бостон Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/boston/ За подобро да се разбереме Sun, 20 Oct 2024 16:17:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бостон Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/boston/ 32 32 Директорот на БЈБ Јанев од Бостон: САД со силна поддршка во градење на капацитетите и модернизација на македонската полиција https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/direktorot-na-bjb-janev-od-boston-sad-so-silna-poddrshka-vo-gradene-na-kapatsitetite-i-modernizatsija-na-makedonskata-politsija/ Sun, 20 Oct 2024 16:17:41 +0000 https://republika.mk/?p=829186

Од 19 до 23.10.24 година, се одржува Меѓународната асоцијација на шефови на полиција, во Бостон, САД, каде што македонската делегација предводена од Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев се сретна и со федералнaта Заменик Помошник Јавна обвинителка Никол Арџентиери, раководител на Службата за криминал при Одделот за правда на САД, соопштија од МВР.

На средбата беше упатена благодарност за сите активности кои се спроведуваат за поддршка во градење на капацитетите и модернизација на македонската полиција кои Владата на САД ја дава во рамки на програмата на ИЦИТАП преку Амбасадата на САД во Скопје. Взаемно беше нагласена заложбата и неопходноста за одржливост на постоечките проекти, а воедно идентификација и воспоставување на нови проекти и зајакната понатамошна соработка во насока на зацврстување на позицијата и потврда на кредибилноста на македонската полицијата во борбата со криминалот од една страна, како и иницијативи за понатамошно градење на полициско-граѓанско партнерство и доверба, се вели во соопштението испратено до медиумите од министерството за внатрешни работи.

Директорот на БЈБ во рамки на настанот ја искористи можноста и да се сретне со своите колеги и делегации од регионот, со цел здружување на напорите во бескомпромисната борба со криминалот на регионално и глобално ниво преку воспоставување на заеднички операции и заеднички обуки, тренинзи и практични вежби.

Во текот на престојот најавени се и останати средби и активности на Македонската делегација, додаваат од МВР.

 

The post Директорот на БЈБ Јанев од Бостон: САД со силна поддршка во градење на капацитетите и модернизација на македонската полиција appeared first on Република.

]]>

Од 19 до 23.10.24 година, се одржува Меѓународната асоцијација на шефови на полиција, во Бостон, САД, каде што македонската делегација предводена од Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев се сретна и со федералнaта Заменик Помошник Јавна обвинителка Никол Арџентиери, раководител на Службата за криминал при Одделот за правда на САД, соопштија од МВР. На средбата беше упатена благодарност за сите активности кои се спроведуваат за поддршка во градење на капацитетите и модернизација на македонската полиција кои Владата на САД ја дава во рамки на програмата на ИЦИТАП преку Амбасадата на САД во Скопје. Взаемно беше нагласена заложбата и неопходноста за одржливост на постоечките проекти, а воедно идентификација и воспоставување на нови проекти и зајакната понатамошна соработка во насока на зацврстување на позицијата и потврда на кредибилноста на македонската полицијата во борбата со криминалот од една страна, како и иницијативи за понатамошно градење на полициско-граѓанско партнерство и доверба, се вели во соопштението испратено до медиумите од министерството за внатрешни работи. Директорот на БЈБ во рамки на настанот ја искористи можноста и да се сретне со своите колеги и делегации од регионот, со цел здружување на напорите во бескомпромисната борба со криминалот на регионално и глобално ниво преку воспоставување на заеднички операции и заеднички обуки, тренинзи и практични вежби. Во текот на престојот најавени се и останати средби и активности на Македонската делегација, додаваат од МВР.  

The post Директорот на БЈБ Јанев од Бостон: САД со силна поддршка во градење на капацитетите и модернизација на македонската полиција appeared first on Република.

]]>
Пукање на парада во Бостон: Најмалку седум повредени https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pukane-na-parada-vo-boston-najmalku-sedum-povredeni/ Sat, 26 Aug 2023 20:26:20 +0000 https://republika.mk/?p=676182

Најмалку седум лица се повредени во пукање за време на карипска парада во бостонскиот кварт Дорчестер, соопштија од полицијата.

Повредените биле пренесени во локалните болници. Тие имаат повреди кои не се опасни по живот, а неколку лица се уапсени и пронајдено е огнено оружје, соопшти наредникот на бостонската полиција Џон Бојл.

Пукањето се случило за време на парадата Жувер, која е дел од градскиот карипски карневал. Полицијата соопшти дека дојавите за пукањето почнале да пристигнуваат околу 7:45 часот по локално време.

Денешното масовно пукање ја нагласува кризата со оруженото насилство со која се соочуваме. Ова е вонредна состојба за јавното здравје и јавната безбедност“, изјави претседателот на Градскиот совет на Бостон, Ед Флин.

Пукањето се случило на почетокот на прославата на 50-годишнината од карневалските поворки во Бостон.

