ботокс Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/botoks/ За подобро да се разбереме Mon, 20 Mar 2023 13:13:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ботокс Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/botoks/ 32 32 Шарлот претера со ботоксот https://arhiva3.republika.mk/scena/film/sharlot-pretera-so-botoksot/ Mon, 20 Mar 2023 13:13:50 +0000 https://republika.mk/?p=621587

Сите љубители на легендарната серија „Сексот и градот“ едвај го дочекаа излегувањето на новото продолжение And Just Like That, речиси 25 години по снимањето на првата епизода.

По поделените мислења за првата сезона, моментално се снима втората, а и самата авторка на серијата (која главниот лик Кери Бредшо го базираше на себе) искрено кажа дека повеќе не може да се идентификува со неа.

Некои ја критикуваа полошата мода од очекуваното, други коментираа дека ликовите „станале поглупави“. Исто така, изгледот на главните актерки наиде на многу критики, но сосема неоправдани бидејќи – жените природно стареат. Но, посебен негативен третман доби Кристин Дејвис, која го толкува ликот на Шарлот Јорк, бидејќи била подложена на третмани и побарала помош од естетската хирургија.

“Шарлот има ново лице“, „Шарлот што му направи на лицето“, „Целосно го разбирам притисокот врз жените да изгледаат на одреден начин и веројатно и самата ќе направам пластична операција, но Кристин изгледа како Џокерот од Бетмен“, „Секогаш кога ќе го покажете лицето на Кристин Дејвис, се прашувам колку платила за таква ужасна пластична операција. Порано беше природна убавица“, се само дел од многуте коментари со кои Кристин мораше да се соочи.

Сега папараците повторно ја фотографираа на снимањето на новите епизоди од втората сезона на серијата, а коментарите и понатаму се исти.

Денес оваа 58-годишна актерка попушти под притисокот, иако неколку пати низ годините кажа дека не планира да оди под нож бидејќи се плаши од процедурата, но и од конечните резултати.

“Секој мисли дека може да коментира што сака и да пишува како им се допаѓа или не им се допаѓа нашата коса, нашите лица, што било… Стана толку интензивно што ме стаписа! Лута сум, а не сакам да бидам, па престанав да ги читам коментарите, изјави Кристин Дејвис за критиките кои ги добила по премиерата, додавајќи:

“Секоја недела пишуваа за моето тело во облик на круша, но тоа дефинитивно не беше комплимент. Проблемот со социјалните мрежи е што не знаете ништо за луѓето од другата страна. Тие се таму само за да фрлаат „бомби“ што ќе ве повредат. И тоа ме лути, искрена е актерката.

The post Шарлот претера со ботоксот appeared first on Република.

]]>

Сите љубители на легендарната серија „Сексот и градот“ едвај го дочекаа излегувањето на новото продолжение And Just Like That, речиси 25 години по снимањето на првата епизода. По поделените мислења за првата сезона, моментално се снима втората, а и самата авторка на серијата (која главниот лик Кери Бредшо го базираше на себе) искрено кажа дека повеќе не може да се идентификува со неа. Некои ја критикуваа полошата мода од очекуваното, други коментираа дека ликовите „станале поглупави“. Исто така, изгледот на главните актерки наиде на многу критики, но сосема неоправдани бидејќи – жените природно стареат. Но, посебен негативен третман доби Кристин Дејвис, која го толкува ликот на Шарлот Јорк, бидејќи била подложена на третмани и побарала помош од естетската хирургија. “Шарлот има ново лице“, „Шарлот што му направи на лицето“, „Целосно го разбирам притисокот врз жените да изгледаат на одреден начин и веројатно и самата ќе направам пластична операција, но Кристин изгледа како Џокерот од Бетмен“, „Секогаш кога ќе го покажете лицето на Кристин Дејвис, се прашувам колку платила за таква ужасна пластична операција. Порано беше природна убавица“, се само дел од многуте коментари со кои Кристин мораше да се соочи. Сега папараците повторно ја фотографираа на снимањето на новите епизоди од втората сезона на серијата, а коментарите и понатаму се исти. Денес оваа 58-годишна актерка попушти под притисокот, иако неколку пати низ годините кажа дека не планира да оди под нож бидејќи се плаши од процедурата, но и од конечните резултати. “Секој мисли дека може да коментира што сака и да пишува како им се допаѓа или не им се допаѓа нашата коса, нашите лица, што било… Стана толку интензивно што ме стаписа! Лута сум, а не сакам да бидам, па престанав да ги читам коментарите, изјави Кристин Дејвис за критиките кои ги добила по премиерата, додавајќи: “Секоја недела пишуваа за моето тело во облик на круша, но тоа дефинитивно не беше комплимент. Проблемот со социјалните мрежи е што не знаете ништо за луѓето од другата страна. Тие се таму само за да фрлаат „бомби“ што ќе ве повредат. И тоа ме лути, искрена е актерката.  

