брана Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/brana/ За подобро да се разбереме Fri, 05 Apr 2024 18:39:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png брана Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/brana/ 32 32 Во рускиот град Орск пукна брана, во тек евакуација на жителите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-ruskiot-grad-orsk-pukna-brana-vo-tek-evakuatsija-na-zhitelite/ Fri, 05 Apr 2024 18:39:45 +0000 https://republika.mk/?p=762811

Во градот Орск, во руската област Оренбург, денеска пукна брана и започната е евакуација на жителите, соопштија локалните власти.

„Пукна брана во Орск. Во тек е евакуација на жителите на градот кој се наоѓа во зона на поплави“, се наведува во соопштение на Службата за вонредни состојби.

Се додава дека пробивањето на браната се заканува во зоната на поплави да бидат 4.000 куќи во Орск, каде живеат до 10.000 луѓе.

The post Во рускиот град Орск пукна брана, во тек евакуација на жителите appeared first on Република.

]]>

Во градот Орск, во руската област Оренбург, денеска пукна брана и започната е евакуација на жителите, соопштија локалните власти. „Пукна брана во Орск. Во тек е евакуација на жителите на градот кој се наоѓа во зона на поплави“, се наведува во соопштение на Службата за вонредни состојби. Се додава дека пробивањето на браната се заканува во зоната на поплави да бидат 4.000 куќи во Орск, каде живеат до 10.000 луѓе.

The post Во рускиот град Орск пукна брана, во тек евакуација на жителите appeared first on Република.

]]>
Завршена изградбата на браната „Конско“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/zavrshena-izgradbata-na-branata-konsko/ Sun, 10 Mar 2024 13:44:00 +0000 https://republika.mk/?p=753301

Модерно наводнување на најмалку 6 500 хектари во текот на целата година, зголемување на обработливите површини за пет пати, помали трошоци и поконкурентно производство, ќе овозможи браната „Конско“ чија изградба и официјално е завршена.

Овој капитален проект, како што беше речено на денешниот настан, е најголем во државава во последните 50 години, а се реализира со инвестиција вредна над 40 милиони евра, обезбедена директно од Буџетот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

Новата вештачка акумулација е изградена со користење најсовремени технолошки методи, по светски стандарди. Водата од акумулациското езеро, освен за наводнување, ќе се користи и за производство на електрична енергија. Акумулацијата ќе овозможи и развој на руралниот туризам, спортски и рекреативен риболов, но ќе добие и нова, дополнителна вредност со предвиденото поставување пловечки фотоволтаци.

Браната „Конско“ е дел од Хидромелиоративниот систем „Гевгелиско поле“ и е една од најсериозните инвестициии во македонското земјоделство, но и на енергетски план.

The post Завршена изградбата на браната „Конско“ appeared first on Република.

]]>

Модерно наводнување на најмалку 6 500 хектари во текот на целата година, зголемување на обработливите површини за пет пати, помали трошоци и поконкурентно производство, ќе овозможи браната „Конско“ чија изградба и официјално е завршена. Овој капитален проект, како што беше речено на денешниот настан, е најголем во државава во последните 50 години, а се реализира со инвестиција вредна над 40 милиони евра, обезбедена директно од Буџетот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ). Новата вештачка акумулација е изградена со користење најсовремени технолошки методи, по светски стандарди. Водата од акумулациското езеро, освен за наводнување, ќе се користи и за производство на електрична енергија. Акумулацијата ќе овозможи и развој на руралниот туризам, спортски и рекреативен риболов, но ќе добие и нова, дополнителна вредност со предвиденото поставување пловечки фотоволтаци. Браната „Конско“ е дел од Хидромелиоративниот систем „Гевгелиско поле“ и е една од најсериозните инвестициии во македонското земјоделство, но и на енергетски план.

The post Завршена изградбата на браната „Конско“ appeared first on Република.

]]>
Поплави во Норвешка: Пукна брана, илјадници луѓе без струја, евакуација во областа Осло https://arhiva3.republika.mk/vesti/poplavi-vo-norveshka-pukna-brana-iljadnitsi-luge-bez-struja-evakuatsija-vo-oblasta-oslo/ Thu, 10 Aug 2023 11:00:09 +0000 https://republika.mk/?p=670738

По неколкудневните големи поплави во Норвешка, денеска делумно се урна браната на хидроцентралата на норвешката река Глома.

Локалната телевизија покажа дека водата блика низ пукнатините во структурата на браната, објави Ројтерс.

На оваа река има и важен воден пат, но поради поплавување на контролниот центар на бродската управа на реката Глома, речниот сообраќај е во прекин.

Повеќе од 600 луѓе се евакуирани во регионот северно од главниот град Осло, откако обилните дождови предизвикаа лизгање на земјиштето низ планинскиот дел на јужна Норвешка, соопшти претходно денеска норвешката полиција.

Норвешката управа за водни ресурси издаде црвен временски аларм за поплави и свлечишта за области во јужна Норвешка, а метеоролозите издадоа предупредување од највисоко ниво за екстремно обилни врнежи

Илјадници луѓе останаа без струја во јужна Норвешка по бурата Ханс придружена со силен дожд неколку дена погоди делови од Скандинавија и Балтикот, што резултираше со излевање на реки и оштетување на патиштата, објави АП.

 

The post Поплави во Норвешка: Пукна брана, илјадници луѓе без струја, евакуација во областа Осло appeared first on Република.

]]>

По неколкудневните големи поплави во Норвешка, денеска делумно се урна браната на хидроцентралата на норвешката река Глома. Локалната телевизија покажа дека водата блика низ пукнатините во структурата на браната, објави Ројтерс. На оваа река има и важен воден пат, но поради поплавување на контролниот центар на бродската управа на реката Глома, речниот сообраќај е во прекин. Повеќе од 600 луѓе се евакуирани во регионот северно од главниот град Осло, откако обилните дождови предизвикаа лизгање на земјиштето низ планинскиот дел на јужна Норвешка, соопшти претходно денеска норвешката полиција. Норвешката управа за водни ресурси издаде црвен временски аларм за поплави и свлечишта за области во јужна Норвешка, а метеоролозите издадоа предупредување од највисоко ниво за екстремно обилни врнежи Илјадници луѓе останаа без струја во јужна Норвешка по бурата Ханс придружена со силен дожд неколку дена погоди делови од Скандинавија и Балтикот, што резултираше со излевање на реки и оштетување на патиштата, објави АП.  

The post Поплави во Норвешка: Пукна брана, илјадници луѓе без струја, евакуација во областа Осло appeared first on Република.