The post Пукање на парада во Бостон: Најмалку седум повредени appeared first on Република.

]]>

Најмалку седум лица се повредени во пукање за време на карипска парада во бостонскиот кварт Дорчестер, соопштија од полицијата. Повредените биле пренесени во локалните болници. Тие имаат повреди кои не се опасни по живот, а неколку лица се уапсени и пронајдено е огнено оружје, соопшти наредникот на бостонската полиција Џон Бојл. Пукањето се случило за време на парадата Жувер, која е дел од градскиот карипски карневал. Полицијата соопшти дека дојавите за пукањето почнале да пристигнуваат околу 7:45 часот по локално време.
Денешното масовно пукање ја нагласува кризата со оруженото насилство со која се соочуваме. Ова е вонредна состојба за јавното здравје и јавната безбедност“, изјави претседателот на Градскиот совет на Бостон, Ед Флин.
Пукањето се случило на почетокот на прославата на 50-годишнината од карневалските поворки во Бостон.

The post Пукање на парада во Бостон: Најмалку седум повредени appeared first on Република.

]]>
Леброн Џејмс: Ги мразам навивачите на Бостон зато што се еб*ни расисти https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/lebron-dzejms-gi-mrazam-navivachite-na-boston-zato-shto-se-eb-ni-rasisti/ Sat, 16 Jul 2022 09:03:45 +0000 https://republika.mk/?p=529670

Леброн Џејмс изјави дека навивачите на Бостон се расисти, одговарајќи на прашањето во која НБА арена е најтешко да се игра поради притисокот од трибините.

Во новата епизода од своето ток-шоу „The Shop“, Леброн го издвои Бостон како место каде што навивачите доаѓаат на натпреварот со намера на секаков начин да го попречат противникот да победат. На прашањето зошто го мрази Бостон, Леброн без двоумење одговори: „Затоа што се еб**и расисти, затоа“.

https://twitter.com/Ballislife/status/1548102549177131009?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1548102549177131009%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fsport%2Fclanak%2Flebron-james-zasto-mrzim-navijace-bostona-jer-su-jebeni-rasisti%2F2380346.aspx

Тој објасни дека навредите од трибините не му пречат, но ги слуша и додаде дека не е невообичаено тамошните навивачи да го таргетираат него лично.

Ги слушам овие навреди, а ако слушнам некого во близина, набрзина го гледам и продолжувам со играта. И онака ќе кажат што сакаат. Можат и да фрлат нешто по тебе, еднаш ми фрлија пиво додека заминував од теренот.

 

Имаат и маици на кои пишува „е*и го ЛБЈ“, верувам дека се распродадени во клупската продавница - изјави четирикратниот шампион во НБА

The post Леброн Џејмс: Ги мразам навивачите на Бостон зато што се еб*ни расисти appeared first on Република.

]]>

Леброн Џејмс изјави дека навивачите на Бостон се расисти, одговарајќи на прашањето во која НБА арена е најтешко да се игра поради притисокот од трибините. Во новата епизода од своето ток-шоу „The Shop“, Леброн го издвои Бостон како место каде што навивачите доаѓаат на натпреварот со намера на секаков начин да го попречат противникот да победат. На прашањето зошто го мрази Бостон, Леброн без двоумење одговори: „Затоа што се еб**и расисти, затоа“. https://twitter.com/Ballislife/status/1548102549177131009?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1548102549177131009%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fsport%2Fclanak%2Flebron-james-zasto-mrzim-navijace-bostona-jer-su-jebeni-rasisti%2F2380346.aspx Тој објасни дека навредите од трибините не му пречат, но ги слуша и додаде дека не е невообичаено тамошните навивачи да го таргетираат него лично.
Ги слушам овие навреди, а ако слушнам некого во близина, набрзина го гледам и продолжувам со играта. И онака ќе кажат што сакаат. Можат и да фрлат нешто по тебе, еднаш ми фрлија пиво додека заминував од теренот.   Имаат и маици на кои пишува „е*и го ЛБЈ“, верувам дека се распродадени во клупската продавница - изјави четирикратниот шампион во НБА

The post Леброн Џејмс: Ги мразам навивачите на Бостон зато што се еб*ни расисти appeared first on Република.

]]>
На маратонот во Бостон нема да има Руси и Белоруси https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/na-maratonot-vo-boston-nema-da-ima-rusi-i-belorusi/ Thu, 07 Apr 2022 10:09:27 +0000 https://republika.mk/?p=484655

На тркачите од Русија или Белорусија нема да им биде дозволено да учествуваат на маратонот во Бостон на 18 април поради инвазијата на Украина, објавија организаторите.

Забраната се однесува на маратонците кои живеат во Русија или Белорусија, додека емигрантите од руско или белоруско потекло ќе можат да учествуваат на трката под услов да не ги носат боите на нивната земја на потекло, соопшти Атлетската федерација на Бостон.

