Божик Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bozik/ За подобро да се разбереме Sat, 06 Jan 2024 13:03:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Божик Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bozik/ 32 32 Ова се најчестите верувања за денешниот ден: Не преспивајте за Божик, паричникот не го оставајте празен https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/ova-se-najchestite-veruvana-za-deneshniot-den-ne-prespivajte-za-bozhik-parichnikot-ne-go-ostavajte-prazen/ Sun, 07 Jan 2024 13:44:35 +0000 https://republika.mk/?p=730423

Oва се најчестте божиќни обичаи и верувања:

- На Божиќ добро е да започнете бизнис, да прочитате неколку страници книга, да плетете неколку редови рачна работа, да засадите растение или да научите нешто ново, за цела година да биде бериќетна.

- На Божиќ не треба да спиете преку ден, за да не преспиете цела година и да бидете мрзеливи.

- Паричникот не треба да ви е празен, а пожелно е да си купите нешто ново

Не позајмувајте ништо никому денес, за да не ви излегуваат работите од дома цела година.

 

The post Ова се најчестите верувања за денешниот ден: Не преспивајте за Божик, паричникот не го оставајте празен appeared first on Република.

]]>

Oва се најчестте божиќни обичаи и верувања: - На Божиќ добро е да започнете бизнис, да прочитате неколку страници книга, да плетете неколку редови рачна работа, да засадите растение или да научите нешто ново, за цела година да биде бериќетна. - На Божиќ не треба да спиете преку ден, за да не преспиете цела година и да бидете мрзеливи. - Паричникот не треба да ви е празен, а пожелно е да си купите нешто ново Не позајмувајте ништо никому денес, за да не ви излегуваат работите од дома цела година.  

The post Ова се најчестите верувања за денешниот ден: Не преспивајте за Божик, паричникот не го оставајте празен appeared first on Република.

]]>
Од соседите тајно слушнете го името на идниот сопруг, вели стар православен обичај за Божик https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/od-sosedite-tajno-slushnete-go-imeto-na-idniot-soprug-veli-star-pravoslaven-obichaj-za-bozhik/ Wed, 03 Jan 2024 20:30:10 +0000 https://republika.mk/?p=729424

На масата за Божиќ треба да има од се по малку – за годината да биде бериќетна. За Бадник на посната трпеза треба да има јаткасти плодови, калинка за здравје, костен, орев, обавезно се каснува лук за да се биде здрав. Адетот вели треба да се касне од се по малку. На масата се и сувите смокви, урми и ако го видите списокот на овие работи што уште нашите прабаби го имале ќе видите дека на списокот се сите најздрави плодови кои ги има на овие простори.

Паричка

Ако паричката се паднала во лепчето за Господ или куќата, годината ќе биде многу добра за целото семејство. Тоа се првото и второто парче, кои се остават настрана кога се дели лебот.

Јаглен

Според јагленот исто така може да се разбере каква ќе биде годината. Потребно е настрана да одделите 12 парчиња јаглен за секој еден од месеците. Колку повеќе пепел останал од нив, толку подобра и плодна ќе биде следната година.

Бршлен

Малку луѓе знаат дека на Бадник на масата се става бршлен. По неговите листови човек може да погодува за здравје. Навечер се ставаат под перница, па ако наутро се свежи, тоа значи човекот ќе биде здрав.

Прислушување на соседите

Имате неомажени во семејството? Сега е време да се разбере името на идната сопруга/сопруг. Невенчаните треба тајно да станат од масата и да ги прислушуваат соседите. Тие ќе се омажат за човек со онакво име, какво што прво ќе го слушнат од соседите. И најважно е дека според пророштвото, ќе го сретнат уште на празниците.

The post Од соседите тајно слушнете го името на идниот сопруг, вели стар православен обичај за Божик appeared first on Република.

]]>

На масата за Божиќ треба да има од се по малку – за годината да биде бериќетна. За Бадник на посната трпеза треба да има јаткасти плодови, калинка за здравје, костен, орев, обавезно се каснува лук за да се биде здрав. Адетот вели треба да се касне од се по малку. На масата се и сувите смокви, урми и ако го видите списокот на овие работи што уште нашите прабаби го имале ќе видите дека на списокот се сите најздрави плодови кои ги има на овие простори.

Паричка

Ако паричката се паднала во лепчето за Господ или куќата, годината ќе биде многу добра за целото семејство. Тоа се првото и второто парче, кои се остават настрана кога се дели лебот.

Јаглен

Според јагленот исто така може да се разбере каква ќе биде годината. Потребно е настрана да одделите 12 парчиња јаглен за секој еден од месеците. Колку повеќе пепел останал од нив, толку подобра и плодна ќе биде следната година.

Бршлен

Малку луѓе знаат дека на Бадник на масата се става бршлен. По неговите листови човек може да погодува за здравје. Навечер се ставаат под перница, па ако наутро се свежи, тоа значи човекот ќе биде здрав.

Прислушување на соседите

Имате неомажени во семејството? Сега е време да се разбере името на идната сопруга/сопруг. Невенчаните треба тајно да станат од масата и да ги прислушуваат соседите. Тие ќе се омажат за човек со онакво име, какво што прво ќе го слушнат од соседите. И најважно е дека според пророштвото, ќе го сретнат уште на празниците.

The post Од соседите тајно слушнете го името на идниот сопруг, вели стар православен обичај за Божик appeared first on Република.

]]>
Земји каде што Нова година и Божик се забранети https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/zemji-kade-shto-nova-godina-i-bozhik-se-zabraneti/ Tue, 02 Jan 2024 08:44:53 +0000 https://republika.mk/?p=728869

За голем дел од светот, деновите околу Нова година и Божик се најочекуваното, најраскошното, најубавото време во годината. Но, овие празници во некои земји се забранети или условно ограничени - поради разни причини и правила. Следат пет држави каде што новогодишната еуфорија не е така добродојдена.

Саудиска Арабија

Забраната на божиќните и новогодишните забави во оваа претежно муслиманска земја на Блискиот Исток, важеше до пред извесно време, под изговор дека жителите и туристите мора да го следат лунарниот, а не Грегоријанскиот календар. Но, престолонаследникот Мохамед бин Салман олабави некои од тие строги религиозни правила... Иако прославата на западните празници Ден на вљубените и Ноќ на вештерките, сè уште е забранета.

Пазарите во земјата денес го содржат секој предмет поврзан со Дедо Мраз што може да се замисли - новогодишни елки, украси, лажен снег, па дури и црвената капа на „дебелкото со бела брада“ со бело топче на врвот.

Таџикистан

Оваа држава во Средна Азија, од друга страна, изминатово десетлетие постепено ги заостри ограничувањата во врска со Нова година. Работите тргнале во таа насока 2013 година откога на Дедо Мраз „му е забрането“ да се појавува на телевизија, па следеа и неупотребата на огномет, и на прописите за вообичаените празнични оброци и подароци... Во училиштата и универзитетите, на пр., не е дозволено поставување елка - „било таа да е жива или вештачка“, се вели во Уредбата на Министерството за образование.

И прославите на Ноќта на вештерките се забранети во Таџикистан. А пак, погребите и свадбите, исто така, се предмет на строги правила и прописи.

Кина

И најголемата нехристијанска држава во светот е „растргната“ меѓу тоа - да се заштитат изворните традиции, обичаи и култура - и усвојувањето на западните влијанија. Властите ги следат новогодишните собири. Комунистичката партија на Кина, на пр., им забранува на своите членови, владините агенции, па дури и на универзитетите да учествуваат во какви било прослави, додека на социјалните мрежи со слогани се охрабруваат луѓето да го бојкотираат Божиќ.

- Политиката на Владата е суштински да се погрижи Црквата да ги стави партијата и државата над религијата, изјави Шинг Ханг, вонреден професор на Универзитетот Брандејс.

Во одредени области, сè уште е недозволено да се прославува. Таков е градот Венжу, каде што на сите училишта и јавни центри им е забрането да учествуваат во божиќни и новогодишни активности.

Брунеј

Во 2014 година, Хасанал Болкијах - султанот на оваа мала далекуисточна исламска апсолутна монархија, соопшти дека празничните новогодишни прослави се забранети затоа што „има стравувања дека тие веселби би можеле да го одведат муслиманското население на погрешен пат“ во таа држава богата со нафта.

Луѓето - жители на Брунеј од другите верски заедници сè уште можат да прославуваат, но само ако тоа го чинат зад затворени врати и во целосна приватност, но и со дозвола од властите. Ако се случи забава на Божик без соодветно известување на надлежните, казната е над 18.000 фунти, затвор од пет години, или и двете.

Северна Кореја

Државата на Ким Јонг-ун им дозволува на жителите да го почитуваат само семејството лидерот, владејачката партија и нејзините водачи, а не Исус Христос или Дедо Мраз. Божиќ не се слави во Северна Кореја откако династијата Ким почна да ги затегнува и сузбива верските слободи во 1948 година, па секој што ќе биде прогласен за виновен за славење „туѓи“ верски или световни празници, се сооочува со затвор, па и построги казни.

Во 2016 година, Ким Јонг-ун целосно ги забрани прославите на Божиќ и им порача на своите поданици да го слават 24 декември, но како датум на раѓање на неговата баба, која Севернокорејците треба да ја чествуваат на тој ден.

Според Националната разузнавачка служба на Јужна Кореја, во Северна Кореја се забранети сите собири кои вклучуваат пиење, пеење и друга забава. Некои луѓе сè уште тајно слават одредени денови, но под постојана присутна закана и страв.

The post Земји каде што Нова година и Божик се забранети appeared first on Република.

]]>

За голем дел од светот, деновите околу Нова година и Божик се најочекуваното, најраскошното, најубавото време во годината. Но, овие празници во некои земји се забранети или условно ограничени - поради разни причини и правила. Следат пет држави каде што новогодишната еуфорија не е така добродојдена.

Саудиска Арабија

Забраната на божиќните и новогодишните забави во оваа претежно муслиманска земја на Блискиот Исток, важеше до пред извесно време, под изговор дека жителите и туристите мора да го следат лунарниот, а не Грегоријанскиот календар. Но, престолонаследникот Мохамед бин Салман олабави некои од тие строги религиозни правила... Иако прославата на западните празници Ден на вљубените и Ноќ на вештерките, сè уште е забранета. Пазарите во земјата денес го содржат секој предмет поврзан со Дедо Мраз што може да се замисли - новогодишни елки, украси, лажен снег, па дури и црвената капа на „дебелкото со бела брада“ со бело топче на врвот.

Таџикистан

Оваа држава во Средна Азија, од друга страна, изминатово десетлетие постепено ги заостри ограничувањата во врска со Нова година. Работите тргнале во таа насока 2013 година откога на Дедо Мраз „му е забрането“ да се појавува на телевизија, па следеа и неупотребата на огномет, и на прописите за вообичаените празнични оброци и подароци... Во училиштата и универзитетите, на пр., не е дозволено поставување елка - „било таа да е жива или вештачка“, се вели во Уредбата на Министерството за образование. И прославите на Ноќта на вештерките се забранети во Таџикистан. А пак, погребите и свадбите, исто така, се предмет на строги правила и прописи.

Кина

И најголемата нехристијанска држава во светот е „растргната“ меѓу тоа - да се заштитат изворните традиции, обичаи и култура - и усвојувањето на западните влијанија. Властите ги следат новогодишните собири. Комунистичката партија на Кина, на пр., им забранува на своите членови, владините агенции, па дури и на универзитетите да учествуваат во какви било прослави, додека на социјалните мрежи со слогани се охрабруваат луѓето да го бојкотираат Божиќ. - Политиката на Владата е суштински да се погрижи Црквата да ги стави партијата и државата над религијата, изјави Шинг Ханг, вонреден професор на Универзитетот Брандејс. Во одредени области, сè уште е недозволено да се прославува. Таков е градот Венжу, каде што на сите училишта и јавни центри им е забрането да учествуваат во божиќни и новогодишни активности.

Брунеј

Во 2014 година, Хасанал Болкијах - султанот на оваа мала далекуисточна исламска апсолутна монархија, соопшти дека празничните новогодишни прослави се забранети затоа што „има стравувања дека тие веселби би можеле да го одведат муслиманското население на погрешен пат“ во таа држава богата со нафта. Луѓето - жители на Брунеј од другите верски заедници сè уште можат да прославуваат, но само ако тоа го чинат зад затворени врати и во целосна приватност, но и со дозвола од властите. Ако се случи забава на Божик без соодветно известување на надлежните, казната е над 18.000 фунти, затвор од пет години, или и двете.

Северна Кореја

Државата на Ким Јонг-ун им дозволува на жителите да го почитуваат само семејството лидерот, владејачката партија и нејзините водачи, а не Исус Христос или Дедо Мраз. Божиќ не се слави во Северна Кореја откако династијата Ким почна да ги затегнува и сузбива верските слободи во 1948 година, па секој што ќе биде прогласен за виновен за славење „туѓи“ верски или световни празници, се сооочува со затвор, па и построги казни. Во 2016 година, Ким Јонг-ун целосно ги забрани прославите на Божиќ и им порача на своите поданици да го слават 24 декември, но како датум на раѓање на неговата баба, која Севернокорејците треба да ја чествуваат на тој ден. Според Националната разузнавачка служба на Јужна Кореја, во Северна Кореја се забранети сите собири кои вклучуваат пиење, пеење и друга забава. Некои луѓе сè уште тајно слават одредени денови, но под постојана присутна закана и страв.

The post Земји каде што Нова година и Божик се забранети appeared first on Република.

