брако Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/brako/ За подобро да се разбереме Sun, 20 Aug 2023 09:58:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png брако Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/brako/ 32 32 АВМУ со осуда на навредите и дисквалификациите од страна на компанијата „Брако“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/avmu-so-osuda-na-navredite-i-diskvalifikatsiite-od-strana-na-kompanijata-brako/ Sun, 20 Aug 2023 09:58:40 +0000 https://republika.mk/?p=673850

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро ги осудува изнесените навреди и дисквалификации од страна на компанијата ,„Брако”, упатени кон новинарите на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) во врска со документарниот филм „Убиство во Тетово“.

Истражувачкото новинарство е клучно во остварувањето на улогата на медиумите поради што новинарите не смеат да бидат навредувани и јавно дискредитирани при отворањето и анализирањето прашања кои се од висок интерес. Напротив, медиумските работници треба да бидат поттикнувани и охрабрувани во вршењето на својата работа и информирањето на јавноста.

Доколку некоја засегната страна смета дека објавените информации не се точни или дека не се целосни треба да го искористи законско загарантираното право на одговор и исправка, односно демант. Воедно, за евентуалното непочитување на принципите и стандардите утврдени во новинарските кодекси можат да се искористат механизмите кои ги имаат воспоставено саморегулаторните тела, соопштуваат од АВМУ.

The post АВМУ со осуда на навредите и дисквалификациите од страна на компанијата „Брако“ appeared first on Република.

]]>

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро ги осудува изнесените навреди и дисквалификации од страна на компанијата ,„Брако”, упатени кон новинарите на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) во врска со документарниот филм „Убиство во Тетово“. Истражувачкото новинарство е клучно во остварувањето на улогата на медиумите поради што новинарите не смеат да бидат навредувани и јавно дискредитирани при отворањето и анализирањето прашања кои се од висок интерес. Напротив, медиумските работници треба да бидат поттикнувани и охрабрувани во вршењето на својата работа и информирањето на јавноста. Доколку некоја засегната страна смета дека објавените информации не се точни или дека не се целосни треба да го искористи законско загарантираното право на одговор и исправка, односно демант. Воедно, за евентуалното непочитување на принципите и стандардите утврдени во новинарските кодекси можат да се искористат механизмите кои ги имаат воспоставено саморегулаторните тела, соопштуваат од АВМУ.

The post АВМУ со осуда на навредите и дисквалификациите од страна на компанијата „Брако“ appeared first on Република.

]]>
„Брако“ се јави на повикот на конзорциумот „Бехтел и Енка“ за изградба на камп во близина на Гостивар https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/brako-se-javi-na-povikot-na-konzortsiumot-behtel-i-enka-za-izgradba-na-kamp-vo-blizina-na-gostivar/ Mon, 14 Aug 2023 08:20:02 +0000 https://republika.mk/?p=671865

Велешката фабрика „Брако“ се јави на повикот на конзорциумот „Бехтел и Енка“ за изградба на камп во близина на Гостивар за сместување на повеќе од илјада работници кои ќе го градат автопатот 10.

„Брако“ даде понуда за набавка на 104 објекти од монтажен, префабрикуван и контејнерски модуларен систем за групно домување, работни простории и други објекти за потребите на работниот камп, кој ќе се протега на површина од над 300.000 метри квадратни, како и за сите потребни елементи: греење, ладење, опрема и мебел, противпожарен алармен систем, ИТ систем, внатрешни инсталации, водовод, канализација, електро инсталации и опрема, системи на вентилација итн., како и транспорт на добрата до локација.

Од „Брако“ сметаат дека македонски компании и македонски работници треба да добијат најголем дел од работите при изградбата на автопатот 10, како што Владата му вети на македонското стопанство, и наведуваат дека како домашна фирма ќе се борат да ја добијат работата.

Од компанијата сметаат дека Македонија има капацитет да одговори на секој проект и дека македонските фирми не треба да бидат во втор план, зад странските.

Пред три години „Брако“ ги обезбеди префабрикуваните контејнерски системи за здравствените објекти во ковид кризата, т.н. модуларни болници кои државата итно ги побаруваше, а потоа изгради и нови современи амбуланти во Скопје кои ги заменија старите дрвени бараки поставени пред 60 години.

„Брако“ вчера соопшти и дека е регистриран од НАТО за нивен потенцијален снабдувач и дека ќе се обиде да ѝ продаде македонски производи на Алијансата.

The post „Брако“ се јави на повикот на конзорциумот „Бехтел и Енка“ за изградба на камп во близина на Гостивар appeared first on Република.

]]>

Велешката фабрика „Брако“ се јави на повикот на конзорциумот „Бехтел и Енка“ за изградба на камп во близина на Гостивар за сместување на повеќе од илјада работници кои ќе го градат автопатот 10. „Брако“ даде понуда за набавка на 104 објекти од монтажен, префабрикуван и контејнерски модуларен систем за групно домување, работни простории и други објекти за потребите на работниот камп, кој ќе се протега на површина од над 300.000 метри квадратни, како и за сите потребни елементи: греење, ладење, опрема и мебел, противпожарен алармен систем, ИТ систем, внатрешни инсталации, водовод, канализација, електро инсталации и опрема, системи на вентилација итн., како и транспорт на добрата до локација. Од „Брако“ сметаат дека македонски компании и македонски работници треба да добијат најголем дел од работите при изградбата на автопатот 10, како што Владата му вети на македонското стопанство, и наведуваат дека како домашна фирма ќе се борат да ја добијат работата.
Од компанијата сметаат дека Македонија има капацитет да одговори на секој проект и дека македонските фирми не треба да бидат во втор план, зад странските. Пред три години „Брако“ ги обезбеди префабрикуваните контејнерски системи за здравствените објекти во ковид кризата, т.н. модуларни болници кои државата итно ги побаруваше, а потоа изгради и нови современи амбуланти во Скопје кои ги заменија старите дрвени бараки поставени пред 60 години. „Брако“ вчера соопшти и дека е регистриран од НАТО за нивен потенцијален снабдувач и дека ќе се обиде да ѝ продаде македонски производи на Алијансата.

The post „Брако“ се јави на повикот на конзорциумот „Бехтел и Енка“ за изградба на камп во близина на Гостивар appeared first on Република.

]]>