Бранислав Лечиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/branislav-lechikj/ За подобро да се разбереме Wed, 13 Mar 2024 16:13:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Бранислав Лечиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/branislav-lechikj/ 32 32 Се збогувавме на истото место каде што беше убиен: Лечиќ го опиша последниот разговор со Ѓинѓиќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/se-zboguvavme-na-istoto-mesto-kade-shto-beshe-ubien-lechik-go-opisha-posledniot-razgovor-so-gingik/ Tue, 12 Mar 2024 07:39:36 +0000 https://republika.mk/?p=753830

Актерот Бранислав Лечиќ  се присети на своето пријателство и последната средба со Зоран Ѓинѓиќ .

Се видовме 30 часа пред неговата смрт, во кабинетот на Владата на Србија. Разговаравме за програмата што ја направив…Кога дојдов, разговаравме два и пол часа. Доживеав атмосфера која ја препишав на неговата болка од повреда на ногата, а потоа сфатив дека е свесен дека смртта е близу. Тоа чувство беше неспоиво со него. Имаше разговори со Солана, Блер и Шредер. Фокусот беше на Косово.

Еве што му рекол на излегување.

Кога дојде крајот на нашиот разговор во кој не решивме се, го одев до автомобилот и точно на местото каде што подоцна беше убиен, кога прашав кога ќе се сретнеме, тој со насмевка рече: Еден ден! Не ја разбрав емоцијата на мојата работа, тој се збогуваше на истото место каде што беше убиен. Тоа постојано ми се враќаше во соништата – вели Лечиќ.

The post Се збогувавме на истото место каде што беше убиен: Лечиќ го опиша последниот разговор со Ѓинѓиќ appeared first on Република.

]]>

„Киненова“ отвора со грчко-македонската копродукција „Зад стоговите сено“, Фестивалот му додели награда за особен придонес на Бранислав Лечиќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kinenova-otvora-so-grchko-makedonskata-koproduktsija-zad-stogovite-seno-festivalot-mu-dodeli-nagrada-za-osoben-pridones-na-branislav-lechik/ Fri, 06 Oct 2023 13:19:12 +0000 https://republika.mk/?p=688597

Осмото издание на Меѓународниот фестивал на дебитантски филм „Киненова“ (13-18 октомври) се отвора на 13 октомври, во скопското кино „Синаплекс“ со проекција на долгометражниот игран филм „Зад стоговите сено“ (Behind the Haystacks), дебито на грчката режисерка Асимина Проедроу, во кој копродуцент е и македонската куќа „Сектор филм“. „Зад стоговите сено“  доби десет награди на годишната церемонија на Грчката филмска академија.

На денешната прес конференција директорот на Фестивалот, Небојша Јовановиќ, ја претстави програмата која изобилува со филмови кои користат и класични и екпсериментални концепти. Тој го соопшти годинешниот добитник на наградата за особен придонес во филмската уметност, српскиот актер Бранислав Лечиќ.

Лечиќ (68) е популарен српски глумец, кој беше обвинет за силување од страна на српската актерка Даниела Штајнфелд. Подоцна Вишото јавно обвинителство во Белград ја отфрли кривичната пријава против Лечиќ.

Ние уште во 2018 година го почнавме процесот околу номинацијата на Лечиќ за добитник на наградата, бидејќи така оди тоа со Фестивалите. Кога во 2020 беше обвинението, ние го прекинавме процесот. Двапати го одбивме Лечиќ, и кога тој доби ослободителната пресуда, решивме, како Фестивал, да ја добие наградата, изјави директорот на Фестивалот Јовановиќ.

Лечиќ ќе дојде во Скопје, на 12 октомври, на прес-конференцијата пред почетокот на „Киненова“, ќе присустува на доделувањето на наградата и во негова чест ќе биде прикажан филмот „Професионалец“.

Со изборот на филмовите кои ги имаме и во кратката програма и во официјалната имаме многу филмови кои обработуваат женски теми и прашања, филмови од женски авторки. Ние не судиме, си има суд за тоа, наградата е за неговото творештво, објасни Јовановиќ.

Македонската режисерка Елеонора Венинова, чиј дебитантски долгометражен филм „Преесконирано“ ќе биде во официјалната програма на „Киненова“ рече дека како жена, авторка и режисерка, не се согласува со одлуката на Фестивалот Лечиќ да биде добитник на наградата.

Главната селекција ја започнвме да ја градиме почнувајќи со два филма од годинешново Берлинале прикажани во Главната и програмата Панорама: „20.000 видови пчели“ на исклучителната баскијка Естибалиц Уресола Солагурен. Овој филм годинава е кандидат за Оскар на Шпанија, вклучен во 40. играни филмови кои се во трка за Европскиот оскар, а нејзиниот краток филм „Хорда“ исто така е во конкуренција за најдобар краток филм кандидат за Европската филмска награда и контроверзниот „Женствена“, на двоецот Сем Фриман и Нг Чон Пинг од Велика Британија, осведочени поборници за родовата еднаквост и правата на ЛГБТ заедницата, со своето деби за прославената драг кралица и уметница Афродита Бенкс соочена со нејзиниот кошмар и справувањето со него. Филм за кој се бараше карта повеќе на Берлинскиот фестивал, а потоа беше прикажан и во Монтреал, Единбург, Сараево итн.