The post Шарлот претера со ботоксот appeared first on Република.

]]>
Џејми Ли Кертис: Ботоксот ќе ги тргне брчките, но ќе изгледате како пластична фигура https://arhiva3.republika.mk/scena/film/dzejmi-li-kertis-botoksot-kje-gi-trgne-brchkite-no-kje-izgledate-kako-plastichna-figura/ Wed, 12 Oct 2022 10:20:39 +0000 https://republika.mk/?p=560063

Џејми Ли Кертис никогаш не се воздржува кога станува збор за ставовите околу стареењето, козметичките операции и можните трајни штетни последици од нив. Ѕвездата на „Ноќ на вештерките“ за „Тудеј“ (Today) говори и за ботоксот, како и мудроста што ја стекнала, особено откако (пред три години) наполни 60 години.

Направив пластична операција. Ставив ботокс во главата. Дали ботоксот ја намалува големата брчка? Да. Но, тогаш изгледате како пластична фигура - вели актерката.

Советите што таа им ги дава на своите ќерки Ени (35) и Руби (26) е „Не си играјте со лицето“.

Глумицата и во минатото искрено зборуваше за тоа како пластичната хирургија можеби придонела за зависност од „Викодин“ (што сега веќе 23 години не го користи).

Го направив тоа. Не функционираше. И сè што гледам е дека луѓето сега во својот живот се опседнуваат со тоа - вели Кертис.

Таа, исто така, постојано го истакнуваше своето несогласување за американскиот поим „против-стареење“.

Долго време сум застапник на природната убавина, најмногу затоа што ги имав обидите и грешките во „другиот дел“. Инаку, го бранам и тоа „да не се „зае**ваме“ со своето лице…“ И, тој збор „против-стареење“… Што е тоа!? За што зборуваш!? Сите ќе остариме. Сите ќе умреме. Зошто сакаш да изгледаш 17 кога имаш 70 години? Јас сакам да изгледам 70-година кога ќе имам 70! - изјави таа во една прилика.

The post Џејми Ли Кертис: Ботоксот ќе ги тргне брчките, но ќе изгледате како пластична фигура appeared first on Република.

]]>

Џејми Ли Кертис никогаш не се воздржува кога станува збор за ставовите околу стареењето, козметичките операции и можните трајни штетни последици од нив. Ѕвездата на „Ноќ на вештерките“ за „Тудеј“ (Today) говори и за ботоксот, како и мудроста што ја стекнала, особено откако (пред три години) наполни 60 години.
Направив пластична операција. Ставив ботокс во главата. Дали ботоксот ја намалува големата брчка? Да. Но, тогаш изгледате како пластична фигура - вели актерката.
Советите што таа им ги дава на своите ќерки Ени (35) и Руби (26) е „Не си играјте со лицето“. Глумицата и во минатото искрено зборуваше за тоа како пластичната хирургија можеби придонела за зависност од „Викодин“ (што сега веќе 23 години не го користи).