Босна Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bosna/ За подобро да се разбереме Sun, 22 Sep 2024 14:13:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Босна Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bosna/ 32 32 Земјотрес од 4,4 степени во Босна, почуствуван и во Хрватска https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/zemjotres-od-4-4-stepeni-vo-bosna-pochustvuvan-i-vo-hrvatska/ Sun, 22 Sep 2024 14:13:55 +0000 https://republika.mk/?p=818748

Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 14 часот и 23 минути во централниот дел на Босна и Херцеговина, а бил почувствуван и во Хрватска.

Уредите на Центарот за сеизмологија на Сојузниот хидрометеролошки завод во Сараево регистрираа земјотрес во 14 часот и 23 минути во областа на општина Теслиќ во Република Српска. Тие појаснија дека јачината на земјотресот во хипоцентарот бил 4,4 степени според Рихтеровата скала, а интензитетот во епицентарот бил 6 степени според Меркалиевата скала.

Земјотресот бил на длабочина од 3,2 километри. Очевидци на земјотресот изјавија дека тресењето се почувствувало околу 20 секунди и се почувствувало во поголемиот дел од Босна и Херцеговина и во Хрватска, најмногу во јужниот дел на Славонија. Засега нема извештаи за штети.

 

The post Земјотрес од 4,4 степени во Босна, почуствуван и во Хрватска appeared first on Република.

]]>

Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 14 часот и 23 минути во централниот дел на Босна и Херцеговина, а бил почувствуван и во Хрватска. Уредите на Центарот за сеизмологија на Сојузниот хидрометеролошки завод во Сараево регистрираа земјотрес во 14 часот и 23 минути во областа на општина Теслиќ во Република Српска. Тие појаснија дека јачината на земјотресот во хипоцентарот бил 4,4 степени според Рихтеровата скала, а интензитетот во епицентарот бил 6 степени според Меркалиевата скала. Земјотресот бил на длабочина од 3,2 километри. Очевидци на земјотресот изјавија дека тресењето се почувствувало околу 20 секунди и се почувствувало во поголемиот дел од Босна и Херцеговина и во Хрватска, најмногу во јужниот дел на Славонија. Засега нема извештаи за штети.  

The post Земјотрес од 4,4 степени во Босна, почуствуван и во Хрватска appeared first on Република.

]]>
Застрелан мигрант кој пукаше кон босански полицајци https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/zastrelan-migrant-koj-pukashe-kon-bosanski-politsajtsi/ Tue, 20 Aug 2024 08:08:29 +0000 https://republika.mk/?p=808156

Босанската полиција застрела мигрант кој отвори оган врз полицајци од напуштена куќа во близина на градот Требиње во босанската Република Српска.

Полицијата во Требиње посочи дека лицето е убиено околу 23 часот по локално време.

Полицијата и жандармеријата вчера го опколија селото Зови До, каде засега непознато лице за кое се претпоставува дека е странец пукало од огнено оружје. Нема повредени полицајци, пренесе БТА.

https://youtu.be/bZkdGlcxww0?si=2k99eRFnApu7ycgk

Жителите на селото изјавиле дека лицето вчера рано утрото фрлило експлозивна направа врз локален жител. Нема информации за повредени.

The post Застрелан мигрант кој пукаше кон босански полицајци appeared first on Република.

]]>

Босанската полиција застрела мигрант кој отвори оган врз полицајци од напуштена куќа во близина на градот Требиње во босанската Република Српска. Полицијата во Требиње посочи дека лицето е убиено околу 23 часот по локално време. Полицијата и жандармеријата вчера го опколија селото Зови До, каде засега непознато лице за кое се претпоставува дека е странец пукало од огнено оружје. Нема повредени полицајци, пренесе БТА. https://youtu.be/bZkdGlcxww0?si=2k99eRFnApu7ycgk Жителите на селото изјавиле дека лицето вчера рано утрото фрлило експлозивна направа врз локален жител. Нема информации за повредени.

The post Застрелан мигрант кој пукаше кон босански полицајци appeared first on Република.

]]>
И Босна не претрка: ЕУ ќе одлучи да се отворат пристапните преговори https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/i-bosna-ne-pretrka-eu-ke-odluchi-da-se-otvorat-pristapnite-pregovori/ Wed, 20 Mar 2024 10:35:21 +0000 https://republika.mk/?p=756663

Додека Македонија сеуште е заглавена во процесот кон ЕУ, регионот полека го фаќа приклучокот. Лидерите на државите или владите на Европската Унија (ЕУ) ќе одлучат да ги отворат пристапните преговори со Босна и Херцеговина (БиХ), дознава Радио Слободна Европа.