]]>
Италијанците за Божиќ потрошија речиси 23 милијарди евра https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/italijantsite-za-bozhik-potroshija-rechisi-23-milijardi-evra/ Tue, 26 Dec 2023 17:39:21 +0000 https://republika.mk/?p=726906

Италијанците за Божиќ потрошиле 22,8 милијарди евра, што е за речиси 15 отсто (околу три милијарди евра) повеќе од лани, соопшти денеска здружението за заштита на потрошувачите „Кодаонс“.

Просечната потрошувачка на домаќинствата била 884 евра, додека лани била 770 евра, пренесува АНСА.

Трошоците поврзани со купување подароци се зголемени за речиси 20 отсто – на осум милијарди евра, а Италијанците потрошиле 11,5 милијарди евра на патување – 14 отсто повеќе отколку во 2022 година.

На зголемувањето на трошењето за време на Божиќ оваа година повеќе влијаеле повисоките цени во многу сектори, отколку тенденцијата за трошење или зголемувањето на приходите“, се вели во истражувањето на здружението „Кодаконс“.

 

The post Италијанците за Божиќ потрошија речиси 23 милијарди евра appeared first on Република.

]]>

Италијанците за Божиќ потрошиле 22,8 милијарди евра, што е за речиси 15 отсто (околу три милијарди евра) повеќе од лани, соопшти денеска здружението за заштита на потрошувачите „Кодаонс“. Просечната потрошувачка на домаќинствата била 884 евра, додека лани била 770 евра, пренесува АНСА. Трошоците поврзани со купување подароци се зголемени за речиси 20 отсто – на осум милијарди евра, а Италијанците потрошиле 11,5 милијарди евра на патување – 14 отсто повеќе отколку во 2022 година. На зголемувањето на трошењето за време на Божиќ оваа година повеќе влијаеле повисоките цени во многу сектори, отколку тенденцијата за трошење или зголемувањето на приходите“, се вели во истражувањето на здружението „Кодаконс“.  

The post Италијанците за Божиќ потрошија речиси 23 милијарди евра appeared first on Република.

]]>
Зеленски им го украде и Божик на Украинците https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zelenski-im-go-ukrade-i-bozhik-na-ukraintsite/ Mon, 25 Dec 2023 11:39:57 +0000 https://republika.mk/?p=726445

Украинските православни христијани присуствуваа на богослужбите во неделата додека земјата се подготвуваше за првпат да го прослави Божиќ денеска на 25 декември, откако владата го смени датумот на прославата од 7 јануари за да се дистанцира од Русија.

АФП пренесува дека многу православни цркви, вклучително и Русија, ги слават празниците според јулијанскиот календар, каде Божиќ се паѓа на 7 јануари, наместо според Грегоријанскиот календар што се користи во западните цркви.

Во јули, украинскиот претседател Володимир Зеленски потпиша закон за поместување на прославата на 25 декември, велејќи дека им дозволува на Украинците „да го остават руското наследство на наметнување на божиќните прослави на 7 јануари“, пренесува Радио Слободна Европа.

Промената на датумот е дел од забрзаните потези по руската инвазија на Украина за оддалечување на земјата од нејзиното руско и советско наследство, што вклучува преименување на улиците и отстранување на споменици.

Православната црква на Украина официјално се одвои од Руската православна црква поради руската анексија на Крим во 2014 година и нејзината поддршка за сепаратистите во источна Украина.
Но, историски поврзана со Русија, Украинската православна црква не се откажува од прославувањето на Божиќ на 7 јануари.

The post Зеленски им го украде и Божик на Украинците appeared first on Република.

]]>

Украинските православни христијани присуствуваа на богослужбите во неделата додека земјата се подготвуваше за првпат да го прослави Божиќ денеска на 25 декември, откако владата го смени датумот на прославата од 7 јануари за да се дистанцира од Русија. АФП пренесува дека многу православни цркви, вклучително и Русија, ги слават празниците според јулијанскиот календар, каде Божиќ се паѓа на 7 јануари, наместо според Грегоријанскиот календар што се користи во западните цркви. Во јули, украинскиот претседател Володимир Зеленски потпиша закон за поместување на прославата на 25 декември, велејќи дека им дозволува на Украинците „да го остават руското наследство на наметнување на божиќните прослави на 7 јануари“, пренесува Радио Слободна Европа. Промената на датумот е дел од забрзаните потези по руската инвазија на Украина за оддалечување на земјата од нејзиното руско и советско наследство, што вклучува преименување на улиците и отстранување на споменици. Православната црква на Украина официјално се одвои од Руската православна црква поради руската анексија на Крим во 2014 година и нејзината поддршка за сепаратистите во источна Украина. Но, историски поврзана со Русија, Украинската православна црква не се откажува од прославувањето на Божиќ на 7 јануари.

The post Зеленски им го украде и Божик на Украинците appeared first on Република.

]]>
Католиците го слават Божиќ, се одбележува Христовото Раѓање https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/katolitsite-go-slavat-bozhik-se-odbelezhuva-hristovoto-ragane/ Mon, 25 Dec 2023 08:16:11 +0000 https://republika.mk/?p=726360

За католичките верници денес е голем ден. Се одбележува Христовото Раѓање-Божиќ. Централната прослава во Македонија по повод празникот се одржа во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, каде синоќа имаше божикна полноќна света литургија.

Бискупот скопски и епарх струмичко-скопски Киро Стојанов упати честитка до граѓаните со католичка вероисповед по повод празник Божик.

– Драги браќа и сестри! „И Словото стана тело и се всели меѓу нас“ се зборови на свети Иван евангелист, што многу често ги изговараме во молитвата Ангел Господов. Станува збор за божественото Слово, Логосот, Синот Божји, кој е единосуштен со Отецот и кој е поврзан со Него во единството на Светиот Дух. Ова Слово, кое е од векови и според кое е создадено сè што живее и постои, се воплоти и се всели меѓу нас. Бог ја зеде човечката природа и стана еден од нас за да ни биде блиску и да не поврзе уште поблиску до себе, откако по наша вина се оддалечивме од Него. Бесмртниот Бог ја зеде човечката природа, зеде лик на слуга, за да нè направи негови синови и ќерки, кои бевме слуги на гревот и поради кои бевме предадени на смртта“ рече Бискуп Стојанов.

Бог доаѓа во светот како Дете. Дали ќе го примиме Божјиот Син? Дали ќе го примиме Детето Исус кое се наоѓа во јаслите и кое сака да нè обдари со својата љубов? Можеби ќе кажеме: Тоа секако го правиме, затоа што го празнуваме празникот Рождество Христово – Божиќ! Но, примањето на Исус бара повеќе: Треба вистински да веруваме во Спасителот на луѓето. Верата е непоколебливост на нештата на кои се надеваме, убедување во работи што не ги гледаме. Верата значи прифаќање на сведоштвото на Бога кој не сака и нема да нè изневери, бидејќи Бог е вистински и свет. Кој верува, тој се надева на Бога безусловно. Тој е подготвен да му го даде животот, да се потопи во него со сите нишки на неговото срце. Дали сме подготвени за таква вера во воплотениот Божји Син?

На сите ви посакувам среќен празник Рождество Христово – Божиќ и благословена Нова Година! Христос се роди!, вели во божиќната честитка бискупот скопски и епарх струмичко – скопски Киро Стојанов.

Иако православни држави сепак денес Божиќ го слават Бугарската, Романската, Грчката Грузиската и од неодамна Украинската православна црква кои се водат според Грегоријанскиот календар. Македонската заедно со Руската и Српската црква сеуште се водат според Јулијанскиот календар и Божиќ ќе се одбележи на 7 јануари.

 

The post Католиците го слават Божиќ, се одбележува Христовото Раѓање appeared first on Република.

]]>

За католичките верници денес е голем ден. Се одбележува Христовото Раѓање-Божиќ. Централната прослава во Македонија по повод празникот се одржа во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, каде синоќа имаше божикна полноќна света литургија. Бискупот скопски и епарх струмичко-скопски Киро Стојанов упати честитка до граѓаните со католичка вероисповед по повод празник Божик.
– Драги браќа и сестри! „И Словото стана тело и се всели меѓу нас“ се зборови на свети Иван евангелист, што многу често ги изговараме во молитвата Ангел Господов. Станува збор за божественото Слово, Логосот, Синот Божји, кој е единосуштен со Отецот и кој е поврзан со Него во единството на Светиот Дух. Ова Слово, кое е од векови и според кое е создадено сè што живее и постои, се воплоти и се всели меѓу нас. Бог ја зеде човечката природа и стана еден од нас за да ни биде блиску и да не поврзе уште поблиску до себе, откако по наша вина се оддалечивме од Него. Бесмртниот Бог ја зеде човечката природа, зеде лик на слуга, за да нè направи негови синови и ќерки, кои бевме слуги на гревот и поради кои бевме предадени на смртта“ рече Бискуп Стојанов.
Бог доаѓа во светот како Дете. Дали ќе го примиме Божјиот Син? Дали ќе го примиме Детето Исус кое се наоѓа во јаслите и кое сака да нè обдари со својата љубов? Можеби ќе кажеме: Тоа секако го правиме, затоа што го празнуваме празникот Рождество Христово – Божиќ! Но, примањето на Исус бара повеќе: Треба вистински да веруваме во Спасителот на луѓето. Верата е непоколебливост на нештата на кои се надеваме, убедување во работи што не ги гледаме. Верата значи прифаќање на сведоштвото на Бога кој не сака и нема да нè изневери, бидејќи Бог е вистински и свет. Кој верува, тој се надева на Бога безусловно. Тој е подготвен да му го даде животот, да се потопи во него со сите нишки на неговото срце. Дали сме подготвени за таква вера во воплотениот Божји Син? На сите ви посакувам среќен празник Рождество Христово – Божиќ и благословена Нова Година! Христос се роди!, вели во божиќната честитка бискупот скопски и епарх струмичко – скопски Киро Стојанов. Иако православни држави сепак денес Божиќ го слават Бугарската, Романската, Грчката Грузиската и од неодамна Украинската православна црква кои се водат според Грегоријанскиот календар. Македонската заедно со Руската и Српската црква сеуште се водат според Јулијанскиот календар и Божиќ ќе се одбележи на 7 јануари.  

The post Католиците го слават Божиќ, се одбележува Христовото Раѓање appeared first on Република.

]]>
Украина првпат слави Божик на 25 декември по одлука на Зеленски https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukraina-prvpat-slavi-bozhik-na-25-dekemvri-po-odluka-na-zelenski/ Sun, 24 Dec 2023 17:35:39 +0000 https://republika.mk/?p=726213

Украинските православни христијани денеска присуствуваа на богослужбите додека земјата се подготвува по првпат да го прослави Божик на 25 декември, откако владата го смени датумот на прославата од 7 јануари за да се дистанцира од Русија.

Многу православни цркви, вклучително и руската, ги слават празниците според јулијанскиот календар, каде Божик се паѓа на 7 јануари, а не според Грегоријанскиот календар што се користи во секојдневниот живот и во западните цркви.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во јули потпиша закон за поместување на прославата на 25 декември, велејќи дека ќе им овозможи на Украинците „да го остават руското наследство на наметнување на божиќните прослави на 7 јануари“.

Промената на датумот е дел од забрзаните потези по руската инвазија на Украина за оддалечување на земјата од нејзиното руско и советско наследство, што вклучува преименување на улиците и отстранување на споменици, наведува РСЕ.

Православната црква на Украина официјално се одвои од Руската православна црква поради руската анексија на Крим во 2014 година и нејзината поддршка за сепаратистите во источна Украина.

Политичкиот раскол доведе до тоа свештеници, па дури и цели парохии да се преселат од една во друга црква, а новата православна црква на Украина рапидно расте и презеде неколку црковни згради поврзани со Русија, со поддршка на украинската влада.

The post Украина првпат слави Божик на 25 декември по одлука на Зеленски appeared first on Република.

]]>

Украинските православни христијани денеска присуствуваа на богослужбите додека земјата се подготвува по првпат да го прослави Божик на 25 декември, откако владата го смени датумот на прославата од 7 јануари за да се дистанцира од Русија. Многу православни цркви, вклучително и руската, ги слават празниците според јулијанскиот календар, каде Божик се паѓа на 7 јануари, а не според Грегоријанскиот календар што се користи во секојдневниот живот и во западните цркви. Украинскиот претседател Володимир Зеленски во јули потпиша закон за поместување на прославата на 25 декември, велејќи дека ќе им овозможи на Украинците „да го остават руското наследство на наметнување на божиќните прослави на 7 јануари“. Промената на датумот е дел од забрзаните потези по руската инвазија на Украина за оддалечување на земјата од нејзиното руско и советско наследство, што вклучува преименување на улиците и отстранување на споменици, наведува РСЕ. Православната црква на Украина официјално се одвои од Руската православна црква поради руската анексија на Крим во 2014 година и нејзината поддршка за сепаратистите во источна Украина. Политичкиот раскол доведе до тоа свештеници, па дури и цели парохии да се преселат од една во друга црква, а новата православна црква на Украина рапидно расте и презеде неколку црковни згради поврзани со Русија, со поддршка на украинската влада.

The post Украина првпат слави Божик на 25 декември по одлука на Зеленски appeared first on Република.

]]>
Кралското семејство ќе слави сосема поинаков Божик оваа година: Еве што ќе се промени и за кого… https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/kralskoto-semejstvo-ke-slavi-sosema-poinakov-bozhik-ovaa-godina-eve-shto-ke-se-promeni-i-za-kogo/ Thu, 23 Nov 2023 09:17:18 +0000 https://republika.mk/?p=715421

Како што пренесува DailyMail, на најстариот син на Чарлс, Вилијам и неговото семејство на прославата во селската куќа во Сандрингам ќе им се придружат децата на Камила.

