Бранимир Димитријевиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/branimir-dimitrijevik/ За подобро да се разбереме Tue, 14 Mar 2023 12:01:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Бранимир Димитријевиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/branimir-dimitrijevik/ 32 32 70 проценти од парите за надзор ќе поделат „Електра“ која вади лиценца среде повик и фирмата на Димитријевиќ по кого има меѓународна потерница https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/70-protsenti-od-parite-za-nadzor-ke-podelat-elektra-koja-vadi-litsentsa-srede-povik-i-firmata-na-kriminaletsot-so-megunarodna-poternitsa-dimitrijevik/ Tue, 14 Mar 2023 11:15:08 +0000 https://republika.mk/?p=619519

Потонаа сите лаги на Артан Груби и Димитар Ковачевски за странски експерти при надзорот на градбата на Коридорите 8 и 10Д. „ИРД“ е само носител на Конзорциумот на хартија, а најголемиот дел од парите одат кај „Електра Солушн“ која вади лиценца во сред јавен повик и „Евро Консалтинг“ на бараниот со меѓународна потерница за криминал Бранимир Димитријевиќ,обвини Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Електра Солушн“ која поднесува барање за издавање на лиценца за надзор по отворање на повикот за прибирање на понуди и добива во ек на огласот и Евро Консалтинг на криминалецот баран со меѓународна потерница Бранимир Димитријевиќ ќе поделат 70% од парите за надзорот на изградбата на Коридорите 8 и 10Д. Толку од меѓународните експерти на Груби и Ковачевски.

https://www.youtube.com/watch?v=3KEmRUZfXVU&embeds_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

Уште пофрапантно е што „Електра Солушн“ не само што нема искуство во вршење на надзор, туку дејност во која има искуство и во која работела порано е верувале или не, производство на долна облека. Да, добро слушате, фирма со искуство во производство на долна облека ќе го врши надзорот на изградбата на Коридорите 8 и 10Д.

Уште потрагично е што истава оваа фирма своето учество во тендерот го брани со тоа што била контактирана од меѓународни компании да учествуваат заедно на тендерот. Кои меѓународни компании ќе бараат фирма која се занимавала со производство на долна облека за учество на најголемиот тендер за надзор во Македонија? И како ја барале таа компанија која нема лиценца, а не барале фирми со децениско искуство?

Оваа фирма „Електра Солушн“ ќе земе 8.2 милиони евра од тендерот од 22 милиони евра, а фирмата на криминалецот баран со меѓународна потерница Бранимир Димитријевиќ ќе наплати 7.1 милион евра. Вкупно овие две македонски фирми ќе наплатат 70% од сумата предвидена за надзорот.

Останатите 30%, 4.1 милиони одат кај „ИРД“ од Италија, додека услугите на локалната канцеларија на „ИРД“ во Скопје ќе чинат околу 2.4 милиони евра.

Носителот на Конзорциумот, „ИРД“, ќе наплати помалку пари од фирмата со искуство во производство на долна облека и фирмата на криминалецот баран со меѓународна потерница.

Кинеската „Ептиса“ од овој тендер ќе наплати само 400.000 евра, па се поставува прашањето зошто истите се дел од Конзорциумот, или имаат за цел само да вршат увид над техниката и технологијата на американската „Бехтел“?

Вкупно само пет лица ангажирани од фирмите се странци, и тоа адвокат од Хрватска, двајца инженери од Србија и еден од Црна Гора, како и директорот на „ИРД“ кој го потпишал договорот. Толку од странци. И најголемиот дел од нив се ангажирани за преговарање, а не за надзор, за што ќе наплатат 300.000 евра поединечно. Додека директорот на „ИРД“ ќе наплати како хонорар 1.3 милиони евра.

Напумпаните 22 милиони евра ќе се трошат на тешки награди и хонорари, а не на реални работи.

Никакви меѓународни експерти не се во игра, туку шема која смрди на корупција.

Ги повикуваме Јавното обвинителство додека не е доцна, додека Груби и Ковачевски во целост не ја посрамотиле Република Македонија да отворат истрага и да побараат прекин на работата на надзорот. Секое неделување или задоцнето делување ја чини државата пари и образ.

The post 70 проценти од парите за надзор ќе поделат „Електра“ која вади лиценца среде повик и фирмата на Димитријевиќ по кого има меѓународна потерница appeared first on Република.