]]>
Eкипи на „Тигрите“ го пребаруваат езерото за исчезнатото момче, се чека аквадрон https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ekipi-na-tigrite-go-prebaruvaat-ezeroto-za-ischeznatoto-momche-se-cheka-akvadron/ Mon, 31 Jul 2023 15:22:01 +0000 https://republika.mk/?p=667358

Продолжува потрагата во езерото Глажња по 30 годишното лице од липковското село Никуштак кое вчера влезе во водите на браната и не излезе. Трите тимови нуркачи од „Тигрите“ ги пребаруваат водите на езерото, информираше директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов. Наскоро ќе биде употребен и таканаречен „аквадрон“ кој ќе го користат екипи на Дирекција за заштита и спасување на пребарување на дното на вештачкото езеро во Липково.

 

Бидејќи вчeра не беше пронајдено лицето, денеска потрагата продолжи со три тима на специјалците кои со опрема влегуваат до 40 метри длабочина на езерото. Да напоменам дека видливоста е многу мала некои 40 сантиметри што го отежнува нуркањето и пребарувањето на теренот, кој е многу стрмен. Покрај СВР Куманово, „Тигри“ имаме и екипи на Дирекција за заштита и спасување кои со чамец го пребаруваат брегот на езерото и воедно има и нуркачи од дирекцијата кои не нуркаат но во секој момент очекуваме да пристигне воден „аквадрон“ со кој ќе се обидат да го пребараат дното. Доколку потрагата не даде резултати рано наутро со дополнителни тимови нуркачи од „Тигрите“ и на Дирекција за заштита и спасување поддржани од тимови на СВР Куманово заеднички напори ќе ја продолжат потрагата, изјави Ангелов.

И од АД Водостопанство „Кумановско липковско поле“ информираа дека е стопиран темелниот испуст за да им се помогне на екипите во пребарувањето и да не се создаваат струи во езерото.

- Водата на темелниот испуст на брана Глажња е затворена, со цел да се намали струењето на водата во браната, и да можат нуркачите да работат, изјави директорот, Оливер Илиевски.

Потрaгата по исчезнатиот млад жител на липковското Никуштак трае од вчера кога тој во попладневните часови влегол во водите на Глажња и не излегол.

The post Eкипи на „Тигрите“ го пребаруваат езерото за исчезнатото момче, се чека аквадрон appeared first on Република.

]]>

Продолжува потрагата во езерото Глажња по 30 годишното лице од липковското село Никуштак кое вчера влезе во водите на браната и не излезе. Трите тимови нуркачи од „Тигрите“ ги пребаруваат водите на езерото, информираше директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов. Наскоро ќе биде употребен и таканаречен „аквадрон“ кој ќе го користат екипи на Дирекција за заштита и спасување на пребарување на дното на вештачкото езеро во Липково.  
Бидејќи вчeра не беше пронајдено лицето, денеска потрагата продолжи со три тима на специјалците кои со опрема влегуваат до 40 метри длабочина на езерото. Да напоменам дека видливоста е многу мала некои 40 сантиметри што го отежнува нуркањето и пребарувањето на теренот, кој е многу стрмен. Покрај СВР Куманово, „Тигри“ имаме и екипи на Дирекција за заштита и спасување кои со чамец го пребаруваат брегот на езерото и воедно има и нуркачи од дирекцијата кои не нуркаат но во секој момент очекуваме да пристигне воден „аквадрон“ со кој ќе се обидат да го пребараат дното. Доколку потрагата не даде резултати рано наутро со дополнителни тимови нуркачи од „Тигрите“ и на Дирекција за заштита и спасување поддржани од тимови на СВР Куманово заеднички напори ќе ја продолжат потрагата, изјави Ангелов.
И од АД Водостопанство „Кумановско липковско поле“ информираа дека е стопиран темелниот испуст за да им се помогне на екипите во пребарувањето и да не се создаваат струи во езерото.
- Водата на темелниот испуст на брана Глажња е затворена, со цел да се намали струењето на водата во браната, и да можат нуркачите да работат, изјави директорот, Оливер Илиевски.
Потрaгата по исчезнатиот млад жител на липковското Никуштак трае од вчера кога тој во попладневните часови влегол во водите на Глажња и не излегол.

The post Eкипи на „Тигрите“ го пребаруваат езерото за исчезнатото момче, се чека аквадрон appeared first on Република.

]]>
Соселаните се вклучија во потрагата по момчето кое исчезна во водите на браната https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/soselanite-se-vkluchija-vo-potragata-po-momcheto-koe-ischezna-vo-vodite-na-branata/ Sat, 22 Jul 2023 07:27:08 +0000 https://republika.mk/?p=664126

Се уште трае потрагата по М.П. (29) од струмичкото село Дабиле, кој на 16 овој месец исчезна во водите на браната кај селото Дрвош.

Вчера попладне во потрагата се вклучија жители на селото Дабиле, кои со чамец и сонар ја пребаруваа браната, но петчасовната потрага не даде резултат.

На фејсбук групата „Дабиле“ најавуваат дека потрагата ќе продолжи и денеска попладне и се надеваат дека ќе биде пронајдено телото на исчезнатото момче.

Според портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, потрагата по момчето ја отежнуваат лошиот терен, милта и заматената вода.

Инаку, на 16 јули 13:30 часот во полицијата од Итна медицинска помош било пријавено дека околу 13.00 часот М.П.(29) од село Дабиле, струмичко, влегол во водите од браната во близина на село Дрвош, струмичко и не излегол.

The post Соселаните се вклучија во потрагата по момчето кое исчезна во водите на браната appeared first on Република.

]]>

Се уште трае потрагата по М.П. (29) од струмичкото село Дабиле, кој на 16 овој месец исчезна во водите на браната кај селото Дрвош. Вчера попладне во потрагата се вклучија жители на селото Дабиле, кои со чамец и сонар ја пребаруваа браната, но петчасовната потрага не даде резултат. На фејсбук групата „Дабиле“ најавуваат дека потрагата ќе продолжи и денеска попладне и се надеваат дека ќе биде пронајдено телото на исчезнатото момче. Според портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, потрагата по момчето ја отежнуваат лошиот терен, милта и заматената вода. Инаку, на 16 јули 13:30 часот во полицијата од Итна медицинска помош било пријавено дека околу 13.00 часот М.П.(29) од село Дабиле, струмичко, влегол во водите од браната во близина на село Дрвош, струмичко и не излегол.

The post Соселаните се вклучија во потрагата по момчето кое исчезна во водите на браната appeared first on Република.

]]>
Нуркачи од МВР го бараат момчето кое исчезна завчера во водите на браната кај село Дрвош https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/nurkachi-od-mvr-go-baraat-momcheto-koe-ischezna-zavchera-vo-vodite-na-branata-kaj-selo-drvosh/ Tue, 18 Jul 2023 09:29:11 +0000 https://republika.mk/?p=662610

Продолжува потрагата по М.П. (29) од струмичкото село Дабиле, кој завчера исчезна во водите на браната кај селото Дрвош.