Том Паркер Боулс (48) и Лора Лопес, кои кралицата ги доби со Ендрју Паркер Боулс, наводно одлично се согласуваат со остатокот од кралското семејство. Дополнително, внуците на Чарлс и внуците на Камила се приближно на иста возраст, така што и тие ќе можат да се поврзат.

Том има две деца, ќерката Лола (16) и Фреди (13), а Лора ги има Елиза (15) и 13-годишните близнаци Гас и Луис. Не е познато дали внуците на Камила ќе седнат на главната маса или ќе им се придружат на младите принцови и принцези на „детската маса“.

Инаку, кралското божиќно мени вклучува мисирка со различни полови и прилози како печен компир, пире, пашканат и бриселско зелје. Вообичаено е после ручекот да се јаде пудинг за десерт.

The post Кралското семејство ќе слави сосема поинаков Божик оваа година: Еве што ќе се промени и за кого… appeared first on Република.

]]>

Како што пренесува DailyMail, на најстариот син на Чарлс, Вилијам и неговото семејство на прославата во селската куќа во Сандрингам ќе им се придружат децата на Камила. Том Паркер Боулс (48) и Лора Лопес, кои кралицата ги доби со Ендрју Паркер Боулс, наводно одлично се согласуваат со остатокот од кралското семејство. Дополнително, внуците на Чарлс и внуците на Камила се приближно на иста возраст, така што и тие ќе можат да се поврзат. Том има две деца, ќерката Лола (16) и Фреди (13), а Лора ги има Елиза (15) и 13-годишните близнаци Гас и Луис. Не е познато дали внуците на Камила ќе седнат на главната маса или ќе им се придружат на младите принцови и принцези на „детската маса“. Инаку, кралското божиќно мени вклучува мисирка со различни полови и прилози како печен компир, пире, пашканат и бриселско зелје. Вообичаено е после ручекот да се јаде пудинг за десерт.

The post Кралското семејство ќе слави сосема поинаков Божик оваа година: Еве што ќе се промени и за кого… appeared first on Република.

]]>
Како треба да се испочитува третиот ден Божик и Св. Стефан https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/kako-treba-da-se-ispochituva-tretiot-den-bozhik-i-sv-stefan/ Sun, 08 Jan 2023 16:20:16 +0000 https://republika.mk/?p=594643

Утре, на третиот ден од празникот Божик светата православна црква го празнува споменот на светиот архиѓакон и првомаченик Стефан. Тој е наречен првомаченик затоа што тој прв настрадал за Христовата вера.

Свети архиѓакон и првомаченик Стефан, каменуван затоа што проповедал дека во Исус не веруваат само лошите луѓе.

Именден празнуваат: Стефан, Стефанка, Стефанија, Фанија, Фанка, Стојан, Стојанка, Стојмен, Стоичко…

Свети Стефан секогаш се слави на 9 јануари, на третиот ден од Божик и една од поголемите слави.

Најраспространет обичај во минатот за Свети Стефан било да се изнесе сламата од куќата поради нејзината плодотворна моќ. Претходно сламата внимателно се метела и се собирала, се оставала во шталата, во овоштарникот или меѓу пчелите за да го поттикне родот или напредокот.

Според обичаите жените требало да ја изнесат сламата надвор од куќата и тоа многу тивко за да не се слушне како заминува Божик. Некои од нив метлата со која ја метеле сламата не ја користеле цела година туку ја чувале заради подобро здравје.

The post Како треба да се испочитува третиот ден Божик и Св. Стефан appeared first on Република.

]]>

Утре, на третиот ден од празникот Божик светата православна црква го празнува споменот на светиот архиѓакон и првомаченик Стефан. Тој е наречен првомаченик затоа што тој прв настрадал за Христовата вера. Свети архиѓакон и првомаченик Стефан, каменуван затоа што проповедал дека во Исус не веруваат само лошите луѓе. Именден празнуваат: Стефан, Стефанка, Стефанија, Фанија, Фанка, Стојан, Стојанка, Стојмен, Стоичко… Свети Стефан секогаш се слави на 9 јануари, на третиот ден од Божик и една од поголемите слави. Најраспространет обичај во минатот за Свети Стефан било да се изнесе сламата од куќата поради нејзината плодотворна моќ. Претходно сламата внимателно се метела и се собирала, се оставала во шталата, во овоштарникот или меѓу пчелите за да го поттикне родот или напредокот. Според обичаите жените требало да ја изнесат сламата надвор од куќата и тоа многу тивко за да не се слушне како заминува Божик. Некои од нив метлата со која ја метеле сламата не ја користеле цела година туку ја чувале заради подобро здравје.

The post Како треба да се испочитува третиот ден Божик и Св. Стефан appeared first on Република.

]]>
Да си ја чуваме татковината, ни порача Пендаровски за Божик https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/da-si-ja-chuvame-tatkovinata-ni-poracha-pendarovski-za-bozhik/ Sat, 07 Jan 2023 17:36:59 +0000 https://republika.mk/?p=594511

Претседателот Стево Пендаровски денеска на сите православни верници им го честиташе големиот христијански празник Христовото раѓање – Божиќ.

Светлината на Божиќ нека се всели во нашите домови и донесе просперитет во целото општество. Да се почитуваме меѓу себе, да бидеме солидарни и да си ја чуваме татковината, напиша Пендаровски на Фејсбук.

The post Да си ја чуваме татковината, ни порача Пендаровски за Божик appeared first on Република.

]]>

Претседателот Стево Пендаровски денеска на сите православни верници им го честиташе големиот христијански празник Христовото раѓање – Божиќ.
Светлината на Божиќ нека се всели во нашите домови и донесе просперитет во целото општество. Да се почитуваме меѓу себе, да бидеме солидарни и да си ја чуваме татковината, напиша Пендаровски на Фејсбук.

The post Да си ја чуваме татковината, ни порача Пендаровски за Божик appeared first on Република.

]]>
Денеска е Божик и за луѓето што ги направија терористи и кои за буквално една клоца лежат по 15 години затвор https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/deneska-e-bozhik-i-za-lugeto-shto-gi-napravija-teroristi-i-koi-za-bukvalno-edna-klotsa-lezhat-po-15-godini-zatvor/ Sat, 07 Jan 2023 16:48:05 +0000 https://republika.mk/?p=594503

Денеска е Божик и за луѓето што ги направија терористи и кои за една клоца (буквално една клоца) лежат по 15 години затвор, потсетува полковникот Драган Ковачки.

Нека им е честит празникот, нека не ги напушта вербата, правдата е спора, но ќе стигне, стои во неговиот пост на Фејсбук.

The post Денеска е Божик и за луѓето што ги направија терористи и кои за буквално една клоца лежат по 15 години затвор appeared first on Република.

]]>

Денеска е Божик и за луѓето што ги направија терористи и кои за една клоца (буквално една клоца) лежат по 15 години затвор, потсетува полковникот Драган Ковачки.
Нека им е честит празникот, нека не ги напушта вербата, правдата е спора, но ќе стигне, стои во неговиот пост на Фејсбук.

The post Денеска е Божик и за луѓето што ги направија терористи и кои за буквално една клоца лежат по 15 години затвор appeared first on Република.

]]>
Митрополит Струмички Наум: Божик не е семеен празник, бадниковата вечера му е потполно туѓа на црковниот живот https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/mitropolit-strumichki-naum-bozhik-ne-e-semeen-praznik-badnikovata-vechera-mu-e-potpolno-tuga-na-tsrkovniot-zhivot/ Sat, 07 Jan 2023 15:00:09 +0000 https://republika.mk/?p=593763

Секоја година, околу Божикните празници на површина излегуваат одредени недоумици околу нивното правилно чествување. За да нема многу забуни околу оваа проблематика, Митрополитот струмички Наум дава, како што вели - еден ориентир според кој и најнеинформираните верници можат да се управуваат.

Ориентирот, посочива, е причестувањето со Светите Тајни на Телото и Крвта Христови во Светата Литургија на Црквата. Секој празник во Црквата има една и единствена цел – причестување со Светите Тајни Христови. Без остварување на оваа цел може да стане збор за сѐ, само не и за верско и побожно славење на Бог. Нема причест – нема живо христијанство!

Неговиот став, кој што е споделен од фејсбук-страницата на Премин портал го пренесуваме во целост:

На пример: имаме недоумица во однос на подготовката на таканаречената бадникова семејна вечера. Сега, ако знаеме дека главната цел при дочекот на Рождеството Христово ни е причестувањето со Светите Тајни Христови, тогаш од трпезата веднаш отпаѓа рибата и сѐ што е подготвено на масло (зејтин).

За други мрсни работи и да не спомнувам – секој знае дека пред Причест се пости. Така, ако главен ориентир при секој дочек на некој црковен празник ни е причестувањето со Телото и Крвта Христови, тогаш нема да згрешиме при решавањето на вакви недоумици.

Ви говорам за основни работи; инаку, бадниковата вечера му е потполно туѓа на црковниот живот – ќе ви објаснам дополнително, но сега само едно ќе ви кажам: извадете го лепчето со паричката од бадниковата вечера, како магиски и суеверен чин – што во суштина и е, и ќе се изгуби и смислата и погрешната традиција на бадниковата вечера.

Друго прашање е, на пример, дали одредени обичаи при црковните празнувања се пагански остатоци или се туѓи, или се и едното и другото. На пример, собирањето и делењето бадникови гранчиња е само српски народно-црковен обичај, и на ниту една друга помесна Православна Црква или народ; исто како и кршењето на лебот со паричката на бадниковата вечера (леб со паричка се крши на свети Василиј или т.н. Стара Нова Година), како и со славата и славскиот колач (наместо тоа, правилно е именден и петолебие).

Практикувањето туѓи црковни обичаи е пастирско и идентитетско прашање, така што секој сам нека избере што е по националност, како и кому му служи. Мене тоа ама воопшто не ми пречи – кој што ќе избере, но должен сум да кажам, поради тоа што ние и од СПЦ бараме признавање на нашата автокефалност: со практикувањето на исклучиво нивни црковно-народни обичаи, ние – од световни причини, во голема мера ја губиме основата за тоа барање. Што мислите, како на ова гледаат другите православни народи и Цркви, и како тоа некој им го претставува?

Ние, како МПЦ – ОА, должни сме само во местата каде што живеат нашите браќа Срби да им обезбедиме, ако сакаат, празнување според нивните народно-црковни обичаи и јазик. Се надевам дека еден ден, според Христовото Евангелие, сите ќе сфатиме дека национални поделби не постојат и не се потребни во Црквата, а потребен ни е само пастирскиот пристап – да му се обезбеди секому да Го прославува Бог на својот мајчин јазик. Црквата е Една.

Толкувањето дека Божик е семеен празник, како и таквото празнување, исто така, е туѓо неправославно учење. Каква врска има непорочното и бессемено зачнување, и безболното и девствено раѓање со засновањето на овоземното човечко семејство? Ама баш никаква!

Значи, имаме туѓо учење – неправославно, кое се надополнува со неправославна иконографија: каде што Јосиф и Марија стојат заедно наведнати пред колевката на Исус – што асоцира на семејство, за разлика од православната иконографија каде што Пресвета Богородица и Секогашдева Марија заедно со Богомладенецот Христос го заземаат централниот простор на иконата, а праведниот Јосиф, ако некој не знае, не ни може да го забележи на иконата – насликан негде настрана.

Ако на ова го додадеме и нарочното организирање на семејна вечера токму на Бадник – од 365 вечери во годината, заедно со нарушувањето на определениот црковен пост, а со тоа и неможноста за Причест – се комплетира целата слика колку сето тоа е погрешно. Христовото Рождество не е некаков празник на семејството, туку нормално, после црква го празнуваме и во семејството.

Она што сигурно е грев – етички и еколошки, и што треба веднаш да го промениме, е оставањето на многу семејства во Р. Македонија без огрев и храна преку зима, а сме можеле да им помогнеме. Наместо да палиме ритуални огнови и да ја дозагадуваме околината, и наместо да го нарушуваме постот со мрсни јадења и световни музики и песни, подобро е да им помогнеме на сиромашните со огрев и храна, и ќе видиме каква радост тоа дело на милосрдие ќе ни донесе и кој благослов Божји во животот.

The post Митрополит Струмички Наум: Божик не е семеен празник, бадниковата вечера му е потполно туѓа на црковниот живот appeared first on Република.