]]>

Потонаа сите лаги на Артан Груби и Димитар Ковачевски за странски експерти при надзорот на градбата на Коридорите 8 и 10Д. „ИРД“ е само носител на Конзорциумот на хартија, а најголемиот дел од парите одат кај „Електра Солушн“ која вади лиценца во сред јавен повик и „Евро Консалтинг“ на бараниот со меѓународна потерница за криминал Бранимир Димитријевиќ,обвини Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Електра Солушн“ која поднесува барање за издавање на лиценца за надзор по отворање на повикот за прибирање на понуди и добива во ек на огласот и Евро Консалтинг на криминалецот баран со меѓународна потерница Бранимир Димитријевиќ ќе поделат 70% од парите за надзорот на изградбата на Коридорите 8 и 10Д. Толку од меѓународните експерти на Груби и Ковачевски.
https://www.youtube.com/watch?v=3KEmRUZfXVU&embeds_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title Уште пофрапантно е што „Електра Солушн“ не само што нема искуство во вршење на надзор, туку дејност во која има искуство и во која работела порано е верувале или не, производство на долна облека. Да, добро слушате, фирма со искуство во производство на долна облека ќе го врши надзорот на изградбата на Коридорите 8 и 10Д.
Уште потрагично е што истава оваа фирма своето учество во тендерот го брани со тоа што била контактирана од меѓународни компании да учествуваат заедно на тендерот. Кои меѓународни компании ќе бараат фирма која се занимавала со производство на долна облека за учество на најголемиот тендер за надзор во Македонија? И како ја барале таа компанија која нема лиценца, а не барале фирми со децениско искуство?
Оваа фирма „Електра Солушн“ ќе земе 8.2 милиони евра од тендерот од 22 милиони евра, а фирмата на криминалецот баран со меѓународна потерница Бранимир Димитријевиќ ќе наплати 7.1 милион евра. Вкупно овие две македонски фирми ќе наплатат 70% од сумата предвидена за надзорот. Останатите 30%, 4.1 милиони одат кај „ИРД“ од Италија, додека услугите на локалната канцеларија на „ИРД“ во Скопје ќе чинат околу 2.4 милиони евра. Носителот на Конзорциумот, „ИРД“, ќе наплати помалку пари од фирмата со искуство во производство на долна облека и фирмата на криминалецот баран со меѓународна потерница. Кинеската „Ептиса“ од овој тендер ќе наплати само 400.000 евра, па се поставува прашањето зошто истите се дел од Конзорциумот, или имаат за цел само да вршат увид над техниката и технологијата на американската „Бехтел“?  
Вкупно само пет лица ангажирани од фирмите се странци, и тоа адвокат од Хрватска, двајца инженери од Србија и еден од Црна Гора, како и директорот на „ИРД“ кој го потпишал договорот. Толку од странци. И најголемиот дел од нив се ангажирани за преговарање, а не за надзор, за што ќе наплатат 300.000 евра поединечно. Додека директорот на „ИРД“ ќе наплати како хонорар 1.3 милиони евра.
Напумпаните 22 милиони евра ќе се трошат на тешки награди и хонорари, а не на реални работи. Никакви меѓународни експерти не се во игра, туку шема која смрди на корупција. Ги повикуваме Јавното обвинителство додека не е доцна, додека Груби и Ковачевски во целост не ја посрамотиле Република Македонија да отворат истрага и да побараат прекин на работата на надзорот. Секое неделување или задоцнето делување ја чини државата пари и образ.

The post 70 проценти од парите за надзор ќе поделат „Електра“ која вади лиценца среде повик и фирмата на Димитријевиќ по кого има меѓународна потерница appeared first on Република.

]]>
Фирмата Евроконсалтинг е сопственост на Бранимир Димитријевиќ, обвинет во Ерменија за криминал https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/firmata-evro-konsalting-e-sopstvenost-na-branimir-dimitrijevik-obvinet-vo-ermenija-za-kriminal/ Sat, 11 Mar 2023 11:20:58 +0000 https://republika.mk/?p=618443

Груби и Ковачевски се вплеткаа во сопствените лаги кои ги пласираа за да го оправдаат изборот на конзорциумот ИРД ЕПТИСА електра солушн - Евроконсалтинг. Конзорциумот е целосно компромитиран и изборот треба да се поништи, oбвинува Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.

Според него фирмата Евроконсалтинг е сопственост на Бранимир Димитријевиќ и тој е сопственик во истата од нејзиното основање до денес, во ниту еден момент не излегол од истата.

https://www.youtube.com/watch?v=JZ1tKziw-2o&embeds_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

Димитријевиќ е обвинет во Ерменија за криминал при надзор, се товари за измама од голем обем. Според информациите кои ги објавија медиумите тој е обвинет дека извршил измама во вредност од 1,8 милиони долари, како тим лидер на француско-шпанскиот конзорциум „Савеж-Ептиса“, кој вршел надзор на развојот и спроведувањето на проектот патен коридор Север – југ во периодот од 2009 до 2018 година.