Следејќи ја препораката на Европската Комисија од 12 март 2024 година, Советот на ЕУ одлучи да ги отвори пристапните преговори со Босна и Херцеговина. Советот повикува на усвојување на преговарачката рамка кога ќе се преземат релевантните услови наведени во препораката на Комисијата од 12 октомври 2022 година, се вели во најновите нацрт-заклучоци, чиј текст беше договорен на 19 март.

Шефовите на држави и влади на ЕУ ќе се сретнат на 21 и 22 март во Брисел, каде за време на редовниот самит ќе одлучуваат и за отворање на пристапните преговори со Босна и Херцеговина.

На 12 март Европската Комисија му препорача на Советот на ЕУ да го одобри почетокот на преговорите за членство со Босна и Херцеговина. Одлуката за отворање на пристапните преговори се носи на највисоко политичко ниво, односно на ниво на лидери на ЕУ.

БиХ има статус на кандидат за полноправно членство од декември 2022 година.

Во декември 2023 година, лидерите на ЕУ изразија подготвеност да ги отворат пристапните преговори со Босна и Херцеговина и ја повикаа Комисијата во март да објави извештај за нивото на исполнување на клучните критериуми, што ќе биде основа за одлуката на лидерите на ЕУ.

The post И Босна не претрка: ЕУ ќе одлучи да се отворат пристапните преговори appeared first on Република.

]]>

Додека Македонија сеуште е заглавена во процесот кон ЕУ, регионот полека го фаќа приклучокот. Лидерите на државите или владите на Европската Унија (ЕУ) ќе одлучат да ги отворат пристапните преговори со Босна и Херцеговина (БиХ), дознава Радио Слободна Европа. Следејќи ја препораката на Европската Комисија од 12 март 2024 година, Советот на ЕУ одлучи да ги отвори пристапните преговори со Босна и Херцеговина. Советот повикува на усвојување на преговарачката рамка кога ќе се преземат релевантните услови наведени во препораката на Комисијата од 12 октомври 2022 година, се вели во најновите нацрт-заклучоци, чиј текст беше договорен на 19 март. Шефовите на држави и влади на ЕУ ќе се сретнат на 21 и 22 март во Брисел, каде за време на редовниот самит ќе одлучуваат и за отворање на пристапните преговори со Босна и Херцеговина. На 12 март Европската Комисија му препорача на Советот на ЕУ да го одобри почетокот на преговорите за членство со Босна и Херцеговина. Одлуката за отворање на пристапните преговори се носи на највисоко политичко ниво, односно на ниво на лидери на ЕУ. БиХ има статус на кандидат за полноправно членство од декември 2022 година. Во декември 2023 година, лидерите на ЕУ изразија подготвеност да ги отворат пристапните преговори со Босна и Херцеговина и ја повикаа Комисијата во март да објави извештај за нивото на исполнување на клучните критериуми, што ќе биде основа за одлуката на лидерите на ЕУ.

The post И Босна не претрка: ЕУ ќе одлучи да се отворат пристапните преговори appeared first on Република.

]]>
ЕУ и Урсула соучесници во геноцидот во Газа: Фон дер Лајен во Сараево дочекана со транспаренти https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/eu-i-ursula-souchesnitsi-vo-genotsidot-vo-gaza-fon-der-lajen-vo-saraevo-dochekana-so-transparenti/ Wed, 01 Nov 2023 09:45:02 +0000 https://republika.mk/?p=696979

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен пристигна во посета на Сараево. Додека таа се сретна со членовите на државното претседателство во Претседателството на БиХ, мала група граѓани се собра пред зградата на таа институција и протестираше.

Тие донесоа два транспаренти. Едниот гласеше „Европската унија и Урсула фон дер Лајен се соучесници во геноцидот во Газа, додека на другиот пишуваше порака во која се повикува на прекин на огнот.

Според планираното, Фон дер Лајен подоцна денеска ќе се сретне со претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Борјана Кришто.

The post ЕУ и Урсула соучесници во геноцидот во Газа: Фон дер Лајен во Сараево дочекана со транспаренти appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен пристигна во посета на Сараево. Додека таа се сретна со членовите на државното претседателство во Претседателството на БиХ, мала група граѓани се собра пред зградата на таа институција и протестираше. Тие донесоа два транспаренти. Едниот гласеше „Европската унија и Урсула фон дер Лајен се соучесници во геноцидот во Газа, додека на другиот пишуваше порака во која се повикува на прекин на огнот. Според планираното, Фон дер Лајен подоцна денеска ќе се сретне со претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Борјана Кришто.

