Божикна честитка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bozikna-chestitka/ За подобро да се разбереме Mon, 25 Dec 2023 14:06:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Божикна честитка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bozikna-chestitka/ 32 32 Вилијам и Кејт го честитаа Божиќ со нова фотографија од нивните деца https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/vilijam-i-kejt-go-chestitaa-bozhik-so-nova-fotografija-od-nivnite-detsa/ Mon, 25 Dec 2023 15:15:02 +0000 https://republika.mk/?p=726545

Принцот Вилијам и неговата сопруга, принцезата Кејт Мидлтон, на своите фанови и на англиската јавност им го честитаа Божиќ со свежи фотографии од нивните деца, принцот Луис, принцезата Шарлот и принцот Џорџ.

На новата црно-бела фотографија се гледаат три деца како седат на столчиња. Тие се гушкаат и имаат насмевки на нивните лица. Триото е соодветно облечено, во бели кошули и црни панталони.

На сите им посакуваме среќен Божиќ, од нашето семејство до вашето“, напишаа со фотографијата на социјалните мрежи.

Воодушевените коментатори им честитаат, а сите се фалат колку е „многу симпатична“ фотографијата и дека „децата се прекрасни“.

За потсетување, кралското семејство традиционално со семејна фотографија им го честита Божиќ на граѓаните. Последната ги прикажува трите кралски деца, кои изгледаат опуштено и возбудено да го прослават Божиќ со своето семејство и оваа година.

Снимен од Џош Шинер, новиот кралски портрет доаѓа само неколку часа откако семејството беше видено на божиќниот концерт на принцезата Кејт во Вестминстерската опатија во Лондон, каде Кејт се појави во елегантен бел ансамбл, Шарлот во црвен фустан, додека принцот Вилијам и Луис и Џорџ беа облечени во класични костуми.

 

The post Вилијам и Кејт го честитаа Божиќ со нова фотографија од нивните деца appeared first on Република.

]]>

Принцот Вилијам и неговата сопруга, принцезата Кејт Мидлтон, на своите фанови и на англиската јавност им го честитаа Божиќ со свежи фотографии од нивните деца, принцот Луис, принцезата Шарлот и принцот Џорџ. На новата црно-бела фотографија се гледаат три деца како седат на столчиња. Тие се гушкаат и имаат насмевки на нивните лица. Триото е соодветно облечено, во бели кошули и црни панталони.
На сите им посакуваме среќен Божиќ, од нашето семејство до вашето“, напишаа со фотографијата на социјалните мрежи.
Воодушевените коментатори им честитаат, а сите се фалат колку е „многу симпатична“ фотографијата и дека „децата се прекрасни“. За потсетување, кралското семејство традиционално со семејна фотографија им го честита Божиќ на граѓаните. Последната ги прикажува трите кралски деца, кои изгледаат опуштено и возбудено да го прослават Божиќ со своето семејство и оваа година. Снимен од Џош Шинер, новиот кралски портрет доаѓа само неколку часа откако семејството беше видено на божиќниот концерт на принцезата Кејт во Вестминстерската опатија во Лондон, каде Кејт се појави во елегантен бел ансамбл, Шарлот во црвен фустан, додека принцот Вилијам и Луис и Џорџ беа облечени во класични костуми.  

The post Вилијам и Кејт го честитаа Божиќ со нова фотографија од нивните деца appeared first on Република.

]]>
Вилијам и Кејт ја објавија божиќната честитка https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/vilijam-i-kejt-ja-objavija-bozhiknata-chestitka/ Mon, 11 Dec 2023 14:03:52 +0000 https://republika.mk/?p=721809

Принцот Вилијам и принцезата Кејт Мидлтон ја споделија годинашната фотографија за нивната божиќна честитка.

На избраната фотографија, принцот и принцезата од Велс позираат со нивните три деца – десетгодишниот принц Џорџ, осумгодишната принцеза Шарлот и петгодишниот принц Луис. Што се однесува до модните комбинации, сите се облечени во бели кошули, принцезите се облечени во фармерки, а принцовите во црни панталони.

Фотографијата е дело на ценетиот британски фотограф Џош Шајнер.

 

The post Вилијам и Кејт ја објавија божиќната честитка appeared first on Република.

]]>

Принцот Вилијам и принцезата Кејт Мидлтон ја споделија годинашната фотографија за нивната божиќна честитка. На избраната фотографија, принцот и принцезата од Велс позираат со нивните три деца – десетгодишниот принц Џорџ, осумгодишната принцеза Шарлот и петгодишниот принц Луис. Што се однесува до модните комбинации, сите се облечени во бели кошули, принцезите се облечени во фармерки, а принцовите во црни панталони. Фотографијата е дело на ценетиот британски фотограф Џош Шајнер.  

The post Вилијам и Кејт ја објавија божиќната честитка appeared first on Република.

]]>
Маричиќ: Овие денови нека бидат поттик да се однесуваме одговорно за доброто на сегашните и идните генерации https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/marichik-ovie-denovi-neka-bidat-pottik-da-se-odnesuvame-odgovorno-za-dobroto-na-segashnite-i-idnite-generatsii/ Sat, 07 Jan 2023 09:18:17 +0000 https://republika.mk/?p=594361

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ упати честитка до граѓаните од православна вероисповед по повод Божиќ.

Денот на љубовта, на раѓањето, на заедништво и простувањето поминете го со вашите најблиски во радост, здравје, мир, хармонија и добро расположение. Во Христовото раѓање да го пронајдеме најсилниот мотив и поддршка во нашите напори да сме подобри, поправедни, посолидарни и похумани и со меѓусебно почитување, разбирање и заедничка посветеност да ги направиме нашите разлики нови можности за напредок и развој на македонското општество. Овие свети денови нека бидат поттик за да се однесуваме одлучно и одговорно за доброто на сегашните и идните генерации и да продолжиме да создаваме услови за уште подобра и попросперитетна иднина за сите наши граѓани и нашата држава. Честит Божиќ, бидете здрави и живи, наведува Маричиќ во честитката.

The post Маричиќ: Овие денови нека бидат поттик да се однесуваме одговорно за доброто на сегашните и идните генерации appeared first on Република.

