бранители 2001 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/braniteli-2001/ За подобро да се разбереме Sat, 28 Jan 2023 12:31:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бранители 2001 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/braniteli-2001/ 32 32 Мицкоски: Ахмети да каже колку стотици милиони евра добила неговата фамилија на сметка на жртвите од војната во 2001 https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-ahmeti-da-kazhe-kolku-stotitsi-milioni-evra-dobila-negovata-familija-na-smetka-na-zhrtvite-od-vojnata-vo-2001/ Thu, 26 Jan 2023 14:08:01 +0000 https://republika.mk/?p=601863

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за време на денешната посета на Драчево, прашан од новинарите ја коментира и изјавата на Али Ахмети, кој за време на средбите со граѓаните од Тетово во својот говор рече дека на украинската делегација ѝ кажал дека треба да бидат искрени и ќе победат исто како што тие ги победиле Македонците во својата држава.

Мицкоски истакна дека како доброволец во 2001 година го нема тоа чувство дека Али Ахмети е победник во таа војна и дека Ахмети на украинската делегација требало да ѝ каже и за колку стотици милиони евра е зголемено богатството на фамилијата на Ахмети и на луѓето што го опкружуваат Ахмети на сметка на луѓето што се инвалиди, кои го загубија животот во таа војна.

Јас сум бил доброволец во Армијата и немам такво чувство дека тој е победник во таа војна, но истовремено, претпоставувам, им кажал и за колку стотици милиони евра е зголемено богатството на фамилијата на Ахмети и на луѓето што го опкружуваат Ахмети на сметка на луѓето што се инвалиди, кои го загубија животот во татковинската војна во 2001 година кога храбро се бореа македонските полициски и армиски сили за да го задржат суверенитетот и интегритетот на нашата Македонија и како еден вид подарок на жртвите од татковинската војна, името на овој парк, каде што денеска ние се наоѓаме, е токму на еден таков бранител. Но, добро е, следен пат кога ќе дојде делегација од Украина, да го прашаат колку десетици милиони евра повеќе имаат луѓето што го опкружуваат него и раководството на ДУИ, потенцира Мицкоски.

The post Мицкоски: Ахмети да каже колку стотици милиони евра добила неговата фамилија на сметка на жртвите од војната во 2001 appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за време на денешната посета на Драчево, прашан од новинарите ја коментира и изјавата на Али Ахмети, кој за време на средбите со граѓаните од Тетово во својот говор рече дека на украинската делегација ѝ кажал дека треба да бидат искрени и ќе победат исто како што тие ги победиле Македонците во својата држава. Мицкоски истакна дека како доброволец во 2001 година го нема тоа чувство дека Али Ахмети е победник во таа војна и дека Ахмети на украинската делегација требало да ѝ каже и за колку стотици милиони евра е зголемено богатството на фамилијата на Ахмети и на луѓето што го опкружуваат Ахмети на сметка на луѓето што се инвалиди, кои го загубија животот во таа војна.
Јас сум бил доброволец во Армијата и немам такво чувство дека тој е победник во таа војна, но истовремено, претпоставувам, им кажал и за колку стотици милиони евра е зголемено богатството на фамилијата на Ахмети и на луѓето што го опкружуваат Ахмети на сметка на луѓето што се инвалиди, кои го загубија животот во татковинската војна во 2001 година кога храбро се бореа македонските полициски и армиски сили за да го задржат суверенитетот и интегритетот на нашата Македонија и како еден вид подарок на жртвите од татковинската војна, името на овој парк, каде што денеска ние се наоѓаме, е токму на еден таков бранител. Но, добро е, следен пат кога ќе дојде делегација од Украина, да го прашаат колку десетици милиони евра повеќе имаат луѓето што го опкружуваат него и раководството на ДУИ, потенцира Мицкоски.

The post Мицкоски: Ахмети да каже колку стотици милиони евра добила неговата фамилија на сметка на жртвите од војната во 2001 appeared first on Република.

]]>
Ангелов револтирано кон власта: Учете од ДУИ за почитта која ја покажуваат кон загинатите од нивните редови https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/angelov-revoltirano-kon-vlasta-uchete-od-dui-za-pochitta-koja-ja-pokazuvaat-kon-zaginatite-od-nivnite-redovi/ Mon, 02 May 2022 20:14:48 +0000 https://republika.mk/?p=496531

„Јас како непосреден учесник во одбраната на Македонија во 2001 година, можам само да им честитам на наследниците на УЧК -ДУИ, за почитта која ја покажуваат кон загинатите од нивните редови“, напиша на Фејсбук лидерот на партијата Достоинство и прв човек на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов за церемонијата што се одржа денеска, а на која беше откриен 20-метарски споменик во чест на паднатите борци на УЧК.
Тие нека си ги чествуваат нивните, ние да си ги чествуваме нашите загинати, а сите заедно да дадеме сè од себе во Македонија никогаш повеќе да не ни се повтори војна и конечно да завладее целосен меѓуетнички мир, додава Ангелов.

Ангелов повика да не се крева, како што вели, непотребна меѓуетничка тензија.

