>

Делува понижувачки и застрашувачки! Двајца претседатели на Република Македонија, еден актуелен и еден поранешен, Стево Пендаровски и Бранко Цвенковски, но обајцата припадници на левицата од владејачкиот СДСМ, не знаат како да најдат излез од наметнатиот македонско-бугарски јазол, а уште помалку каква иднина нѐ очекува и како држава, и како народ, и како нација!, анализира „Пресинг ТВ“. Поконкретно, каде припаѓа Република Македонија на својот евроинтегративен пат - дали во Европската унија или на најавената европска политичка заедница? И тоа по цели 30 години самостојност, две години официјално членство во НАТО и енормно високо платена цена за тоа.
А, ако тоа не го знаат двајца претседатели, тогаш каква држава сме и каква држава тие претставуваат или претставувале?! Што тогаш на ова да каже обичниот народ? Дека сме изгубени во вселената, без визија и компас ниту за минатото, ниту за сегашноста, ниту за иднината! - прашува „Пресинг ТВ“ во анализата.
Поранешниот прв човек на СДСМ, премиер и претседател на државата, Бранко Црвенковски, во својот настап пред Дипломатскиот совет беше сурово реален. Го призна тоа што им беше познато и на врапчињата на гранка - дека потпишувањето на асиметричниот Договор за добрососедство, пријателство и соработка со Бугарија во главниот негов сегмент за „заедничка историја„ било грешка. И некаков излез од ќор-сокакот гледа во т.н. „асиметрична историја“, ако таква историја воопшто постои. Од француско-германското искуство, на пример, постои заеднички дополнителен учебник по историја. Но, таквиот пример уште на стартот за бугарската страна беше неприфатлив, што пак, на извесен начин, беше потврда на европското неснаоѓање. Во исти ситуации да дозволи различни практики, што само ги зголеми апетитите на официјална Софија и ја отвори Пандорината кутија. Не таа, што ја споменува Црвенковски, туку кутијата за идните преговори меѓу останатите претенденти за членство и земјите-членки на ЕУ. Еноставно, ревизионистичкото препрочитување на европската историја е дупка без дно. Црвенковски сега, од оваа временска дистанца, може да биде предмет на напади и на етикетирања, на оценка на неговото практикување на власта, и тоа од страна на неговите некогашни медиумски „пулени и деца“, но непобитен факт е дека и неговото јавување по фамозното интервју на експремиерот Зоран Заев за агенцијата БГНЕС и ова последното нималку не се случајни. Напротив! Погодуваат точно во центар, му се допаѓало некому тоа или не. А, споредбите од типот дека  „муртинецот“ Заев за „скопјанецот“ Црвенковски е Кисинџер и Черчил во едно, не кажуваат ништо друго, освен дека доаѓаат од обични политички дунстери, кои немаат елементарни познавања од историјата. Уште повеќе, дека за нова доза зелени банкноти се подговени родено дете да продадат, а не пак држава, народ и нација. Да биде иронијата поголема, бугарската ексминистерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, во своето последно интервју за софиски „Труд“ (30 мај 2022 година) меѓу другото изјави дека не само што во односите меѓу Бугарија и Македонија нема ништо суштински ново, туку тие назадуваат. А, како основен параметар за тоа тврдење го користи податокот дека поранешните премиери Зоран Заев и Бојко Борисов заеднички го чествувале 24 мај во Рим, додека актуелните Димитар Ковачевски и Кирил Петков тоа не го сториле! Ова, пак, отвора друго прашање - ако Ковачевски и Петков не ги чествуваат заеднички светите браќа Кирил и Методиј, тогаш што за нив договорила заедничката комисија за историски и за прашања на учебниците? Која е формулацијата, што се води како прифатена и треба да влезе во македонските учебници, зошто таа не е до сега објавена, а била основа за заедничко чествување на Заев  и Борисов? Ова прашање добива на тежина особено по новонастанатата ситуација со МПЦ-ОА. По денешниот настап на претседателот Пендаровски во Утрински брифинг, прво што на обичен смртник му паѓа на ум е каде по патот му се изгуби она негово „историско“ обраќање кон поранешниот бугарски премиер Борисов „кај си љубави, те поздрави Зоки“!? А, дека и тој беше изненаден и неподготвен од бугарското толкување на „заедничката историја“ знаеме одамна, од едно негово интервју за „Еуроактив“ или „Еуроњус“, што впрочем и не е толку важно. Важно е дека и неговиот оптимизам од под 50% за почетокот на преговарачкиот процес од пред некој ден се сведе на нула, па сега вели дека перспективата за ЕУ во догледно време, за жал е завршена! А, уште поважно и можеби пострашно е дека како шеф на државата не знае дали Македонија ќе биде дел од пакетот на новата европска политичка заедница! Тоа што блефира со кој образ ќе излезе пред народот за да му објасни нешто што не знае, не треба да изненадува никого. Ќе излезе со истиот образ со кој стана и претседател на државата со ветување за членство во ЕУ. Колку е тоа образ, тоа самиот си знае. На крајот на краиштата, си има институт-оставка! Но, покрај овие објаснувања, Пендаровски треба да даде и други. На пример, како ќе го објасни натамошното функционирање и работата на македонско-бугарската комисија за прашања од историјата и за учебниците? Ова особено ако македонската Влада се согласи бугарските барања да бидат дел од евентуалната преговарачка рамка со ЕУ. Зашто, тогаш работата би се свела на онаа позната секвенца од последниот разговор меѓу Гоце Делчев и Дамјан Груев, кога одлуката за предвремено кревање на Илинденското востание Груев ќе ја оправда со зборовите: „Доста е! Подобро ужасен крај, отколку ужас без крај“. Или со други зборови, тогаш нема да биде важно дали Македонците ќе станат Бугари сега или по 10-15 години.