The post ЕУ и Урсула соучесници во геноцидот во Газа: Фон дер Лајен во Сараево дочекана со транспаренти appeared first on Република.

]]>
Нов напад во училиште во Босна, 12-годишен ученик со камен удрил наставничка во глава https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/nov-napad-vo-uchilishte-vo-bosna-12-godishen-uchenik-so-kamen-udril-nastavnichka-vo-glava/ Thu, 26 Oct 2023 10:02:54 +0000 https://republika.mk/?p=695168

12-годишен основец во Бјелина со камен удрил наставничка во главата во ходникот, соопшти началникот на полициската управа во Бијелина, Стјепан Терзиќ.

На наставничката и била укажана лекарска помош, но дежурниот лекар не коментирал за степенот на повредите.

Малолетникот е упатен од медицинскиот центар Бијелина на понатамошно лекување во Бањалука.

Инцидентот се случил вчера во ОУ „Кнез Иво од Семберија“, јави РТРС.

The post Нов напад во училиште во Босна, 12-годишен ученик со камен удрил наставничка во глава appeared first on Република.

]]>

12-годишен основец во Бјелина со камен удрил наставничка во главата во ходникот, соопшти началникот на полициската управа во Бијелина, Стјепан Терзиќ. На наставничката и била укажана лекарска помош, но дежурниот лекар не коментирал за степенот на повредите. Малолетникот е упатен од медицинскиот центар Бијелина на понатамошно лекување во Бањалука. Инцидентот се случил вчера во ОУ „Кнез Иво од Семберија“, јави РТРС.

The post Нов напад во училиште во Босна, 12-годишен ученик со камен удрил наставничка во глава appeared first on Република.

]]>
Детали за несреќата во БиХ: Го избркале од училиште поради лошо однесување, се вратил со пиштол https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/detali-za-nesrekata-vo-bih-go-izbrkale-od-uchilishte-poradi-losho-odnesuvane-se-vratil-so-pishtol/ Wed, 14 Jun 2023 09:00:25 +0000 https://republika.mk/?p=651165

Како што пренесуваат босанските медиуми, поранешниот ученик кој отворил оган во основното училиште во Лукавац и во таа прилика тешко ранил работник, пред неколку месеци бил избркан од училиштето поради лошо однесување.

„Аваз“ дознава дека утрово дошол во училиштето со пиштол и го побарал вработениот во училиштето, а потоа пукал.

Според официјалните информации, во престрелката нема повредени деца.

Престрелката се случила околу осум часот утринава. Според информациите на „Аваз“, насилникот е уапсен. Со прострелна рана во пределот на вратот во УЗ Тузла е хоспитализиран ранетиот пациент со иницијали О.Н.

„Пациентот е интубиран, операцијата во моментов е во тек“, велат од болницата.

 

The post Детали за несреќата во БиХ: Го избркале од училиште поради лошо однесување, се вратил со пиштол appeared first on Република.

]]>

Како што пренесуваат босанските медиуми, поранешниот ученик кој отворил оган во основното училиште во Лукавац и во таа прилика тешко ранил работник, пред неколку месеци бил избркан од училиштето поради лошо однесување. „Аваз“ дознава дека утрово дошол во училиштето со пиштол и го побарал вработениот во училиштето, а потоа пукал. Според официјалните информации, во престрелката нема повредени деца. Престрелката се случила околу осум часот утринава. Според информациите на „Аваз“, насилникот е уапсен. Со прострелна рана во пределот на вратот во УЗ Тузла е хоспитализиран ранетиот пациент со иницијали О.Н. „Пациентот е интубиран, операцијата во моментов е во тек“, велат од болницата.  

The post Детали за несреќата во БиХ: Го избркале од училиште поради лошо однесување, се вратил со пиштол appeared first on Република.

]]>
Делови од Хрватска и БиХ сè уште под вода https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/delovi-od-hrvatska-i-bih-se-ushte-pod-voda/ Tue, 16 May 2023 11:31:47 +0000 https://republika.mk/?p=641336

Хрватска деновиве ја погодија обилни дождови кои предизвикаа поплави во некои градови. Во Обровац состојбата денеска е нешто подобра, а вицепремиерот и министер за внатрешни работи Давор Божиновиќ вели дека нивото на водата моментално се намалува.

Во Босна и Херцеговина ситуацијата е загрижувачка. Обилните врнежи го загрозија подрачјето на кантонот Уна-Сана, а поради излевањето на водата, ситуацијата е отежната во Бихаќ, сообраќајот е во прекин во областа Кулен Вакуф, додека сирените се огласија во Сански Мост и е прогласена состојба на општа опасност.