Во фејсбук-статусот Ангелов посочува дека за разлика од овој нов споменик на УЧК, македонските бранители од 2001 година имаат достоинствен и репрезентативен споменик во строгиот центар на Скопје, во непосредна близина на македонското Собрание и скопскиот плоштад, додавајќи оти останува уште на овој споменик на бранителите од 2001, да се поклонат и претставници на највисокиот македонски државен и политички врв.

Свеченото отворање на 20 метарската спомен кула на УЧК во Липково на кое присуствуваа и Али Ахмети, Талат Џафери, Артан Груби, Фатмир Бесими, Бујар Османи и други високи претставници на Владата, Собранието и на ДУИ, колку и да не му се допаѓа некому, треба да биде пример за македонскиот државен и политички врв, како треба да се чествуваат македонските бранители од 2001 кои го дадоа својот живот бранејќи ја татковината. Чествување на загинатите, но и почит кон ранетите, трауматизираните и сите останати македонски бранители кои на кој било начин и во кој било обем учествуваа во одбраната на Македонија во 2001 година“, побара Ангелов.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во текот на својот говор порача дека УЧК е составен дел од историјата на земјава, а овој 20-метарски споменик дека не зближува.

The post Ангелов револтирано кон власта: Учете од ДУИ за почитта која ја покажуваат кон загинатите од нивните редови appeared first on Република.

]]>

„Јас како непосреден учесник во одбраната на Македонија во 2001 година, можам само да им честитам на наследниците на УЧК -ДУИ, за почитта која ја покажуваат кон загинатите од нивните редови“, напиша на Фејсбук лидерот на партијата Достоинство и прв човек на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов за церемонијата што се одржа денеска, а на која беше откриен 20-метарски споменик во чест на паднатите борци на УЧК. Тие нека си ги чествуваат нивните, ние да си ги чествуваме нашите загинати, а сите заедно да дадеме сè од себе во Македонија никогаш повеќе да не ни се повтори војна и конечно да завладее целосен меѓуетнички мир, додава Ангелов.
Ангелов повика да не се крева, како што вели, непотребна меѓуетничка тензија. Во фејсбук-статусот Ангелов посочува дека за разлика од овој нов споменик на УЧК, македонските бранители од 2001 година имаат достоинствен и репрезентативен споменик во строгиот центар на Скопје, во непосредна близина на македонското Собрание и скопскиот плоштад, додавајќи оти останува уште на овој споменик на бранителите од 2001, да се поклонат и претставници на највисокиот македонски државен и политички врв.
Свеченото отворање на 20 метарската спомен кула на УЧК во Липково на кое присуствуваа и Али Ахмети, Талат Џафери, Артан Груби, Фатмир Бесими, Бујар Османи и други високи претставници на Владата, Собранието и на ДУИ, колку и да не му се допаѓа некому, треба да биде пример за македонскиот државен и политички врв, како треба да се чествуваат македонските бранители од 2001 кои го дадоа својот живот бранејќи ја татковината. Чествување на загинатите, но и почит кон ранетите, трауматизираните и сите останати македонски бранители кои на кој било начин и во кој било обем учествуваа во одбраната на Македонија во 2001 година“, побара Ангелов.
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во текот на својот говор порача дека УЧК е составен дел од историјата на земјава, а овој 20-метарски споменик дека не зближува.

The post Ангелов револтирано кон власта: Учете од ДУИ за почитта која ја покажуваат кон загинатите од нивните редови appeared first on Република.

]]>
Ангелов доби поддршка од Мицкоски и Ковачевски за правата на бранителите од 2001 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/angelov-dobi-poddrshka-od-mickoski-i-kovachevski-za-pravata-na-branitelite-od-2001-godina/ Sun, 30 Jan 2022 07:37:58 +0000 https://republika.mk/?p=451398

Стојанче Ангелов заедно со воени инвалиди, бранители од 2001 година одржа прес конференција, на која изјави дека ја продолжува битката за иницијативата за праведно обесштетување на четворицата ранети бранители од 2001 година.

„Во текот на 2001 година одредени припадници на безбедносните сили беа ранети, а некои ги загубија животите. Членови на семејствата на загинатите бранители, но и воени инвалиди поднесоа тужби против МВР и Mинистерството за одбрана. Првостепените судови без исклучок пресудуваа во корист на воените инвалиди и во корист на семејствата на загинатите, со што доделуваа одреден паричен надомест, како нематеријална штета за претрпена загуба на блиско лице или за намалена животна активност, претрпен страв.

Апелационите судови ги потврдија сите пресуди, по што започна исплатата. За жал неколку години подоцна врховниот суд го поништи основот по кој што воените инвалиди и семејствата на загинатите беа обештетени, после што МВР и министерството за одбрана започнаа со контра тужби а во одредени случаеви и директно со контра извршување кон овие уѓе кои земале паричен надомест. Под силен пиритисок владата на ВМРО-ДПМНЕ во 2009 година донесе одлука со која ги повлече тужбите, но за жал против четири припадници на безбедносните сили тужбите не беа повлечени“, вели Ангелов

Ангелов доби поддршка од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за нивната Иницијатива.