]]>

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ упати честитка до граѓаните од православна вероисповед по повод Божиќ.
Денот на љубовта, на раѓањето, на заедништво и простувањето поминете го со вашите најблиски во радост, здравје, мир, хармонија и добро расположение. Во Христовото раѓање да го пронајдеме најсилниот мотив и поддршка во нашите напори да сме подобри, поправедни, посолидарни и похумани и со меѓусебно почитување, разбирање и заедничка посветеност да ги направиме нашите разлики нови можности за напредок и развој на македонското општество. Овие свети денови нека бидат поттик за да се однесуваме одлучно и одговорно за доброто на сегашните и идните генерации и да продолжиме да создаваме услови за уште подобра и попросперитетна иднина за сите наши граѓани и нашата држава. Честит Божиќ, бидете здрави и живи, наведува Маричиќ во честитката.

The post Маричиќ: Овие денови нека бидат поттик да се однесуваме одговорно за доброто на сегашните и идните генерации appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Со добра мисла и добри дела може да одиме напред https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-so-dobra-misla-i-dobri-dela-mozhe-da-odime-napred/ Sat, 07 Jan 2023 08:28:37 +0000 https://republika.mk/?p=594337

Премиерот Димитар Ковачевски, во име на Владата и во свое лично име, упати честитка за Божиќ до поглаварот на Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија, Архиепископ Охридски и Македонски, г.г. Стефан, како и до сите православни верници кои го празнуваат Христовото раѓање - Божиќ, еден од најголемите христијански празници.

Во духот на денешниот празник да се потсетиме на неговата симболика-да сакаме, да почитуваме, да простуваме, да помагаме и да подаваме рака на оние на кои им е потребна помош. Само со добрина во нашите срца и желбата за сплотеност ќе можеме да ги победиме разните искушенија пред кои сме исправени“, порача Ковачевски во честитката.

Премиерот потсети на значењето на Божиќ, кој, како што вели, „е празник кој обединува, кој сплотува и кој значи безусловна љубов“. „Како што празникот сите нè обединува во семејниот дом, така нека нè обедини и во сите други сфери на живеењето. Да се радуваме на денешниот ден, да ја славиме веста за Христовото раѓање, со љубов и топлина во нашите срца. Со добра мисла и добри дела можеме да одиме напред и да создаваме подобро утре за сите нас.

Нека денешниот ден, Божиќ-симболот на радоста, надежта, сплотеноста и заедништвото биде наша водилка во годината што почнува.

Христос се роди! Честит Божиќ!” вели Ковачевски во честитката упатена до поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан.

The post Ковачевски: Со добра мисла и добри дела може да одиме напред appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски, во име на Владата и во свое лично име, упати честитка за Божиќ до поглаварот на Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија, Архиепископ Охридски и Македонски, г.г. Стефан, како и до сите православни верници кои го празнуваат Христовото раѓање - Божиќ, еден од најголемите христијански празници.
Во духот на денешниот празник да се потсетиме на неговата симболика-да сакаме, да почитуваме, да простуваме, да помагаме и да подаваме рака на оние на кои им е потребна помош. Само со добрина во нашите срца и желбата за сплотеност ќе можеме да ги победиме разните искушенија пред кои сме исправени“, порача Ковачевски во честитката. Премиерот потсети на значењето на Божиќ, кој, како што вели, „е празник кој обединува, кој сплотува и кој значи безусловна љубов“. „Како што празникот сите нè обединува во семејниот дом, така нека нè обедини и во сите други сфери на живеењето. Да се радуваме на денешниот ден, да ја славиме веста за Христовото раѓање, со љубов и топлина во нашите срца. Со добра мисла и добри дела можеме да одиме напред и да создаваме подобро утре за сите нас. Нека денешниот ден, Божиќ-симболот на радоста, надежта, сплотеноста и заедништвото биде наша водилка во годината што почнува. Христос се роди! Честит Божиќ!” вели Ковачевски во честитката упатена до поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан.

The post Ковачевски: Со добра мисла и добри дела може да одиме напред appeared first on Република.

]]>
Со грижа и посветеност да ги сакаме и да ги почитуваме татковината, историјата, културата, јазикот и сета оставнина од нашите предци https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/so-grizha-i-posvetenost-da-gi-sakame-i-da-gi-pochituvame-tatkovinata-istorijata-kulturata-jazikot-i-seta-ostavnina-od-nashite-predtsi/ Sat, 07 Jan 2023 08:17:58 +0000 https://republika.mk/?p=594333

Православните христијани во земјава денеска го слават Рождеството Христово – Божик. Во сите храмови на Македонската православна црква-Охридска архиепископија изутринава се одржуваат божикни литургии.

Централното одбележување е во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, каде архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан ќе богослужи Литургија на Св. Василиј Велики.

Вселенскиот патријарх Вартоломеј кон крајот на декември првпат во историјата божиќното посланието го објави и на македонски јазик, откако на 9 мај лани Светиот синод на Вселенската Патријаршија, возглавен од патријархот Вартоломеј одлучи да ја отстрани повеќедецениската шизма наложена врз нашата древна Охридска Архиепископија, возобновена во лицето на МПЦ, признавајќи ја црковната јерархија предводена од архиепископот Стефан за канонска и валидна во сеправославниот свет и воспоставувајќи канонско и литургиско општење со неа.

Патријаршијата, при тоа, остави Српската православна црква да ги уреди управните прашања што ги има помеѓу неа и МПЦ-ОА во рамките на светоканонскиот чин и црковното предание. Со ваквата одлука МПЦ-ОА се врати во канонско единство со другите православни помесни цркви и беше призната како канонска црква, со што по 55 години му се даде можност на македонското свештенство да има заеднички богослужби со другите православни цркви. Една недела по ваквата одлука на вселенскиот патријарх, Синодот на СПЦ соопшти дека го прифаќа статусот на најширока можна автономија на МПЦ, односно целосна внатрешна независност, која и беше доделена уште во 1959 година.

Во јуни минатата година во Соборниот храм на Вселенската Патријаршија „Св. Георгиј Победоносец“ во Истанбул вселенскиот патријарх Вартоломеј и архиепископот охридски и македонски Стефан ја одржаа прва заедничка Патријаршиска и синодална света литургија по приемот на МПЦ-ОА во богослужбено и канонско единство единство со останатите православни цркви.