Според портпаролката на СВР Струмица Александра Трајанова, по момчето трагаат нуркачи од МВР, на кои лошиот терен и заматената вода во браната им ја отежнуваат потрагата.

Инаку, завчера во 13:30 часот во полицијата од Итна медицинска помош било пријавено дека околу 13.00 часот М.П.(29) од село Дабиле, струмичко, влегол во водите од браната во близина на село Дрвош, струмичко и не излегол.

 

The post Нуркачи од МВР го бараат момчето кое исчезна завчера во водите на браната кај село Дрвош appeared first on Република.

]]>

Продолжува потрагата по М.П. (29) од струмичкото село Дабиле, кој завчера исчезна во водите на браната кај селото Дрвош. Според портпаролката на СВР Струмица Александра Трајанова, по момчето трагаат нуркачи од МВР, на кои лошиот терен и заматената вода во браната им ја отежнуваат потрагата. Инаку, завчера во 13:30 часот во полицијата од Итна медицинска помош било пријавено дека околу 13.00 часот М.П.(29) од село Дабиле, струмичко, влегол во водите од браната во близина на село Дрвош, струмичко и не излегол.  

The post Нуркачи од МВР го бараат момчето кое исчезна завчера во водите на браната кај село Дрвош appeared first on Република.

]]>
Влегол да се капе во водите на брана и исчезнал: Се трага по 29-годишен струмичанец https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vlegol-da-se-kape-vo-vodite-na-brana-i-ischeznal-se-traga-po-29-godishen-strumichanets/ Mon, 17 Jul 2023 12:38:24 +0000 https://republika.mk/?p=662324

Момче влегло да се капе во водите на браната во близина на струмичкото село Дрвош и не излегло. Екипи трагаат по исчезнатото момче.

„На 16.07.2023, во 13:30 часот, во СВР Струмица, од итната медицинска помош било пријавено дека околу 13 часот, М.П. (29) од с. Дабиле, Струмичко, влегол во водите од браната во близина на селото Дрвош, Струмичко, и не излегол“, соопшти СВР Струмица.

За настанот бил запознаен Центарот за управување со кризи и се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето

The post Влегол да се капе во водите на брана и исчезнал: Се трага по 29-годишен струмичанец appeared first on Република.

]]>

Момче влегло да се капе во водите на браната во близина на струмичкото село Дрвош и не излегло. Екипи трагаат по исчезнатото момче. „На 16.07.2023, во 13:30 часот, во СВР Струмица, од итната медицинска помош било пријавено дека околу 13 часот, М.П. (29) од с. Дабиле, Струмичко, влегол во водите од браната во близина на селото Дрвош, Струмичко, и не излегол“, соопшти СВР Струмица. За настанот бил запознаен Центарот за управување со кризи и се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето

The post Влегол да се капе во водите на брана и исчезнал: Се трага по 29-годишен струмичанец appeared first on Република.

]]>
Русија ја одби помошта од ОН, бројот на жртвите од поплавите по саботажа на браната се зголемува https://arhiva3.republika.mk/vesti/rusija-ja-odbi-pomoshta-od-on-brojot-na-zhrtvite-od-poplavite-po-sabotazha-na-branata-se-zgolemuva/ Mon, 19 Jun 2023 06:45:51 +0000 https://republika.mk/?p=652930

Русија ги отфрли понудите на Обединетите нации (ОН) да им помогне на жителите погодени од поплавите предизвикани од пробивањето на браната Каховка на реката Дњепар, соопшти синоќа светската организација.

Од 6 јуни, кога браната беше оштетена и се поплави областа Херсон, окупирана од Русија, бројот на жртвите од поплавите се искачи на 52, додека 31 лице се сметаат за исчезнати. На територијата под руска контрола загинаа 35 лица, а на украинска страна 17. Повеќе од 11 илјади луѓе мораа да ги напуштат своите домови.

ОН ја повика Русија да дејствува во согласност со нејзините обврски според меѓународното хуманитарно право.

Не може да се спречи помошта од луѓето на кои им е потребна, изјави во официјалното соопштение координаторот на ОН за хуманитарна помош за Украина, Дениз Браун.

Украина ја обвини Москва за минирање на браната од советската ера, која е под руска контрола од првите денови на минатогодишната инвазија.

Група меѓународни правни експерти кои им помагаат на украинските обвинители во нивната истрага, сметаат дека „многу е веројатно уривањето на браната да е предизвикано од експлозиви поставени од Русите“.

Од друга страна, Кремљ го обвини Киев дека ја саботирал хидроелектричната брана.

Властите во Одеса ги затворија некогаш популарните плажи на Црното Море таму, забранувајќи го пливањето и консумирањето риба и морски плодови од неидентификувани извори.

Тестовите на водата минатата недела покажаа опасни нивоа на салмонела и други „заразни агенси“, изјавија украинските власти. Спроведен е и мониторинг на предизвикувачкиот агенс на колера.

Иако поплавите се повлекоа, реката Дњепар однесе тони отпад во Црното Море и на брегот на Одеса, предизвикувајќи, како што го нарече Украина, „екоцид“. Се очекува да се влошат нивоата на токсични материи во морските организми и на морското дно, а зголемен е и ризикот од исфрлени мини на крајбрежјето.

The post Русија ја одби помошта од ОН, бројот на жртвите од поплавите по саботажа на браната се зголемува appeared first on Република.

]]>

Русија ги отфрли понудите на Обединетите нации (ОН) да им помогне на жителите погодени од поплавите предизвикани од пробивањето на браната Каховка на реката Дњепар, соопшти синоќа светската организација. Од 6 јуни, кога браната беше оштетена и се поплави областа Херсон, окупирана од Русија, бројот на жртвите од поплавите се искачи на 52, додека 31 лице се сметаат за исчезнати. На територијата под руска контрола загинаа 35 лица, а на украинска страна 17. Повеќе од 11 илјади луѓе мораа да ги напуштат своите домови. ОН ја повика Русија да дејствува во согласност со нејзините обврски според меѓународното хуманитарно право.
Не може да се спречи помошта од луѓето на кои им е потребна, изјави во официјалното соопштение координаторот на ОН за хуманитарна помош за Украина, Дениз Браун.
Украина ја обвини Москва за минирање на браната од советската ера, која е под руска контрола од првите денови на минатогодишната инвазија. Група меѓународни правни експерти кои им помагаат на украинските обвинители во нивната истрага, сметаат дека „многу е веројатно уривањето на браната да е предизвикано од експлозиви поставени од Русите“. Од друга страна, Кремљ го обвини Киев дека ја саботирал хидроелектричната брана. Властите во Одеса ги затворија некогаш популарните плажи на Црното Море таму, забранувајќи го пливањето и консумирањето риба и морски плодови од неидентификувани извори.
Тестовите на водата минатата недела покажаа опасни нивоа на салмонела и други „заразни агенси“, изјавија украинските власти. Спроведен е и мониторинг на предизвикувачкиот агенс на колера.
Иако поплавите се повлекоа, реката Дњепар однесе тони отпад во Црното Море и на брегот на Одеса, предизвикувајќи, како што го нарече Украина, „екоцид“. Се очекува да се влошат нивоата на токсични материи во морските организми и на морското дно, а зголемен е и ризикот од исфрлени мини на крајбрежјето.