Единствениот македонски филм што ги предизвика нашите сетила и нашето внимание, а е во главната компетициска програма, е филмот „Преекспонирано“ на Елеоноира Венинова, филм кој диши со една сценаристичка и режисерска свежина и отвора нови дилеми за секоја атракција која е незаобиколна за нашето око и тело, рече Гене Теодосиевска, уметничка директорка на Фестивалот.

Теодосиевска рече дека во рамките на Киненова ќе бидат прикажани четири играни филма од најновата Полска кинематографија, а понудени како партнерска програма на Киненова и Вистула ФФ.

Годинава ќе ни гостува директорката на овој фестивал Малгорзата Скулска, познатиот режисер, сценарист, кинематографер, мултимедијален ументик Лех Мајевски со неговиот најнов игран филм Брижит Бардо, прекрасната и актерката филмот Опасен господин, Марта Ојрзинска. Останатите два филма се филмот на Јан Холубек 25 години невиност, случајот на Томек Коменда и филмот, рече Теодосиевска.

На денешната прес-конференција присуствуваше и режисерката на „Преекспонирано“, Елеонора Венинова.

Големо задоволство ми е што сме селектирани во официјалната програма на МФФ Киненова бидејќи ова ќе биде првиот македонски фестивал на кој имаме официјална селекција за филмот, но и бидејќи во некои од поранешните изданија на Фестивалот работев и како предселектор на кратките филмови. Светската премиера на филмот се случи во ноември минатата година во Каиро, а во меѓувреме беше на уште десеттина фестивали. Следува учество на фестивал во Женева, Луксембург и на уште еден фестивал кој сеуште не ја објавил програмата, па не смеам да го споменам, истана Венинова, која подвлече дека особено и е драго што имаме Фестивал кој го слави првиот, вториот, па и третиот филм на режисерите затоа што навистина е тешко да се добие место, да се биде селектиран на некој Фестивал, рече Велинова.

Проекциите на сите филмови ќе се одвиваат во Синеплекс.

The post „Киненова“ отвора со грчко-македонската копродукција „Зад стоговите сено“, Фестивалот му додели награда за особен придонес на Бранислав Лечиќ appeared first on Република.

]]>

Осмото издание на Меѓународниот фестивал на дебитантски филм „Киненова“ (13-18 октомври) се отвора на 13 октомври, во скопското кино „Синаплекс“ со проекција на долгометражниот игран филм „Зад стоговите сено“ (Behind the Haystacks), дебито на грчката режисерка Асимина Проедроу, во кој копродуцент е и македонската куќа „Сектор филм“. „Зад стоговите сено“  доби десет награди на годишната церемонија на Грчката филмска академија. На денешната прес конференција директорот на Фестивалот, Небојша Јовановиќ, ја претстави програмата која изобилува со филмови кои користат и класични и екпсериментални концепти. Тој го соопшти годинешниот добитник на наградата за особен придонес во филмската уметност, српскиот актер Бранислав Лечиќ. Лечиќ (68) е популарен српски глумец, кој беше обвинет за силување од страна на српската актерка Даниела Штајнфелд. Подоцна Вишото јавно обвинителство во Белград ја отфрли кривичната пријава против Лечиќ.
Ние уште во 2018 година го почнавме процесот околу номинацијата на Лечиќ за добитник на наградата, бидејќи така оди тоа со Фестивалите. Кога во 2020 беше обвинението, ние го прекинавме процесот. Двапати го одбивме Лечиќ, и кога тој доби ослободителната пресуда, решивме, како Фестивал, да ја добие наградата, изјави директорот на Фестивалот Јовановиќ.
Лечиќ ќе дојде во Скопје, на 12 октомври, на прес-конференцијата пред почетокот на „Киненова“, ќе присустува на доделувањето на наградата и во негова чест ќе биде прикажан филмот „Професионалец“.
Со изборот на филмовите кои ги имаме и во кратката програма и во официјалната имаме многу филмови кои обработуваат женски теми и прашања, филмови од женски авторки. Ние не судиме, си има суд за тоа, наградата е за неговото творештво, објасни Јовановиќ.
Македонската режисерка Елеонора Венинова, чиј дебитантски долгометражен филм „Преесконирано“ ќе биде во официјалната програма на „Киненова“ рече дека како жена, авторка и режисерка, не се согласува со одлуката на Фестивалот Лечиќ да биде добитник на наградата.
Главната селекција ја започнвме да ја градиме почнувајќи со два филма од годинешново Берлинале прикажани во Главната и програмата Панорама: „20.000 видови пчели“ на исклучителната баскијка Естибалиц Уресола Солагурен. Овој филм годинава е кандидат за Оскар на Шпанија, вклучен во 40. играни филмови кои се во трка за Европскиот оскар, а нејзиниот краток филм „Хорда“ исто така е во конкуренција за најдобар краток филм кандидат за Европската филмска награда и контроверзниот „Женствена“, на двоецот Сем Фриман и Нг Чон Пинг од Велика Британија, осведочени поборници за родовата еднаквост и правата на ЛГБТ заедницата, со своето деби за прославената драг кралица и уметница Афродита Бенкс соочена со нејзиниот кошмар и справувањето со него. Филм за кој се бараше карта повеќе на Берлинскиот фестивал, а потоа беше прикажан и во Монтреал, Единбург, Сараево итн. Единствениот македонски филм што ги предизвика нашите сетила и нашето внимание, а е во главната компетициска програма, е филмот „Преекспонирано“ на Елеоноира Венинова, филм кој диши со една сценаристичка и режисерска свежина и отвора нови дилеми за секоја атракција која е незаобиколна за нашето око и тело, рече Гене Теодосиевска, уметничка директорка на Фестивалот.
Теодосиевска рече дека во рамките на Киненова ќе бидат прикажани четири играни филма од најновата Полска кинематографија, а понудени како партнерска програма на Киненова и Вистула ФФ.
Годинава ќе ни гостува директорката на овој фестивал Малгорзата Скулска, познатиот режисер, сценарист, кинематографер, мултимедијален ументик Лех Мајевски со неговиот најнов игран филм Брижит Бардо, прекрасната и актерката филмот Опасен господин, Марта Ојрзинска. Останатите два филма се филмот на Јан Холубек 25 години невиност, случајот на Томек Коменда и филмот, рече Теодосиевска.
На денешната прес-конференција присуствуваше и режисерката на „Преекспонирано“, Елеонора Венинова.
Големо задоволство ми е што сме селектирани во официјалната програма на МФФ Киненова бидејќи ова ќе биде првиот македонски фестивал на кој имаме официјална селекција за филмот, но и бидејќи во некои од поранешните изданија на Фестивалот работев и како предселектор на кратките филмови. Светската премиера на филмот се случи во ноември минатата година во Каиро, а во меѓувреме беше на уште десеттина фестивали. Следува учество на фестивал во Женева, Луксембург и на уште еден фестивал кој сеуште не ја објавил програмата, па не смеам да го споменам, истана Венинова, која подвлече дека особено и е драго што имаме Фестивал кој го слави првиот, вториот, па и третиот филм на режисерите затоа што навистина е тешко да се добие место, да се биде селектиран на некој Фестивал, рече Велинова.
Проекциите на сите филмови ќе се одвиваат во Синеплекс.  