По повод Божик, архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан заедно со Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, до свештенослужителите, монаштвото и до сите верници, упатија Божикно послание во кое им пожелуваат мир и благослов од Бога, поздравувајќи ги со величествениот торжествен поздрав – Христос се роди! во кое се вели:

Возљубени чеда во Господа,

Божик, празникот на Христовото рождество, е ден на небоземна радост: Дева Го раѓа Христа – Сонцето на правдата; во витлеемската пештера се сместува Несместливиот; мудреците Го даруваат со скапоцени дарови Оној што ни го дари најскапоцениот дар – нашето спасение; ѕвездата Го озарува Оној што ги создаде сите небески светила, а пастирите се поклонуваат пред Оној што нè изведе од ропството на смртта и нè возведе на новото небо и новата земја, отворајќи ни го Своето Царство. Затоа, на овој ден, ликуваат сите и Го славословат Богомладенецот, „Кој заради нас луѓето и заради нашето спасение слезе од небесата и се воплоти од Светиот Дух и Марија Дева, и стана човек“.

Спасоносниот настан од таа неповторлива витлеемска ноќ е исполнување на времетo коешто се навестуваше од искони, на времето во кое историјата стана сегашност, а очекувањата – стварност. Ова ново време го оживотвори вековниот копнеж на старозаветните праведници и пророци; ова време го засени Законот, а ја возвиши благодатта; го запечати Стариот Завет, но го обзнани Новиот – Заветот на обновената љубов меѓу Бога и човечкиот род.

Со Христовото рождество сè е исполнето со радост и веселие: и ангелите и луѓето, и небото и земјата, зашто Бог стана човек, зеде обличје на слуга и се изедначи со луѓето4, за да ги воздигне кон Себе и за да ги направи учесници во Неговата слава.

Затоа, Божик е празник на радоста, празник на утехата и празник на благодарноста: Синот Божји стана Син човечки, за да го издигне човекот, кој беше потонат во своето себељубие, дарувајќи му ги бескрајните височини на Својата љубов во Царството небесно.

Возљубени чеда во Христа Спасителот,

Богослужбените песнопенија од овој велелепен празник, таинствено нè водат до малото и тогаш непознато гратче Витлеем, покрај тамошната пештера – местото на Христовото рождество; па така – восхитувајќи се на чудото и славејќи Го смирениот Богомладенец – ја чувствуваме Божјата неизмерна љубов кон човештвото и кон сето создание. Затоа, Христовото рождество претставува најголема потврда на Божјата љубов, тоа е начело на еден нов и обновен живот во Христа новородениот и почеток на нашето спасение.

На овој торжествен празник, силно одекнуваат ангелските восклици: Слава на Бога во висините, а на земјата мир и меѓу луѓето добра волја!5. Овој ангелски воспев постојано нè поттикнува на славословие кон Бога и на градење мир со сите околу нас. Но, низ сиве овие векови, од Христовото доаѓање, па сè до денешни дни, овие ангелски извици како да се запечатени со заборавот, како да се одвеани од виорот на времето и како да не ги допираат нашите срца, па постојано слушаме за немири, за меѓучовечки конфликти, за судири и за војни, чиј извор се алчноста и злите желби на човекот да го одземе и да го завладее туѓото. Но, да не заборавиме дека единствената војна што треба да ја водиме е војната против гревот и против страстите. Само на тој начин ќе можеме да стекнеме вистински мир, мир што го надвишува секој ум, мир што извира од Миротворецот. На тој и таков мир, на Христовиот мир, треба да се потпира и сиот човеков духовен живот и односот на човекот кон Бога. Имајќи само таков мир, ќе можеме да бидеме во мир и со Бога и со ближните! И само кај луѓе со таков мир има добра волја, па ним не им е тешко да ги исполнуваат евангелските пораки и да прават добри дела.

Возљубени празникољупци,

Во светлината на боговоплотувањето се открива и тајната на Црквата: Синот Божји се воплоти за Своето Тело да го преобрази во Црква и во неа да го привлече оддалечениот човек, кој живее во отуѓеност од Бога. А Црквата, пак – Телото Христово, на своите многувековни плеќи, го носи и го посведочува севкупниот Христов домострој за спасение на човекот и на светот: од Неговото рождество, па сè до Неговото вознесение. Затоа, Црквата е самиот Христос, Кој низ вековите непрекинато се раѓа, се распнува, умира и воскреснува.

Според тоа, едната, света, соборна и апостолска Црква непрестајно ја живее полнотата на боговоплотувањето, односно ја живее тајната на единството меѓу Бога и човекот, потврдено во личноста на единородниот Син Божји, Господ Исус Христос. Впрочем, и витлеемската пештера, во којашто Тој се роди, стана првиот Дом Божји, првата Црква во која оттогаш пребиваме како избран род, царско свештенство и свет народ, возвестувајќи ги совршенствата на Оној што нè повика од темнина во Својата чудесна светлина.

Возљубени чеда на Мајката Македонска Црква,

Црквата Христова, како вистински жетвар, ги собира и ги чува во своите вековни амбари непроценливите богатства на секој народ, на секоја историја и на секоја култура. Така, и нашата Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија, ги чувала, ги чува и ќе ги чува довека сите радости и сите страданија, ги памети и ќе ги памети сите стремежи и копнежи на нашиот напатен македонски народ. Впрочем, до неодамна нашата Црква беше ставана во костец со разни искушенија и неосновани негирања. Но Бог не дозволи оваа Павлова и Светиклиментова Црква да биде бескрајно понижувана и оспорувана, туку ги виде подвизите и воздишките на нејзиниот верен народ и ги услиша молитвите на нејзините црквољубиви поколенија.

По неизвесните 55 години, гледајќи го оправданото застапување за своја возобновена автокефалност, изминатово лето Господово, семилостивиот Бог погледна на нашата страдална и долготрпелива Црква, и ја исправи две ипол вековната неправда кон неа, па одново ја внедри во полнотата на Сеправославното семејство – во канонско и евхаристиско единство со сите сестрински Православни Цркви. Затоа, да Му благодариме на Бога за овој дар и за можноста литургиски да општиме со нашите браќа од сета Православна екумена, што дава можност да се доврши и признавањето на нејзиниот автокефален статус.