]]>

Секоја година, околу Божикните празници на површина излегуваат одредени недоумици околу нивното правилно чествување. За да нема многу забуни околу оваа проблематика, Митрополитот струмички Наум дава, како што вели - еден ориентир според кој и најнеинформираните верници можат да се управуваат. Ориентирот, посочива, е причестувањето со Светите Тајни на Телото и Крвта Христови во Светата Литургија на Црквата. Секој празник во Црквата има една и единствена цел – причестување со Светите Тајни Христови. Без остварување на оваа цел може да стане збор за сѐ, само не и за верско и побожно славење на Бог. Нема причест – нема живо христијанство! Неговиот став, кој што е споделен од фејсбук-страницата на Премин портал го пренесуваме во целост: На пример: имаме недоумица во однос на подготовката на таканаречената бадникова семејна вечера. Сега, ако знаеме дека главната цел при дочекот на Рождеството Христово ни е причестувањето со Светите Тајни Христови, тогаш од трпезата веднаш отпаѓа рибата и сѐ што е подготвено на масло (зејтин). За други мрсни работи и да не спомнувам – секој знае дека пред Причест се пости. Така, ако главен ориентир при секој дочек на некој црковен празник ни е причестувањето со Телото и Крвта Христови, тогаш нема да згрешиме при решавањето на вакви недоумици. Ви говорам за основни работи; инаку, бадниковата вечера му е потполно туѓа на црковниот живот – ќе ви објаснам дополнително, но сега само едно ќе ви кажам: извадете го лепчето со паричката од бадниковата вечера, како магиски и суеверен чин – што во суштина и е, и ќе се изгуби и смислата и погрешната традиција на бадниковата вечера. Друго прашање е, на пример, дали одредени обичаи при црковните празнувања се пагански остатоци или се туѓи, или се и едното и другото. На пример, собирањето и делењето бадникови гранчиња е само српски народно-црковен обичај, и на ниту една друга помесна Православна Црква или народ; исто како и кршењето на лебот со паричката на бадниковата вечера (леб со паричка се крши на свети Василиј или т.н. Стара Нова Година), како и со славата и славскиот колач (наместо тоа, правилно е именден и петолебие). Практикувањето туѓи црковни обичаи е пастирско и идентитетско прашање, така што секој сам нека избере што е по националност, како и кому му служи. Мене тоа ама воопшто не ми пречи – кој што ќе избере, но должен сум да кажам, поради тоа што ние и од СПЦ бараме признавање на нашата автокефалност: со практикувањето на исклучиво нивни црковно-народни обичаи, ние – од световни причини, во голема мера ја губиме основата за тоа барање. Што мислите, како на ова гледаат другите православни народи и Цркви, и како тоа некој им го претставува? Ние, како МПЦ – ОА, должни сме само во местата каде што живеат нашите браќа Срби да им обезбедиме, ако сакаат, празнување според нивните народно-црковни обичаи и јазик. Се надевам дека еден ден, според Христовото Евангелие, сите ќе сфатиме дека национални поделби не постојат и не се потребни во Црквата, а потребен ни е само пастирскиот пристап – да му се обезбеди секому да Го прославува Бог на својот мајчин јазик. Црквата е Една. Толкувањето дека Божик е семеен празник, како и таквото празнување, исто така, е туѓо неправославно учење. Каква врска има непорочното и бессемено зачнување, и безболното и девствено раѓање со засновањето на овоземното човечко семејство? Ама баш никаква! Значи, имаме туѓо учење – неправославно, кое се надополнува со неправославна иконографија: каде што Јосиф и Марија стојат заедно наведнати пред колевката на Исус – што асоцира на семејство, за разлика од православната иконографија каде што Пресвета Богородица и Секогашдева Марија заедно со Богомладенецот Христос го заземаат централниот простор на иконата, а праведниот Јосиф, ако некој не знае, не ни може да го забележи на иконата – насликан негде настрана. Ако на ова го додадеме и нарочното организирање на семејна вечера токму на Бадник – од 365 вечери во годината, заедно со нарушувањето на определениот црковен пост, а со тоа и неможноста за Причест – се комплетира целата слика колку сето тоа е погрешно. Христовото Рождество не е некаков празник на семејството, туку нормално, после црква го празнуваме и во семејството. Она што сигурно е грев – етички и еколошки, и што треба веднаш да го промениме, е оставањето на многу семејства во Р. Македонија без огрев и храна преку зима, а сме можеле да им помогнеме. Наместо да палиме ритуални огнови и да ја дозагадуваме околината, и наместо да го нарушуваме постот со мрсни јадења и световни музики и песни, подобро е да им помогнеме на сиромашните со огрев и храна, и ќе видиме каква радост тоа дело на милосрдие ќе ни донесе и кој благослов Божји во животот.

The post Митрополит Струмички Наум: Божик не е семеен празник, бадниковата вечера му е потполно туѓа на црковниот живот appeared first on Република.

]]>
Уникатните божиќни пештери кои секоја година ги прават вештите раце на монахињите од Рајчки манастир https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/unikatnite-bozhikni-peshteri-koi-sekoja-godina-gi-pravat-veshtite-ratse-na-monahinite-od-rajchki-manastir/ Sat, 07 Jan 2023 14:48:13 +0000 https://republika.mk/?p=594117

Опколен со живописна природа и воодушевувачки поглед кон Дебарското Езеро, манастирот „Св. Георгиј Победоносец“, познат уште како Рајчки манастир изобилува со духовен мир. Храмот е изграден во вид на еднокорабна црква, зацврстена со пилистари во централниот дел од каде се издигнува кубе со осмострана купола. Во манастирот се влегува низ голема двокрилна дрвена врата со тешки железни опкови. Тука, монахињите со своите вешти раце изработуваат уникатни божикни пештери.

Овие божикни пештери, како што раскажуваат монахињите во разговор за МИА, имаат богата историја зад себе.

Божикната радост насекаде во светот се изразува на разни начини. Нашите предци, пеејќи ги божикните песни наречени „каланди“, насекаде го објавувале Рождеството Христово. Некаде се изработувало украсено бротче, кое ја претставувало црквата Христова и со него се одело од дом во дом, каде децата биле дарувани со различни дарови од домаќините, на други места Христовото рождество се објавувало со ѕвезда, која ја означувала Витлеемската ѕвезда што ги водела тројцата мудреци до Богомладенецот, обичај кој и денеска е запазен во Крушево, а во Струга, пак, се носела и пештера и ѕвезда, раскажува сестра Ефимија.

Во разговор за МИА, сестра Ефимија вели дека најмладите, со помош на повозрасните, со особена љубов и радост правеле мала пештера, која ја симболизирала Витлеемската пештера и собрани во дружини ја носеле од куќа во куќа, тропајќи со дрвено чеканче по вратите и со песна на сите им го најавувале Рождеството Христово.

Појавата на божикната пештера и обичаите поврзани со неа се древни и потекнуваат уште од времето на раното христијанство. Божикните пештери зеле силен замав низ христијанскиот свет – и на Исток и на Запад. Кај словенските народи се развиле дури и цели театарски претстави, чија сцена била токму божикната пештера. Пред верниот народ се одвивала Рождественската драма: Раѓањето на Богомладенецот од Дева Марија, поклонувањето на пастирите и мудреците, гневот на Ирод итн. Според истражувањата на етнолозите, познато е дека и во земјава постоела ваква божикна драма, која се изведувала во некои поголеми градови: Скопје, Охрид, Битола, Струга. За постоењето на тоа, потврда наоѓаме во еден нотиран зборник во црквата „Св. Димитрија“ во Скопје, каде што постои драмски текст со наслов „Вертеп“ или „Ѕвезда“, вели сестра Ефимија.

Појаснува дека тоа е процес во којшто пештерите се украсуват со икони на Рождеството, свеќички и кандила. Додава дека возобновената традиција денеска претставува особено голема радост за најмалите.

 

Од пред повеќе од една деценија, со огромно залагање од страна на нашиот Старец, епископот антаниски, г. Партениј, прекрасната традиција за изработка на божикни пештери и одењето на децата во поворка со нив на ден Бадник беше возобновена во многу градови од нашата земја. Денес, на наша голема радост, може да се види како многу дечиња, собрани заедно, носат пештери, украсени со икони на Рождеството, свеќички, кандила, вели Ефимија.

Нагласува дека овие божикни манифестации кои во потполност биле христијански, без елементи на паганизам и пренагласена театралност, се јавувале како своевиден израз на длабоката побожност на народот, но притоа во никој случај не ги заменувале богослуженијата, туку само повикувале на литургиско празнување во храмовите.

За сестра Филотеја, која исто така е дел од процесот на изработка на овие пештери, изработката претставува процес кој шири радост и исполнетост.

Божикните пештери се една прекрасна рачна изработка. Се прават во неколку етапи и секоја од нив е поразлична од сите други. Има одреден период во годината кога одиме да собереме шишарки, суви цветови и други украсни материјали, бидејќи станува збор не само за формирање на обликот на пештерата и боењето, туку за цел еден процес. Имено, за да може целосно да се заврши една пештера, потребни се неколку дена. Обично најпрвин одвојуваме денови за оформување на пештерата, па потоа за боење, за изработка на иконите и на крај за украсување, раскажува сестра Филотеја.

Рачно изработени божикни пештери за поголема божикна магија во секој дом

Цените на божикните пештери се симболични и различни, а за нив има побарувачка.

Пред сè тие го носат благословот од нашиот Старец, епископот антаниски г. Партениј, кој многу се потруди за да ја продолжи замрената традиција на употреба на пештерите во предбожикните манифестации. Освен тоа, пештерите се изработуваат во атмосфера на постојана монашка молитва и благочестивиот дух на сите оние кои ни помагаат. Во пештерите се вгнездува духот на светиот Победоносец Георгиј и божикната радост на сестрите, па пристигнувајќи кај купувачите, тие го населуваат благословот и во нивниот дом, посочува сестра Филотеја.

Додава дека луѓето неретко знаат, освен да земат за себе, да подарат божикна пештера и на некој бизок.

Фала му на Бога, иако божикните пештери веќе неколку години се изработуваат и продаваат кај нас, сè уште има побарувачка за нив. Луѓето често знаат, покрај за себе, да си набават пештера и како подарок за да израдуваат некого. Цените се симболични и различни, бидејќи има стандардна големина на пештери, но и други поголеми според потребата и намената, велат сестрите кои речиси една деценија рачно ги изработуваат овие божикни пештери.

Манастирот во село Рајчица, посветен на св. Георгиј Победоносец, бил толку прекрасен и убав што го нарекувале и „Дворецот на св. Георгиј“. Во минатото, овој манастир функционирал како економски дел на Бигорскиот манастир, поточно бил негов составен дел, а за богатството на манастирот говори и податокот дека на местото на денешното Дебарско Езеро порано имало река и пат и манастирот всушност бил издигнат над патот, а надолу под него се простирале големи насади со лозја.

Божик или Рождество Христово – Денот на Христовото раѓање според христијанската традиција е втор најголем празник во христијанството, по Велигден. Црквите кои го користат грегоријанскиот календар, вклучувајќи ги сите католички, протестантски и повеќето православни цркви, го прославуваат на 25 декември. Црквите кои го користат јулијанскиот календар, вклучувајќи ја и Македонската православна црква, го прославуваат Божик на 7 јануари.

Извор: МИА/Симона Србиноска

The post Уникатните божиќни пештери кои секоја година ги прават вештите раце на монахињите од Рајчки манастир appeared first on Република.

]]>

Опколен со живописна природа и воодушевувачки поглед кон Дебарското Езеро, манастирот „Св. Георгиј Победоносец“, познат уште како Рајчки манастир изобилува со духовен мир. Храмот е изграден во вид на еднокорабна црква, зацврстена со пилистари во централниот дел од каде се издигнува кубе со осмострана купола. Во манастирот се влегува низ голема двокрилна дрвена врата со тешки железни опкови. Тука, монахињите со своите вешти раце изработуваат уникатни божикни пештери. Овие божикни пештери, како што раскажуваат монахињите во разговор за МИА, имаат богата историја зад себе.
Божикната радост насекаде во светот се изразува на разни начини. Нашите предци, пеејќи ги божикните песни наречени „каланди“, насекаде го објавувале Рождеството Христово. Некаде се изработувало украсено бротче, кое ја претставувало црквата Христова и со него се одело од дом во дом, каде децата биле дарувани со различни дарови од домаќините, на други места Христовото рождество се објавувало со ѕвезда, која ја означувала Витлеемската ѕвезда што ги водела тројцата мудреци до Богомладенецот, обичај кој и денеска е запазен во Крушево, а во Струга, пак, се носела и пештера и ѕвезда, раскажува сестра Ефимија.
Во разговор за МИА, сестра Ефимија вели дека најмладите, со помош на повозрасните, со особена љубов и радост правеле мала пештера, која ја симболизирала Витлеемската пештера и собрани во дружини ја носеле од куќа во куќа, тропајќи со дрвено чеканче по вратите и со песна на сите им го најавувале Рождеството Христово.
Појавата на божикната пештера и обичаите поврзани со неа се древни и потекнуваат уште од времето на раното христијанство. Божикните пештери зеле силен замав низ христијанскиот свет – и на Исток и на Запад. Кај словенските народи се развиле дури и цели театарски претстави, чија сцена била токму божикната пештера. Пред верниот народ се одвивала Рождественската драма: Раѓањето на Богомладенецот од Дева Марија, поклонувањето на пастирите и мудреците, гневот на Ирод итн. Според истражувањата на етнолозите, познато е дека и во земјава постоела ваква божикна драма, која се изведувала во некои поголеми градови: Скопје, Охрид, Битола, Струга. За постоењето на тоа, потврда наоѓаме во еден нотиран зборник во црквата „Св. Димитрија“ во Скопје, каде што постои драмски текст со наслов „Вертеп“ или „Ѕвезда“, вели сестра Ефимија.
Појаснува дека тоа е процес во којшто пештерите се украсуват со икони на Рождеството, свеќички и кандила. Додава дека возобновената традиција денеска претставува особено голема радост за најмалите.  
Од пред повеќе од една деценија, со огромно залагање од страна на нашиот Старец, епископот антаниски, г. Партениј, прекрасната традиција за изработка на божикни пештери и одењето на децата во поворка со нив на ден Бадник беше возобновена во многу градови од нашата земја. Денес, на наша голема радост, може да се види како многу дечиња, собрани заедно, носат пештери, украсени со икони на Рождеството, свеќички, кандила, вели Ефимија.
Нагласува дека овие божикни манифестации кои во потполност биле христијански, без елементи на паганизам и пренагласена театралност, се јавувале како своевиден израз на длабоката побожност на народот, но притоа во никој случај не ги заменувале богослуженијата, туку само повикувале на литургиско празнување во храмовите. За сестра Филотеја, која исто така е дел од процесот на изработка на овие пештери, изработката претставува процес кој шири радост и исполнетост.
Божикните пештери се една прекрасна рачна изработка. Се прават во неколку етапи и секоја од нив е поразлична од сите други. Има одреден период во годината кога одиме да собереме шишарки, суви цветови и други украсни материјали, бидејќи станува збор не само за формирање на обликот на пештерата и боењето, туку за цел еден процес. Имено, за да може целосно да се заврши една пештера, потребни се неколку дена. Обично најпрвин одвојуваме денови за оформување на пештерата, па потоа за боење, за изработка на иконите и на крај за украсување, раскажува сестра Филотеја.