The post Црвенковски е сурово реален, згасна „љубави“ меѓу Пендаровски и Борисов appeared first on Република.

]]>
Кабранов: Има ли нешто што му е по ќеф на Црвенковски откако е пензионер? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kabranov-ima-li-neshto-shto-mu-e-po-kjef-na-crvenkovski-otkako-e-penzioner/ Fri, 27 May 2022 19:27:39 +0000 https://republika.mk/?p=507800

Новинарот Ацо Кабранов, кој важи за еден од главните поддржувачи на власта го нападна денешното обраќање на поранешниот претсдател Бранко Црвенковски кој рече дека Договорот со Бугарија донел повеќе штета отколку штета, посебно делот со „заедничка историја“.

Има ли нешто што му е по ќеф на БЦ откако е пензионер, не чинел преспанскиот, со бугарите бил катастрофа. Одбегнувај ги странците, не решавај ни еден проблем и ќе бидеш успешен државник како него-пишува Кабранов.

https://republika.mk/vesti/makedonija/crvenkovski-dogovorot-so-bugarija-ne-samo-shto-ne-zatvori-nitu-edno-prashanje-tuku-naprotiv-ja-otvori-pandorinata-kutija-i-sozdade-osnova-za-cela-serija-baranja/

The post Кабранов: Има ли нешто што му е по ќеф на Црвенковски откако е пензионер? appeared first on Република.

Црвенковски: Договорот со Бугарија не само што не затвори ниту едно прашање, туку ја отвори Пандорината кутија и создаде основа за цела серија барања https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/crvenkovski-dogovorot-so-bugarija-ne-samo-shto-ne-zatvori-nitu-edno-prashanje-tuku-naprotiv-ja-otvori-pandorinata-kutija-i-sozdade-osnova-za-cela-serija-baranja/ Fri, 27 May 2022 10:19:03 +0000 https://republika.mk/?p=507555

Поранешниот претседател и лидер на СДСМ Бранко Црвенковски оцени дека потписот за „заедничката историја“ со Бугарија и за формирањето на Историската комисија бил грешка и дека, наспроти Преспанскиот договор со Грција, кој ги затвори спорните прашања меѓу двете земји, овој ја отворил Пандорината кутија и ги влошил билатералните односи со оваа земја уште повеќе.

Не би ставил знак на еднаквост меѓу Преспанскиот договор со Грција и Договорот за пријателство и соработка со Бугарија од најмалку една причина. Преспанскиот договор со Грција, кој јас не го сметам за добар, уште помалку за идеален, туку за избор на помалото зло, сепак затвори едно тешко отворено прашање. Договорот со Бугарија не само што не затвори ниту едно, туку напротив, ја отвори Пандорината кутија и создаде основа за цела серија барања од страна на Бугарија, кои до таа мерка задираат во нашиот национален идентитет и историја, што компромис едноставно не е можен. Односите со Грција затоа се неспоредливо подобри по потпишувањето на договорот, но сосема спротивно, односите со Бугарија се неспоредливо полоши по потпишувањето отколку претходно. Или да бидам директен: Потпишувањето на Договорот со Бугарија со таа содржина, посебно со формулацијата за „заедничка историја“ и формирањето на мешовитата историска комисија со мандат да арбитрира околу историските настани и личности беше голема грешка. Тезата која се пласираше во јавноста дека за националниот идентитет не преговараме, а за историјата ќе се договориме, во самата своја основа е апсурдна. Секој и сечиј национален идентитет е резултат на историски процес кој се потпира на одредени историски меѓници, настани и личности. Ако тие ви бидат одземени, од националниот идентитет не останува ништо, порача Црвенковски во третото јавно обраќање годинава на трибина организирана од Дипломатскиот совет.

The post Црвенковски: Договорот со Бугарија не само што не затвори ниту едно прашање, туку ја отвори Пандорината кутија и создаде основа за цела серија барања appeared first on Република.