Во Обровац за само 24 часа наврнале 250 литри дожд на квадратен метар. Водостојот на реката Зрмања во Обровац вчераутро достигна историско ниво од 302 сантиметри, што е дури 39 сантиметри над највисокиот водостој на оваа река измерен во тој град.

Водата се излеа на улиците и се проби во историското јадро на градот. Тешка е ситуацијата и во Грачац.

Божиновиќ вели дека сите служби професионално си ја вршат работата и дека останува да се види како ќе бидат ангажирани дополнителни сили во наредните денови, јавува Нова.рс.

„Денес ситуацијата е подобра. Врне, но нивото на водата опаѓа. Ситуацијата зависи од тоа што се случува на Велебит. Важно е и што се случува со Отуча и другите реки што се влеваат во Зрмања. Зрмања се издигна како никогаш досега во историјата“, рече Божиновиќ.

Поради покачување на водостојот на реката Уна во населените места Рипач и Покој во Босна и Херцеговина, во прекин е патната комуникација за пешаци и отежнато е движењето на возилата. Во поширокото подрачје на градот Бихаќ загрозени се викендички и куќи покрај реката, каде вода вчера навлегла во помошни објекти.

Поради интензивниот дожд и покачувањето на нивото на водата во Сански Мост синоќа е прогласена состојба на елементарна непогода.

The post Делови од Хрватска и БиХ сè уште под вода appeared first on Република.

]]>

Хрватска деновиве ја погодија обилни дождови кои предизвикаа поплави во некои градови. Во Обровац состојбата денеска е нешто подобра, а вицепремиерот и министер за внатрешни работи Давор Божиновиќ вели дека нивото на водата моментално се намалува. Во Босна и Херцеговина ситуацијата е загрижувачка. Обилните врнежи го загрозија подрачјето на кантонот Уна-Сана, а поради излевањето на водата, ситуацијата е отежната во Бихаќ, сообраќајот е во прекин во областа Кулен Вакуф, додека сирените се огласија во Сански Мост и е прогласена состојба на општа опасност.
Во Обровац за само 24 часа наврнале 250 литри дожд на квадратен метар. Водостојот на реката Зрмања во Обровац вчераутро достигна историско ниво од 302 сантиметри, што е дури 39 сантиметри над највисокиот водостој на оваа река измерен во тој град. Водата се излеа на улиците и се проби во историското јадро на градот. Тешка е ситуацијата и во Грачац. Божиновиќ вели дека сите служби професионално си ја вршат работата и дека останува да се види како ќе бидат ангажирани дополнителни сили во наредните денови, јавува Нова.рс. „Денес ситуацијата е подобра. Врне, но нивото на водата опаѓа. Ситуацијата зависи од тоа што се случува на Велебит. Важно е и што се случува со Отуча и другите реки што се влеваат во Зрмања. Зрмања се издигна како никогаш досега во историјата“, рече Божиновиќ. Поради покачување на водостојот на реката Уна во населените места Рипач и Покој во Босна и Херцеговина, во прекин е патната комуникација за пешаци и отежнато е движењето на возилата. Во поширокото подрачје на градот Бихаќ загрозени се викендички и куќи покрај реката, каде вода вчера навлегла во помошни објекти. Поради интензивниот дожд и покачувањето на нивото на водата во Сански Мост синоќа е прогласена состојба на елементарна непогода.

The post Делови од Хрватска и БиХ сè уште под вода appeared first on Република.

]]>
15-годишник од Босна застрелал врсник со воздушна пушка https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/15-godishnik-od-bosna-zastrelal-vrsnik-so-vozdushna-pushka/ Tue, 04 Apr 2023 13:05:16 +0000 https://republika.mk/?p=627161

Малолетник (15) е убиен синоќа во престрелка во Брчко. Неофицијално, момчето било застрелано од врсник при несовесна употреба на воздушна пушка.

Портпаролот на окружната полиција Брчко, Џевида Хукичевиќ, потврди дека синоќа во 19 часот и 51 минути Итната медицинска помош пријавила инцидент во полиција, чии престапници биле малолетни, а кој имал трагичен исход.

Докторката Јасна Брадоњиќ од итната медицинска помош на округот Брчко на БиХ потврдила дека добиле повик во кој се вели дека момчето било погодено при невнимателно користење на воздушна пушка, пренесува Српскаинфо.

Екипата за медицинска помош излегла на терен, а момчето е пренесено во болница, каде дежурниот хирург ја констатирал смртта на малолетното дете“, изјави Брадоњиќ.

 

The post 15-годишник од Босна застрелал врсник со воздушна пушка appeared first on Република.

