Бранислав Бане Пенчиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/branislav-bane-penchikj/ За подобро да се разбереме Mon, 21 Mar 2022 08:38:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Бранислав Бане Пенчиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/branislav-bane-penchikj/ 32 32 Веља невоља го нарачал од затвор убиството на навивачот? https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/velja-nevolja-go-narachal-od-zatvor-ubistvoto-na-navivachot/ Mon, 21 Mar 2022 08:38:12 +0000 https://republika.mk/?p=475933

Вељко Беливук стои зад убиството на Бранислав Бане Пенчиќ (41) во Обреновац. Како што дознава „Република.рс“, полицијата која трага по убиецот истрагата ја насочила кон уапсениот водач на мафијашкиот огранок на „кавачкиот клан“. Се сомневаат дека Беливук чекал момент Пенчиќ да се врати во земјата по излегувањето од затворот во Австрија и да го ликвидира преку своите „војници“ кои се на слобода.

Според неофицијални извори, Бранислав Пенчиќ бил убиен од непознат маскиран напаѓач со пиштол со придушувач пред очите на сопругата на улица. Напаѓачот испукал три куршуми во градите и побегнал. Лекарите од Ургентниот центар не успеаја да го спасат тешко ранетиот водач на навивачка група на Партизан „Хед Хантерс“.

На полицијата ќе и помогнат снимките од безбедносните камери на околните згради кои се однесени во МВР, а можеби и вештачењето на автомобилот на Пенчиќ кој исто така е предаден на вештачењето.

The post Веља невоља го нарачал од затвор убиството на навивачот? appeared first on Република.

]]>

Вељко Беливук стои зад убиството на Бранислав Бане Пенчиќ (41) во Обреновац. Како што дознава „Република.рс“, полицијата која трага по убиецот истрагата ја насочила кон уапсениот водач на мафијашкиот огранок на „кавачкиот клан“. Се сомневаат дека Беливук чекал момент Пенчиќ да се врати во земјата по излегувањето од затворот во Австрија и да го ликвидира преку своите „војници“ кои се на слобода. Според неофицијални извори, Бранислав Пенчиќ бил убиен од непознат маскиран напаѓач со пиштол со придушувач пред очите на сопругата на улица. Напаѓачот испукал три куршуми во градите и побегнал. Лекарите од Ургентниот центар не успеаја да го спасат тешко ранетиот водач на навивачка група на Партизан „Хед Хантерс“. На полицијата ќе и помогнат снимките од безбедносните камери на околните згради кои се однесени во МВР, а можеби и вештачењето на автомобилот на Пенчиќ кој исто така е предаден на вештачењето.

The post Веља невоља го нарачал од затвор убиството на навивачот? appeared first on Република.

]]>
Убиен водач на навивачка група на Партизан, застрелан среде бел ден пред неговата сопруга https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/ubien-vodach-na-navivachka-grupa-na-partizan-zastrelan-srede-bel-den-pred-negovata-sopruga/ Sun, 20 Mar 2022 19:10:24 +0000 https://republika.mk/?p=475790

Поранешениот водач на една од навивачките групи на Партизан, „Ловци на глави“ 41-годишниот Бранислав Бане Пенчиќ, е убиен во престрелка во Обреновац

Според српските медиуми пукањето се случило вчера попладне, а Брзата помош веднаш пристигнала на местото на настанот. Пенчиќ бил сѐ уште жив, но без свест. Починал во Итната помош во Белград.

Првично српските медиуми пишуваа дека тој бил убиен од снајпер, но Телеграф објави дека била пронајдена чаура, што укажува дека убиството е извршено со пиштол со пригушувач. Според медиумот убиецот тргнал по него и точно знаел каде оди. Чекал да дојде во салонот и таму е убиен. Со Пенчиќ била и неговата сопруга, но таа не е повредена.

Сѐ уште не е познат мотивот за убиството.

Бане Пенчиќ ѝ е познат на полицијата од порано. Тој имал дебело досие. Бил поврзан со насилничко однесување и трговија со дрога. Во јавноста е најпознат како поранешен лидер на навивачката група на Партизан Head Hunters, но одамна не е активен на трибините и не присуствувал на натпревари.

„Бане беше познат низ целиот град и сееше страв и трепет. Сите се плашеа од него, но по тепачката со навивачите на Звезда кои им поставија заседа кај Умча, неговата група Head Hunters остана без нивниот транспарент. Почитувајќи го кодот на навивачите, тој тогаш се повлече од трибините. Тоа беше уште пред да се појави Принцип на чело со Вељко Беливук“, вели изворот за Нова.рс.

Повеќе од десет пати бил осуден за разни кривични дела. Досега бил застрелан трипати, пишува Телеграф. До 2008 година, против него биле поднесени дванаесет кривични пријави за дилерство дрога, напад на службеници, кражби и друго.

Против него е поднесена една кривична пријава бидејќи во 2008 година заедно со група навивачи запрел автомобили на булевар во Белград и со тоа го запрел сообраќајот, пренесува Инсајдер. Во извештајот се наведува дека излегле од автомобилот и уринирале на сред улица.

https://youtu.be/YHFqzjcmNjg

 

The post Убиен водач на навивачка група на Партизан, застрелан среде бел ден пред неговата сопруга appeared first on Република.

]]>

Поранешениот водач на една од навивачките групи на Партизан, „Ловци на глави“ 41-годишниот Бранислав Бане Пенчиќ, е убиен во престрелка во Обреновац Според српските медиуми пукањето се случило вчера попладне, а Брзата помош веднаш пристигнала на местото на настанот. Пенчиќ бил сѐ уште жив, но без свест. Починал во Итната помош во Белград. Првично српските медиуми пишуваа дека тој бил убиен од снајпер, но Телеграф објави дека била пронајдена чаура, што укажува дека убиството е извршено со пиштол со пригушувач. Според медиумот убиецот тргнал по него и точно знаел каде оди. Чекал да дојде во салонот и таму е убиен. Со Пенчиќ била и неговата сопруга, но таа не е повредена. Сѐ уште не е познат мотивот за убиството. Бане Пенчиќ ѝ е познат на полицијата од порано. Тој имал дебело досие. Бил поврзан со насилничко однесување и трговија со дрога. Во јавноста е најпознат како поранешен лидер на навивачката група на Партизан Head Hunters, но одамна не е активен на трибините и не присуствувал на натпревари.
„Бане беше познат низ целиот град и сееше страв и трепет. Сите се плашеа од него, но по тепачката со навивачите на Звезда кои им поставија заседа кај Умча, неговата група Head Hunters остана без нивниот транспарент. Почитувајќи го кодот на навивачите, тој тогаш се повлече од трибините. Тоа беше уште пред да се појави Принцип на чело со Вељко Беливук“, вели изворот за Нова.рс.
Повеќе од десет пати бил осуден за разни кривични дела. Досега бил застрелан трипати, пишува Телеграф. До 2008 година, против него биле поднесени дванаесет кривични пријави за дилерство дрога, напад на службеници, кражби и друго. Против него е поднесена една кривична пријава бидејќи во 2008 година заедно со група навивачи запрел автомобили на булевар во Белград и со тоа го запрел сообраќајот, пренесува Инсајдер. Во извештајот се наведува дека излегле од автомобилот и уринирале на сред улица. https://youtu.be/YHFqzjcmNjg  

The post Убиен водач на навивачка група на Партизан, застрелан среде бел ден пред неговата сопруга appeared first on Република.

]]>