Рачно изработени божикни пештери за поголема божикна магија во секој дом

Цените на божикните пештери се симболични и различни, а за нив има побарувачка.
Пред сè тие го носат благословот од нашиот Старец, епископот антаниски г. Партениј, кој многу се потруди за да ја продолжи замрената традиција на употреба на пештерите во предбожикните манифестации. Освен тоа, пештерите се изработуваат во атмосфера на постојана монашка молитва и благочестивиот дух на сите оние кои ни помагаат. Во пештерите се вгнездува духот на светиот Победоносец Георгиј и божикната радост на сестрите, па пристигнувајќи кај купувачите, тие го населуваат благословот и во нивниот дом, посочува сестра Филотеја.
Додава дека луѓето неретко знаат, освен да земат за себе, да подарат божикна пештера и на некој бизок.
Фала му на Бога, иако божикните пештери веќе неколку години се изработуваат и продаваат кај нас, сè уште има побарувачка за нив. Луѓето често знаат, покрај за себе, да си набават пештера и како подарок за да израдуваат некого. Цените се симболични и различни, бидејќи има стандардна големина на пештери, но и други поголеми според потребата и намената, велат сестрите кои речиси една деценија рачно ги изработуваат овие божикни пештери.
Манастирот во село Рајчица, посветен на св. Георгиј Победоносец, бил толку прекрасен и убав што го нарекувале и „Дворецот на св. Георгиј“. Во минатото, овој манастир функционирал како економски дел на Бигорскиот манастир, поточно бил негов составен дел, а за богатството на манастирот говори и податокот дека на местото на денешното Дебарско Езеро порано имало река и пат и манастирот всушност бил издигнат над патот, а надолу под него се простирале големи насади со лозја. Божик или Рождество Христово – Денот на Христовото раѓање според христијанската традиција е втор најголем празник во христијанството, по Велигден. Црквите кои го користат грегоријанскиот календар, вклучувајќи ги сите католички, протестантски и повеќето православни цркви, го прославуваат на 25 декември. Црквите кои го користат јулијанскиот календар, вклучувајќи ја и Македонската православна црква, го прославуваат Божик на 7 јануари. Извор: МИА/Симона Србиноска

The post Уникатните божиќни пештери кои секоја година ги прават вештите раце на монахињите од Рајчки манастир appeared first on Република.

]]>
Ќе Му ставиш име Исус, што значи Спасител, бидејќи Он ќе го спаси народот https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/ke-mu-stavish-ime-isus-shto-znachi-spasitel-bidejki-on-ke-go-spasi-narodot/ Sat, 07 Jan 2023 08:22:33 +0000 https://republika.mk/?p=594332

Денеска е Божик за христијаните кои се придржуваат на Јулијанскиот календар, а тоа се припадниците на МПЦ-ОА, Српската, Руската, Грузиската, Вселенската, Ерусалимската, Антиохиската и Александриската патријаршија. Божик е ден кога христијаните го одбележуваат раѓањето на Спасителот – синот Божји Исус Христос.

Овој датум првпат се споменува како празник во 336 година, во еден римски календар. До 16 век сите христијани Божик го славеле истиот ден, а по 1582 година со прифаќањето на Грегоријанскиот календар од страна на Ватикан, се појавиле разлики. Првите векови во православните и протестантските земји се држеле според стариот календар, кој подоцна постапно се менувал.

На Божик, православните Македонци се поздравуваат со зборовите „Христос се роди“, на што одговараат со „Вистина се роди“.

Кого и што славиме на Божик?

На Божик се сеќаваме на Христовото раѓање. Го славиме Господа Исуса Христа. Го славиме Неговиот роденден.

Бог постанал човек. Бог дошол на земјава. Христос е Син Божји Којшто е роден како човек од Дева Марија. Он е во сè еднаков со нас луѓето, освен во гревот – нема грев, безгрешен е.

Каде се родил Исус и зошто?

Една ноќ, во градот Витлеем – во пештера, се родил Господ Исус Христос.
Он е Спасител.  Дошол за да нè спаси. Дошол за да можеме ние да бидеме како Него во своите животи. Да бидеме добри, како што е добар Бог – добри секогаш, со секого и секаде.

Раѓањето на Господ Исус Христос

Богородица живеела со Јосиф во Назарет. Таа година, дошла наредба од римскиот цар Август да се изврши попис на населението. Според законот за пописот, требало секој да отиде во родното место на неговите родители и дедовци, од каде што потекнувал, и таму да се попише. Потеклото на Јосиф и Марија било од Витлеем, од родното место на царот Давид, бидејќи и тие биле од неговиот род.

Уште во Назарет Јосиф знаел дека Марија ќе постане мајка. Нему му се јавил ангел Господов и му кажал дека зачнатото во неа е од Светиот Дух. Му го кажал и тоа дека таа ќе роди Син и му рекол: – Ќе Му ставиш име Исус, што значи Спасител, бидејќи Он ќе го спаси народот.

Сето тоа било предвидено и претскажано со векови порано. Во Библијата било запишано тоа што го рекол пророкот Исаија и се исполнило. А тој рекол: И ете, девица ќе зачне во утробата своја и ќе роди Син, и ќе Го наречат Емануил – што значи: со нас е Бог!

Тие тргнале кон Витлеем. Патот бил долг и тежок. Многуброен народ одел кон царскиот град – кон градот Давидов. Кога стигнале таму, веќе немало место каде да ноќеваат. Затоа се сместиле во една пештера, близу до градот. Таму пастирите, во невреме, ги засолнувале своите стада.

Во таа ноќ се случил најзначајниот настан во животот на човештвото. Таа света ноќ, пресветата Дева Марија Го роди Богочовекот, Спасителот на светот, Го роди Христа Господа. Таму, в пештера, Го роди Богомладенецот. Самата Го пови и Го стави во јаслите, како во лулка. А таму се става храната – слама или сено, за да се нахранат кравата, магаренцето, јагнето. Синот Божји не се роди во царска палата, туку во пештера.

Кој прв ја дозна веста за раѓањето?

Пораката до пастирите ја открива важноста на Христовото раѓање за сите луѓе

Ноќта таму, на падините крај пештерата, пастирите ги чувале своите стада. Наеднаш, ги осветлила силна небесна светлина и ангел Божји им рекол: Ви соопштувам голема радост, која ќе биде за сите луѓе; зашто денеска ви се роди во градот Давидов Спасител, Кој е Христос Господ.

Потоа, веднаш, на небеската бесконечност се појавиле безброј ангели и сите, гласно, како најдобар хор запеале:

Слава на Бога во висините,
а на земјата мир
и меѓу луѓето добра волја!

Во овие три пораки е содржана целата порака за спасение на луѓето:

  1. Слава на Бога во висините, значи: Бог не е од овој свет и не Го барајте Бога меѓу созданијата. Ништо одовде и никого не обожувајте (а до доаѓањето на Христа, луѓето сметале дека се богови некои природни појави, па имале „богови“ животни од сите видови и „богови“ луѓе). Бог е дух и во духовните сфери, во висините. Тој Бог прославувајте Го, а не лажните богови. Имајте вистинска вера во вистинскиот Бог, за да се спасите!
  2. А на земјата мир градете со сите и со сè. Прво, бидете во мир со себеси, внатре имајте мир, бидете смирени, а не вознемирени; а потоа, ширете го тој мир, па бидете во мир и со природата и не се однесувајте како злосторници кон неа, оти од неа живееме; и трето, бидете во мир со луѓето, за да бидете измирени и со Бога и да има мир на земјава.
  3. И тогаш, меѓу луѓето ќе има постојано добра волја – секој секому ќе му прави добро. Тоа е почеток на рајот на земјава. Такво е спасението. Само толку е потребно!

Пастирите – први очевидци и први гости кај Господа

Пастирите, не чекале многу. Светлината ја виделе и гласот го чуле. Разбрале сè. Сè им било јасно. Во нивната пештера се случило најважното чудо Божјо – Бог станал Човек. Бог дошол на земјава, меѓу нас луѓето, за да биде со нас, та и ние да бидеме со Бога.

Пастирите први отишле кај Господа. Отрчале во пештерата и таму Го нашле Спасителот.  Му се поклониле. Тие биле први посетители – првите Негови гости.

Гледате, за Христа не дознале први големите и силните од овој свет, туку безначајните пастири. Зошто? Затоа што тие биле луѓе смирени и кротки, луѓе со добра душа и со чисто срце. Таквите ќе Го видат Бога!

Потоа, тие кажувале на секого и секаде, за тоа што го виделе и чуле.

Истрајноста на мудреците да Го најдат новородениот Спасител.

Но, не биле само пастирите што посакале да Го видат Господа. И други луѓе, од далечни земји, добиле знак за раѓањето на Спасителот на светот, и веднаш тргнале да Го видат Бога.  Од далечниот Исток, пристигнале тројца мудреци коишто на небото забележале нова и многу сјајна ѕвезда. Тие биле многу учени луѓе – мудреци, важни научници и проучувачи на пројавите на земајава и на небото. Луѓе што ги проучувале и ѕвездите на небото. На тој начин дознаеле дека една необична ѕвезда го најавила раѓањето на Спасителот. И не чекале, туку тргнале по ѕвездата, од нивната далечна земја – од Персија и дошле да Му се поклонат на Богомладенецот. Ѕвездата ги водела до таму: таа светела и дење и ноќе и ги довела до пештерата. Тројцата мудреци Му подариле на Господа три дара: злато – како на Цар; ливан (темјан) – како Бог и смирна – како човек, Којшто ќе пострада и ќе умре на крст, заради нас и заради нашето спесение.

Ѕвездата значи дека Христос е светлина на светот. Светлина којашто никогаш нема да престане.

Радост заради Божјата близина

Како што тогаш се радувале пастирите, мудреците и сите луѓе, затоа што се родил Спасителот на светот, така и ние се радуваме секој Бадник и Божик, прославувајќи го Христовото раѓање. Тоа е празник на целото христијанско семејство. На Бадник сите заедно вечераме, а утредента – на Божик, одиме в црква. Најмногу се радуваат децата, со најискрена радост за новороденото Дете – Богомладенецот Христос. И Бог најмногу ги сака децата, бидејќи се најчисти и безгрешни. Затоа рекол дека треба да станеме како деца, за да влеземе во царството небесно, а децата се: добри, незлобиви, радосни, чесни, чисти и полни со љубов. Тоа ја прави голема Божикната радост во семејствата.

Честит Божик и од Бога благословено Новото Лето Господово.

Христос се роди! Вистина се роди!

The post Ќе Му ставиш име Исус, што значи Спасител, бидејќи Он ќе го спаси народот appeared first on Република.

]]>

Денеска е Божик за христијаните кои се придржуваат на Јулијанскиот календар, а тоа се припадниците на МПЦ-ОА, Српската, Руската, Грузиската, Вселенската, Ерусалимската, Антиохиската и Александриската патријаршија. Божик е ден кога христијаните го одбележуваат раѓањето на Спасителот – синот Божји Исус Христос. Овој датум првпат се споменува како празник во 336 година, во еден римски календар. До 16 век сите христијани Божик го славеле истиот ден, а по 1582 година со прифаќањето на Грегоријанскиот календар од страна на Ватикан, се појавиле разлики. Првите векови во православните и протестантските земји се држеле според стариот календар, кој подоцна постапно се менувал. На Божик, православните Македонци се поздравуваат со зборовите „Христос се роди“, на што одговараат со „Вистина се роди“. Кого и што славиме на Божик? На Божик се сеќаваме на Христовото раѓање. Го славиме Господа Исуса Христа. Го славиме Неговиот роденден. Бог постанал човек. Бог дошол на земјава. Христос е Син Божји Којшто е роден како човек од Дева Марија. Он е во сè еднаков со нас луѓето, освен во гревот – нема грев, безгрешен е. Каде се родил Исус и зошто? Една ноќ, во градот Витлеем – во пештера, се родил Господ Исус Христос. Он е Спасител.  Дошол за да нè спаси. Дошол за да можеме ние да бидеме како Него во своите животи. Да бидеме добри, како што е добар Бог – добри секогаш, со секого и секаде.