The post Русија ја одби помошта од ОН, бројот на жртвите од поплавите по саботажа на браната се зголемува appeared first on Република.

]]>
Њујорк тајмс: Русија е одговорна за уништување на браната Каховка https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nujork-tajms-rusija-e-odgovorna-za-unishtuvane-na-branata-kahovka/ Sun, 18 Jun 2023 16:18:18 +0000 https://republika.mk/?p=652841

Њујорк тајмс објави дека има докази што потврдуваат дека Русија е одговорна за уништувањето на браната Каховка.

Браната Каховка, што е под руска окупација, беше уништена на 6 јуни, а бетонската бариера што ја уништи била поставена длабоко во конструкцијата.

- Доказите јасно укажуваат дека браната била оштетена од експлозија иницирана од страна која е под контрола на Русија, пишува Њујорк Тајмс.

Браната е изградена во советско време, па Москва ги имала инженерските планови и знаела каде се наоѓа „Ахиловата пета“ на градбата.

Според експертите малку е веројатно уривањето на бетонските темели на браната да се случи само по себе.

Украина ја обвини Русија за уништување на браната, која е под руска контрола од 2022 година.

Кремљ негираше вмешаност во оштетувањето на браната, која потопи дел од линијата на фронтот и бројни домови и многу ниви во околните региони.

The post Њујорк тајмс: Русија е одговорна за уништување на браната Каховка appeared first on Република.

]]>

Њујорк тајмс објави дека има докази што потврдуваат дека Русија е одговорна за уништувањето на браната Каховка. Браната Каховка, што е под руска окупација, беше уништена на 6 јуни, а бетонската бариера што ја уништи била поставена длабоко во конструкцијата. - Доказите јасно укажуваат дека браната била оштетена од експлозија иницирана од страна која е под контрола на Русија, пишува Њујорк Тајмс. Браната е изградена во советско време, па Москва ги имала инженерските планови и знаела каде се наоѓа „Ахиловата пета“ на градбата. Според експертите малку е веројатно уривањето на бетонските темели на браната да се случи само по себе. Украина ја обвини Русија за уништување на браната, која е под руска контрола од 2022 година. Кремљ негираше вмешаност во оштетувањето на браната, која потопи дел од линијата на фронтот и бројни домови и многу ниви во околните региони.

The post Њујорк тајмс: Русија е одговорна за уништување на браната Каховка appeared first on Република.

]]>
Меѓународни инспектори: „Многу е веројатно“ дека Русија ја разнела браната Нова Каховка https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/megunarodni-inspektori-mnogu-e-verojatno-deka-rusija-ja-raznela-branata-nova-kahovka/ Fri, 16 Jun 2023 13:15:33 +0000 https://republika.mk/?p=652142

Тим правни експерти што го истражуваат уништувањето на браната Нова Каховка соопштија дека е „многу веројатно“ дека Русија е одговорна за инцидентот што ја предизвика големата поплава.

Според прелиминарните наоди, Русија најверојатно поставила експлозиви на браната, според истражителите од меѓународната адвокатска фирма за човекови права Глобал рајтс комплајанс, која им помага на украинските обвинители.

Тие на 10 и 11 јуни го посетија регионот Херсон со тим од Меѓународниот кривичен суд и украинскиот државен обвинител. Меѓу нив беше и Јусуф Сајед Кан, адвокат во Глобал рајтс комплајанс, кој рече дека наодот дека браната била урната со експлозив претходно поставен од руска страна е „утврден со веројатност од 80% и повеќе“.

Тие ја отфрлија теоријата дека катастрофата можела да биде предизвикана само од лошо управување со браната.

Русија и Украина заемно се обвинуваа за пробивањето на браната претходно овој месец, но експертите го вперуваат прстот кон Москва.

Инспекторите рекоа дека уништувањето на браната може да претставува кривично дело изгладнување и може да биде дел од пошироко злосторство против човештвото, но групата сè уште не ја донела таа одлука.

The post Меѓународни инспектори: „Многу е веројатно“ дека Русија ја разнела браната Нова Каховка appeared first on Република.

]]>

Тим правни експерти што го истражуваат уништувањето на браната Нова Каховка соопштија дека е „многу веројатно“ дека Русија е одговорна за инцидентот што ја предизвика големата поплава. Според прелиминарните наоди, Русија најверојатно поставила експлозиви на браната, според истражителите од меѓународната адвокатска фирма за човекови права Глобал рајтс комплајанс, која им помага на украинските обвинители. Тие на 10 и 11 јуни го посетија регионот Херсон со тим од Меѓународниот кривичен суд и украинскиот државен обвинител. Меѓу нив беше и Јусуф Сајед Кан, адвокат во Глобал рајтс комплајанс, кој рече дека наодот дека браната била урната со експлозив претходно поставен од руска страна е „утврден со веројатност од 80% и повеќе“. Тие ја отфрлија теоријата дека катастрофата можела да биде предизвикана само од лошо управување со браната. Русија и Украина заемно се обвинуваа за пробивањето на браната претходно овој месец, но експертите го вперуваат прстот кон Москва. Инспекторите рекоа дека уништувањето на браната може да претставува кривично дело изгладнување и може да биде дел од пошироко злосторство против човештвото, но групата сè уште не ја донела таа одлука.

The post Меѓународни инспектори: „Многу е веројатно“ дека Русија ја разнела браната Нова Каховка appeared first on Република.

]]>
Објавени снимки од дрон: Ова се бреговите на Одеса по уништувањето на браната https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/objaveni-snimki-od-dron-ova-se-bregovite-na-odesa-po-unishtuvaneto-na-branata/ Fri, 09 Jun 2023 08:33:47 +0000 https://republika.mk/?p=649484

Украинската армија објави интересно видео снимено со дрон во југозападниот украински регион Одеса.

Како што соопштија од Јужната команда на вооружените сили на Украина, на снимката се гледаат остатоци од згради, опрема и други работи на брегот на Црното Море во регионот Одеса поради огромната поплава предизвикана од уништувањето на Нова Каховка, брана во хидроцентралата северно од градот Керсон.

Поради уништувањето на браната, огромно количество вода се излеа од акумулацијата и го поплави југот на делумно окупираната област Херсон, а дел од водата преку Црното Море стигна до бреговите на Одеса.