Нашата Света Македонска Црква катагодишно одбележува значајни собитија и личности, изнедрени од нејзината богата историја. Така, и во годината што е пред нас, литургиски ќе наѕреме и особено ќе се навратиме кон почетоците на нашата свештена црковна историја, прославувајќи 1160 години од почетокот на Моравската мисија на светите браќа Кирил и Методиј, кога и нам ни се овозможи да Го славиме и да Го исповедаме Бога на разбирлив јазик, како и 1130 години од хиротонијата на свети Климент Охридски за Епископ Велички.

Одбележувањата на овие битни настани од нашата црковна и национална историја уште еднаш ја потврдуваат пред светот вистината за нашата Црква, за нашиот богослужбен и говорен старомакедонски јазик и за древноста и посебноста на нашата култура и писменост.

Возљубени чеда на Христа Богомладенецот,

Како верен народ потребно е постојано да напредуваме во верата, надежта и љубовта кон Христа Богомладенецот, покажувајќи поголема љубов кон нашите ближни и кон сите луѓе и народи околу нас, зашто само така ќе се потврдиме како Негови вистински ученици. Со доволни грижа и посветеност да ги сакаме и да ги почитуваме: Татковината, историјата, културата, јазикот и сета свештена и национална оставнина од нашите предци. А, во овие времиња-невремиња, во коишто владеат бројни искушенија и предизвици, да се покажеме доследни следбеници на Христа новородениот – како мирољупци и миротворци, како богољупци и човекољупци.

Со пораки за љубов и благосостојба, им го честитаме празникот на Христовото рождество на сите чеда на Мајката Македонска Црква ‒ овде, во Татковината, како и на иселените Македонци по светот. Се молиме Богомладенецот Христос да се всели во јаслите на нашите срца, правејќи Свој дом, во кој постојано ќе царуваат мирот, радоста и љубовта. Амин!

Х Р И С Т О С  С Е  Р О Д И!

Честито и од Бога благословено новото лето Господово!

The post Со грижа и посветеност да ги сакаме и да ги почитуваме татковината, историјата, културата, јазикот и сета оставнина од нашите предци appeared first on Република.