The post „Киненова“ отвора со грчко-македонската копродукција „Зад стоговите сено“, Фестивалот му додели награда за особен придонес на Бранислав Лечиќ appeared first on Република.

]]>
Ќерката на Бранислав Лечиќ ги следи неговите чекори, но неговиот син-наследник се одлучи за нешто друго https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/kjerkata-na-branislav-lechikj-gi-sledi-negovite-chekori-no-negoviot-sin-naslednik-se-odluchi-za-neshto-drugo/ Sun, 27 Mar 2022 18:20:44 +0000 https://republika.mk/?p=479415

На балканската јавност и е добро познато дека ќерката на српскит актер, Бранислав Лечиќ, Ана, ги следи неговите чекори и играше во хит филмот „Дара из Јасеновац“ со кој ја освои публиката ширум регионот.

View this post on Instagram

A post shared by Ana Lecic (@analecic5)

Но, Ана, не е единственото дете на познатиот актер. Бранислав во бракот со Ивана Вујадиновиќ ги доби ќерката Ана и синот Иван, додека во следниот брак со Нина Радуловиќ синот Лав.

За разлика од својата сестра, Иван одлучи да студира нешто различно од неа и од нивниот татко.

Иван Лечиќ ретко се појавува во јавноста, а во една прилика гостуваше на телевизија „Прва“. На фотографијата во продолжение можете да видите како изгледа синот на Бранислав Лечиќ.

The post Ќерката на Бранислав Лечиќ ги следи неговите чекори, но неговиот син-наследник се одлучи за нешто друго appeared first on Република.

]]>

На балканската јавност и е добро познато дека ќерката на српскит актер, Бранислав Лечиќ, Ана, ги следи неговите чекори и играше во хит филмот „Дара из Јасеновац“ со кој ја освои публиката ширум регионот.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Ana Lecic (@analecic5)

Но, Ана, не е единственото дете на познатиот актер. Бранислав во бракот со Ивана Вујадиновиќ ги доби ќерката Ана и синот Иван, додека во следниот брак со Нина Радуловиќ синот Лав. За разлика од својата сестра, Иван одлучи да студира нешто различно од неа и од нивниот татко. Иван Лечиќ ретко се појавува во јавноста, а во една прилика гостуваше на телевизија „Прва“. На фотографијата во продолжение можете да видите како изгледа синот на Бранислав Лечиќ.  

The post Ќерката на Бранислав Лечиќ ги следи неговите чекори, но неговиот син-наследник се одлучи за нешто друго appeared first on Република.

]]>