бозел Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bozel/ За подобро да се разбереме Mon, 23 May 2022 22:38:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бозел Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bozel/ 32 32 Домашен сируп од бозел: Бабин рецепт за сок со вкус на пролет https://arhiva3.republika.mk/zivot/kujnski-tefter/domashen-sirup-od-bozel-babin-recept-za-sok-so-vkus-na-prolet/ Tue, 24 May 2022 17:35:16 +0000 https://republika.mk/?p=506240

Бозелот е во полн цут и дефинитивно е време да го собереме тој прекрасен мирис и арома за наредните месеци.

Најпопуларните варијанти на консумација на цветови од бозел се во палачинки, сирупи и чаеви, а сирупот се прави и од бобинки кога ќе дозреат.

Затоа извлековме прекрасен домашен рецепт.

Цветовите од бозел се собираат за време на сончевите денови, и тоа само оние кои се целосно расцветени со жолт сладок прав.

Внимавајте каде ќе ги собирате, загадените места и каналите во никој случај не се добра опција, дајте се од себе за да пронајдете незагадени грмушки. Ова е мерка за околу 4 литри сируп.

Ако сакате повеќе или помалку, прилагодете ги соодносите според вашите потреби.

Ова значи дека за 10 цвета ќе користите литар вода, килограм шеќер и еден лимон, или за 100 цвета ќе ви требаат 10 литри вода, 10 кг шеќер и 10 лимони, по можност непрскани.

Исто така, ќе ви треба поголем сад, како и чисти подготвени стаклени шишиња со капаци за складирање.

За полајт варијанти со помалку шеќер, имајте предвид дека шеќерот е природен конзерванс и дека со намалувањето ризикувате подоцна да се расипе сирупот.

СОСТОЈКИ

30 цвета од бозел
3 л вода
40 гр лимонска киселина
3 лимони
3 кг шеќер

ПОДГОТОВКА

1. Потопете ги цветовите во вода со лимонска киселина и исечени лимони со кора на кругови. Добро измешајте и оставете да отстои на ладно и темно место 24 часа.

2. Исцадете ја течноста следниот ден, а потоа додадете го шеќерот и добро измешајте. Оставете да отстои уште 24 часа со повремено мешање.

3. По 48 часа, сирупот е подготвен да се складира и да се чува во стаклени шишиња. На овој начин можете да го чувате до една година на ладно, темно место.

За 4 литри сируп потребни се 50 цветови.

The post Домашен сируп од бозел: Бабин рецепт за сок со вкус на пролет appeared first on Република.

]]>

Бозелот е во полн цут и дефинитивно е време да го собереме тој прекрасен мирис и арома за наредните месеци. Најпопуларните варијанти на консумација на цветови од бозел се во палачинки, сирупи и чаеви, а сирупот се прави и од бобинки кога ќе дозреат. Затоа извлековме прекрасен домашен рецепт. Цветовите од бозел се собираат за време на сончевите денови, и тоа само оние кои се целосно расцветени со жолт сладок прав. Внимавајте каде ќе ги собирате, загадените места и каналите во никој случај не се добра опција, дајте се од себе за да пронајдете незагадени грмушки. Ова е мерка за околу 4 литри сируп. Ако сакате повеќе или помалку, прилагодете ги соодносите според вашите потреби. Ова значи дека за 10 цвета ќе користите литар вода, килограм шеќер и еден лимон, или за 100 цвета ќе ви требаат 10 литри вода, 10 кг шеќер и 10 лимони, по можност непрскани. Исто така, ќе ви треба поголем сад, како и чисти подготвени стаклени шишиња со капаци за складирање. За полајт варијанти со помалку шеќер, имајте предвид дека шеќерот е природен конзерванс и дека со намалувањето ризикувате подоцна да се расипе сирупот. СОСТОЈКИ 30 цвета од бозел 3 л вода 40 гр лимонска киселина 3 лимони 3 кг шеќер ПОДГОТОВКА 1. Потопете ги цветовите во вода со лимонска киселина и исечени лимони со кора на кругови. Добро измешајте и оставете да отстои на ладно и темно место 24 часа. 2. Исцадете ја течноста следниот ден, а потоа додадете го шеќерот и добро измешајте. Оставете да отстои уште 24 часа со повремено мешање. 3. По 48 часа, сирупот е подготвен да се складира и да се чува во стаклени шишиња. На овој начин можете да го чувате до една година на ладно, темно место. За 4 литри сируп потребни се 50 цветови.

The post Домашен сируп од бозел: Бабин рецепт за сок со вкус на пролет appeared first on Република.

]]>