]]>

Православните христијани во земјава денеска го слават Рождеството Христово – Божик. Во сите храмови на Македонската православна црква-Охридска архиепископија изутринава се одржуваат божикни литургии. Централното одбележување е во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, каде архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан ќе богослужи Литургија на Св. Василиј Велики. Вселенскиот патријарх Вартоломеј кон крајот на декември првпат во историјата божиќното посланието го објави и на македонски јазик, откако на 9 мај лани Светиот синод на Вселенската Патријаршија, возглавен од патријархот Вартоломеј одлучи да ја отстрани повеќедецениската шизма наложена врз нашата древна Охридска Архиепископија, возобновена во лицето на МПЦ, признавајќи ја црковната јерархија предводена од архиепископот Стефан за канонска и валидна во сеправославниот свет и воспоставувајќи канонско и литургиско општење со неа. Патријаршијата, при тоа, остави Српската православна црква да ги уреди управните прашања што ги има помеѓу неа и МПЦ-ОА во рамките на светоканонскиот чин и црковното предание. Со ваквата одлука МПЦ-ОА се врати во канонско единство со другите православни помесни цркви и беше призната како канонска црква, со што по 55 години му се даде можност на македонското свештенство да има заеднички богослужби со другите православни цркви. Една недела по ваквата одлука на вселенскиот патријарх, Синодот на СПЦ соопшти дека го прифаќа статусот на најширока можна автономија на МПЦ, односно целосна внатрешна независност, која и беше доделена уште во 1959 година. Во јуни минатата година во Соборниот храм на Вселенската Патријаршија „Св. Георгиј Победоносец“ во Истанбул вселенскиот патријарх Вартоломеј и архиепископот охридски и македонски Стефан ја одржаа прва заедничка Патријаршиска и синодална света литургија по приемот на МПЦ-ОА во богослужбено и канонско единство единство со останатите православни цркви. По повод Божик, архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан заедно со Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, до свештенослужителите, монаштвото и до сите верници, упатија Божикно послание во кое им пожелуваат мир и благослов од Бога, поздравувајќи ги со величествениот торжествен поздрав – Христос се роди! во кое се вели:
Возљубени чеда во Господа, Божик, празникот на Христовото рождество, е ден на небоземна радост: Дева Го раѓа Христа – Сонцето на правдата; во витлеемската пештера се сместува Несместливиот; мудреците Го даруваат со скапоцени дарови Оној што ни го дари најскапоцениот дар – нашето спасение; ѕвездата Го озарува Оној што ги создаде сите небески светила, а пастирите се поклонуваат пред Оној што нè изведе од ропството на смртта и нè возведе на новото небо и новата земја, отворајќи ни го Своето Царство. Затоа, на овој ден, ликуваат сите и Го славословат Богомладенецот, „Кој заради нас луѓето и заради нашето спасение слезе од небесата и се воплоти од Светиот Дух и Марија Дева, и стана човек“. Спасоносниот настан од таа неповторлива витлеемска ноќ е исполнување на времетo коешто се навестуваше од искони, на времето во кое историјата стана сегашност, а очекувањата – стварност. Ова ново време го оживотвори вековниот копнеж на старозаветните праведници и пророци; ова време го засени Законот, а ја возвиши благодатта; го запечати Стариот Завет, но го обзнани Новиот – Заветот на обновената љубов меѓу Бога и човечкиот род. Со Христовото рождество сè е исполнето со радост и веселие: и ангелите и луѓето, и небото и земјата, зашто Бог стана човек, зеде обличје на слуга и се изедначи со луѓето4, за да ги воздигне кон Себе и за да ги направи учесници во Неговата слава. Затоа, Божик е празник на радоста, празник на утехата и празник на благодарноста: Синот Божји стана Син човечки, за да го издигне човекот, кој беше потонат во своето себељубие, дарувајќи му ги бескрајните височини на Својата љубов во Царството небесно. Возљубени чеда во Христа Спасителот, Богослужбените песнопенија од овој велелепен празник, таинствено нè водат до малото и тогаш непознато гратче Витлеем, покрај тамошната пештера – местото на Христовото рождество; па така – восхитувајќи се на чудото и славејќи Го смирениот Богомладенец – ја чувствуваме Божјата неизмерна љубов кон човештвото и кон сето создание. Затоа, Христовото рождество претставува најголема потврда на Божјата љубов, тоа е начело на еден нов и обновен живот во Христа новородениот и почеток на нашето спасение. На овој торжествен празник, силно одекнуваат ангелските восклици: Слава на Бога во висините, а на земјата мир и меѓу луѓето добра волја!5. Овој ангелски воспев постојано нè поттикнува на славословие кон Бога и на градење мир со сите околу нас. Но, низ сиве овие векови, од Христовото доаѓање, па сè до денешни дни, овие ангелски извици како да се запечатени со заборавот, како да се одвеани од виорот на времето и како да не ги допираат нашите срца, па постојано слушаме за немири, за меѓучовечки конфликти, за судири и за војни, чиј извор се алчноста и злите желби на човекот да го одземе и да го завладее туѓото. Но, да не заборавиме дека единствената војна што треба да ја водиме е војната против гревот и против страстите. Само на тој начин ќе можеме да стекнеме вистински мир, мир што го надвишува секој ум, мир што извира од Миротворецот. На тој и таков мир, на Христовиот мир, треба да се потпира и сиот човеков духовен живот и односот на човекот кон Бога. Имајќи само таков мир, ќе можеме да бидеме во мир и со Бога и со ближните! И само кај луѓе со таков мир има добра волја, па ним не им е тешко да ги исполнуваат евангелските пораки и да прават добри дела. Возљубени празникољупци, Во светлината на боговоплотувањето се открива и тајната на Црквата: Синот Божји се воплоти за Своето Тело да го преобрази во Црква и во неа да го привлече оддалечениот човек, кој живее во отуѓеност од Бога. А Црквата, пак – Телото Христово, на своите многувековни плеќи, го носи и го посведочува севкупниот Христов домострој за спасение на човекот и на светот: од Неговото рождество, па сè до Неговото вознесение. Затоа, Црквата е самиот Христос, Кој низ вековите непрекинато се раѓа, се распнува, умира и воскреснува. Според тоа, едната, света, соборна и апостолска Црква непрестајно ја живее полнотата на боговоплотувањето, односно ја живее тајната на единството меѓу Бога и човекот, потврдено во личноста на единородниот Син Божји, Господ Исус Христос. Впрочем, и витлеемската пештера, во којашто Тој се роди, стана првиот Дом Божји, првата Црква во која оттогаш пребиваме како избран род, царско свештенство и свет народ, возвестувајќи ги совршенствата на Оној што нè повика од темнина во Својата чудесна светлина. Возљубени чеда на Мајката Македонска Црква, Црквата Христова, како вистински жетвар, ги собира и ги чува во своите вековни амбари непроценливите богатства на секој народ, на секоја историја и на секоја култура. Така, и нашата Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија, ги чувала, ги чува и ќе ги чува довека сите радости и сите страданија, ги памети и ќе ги памети сите стремежи и копнежи на нашиот напатен македонски народ. Впрочем, до неодамна нашата Црква беше ставана во костец со разни искушенија и неосновани негирања. Но Бог не дозволи оваа Павлова и Светиклиментова Црква да биде бескрајно понижувана и оспорувана, туку ги виде подвизите и воздишките на нејзиниот верен народ и ги услиша молитвите на нејзините црквољубиви поколенија. По неизвесните 55 години, гледајќи го оправданото застапување за своја возобновена автокефалност, изминатово лето Господово, семилостивиот Бог погледна на нашата страдална и долготрпелива Црква, и ја исправи две ипол вековната неправда кон неа, па одново ја внедри во полнотата на Сеправославното семејство – во канонско и евхаристиско единство со сите сестрински Православни Цркви. Затоа, да Му благодариме на Бога за овој дар и за можноста литургиски да општиме со нашите браќа од сета Православна екумена, што дава можност да се доврши и признавањето на нејзиниот автокефален статус. Нашата Света Македонска Црква катагодишно одбележува значајни собитија и личности, изнедрени од нејзината богата историја. Така, и во годината што е пред нас, литургиски ќе наѕреме и особено ќе се навратиме кон почетоците на нашата свештена црковна историја, прославувајќи 1160 години од почетокот на Моравската мисија на светите браќа Кирил и Методиј, кога и нам ни се овозможи да Го славиме и да Го исповедаме Бога на разбирлив јазик, како и 1130 години од хиротонијата на свети Климент Охридски за Епископ Велички. Одбележувањата на овие битни настани од нашата црковна и национална историја уште еднаш ја потврдуваат пред светот вистината за нашата Црква, за нашиот богослужбен и говорен старомакедонски јазик и за древноста и посебноста на нашата култура и писменост. Возљубени чеда на Христа Богомладенецот, Како верен народ потребно е постојано да напредуваме во верата, надежта и љубовта кон Христа Богомладенецот, покажувајќи поголема љубов кон нашите ближни и кон сите луѓе и народи околу нас, зашто само така ќе се потврдиме како Негови вистински ученици. Со доволни грижа и посветеност да ги сакаме и да ги почитуваме: Татковината, историјата, културата, јазикот и сета свештена и национална оставнина од нашите предци. А, во овие времиња-невремиња, во коишто владеат бројни искушенија и предизвици, да се покажеме доследни следбеници на Христа новородениот – како мирољупци и миротворци, како богољупци и човекољупци. Со пораки за љубов и благосостојба, им го честитаме празникот на Христовото рождество на сите чеда на Мајката Македонска Црква ‒ овде, во Татковината, како и на иселените Македонци по светот. Се молиме Богомладенецот Христос да се всели во јаслите на нашите срца, правејќи Свој дом, во кој постојано ќе царуваат мирот, радоста и љубовта. Амин! Х Р И С Т О С  С Е  Р О Д И! Честито и од Бога благословено новото лето Господово!