The post Објавени снимки од дрон: Ова се бреговите на Одеса по уништувањето на браната appeared first on Република.

]]>

Украинската армија објави интересно видео снимено со дрон во југозападниот украински регион Одеса. Како што соопштија од Јужната команда на вооружените сили на Украина, на снимката се гледаат остатоци од згради, опрема и други работи на брегот на Црното Море во регионот Одеса поради огромната поплава предизвикана од уништувањето на Нова Каховка, брана во хидроцентралата северно од градот Керсон. Поради уништувањето на браната, огромно количество вода се излеа од акумулацијата и го поплави југот на делумно окупираната област Херсон, а дел од водата преку Црното Море стигна до бреговите на Одеса.

The post Објавени снимки од дрон: Ова се бреговите на Одеса по уништувањето на браната appeared first on Република.

]]>
Кој имаше корист од уништувањето на браната во Украина? https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/koj-imashe-korist-od-unishtuvaneto-na-branata-vo-ukraina/ Thu, 08 Jun 2023 10:58:15 +0000 https://republika.mk/?p=649113

Голема и важна брана во окупираниот дел на јужна Украина се урна, предизвикувајќи поплави низводно. Кој има корист од тој чин?

Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за уништување на браната, потсетувајќи на минатогодишните нерешени експлозии на гасоводот Северен поток. Во двата случаи, сомнежите на Западот веднаш паднаа врз Русија. Но, двапати Москва одговори со: „Не сме ние. Зошто би го направиле тоа? Ова ни штети на нас“.

Како уништувањето на браната ѝ штети на Русија?

Во случајот со уривањето на браната Каховка, Русија може да укаже на најмалку два начина според кои тоа и штети на нејзините интереси. Поплавите низводно ја принудија да ги евакуира војниците, како и цивилите на исток, подалеку од Херсон и широките брегови на реката Днепар. Ова ќе овозможи одредено ограничено олеснување за жителите на Херсон кои мораа да живеат со секојдневните руски артилериски и ракетни напади.

Второ, ова може да влијае на снабдувањето со вода на окупираниот Крим, сув полуостров кој се потпира на свежа вода од каналите во близина на урнатата брана. Откако Крим во 2014 година на реферндум се припои кон Русија, полуостровот стана силно утврдена територија што и Русија и Украина ја нарекуваат своја.

Како уништувањето на браната ѝ штети на Украина?

Сепак, уривањето на браната во Каховка треба да се гледа во поширок контекст на војната во Украина и конкретно во светлината на украинската летна контраофанзива, која очигледно веќе почна.

За да успее оваа контраофанзива, таа мора да стави крај на руската контрола врз голем дел од територијата што руските сили ја зазедоа минатата година и го поврзаа Крим со источниот украински регион Донбас. Ако Украина може да најде начин да ги пробие руските одбранбени линии јужно од Запорожје и да ја раздели таа територија, може да го изолира Крим и да постигне голема стратешка победа.

Но, Русите научија многу лекции од почетокот на војната во февруари минатата година. Тие ја погледнаа мапата, сфатија каде Украина најверојатно ќе нападне и ги поминаа последните месеци градејќи некои навистина застрашувачки утврдувања за да го блокираат секое напредување на Украина кон Азовското Море.

Воопшто не е сигурно дека Украина планирала да испрати свои сили кон западната страна на таа одбрана. Воената команда во Киев разумно ги крие своите карти за да ја држи Русија во неизвесност.

Проблем за украинската контраофанзива

Но, уништувањето на браната, кој и да го извршил, сега ја прави таа опција многу попроблематична.

Днепар веќе беше широка река до моментот кога ќе влезе во јужна Украина, а преминувањето на оклопна бригада преку неа, под руска артилерија и напади со ракети би било крајно опасно.

Со уништената брана и поплавени огромни површини земја низводно, областа на левиот (источен) брег спроти градот Херсон стана практично недостапна за украинските оклопни транспортери.

Русите веќе направиле нешто слично во историјата

Треба да се напомене дека Русите направиле нешто слично во историјата на истата река. Имено, во 1941 година, советските трупи разнесоа брана преку реката Днепар за да го блокираат напредувањето на нацистичките трупи. Илјадници советски граѓани, наводно, загинале во поплавите.

Но, сега е клучно дека оној што ќе ја пробие браната Каховка, ќе ја наруши стратешката шаховска табла во јужна Украина, принудувајќи ги двете страни да направат серија големи приспособувања и веројатно одложувајќи го следниот потег на Украина во нејзиниот долго ветуван контранапад.

Извор: Би-Би-Си

 

The post Кој имаше корист од уништувањето на браната во Украина? appeared first on Република.

]]>

Голема и важна брана во окупираниот дел на јужна Украина се урна, предизвикувајќи поплави низводно. Кој има корист од тој чин? Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за уништување на браната, потсетувајќи на минатогодишните нерешени експлозии на гасоводот Северен поток. Во двата случаи, сомнежите на Западот веднаш паднаа врз Русија. Но, двапати Москва одговори со: „Не сме ние. Зошто би го направиле тоа? Ова ни штети на нас“.

Како уништувањето на браната ѝ штети на Русија?

Во случајот со уривањето на браната Каховка, Русија може да укаже на најмалку два начина според кои тоа и штети на нејзините интереси. Поплавите низводно ја принудија да ги евакуира војниците, како и цивилите на исток, подалеку од Херсон и широките брегови на реката Днепар. Ова ќе овозможи одредено ограничено олеснување за жителите на Херсон кои мораа да живеат со секојдневните руски артилериски и ракетни напади. Второ, ова може да влијае на снабдувањето со вода на окупираниот Крим, сув полуостров кој се потпира на свежа вода од каналите во близина на урнатата брана. Откако Крим во 2014 година на реферндум се припои кон Русија, полуостровот стана силно утврдена територија што и Русија и Украина ја нарекуваат своја.

Како уништувањето на браната ѝ штети на Украина?

Сепак, уривањето на браната во Каховка треба да се гледа во поширок контекст на војната во Украина и конкретно во светлината на украинската летна контраофанзива, која очигледно веќе почна. За да успее оваа контраофанзива, таа мора да стави крај на руската контрола врз голем дел од територијата што руските сили ја зазедоа минатата година и го поврзаа Крим со источниот украински регион Донбас. Ако Украина може да најде начин да ги пробие руските одбранбени линии јужно од Запорожје и да ја раздели таа територија, може да го изолира Крим и да постигне голема стратешка победа. Но, Русите научија многу лекции од почетокот на војната во февруари минатата година. Тие ја погледнаа мапата, сфатија каде Украина најверојатно ќе нападне и ги поминаа последните месеци градејќи некои навистина застрашувачки утврдувања за да го блокираат секое напредување на Украина кон Азовското Море. Воопшто не е сигурно дека Украина планирала да испрати свои сили кон западната страна на таа одбрана. Воената команда во Киев разумно ги крие своите карти за да ја држи Русија во неизвесност.

