Божо вреќо Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bozo-vrekjo/ За подобро да се разбереме Thu, 16 Feb 2023 07:55:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Божо вреќо Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bozo-vrekjo/ 32 32 Концерт на Божо Вреќо и Васил Хаџиманов вечерва во Филхармонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kontsert-na-bozho-vreko-i-vasil-hadhimanov-vecherva-vo-filharmonija/ Thu, 16 Feb 2023 07:55:49 +0000 https://republika.mk/?p=609542

Оркестарот на Филхармонијата денеска ќе го одржи традиционалниот концерт по повод Денот на вљубените. Концертот е насловен „Севда“, а како солисти ќе настапат Божо Вреќо, босанскиот „принц на севдахот“ како што го нарекува светската критика и српскиот пијанист Васил Хаџиманов, миленик на македонската публика, уметник кој го спојува џезот со традиција на балканското поднебје, соопштија од Филхармонијата.

На програмата се љубовни песни од Балканот, испеани од Тома Здравковиќ, Јадранка Стојаковиќ, Нина Спирова, Александар Сариевски, Шабан Бајрамовиќ, аранжирани за симфониски оркестар од Дијана Имери Илкоска, која, воедно ќе застане зад пултот и ќе го води оркестарот на Филхармонија низ ова несекојдневно музичко патување.

Божо Вреќо е босански пејач кој ги „оживеа“ севдалинките и ги однесе во сосема нов правец со специфичноста на својот глас. Неговите изведби се длабоки и емотивни, и самиот за себе вели дека е „човек кој животот го сфаќа на лирски, музички начин“. Во неговиот музички свет чувствата се многу посилни од разумот. Светските медиуми го нарекуваат „икона на слободата, ангелски глас што ги гали душите и ги отвора срцата“. Од гласот на Божо Вреќо извираат длабоките емоции со кои секој може да се идентификува. Тој пее за љубовта, копнежот и разделбата, за тагата, меланхолијата и осаменоста. Секој отпеан стих е како исповед и препознавање на љубовта.

Васил Хаџиманов е џез пијанист, композитор и аранжер од Србија со македонски корени, роден во Белград на 23 јуни 1973 година. Тој е син на познатите Зафир Хаџиманов и Сенка Велетанлиќ. Истраен, сеприсутен, со бескрајна енергија и музикалност, Васил е алката која го поврзува српскиот џез со крајот на 20 и почетокот на 21 век. Тој е личност која во себе носи гени на бројни интерпретатори, чувари и носители на музичката традиција на Балканот.

Дијана Имери Илкоска е една од најнадежните македонски диригенти. Своето образование го стекнува на Факултетот за музичка уметност – Скопје каде дипломира во класата на проф. Саша Николовски-Ѓумар, а магистрира во класата на проф. Борјан Цанев. Уште во студентските денови, интензивно работи како асистент на маестро Ѓумар со Симфонискиот оркестар на ФМУ, а бележи настапи на повеќе престижни подиуми меѓу кои и фестивалите Охридско и Скопско Лето со Камерниот оркестар на Музичка младина на Македонија. Нејзиниот настап беше проследен од легендарниот композитор Кшиштоф Пендерецки кој упати бројни пофалби за младата диригентка. Во 2020 г. остварува соработка со светски познатиот диригент – Маестро Урош Лајовиц (Словенија/Австрија) кој за нејзе ќе каже: „Дијана Имери Илкоска е исклучителен талент и диригент кој може да ги оствари сите свои диригентски желби и да направи убедливи креации.“

 

The post Концерт на Божо Вреќо и Васил Хаџиманов вечерва во Филхармонија appeared first on Република.

]]>

Оркестарот на Филхармонијата денеска ќе го одржи традиционалниот концерт по повод Денот на вљубените. Концертот е насловен „Севда“, а како солисти ќе настапат Божо Вреќо, босанскиот „принц на севдахот“ како што го нарекува светската критика и српскиот пијанист Васил Хаџиманов, миленик на македонската публика, уметник кој го спојува џезот со традиција на балканското поднебје, соопштија од Филхармонијата. На програмата се љубовни песни од Балканот, испеани од Тома Здравковиќ, Јадранка Стојаковиќ, Нина Спирова, Александар Сариевски, Шабан Бајрамовиќ, аранжирани за симфониски оркестар од Дијана Имери Илкоска, која, воедно ќе застане зад пултот и ќе го води оркестарот на Филхармонија низ ова несекојдневно музичко патување. Божо Вреќо е босански пејач кој ги „оживеа“ севдалинките и ги однесе во сосема нов правец со специфичноста на својот глас. Неговите изведби се длабоки и емотивни, и самиот за себе вели дека е „човек кој животот го сфаќа на лирски, музички начин“. Во неговиот музички свет чувствата се многу посилни од разумот. Светските медиуми го нарекуваат „икона на слободата, ангелски глас што ги гали душите и ги отвора срцата“. Од гласот на Божо Вреќо извираат длабоките емоции со кои секој може да се идентификува. Тој пее за љубовта, копнежот и разделбата, за тагата, меланхолијата и осаменоста. Секој отпеан стих е како исповед и препознавање на љубовта. Васил Хаџиманов е џез пијанист, композитор и аранжер од Србија со македонски корени, роден во Белград на 23 јуни 1973 година. Тој е син на познатите Зафир Хаџиманов и Сенка Велетанлиќ. Истраен, сеприсутен, со бескрајна енергија и музикалност, Васил е алката која го поврзува српскиот џез со крајот на 20 и почетокот на 21 век. Тој е личност која во себе носи гени на бројни интерпретатори, чувари и носители на музичката традиција на Балканот. Дијана Имери Илкоска е една од најнадежните македонски диригенти. Своето образование го стекнува на Факултетот за музичка уметност – Скопје каде дипломира во класата на проф. Саша Николовски-Ѓумар, а магистрира во класата на проф. Борјан Цанев. Уште во студентските денови, интензивно работи како асистент на маестро Ѓумар со Симфонискиот оркестар на ФМУ, а бележи настапи на повеќе престижни подиуми меѓу кои и фестивалите Охридско и Скопско Лето со Камерниот оркестар на Музичка младина на Македонија. Нејзиниот настап беше проследен од легендарниот композитор Кшиштоф Пендерецки кој упати бројни пофалби за младата диригентка. Во 2020 г. остварува соработка со светски познатиот диригент – Маестро Урош Лајовиц (Словенија/Австрија) кој за нејзе ќе каже: „Дијана Имери Илкоска е исклучителен талент и диригент кој може да ги оствари сите свои диригентски желби и да направи убедливи креации.“  