The post Со грижа и посветеност да ги сакаме и да ги почитуваме татковината, историјата, културата, јазикот и сета оставнина од нашите предци appeared first on Република.

]]>
15 најубави пораки за да честитате Божиќ https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/15-najubavi-poraki-za-da-chestitate-bozhik/ Sat, 07 Jan 2023 07:56:04 +0000 https://republika.mk/?p=594330

Модерниот начин на живот и технологијата го променија секојдневието што го живееем, а недостатокот на слободно време доведува до тоа Божиќ се’ почесто да се честита со испраќање пораки преку мобилните телефони.

Сепак, неможноста да се видите со блиските во живо не значи дека треба да пропуштите да им го честитате овој голем празник, а за тоа можете да искористите некоја од овие божиќни пораки.

1. Срцето на човекот го смислува неговиот пат, а Бог управува со неговите чекори! Се’ што правите, каде и да одите, нека биде благословен вашиот пат. Среќен Божиќ!

2. Дозволете Бог да се всели во вашето срце, љубовта во вас да се раѓа секој ден, затоа што Божиќ станува видлив во секоја љубов помеѓу луѓето. Христос се роди!

3. Нека тишината на овој свет ден ви донесе мир во надежта, радост во животот и љубов за оние со кои живеете! Од срце ви посакувам мирни денови. Христос се роди!

4. Нека сребрените зраци од Божиќното утро го осветлат вашиот подарок составен од здравје, среќа, мир и љубов. Христос се роди!

5. Божиќ доаѓа, ни се приближува Бог. Нека ве грее огнот на среќата, постојано во куќата да ви цвета радост, нека светиот крст во животот ве води, Христос се роди!

6. Нека целата година ве прати чувство на љубов, среќа, топлина и потреба за блиските да бидат до вас. Среќен Божиќ!

7. Денес простете им на оние кои ви згрешиле, подарете им љубов на најблиските, помогнете им на тажните, а на полноќ погледнете во небото – ќе видите ѕвезда што оди и тивко изговорете Христос се роди!

8. На тивката божиќна ноќ, нека во вашето срце се всели радост, љубов и надеж. Бидете здрави, силни и полни со среќа. Среќен Божиќ!

9. Денес радоста доаѓа од небото и тоа е она што ви треба. Бидете исполнети со здравје, насмевки и љубов. Имајте мир во вашиот дом. Среќен Божиќ!

10. Кога последната свеќа на Бадник догорува, слушај го срцето што ти зборува, нека радост и среќа во животот те води, среќен Божик, Христос се роди!

11. Божјата милост насекаде нека ве прати, нека за доброто со добро ви се врати, Христос насекаде да ве води, Среќен Божик, Христос се роди!

12. Денешниот блажен ден нека ви биде радосен! Божиќ вратата да ви ја злати, секогаш среќа нека ве прати. Ангел срцето кон љубов нека го води, мир Божји, Христос се роди!

13. Нека бадниковата вечер го избрише сето она што сакаш да го заборавиш, а Божикното утро ти исплете венец од здравје, среќа, љубов и Божји благослов!

14. Како што бадниковиот оган се ложи, во вашиот дом среќа да се множи, нека светла ѕвезда во животот вас ве води, зашто денес е Божик – Христос се роди!

15. Рана зора додека се руди, коледарска песна ве буди, среќа и радост Бог нека дари, полна софра, а и многу пари. Сите да ве служи здравје, бадниковата вечер да ви е на здравје! Бериќет и к’смет в куќи да ви царува, со здравје и љубов Господ да ве дарува!

The post 15 најубави пораки за да честитате Божиќ appeared first on Република.

]]>

Модерниот начин на живот и технологијата го променија секојдневието што го живееем, а недостатокот на слободно време доведува до тоа Божиќ се’ почесто да се честита со испраќање пораки преку мобилните телефони. Сепак, неможноста да се видите со блиските во живо не значи дека треба да пропуштите да им го честитате овој голем празник, а за тоа можете да искористите некоја од овие божиќни пораки. 1. Срцето на човекот го смислува неговиот пат, а Бог управува со неговите чекори! Се’ што правите, каде и да одите, нека биде благословен вашиот пат. Среќен Божиќ! 2. Дозволете Бог да се всели во вашето срце, љубовта во вас да се раѓа секој ден, затоа што Божиќ станува видлив во секоја љубов помеѓу луѓето. Христос се роди! 3. Нека тишината на овој свет ден ви донесе мир во надежта, радост во животот и љубов за оние со кои живеете! Од срце ви посакувам мирни денови. Христос се роди! 4. Нека сребрените зраци од Божиќното утро го осветлат вашиот подарок составен од здравје, среќа, мир и љубов. Христос се роди! 5. Божиќ доаѓа, ни се приближува Бог. Нека ве грее огнот на среќата, постојано во куќата да ви цвета радост, нека светиот крст во животот ве води, Христос се роди! 6. Нека целата година ве прати чувство на љубов, среќа, топлина и потреба за блиските да бидат до вас. Среќен Божиќ! 7. Денес простете им на оние кои ви згрешиле, подарете им љубов на најблиските, помогнете им на тажните, а на полноќ погледнете во небото – ќе видите ѕвезда што оди и тивко изговорете Христос се роди! 8. На тивката божиќна ноќ, нека во вашето срце се всели радост, љубов и надеж. Бидете здрави, силни и полни со среќа. Среќен Божиќ! 9. Денес радоста доаѓа од небото и тоа е она што ви треба. Бидете исполнети со здравје, насмевки и љубов. Имајте мир во вашиот дом. Среќен Божиќ! 10. Кога последната свеќа на Бадник догорува, слушај го срцето што ти зборува, нека радост и среќа во животот те води, среќен Божик, Христос се роди! 11. Божјата милост насекаде нека ве прати, нека за доброто со добро ви се врати, Христос насекаде да ве води, Среќен Божик, Христос се роди! 12. Денешниот блажен ден нека ви биде радосен! Божиќ вратата да ви ја злати, секогаш среќа нека ве прати. Ангел срцето кон љубов нека го води, мир Божји, Христос се роди! 13. Нека бадниковата вечер го избрише сето она што сакаш да го заборавиш, а Божикното утро ти исплете венец од здравје, среќа, љубов и Божји благослов! 14. Како што бадниковиот оган се ложи, во вашиот дом среќа да се множи, нека светла ѕвезда во животот вас ве води, зашто денес е Божик – Христос се роди! 15. Рана зора додека се руди, коледарска песна ве буди, среќа и радост Бог нека дари, полна софра, а и многу пари. Сите да ве служи здравје, бадниковата вечер да ви е на здравје! Бериќет и к’смет в куќи да ви царува, со здравје и љубов Господ да ве дарува!

