Босилово Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bosilovo/ За подобро да се разбереме Wed, 10 Apr 2024 16:15:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Босилово Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bosilovo/ 32 32 Мицкоски: Ахмети, Груби, Османи и останатите стотици разбојници од ДУИ од државата направија сопствен вилает, на 24 април да ставиме крај на уништувањето на Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-ahmeti-grubi-osmani-i-ostanatite-stotitsi-razbojnitsi-od-dui-od-drzhavata-napravija-sopstven-vilaet-na-24-april-da-stavime-kraj-na-unishtuvaneto-na-makedonija/ Wed, 10 Apr 2024 16:15:43 +0000 https://republika.mk/?p=764647

Она кое што сакам да го прашам овде во Босилово е дали сме подготвени да ја направиме Македонија повторна горда, праша претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешното свое обраќање пред граѓаните во општина Босилово во рамките на претседателската кампања.

Мицкоски потенцираше дека на овие избори се одлучува дали Македонија ќе биде онаква каква што сакаат граѓаните да ја видат или пак онаква каква што Али Ахмети му сугерираше на Димитар Ковачевски со три клучни збора „Како до сега“?

-На овие избори одлучуваме дали Македонија ќе биде онаква каква што мојата, вашата, нашата генерација сакаше да ја види или пак ќе биде Македонија онаква каква што Али Ахмети му сугерираше на Димитар Ковачевски со три клучни збора, а тоа се како до сега? Овие избори кои што следат се Македонија горда, Македонија повторно твоја или пак како до сега во која СДС се ништо повеќе од еден обичен измеќар на ДУИ, а државата, нашата Македонија ја водат Али Ахмети, Артан Груби, Бујар Османи и останатите стотици разбојници од ДУИ кои од Македонија направија сопствен вилает, рече Мицкоски.

Во врска со принципот „Како до сега“ претседателот Мицкоски додаде:

-Каков е принципот на „Македонија како до сега„? Македонија подразбира да продолжи Артан Груби да си ги мести тендерите, а членовите на негoвотo семејство да купуваат скапоцени, милионски имоти во центарот на поголемите градови низ Македонија, вклучително и главниот град. „Македонија како до сега“ според методологија на Али Ахмети и Ковачевски е Македонија во која Бујар Османи како министер за надворешни работи патува низ светот и го распродава македонскиот идентитет, небаре го наследил од неговиот дедо. „Македонија како до сега“ е методологија во која Али Ахмети ужива во својата хациенда во Зајас небаре е некој блискоисточен мултимилионски шеик и оттаму ја крои судбината на Македонија.

На крај Мицкоски порача дека на овие избори граѓаните ќе одлучат дали ова трио ќе продолжи да ја уништува Македонија или пак ќе гласа за Македонија да биде повторно горда.

-Затоа секој еден кои што ќе излезе на овие избори одлучува дали ова трио ќе продолжи како до сега да ја уништува Македонија или пак ќе гласа за Македонија да биде повторно горда онаква каква што сакаме да ја видиме, Македонија да биде повторно ваша? На 24 април бирате помеѓу Стево Пендаровски и професорката Гордана Силјановска Давкова, кажа Мицкоски.

The post Мицкоски: Ахмети, Груби, Османи и останатите стотици разбојници од ДУИ од државата направија сопствен вилает, на 24 април да ставиме крај на уништувањето на Македонија appeared first on Република.

]]>

Она кое што сакам да го прашам овде во Босилово е дали сме подготвени да ја направиме Македонија повторна горда, праша претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешното свое обраќање пред граѓаните во општина Босилово во рамките на претседателската кампања. Мицкоски потенцираше дека на овие избори се одлучува дали Македонија ќе биде онаква каква што сакаат граѓаните да ја видат или пак онаква каква што Али Ахмети му сугерираше на Димитар Ковачевски со три клучни збора „Како до сега“?
-На овие избори одлучуваме дали Македонија ќе биде онаква каква што мојата, вашата, нашата генерација сакаше да ја види или пак ќе биде Македонија онаква каква што Али Ахмети му сугерираше на Димитар Ковачевски со три клучни збора, а тоа се како до сега? Овие избори кои што следат се Македонија горда, Македонија повторно твоја или пак како до сега во која СДС се ништо повеќе од еден обичен измеќар на ДУИ, а државата, нашата Македонија ја водат Али Ахмети, Артан Груби, Бујар Османи и останатите стотици разбојници од ДУИ кои од Македонија направија сопствен вилает, рече Мицкоски.
Во врска со принципот „Како до сега“ претседателот Мицкоски додаде:
-Каков е принципот на „Македонија како до сега„? Македонија подразбира да продолжи Артан Груби да си ги мести тендерите, а членовите на негoвотo семејство да купуваат скапоцени, милионски имоти во центарот на поголемите градови низ Македонија, вклучително и главниот град. „Македонија како до сега“ според методологија на Али Ахмети и Ковачевски е Македонија во која Бујар Османи како министер за надворешни работи патува низ светот и го распродава македонскиот идентитет, небаре го наследил од неговиот дедо. „Македонија како до сега“ е методологија во која Али Ахмети ужива во својата хациенда во Зајас небаре е некој блискоисточен мултимилионски шеик и оттаму ја крои судбината на Македонија.
На крај Мицкоски порача дека на овие избори граѓаните ќе одлучат дали ова трио ќе продолжи да ја уништува Македонија или пак ќе гласа за Македонија да биде повторно горда.
-Затоа секој еден кои што ќе излезе на овие избори одлучува дали ова трио ќе продолжи како до сега да ја уништува Македонија или пак ќе гласа за Македонија да биде повторно горда онаква каква што сакаме да ја видиме, Македонија да биде повторно ваша? На 24 април бирате помеѓу Стево Пендаровски и професорката Гордана Силјановска Давкова, кажа Мицкоски.

The post Мицкоски: Ахмети, Груби, Османи и останатите стотици разбојници од ДУИ од државата направија сопствен вилает, на 24 април да ставиме крај на уништувањето на Македонија appeared first on Република.