Бранимир Димитријевиќ од Ерменија побегнал со помош на тројца македонски дипломати, кои со приватен авион и дипломатски пасоши во 2019 година го извлекле од Ерменија, по што е распишана меѓународна потерница.

Во 2019 година на власт во Македонија е СДС и ДУИ, истите партии кои сега му даваат бизнис од 22 милиони евра на Димитријевиќ, кој дипломати додека тие управуваат со институциите му помогнале на истиот да избега од правдата.

Сега Евро Консалтинг на Димитријевиќ, кој во Ерменија се гони за измама од 1.8 милиони долари при надзор на патем коридор, ќе го врши надзорот врз изградбата на Коридорите 8 и 10д, проект вреден над 1.3 милијарди евра. Истава фирма заедно со кинеската ЕПТИСА ќе има увид во технологијата на Американската Бехтел, во време кога државниот секретар на САД предупреди на кинеско подмитување за проекти каде се применуваат високи технологии.

Груби и Ковачевски со изборот на надзорот го ставаат во ризик и Бехтел и меѓународната репутација на Македонија. Затоа потребно е итно изборот да биде поништен и да се распише нов оглас, кој ќе обезбеди компетитивност помеѓу понудувачите и отвореност на постапката, без да биде загрозен националниот интерес, буџетот или репутацијата на државата.

The post Фирмата Евроконсалтинг е сопственост на Бранимир Димитријевиќ, обвинет во Ерменија за криминал appeared first on Република.

]]>

Груби и Ковачевски се вплеткаа во сопствените лаги кои ги пласираа за да го оправдаат изборот на конзорциумот ИРД ЕПТИСА електра солушн - Евроконсалтинг. Конзорциумот е целосно компромитиран и изборот треба да се поништи, oбвинува Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ. Според него фирмата Евроконсалтинг е сопственост на Бранимир Димитријевиќ и тој е сопственик во истата од нејзиното основање до денес, во ниту еден момент не излегол од истата. https://www.youtube.com/watch?v=JZ1tKziw-2o&embeds_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title
Димитријевиќ е обвинет во Ерменија за криминал при надзор, се товари за измама од голем обем. Според информациите кои ги објавија медиумите тој е обвинет дека извршил измама во вредност од 1,8 милиони долари, како тим лидер на француско-шпанскиот конзорциум „Савеж-Ептиса“, кој вршел надзор на развојот и спроведувањето на проектот патен коридор Север – југ во периодот од 2009 до 2018 година.
Бранимир Димитријевиќ од Ерменија побегнал со помош на тројца македонски дипломати, кои со приватен авион и дипломатски пасоши во 2019 година го извлекле од Ерменија, по што е распишана меѓународна потерница. Во 2019 година на власт во Македонија е СДС и ДУИ, истите партии кои сега му даваат бизнис од 22 милиони евра на Димитријевиќ, кој дипломати додека тие управуваат со институциите му помогнале на истиот да избега од правдата.
Сега Евро Консалтинг на Димитријевиќ, кој во Ерменија се гони за измама од 1.8 милиони долари при надзор на патем коридор, ќе го врши надзорот врз изградбата на Коридорите 8 и 10д, проект вреден над 1.3 милијарди евра. Истава фирма заедно со кинеската ЕПТИСА ќе има увид во технологијата на Американската Бехтел, во време кога државниот секретар на САД предупреди на кинеско подмитување за проекти каде се применуваат високи технологии.
Груби и Ковачевски со изборот на надзорот го ставаат во ризик и Бехтел и меѓународната репутација на Македонија. Затоа потребно е итно изборот да биде поништен и да се распише нов оглас, кој ќе обезбеди компетитивност помеѓу понудувачите и отвореност на постапката, без да биде загрозен националниот интерес, буџетот или репутацијата на државата.

The post Фирмата Евроконсалтинг е сопственост на Бранимир Димитријевиќ, обвинет во Ерменија за криминал appeared first on Република.

]]>
Дали овие Кинези кои ја раководат Ептиса личат на Шпанци? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dali-ovie-kinezi-koi-ja-rakovodat-eptisa-lichat-na-shpantsi/ Fri, 10 Mar 2023 08:18:57 +0000 https://republika.mk/?p=617984

Шаонин Жу, потпретседател на бордот на директори на Ептиса, Чао Ванг финансиски шеф на Ептиса и Јиран Меи менаџер на Ептиса се раководниот кадар на спорната компанија за која владата иако велеше дека е криминална ја одбра за надзор на проект вреден скоро 2 милијарди евра. Тие велеа дека компанијата е Шпанска, а всушнопст самата компанија кажува дека е од Кина, објавува ВМРО-ДПМНЕ.