„Во текот на оваа недела делегација на Достоинство оствари работна средба со Мицкоски, кај кој наидовме на разбирање и недвосмислена директна поддршка за решавање на овој проблем. Свесни дека ова иницијатива повторно може да заглави во владините лавиринти и покрај неспорно позитивната волја на клучните фактори во Владата, ние најавивме и изработка на Предлог-закон за надминување на овој проблем. Законот е во завршна фаза. Од страна на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски добивме уверување и гаранција дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе даде поддршка на овој закон“, рече Ангелов

Тој нагласи дека вчера имал и телефонски разговор со премиерот Димитар Ковачевски, кој, како што рече, исто така дал неспорна поддршка за оваа иницијатива, која треба да ги помине владините процедури.

„Останува нашето барање за средба со премиерот Ковачевски во следниот период на која што ќе ја разгледаме оваа иницијатива и можност да помине во владина процедура. Но, доколку повторно не успееме да ја поминеме во владина процедура оваа иницијатива за четирите воени инвалиди коишто со законска камата ја враќаат назад на државата земената оштета, ќе ја предложиме во Собранието како Предлог-закон. Се поставува прашање дали да ја внесеме како граѓанска иницијатива со десет илјади потписи или со поддршка на одреден број пратеници“, посочи Ангелов.

Тој додаде дека Достоинство изработи уште една иницијатива за праведно обесштетување на 17 семејства на загинати бранители и на 30 воени инвалиди, коишто за жал до ден денес се уште се необесштетени.

Тој посочи дека со сума од 500 до 600 илјади евра државата, како што рече, конечно ќе може да ги затвори прашањата поврзани со воените инвалиди и семејствата на загинатите од 2001 година.

The post Ангелов доби поддршка од Мицкоски и Ковачевски за правата на бранителите од 2001 година appeared first on Република.

]]>

Стојанче Ангелов заедно со воени инвалиди, бранители од 2001 година одржа прес конференција, на која изјави дека ја продолжува битката за иницијативата за праведно обесштетување на четворицата ранети бранители од 2001 година.
„Во текот на 2001 година одредени припадници на безбедносните сили беа ранети, а некои ги загубија животите. Членови на семејствата на загинатите бранители, но и воени инвалиди поднесоа тужби против МВР и Mинистерството за одбрана. Првостепените судови без исклучок пресудуваа во корист на воените инвалиди и во корист на семејствата на загинатите, со што доделуваа одреден паричен надомест, како нематеријална штета за претрпена загуба на блиско лице или за намалена животна активност, претрпен страв. Апелационите судови ги потврдија сите пресуди, по што започна исплатата. За жал неколку години подоцна врховниот суд го поништи основот по кој што воените инвалиди и семејствата на загинатите беа обештетени, после што МВР и министерството за одбрана започнаа со контра тужби а во одредени случаеви и директно со контра извршување кон овие уѓе кои земале паричен надомест. Под силен пиритисок владата на ВМРО-ДПМНЕ во 2009 година донесе одлука со која ги повлече тужбите, но за жал против четири припадници на безбедносните сили тужбите не беа повлечени“, вели Ангелов
Ангелов доби поддршка од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за нивната Иницијатива.
„Во текот на оваа недела делегација на Достоинство оствари работна средба со Мицкоски, кај кој наидовме на разбирање и недвосмислена директна поддршка за решавање на овој проблем. Свесни дека ова иницијатива повторно може да заглави во владините лавиринти и покрај неспорно позитивната волја на клучните фактори во Владата, ние најавивме и изработка на Предлог-закон за надминување на овој проблем. Законот е во завршна фаза. Од страна на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски добивме уверување и гаранција дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе даде поддршка на овој закон“, рече Ангелов
Тој нагласи дека вчера имал и телефонски разговор со премиерот Димитар Ковачевски, кој, како што рече, исто така дал неспорна поддршка за оваа иницијатива, која треба да ги помине владините процедури.
„Останува нашето барање за средба со премиерот Ковачевски во следниот период на која што ќе ја разгледаме оваа иницијатива и можност да помине во владина процедура. Но, доколку повторно не успееме да ја поминеме во владина процедура оваа иницијатива за четирите воени инвалиди коишто со законска камата ја враќаат назад на државата земената оштета, ќе ја предложиме во Собранието како Предлог-закон. Се поставува прашање дали да ја внесеме како граѓанска иницијатива со десет илјади потписи или со поддршка на одреден број пратеници“, посочи Ангелов.
Тој додаде дека Достоинство изработи уште една иницијатива за праведно обесштетување на 17 семејства на загинати бранители и на 30 воени инвалиди, коишто за жал до ден денес се уште се необесштетени. Тој посочи дека со сума од 500 до 600 илјади евра државата, како што рече, конечно ќе може да ги затвори прашањата поврзани со воените инвалиди и семејствата на загинатите од 2001 година.

The post Ангелов доби поддршка од Мицкоски и Ковачевски за правата на бранителите од 2001 година appeared first on Република.

]]>