]]>
Николоски: Пендаровски не одговара дали ќе ги користи бенефициите за поранешен претседател, на 24 април треба му кажеме НЕ и да му помогнеме и да се отсели од Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-pendarovski-ne-odgovara-dali-ke-gi-koristi-benefitsiite-za-poraneshen-pretsedatel-na-24-april-treba-mu-kazheme-ne-i-da-mu-pomogneme-i-da-se-otseli-od-makedonija/ Wed, 10 Apr 2024 16:01:50 +0000 https://republika.mk/?p=764644

Денес сме на две недели пред првиот круг претседателски избори и би сакал да кажам дека актуелниот претседател на заминување Стево Пендаровски јака нервоза го фати целосно се изгуби, скоро и да нема кампања, но до денес не даде одговор на клучните прашања, рече Александар Николоски, носител на изборна листа во изборна единица 4 за време не митингот во Босилово.

Николоски потсети дека потсети неколку прашања до Пендаровски но оти тој не ги одговара.

„Го прашавме, а не одговори каде ја донира сопствената плата нели се фалеше ќе ја донира, до денес не одговори дали после 12 мај кога официјално му завршува мандатот дали ќе користи претседателски бенефиции, а тие се претседателска пензија доживотно во висина на претседателска плата, кабинет, простории, возач, обезбедување платени од државата’, кажа Николоски.

Николоски укажа дека во 2019 година кога сакаше да глуми чесен велеше нема да ги користи овие привилегии.

„Ама сега последниве месеци молчи како риба и не одговара дали ќе ги користи или не. Очигледно планира да ги користи очигледно ќе биде поранешен кој надолго ги користи кој кажува дека е дволичен“, вели Николоски.

Николоски рече дека Пендаровски е корумпиран до срж, сплеткар.

„На тој човек мора да му кажеме НЕ на 24 април и 8 мај. А можеби да му помогнеме и да се исели од државава. Тој треба да каже и зошто ни една крими афера обелоденета од ВМРО-ДПМНЕ не ја осуди, зошто прифаќа неговата кампања да биде финансирани со крадени ваши пари. Нема да одговори но мора да му ги поставуваме за да се види разликата меѓу него и Гордана Силјановска Давкова“, вели Николоски.

The post Николоски: Пендаровски не одговара дали ќе ги користи бенефициите за поранешен претседател, на 24 април треба му кажеме НЕ и да му помогнеме и да се отсели од Македонија appeared first on Република.

]]>

Денес сме на две недели пред првиот круг претседателски избори и би сакал да кажам дека актуелниот претседател на заминување Стево Пендаровски јака нервоза го фати целосно се изгуби, скоро и да нема кампања, но до денес не даде одговор на клучните прашања, рече Александар Николоски, носител на изборна листа во изборна единица 4 за време не митингот во Босилово. Николоски потсети дека потсети неколку прашања до Пендаровски но оти тој не ги одговара.
„Го прашавме, а не одговори каде ја донира сопствената плата нели се фалеше ќе ја донира, до денес не одговори дали после 12 мај кога официјално му завршува мандатот дали ќе користи претседателски бенефиции, а тие се претседателска пензија доживотно во висина на претседателска плата, кабинет, простории, возач, обезбедување платени од државата’, кажа Николоски.
Николоски укажа дека во 2019 година кога сакаше да глуми чесен велеше нема да ги користи овие привилегии.
„Ама сега последниве месеци молчи како риба и не одговара дали ќе ги користи или не. Очигледно планира да ги користи очигледно ќе биде поранешен кој надолго ги користи кој кажува дека е дволичен“, вели Николоски.
Николоски рече дека Пендаровски е корумпиран до срж, сплеткар.
„На тој човек мора да му кажеме НЕ на 24 април и 8 мај. А можеби да му помогнеме и да се исели од државава. Тој треба да каже и зошто ни една крими афера обелоденета од ВМРО-ДПМНЕ не ја осуди, зошто прифаќа неговата кампања да биде финансирани со крадени ваши пари. Нема да одговори но мора да му ги поставуваме за да се види разликата меѓу него и Гордана Силјановска Давкова“, вели Николоски.

The post Николоски: Пендаровски не одговара дали ќе ги користи бенефициите за поранешен претседател, на 24 април треба му кажеме НЕ и да му помогнеме и да се отсели од Македонија appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: По 20 години населеното место Босилово доби нов одводен канал https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-po-20-godini-naselenoto-mesto-bosilovo-dobi-nov-odvoden-kanal/ Tue, 10 Oct 2023 14:09:42 +0000 https://republika.mk/?p=689947

Денеска продолжи акцијата „Важно е! Од тебе зависат промените, акција која што ВМРО-ДПМНЕ ја почна пред десетина дена.

Во рамките на посетата на Босилево, Мицкоски на својот Фејсбик профил објави дека после 20 години населеното место Босилово доби нов одводен канал во должина од над 500 метри.

После 20 години населеното место Босилово доби нов одводен канал во должина од над 500 метри.
Ова е трет ваков канал во општината.
Жителите на Босилово заслужуваат квалитетен живот.
Затоа се обврзуваме на неколку големи капитални проекти преку централната власт како реконструкција на дел на водоводниот систем на населените места Иловица и Штука. Исто така и нови проекти за изградба на фекална канализација со пречистителна станица за населените места Моноспитово и Босилово, нов водоснабдителен систем во населеното место Дрвош, како и изградба на локален пат за поврзување на населените места Секирник и Штука.
Важно е помалите општини да добијат рамномерен развој.
Важно е граѓаните да добијат квалитетен живот.

The post Мицкоски: По 20 години населеното место Босилово доби нов одводен канал appeared first on Република.

]]>

Денеска продолжи акцијата „Важно е! Од тебе зависат промените, акција која што ВМРО-ДПМНЕ ја почна пред десетина дена. Во рамките на посетата на Босилево, Мицкоски на својот Фејсбик профил објави дека после 20 години населеното место Босилово доби нов одводен канал во должина од над 500 метри.
После 20 години населеното место Босилово доби нов одводен канал во должина од над 500 метри. Ова е трет ваков канал во општината. Жителите на Босилово заслужуваат квалитетен живот. Затоа се обврзуваме на неколку големи капитални проекти преку централната власт како реконструкција на дел на водоводниот систем на населените места Иловица и Штука. Исто така и нови проекти за изградба на фекална канализација со пречистителна станица за населените места Моноспитово и Босилово, нов водоснабдителен систем во населеното место Дрвош, како и изградба на локален пат за поврзување на населените места Секирник и Штука. Важно е помалите општини да добијат рамномерен развој. Важно е граѓаните да добијат квалитетен живот.

The post Мицкоски: По 20 години населеното место Босилово доби нов одводен канал appeared first on Република.