The post Концерт на Божо Вреќо и Васил Хаџиманов вечерва во Филхармонија appeared first on Република.

]]>
„Севда“ со Божо Вреќо и Васил Хаџиманов во Филхармонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/sevda-so-bozho-vreko-i-vasil-hadhimanov-vo-filharmonija/ Wed, 15 Feb 2023 08:20:39 +0000 https://republika.mk/?p=605796

„Севда“ е насловен концертот за Денот на вљубените во Филхармонија што ќе се одржи на 16 февруари во 20 часот.  Концертот кој традиционално се одржува по повод денот на вљубените,  годинава е во сосема ново руво.

Ќе прозвучат најубавите балкански рефрени од љубовен карактер испеани од бисерните грла на Тома Здравковиќ, Јадранка Стојаковиќ, Нина Спирова, Сафет Исовиќ, Александар Сариевски, Даворин Поповиќ, Шабан Бајрамовиќ и многу други, но во современ симфониски звук маестрално исткаен преку аранжманите на нашата реномирана Маестра Дијана Имери Илкоска.

За да биде целосна оваа магична вечер ќе  помогне човекот со ангелски глас, босанската ѕвезда  – Божо Вреќо, а како солист на пијано ќе го слушнеме српскиот пијанст Васил Хаџиманов. Овој уникатен спој на различни, но богати музички креатори ветува едно незаборавно љубовно доживување кое ќе се случи во големата сала на Филхармонија.

The post „Севда“ со Божо Вреќо и Васил Хаџиманов во Филхармонија appeared first on Република.

]]>

„Севда“ е насловен концертот за Денот на вљубените во Филхармонија што ќе се одржи на 16 февруари во 20 часот.  Концертот кој традиционално се одржува по повод денот на вљубените,  годинава е во сосема ново руво. Ќе прозвучат најубавите балкански рефрени од љубовен карактер испеани од бисерните грла на Тома Здравковиќ, Јадранка Стојаковиќ, Нина Спирова, Сафет Исовиќ, Александар Сариевски, Даворин Поповиќ, Шабан Бајрамовиќ и многу други, но во современ симфониски звук маестрално исткаен преку аранжманите на нашата реномирана Маестра Дијана Имери Илкоска. За да биде целосна оваа магична вечер ќе  помогне човекот со ангелски глас, босанската ѕвезда  – Божо Вреќо, а како солист на пијано ќе го слушнеме српскиот пијанст Васил Хаџиманов. Овој уникатен спој на различни, но богати музички креатори ветува едно незаборавно љубовно доживување кое ќе се случи во големата сала на Филхармонија.

The post „Севда“ со Божо Вреќо и Васил Хаџиманов во Филхармонија appeared first on Република.

]]>
Oткажан концертот на Божо Вреќо https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/otkazan-koncertot-na-bozo-vrekjo/ Fri, 28 Oct 2022 09:15:14 +0000 https://republika.mk/?p=566727

Компанијата „Чујте и почујте“ ја известува публиката дека концертот на БожоВреќо, кој требаше да се одржи на 1 ноември 2022 година во Филхармонијата во Скопје, е откажан поради технички причини.

Организаторот изразува жалење за откажувањето на настанот и ги повикува сите кои веќе купиле билет да се обратат до продажното место каде што ќе им биде вратена сумата. Наскоро ќе има информации за новиот датум.

 

The post Oткажан концертот на Божо Вреќо appeared first on Република.

]]>

Компанијата „Чујте и почујте“ ја известува публиката дека концертот на БожоВреќо, кој требаше да се одржи на 1 ноември 2022 година во Филхармонијата во Скопје, е откажан поради технички причини. Организаторот изразува жалење за откажувањето на настанот и ги повикува сите кои веќе купиле билет да се обратат до продажното место каде што ќе им биде вратена сумата. Наскоро ќе има информации за новиот датум.  

The post Oткажан концертот на Божо Вреќо appeared first on Република.

]]>