]]>

Малолетник (15) е убиен синоќа во престрелка во Брчко. Неофицијално, момчето било застрелано од врсник при несовесна употреба на воздушна пушка. Портпаролот на окружната полиција Брчко, Џевида Хукичевиќ, потврди дека синоќа во 19 часот и 51 минути Итната медицинска помош пријавила инцидент во полиција, чии престапници биле малолетни, а кој имал трагичен исход. Докторката Јасна Брадоњиќ од итната медицинска помош на округот Брчко на БиХ потврдила дека добиле повик во кој се вели дека момчето било погодено при невнимателно користење на воздушна пушка, пренесува Српскаинфо. Екипата за медицинска помош излегла на терен, а момчето е пренесено во болница, каде дежурниот хирург ја констатирал смртта на малолетното дете“, изјави Брадоњиќ.  

The post 15-годишник од Босна застрелал врсник со воздушна пушка appeared first on Република.

]]>
Мишел вечерва во Сараево: БиХ има јасна европска перспектива https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/mishel-vecherva-vo-saraevo-bih-ima-jasna-evropska-perspektiva/ Fri, 20 May 2022 20:23:24 +0000 https://republika.mk/?p=504998

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел вечерва во Сараево изјави дека Босна и Херцеговина има јасна европска перспектива.

Мишел кажа дека Европската геополитичка заедница не е замена за европскиот пат на земјите од Западен Балкан, туку можност за нивна поголема соработка со ЕУ, иако се уште не се знае што точно би значело тоа.

Навистина сум среќен што сум овде за да ја потврдам вашата посветеност кон ЕУ. Дозволете ми да го повторам она што го кажав во Блед. Навистина сум убеден дека на Западен Балкан му треба ЕУ, но и на ЕУ му треба и Западен Балкан. Време е за еден нов замаец во ЕУ, рече Мишел.

По денешната средбата со чл еновите на Претседателството на БиХ во Сараево, Мишел најави дека на 23 јуни ќе се одржи средбата на лидерите на 27-те земји-членки на ЕУ со лидерите на Западен Балкан.

Сакаме да ја продлабочиме соработката и да го продолжиме дијалогот, додаде Мишел.

Според него, тој сакал од прва рака да слушне за што се загрижени претставниците на БиХ, како и да дознае кои се приоритетите за ЕУ ​​да најде начин да помогне.

Додека зборуваме овде, Русија врши напад врз украинскиот народ, а во 1990-тите БиХ ги почувствува ужасните последици од војната. Знаете колку е важна нашата поддршка, да дејствуваме заедно, рече Мишел, кој е во прва посета на БиХ.

Европскиот функционер оцени дека последиците од украинската војна подеднакво ги чувствуваат сите на европскиот континент, без разлика дали се работи за промени на цените на нафтата, храната или воопшто енергенсите.

The post Мишел вечерва во Сараево: БиХ има јасна европска перспектива appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел вечерва во Сараево изјави дека Босна и Херцеговина има јасна европска перспектива. Мишел кажа дека Европската геополитичка заедница не е замена за европскиот пат на земјите од Западен Балкан, туку можност за нивна поголема соработка со ЕУ, иако се уште не се знае што точно би значело тоа.
Навистина сум среќен што сум овде за да ја потврдам вашата посветеност кон ЕУ. Дозволете ми да го повторам она што го кажав во Блед. Навистина сум убеден дека на Западен Балкан му треба ЕУ, но и на ЕУ му треба и Западен Балкан. Време е за еден нов замаец во ЕУ, рече Мишел.
По денешната средбата со чл еновите на Претседателството на БиХ во Сараево, Мишел најави дека на 23 јуни ќе се одржи средбата на лидерите на 27-те земји-членки на ЕУ со лидерите на Западен Балкан.
Сакаме да ја продлабочиме соработката и да го продолжиме дијалогот, додаде Мишел.
Според него, тој сакал од прва рака да слушне за што се загрижени претставниците на БиХ, како и да дознае кои се приоритетите за ЕУ ​​да најде начин да помогне.
Додека зборуваме овде, Русија врши напад врз украинскиот народ, а во 1990-тите БиХ ги почувствува ужасните последици од војната. Знаете колку е важна нашата поддршка, да дејствуваме заедно, рече Мишел, кој е во прва посета на БиХ.
Европскиот функционер оцени дека последиците од украинската војна подеднакво ги чувствуваат сите на европскиот континент, без разлика дали се работи за промени на цените на нафтата, храната или воопшто енергенсите.

The post Мишел вечерва во Сараево: БиХ има јасна европска перспектива appeared first on Република.