Проблем за украинската контраофанзива

Но, уништувањето на браната, кој и да го извршил, сега ја прави таа опција многу попроблематична. Днепар веќе беше широка река до моментот кога ќе влезе во јужна Украина, а преминувањето на оклопна бригада преку неа, под руска артилерија и напади со ракети би било крајно опасно. Со уништената брана и поплавени огромни површини земја низводно, областа на левиот (источен) брег спроти градот Херсон стана практично недостапна за украинските оклопни транспортери.

Русите веќе направиле нешто слично во историјата

Треба да се напомене дека Русите направиле нешто слично во историјата на истата река. Имено, во 1941 година, советските трупи разнесоа брана преку реката Днепар за да го блокираат напредувањето на нацистичките трупи. Илјадници советски граѓани, наводно, загинале во поплавите. Но, сега е клучно дека оној што ќе ја пробие браната Каховка, ќе ја наруши стратешката шаховска табла во јужна Украина, принудувајќи ги двете страни да направат серија големи приспособувања и веројатно одложувајќи го следниот потег на Украина во нејзиниот долго ветуван контранапад. Извор: Би-Би-Си  

The post Кој имаше корист од уништувањето на браната во Украина? appeared first on Република.

]]>
Киев: 29 градови и села поплавени по нападот на браната Каховка https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kiev-29-gradovi-i-sela-poplaveni-po-napadot-na-branata-kahovka/ Wed, 07 Jun 2023 17:17:13 +0000 https://republika.mk/?p=648945

Украинскиот министер за внатрешни работи Игор Клименко денеска соопшти дека нападот на браната Каховка довел до поплавување на 29 градови и села долж реката Дњепар.

На апликацијата Телеграм, Клименко објави дека 10 од тие населби се на украинската страна на реката. Шефот на украинската воена администрација во Херсон, Олександр Прокудин, претходно објави дека Украина евакуирала околу 1.700 луѓе од поплавените подрачја до 13 часот по локално време.

Руските и украинските власти меѓусебно се обвинуваат за гранатирање на браната, што доведе до поплави кои раселеа илјадници луѓе и оставија стотици илјади без нормален пристап до вода за пиење. Киев тврди дека пукањето на руската брана е „еколошка бомба за масовно уништување“, додека Москва вели дека тоа е терористички чин извршен од украинските сили како дел од нивната контраофанзива.

The post Киев: 29 градови и села поплавени по нападот на браната Каховка appeared first on Република.

]]>

Украинскиот министер за внатрешни работи Игор Клименко денеска соопшти дека нападот на браната Каховка довел до поплавување на 29 градови и села долж реката Дњепар. На апликацијата Телеграм, Клименко објави дека 10 од тие населби се на украинската страна на реката. Шефот на украинската воена администрација во Херсон, Олександр Прокудин, претходно објави дека Украина евакуирала околу 1.700 луѓе од поплавените подрачја до 13 часот по локално време. Руските и украинските власти меѓусебно се обвинуваат за гранатирање на браната, што доведе до поплави кои раселеа илјадници луѓе и оставија стотици илјади без нормален пристап до вода за пиење. Киев тврди дека пукањето на руската брана е „еколошка бомба за масовно уништување“, додека Москва вели дека тоа е терористички чин извршен од украинските сили како дел од нивната контраофанзива.

The post Киев: 29 градови и села поплавени по нападот на браната Каховка appeared first on Република.

]]>
Сунак не е сигурен кој ја уништи браната Каховка https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sunak-ne-e-siguren-koj-ja-unishti-branata-kahovka/ Wed, 07 Jun 2023 17:12:20 +0000 https://republika.mk/?p=648943

Британскиот премиер Риши Сунак денеска изјави дека Лондон се уште не може да каже дали Русија е одговорна за уништувањето на браната Каховка на југот на Украина.

- Се уште не можам дефинитивно да го кажам тоа. Нашите разузнавачки и воени служби работат на случајот, рече Сунак, одговарајќи на новинарско прашање.

- Но, ако е вистина, ако се покаже дека е намерно, тоа ќе биде ново ниско ниво. Тоа е ужасен чин на варварство од страна на Русија, додаде тој.

The post Сунак не е сигурен кој ја уништи браната Каховка appeared first on Република.

]]>

Британскиот премиер Риши Сунак денеска изјави дека Лондон се уште не може да каже дали Русија е одговорна за уништувањето на браната Каховка на југот на Украина.
- Се уште не можам дефинитивно да го кажам тоа. Нашите разузнавачки и воени служби работат на случајот, рече Сунак, одговарајќи на новинарско прашање. - Но, ако е вистина, ако се покаже дека е намерно, тоа ќе биде ново ниско ниво. Тоа е ужасен чин на варварство од страна на Русија, додаде тој.

The post Сунак не е сигурен кој ја уништи браната Каховка appeared first on Република.

]]>
Путин: Рушењето на браната од страна на Украина е варварски чин https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/putin-rusheneto-na-branata-od-strana-na-ukraina-e-varvarski-chin/ Wed, 07 Jun 2023 16:15:53 +0000 https://republika.mk/?p=648923

Рускиот претседател Владимир Путин го осуди уривањето на браната Каховка во јужна Украина како варварски чин од страна на Киев, за време на телефонскиот разговор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„Варварскиот чин чија цел беше уништување на хидроцентралата Каховка во регионот Керсон доведе до голема еколошка и хуманитарна катастрофа“, рече Путин, според соопштението на Кремљ.

Секретарот на рускиот Совет за безбедност Николај Патрушев изјави дека САД, Велика Британија и нивните сојузници во НАТО мора да сносат одговорност за уништувањето на браната Каховка, пренесе агенцијата ТАСС. Тој рече дека земјите ги координираат активностите на Украина и затоа дале согласност за бомбардирањето. Вчера пукна брана, испуштајќи порои вода кои поплавија големи делови од јужниот дел на украинската област Керсон. И Украина и Русија меѓусебно се обвинуваат за уништување.

The post Путин: Рушењето на браната од страна на Украина е варварски чин appeared first on Република.

]]>

Рускиот претседател Владимир Путин го осуди уривањето на браната Каховка во јужна Украина како варварски чин од страна на Киев, за време на телефонскиот разговор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Варварскиот чин чија цел беше уништување на хидроцентралата Каховка во регионот Керсон доведе до голема еколошка и хуманитарна катастрофа“, рече Путин, според соопштението на Кремљ.
Секретарот на рускиот Совет за безбедност Николај Патрушев изјави дека САД, Велика Британија и нивните сојузници во НАТО мора да сносат одговорност за уништувањето на браната Каховка, пренесе агенцијата ТАСС. Тој рече дека земјите ги координираат активностите на Украина и затоа дале согласност за бомбардирањето. Вчера пукна брана, испуштајќи порои вода кои поплавија големи делови од јужниот дел на украинската област Керсон. И Украина и Русија меѓусебно се обвинуваат за уништување.