]]>
Изложба на графики од Стефан Јакимовски и концерт на бендот „Дактили“ вечерва во Босилово https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozhba-na-grafiki-od-stefan-jakimovski-i-kontsert-na-bendot-daktili-vecherva-vo-bosilovo/ Sun, 10 Sep 2023 18:42:58 +0000 https://republika.mk/?p=680670

Во склоп на „Културно Лето – Босилово“, утре (недела, 10 септември) од 20 часот ќе се одржат два настани од уметнички карактер. Во Парк на паднатите борци (до Дом на култура) во Босилово ќе биде отворена изложбата на графики од циклусот „Дневник“ на Стефан Јакимовски, а потоа ќе започне концерт на бендот „Дактили“.

Стефан Јакимовски е роден во Скопје, средно училиште завршува во Крива Паланка , а потоа димпломира и моментално е на постдипломски студии на Факултетот за ликовна уметност при УКИМ во класата на професорката Славица Јамешлиевa- отсек графика.

„Членува во Друштвото на ликовни уметници на Македонија-ДЛУМ. Добитник е на бројни награди и признанија, а досега учевствувал во над триесет изложби во земјата и во странство“, стои во најавата.

Дактили е македонски авторски бенд основан во 2018та година во Струмица. Позади себе бендот има неколку изданија: ЕП-то „Ventana de Pasillo“ (2019), албумот „Рандом Дестинација“ (2020), сингловите „Убав Ден“ и „Болни Светогледи“.

„Иако бендот досега има променето неколку постави, ‘Дактили’ го задржуваат она главното кое ги води – креативниот и храбар пристап во создавањето на оригинална музика“, се вели во најавата за настанот.

The post Изложба на графики од Стефан Јакимовски и концерт на бендот „Дактили“ вечерва во Босилово appeared first on Република.

]]>

Во склоп на „Културно Лето – Босилово“, утре (недела, 10 септември) од 20 часот ќе се одржат два настани од уметнички карактер. Во Парк на паднатите борци (до Дом на култура) во Босилово ќе биде отворена изложбата на графики од циклусот „Дневник“ на Стефан Јакимовски, а потоа ќе започне концерт на бендот „Дактили“. Стефан Јакимовски е роден во Скопје, средно училиште завршува во Крива Паланка , а потоа димпломира и моментално е на постдипломски студии на Факултетот за ликовна уметност при УКИМ во класата на професорката Славица Јамешлиевa- отсек графика. „Членува во Друштвото на ликовни уметници на Македонија-ДЛУМ. Добитник е на бројни награди и признанија, а досега учевствувал во над триесет изложби во земјата и во странство“, стои во најавата. Дактили е македонски авторски бенд основан во 2018та година во Струмица. Позади себе бендот има неколку изданија: ЕП-то „Ventana de Pasillo“ (2019), албумот „Рандом Дестинација“ (2020), сингловите „Убав Ден“ и „Болни Светогледи“. „Иако бендот досега има променето неколку постави, ‘Дактили’ го задржуваат она главното кое ги води – креативниот и храбар пристап во создавањето на оригинална музика“, се вели во најавата за настанот.

The post Изложба на графики од Стефан Јакимовски и концерт на бендот „Дактили“ вечерва во Босилово appeared first on Република.

]]>
Старите лица од општина Босилово добија нов центар за дневен престој https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/starite-litsa-od-opshtina-bosilovo-dobija-nov-tsentar-za-dneven-prestoj/ Mon, 04 Sep 2023 16:02:00 +0000 https://republika.mk/?p=678694

Пензионерите и постарите лица кои живеат во општина Босилово за првпат добиваат Центар за дневен престој на стари лица со активно стареење. Центарот е лоциран во населеното место Турново и ќе може секојдневно да го посетуваат до 24 корисници, каде преку различен вид активности кои ќе се спроведуваат под надзор на стручни лица, добиваат можност за квалитетен, активен живот и социјализација.

Отворањето на овој центар се реализира преку Проектот за подобрување на социјалните услуги, кој го имплементира Министерството за труд и социјална политика, со поддршка од Светска Банка, во рамки на социјалната реформа која започна да се спроведува во 2019 година. Една од клучните цели на оваа реформа е зголемување на достапноста на социјалните услуги на локално ниво, до оние граѓани на кои тие им се најпотребни.

„Центрите за дневен престој на стари лица за активно стареење се еден тип на социјална услуга која е наменета за активните стари лица и им овозможуваат на старите лица низ разновидни активности да бидат ангажирани, да се дружат, како и квалитетно да го исполнат нивното време. Јас сум многу задоволна што денеска ќе ја врачиме лиценцата за вршење дејност на третиот центар за дневен престој на стари лица и верувам дека истиот ќе им носи многу дружба и активности на жителите од село Турново. Задоволството е поголемо што се работи за рурална средина и тоа покажува дека ние сме посветени на изградба на систем на социјални услуги низ целата земја, со акцент на одалечените места.“, истакна министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска.

Со новиот центар за дневен престој на стари лица со активно стареење во Турново ќе управува општинската организација на Црвениот крст во Струмица, кој од Министерството за труд и социјална политика ја доби соодветната дозвола за вршење дејност од областа на социјалната заштита.

Од Црвениот Крст Струмица искажаа задоволство што заедно со општина Босилово се добитници на грант за развој на оваа услуга и потенцираа дека ќе го искористат своето знаење и искуство за да креираат активности кои ќе внесат свежина и радост во секојдневниот живот на корисниците, помагајќи им квалитетно и активно да го поминат третото доба.

Значајна придобивка од социјалната реформа е и децентрализацијата на социјалната заштита која се спроведува преку пренос на ингеренциите за спроведување на социјалните услуги од централно на општинско ниво. Една од улогите на општините во овој процес е да ги препознаат потребите и барањата на жителите во нивните заедници и, заедно со потенцијалите даватели на услуги, да подготват соодветни проекти за развој на социјални услуги со кои ќе настапат пред ресорното министерство и за кои, доколку ги исполнат неопходните предуслови, добиваат соодветна финансиска поддршка.

„Горд сум што Босилово е една од општините чии проекти за развој на нови социјални услуги беа избрани како најдобри и чија реализација е овозможена од страна на Министерството за труд и социјална политика. Тоа покажува дека сме направиле добра проценка на потребите на нашите сограѓани и добро сме ги идентификувале оние што заслужуваат посебно внимание и поддршка. Постарите граѓани од нашата општина секако спаѓаат во таа група и затоа денеска сум особено задоволен што заедно со ресорното министерството и давателот на услугата – Црвениот крст од Струмица, започнуваме со исполнување на оваа наша заложба“, оцени градоначалникот на Општина Босилово, Ристо Манчев.