Дали овие Кинези личат на Шпанци кои ја раководат Ептиса која Груби и Ковачевски ја одбраа? Ова е единствен случај во светот каде Кинеска компанија ќе контролира американски гигант, за какви криминални врски станува збор со владата на Груби и Ковачевски?

Артан Груби нервозно се вади од скандалот со изборот на компанија која ќе врши надзор на изградбата на коридорите и така уште повеќе се заглавува во живата песок. Имено компанијата ЕПТИСА која Груби и Ковачевски ја избрале на тендер како дел од конзорциум со уште поскандалозни македонски компании,  е всушност КИНЕСКА компанија. Груби и Ковачевски се единствениот тандем во светот кој што избрале кинеска компанија да врши надзор на американска компанија.

Толку од прозападната ориентација на Груби и Ковачевски. Поисточно од кинеска компанија и поисточен капитал не можеле да одберат.

Да потсетиме дека компанијата ЕПТИСА, истата оваа влада на ДУИ и СДС во 2020 ја прогласила со одлука како неетичка и компанија која ги прекршува законите и како таква не и дале препорака за понатамошна соработка.

Исто така дел од конзорциумот се и две компании од Македонија кои се скандалозни сами по себе. Едната,  Електра Солишн, исто така дел од Конзорциумот е фирма на синот на Сотир Ампов, кој преку Институт за патишта Велес беше дел од Конзорциумот ИГХ кој првично го добил тендерот, а е поништен поради сомнежи за руско потекло на нивниот капитал. Сега фирмата на синот на Ампов, кој бил вмешан во руска шема е дел од новиот Конзорциум за надзор. Втората, Евро Консалтинг, фирма на Бранимир Димитријевиќ, кој во Ерменија е гонет за коруптивни скандали.

Се на куп како во филм, вмешаност на руски капитал, корупција во Ерменија, кинеска компанија и Артан Груби и главна споредна улога за Ковачевски.Јавното обвинителство не смее да молчи и да замижува пред ваков скандал. Овде не да мириса, овде смрди на корупција.

The post Дали овие Кинези кои ја раководат Ептиса личат на Шпанци? appeared first on Република.

]]>

Шаонин Жу, потпретседател на бордот на директори на Ептиса, Чао Ванг финансиски шеф на Ептиса и Јиран Меи менаџер на Ептиса се раководниот кадар на спорната компанија за која владата иако велеше дека е криминална ја одбра за надзор на проект вреден скоро 2 милијарди евра. Тие велеа дека компанијата е Шпанска, а всушнопст самата компанија кажува дека е од Кина, објавува ВМРО-ДПМНЕ. Дали овие Кинези личат на Шпанци кои ја раководат Ептиса која Груби и Ковачевски ја одбраа? Ова е единствен случај во светот каде Кинеска компанија ќе контролира американски гигант, за какви криминални врски станува збор со владата на Груби и Ковачевски?
Артан Груби нервозно се вади од скандалот со изборот на компанија која ќе врши надзор на изградбата на коридорите и така уште повеќе се заглавува во живата песок. Имено компанијата ЕПТИСА која Груби и Ковачевски ја избрале на тендер како дел од конзорциум со уште поскандалозни македонски компании,  е всушност КИНЕСКА компанија. Груби и Ковачевски се единствениот тандем во светот кој што избрале кинеска компанија да врши надзор на американска компанија.
Толку од прозападната ориентација на Груби и Ковачевски. Поисточно од кинеска компанија и поисточен капитал не можеле да одберат. Да потсетиме дека компанијата ЕПТИСА, истата оваа влада на ДУИ и СДС во 2020 ја прогласила со одлука како неетичка и компанија која ги прекршува законите и како таква не и дале препорака за понатамошна соработка. Исто така дел од конзорциумот се и две компании од Македонија кои се скандалозни сами по себе. Едната,  Електра Солишн, исто така дел од Конзорциумот е фирма на синот на Сотир Ампов, кој преку Институт за патишта Велес беше дел од Конзорциумот ИГХ кој првично го добил тендерот, а е поништен поради сомнежи за руско потекло на нивниот капитал. Сега фирмата на синот на Ампов, кој бил вмешан во руска шема е дел од новиот Конзорциум за надзор. Втората, Евро Консалтинг, фирма на Бранимир Димитријевиќ, кој во Ерменија е гонет за коруптивни скандали.