The post Путин: Рушењето на браната од страна на Украина е варварски чин appeared first on Република.

]]>
Украинците си наштетија себеси со уривањето на браната https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukraintsite-si-nashtetija-sebesi-so-urivaneto-na-branata/ Wed, 07 Jun 2023 11:21:52 +0000 https://republika.mk/?p=648813

Владимир Салдо, рускиот гувернер на Херсон назначен од Москва, тврди дека „Украинците си наштетиле себеси“ со уривањето на браната „Нова Каховка“ и на хидроелектраната на реката Днепар.

Киев и Москва меѓусебно се обвинуваат за уништување на браната. Сè уште не е 100 отсто сигурно што го предизвикало рушењето на браната, исто како што не е познато дали браната била намерно нападната или уривањето е резултат на структурни оштетувања.

Говорејќи на руската државна телевизија, Владимир Салдо тврди дека овој инцидент ќе биде од корист за руската војска.

Од воена гледна точка, оперативно-тактичката ситуација сега е во корист на нашите вооружени сили, вооружените сили на Руската Федерација. Тој додаде дека тоа е спротивно на ‘очекувањата дека уништувањето на браната ќе им даде одредена стратешка, па дури и оперативна предност на Вооружените сили на Украина (АФУ)’“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека Русија сноси кривична одговорност и дека украинските обвинители го истражуваат инцидентот со браната како случај на екоцид.

Салдо тврди дека според прелиминарните прогнози, меѓу 22.000 и 40.000 луѓе се наоѓаат во зоната на катастрофата. Тој додаде дека седум лица, кои можеби биле на островите низводно, се сметаат за исчезнати, но тоа ќе може да го потврди дури кога ќе имаат пристап до тие области.

The post Украинците си наштетија себеси со уривањето на браната appeared first on Република.

]]>

Владимир Салдо, рускиот гувернер на Херсон назначен од Москва, тврди дека „Украинците си наштетиле себеси“ со уривањето на браната „Нова Каховка“ и на хидроелектраната на реката Днепар. Киев и Москва меѓусебно се обвинуваат за уништување на браната. Сè уште не е 100 отсто сигурно што го предизвикало рушењето на браната, исто како што не е познато дали браната била намерно нападната или уривањето е резултат на структурни оштетувања. Говорејќи на руската државна телевизија, Владимир Салдо тврди дека овој инцидент ќе биде од корист за руската војска. Од воена гледна точка, оперативно-тактичката ситуација сега е во корист на нашите вооружени сили, вооружените сили на Руската Федерација. Тој додаде дека тоа е спротивно на ‘очекувањата дека уништувањето на браната ќе им даде одредена стратешка, па дури и оперативна предност на Вооружените сили на Украина (АФУ)’“. Украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека Русија сноси кривична одговорност и дека украинските обвинители го истражуваат инцидентот со браната како случај на екоцид. Салдо тврди дека според прелиминарните прогнози, меѓу 22.000 и 40.000 луѓе се наоѓаат во зоната на катастрофата. Тој додаде дека седум лица, кои можеби биле на островите низводно, се сметаат за исчезнати, но тоа ќе може да го потврди дури кога ќе имаат пристап до тие области.

The post Украинците си наштетија себеси со уривањето на браната appeared first on Република.

]]>
Пристигна првата реакција на Русија за уништувањето на браната во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pristigna-prvata-reaktsija-na-rusija-za-unishtuvaneto-na-branata-vo-ukraina/ Tue, 06 Jun 2023 11:54:15 +0000 https://republika.mk/?p=648443

Во првата реакција на уништувањето на браната Нова Каховка на реката Днепар, Кремљ, не изненадувачки, ја обвини Украина за саботажа. Да потсетиме, браната се наоѓаше во делот на Украина под руска контрола, а Кремљ тврди дека Украинците ја саботирале браната за да го одвлечат вниманието од наводно „пропаѓачката“ контраофанзива против руските сили, пренесува Ројтерс.

Дмитриј Песков, портпарол на Кремљ, изјави за новинарите:

„Можеме недвосмислено да кажеме дека зборуваме за намерна саботажа од украинска страна“. Тој исто така рече дека претседателот Владимир Путин бил информиран за ситуацијата.

Тој рече дека уништувањето на браната имало за цел да го лиши Крим контролиран од Русија од свежата вода што ја добива од резервоарите преку Северниот Кримски Канал и да го одвлече вниманието од контраофанзивата.

„Очигледно е дека оваа саботажа е поврзана и со фактот дека украинските вооружени сили, откако започнаа големи офанзивни акции пред два дена, сега не ги постигнуваат своите цели - овие офанзивни дејства потфрлаат.

Запрашан за украинските обвинувања дека Русија ја уништила браната, Песков рече:

„Можеме силно да го отфрлиме тоа. Официјално изјавуваме дека ова е дефинитивно намерна саботажа од украинската страна“.

Песков рече дека саботажата „потенцијално може да има многу сериозни последици за десетици илјади жители во регионот“.

The post Пристигна првата реакција на Русија за уништувањето на браната во Украина appeared first on Република.

]]>

Во првата реакција на уништувањето на браната Нова Каховка на реката Днепар, Кремљ, не изненадувачки, ја обвини Украина за саботажа. Да потсетиме, браната се наоѓаше во делот на Украина под руска контрола, а Кремљ тврди дека Украинците ја саботирале браната за да го одвлечат вниманието од наводно „пропаѓачката“ контраофанзива против руските сили, пренесува Ројтерс. Дмитриј Песков, портпарол на Кремљ, изјави за новинарите:
„Можеме недвосмислено да кажеме дека зборуваме за намерна саботажа од украинска страна“. Тој исто така рече дека претседателот Владимир Путин бил информиран за ситуацијата.
Тој рече дека уништувањето на браната имало за цел да го лиши Крим контролиран од Русија од свежата вода што ја добива од резервоарите преку Северниот Кримски Канал и да го одвлече вниманието од контраофанзивата.
„Очигледно е дека оваа саботажа е поврзана и со фактот дека украинските вооружени сили, откако започнаа големи офанзивни акции пред два дена, сега не ги постигнуваат своите цели - овие офанзивни дејства потфрлаат.
Запрашан за украинските обвинувања дека Русија ја уништила браната, Песков рече:
„Можеме силно да го отфрлиме тоа. Официјално изјавуваме дека ова е дефинитивно намерна саботажа од украинската страна“. Песков рече дека саботажата „потенцијално може да има многу сериозни последици за десетици илјади жители во регионот“.