Инаку, во рамки на Компонентата 1 од Проектот за подобрување на социјалните услуги, што го спроведува Министерството за труд и социјална политика, досега е обезбедена соодветна поддршка за реализација на 34 поединечни проекти за воведување социјални услуги во 41 општина ширум земјата. Покрај отворање дневни центри за активно стареење, со овие проекти дадена е и конкретна поддршка за развој на друг вид нови социјални услуги, како што се: дневни центри за престој на лица и деца со попреченост, центри за рехабилитација и реинтеграција на лица со попреченост, како и развој на услугите лична асистенција, помош и нега во домот и други. За давање на овие социјални услуги досега се обучени и лиценцирани над 300 лица, а истите се достапни за повеќе од 1200 корисници.

The post Старите лица од општина Босилово добија нов центар за дневен престој appeared first on Република.

]]>

Пензионерите и постарите лица кои живеат во општина Босилово за првпат добиваат Центар за дневен престој на стари лица со активно стареење. Центарот е лоциран во населеното место Турново и ќе може секојдневно да го посетуваат до 24 корисници, каде преку различен вид активности кои ќе се спроведуваат под надзор на стручни лица, добиваат можност за квалитетен, активен живот и социјализација. Отворањето на овој центар се реализира преку Проектот за подобрување на социјалните услуги, кој го имплементира Министерството за труд и социјална политика, со поддршка од Светска Банка, во рамки на социјалната реформа која започна да се спроведува во 2019 година. Една од клучните цели на оваа реформа е зголемување на достапноста на социјалните услуги на локално ниво, до оние граѓани на кои тие им се најпотребни. „Центрите за дневен престој на стари лица за активно стареење се еден тип на социјална услуга која е наменета за активните стари лица и им овозможуваат на старите лица низ разновидни активности да бидат ангажирани, да се дружат, како и квалитетно да го исполнат нивното време. Јас сум многу задоволна што денеска ќе ја врачиме лиценцата за вршење дејност на третиот центар за дневен престој на стари лица и верувам дека истиот ќе им носи многу дружба и активности на жителите од село Турново. Задоволството е поголемо што се работи за рурална средина и тоа покажува дека ние сме посветени на изградба на систем на социјални услуги низ целата земја, со акцент на одалечените места.“, истакна министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска. Со новиот центар за дневен престој на стари лица со активно стареење во Турново ќе управува општинската организација на Црвениот крст во Струмица, кој од Министерството за труд и социјална политика ја доби соодветната дозвола за вршење дејност од областа на социјалната заштита. Од Црвениот Крст Струмица искажаа задоволство што заедно со општина Босилово се добитници на грант за развој на оваа услуга и потенцираа дека ќе го искористат своето знаење и искуство за да креираат активности кои ќе внесат свежина и радост во секојдневниот живот на корисниците, помагајќи им квалитетно и активно да го поминат третото доба. Значајна придобивка од социјалната реформа е и децентрализацијата на социјалната заштита која се спроведува преку пренос на ингеренциите за спроведување на социјалните услуги од централно на општинско ниво. Една од улогите на општините во овој процес е да ги препознаат потребите и барањата на жителите во нивните заедници и, заедно со потенцијалите даватели на услуги, да подготват соодветни проекти за развој на социјални услуги со кои ќе настапат пред ресорното министерство и за кои, доколку ги исполнат неопходните предуслови, добиваат соодветна финансиска поддршка. „Горд сум што Босилово е една од општините чии проекти за развој на нови социјални услуги беа избрани како најдобри и чија реализација е овозможена од страна на Министерството за труд и социјална политика. Тоа покажува дека сме направиле добра проценка на потребите на нашите сограѓани и добро сме ги идентификувале оние што заслужуваат посебно внимание и поддршка. Постарите граѓани од нашата општина секако спаѓаат во таа група и затоа денеска сум особено задоволен што заедно со ресорното министерството и давателот на услугата – Црвениот крст од Струмица, започнуваме со исполнување на оваа наша заложба“, оцени градоначалникот на Општина Босилово, Ристо Манчев. Инаку, во рамки на Компонентата 1 од Проектот за подобрување на социјалните услуги, што го спроведува Министерството за труд и социјална политика, досега е обезбедена соодветна поддршка за реализација на 34 поединечни проекти за воведување социјални услуги во 41 општина ширум земјата. Покрај отворање дневни центри за активно стареење, со овие проекти дадена е и конкретна поддршка за развој на друг вид нови социјални услуги, како што се: дневни центри за престој на лица и деца со попреченост, центри за рехабилитација и реинтеграција на лица со попреченост, како и развој на услугите лична асистенција, помош и нега во домот и други. За давање на овие социјални услуги досега се обучени и лиценцирани над 300 лица, а истите се достапни за повеќе од 1200 корисници.

The post Старите лица од општина Босилово добија нов центар за дневен престој appeared first on Република.

]]>
Манчев: Патот Буриево-Колешино е од големо економско значење на подбеласичкиот регион https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/manchev-patot-burievo-koleshino-e-od-golemo-ekonomsko-znachene-na-podbelasichkiot-region/ Thu, 09 Mar 2023 17:03:40 +0000 https://republika.mk/?p=617817

Градоначалникот на општина Босилово, Ристо манчев, соопшти дека е во тек реализација на последната фаза на локалниот пат Буриево - Колешино.

Манчев истакна дека реализацијата на овој патен правец е од исклучително значење на економскиот развој на овој регион.

Како прво, со реализација на овој патен правец ќе се овозможи развој на туризмот во подбеласичкиот регион и поврзување на убавините на Беласица со Моноспитовско Блато и поврзување со подогражденскиот регион. Исто така, реализацијата на овој патен правец е од исклучителна важност за развој на земјоделието со што се создаваат услови за поефтин побрз и поекономичен транспорт на земјоделски производи. Она што е особено важно за граѓаните на Колешино и за граѓаните на Буриево преку овој патен правец ќе се овозможи пристап до голема површина на обработливо земјоделско земјиште. Исто така, патниот правец овозможува и развој на сообраќајот во овој регион, бидејќи овозможува поврзување на граѓаните од Колешино од овој дел на Ново Село со регионалниот пат А4 кој води кон границата со Бугарија, изјави Манчев.