Бостонскиот маратон, кој беше откажан во 2020 година, а потоа одржан во октомври 2021 година со помалку учесници од нормалното поради пандемијата Ковид-19, се враќа на вообичаениот распоред и формат оваа година.

Во соопштението не се наведува колку руски или белоруски спортисти се пријавени годинава. Во 2019 година, 59 од повеќе од 30.000 тркачи кои учествуваа на трката беа од Русија и Белорусија.

Русија е исфрлена од светските спортови откако руските трупи ја нападнаа Украина на 24 февруари.

Фудбалските управни тела ФИФА и УЕФА ја суспендираа Русија од сите меѓународни натпреварувања, вклучително и Светското првенство, додека неколку организации како Формула 1 ги откажаа спортските настани закажани во Русија.

 

The post На маратонот во Бостон нема да има Руси и Белоруси appeared first on Република.

]]>

На тркачите од Русија или Белорусија нема да им биде дозволено да учествуваат на маратонот во Бостон на 18 април поради инвазијата на Украина, објавија организаторите. Забраната се однесува на маратонците кои живеат во Русија или Белорусија, додека емигрантите од руско или белоруско потекло ќе можат да учествуваат на трката под услов да не ги носат боите на нивната земја на потекло, соопшти Атлетската федерација на Бостон. Бостонскиот маратон, кој беше откажан во 2020 година, а потоа одржан во октомври 2021 година со помалку учесници од нормалното поради пандемијата Ковид-19, се враќа на вообичаениот распоред и формат оваа година. Во соопштението не се наведува колку руски или белоруски спортисти се пријавени годинава. Во 2019 година, 59 од повеќе од 30.000 тркачи кои учествуваа на трката беа од Русија и Белорусија. Русија е исфрлена од светските спортови откако руските трупи ја нападнаа Украина на 24 февруари. Фудбалските управни тела ФИФА и УЕФА ја суспендираа Русија од сите меѓународни натпреварувања, вклучително и Светското првенство, додека неколку организации како Формула 1 ги откажаа спортските настани закажани во Русија.  

The post На маратонот во Бостон нема да има Руси и Белоруси appeared first on Република.

]]>
Совршено празнично изненадување: Банка по грешка префрлила 155 милиони евра на 75.000 сметки https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/sovrsheno-praznichno-iznenaduvanje-banka-po-greshka-prefrlila-155-milioni-evra-na-75-000-smetki/ Sun, 02 Jan 2022 18:58:49 +0000 https://republika.mk/?p=439700

Банката Сантандер од Бостон на божиќното утро по грешка уплатила 155 милиони евра на 75.000 сметки, што ги изненади сопствениците на сметките, кои не знаеле кој ги уплатил парите.

Вработените во банката се обидуваат да ги вратат парите, но тој процес го отежнува тоа што голем дел од трансакциите се направени на сметки на други банки.

Во соопштението на банката се наведува дека се водат разговори со банките кои ги примиле плаќањата, како што се Беркли, ХСБЦ, Нетвест, Кооператив банка и Вирџин Мани банка. Според соопштението, тие банки навеле дека „ќе се обидат да ги вратат парите од сметките на своите клиенти“.

Сепак, не се знае како ќе постапат банките во случај нивните корисници веќе да ги потрошиле парите, бидејќи враќањето може да доведе до незаконски минус на сметките.

Сантандер банката навести дека може да го надмине проблемот со тоа што нејзините вработени директно ќе контактираат со луѓето за да ги вратат парите што им биле уплатени по грешка.

The post Совршено празнично изненадување: Банка по грешка префрлила 155 милиони евра на 75.000 сметки appeared first on Република.

]]>

Банката Сантандер од Бостон на божиќното утро по грешка уплатила 155 милиони евра на 75.000 сметки, што ги изненади сопствениците на сметките, кои не знаеле кој ги уплатил парите. Вработените во банката се обидуваат да ги вратат парите, но тој процес го отежнува тоа што голем дел од трансакциите се направени на сметки на други банки. Во соопштението на банката се наведува дека се водат разговори со банките кои ги примиле плаќањата, како што се Беркли, ХСБЦ, Нетвест, Кооператив банка и Вирџин Мани банка. Според соопштението, тие банки навеле дека „ќе се обидат да ги вратат парите од сметките на своите клиенти“. Сепак, не се знае како ќе постапат банките во случај нивните корисници веќе да ги потрошиле парите, бидејќи враќањето може да доведе до незаконски минус на сметките. Сантандер банката навести дека може да го надмине проблемот со тоа што нејзините вработени директно ќе контактираат со луѓето за да ги вратат парите што им биле уплатени по грешка.

The post Совршено празнично изненадување: Банка по грешка префрлила 155 милиони евра на 75.000 сметки appeared first on Република.

]]>