The post 15 најубави пораки за да честитате Божиќ appeared first on Република.

]]>
Да си подадеме рака едни на други и со верба да работиме на нашата заедничка и подобра иднина https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/da-si-podademe-raka-edni-na-drugi-i-so-verba-da-rabotime-na-nashata-zaednichka-i-podobra-idnina/ Sat, 07 Jan 2023 07:46:12 +0000 https://republika.mk/?p=594328

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го честита големиот христијански празник Рождество Христово – Божиќ.

Овој ден на кој го славиме животот, новите почетоци и семејството нека ви донесе многу здравје, радост и среќа во вашите домови кои ќе ве следат низ целата година.

Христовото раѓање не потсетува на Божјата љубов, милосрдие, меѓусебно да се разбираме и почитуваме, да бидеме хумани и да си помагаме, особено сега во овие тешки времиња со кои се соочуваме. Празнувајќи го овој празник да дадеме пример со порака за сплотеност заеднички да делуваме кон благосостојба, напредок подобро општество.

Заеднички да делуваме да се измени тешката реалност и да не живееме повеќе во неизвесност и несигурност. Потребна ни е нова и подобра реалност. Потребни ни се надеж и заедништво како никогаш досега за да успееме да се избориме за подобра иднина.

Македонија во која сите заедно ја живееме сегашната реалност и ја споделуваме маката, мора да стане држава на среќни граѓани, држава на граѓани кои ќе имаат квалитетен живот и достоинство.

Да си подадеме рака едни на други и со верба да работиме на нашата заедничка и подобра иднина, а поразите и неуспесите да останат позади нас.

Нека Христовото раѓање ви донесе светлина и радост во вашите домови. Нека е за многу години големиот христијански празник Божиќ. Христос се роди! Навистина се роди, порача Мицкоски.

The post Да си подадеме рака едни на други и со верба да работиме на нашата заедничка и подобра иднина appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го честита големиот христијански празник Рождество Христово – Божиќ.

Овој ден на кој го славиме животот, новите почетоци и семејството нека ви донесе многу здравје, радост и среќа во вашите домови кои ќе ве следат низ целата година.

Христовото раѓање не потсетува на Божјата љубов, милосрдие, меѓусебно да се разбираме и почитуваме, да бидеме хумани и да си помагаме, особено сега во овие тешки времиња со кои се соочуваме. Празнувајќи го овој празник да дадеме пример со порака за сплотеност заеднички да делуваме кон благосостојба, напредок подобро општество.

Заеднички да делуваме да се измени тешката реалност и да не живееме повеќе во неизвесност и несигурност. Потребна ни е нова и подобра реалност. Потребни ни се надеж и заедништво како никогаш досега за да успееме да се избориме за подобра иднина.

Македонија во која сите заедно ја живееме сегашната реалност и ја споделуваме маката, мора да стане држава на среќни граѓани, држава на граѓани кои ќе имаат квалитетен живот и достоинство.

Да си подадеме рака едни на други и со верба да работиме на нашата заедничка и подобра иднина, а поразите и неуспесите да останат позади нас.

Нека Христовото раѓање ви донесе светлина и радост во вашите домови. Нека е за многу години големиот христијански празник Божиќ. Христос се роди! Навистина се роди, порача Мицкоски.

The post Да си подадеме рака едни на други и со верба да работиме на нашата заедничка и подобра иднина appeared first on Република.

]]>
Ибрахимовиќ го покажа извајаното тело и порача: Среќен Божиќ на вашите сопруги https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/ibrahimovik-go-pokazha-izvajanoto-telo-i-poracha-sreken-bozhik-na-vashite-soprugi/ Thu, 29 Dec 2022 07:21:41 +0000 https://republika.mk/?p=591254

Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ секогаш знае како да стане главна тема во медиумите, а така беше и овој пат со неговата честитка за Божиќ.

Фудбалерот на Милан испрати провокативна порака која ги навреди неговите следбеници со вишок тестостерон.

„Среќен ви Божиќ вам и на вашите сопруги! Чао“, напиша Ибрахимовиќ.

Ибрахимовиќ секоја година го честита Божиќ на начин то никој не може (а и не сака) да го копира.

https://republika.mk/sport/fudbal/kakva-novogodishna-elka-ibra-ima-pojaka-ideja/

честитка

The post Ибрахимовиќ го покажа извајаното тело и порача: Среќен Божиќ на вашите сопруги appeared first on Република.

]]>

Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ секогаш знае како да стане главна тема во медиумите, а така беше и овој пат со неговата честитка за Божиќ. Фудбалерот на Милан испрати провокативна порака која ги навреди неговите следбеници со вишок тестостерон.
„Среќен ви Божиќ вам и на вашите сопруги! Чао“, напиша Ибрахимовиќ.
Ибрахимовиќ секоја година го честита Божиќ на начин то никој не може (а и не сака) да го копира. https://republika.mk/sport/fudbal/kakva-novogodishna-elka-ibra-ima-pojaka-ideja/ честитка

The post Ибрахимовиќ го покажа извајаното тело и порача: Среќен Божиќ на вашите сопруги appeared first on Република.

]]>
Пендаровски: Безрезервно да даруваме љубов и почит кон ближните, градејќи хармонија во домот и во целото општество https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-bezrezervno-da-daruvame-ljubov-i-pochit-kon-bliznite-gradejkji-harmonija-vo-domot-i-vo-celoto-opshtestvo/ Thu, 06 Jan 2022 11:54:44 +0000 https://republika.mk/?p=441283

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Христовото раѓање – Божик

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Христовото раѓање – Божик, упати честитка до сите граѓани кои го прославуваат денот на христовото раѓање, до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Митрополит Скопски, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан и до претседателот на Црковното претставништво на Евангелско-методистичката црква, Емил Заев.