Тој додаде дека станува збор за еден исклучително важен патен правец како за општина Босилово така и за општина Ново село и за развој на целокупниот регион.

Во тек е последната фаза од реализацијата што можеби е и најтешката фаза затоа што еден дел од патот и не трасиран, меѓутоа се надевам дека многу брзо како што рече и градоначалникот за месец дена очекувам овој патен правец да е завршен и да можат граѓаните да го користат, изјави Манчев.

The post Манчев: Патот Буриево-Колешино е од големо економско значење на подбеласичкиот регион appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на општина Босилово, Ристо манчев, соопшти дека е во тек реализација на последната фаза на локалниот пат Буриево - Колешино. Манчев истакна дека реализацијата на овој патен правец е од исклучително значење на економскиот развој на овој регион.
Како прво, со реализација на овој патен правец ќе се овозможи развој на туризмот во подбеласичкиот регион и поврзување на убавините на Беласица со Моноспитовско Блато и поврзување со подогражденскиот регион. Исто така, реализацијата на овој патен правец е од исклучителна важност за развој на земјоделието со што се создаваат услови за поефтин побрз и поекономичен транспорт на земјоделски производи. Она што е особено важно за граѓаните на Колешино и за граѓаните на Буриево преку овој патен правец ќе се овозможи пристап до голема површина на обработливо земјоделско земјиште. Исто така, патниот правец овозможува и развој на сообраќајот во овој регион, бидејќи овозможува поврзување на граѓаните од Колешино од овој дел на Ново Село со регионалниот пат А4 кој води кон границата со Бугарија, изјави Манчев.
Тој додаде дека станува збор за еден исклучително важен патен правец како за општина Босилово така и за општина Ново село и за развој на целокупниот регион.
Во тек е последната фаза од реализацијата што можеби е и најтешката фаза затоа што еден дел од патот и не трасиран, меѓутоа се надевам дека многу брзо како што рече и градоначалникот за месец дена очекувам овој патен правец да е завршен и да можат граѓаните да го користат, изјави Манчев.

The post Манчев: Патот Буриево-Колешино е од големо економско значење на подбеласичкиот регион appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе спушти половина од парите за капитални инвестиции, околу 15 милијарди денари, на локално ниво https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-idnata-vlada-na-vmro-dpmne-ke-spushti-polovina-od-parite-za-kapitalni-investitsii-okolu-15-milijardi-denari-na-lokalno-nivo/ Thu, 09 Mar 2023 12:48:52 +0000 https://republika.mk/?p=617714

Човек е секогаш задоволен кога присуствува на реализација на проекти кои што значат поквалитетен живот за граѓаните. Така и денеска овде во општина Ново Село и Босилово ја користам оваа прилика да им честитам и на Ѓорѓи и на Ристо за ова кое што го прават овде бидејќи навистина на овој начин се помага на земјоделците за да имаа подобра пристап до својата земја која што потоа ја обработуваат, а потоа од таа земја ја хранат Македонија и своите семејства, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Во оној неврзан дел од разговорот доаѓајќи наваму ја отворивме тема што ќе се случува после изборите и новата влада на ВМРО-ДПМНЕ, и ја користам оваа прилика да напоменам дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ планира половина од средствата планирани за капитални инвестиции кои што би биле не помалку од 15 милијарди денари годишно да ги спушти на локално ниво, на ниво на општините за општински проекти кои ќе бидат во три области, а тоа е изградба на канализациони системи кои ќе завршуваат со изградба на пречистителни станици, потоа водоснабдителни системи нормално за техничка вода и вода за пиење и исто така асфалтирање и пробивање на патна инфраструктура. Овие три типа на проекти се многу значајни за луѓето надвор од градските средини, бидејќи многу мала е покриеноста со канализациони системи, водоснабдителни системи со питка вода, а истовремено и со асфалт. Тоа се проекти кои што се предвидува да бидат до 30 милиони денари или минимум 500тини проекти на целата територија на Македонија. Затоа ги повикувам сите општини, вклучително и општина Ново Село и Босилово да направат, да изготват проекти бидејќи во периодот кој што следи ќе имаме избори, а победникот е јасен. Се знае дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира следната влада и ние веќе размислуваме како од првиот ден да ги почнеме да ги задоволуваме очекувањата на граѓаните, бидејќи имаме целосна апатија овие пет и пол години, е ве шеста година, како да тргне наеднаш напред затоа што мораме да ја вратиме довербата кај граѓаните дека не се сите исти и дека ние размислуваме за развој на Македонија.

Затоа ги охрабрувам сите општини без разлика дали се тоа градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, дали е ДУИ, Алијанса на Албанците, БЕСА или независни, да работата на изработка на проекти. Ние сме свесни дека оваа влада на ДУИ поддржана од СДСМ ниту има визија, ниту знае што е проектен менаџмент, ниту ќе им обезбеди средства. Знаеме дека се притиснати, се кратат дотациите, се уценуваат за вработувања во градинки, свесни сме за сето тоа, и не очекуваме ништо. Но, еве по преземањето на владата планираме еден робусен чекор, голем чекор во насока на инфраструктуиризација на Македонија, во делот на канализација со пречистителни станици на крај, водоснабдителни системи за питка вода, и пробивање на патишта и сите тие да бидат асфалтирани.

Цениме дека минимум 500тини проекти годишно ќе имаме, ако не и повеќе и тоа ќе значи еден голем чекор напред кон развој на Македонија и обезбедување на подобри услови за живот на нашите сограѓани да го намалиме или барем да го нема оној изговор кога велат дека немаме елементарни услови за живот и заради тоа се селиме. Еве на овој начин ќе обезбедиме секој еден граѓанин без разлика каде живее дали во градска или рурална средина да може да обезбедиме да има пристојни услови за живот и да може тука да остане, а не да се сели од  Македонија.

Уште еднаш ќе ми дозволите да им честитам на градоначалниците, администрацијата, и советите во Ново Село и Босилово, се соочуваат со големи предизвици, но тие се храбри, чесно и одговорно работата, и во зависност од тоа колку имаат на располагање можности, така и реализираат проекти и огромен процент ветено од програмата веќе е реализирано, а веќе очекувам со преземање на владата на ВМРО-ДПМНЕ  и оној дел кој што се уште не е реализиран, да биде реализиран, за да може нешто повеќе од тоа кое што сме го ветувале во кампањата.