Раѓањето на Господ Исус Христос

Богородица живеела со Јосиф во Назарет. Таа година, дошла наредба од римскиот цар Август да се изврши попис на населението. Според законот за пописот, требало секој да отиде во родното место на неговите родители и дедовци, од каде што потекнувал, и таму да се попише. Потеклото на Јосиф и Марија било од Витлеем, од родното место на царот Давид, бидејќи и тие биле од неговиот род. Уште во Назарет Јосиф знаел дека Марија ќе постане мајка. Нему му се јавил ангел Господов и му кажал дека зачнатото во неа е од Светиот Дух. Му го кажал и тоа дека таа ќе роди Син и му рекол: – Ќе Му ставиш име Исус, што значи Спасител, бидејќи Он ќе го спаси народот. Сето тоа било предвидено и претскажано со векови порано. Во Библијата било запишано тоа што го рекол пророкот Исаија и се исполнило. А тој рекол: И ете, девица ќе зачне во утробата своја и ќе роди Син, и ќе Го наречат Емануил – што значи: со нас е Бог! Тие тргнале кон Витлеем. Патот бил долг и тежок. Многуброен народ одел кон царскиот град – кон градот Давидов. Кога стигнале таму, веќе немало место каде да ноќеваат. Затоа се сместиле во една пештера, близу до градот. Таму пастирите, во невреме, ги засолнувале своите стада. Во таа ноќ се случил најзначајниот настан во животот на човештвото. Таа света ноќ, пресветата Дева Марија Го роди Богочовекот, Спасителот на светот, Го роди Христа Господа. Таму, в пештера, Го роди Богомладенецот. Самата Го пови и Го стави во јаслите, како во лулка. А таму се става храната – слама или сено, за да се нахранат кравата, магаренцето, јагнето. Синот Божји не се роди во царска палата, туку во пештера. Кој прв ја дозна веста за раѓањето? Пораката до пастирите ја открива важноста на Христовото раѓање за сите луѓе Ноќта таму, на падините крај пештерата, пастирите ги чувале своите стада. Наеднаш, ги осветлила силна небесна светлина и ангел Божји им рекол: Ви соопштувам голема радост, која ќе биде за сите луѓе; зашто денеска ви се роди во градот Давидов Спасител, Кој е Христос Господ. Потоа, веднаш, на небеската бесконечност се појавиле безброј ангели и сите, гласно, како најдобар хор запеале: Слава на Бога во висините, а на земјата мир и меѓу луѓето добра волја! Во овие три пораки е содржана целата порака за спасение на луѓето:
  1. Слава на Бога во висините, значи: Бог не е од овој свет и не Го барајте Бога меѓу созданијата. Ништо одовде и никого не обожувајте (а до доаѓањето на Христа, луѓето сметале дека се богови некои природни појави, па имале „богови“ животни од сите видови и „богови“ луѓе). Бог е дух и во духовните сфери, во висините. Тој Бог прославувајте Го, а не лажните богови. Имајте вистинска вера во вистинскиот Бог, за да се спасите!
  2. А на земјата мир градете со сите и со сè. Прво, бидете во мир со себеси, внатре имајте мир, бидете смирени, а не вознемирени; а потоа, ширете го тој мир, па бидете во мир и со природата и не се однесувајте како злосторници кон неа, оти од неа живееме; и трето, бидете во мир со луѓето, за да бидете измирени и со Бога и да има мир на земјава.
  3. И тогаш, меѓу луѓето ќе има постојано добра волја – секој секому ќе му прави добро. Тоа е почеток на рајот на земјава. Такво е спасението. Само толку е потребно!

Пастирите – први очевидци и први гости кај Господа

Пастирите, не чекале многу. Светлината ја виделе и гласот го чуле. Разбрале сè. Сè им било јасно. Во нивната пештера се случило најважното чудо Божјо – Бог станал Човек. Бог дошол на земјава, меѓу нас луѓето, за да биде со нас, та и ние да бидеме со Бога. Пастирите први отишле кај Господа. Отрчале во пештерата и таму Го нашле Спасителот.  Му се поклониле. Тие биле први посетители – првите Негови гости. Гледате, за Христа не дознале први големите и силните од овој свет, туку безначајните пастири. Зошто? Затоа што тие биле луѓе смирени и кротки, луѓе со добра душа и со чисто срце. Таквите ќе Го видат Бога! Потоа, тие кажувале на секого и секаде, за тоа што го виделе и чуле. Истрајноста на мудреците да Го најдат новородениот Спасител. Но, не биле само пастирите што посакале да Го видат Господа. И други луѓе, од далечни земји, добиле знак за раѓањето на Спасителот на светот, и веднаш тргнале да Го видат Бога.  Од далечниот Исток, пристигнале тројца мудреци коишто на небото забележале нова и многу сјајна ѕвезда. Тие биле многу учени луѓе – мудреци, важни научници и проучувачи на пројавите на земајава и на небото. Луѓе што ги проучувале и ѕвездите на небото. На тој начин дознаеле дека една необична ѕвезда го најавила раѓањето на Спасителот. И не чекале, туку тргнале по ѕвездата, од нивната далечна земја – од Персија и дошле да Му се поклонат на Богомладенецот. Ѕвездата ги водела до таму: таа светела и дење и ноќе и ги довела до пештерата. Тројцата мудреци Му подариле на Господа три дара: злато – како на Цар; ливан (темјан) – како Бог и смирна – како човек, Којшто ќе пострада и ќе умре на крст, заради нас и заради нашето спесение. Ѕвездата значи дека Христос е светлина на светот. Светлина којашто никогаш нема да престане.

Радост заради Божјата близина

Како што тогаш се радувале пастирите, мудреците и сите луѓе, затоа што се родил Спасителот на светот, така и ние се радуваме секој Бадник и Божик, прославувајќи го Христовото раѓање. Тоа е празник на целото христијанско семејство. На Бадник сите заедно вечераме, а утредента – на Божик, одиме в црква. Најмногу се радуваат децата, со најискрена радост за новороденото Дете – Богомладенецот Христос. И Бог најмногу ги сака децата, бидејќи се најчисти и безгрешни. Затоа рекол дека треба да станеме како деца, за да влеземе во царството небесно, а децата се: добри, незлобиви, радосни, чесни, чисти и полни со љубов. Тоа ја прави голема Божикната радост во семејствата. Честит Божик и од Бога благословено Новото Лето Господово. Христос се роди! Вистина се роди!

The post Ќе Му ставиш име Исус, што значи Спасител, бидејќи Он ќе го спаси народот appeared first on Република.

]]>
На Божик првиот гостин треба да ви биде дете, свеќата што се пали да е од чист восок https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/na-bozhik-prviot-gostin-treba-da-vi-bide-dete-svekata-shto-se-pali-da-e-od-chist-vosok/ Wed, 04 Jan 2023 15:40:30 +0000 https://republika.mk/?p=593649

На Бадник, денот пред Божиќ започнува божикното славење. Рано наутро се зема бадниково гранче и се пали оган. Жените во куќите месат колачи и торти и ја подготвуваат трпезата за Божиќ. Погледнете што означуваат дел од обичаите и симболите што се подготвуваат за овој верски празник:

1. Сламата во домовите ги симболизира јаслите во коишто е оставено божјото новородено дете.

2. Парите во сламата го симболизираат златото со коешто е даруван Исус.

3. Оревите во сламата и во аглите на собите покажуваат дека Бог владее над сите четири страни на светот.

4. Кадењето на домот со темјан го симболизира мирот.

5. Погачата се крши и го симболизира самиот Исус Христос којшто за себе рекол: „Јас сум жив леб (леб на животот) којшто се симнува од небото; кој ќе јаде од овој леб ќе живее засекогаш; и леб којшто ќе му го дадам на светот“.

6. Рибата е симбол на Синот Божји. На грчки јазик, преку којшто нашите предци го примиле христијанството, риба е „ihtis“, што е склоп од иницијалите на Исус Христос. Затоа, на почетокот на христијанството рибата била знак за распознавање на христијаните.

7. Солта е симбол на силата и божјите благодати, којашто го чува божјото дело, како што лебот и рибата ги чува од мувла и гниење.

8. Медот е производ од најчистите суштества под небото – пчелите. Тој ја симболизира сладоста на вечниот живот под божјата заштита.

9. Виното ја претставува крвта на Спасителот којашто ја дал како откуп за спасување на човечките гревови.

10. Свеќата којашто се пали на Бадник и Божиќ треба да е од чист восок. Таа со својата светлина го претставува Божеството коешто е без почеток и крај.

11. Првиот гостин на самиот ден на Божиќ најчесто треба да биде дете, затоа што Спасителот велел: „Кој ќе го прими детето во мое име, ме прима мене“. Затоа првиот гостин се прима како самиот Господ којшто со своето раѓање во сите домови носи мир и добра волја.

12. Бадниковото лепче се меси во чест на Исус Христос. Сребрените или златните парички се симбол на златото со коешто е дарувано Божјото новороденче. Лепчето се крши во рацете, а членот на семејството којшто ќе ја најде паричката ќе има бериќет во текот на годината.

The post На Божик првиот гостин треба да ви биде дете, свеќата што се пали да е од чист восок appeared first on Република.

]]>

На Бадник, денот пред Божиќ започнува божикното славење. Рано наутро се зема бадниково гранче и се пали оган. Жените во куќите месат колачи и торти и ја подготвуваат трпезата за Божиќ. Погледнете што означуваат дел од обичаите и симболите што се подготвуваат за овој верски празник: 1. Сламата во домовите ги симболизира јаслите во коишто е оставено божјото новородено дете. 2. Парите во сламата го симболизираат златото со коешто е даруван Исус. 3. Оревите во сламата и во аглите на собите покажуваат дека Бог владее над сите четири страни на светот. 4. Кадењето на домот со темјан го симболизира мирот. 5. Погачата се крши и го симболизира самиот Исус Христос којшто за себе рекол: „Јас сум жив леб (леб на животот) којшто се симнува од небото; кој ќе јаде од овој леб ќе живее засекогаш; и леб којшто ќе му го дадам на светот“. 6. Рибата е симбол на Синот Божји. На грчки јазик, преку којшто нашите предци го примиле христијанството, риба е „ihtis“, што е склоп од иницијалите на Исус Христос. Затоа, на почетокот на христијанството рибата била знак за распознавање на христијаните. 7. Солта е симбол на силата и божјите благодати, којашто го чува божјото дело, како што лебот и рибата ги чува од мувла и гниење. 8. Медот е производ од најчистите суштества под небото – пчелите. Тој ја симболизира сладоста на вечниот живот под божјата заштита. 9. Виното ја претставува крвта на Спасителот којашто ја дал како откуп за спасување на човечките гревови. 10. Свеќата којашто се пали на Бадник и Божиќ треба да е од чист восок. Таа со својата светлина го претставува Божеството коешто е без почеток и крај. 11. Првиот гостин на самиот ден на Божиќ најчесто треба да биде дете, затоа што Спасителот велел: „Кој ќе го прими детето во мое име, ме прима мене“. Затоа првиот гостин се прима како самиот Господ којшто со своето раѓање во сите домови носи мир и добра волја. 12. Бадниковото лепче се меси во чест на Исус Христос. Сребрените или златните парички се симбол на златото со коешто е дарувано Божјото новороденче. Лепчето се крши во рацете, а членот на семејството којшто ќе ја најде паричката ќе има бериќет во текот на годината.

The post На Божик првиот гостин треба да ви биде дете, свеќата што се пали да е од чист восок appeared first on Република.

]]>
Празните столови и чинии на празничната трпеза https://arhiva3.republika.mk/kolumni/praznitte-stolovi-i-chinii-na-praznichnata-trpeza/ Thu, 29 Dec 2022 20:07:48 +0000 https://republika.mk/?p=591633

Ламбе Арнаудов

Наближуваат весели празнични денови полни со радост и искрени желби за здравје, среќа и бериќет, но и заедничко семејно одбележување на Рождеството Исусово Божиќ што најторжествено се слави во кругот на најблиското семејство.

Новогодишната и Божикна кошничка благодарејќи на овие дилетанти и апаши од власта, граѓаните и верниците кои најмногу го слават Бога, чинам најскромно ќе ги поминат овие светли денови, но нивната внедрена духовност и чествување на празниците ќе им ги разгали срцата и осветли душата и ќе бидат многу, многу посреќни од, на овој голем ден таканаречените верници егзибиционисти.

Но нешто друго ми беше зборот. Не можам, а да не се присетам на празните столови и чинии на празничните трпези, на кои и оваа година ќе фалат главите на семејствата, онеправдани од човек-нечовек, домаќините кои веќе шест години не ја почувствувале топлината на домот, љубовта на семејството и празничната атмосфера на заедничката трпеза исто толку време, докрај непотполна.

Фали главата на семејството без никаква причина и вина, освен што премногу ја сакале својата татковина и го бранеле Уставниот поредок на Република МАКЕДОНИЈА.

Во тоа време, еден СЛАБАК – мизерија од човек, предавник, кривоплатеник и арамбаша кој со своите зулумќари, жеден за власт и неограничена моќ си стави на врат ѓаволов печат, ги погази сите човекови вредности, се вооружи со лакомост, гордост, завист и над сé со самољубие и со одмаздничка еруптивна суровост, удри на Уставобранителите, нивните семејства, истомисленици и до темел ја разорна македонската држава, го понижи својот народ, го разнебити идентитетот на родот свој.

Принуди кукавици кокошкари и награди среброљупци, ги собра во својата ОРДА на беззаконие и врз грбот на овие големи синови на МАКЕДОНИЈА – УСТАВОБРАНИТЕЛИ го разурна и опустоши македонското општество и го претвори во феуд со кој уште владее преку своите од него назначени вазали и послушници.

Почитувани јунаци УСТАВОБРАНИТЕЛИ, НИЕ вашите сострадалници ви порачуваме: Доаѓа време на праведност и правда. Доаѓа време на израмнување на сметките. Многу скоро ќе бидете со своите најмили, вашите бебиња кои сега се првоодделенци, основците сегашни тинејџери, со вашите родители со понекоја повеќе брчка на челата и побелени влакна од жал, чемер и јад за своите чеда јунаци што ги нагризуваат вашите страдни и напатени срца и души.

Доаѓа време кога друг многу почесен човек, вреден и достоен ќе ги подели картите.
Асовите, најсилните карти ќе ги подели на најважните, највредните со ист генетски код патриотски како вашиот, а тоа е НАРОДОТ.

НАРОДОТ секогаш знае што да направи за себе и кому да му додели довербата.
Ваквите како овие досега, никогаш повеќе нема да ги гледате на политичкото небо што заради нивната неспособност е темно, но не толку да не може да се види ѕвездата која ќе го осветли патот на вистината и убавината.

Сепак, порачувам до сите вие, сегашниот и поранешен премиер, претседател на МАКЕДОНИЈА, јавни обвинители, судии, лажни сведоци и сведоци соработници, полициски службеници вовлечени во оваа гнасна игра и министри: Имате последна шанса да исперете голем дел од вашите ГРЕВОВИ кон народот, татковината и пред сé кон овие страдалници на чии семејства и лично ним им одзедовте НЕПРАВЕДНО огромен и најсладок дел од животот што им го дарил ГОСПОД правејќи се поголеми од НЕГО.

