Бранко Чајка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/branko-chajka/ За подобро да се разбереме Sun, 05 Nov 2023 10:46:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Бранко Чајка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/branko-chajka/ 32 32 Во Лешок се одржа манифестацијата „Пишуваме и твориме на српски јазик“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-leshok-se-odrzha-manifestatsijata-pishuvame-i-tvorime-na-srpski-jazik/ Sun, 05 Nov 2023 10:46:08 +0000 https://republika.mk/?p=698374

Здружението на Срби и Македонци „Бранко Чајка“ од Тетово беше домаќин на 11. детска поетска манифестација „Пишуваме и твориме на српски јазик“ (Пишемо и стварамо на српском језику). Манифестацијата вчера се одржа во Духовно-културниот центар „Кирил Пејчиновиќ“ кој се наоѓа во манастирскиот комплекс на црквата св. Атанасиј во село Лешок.

Оваа година на манифестацијата учествуваше и гостин од Србија, поетот за деца Александар Коциќ.

Целта е на учесниците да им се овозможи средба со поет од Србија, а воедно и да се промовира српското творештво за деца.  На главниот дел на програмата учествуваа учениците со свои творби кои оваа година се пишувани на тема „Детство“. Главна цел на проектот е поттикнување на творештвото и презентација на културното наследство на припадниците на српскиот народ во Република Македонија и чување на нивниот културен идентитет особено кај децата и младите, информираше Соња Андонов, претседателка на Здружението.

На манифестацијата се одбележуваат одредени јубилеи на српските поети.

На овогодишното издание со пригодна програма членовите на секцијата за литература при Здружението означија 125 години од раѓањето и 30 години од смртта на Десанка Максимовиќ и 190 години од раѓањето на Јован Јовановиќ Змај, информираше Соња Андонов.

Манифестацијата ги собра учениците од основните училишта кои наставата  ја следат на српски јазик, како и деца кои имаат српско потекло, а се од други основни училишта во Македонија во Скопје, Тетово, Јосифово и други места.

The post Во Лешок се одржа манифестацијата „Пишуваме и твориме на српски јазик“ appeared first on Република.

]]>

Здружението на Срби и Македонци „Бранко Чајка“ од Тетово беше домаќин на 11. детска поетска манифестација „Пишуваме и твориме на српски јазик“ (Пишемо и стварамо на српском језику). Манифестацијата вчера се одржа во Духовно-културниот центар „Кирил Пејчиновиќ“ кој се наоѓа во манастирскиот комплекс на црквата св. Атанасиј во село Лешок. Оваа година на манифестацијата учествуваше и гостин од Србија, поетот за деца Александар Коциќ.