The post Мицкоски: Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе спушти половина од парите за капитални инвестиции, околу 15 милијарди денари, на локално ниво appeared first on Република.

]]>

Човек е секогаш задоволен кога присуствува на реализација на проекти кои што значат поквалитетен живот за граѓаните. Така и денеска овде во општина Ново Село и Босилово ја користам оваа прилика да им честитам и на Ѓорѓи и на Ристо за ова кое што го прават овде бидејќи навистина на овој начин се помага на земјоделците за да имаа подобра пристап до својата земја која што потоа ја обработуваат, а потоа од таа земја ја хранат Македонија и своите семејства, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Во оној неврзан дел од разговорот доаѓајќи наваму ја отворивме тема што ќе се случува после изборите и новата влада на ВМРО-ДПМНЕ, и ја користам оваа прилика да напоменам дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ планира половина од средствата планирани за капитални инвестиции кои што би биле не помалку од 15 милијарди денари годишно да ги спушти на локално ниво, на ниво на општините за општински проекти кои ќе бидат во три области, а тоа е изградба на канализациони системи кои ќе завршуваат со изградба на пречистителни станици, потоа водоснабдителни системи нормално за техничка вода и вода за пиење и исто така асфалтирање и пробивање на патна инфраструктура. Овие три типа на проекти се многу значајни за луѓето надвор од градските средини, бидејќи многу мала е покриеноста со канализациони системи, водоснабдителни системи со питка вода, а истовремено и со асфалт. Тоа се проекти кои што се предвидува да бидат до 30 милиони денари или минимум 500тини проекти на целата територија на Македонија. Затоа ги повикувам сите општини, вклучително и општина Ново Село и Босилово да направат, да изготват проекти бидејќи во периодот кој што следи ќе имаме избори, а победникот е јасен. Се знае дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира следната влада и ние веќе размислуваме како од првиот ден да ги почнеме да ги задоволуваме очекувањата на граѓаните, бидејќи имаме целосна апатија овие пет и пол години, е ве шеста година, како да тргне наеднаш напред затоа што мораме да ја вратиме довербата кај граѓаните дека не се сите исти и дека ние размислуваме за развој на Македонија.
Затоа ги охрабрувам сите општини без разлика дали се тоа градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, дали е ДУИ, Алијанса на Албанците, БЕСА или независни, да работата на изработка на проекти. Ние сме свесни дека оваа влада на ДУИ поддржана од СДСМ ниту има визија, ниту знае што е проектен менаџмент, ниту ќе им обезбеди средства. Знаеме дека се притиснати, се кратат дотациите, се уценуваат за вработувања во градинки, свесни сме за сето тоа, и не очекуваме ништо. Но, еве по преземањето на владата планираме еден робусен чекор, голем чекор во насока на инфраструктуиризација на Македонија, во делот на канализација со пречистителни станици на крај, водоснабдителни системи за питка вода, и пробивање на патишта и сите тие да бидат асфалтирани. Цениме дека минимум 500тини проекти годишно ќе имаме, ако не и повеќе и тоа ќе значи еден голем чекор напред кон развој на Македонија и обезбедување на подобри услови за живот на нашите сограѓани да го намалиме или барем да го нема оној изговор кога велат дека немаме елементарни услови за живот и заради тоа се селиме. Еве на овој начин ќе обезбедиме секој еден граѓанин без разлика каде живее дали во градска или рурална средина да може да обезбедиме да има пристојни услови за живот и да може тука да остане, а не да се сели од  Македонија.
Уште еднаш ќе ми дозволите да им честитам на градоначалниците, администрацијата, и советите во Ново Село и Босилово, се соочуваат со големи предизвици, но тие се храбри, чесно и одговорно работата, и во зависност од тоа колку имаат на располагање можности, така и реализираат проекти и огромен процент ветено од програмата веќе е реализирано, а веќе очекувам со преземање на владата на ВМРО-ДПМНЕ  и оној дел кој што се уште не е реализиран, да биде реализиран, за да може нешто повеќе од тоа кое што сме го ветувале во кампањата.

The post Мицкоски: Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе спушти половина од парите за капитални инвестиции, околу 15 милијарди денари, на локално ниво appeared first on Република.

]]>
Една година инает? Нова градинка зјае празна оти МТСП не дава согласност да почне со работа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/edna-godina-inaet-nova-gradinka-zjae-prazna-oti-mtsp-ne-dava-soglasnost-da-pochne-so-rabota/ Sun, 25 Dec 2022 16:15:18 +0000 https://republika.mk/?p=589757

Имаат нова, комплетно опремена градинка, но не може да ја користат. Повеќе од една година откако беше изградена градинката во општина Босилово стои празна и без деца. Од локалната самоуправа за „Сител“ велат дека од нивна страна биле завршени сите обврски, го санирале и кровот кој прокиснуваше, а единствена пречка за нејзино отварање биле согласностите за вработување кои треба да ги добијат од Министерството за труд и социјална политика.

Градоначалникот Ристо Манчев вели дека е во постојана комуникација со ресорното министерство, испратиле и повеќе барања до нив, но во моментов немаат никаков одговор кога ќе бидат дадени согласностите за новите вработени.

Од Министерството за труд и социјална политика информираа дека согласноста за работа за градинката во Босилово е во процедура и штом заврши постапката градинката ќе биде отворена по што јавноста ќе биде информирана согласно постапувањата. Градинката „Среќни насмевки“ во Босилово е ново правно лице и за да започне со работа потребни се 15 вработувања.

The post Една година инает? Нова градинка зјае празна оти МТСП не дава согласност да почне со работа appeared first on Република.

]]>

Имаат нова, комплетно опремена градинка, но не може да ја користат. Повеќе од една година откако беше изградена градинката во општина Босилово стои празна и без деца. Од локалната самоуправа за „Сител“ велат дека од нивна страна биле завршени сите обврски, го санирале и кровот кој прокиснуваше, а единствена пречка за нејзино отварање биле согласностите за вработување кои треба да ги добијат од Министерството за труд и социјална политика. Градоначалникот Ристо Манчев вели дека е во постојана комуникација со ресорното министерство, испратиле и повеќе барања до нив, но во моментов немаат никаков одговор кога ќе бидат дадени согласностите за новите вработени. Од Министерството за труд и социјална политика информираа дека согласноста за работа за градинката во Босилово е во процедура и штом заврши постапката градинката ќе биде отворена по што јавноста ќе биде информирана согласно постапувањата. Градинката „Среќни насмевки“ во Босилово е ново правно лице и за да започне со работа потребни се 15 вработувања.