]]>
Турковиќ ги осуди обидите на Русија за минимизирње на геноцидот во Сребреница нарекувајќи го режирана продукција https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/turkovikj-gi-osudi-obidite-na-rusija-za-minimizirnje-na-genocidot-vo-srebrenica-narekuvajkji-go-rezirana-produkcija/ Tue, 05 Apr 2022 09:08:21 +0000 https://republika.mk/?p=483488

Министерката за надворешни работи на БиХ Бисера Турковиќ остро ги осуди обидите на Русија да го минимизира геноцидот во Сребреница и со тоа да ги негира воените злосторства извршени од руските сили во украинскиот град Буча.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, во објава на Фејсбук ги отфрли наводите дека руската војска извршила масовни убиства на украински цивили во Буча, опишувајќи ги наводите на Москва како „режирана продукција во Сребреница“.

Апсолутно е неприфатливо и историски фалсификат што некои функционери на Руската Федерација долго време ги негираа во јавни настапи судски докажаните и меѓународно признати факти за геноцидот во Сребреница, рече Турковиќ.

Таа додаде дека осудата е пропагандна злоупотреба на најлошото злосторство на европско тло од Втората светска војна, кога повеќе од 8.000 Бошњаци од Сребреница беа убиени од војската и полицијата на босанските Срби во јули 1995 година.

Турковиќ потсети дека Русија е исто така членка на Советот за безбедност на ОН, кој го основа Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија (МКТЈ) во 1993 година и со бројни пресуди потврди дека е извршен геноцид во Сребреница.

Референцата на Захарова всушност се однесуваше на американскиот претседател Џо Бајден поради неговата изјава дека доказите во Буча потврдуваат дека рускиот претседател Владимир Путин е воен злосторник и дека овие злосторства треба да се истражат.

Одлична идеја, да почнеме со бомбардирањето на Југославија и окупацијата на Ирак. Можам да ги додадам и директорите на продукцијата во Сребреница, напиша Захарова.

Таа ја додаде трговијата со човечки органи на Косово и нуклеарното бомбардирање на Јапонија пред крајот на Втората светска војна на нејзиниот список на наводни американски злосторства.

The post Турковиќ ги осуди обидите на Русија за минимизирње на геноцидот во Сребреница нарекувајќи го режирана продукција appeared first on Република.

]]>

Министерката за надворешни работи на БиХ Бисера Турковиќ остро ги осуди обидите на Русија да го минимизира геноцидот во Сребреница и со тоа да ги негира воените злосторства извршени од руските сили во украинскиот град Буча. Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, во објава на Фејсбук ги отфрли наводите дека руската војска извршила масовни убиства на украински цивили во Буча, опишувајќи ги наводите на Москва како „режирана продукција во Сребреница“.
Апсолутно е неприфатливо и историски фалсификат што некои функционери на Руската Федерација долго време ги негираа во јавни настапи судски докажаните и меѓународно признати факти за геноцидот во Сребреница, рече Турковиќ.
Таа додаде дека осудата е пропагандна злоупотреба на најлошото злосторство на европско тло од Втората светска војна, кога повеќе од 8.000 Бошњаци од Сребреница беа убиени од војската и полицијата на босанските Срби во јули 1995 година. Турковиќ потсети дека Русија е исто така членка на Советот за безбедност на ОН, кој го основа Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија (МКТЈ) во 1993 година и со бројни пресуди потврди дека е извршен геноцид во Сребреница. Референцата на Захарова всушност се однесуваше на американскиот претседател Џо Бајден поради неговата изјава дека доказите во Буча потврдуваат дека рускиот претседател Владимир Путин е воен злосторник и дека овие злосторства треба да се истражат.
Одлична идеја, да почнеме со бомбардирањето на Југославија и окупацијата на Ирак. Можам да ги додадам и директорите на продукцијата во Сребреница, напиша Захарова.
Таа ја додаде трговијата со човечки органи на Косово и нуклеарното бомбардирање на Јапонија пред крајот на Втората светска војна на нејзиниот список на наводни американски злосторства.

The post Турковиќ ги осуди обидите на Русија за минимизирње на геноцидот во Сребреница нарекувајќи го режирана продукција appeared first on Република.

]]>
Поради Украина ќе видиме провокации во Босна и Херцеговина, вели Борел https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/poradi-ukraina-kje-vidime-provokacii-vo-bosna-i-hercegovina-veli-borel/ Sun, 27 Feb 2022 17:02:05 +0000 https://republika.mk/?p=464754

Поради опасноста последиците од украинската криза да се прелеат и на другите земји од соседството на Русија, Европската Унија мора да им помогне на Молдавија и Грузија и внимателно да го разгледаат Западен Балкан, бидејќи таму ќе видиме провокации, особено во Босна и Херцеговина“, рече високиот претставник на ЕУ Џозеф Борел.