ОСЛОБОДЕТЕ ГИ!

Да се симне проклетството што заради вас клетници нé снајде сите, во прв ред, вашите невини жртви.

Зошто ако не се покаете, нема ни прошка. Тогаш сé останува отворено и во знак на универзалната, глобална изрека која сликовито ја објаснува ВИСТИНАТА.
НЕ ПРАВИ ЗА ДА НЕ НАЈДЕШ!

The post Празните столови и чинии на празничната трпеза appeared first on Република.

]]>

Ламбе Арнаудов

Наближуваат весели празнични денови полни со радост и искрени желби за здравје, среќа и бериќет, но и заедничко семејно одбележување на Рождеството Исусово Божиќ што најторжествено се слави во кругот на најблиското семејство. Новогодишната и Божикна кошничка благодарејќи на овие дилетанти и апаши од власта, граѓаните и верниците кои најмногу го слават Бога, чинам најскромно ќе ги поминат овие светли денови, но нивната внедрена духовност и чествување на празниците ќе им ги разгали срцата и осветли душата и ќе бидат многу, многу посреќни од, на овој голем ден таканаречените верници егзибиционисти. Но нешто друго ми беше зборот. Не можам, а да не се присетам на празните столови и чинии на празничните трпези, на кои и оваа година ќе фалат главите на семејствата, онеправдани од човек-нечовек, домаќините кои веќе шест години не ја почувствувале топлината на домот, љубовта на семејството и празничната атмосфера на заедничката трпеза исто толку време, докрај непотполна. Фали главата на семејството без никаква причина и вина, освен што премногу ја сакале својата татковина и го бранеле Уставниот поредок на Република МАКЕДОНИЈА. Во тоа време, еден СЛАБАК – мизерија од човек, предавник, кривоплатеник и арамбаша кој со своите зулумќари, жеден за власт и неограничена моќ си стави на врат ѓаволов печат, ги погази сите човекови вредности, се вооружи со лакомост, гордост, завист и над сé со самољубие и со одмаздничка еруптивна суровост, удри на Уставобранителите, нивните семејства, истомисленици и до темел ја разорна македонската држава, го понижи својот народ, го разнебити идентитетот на родот свој. Принуди кукавици кокошкари и награди среброљупци, ги собра во својата ОРДА на беззаконие и врз грбот на овие големи синови на МАКЕДОНИЈА – УСТАВОБРАНИТЕЛИ го разурна и опустоши македонското општество и го претвори во феуд со кој уште владее преку своите од него назначени вазали и послушници. Почитувани јунаци УСТАВОБРАНИТЕЛИ, НИЕ вашите сострадалници ви порачуваме: Доаѓа време на праведност и правда. Доаѓа време на израмнување на сметките. Многу скоро ќе бидете со своите најмили, вашите бебиња кои сега се првоодделенци, основците сегашни тинејџери, со вашите родители со понекоја повеќе брчка на челата и побелени влакна од жал, чемер и јад за своите чеда јунаци што ги нагризуваат вашите страдни и напатени срца и души. Доаѓа време кога друг многу почесен човек, вреден и достоен ќе ги подели картите. Асовите, најсилните карти ќе ги подели на најважните, највредните со ист генетски код патриотски како вашиот, а тоа е НАРОДОТ. НАРОДОТ секогаш знае што да направи за себе и кому да му додели довербата. Ваквите како овие досега, никогаш повеќе нема да ги гледате на политичкото небо што заради нивната неспособност е темно, но не толку да не може да се види ѕвездата која ќе го осветли патот на вистината и убавината. Сепак, порачувам до сите вие, сегашниот и поранешен премиер, претседател на МАКЕДОНИЈА, јавни обвинители, судии, лажни сведоци и сведоци соработници, полициски службеници вовлечени во оваа гнасна игра и министри: Имате последна шанса да исперете голем дел од вашите ГРЕВОВИ кон народот, татковината и пред сé кон овие страдалници на чии семејства и лично ним им одзедовте НЕПРАВЕДНО огромен и најсладок дел од животот што им го дарил ГОСПОД правејќи се поголеми од НЕГО. ОСЛОБОДЕТЕ ГИ! Да се симне проклетството што заради вас клетници нé снајде сите, во прв ред, вашите невини жртви. Зошто ако не се покаете, нема ни прошка. Тогаш сé останува отворено и во знак на универзалната, глобална изрека која сликовито ја објаснува ВИСТИНАТА. НЕ ПРАВИ ЗА ДА НЕ НАЈДЕШ!

The post Празните столови и чинии на празничната трпеза appeared first on Република.

]]>
Божиќниот ручек во Грција двојно поскап https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/bozikjnit-ruchek-vo-grcija-dvojno-poskap/ Sun, 25 Dec 2022 14:11:09 +0000 https://republika.mk/?p=589718

Инфлација и зголемувањето на цените, оваа година донесе и поскапа божиќна трпеза во Грција, меѓутоа се чини дека тоа не им го расипа претпразничното расположение на Грците, со оглед на тоа што во изминатите денови ги преплавија улиците во Атина, подготвувајќи се за празниците.

Некои купуваат подароци за најблиските, други ја подготвуваат божиќната трпеза, трети, едноставно излегле да се прошетаат во грчката метропола и да се фотографираат со елката.

Граѓаните со кои поразговара дописничката на МИА од Атина, велат дека некои традиции за Божиќ и Нова година не се менуваат, па дури и инфлацијата да стигне до 30 отсто.

-Купувам подароци за најблиските, традиционално го правам ова секоја година, сега се разбира, гледам да земам нешто поевтино, меѓутоа поклони од мене, секако ќе добијат, вели млада Гркинка.

-Се е поскапено, па дури и основните прехранбени продукти, но што да правиме, по две години пандемија и карантини, сакаме сега да славиме, да внесеме малку радост и празнично расположение во нашите домови, вели повозрасен Грк.

Според процените на Институт за трговија и услуги на Грчката конфедерација за трговија и претприемништво, божиќната трпеза оваа година е од 11,6 до 12,1 отсто поскапа од лани и се движи меѓу 92,55 и 127,07 евра за шест до осум лица.

Од почетокот на месецов, централниот плоштад Синтагма во Атина е украсен со 21 -метарска елка со стотици лампиони и над 40.000 светилки во должина од пет километри.

По пауза од две години поради пандемијата вчера пред зградата на општина Атина се одржа божиќната манифестација „Ноќ на желбите“, а плоштадот се исполни со хартиени фенери што беа пуштени во воздух.

Лани, поради зголемениот број случаи на Ковид-19, општина Атина во последен момент го откажа настанот.

The post Божиќниот ручек во Грција двојно поскап appeared first on Република.

]]>

Инфлација и зголемувањето на цените, оваа година донесе и поскапа божиќна трпеза во Грција, меѓутоа се чини дека тоа не им го расипа претпразничното расположение на Грците, со оглед на тоа што во изминатите денови ги преплавија улиците во Атина, подготвувајќи се за празниците. Некои купуваат подароци за најблиските, други ја подготвуваат божиќната трпеза, трети, едноставно излегле да се прошетаат во грчката метропола и да се фотографираат со елката. Граѓаните со кои поразговара дописничката на МИА од Атина, велат дека некои традиции за Божиќ и Нова година не се менуваат, па дури и инфлацијата да стигне до 30 отсто. -Купувам подароци за најблиските, традиционално го правам ова секоја година, сега се разбира, гледам да земам нешто поевтино, меѓутоа поклони од мене, секако ќе добијат, вели млада Гркинка. -Се е поскапено, па дури и основните прехранбени продукти, но што да правиме, по две години пандемија и карантини, сакаме сега да славиме, да внесеме малку радост и празнично расположение во нашите домови, вели повозрасен Грк. Според процените на Институт за трговија и услуги на Грчката конфедерација за трговија и претприемништво, божиќната трпеза оваа година е од 11,6 до 12,1 отсто поскапа од лани и се движи меѓу 92,55 и 127,07 евра за шест до осум лица. Од почетокот на месецов, централниот плоштад Синтагма во Атина е украсен со 21 -метарска елка со стотици лампиони и над 40.000 светилки во должина од пет километри. По пауза од две години поради пандемијата вчера пред зградата на општина Атина се одржа божиќната манифестација „Ноќ на желбите“, а плоштадот се исполни со хартиени фенери што беа пуштени во воздух. Лани, поради зголемениот број случаи на Ковид-19, општина Атина во последен момент го откажа настанот.

The post Божиќниот ручек во Грција двојно поскап appeared first on Република.

]]>
Католиците, протестантите и дел од православните верници го чествуваат Божик https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/katolicite-protestantite-i-del-od-pravoslavnite-vernici-go-chestvuvaat-bozik/ Sun, 25 Dec 2022 07:59:40 +0000 https://republika.mk/?p=589627

Католичките и протестантските верници и дел од православните христијани, кои се водат според грегоријанскиот календар, денеска го одбележуваат Раѓањето Христово – Божик.

Божик денеска го слават и Вселенската патријаршија и православните цркви во Грција, Бугарија, Романија, Украина и Грузија, кои го прифатија грегоријанскиот календар. Преостанатиот православен свет, кој се води според јулијанскиот календар, меѓу кои и Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Српската православна црква, Московската и Ерусалимската патријаршија, како и дел од монасите на Света Гора, Божик ќе го одбележат на 7 јануари.

Во божиќна порака скопскиот бискуп и струмичко-скопски епарх, монсињор Киро Стојанов, нагласи дека верува оти во оваа време би било утешно за сите нас да слушнеме повик на многу народи да тргнат по патот на мирот, дури и ако тие би можеле да произлезат од устата на оние кои го држат оружјето на моќта во своите раце.

На почетокот на Адвентот во западната литургија го слушавме пророкот Исаија, кој пред себе има видение за многу племиња и народи кои се наоѓаат на патот на поклонение кон Сион, гората на домот Господов. Сите се согласуваат и меѓусебно се повикуваат да се искачат на гората Господова во домот на Богот Јаковов; каде што Бог „ќе ги научи на Своите патишта“ и каде што ќе одат „по патеките Негови!“ Патиштата Божји се патишта на мирот. „Тој ќе биде судија на народите, ќе изобличи многу племиња; ќе ги прековаат мечевите свои во плугови, а копјата свои во српови. Народ против народ нема да крене меч и нема повеќе да се учат на војна. О, доме Јаковов! Дојдете, да одиме во Господовата светлина!“ (сп. Исаија 2,2-5), истакна бискупот Стојанов во пораката.

Тој додаде дека во денешно време ваквите тонови се сè помалку и помалку и иако можеби ги има, тие се толку слаби што едвај може да се слушнат, а сведоци сме дека моќниците на светот сѐ повеќе се однесуваат како лоши господари над оваа кревка планета измачена од многу војни и немири.

Вистина, има луѓе кои се миротворци кои со сиот глас викаат за мир, кои копнеат и се молат, ниту еден народ никогаш да не крене меч против друг народ и никогаш повеќе да не се учат да војуваат, но нивниот крик или не може да навлезе во вревата на убиствените оружја или тие се толку малку што тешко се слушаат, додаде Стојанов.

Тој натаму нагласи дека во ова предбожиќно време „кога се подготвуваме да го прославиме дарот на големото милосрдие на нашиот Бог со кое нè посети младото Сонце од висините, кое дојде да им блесне на оние што седат во темнина и сенка смртна и да ги упати нозете наши на патот на мирот“, пред нашите очи се одвива нешто сосема друго, настани кои папата Франциск ги означи како „трета светска војна во делови“.

– Не можеме да останеме смирени додека ја набљудуваме страшната војна што се случува на нашиот праг, на оваа стара европска почва, каде што браќа удрија на браќа, мислам на Украина, но и на настаните што нè засегаат сите. Пред нашите очи е страдањето на луѓето, цивилите, жените, децата, старите и болните, чии слики и плач влегуваат во нашите домови преку медиумите, насекаде уништување и стенкање меѓу урнатините, а сето тоа носи одреден немир. Ова страдање на нашите ближни нѐ поттикнува да бидеме сериозни и кај нас буди страв од натамошна ескалација на конфликтот на светско ниво. Како да не се сочувствува со оние кои среде урнатините на своите градови, пред нивните уништени домови, со насолзени лица и беспомошни очи ги гледаат нивните уништени живеалишта, ги оплакуваат своите мртви, смрзнуваат и гладуваат во тешките и ладни зимски денови бараат некое ќоше каде барем за миг би можеле да се загреат, да почувствуваат топлина и во мир да изедат корка леб, која им преостанала. што сѐ уште им останала. За жал, нема топлина, ниту онаа вистинската да се загреат, ниту онаа човечката која би можела со еден потег да покаже сочувство и да престане да предизвикува уништување и смрт, вели скопскиот бискуп во божиќната порака.

Според него, по двете светски војни од минатиот век и милионите жртви, никој не можеше ни да замисли дека во 21 век војната повторно ќе се врати во Европа и дека решенијата за споровите на народите повторно ќе се решаваат преку нишаните на оружјето.

Но, пред да се случи агресијата врз меѓународно призната држава семето на злото беше посеано многу порано, најпрво тлееше во некои глави како основа, а потоа следуваше ескалација на употребата на воените средства кои одземаат човечки животи, создаваат реки бегалци и уништувања. Секаков вид употреба на оружје е за осуда, секое ново прекројување на границите во Европа отвора вртлог, во кој може да бидат вовлечени и други земји, а со тоа дипломатскиот пат за решение станува уште потежок, нагласи монсињор Стојанов.