Почитувани сограѓани,

Имам особено задоволство и чест да ви го честитам големиот христијански празник – Божик и да ви посакам празникот на Христовото Раѓање да го поминете пред сѐ во добро здравје, во радост и во среќа.

Празникот на Христовото раѓање Божик нѐ потсетува дека мирот и радоста, љубовта и заедништвото, разбирањето и дарувањето се наши најголеми вредности. Да продолжиме безрезервно да даруваме безусловна љубов и почит кон ближните, градејќи хармонија во домот, заедницата и во целото општество.

Нека големиот празник нѝ даде дополнителна енергија да се соочиме со сите неволји и искушенија и нека нѐ инспирира на благородност, добродетелство, солидарност и заедништво. Со искрена верба и со длабока самодоверба да креираме успех и благосостојба.

Христос се роди!

The post Пендаровски: Безрезервно да даруваме љубов и почит кон ближните, градејќи хармонија во домот и во целото општество appeared first on Република.

]]>

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Христовото раѓање – Божик Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Христовото раѓање – Божик, упати честитка до сите граѓани кои го прославуваат денот на христовото раѓање, до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Митрополит Скопски, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан и до претседателот на Црковното претставништво на Евангелско-методистичката црква, Емил Заев.
Почитувани сограѓани, Имам особено задоволство и чест да ви го честитам големиот христијански празник – Божик и да ви посакам празникот на Христовото Раѓање да го поминете пред сѐ во добро здравје, во радост и во среќа. Празникот на Христовото раѓање Божик нѐ потсетува дека мирот и радоста, љубовта и заедништвото, разбирањето и дарувањето се наши најголеми вредности. Да продолжиме безрезервно да даруваме безусловна љубов и почит кон ближните, градејќи хармонија во домот, заедницата и во целото општество. Нека големиот празник нѝ даде дополнителна енергија да се соочиме со сите неволји и искушенија и нека нѐ инспирира на благородност, добродетелство, солидарност и заедништво. Со искрена верба и со длабока самодоверба да креираме успех и благосостојба. Христос се роди!

The post Пендаровски: Безрезервно да даруваме љубов и почит кон ближните, градејќи хармонија во домот и во целото општество appeared first on Република.

]]>
Мицкоски го честита Божиќ: Во овие мигови важно е да сме сплотени со чесна мисла и добри дела, само така ќе имаме мир https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-go-chestita-bozikj-vo-ovie-migovi-vazno-e-da-sme-sploteni-so-chesna-misla-i-dobri-dela-samo-taka-kje-imame-mir/ Thu, 06 Jan 2022 10:00:37 +0000 https://republika.mk/?p=441258

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски упати честитка по повод празникот Рождество Христово Божиќ

До: Поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Архиепископ Охридски и Македонски Г.Г. Стефан

Дозволете ми од мое лично име, и од име на ВМРО-ДПМНЕ да го честитам најголемиот христијански празник Рождеството Христово - Божиќ, тоа е денот кога започнува спасението, зошто да не беше Божиќ, немаше да го имаме Велигден, а со тоа и Воскресението и Божјото спасение за луѓето.

Во мигови како овој важно е да бидеме сплотени, со чесна мисла, и со добри дела, само така ќе имаме мир и спокој во душите, но и во рамките на нашите можности ќе го менуваме општеството на подобро.

На трпезите оваа година за жал ќе имаме една горчина поради се поголемата економска криза и немаштија и тоа се работите кои човека го оставаат нерамнодушен, но и треба да се голем поттик за работите да ги менуваме, а ќе ги менуваме заедно, со верба, надеж, знаење и мотив за иднина каква ја заслужува секој еден човек.

Затоа сплотени и со верба во Бога да работиме за подобро, да создадеме услови кои ќе значат поттик и ослободување на интелектуалната сила и креација на секој еден човек, да ја ставиме на располагање секој движечка сила во функција на заедничкиот развој и промени кои ќе донесат иднина.

Нека Христос ви подари мир и спокој, да ве води низ животот и да биде вашата сила, за хармонија, развој вам и на вашите семејства.

Христос се роди!

Со почит,

проф. д-р Христијан Мицкоски

Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

The post Мицкоски го честита Божиќ: Во овие мигови важно е да сме сплотени со чесна мисла и добри дела, само така ќе имаме мир appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски упати честитка по повод празникот Рождество Христово Божиќ До: Поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Архиепископ Охридски и Македонски Г.Г. Стефан Дозволете ми од мое лично име, и од име на ВМРО-ДПМНЕ да го честитам најголемиот христијански празник Рождеството Христово - Божиќ, тоа е денот кога започнува спасението, зошто да не беше Божиќ, немаше да го имаме Велигден, а со тоа и Воскресението и Божјото спасение за луѓето. Во мигови како овој важно е да бидеме сплотени, со чесна мисла, и со добри дела, само така ќе имаме мир и спокој во душите, но и во рамките на нашите можности ќе го менуваме општеството на подобро. На трпезите оваа година за жал ќе имаме една горчина поради се поголемата економска криза и немаштија и тоа се работите кои човека го оставаат нерамнодушен, но и треба да се голем поттик за работите да ги менуваме, а ќе ги менуваме заедно, со верба, надеж, знаење и мотив за иднина каква ја заслужува секој еден човек. Затоа сплотени и со верба во Бога да работиме за подобро, да создадеме услови кои ќе значат поттик и ослободување на интелектуалната сила и креација на секој еден човек, да ја ставиме на располагање секој движечка сила во функција на заедничкиот развој и промени кои ќе донесат иднина. Нека Христос ви подари мир и спокој, да ве води низ животот и да биде вашата сила, за хармонија, развој вам и на вашите семејства. Христос се роди! Со почит, проф. д-р Христијан Мицкоски Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

The post Мицкоски го честита Божиќ: Во овие мигови важно е да сме сплотени со чесна мисла и добри дела, само така ќе имаме мир appeared first on Република.

]]>