The post Една година инает? Нова градинка зјае празна оти МТСП не дава согласност да почне со работа appeared first on Република.

]]>
Важно да ги гушкаме, да им бидеме поддршка на другарите со некаква попречеснот, велат учениците од Босилово и Гевгелија https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/vazno-da-gi-gushkame-da-im-bideme-poddrshka-na-drugarite-so-nekakva-poprechesnot-velat-uchenicite-od-bosilovo-i-gevgelija/ Wed, 09 Nov 2022 12:21:36 +0000 https://republika.mk/?p=571885

„Сите деца имаат исти права“, „Сите ние сме исти“, „Децата се деца, без разлика на нивниот изглед“, „Секој е посебен на свој начин“ – ова беа дел од пораките што во изминатите два дена ги испратија деца од општините Босилово и од Гевгелија.

Неколку стотици основци заедно со нивните наставници, но и психолози и педагози од нивните училишта учествуваа на завршните настани на проектот „Децата не се раѓаат со предрасуди“, што е инициран од театарот „Глада Худик“ од Худиксвал, Шведска, а во Македонија е реализиран во соработка со здружението на граѓани за дисфункции, хендикеп, ретки болести и лица со посебни потреби „Дајте ни крилја“ и Фестивалот за литература и илустрација за деца „Литера“.

Станува збор за проект кој во Шведска се реализира од 2014 година и дава одлични резултати во борбата против предрасудите, а во Македонија се спроведува од 2020 година.

Трета година по ред на проектот „Децата не се раѓаат со предрасуди“ се вклучија 15 училишта од цела земја, кои во два месеци реализираа работилници, разговараа, твореа. Како дел од активностите им беше да го проследат филмот „Модна ревија: Од Глада Худик до Њујорк“ во режија на Јохан Ског, снимен во 2020 година. За активностите со училиштата се погрижи музичката уметница Ребека Јанковска-Ристески, основач на „Дајте ни крилја“.

Домаќин на настанот во с. Босилово беше Коста Тимов, активист за правата на лицата со попреченост, амбасадор на лицата со аутизам, кој во својот етно-ресторан „Кај Виктор“ многу често организира настани и содржини во кои се склучува вистинска инклузија на лицата со попречености. Тој ги поздрави гостите и им порача на децата да ги отворат срцата и да ги прифатат сите другарчиња. Преку примерот на својот син Виктор, кој има 20 години, тој им долови на учениците дека со добра поддршка од средината, од врсниците, и лице со аутизам може да се образува, да напредува. Виктор Тимов е при крај со средното образование.
Учениците од с. Моноспитово, Иловица и од Босилово цртаа, пишуваа пораки на балони што ги вивнаа во небо, прашуваа, разговараа. Во рамките на настанот беше отворена и изложбата на фотопортрети „И јас сум тука“ на авторите Тоше Огњанов и Сребра Ѓорѓијевска, а учениците заедно ја проследија и филмската проекција. Колку е важно да ги гушкаме, да им бидеме поддршка на другарите со некаква попречеснот, се согласија и децата.

Од психолошко-педагошката служба на училиштето во Босиловo. Психологот Горан Гогов посочи дека вакви проекти се неопходни во образовниот систем, кога децата можат преку уметност да учат за предрасудите.

Вториот завршен настан се одржа во ОУ „Владо Кантарџиев“, каде учествуваа ученици и од Богданци и од Стојаково.

Во Гевгелија ме пречекаа со текст колку е важно сите заедно да живееме под исто небо и дека различноста нè прави поубави. Децата цртаа, слушавме музика, сите ги презентираа на сцената убаво испишаните пораки. Цртавме и на балоните, а сите тие хамери и балони ќе бидат закачени во училишниот хол. Сите беа срдечни, прекрасни. Разговарав со многу наставници, им пренесов искуства од наставници од Скопје, зборував за инклузијата на децата и колку е важно да бидат прифатени и треба секогаш да мислиме на нив – вели Јанковска-Ристески.

Таа додава дека ваквите проекти се многу потребни за учениците и наставниците. Деновиве таа ќе ги посети и училишта во Велес и во Гостивар, каде ќе се реализираат завршните настани на проектот.

Проектот „Децата не се раѓаат со предрасуди“ и изложбата „И јас сум тука“ се поддржани од Шведскиот институт, како и од шведската амбасада во земјава. Основач на проектот е театарскиот режисер, продуцент и сценарист, борец за човекови права, Пер Јохансон.

The post Важно да ги гушкаме, да им бидеме поддршка на другарите со некаква попречеснот, велат учениците од Босилово и Гевгелија appeared first on Република.