Тој потенцира дека учесниците во војна не можеме да ги делиме на лоши и добри, туку на оние кои страдаат и оние кои убиваат, потсетувајќи дека папата Франциск постојано ја осудува бруталноста и суровоста на војната, а Црквата постојано била и ќе биде на страната на оние кои најмногу се погодени од воените дејствија – невините жртви.

Ние, христијаните, со надеж и вера ја набљудуваме Божјата величина и се молиме за пројавување на неговата моќ. Тој е нашиот Творец кој го држи секој поединец и сите народи во свои раце и само тој може да ни ги залечи раните и да ни помогне да изградиме мир и да живееме во мир. Луѓето кои ги следат Божјите патишта и ги слушаат неговите упатства знаат дека сите конфликти и сите војни се неприфатливи и треба да бидат забранети. Божјиот мир доаѓа на земјата каде што луѓето го следат Исус и го следат на неговиот пат, каде што работат на меѓусебно разбирање и се откажуваат од секаква омраза и одмазда, каде понекогаш се откажуваат од инсистирањето на правото, кога тоа право ги загрозува другите и им наметнува окови. Мирот Божји доаѓа во светот како Дете, невидлив и беспомошен, но тоа Дете е и знак на нов почеток, истакна Стојанов.

Бискупот додава дека при раѓањето на Исус Христос, кого пророците го објавија како „кнез на мирот“, ангелите со песна му искажаа слава на Бога и објавија мир на луѓето со добра волја.

Тој мир го носиме во нашите срца. Исус ја зеде нашата човечка природа за да нѐ направи учесници во божествената природа. Тој нè ослободува од секакво зло. Го победи злото и гревот, ја победи и самата смрт. Човекот својот вистински мир го наоѓа само во Бога и преку Бога, бидејќи ние сме од Бога и сме создадени за Бога. Секогаш кога се оддалечуваме од Бога, кога грешиме против сопствената совест, кога правиме зло, ние го искривуваме, обезличуваме, се оддалечуваме од Божјиот лик во нас и нè обзема немир кој постојано се зголемува. Драги браќа и сестри, да одиме со вера во пресрет на Исус, Синот Божји, кој како Дете дојде на свет, затоа што сака луѓето да го сакаат, а не да се плашат од него“ (Божји слуга Јосип Штадлер). Тој ќе ни ги залечи раните и ќе ни ги насочи „нозете наши по патот на мирот“. На сите ви посакувам среќен Божиќ и благословена Нова година, нагласи скопскиот бискуп и струмичко-скопски епарх Киро Стојанов во божиќната порака.

The post Католиците, протестантите и дел од православните верници го чествуваат Божик appeared first on Република.

]]>

Католичките и протестантските верници и дел од православните христијани, кои се водат според грегоријанскиот календар, денеска го одбележуваат Раѓањето Христово – Божик. Божик денеска го слават и Вселенската патријаршија и православните цркви во Грција, Бугарија, Романија, Украина и Грузија, кои го прифатија грегоријанскиот календар. Преостанатиот православен свет, кој се води според јулијанскиот календар, меѓу кои и Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Српската православна црква, Московската и Ерусалимската патријаршија, како и дел од монасите на Света Гора, Божик ќе го одбележат на 7 јануари. Во божиќна порака скопскиот бискуп и струмичко-скопски епарх, монсињор Киро Стојанов, нагласи дека верува оти во оваа време би било утешно за сите нас да слушнеме повик на многу народи да тргнат по патот на мирот, дури и ако тие би можеле да произлезат од устата на оние кои го држат оружјето на моќта во своите раце. На почетокот на Адвентот во западната литургија го слушавме пророкот Исаија, кој пред себе има видение за многу племиња и народи кои се наоѓаат на патот на поклонение кон Сион, гората на домот Господов. Сите се согласуваат и меѓусебно се повикуваат да се искачат на гората Господова во домот на Богот Јаковов; каде што Бог „ќе ги научи на Своите патишта“ и каде што ќе одат „по патеките Негови!“ Патиштата Божји се патишта на мирот. „Тој ќе биде судија на народите, ќе изобличи многу племиња; ќе ги прековаат мечевите свои во плугови, а копјата свои во српови. Народ против народ нема да крене меч и нема повеќе да се учат на војна. О, доме Јаковов! Дојдете, да одиме во Господовата светлина!“ (сп. Исаија 2,2-5), истакна бискупот Стојанов во пораката. Тој додаде дека во денешно време ваквите тонови се сè помалку и помалку и иако можеби ги има, тие се толку слаби што едвај може да се слушнат, а сведоци сме дека моќниците на светот сѐ повеќе се однесуваат како лоши господари над оваа кревка планета измачена од многу војни и немири. Вистина, има луѓе кои се миротворци кои со сиот глас викаат за мир, кои копнеат и се молат, ниту еден народ никогаш да не крене меч против друг народ и никогаш повеќе да не се учат да војуваат, но нивниот крик или не може да навлезе во вревата на убиствените оружја или тие се толку малку што тешко се слушаат, додаде Стојанов. Тој натаму нагласи дека во ова предбожиќно време „кога се подготвуваме да го прославиме дарот на големото милосрдие на нашиот Бог со кое нè посети младото Сонце од висините, кое дојде да им блесне на оние што седат во темнина и сенка смртна и да ги упати нозете наши на патот на мирот“, пред нашите очи се одвива нешто сосема друго, настани кои папата Франциск ги означи како „трета светска војна во делови“. – Не можеме да останеме смирени додека ја набљудуваме страшната војна што се случува на нашиот праг, на оваа стара европска почва, каде што браќа удрија на браќа, мислам на Украина, но и на настаните што нè засегаат сите. Пред нашите очи е страдањето на луѓето, цивилите, жените, децата, старите и болните, чии слики и плач влегуваат во нашите домови преку медиумите, насекаде уништување и стенкање меѓу урнатините, а сето тоа носи одреден немир. Ова страдање на нашите ближни нѐ поттикнува да бидеме сериозни и кај нас буди страв од натамошна ескалација на конфликтот на светско ниво. Како да не се сочувствува со оние кои среде урнатините на своите градови, пред нивните уништени домови, со насолзени лица и беспомошни очи ги гледаат нивните уништени живеалишта, ги оплакуваат своите мртви, смрзнуваат и гладуваат во тешките и ладни зимски денови бараат некое ќоше каде барем за миг би можеле да се загреат, да почувствуваат топлина и во мир да изедат корка леб, која им преостанала. што сѐ уште им останала. За жал, нема топлина, ниту онаа вистинската да се загреат, ниту онаа човечката која би можела со еден потег да покаже сочувство и да престане да предизвикува уништување и смрт, вели скопскиот бискуп во божиќната порака. Според него, по двете светски војни од минатиот век и милионите жртви, никој не можеше ни да замисли дека во 21 век војната повторно ќе се врати во Европа и дека решенијата за споровите на народите повторно ќе се решаваат преку нишаните на оружјето. Но, пред да се случи агресијата врз меѓународно призната држава семето на злото беше посеано многу порано, најпрво тлееше во некои глави како основа, а потоа следуваше ескалација на употребата на воените средства кои одземаат човечки животи, создаваат реки бегалци и уништувања. Секаков вид употреба на оружје е за осуда, секое ново прекројување на границите во Европа отвора вртлог, во кој може да бидат вовлечени и други земји, а со тоа дипломатскиот пат за решение станува уште потежок, нагласи монсињор Стојанов. Тој потенцира дека учесниците во војна не можеме да ги делиме на лоши и добри, туку на оние кои страдаат и оние кои убиваат, потсетувајќи дека папата Франциск постојано ја осудува бруталноста и суровоста на војната, а Црквата постојано била и ќе биде на страната на оние кои најмногу се погодени од воените дејствија – невините жртви. Ние, христијаните, со надеж и вера ја набљудуваме Божјата величина и се молиме за пројавување на неговата моќ. Тој е нашиот Творец кој го држи секој поединец и сите народи во свои раце и само тој може да ни ги залечи раните и да ни помогне да изградиме мир и да живееме во мир. Луѓето кои ги следат Божјите патишта и ги слушаат неговите упатства знаат дека сите конфликти и сите војни се неприфатливи и треба да бидат забранети. Божјиот мир доаѓа на земјата каде што луѓето го следат Исус и го следат на неговиот пат, каде што работат на меѓусебно разбирање и се откажуваат од секаква омраза и одмазда, каде понекогаш се откажуваат од инсистирањето на правото, кога тоа право ги загрозува другите и им наметнува окови. Мирот Божји доаѓа во светот како Дете, невидлив и беспомошен, но тоа Дете е и знак на нов почеток, истакна Стојанов. Бискупот додава дека при раѓањето на Исус Христос, кого пророците го објавија како „кнез на мирот“, ангелите со песна му искажаа слава на Бога и објавија мир на луѓето со добра волја. Тој мир го носиме во нашите срца. Исус ја зеде нашата човечка природа за да нѐ направи учесници во божествената природа. Тој нè ослободува од секакво зло. Го победи злото и гревот, ја победи и самата смрт. Човекот својот вистински мир го наоѓа само во Бога и преку Бога, бидејќи ние сме од Бога и сме создадени за Бога. Секогаш кога се оддалечуваме од Бога, кога грешиме против сопствената совест, кога правиме зло, ние го искривуваме, обезличуваме, се оддалечуваме од Божјиот лик во нас и нè обзема немир кој постојано се зголемува. Драги браќа и сестри, да одиме со вера во пресрет на Исус, Синот Божји, кој како Дете дојде на свет, затоа што сака луѓето да го сакаат, а не да се плашат од него“ (Божји слуга Јосип Штадлер). Тој ќе ни ги залечи раните и ќе ни ги насочи „нозете наши по патот на мирот“. На сите ви посакувам среќен Божиќ и благословена Нова година, нагласи скопскиот бискуп и струмичко-скопски епарх Киро Стојанов во божиќната порака.

The post Католиците, протестантите и дел од православните верници го чествуваат Божик appeared first on Република.

]]>
25 декември е неработен ден за католиците во Македонија https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/25-dekemvri-e-neraboten-den-za-katolicite-vo-makedonija/ Fri, 23 Dec 2022 08:22:55 +0000 https://republika.mk/?p=589014

Првиот ден на Божик – 25 декември, согласно Законот за празниците на РМ, е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Воедно, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од католичка вероисповед им го честита празникот Божик.

The post 25 декември е неработен ден за католиците во Македонија appeared first on Република.

]]>

Првиот ден на Божик – 25 декември, согласно Законот за празниците на РМ, е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика. Воедно, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од католичка вероисповед им го честита празникот Божик.

The post 25 декември е неработен ден за католиците во Македонија appeared first on Република.

]]>
Во Солун украсувањето за Божик и Нова година ќе се исклучува во 1 часот по полноќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-solun-ukrasuvanjeto-za-bozik-i-nova-godina-kje-se-iskluchuva-vo-1-chasot-po-polnokj/ Tue, 01 Nov 2022 12:42:18 +0000 https://republika.mk/?p=568294

За божиќните и новогодишните празници, украсувањето и осветлувањето на Солун ќе биде на 7 декември, подоцна од вообичаеното, а светилките ќе се исклучуваат во 1 часот по полноќ со цел да се заштеди енергија, јави дописничката на МИА од Атина.

Градоначалникот на Солун Константинос Зервас за време на општинскиот совет го претставил планот за празниците, посочил дека се преземени мерки за значително намалување на потрошувачката на енергија, но сепак нагласил дека општината во никој случај „нема да го остави градот во мрак, ненакитен и без сјај“.

Со цел да се постигне голема заштеда на енергија за време на празничниот период, Зервас соопштил три конкретни мерки: осветлувањето на празничното украсување на градот ќе биде на 7 декември, а не на крајот на ноември; празничните светилки ќе се гасат во 1 часот по полноќ со помош на специјални паметни системи за осветлување и користење лед светилки.

Дополнително, објаснил дека оваа година потрошувачката на енергија за празничното осветлување на градот ќе биде за 58 отсто помала во однос на 2021 година.

Нашата цел е за време на празничниот период, Солун да го претвориме во дестинација за посетители од Грција и странство. Паралелно да го разубавиме, да ја дадеме онаа празнична атмосфера што му одговара на град со амбиција, оптимизам, на динамичен европски град, рекол Зервас.

 

The post Во Солун украсувањето за Божик и Нова година ќе се исклучува во 1 часот по полноќ appeared first on Република.

]]>

За божиќните и новогодишните празници, украсувањето и осветлувањето на Солун ќе биде на 7 декември, подоцна од вообичаеното, а светилките ќе се исклучуваат во 1 часот по полноќ со цел да се заштеди енергија, јави дописничката на МИА од Атина. Градоначалникот на Солун Константинос Зервас за време на општинскиот совет го претставил планот за празниците, посочил дека се преземени мерки за значително намалување на потрошувачката на енергија, но сепак нагласил дека општината во никој случај „нема да го остави градот во мрак, ненакитен и без сјај“. Со цел да се постигне голема заштеда на енергија за време на празничниот период, Зервас соопштил три конкретни мерки: осветлувањето на празничното украсување на градот ќе биде на 7 декември, а не на крајот на ноември; празничните светилки ќе се гасат во 1 часот по полноќ со помош на специјални паметни системи за осветлување и користење лед светилки. Дополнително, објаснил дека оваа година потрошувачката на енергија за празничното осветлување на градот ќе биде за 58 отсто помала во однос на 2021 година.
Нашата цел е за време на празничниот период, Солун да го претвориме во дестинација за посетители од Грција и странство. Паралелно да го разубавиме, да ја дадеме онаа празнична атмосфера што му одговара на град со амбиција, оптимизам, на динамичен европски град, рекол Зервас.
 

The post Во Солун украсувањето за Божик и Нова година ќе се исклучува во 1 часот по полноќ appeared first on Република.

]]>