The post Пристигна првата реакција на Русија за уништувањето на браната во Украина appeared first on Република.

]]>
Објавени снимки од уништената брана кај Херсон: Градот е под вода, започната евакуација https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/objaveni-snimki-od-unishtenata-brana-kaj-herson-gradot-e-pod-voda-zapochnata-evakuatsija/ Tue, 06 Jun 2023 07:29:50 +0000 https://republika.mk/?p=648256

Во ноќниот напад во областа Херсон, уништена е ХЕЦ Каховка, а оштетена е и клучната брана на реката Днепар, а водата, според тврдењата на Украинците, веќе почнала да ги поплавува населените места.

Украинските власти денеска прогласија тревога и го повикаа цивилното население да се евакуира од потенцијално поплавените зони на десниот брег на реката Днепар, поради уништување на дел од браната Нова Каховка, пишува Гардијан.

Жителите на неколку села во таканаречената „опасна зона“, како и на делови од градот Херсон, на островот Корабел, се пвикани да ги исклучат сите електрични уреди, да ги земат само најпотребните работи и да ги следат упатствата на властите.

The post Објавени снимки од уништената брана кај Херсон: Градот е под вода, започната евакуација appeared first on Република.

]]>

Во ноќниот напад во областа Херсон, уништена е ХЕЦ Каховка, а оштетена е и клучната брана на реката Днепар, а водата, според тврдењата на Украинците, веќе почнала да ги поплавува населените места. Украинските власти денеска прогласија тревога и го повикаа цивилното население да се евакуира од потенцијално поплавените зони на десниот брег на реката Днепар, поради уништување на дел од браната Нова Каховка, пишува Гардијан. Жителите на неколку села во таканаречената „опасна зона“, како и на делови од градот Херсон, на островот Корабел, се пвикани да ги исклучат сите електрични уреди, да ги земат само најпотребните работи и да ги следат упатствата на властите.

The post Објавени снимки од уништената брана кај Херсон: Градот е под вода, започната евакуација appeared first on Република.

]]>
Крената во воздух браната Какховка, во јужна Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/krenata-vo-vozduh-branata-kakhovka-vo-juzhna-ukraina/ Tue, 06 Jun 2023 06:38:03 +0000 https://republika.mk/?p=648233

Масивната брана Какховка, од времето на Советскиот Сојуз, што се наоѓа во јужна Украина, а којa е под контрола на Русија, вчера беше крената во воздух, поплавувајќи ги околните области, јавија британските медиуми, повикувајќи се на извори од двете страни.

Непотврдени видеа на социјалните мрежи покажуваат серија интензивни експлозии околу браната Какховка. Друго видео покажува како вода протекува низ остатоците од браната.

Браната висока 30 метри и долга 3,2 километри е изградена во 1956 година на реката Дњепар, како дел од хидроцентралата Какховка.

Содржи резервоар што го снабдува со вода полуостровот Крим, што Русија го анектираше во 2014 година, но и нуклеарната централа Запорожје, што, исто така, е под руска контрола.

Украинската војска соопшти дека руските сили ја урнале браната.

Сè уште нема „критична опасност“ за нуклеарната централа Запорожје поради уривањето на браната Какховка, соопшти синоќа руската агенција Тасс, цитирајќи официјален претставник во регионот Запорожје, кој е поддржан од Москва.

The post Крената во воздух браната Какховка, во јужна Украина appeared first on Република.

]]>

Масивната брана Какховка, од времето на Советскиот Сојуз, што се наоѓа во јужна Украина, а којa е под контрола на Русија, вчера беше крената во воздух, поплавувајќи ги околните области, јавија британските медиуми, повикувајќи се на извори од двете страни. Непотврдени видеа на социјалните мрежи покажуваат серија интензивни експлозии околу браната Какховка. Друго видео покажува како вода протекува низ остатоците од браната. Браната висока 30 метри и долга 3,2 километри е изградена во 1956 година на реката Дњепар, како дел од хидроцентралата Какховка. Содржи резервоар што го снабдува со вода полуостровот Крим, што Русија го анектираше во 2014 година, но и нуклеарната централа Запорожје, што, исто така, е под руска контрола. Украинската војска соопшти дека руските сили ја урнале браната. Сè уште нема „критична опасност“ за нуклеарната централа Запорожје поради уривањето на браната Какховка, соопшти синоќа руската агенција Тасс, цитирајќи официјален претставник во регионот Запорожје, кој е поддржан од Москва.

The post Крената во воздух браната Какховка, во јужна Украина appeared first on Република.

]]>
Бочварски гради брана на Отиња, а дури по изградбата ќе мисли од каде ќе ја полни со вода https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bochvarski-gradi-brana-na-otinja-a-duri-po-izgradbata-kje-misli-od-kade-kje-ja-polni-so-voda/ Sun, 26 Jun 2022 11:36:56 +0000 https://republika.mk/?p=519847

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, соопшти дека се гради брана за која дури по нејзиното завршување ќе се бара начин како таа брана да биде наполнета со вода.

Кога ќе се изгради брана на рeка Отиња, ќе се разгледа од каде ќе се полни истата - изјави Бочварски.

На таквата најава на Бочварски реагира Виктор Донски, кој вели дека браната на реката Отиња ќе биде еден од најпромашените проекти во историјата на Македонија.

Како што вели Донски, никаде во светот не се гради брана таму каде што нрема доволно вода.

Донски вели дека овој проект датира од пред десетици години, кога реката Отиња имала многу поголем водотек, нешто што не е случај денес.

https://www.youtube.com/watch?list=TLGGNgi2WtOTKA4yNjA2MjAyMg&time_continue=4&v=bSzUNOTrQ58&feature=emb_title

The post Бочварски гради брана на Отиња, а дури по изградбата ќе мисли од каде ќе ја полни со вода appeared first on Република.

]]>

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, соопшти дека се гради брана за која дури по нејзиното завршување ќе се бара начин како таа брана да биде наполнета со вода.
Кога ќе се изгради брана на рeка Отиња, ќе се разгледа од каде ќе се полни истата - изјави Бочварски.
На таквата најава на Бочварски реагира Виктор Донски, кој вели дека браната на реката Отиња ќе биде еден од најпромашените проекти во историјата на Македонија. Како што вели Донски, никаде во светот не се гради брана таму каде што нрема доволно вода. Донски вели дека овој проект датира од пред десетици години, кога реката Отиња имала многу поголем водотек, нешто што не е случај денес. https://www.youtube.com/watch?list=TLGGNgi2WtOTKA4yNjA2MjAyMg&time_continue=4&v=bSzUNOTrQ58&feature=emb_title

The post Бочварски гради брана на Отиња, а дури по изградбата ќе мисли од каде ќе ја полни со вода appeared first on Република.

]]>