]]>

„Сите деца имаат исти права“, „Сите ние сме исти“, „Децата се деца, без разлика на нивниот изглед“, „Секој е посебен на свој начин“ – ова беа дел од пораките што во изминатите два дена ги испратија деца од општините Босилово и од Гевгелија. Неколку стотици основци заедно со нивните наставници, но и психолози и педагози од нивните училишта учествуваа на завршните настани на проектот „Децата не се раѓаат со предрасуди“, што е инициран од театарот „Глада Худик“ од Худиксвал, Шведска, а во Македонија е реализиран во соработка со здружението на граѓани за дисфункции, хендикеп, ретки болести и лица со посебни потреби „Дајте ни крилја“ и Фестивалот за литература и илустрација за деца „Литера“. Станува збор за проект кој во Шведска се реализира од 2014 година и дава одлични резултати во борбата против предрасудите, а во Македонија се спроведува од 2020 година. Трета година по ред на проектот „Децата не се раѓаат со предрасуди“ се вклучија 15 училишта од цела земја, кои во два месеци реализираа работилници, разговараа, твореа. Како дел од активностите им беше да го проследат филмот „Модна ревија: Од Глада Худик до Њујорк“ во режија на Јохан Ског, снимен во 2020 година. За активностите со училиштата се погрижи музичката уметница Ребека Јанковска-Ристески, основач на „Дајте ни крилја“. Домаќин на настанот во с. Босилово беше Коста Тимов, активист за правата на лицата со попреченост, амбасадор на лицата со аутизам, кој во својот етно-ресторан „Кај Виктор“ многу често организира настани и содржини во кои се склучува вистинска инклузија на лицата со попречености. Тој ги поздрави гостите и им порача на децата да ги отворат срцата и да ги прифатат сите другарчиња. Преку примерот на својот син Виктор, кој има 20 години, тој им долови на учениците дека со добра поддршка од средината, од врсниците, и лице со аутизам може да се образува, да напредува. Виктор Тимов е при крај со средното образование. Учениците од с. Моноспитово, Иловица и од Босилово цртаа, пишуваа пораки на балони што ги вивнаа во небо, прашуваа, разговараа. Во рамките на настанот беше отворена и изложбата на фотопортрети „И јас сум тука“ на авторите Тоше Огњанов и Сребра Ѓорѓијевска, а учениците заедно ја проследија и филмската проекција. Колку е важно да ги гушкаме, да им бидеме поддршка на другарите со некаква попречеснот, се согласија и децата. Од психолошко-педагошката служба на училиштето во Босиловo. Психологот Горан Гогов посочи дека вакви проекти се неопходни во образовниот систем, кога децата можат преку уметност да учат за предрасудите. Вториот завршен настан се одржа во ОУ „Владо Кантарџиев“, каде учествуваа ученици и од Богданци и од Стојаково.
Во Гевгелија ме пречекаа со текст колку е важно сите заедно да живееме под исто небо и дека различноста нè прави поубави. Децата цртаа, слушавме музика, сите ги презентираа на сцената убаво испишаните пораки. Цртавме и на балоните, а сите тие хамери и балони ќе бидат закачени во училишниот хол. Сите беа срдечни, прекрасни. Разговарав со многу наставници, им пренесов искуства од наставници од Скопје, зборував за инклузијата на децата и колку е важно да бидат прифатени и треба секогаш да мислиме на нив – вели Јанковска-Ристески.
Таа додава дека ваквите проекти се многу потребни за учениците и наставниците. Деновиве таа ќе ги посети и училишта во Велес и во Гостивар, каде ќе се реализираат завршните настани на проектот. Проектот „Децата не се раѓаат со предрасуди“ и изложбата „И јас сум тука“ се поддржани од Шведскиот институт, како и од шведската амбасада во земјава. Основач на проектот е театарскиот режисер, продуцент и сценарист, борец за човекови права, Пер Јохансон.

The post Важно да ги гушкаме, да им бидеме поддршка на другарите со некаква попречеснот, велат учениците од Босилово и Гевгелија appeared first on Република.

]]>
„Креативна рециклажа“: Концерт со инструменти направени од отпад https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kreativna-reciklaza-koncert-so-instrumenti-napraveni-od-otpad/ Sun, 17 Jul 2022 14:07:51 +0000 https://republika.mk/?p=530352

В недела, во домот на културата во Босилово, ќе се одржи уникатен настан, концерт со инструменти направени од отпад.

Настанот е насловен „Креативна рециклажа“, а целта е да се сврти вниманието на јавноста кон прекумерното фрлање на отпад што може да се селектира и рециклира, но и да се покаже дека и од отпадот може да се направи нешто креативно и практично.

Креатори на проектот се Ставро Ангелаков и Љубен Маџиров, музичари по професија кои веќе подолго време самите ги изработуваат инструментите на кои ќе музицираат в недела.

Со овој концерт и официјално ќе започне културното лето во општина Босилово која е една од ретките рурални општини во регионот која годинава подготви богата културна програма со околу дваесетина настани.

Културното лето ќе трае до крајот на август, а во негови рамки ќе бидат одржани повеќе коцерти со настапи на познати изведувачи од забавната и поп-музика, фолклорни ансамбли, ликовни работилници, кино-проекции, литературни читања, театарски претстави, но и голем број детски претстави.

The post „Креативна рециклажа“: Концерт со инструменти направени од отпад appeared first on Република.

]]>

В недела, во домот на културата во Босилово, ќе се одржи уникатен настан, концерт со инструменти направени од отпад. Настанот е насловен „Креативна рециклажа“, а целта е да се сврти вниманието на јавноста кон прекумерното фрлање на отпад што може да се селектира и рециклира, но и да се покаже дека и од отпадот може да се направи нешто креативно и практично. Креатори на проектот се Ставро Ангелаков и Љубен Маџиров, музичари по професија кои веќе подолго време самите ги изработуваат инструментите на кои ќе музицираат в недела. Со овој концерт и официјално ќе започне културното лето во општина Босилово која е една од ретките рурални општини во регионот која годинава подготви богата културна програма со околу дваесетина настани. Културното лето ќе трае до крајот на август, а во негови рамки ќе бидат одржани повеќе коцерти со настапи на познати изведувачи од забавната и поп-музика, фолклорни ансамбли, ликовни работилници, кино-проекции, литературни читања, театарски претстави, но и голем број детски претстави.

The post „Креативна рециклажа“: Концерт со инструменти направени од отпад appeared first on Република.

]]>
Шестмина повредени, меѓу кои две деца во тешка несреќа која се случи ноќва кај Босилово https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/shestmina-povredeni-megju-koi-dve-deca-vo-teshka-nesrekja-koja-se-sluchi-nokjva-kaj-bosilovo/ Sun, 20 Feb 2022 15:43:05 +0000 https://republika.mk/?p=461097

Ноќва околу 1 часот во СВР Струмица било пријавено дека на магистралниот пат Струмица – Ново Село, делница од с.Босилово-с.Турново, се случила сообраќајна несреќа патничко возило „мазда’’ управувано од О.С.(45) од с.Старо Балдовци, струмичко и патничко возило „бмв х3’’ со струмички регистарски ознаки, управувано од В.Џ.(45) од с.Градско Балдовци, струмичко.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на возилото „мазда“, А.А.(25) од с.Старо Балдовци – сопатник во возилото „мазда“ и В.Ј.(33) од с.Градско Балдовци – сопатничка во возилото „бмв“, констатирани во болницата во Струмица. Додека со телесни повреди се здобила В.Џ., малолетен сопатник во возилото „мазда“, С.И.(42) од с.Градско Балдовци – сопатничка во возилото „бмв“ и малолетна сопатничка во возилото „бмв“ од с.Градско Балдовци, констатирани во болницата во Струмица, соопштија од МВР.

Увид извршила екипа од СВР Струмица.

The post Шестмина повредени, меѓу кои две деца во тешка несреќа која се случи ноќва кај Босилово appeared first on Република.