Тој, според медиумите во регионот, ова го изјавил по состанокот на министрите за надворешни работи на Унијата кои воведоа остри санкции кон Русија поради воениот упад во Украина.

Европските дипломатски претставници, исто така, им кажале на новинарите дека одлуката за зголемување на трупите во мисијата на ЕУ „Алтеа“ во Босна и Херцеговина и посилната посветеност на Западен Балкан е одговор на влошената безбедност во поголем обем не само поради Украина, туку и поради руското влијание во Босна како и Црна Гора и Србија, пишуваат медиумите.

Во исто време, очигледно со намера да ја нагласи подготвеноста за поддршка на Западен Балкан, Европската комисија повтори дека ќе помогне за закрепнување на регионот преку инвестициски пакет од 3,2 милијарди евра, објавен од октомври 2020 година.

И германскиот медиум „Дојче веле“ со видливо внимание ја пренесува анализата на австрискиот весник „Стандард“ во која се наведува дека рускиот напад врз Украина доведе до преземање мерки на претпазливост и во Југоисточна Европа.

Во анализата се истакнува објаснувањето на европската воена мисија ЕУФОР во БиХ дека одлуката за испраќање дополнителни 500 војници во Босна е поради влошувањето на меѓународната безбедносна ситуација, што потенцијално може да доведе до нестабилност во Босна и Херцеговина.

„Стандард“ посочува дека „зајакнувањето на војниците пред сè треба да ја објави решеноста за зачувување на територијалниот интегритет и суверенитет на БиХ, а трупите стационирани во Брчко би можеле да ја одложат или спречат окупацијата (отцепувањето) на целата територија на Република Српска“.

The post Поради Украина ќе видиме провокации во Босна и Херцеговина, вели Борел appeared first on Република.

]]>

Поради опасноста последиците од украинската криза да се прелеат и на другите земји од соседството на Русија, Европската Унија мора да им помогне на Молдавија и Грузија и внимателно да го разгледаат Западен Балкан, бидејќи таму ќе видиме провокации, особено во Босна и Херцеговина“, рече високиот претставник на ЕУ Џозеф Борел.
Тој, според медиумите во регионот, ова го изјавил по состанокот на министрите за надворешни работи на Унијата кои воведоа остри санкции кон Русија поради воениот упад во Украина.
Европските дипломатски претставници, исто така, им кажале на новинарите дека одлуката за зголемување на трупите во мисијата на ЕУ „Алтеа“ во Босна и Херцеговина и посилната посветеност на Западен Балкан е одговор на влошената безбедност во поголем обем не само поради Украина, туку и поради руското влијание во Босна како и Црна Гора и Србија, пишуваат медиумите.
Во исто време, очигледно со намера да ја нагласи подготвеноста за поддршка на Западен Балкан, Европската комисија повтори дека ќе помогне за закрепнување на регионот преку инвестициски пакет од 3,2 милијарди евра, објавен од октомври 2020 година. И германскиот медиум „Дојче веле“ со видливо внимание ја пренесува анализата на австрискиот весник „Стандард“ во која се наведува дека рускиот напад врз Украина доведе до преземање мерки на претпазливост и во Југоисточна Европа. Во анализата се истакнува објаснувањето на европската воена мисија ЕУФОР во БиХ дека одлуката за испраќање дополнителни 500 војници во Босна е поради влошувањето на меѓународната безбедносна ситуација, што потенцијално може да доведе до нестабилност во Босна и Херцеговина.
„Стандард“ посочува дека „зајакнувањето на војниците пред сè треба да ја објави решеноста за зачувување на територијалниот интегритет и суверенитет на БиХ, а трупите стационирани во Брчко би можеле да ја одложат или спречат окупацијата (отцепувањето) на целата територија на Република Српска“.

The post Поради Украина ќе видиме провокации во Босна и Херцеговина, вели Борел appeared first on Република.

]]>
САД подготвуваат украинско сценарио за БиХ, вели Руската амбасада во Сараево https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/sad-podgotvuvaat-ukrainsko-scenario-za-bih-veli-ruskata-ambasada-vo-saraevo/ Sun, 27 Feb 2022 15:58:37 +0000 https://republika.mk/?p=464773

Руската амбасада во Босна и Херцеговина на својот официјален Фејсбук профил соопшти дека нема инвазија на Украина, обвинувајќи ги САД за дестабилизација на БиХ и подготвување сценарио слично на Украина и го обвини Вашингтон дека се обидува „генетски да ги уништи Русите“.

На страницата на американската амбасада во Сараево на социјалната мрежа Инстаграм е објавен патетичен „документарец“ во кој се наведува дека руски претставници „лажеле“ за немање намера да извршат „инвазија“ на Украина.


Но, како и обично, самите Американци лажат. Затоа што нема „инвазија“. Наместо тоа, постои специјална воена операција за демилитаризација и денацификација на украинскиот режим.


Демилитаризација – затоа што токму САД стојат зад испумпувањето со оружје на криминалната банда, која варварски го уништуваше цивилното население на Доњецк и Луганск, вклучително и деца.


Соединетите држави беа тие што ја наполнија Украина со биолаборатории, кои – многу веројатно – беа користени за проучување на методи за уништување на рускиот народ на генетско ниво.


Денацификација – бидејќи САД беа тие што ги поттикнаа неонацистичката тактика и стратегија на Бандера од Киев и во суштина ја спречија Украина, како страна на Договорот од Минск, да ги исполни своите обврски.


Соединетите Држави се лојални на својата лицемерна политика и во Босна и Херцеговина. Вашингтон е тој што всушност се меша во дијалогот во БиХ, ги спротивставува конститутивните народи и се спротивставува на укинувањето на анахрониот странски протекторат претставен од Канцеларијата на високиот претставник. Во исто време, тој „внимателно“ ја турка таквата Босна и Херцеговина во Европската унија за да ја користи – како Косово – како „фитил“ против неговиот геополитички противник, ЕУ. Ова е точно, иако во светлината на моменталната имагинарна солидарност меѓу Америка и Европа „за украинскиот случај“, таквата изјава може да изгледа претерано. Но, ќе дојде моментот на вистината.


САД не се „докажан пријател“, туку искусен предатор, кој без двоумење ќе ги остави своите сојузници на судбината без двоумење. Примерите во овој случај се излишни.


Дури и акронимот САД е дешифриран од некои Американци како Соединетите држави на анксиозноста. Тоа е вознемиреност, а ние би додале и лага што САД му ја носат на светот - се вели во објавата.

The post САД подготвуваат украинско сценарио за БиХ, вели Руската амбасада во Сараево appeared first on Република.

]]>

Руската амбасада во Босна и Херцеговина на својот официјален Фејсбук профил соопшти дека нема инвазија на Украина, обвинувајќи ги САД за дестабилизација на БиХ и подготвување сценарио слично на Украина и го обвини Вашингтон дека се обидува „генетски да ги уништи Русите“.
На страницата на американската амбасада во Сараево на социјалната мрежа Инстаграм е објавен патетичен „документарец“ во кој се наведува дека руски претставници „лажеле“ за немање намера да извршат „инвазија“ на Украина. Но, како и обично, самите Американци лажат. Затоа што нема „инвазија“. Наместо тоа, постои специјална воена операција за демилитаризација и денацификација на украинскиот режим. Демилитаризација – затоа што токму САД стојат зад испумпувањето со оружје на криминалната банда, која варварски го уништуваше цивилното население на Доњецк и Луганск, вклучително и деца. Соединетите држави беа тие што ја наполнија Украина со биолаборатории, кои – многу веројатно – беа користени за проучување на методи за уништување на рускиот народ на генетско ниво. Денацификација – бидејќи САД беа тие што ги поттикнаа неонацистичката тактика и стратегија на Бандера од Киев и во суштина ја спречија Украина, како страна на Договорот од Минск, да ги исполни своите обврски. Соединетите Држави се лојални на својата лицемерна политика и во Босна и Херцеговина. Вашингтон е тој што всушност се меша во дијалогот во БиХ, ги спротивставува конститутивните народи и се спротивставува на укинувањето на анахрониот странски протекторат претставен од Канцеларијата на високиот претставник. Во исто време, тој „внимателно“ ја турка таквата Босна и Херцеговина во Европската унија за да ја користи – како Косово – како „фитил“ против неговиот геополитички противник, ЕУ. Ова е точно, иако во светлината на моменталната имагинарна солидарност меѓу Америка и Европа „за украинскиот случај“, таквата изјава може да изгледа претерано. Но, ќе дојде моментот на вистината. САД не се „докажан пријател“, туку искусен предатор, кој без двоумење ќе ги остави своите сојузници на судбината без двоумење. Примерите во овој случај се излишни. Дури и акронимот САД е дешифриран од некои Американци како Соединетите држави на анксиозноста. Тоа е вознемиреност, а ние би додале и лага што САД му ја носат на светот - се вели во објавата.

The post САД подготвуваат украинско сценарио за БиХ, вели Руската амбасада во Сараево appeared first on Република.

]]>