борут пахор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/borut-pahor/ За подобро да се разбереме Mon, 06 May 2024 11:09:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png борут пахор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/borut-pahor/ 32 32 Пахор: Се подготвувам многу внимателно за функцијата специјален пратеник за дијалог меѓу Белград и Приштина https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/pahor-se-podgotvuvam-mnogu-vnimatelno-za-funktsijata-spetsijalen-pratenik-za-dijalog-megu-belgrad-i-prishtina/ Mon, 06 May 2024 11:30:21 +0000 https://republika.mk/?p=774689

Поранешниот претседател на Словенија, Борут Пахор, најави дека неговиот кабинет и Министерството за надворешни работи во Брисел најверојатно следната недела ќе ја достават неговата кандидатура за специјален пратеник за дијалог меѓу Белград и Приштина, јави дописникот на МИА од Белград.

Во интервју за РТВ Словенија, Пахор изјави дека има голем број идеи како да се освежи или заживее дијалогот меѓу Белград и Приштина, кој моментално е во застој. Смета дека Словенија, како и тој, имаат статус на „еден чесен посредник“.

Пахор рече дека за можната функција се подготвува „многу внимателно и одговорно“ и додаде дека многу му значи поддршката што ја ужива во Словенија.

За време на меѓународната конференција за Западен Балкан минатиот месец, поранешниот претседател на Словенија повторно изрази желба да ја преземе оваа позиција, а беше поддржан и од премиерот Роберт Голоб.

Пахор неодамна објави дека работи на нацртот за продолжување на дијалогот и координацијата со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел, земјите-членки на ЕУ и земјите од Квинта, вклучувајќи ги САД, Велика Британија, Франција, Италија и Германија.

Специјалниот пратеник за дијалог меѓу Белград и Приштина го именува високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, но конечната одлука ја носат лидерите на ЕУ.

Специјалниот претставник на Европската унија (ЕУ) за дијалог меѓу Србија и Косово, Мирослав Лајчак, по завршувањето на неговиот мандат на крајот на август ќе биде именуван за амбасадор на ЕУ во Швајцарија

The post Пахор: Се подготвувам многу внимателно за функцијата специјален пратеник за дијалог меѓу Белград и Приштина appeared first on Република.

]]>

Поранешниот претседател на Словенија, Борут Пахор, најави дека неговиот кабинет и Министерството за надворешни работи во Брисел најверојатно следната недела ќе ја достават неговата кандидатура за специјален пратеник за дијалог меѓу Белград и Приштина, јави дописникот на МИА од Белград. Во интервју за РТВ Словенија, Пахор изјави дека има голем број идеи како да се освежи или заживее дијалогот меѓу Белград и Приштина, кој моментално е во застој. Смета дека Словенија, како и тој, имаат статус на „еден чесен посредник“. Пахор рече дека за можната функција се подготвува „многу внимателно и одговорно“ и додаде дека многу му значи поддршката што ја ужива во Словенија. За време на меѓународната конференција за Западен Балкан минатиот месец, поранешниот претседател на Словенија повторно изрази желба да ја преземе оваа позиција, а беше поддржан и од премиерот Роберт Голоб. Пахор неодамна објави дека работи на нацртот за продолжување на дијалогот и координацијата со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел, земјите-членки на ЕУ и земјите од Квинта, вклучувајќи ги САД, Велика Британија, Франција, Италија и Германија. Специјалниот пратеник за дијалог меѓу Белград и Приштина го именува високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, но конечната одлука ја носат лидерите на ЕУ. Специјалниот претставник на Европската унија (ЕУ) за дијалог меѓу Србија и Косово, Мирослав Лајчак, по завршувањето на неговиот мандат на крајот на август ќе биде именуван за амбасадор на ЕУ во Швајцарија

The post Пахор: Се подготвувам многу внимателно за функцијата специјален пратеник за дијалог меѓу Белград и Приштина appeared first on Република.

]]>
Поранешниот претседател на Словенија го продаде своето „рено 4“ за 60 илјади евра, а парите ги донираше за деца болни од рак https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/poraneshniot-pretsedatel-na-slovenija-go-prodade-svoeto-reno-4-za-60-iljadi-evra-a-parite-gi-donirashe-za-detsa-bolni-od-rak/ Mon, 20 Feb 2023 11:00:46 +0000 https://republika.mk/?p=611000

Поранешниот словенечки претседател, Борут Пахор, собрал 60.000 евра за организации кои им помагаат на децата заболени од рак, продавајќи го својот автомобил „рено 4“ од 1991 година, а денеска му ги предал клучевите од автомобилот на купувачот.

Бизнисменот Александар Фратар дал највисока понуда на аукцијата. Како што вели, намерата е да им се помогне на децата кои се борат со тешката болест.

Пахор двапати беше претседател на Словенија, што е воглавно церемонијална позиција во оваа земја.

Неговиот втор петгодишен мандат заврши минатата година, а на претседателската функција го наследи Наташа Пирц-Мусар, прва жена на оваа позиција.

Според Пахор, тој уште од самиот почеток знаел дека ова нема да биде аукција за луѓе кои сакаат само добри автомобили, туку за луѓе со големо срце.

The post Поранешниот претседател на Словенија го продаде своето „рено 4“ за 60 илјади евра, а парите ги донираше за деца болни од рак appeared first on Република.

]]>

Поранешниот словенечки претседател, Борут Пахор, собрал 60.000 евра за организации кои им помагаат на децата заболени од рак, продавајќи го својот автомобил „рено 4“ од 1991 година, а денеска му ги предал клучевите од автомобилот на купувачот. Бизнисменот Александар Фратар дал највисока понуда на аукцијата. Како што вели, намерата е да им се помогне на децата кои се борат со тешката болест. Пахор двапати беше претседател на Словенија, што е воглавно церемонијална позиција во оваа земја. Неговиот втор петгодишен мандат заврши минатата година, а на претседателската функција го наследи Наташа Пирц-Мусар, прва жена на оваа позиција. Според Пахор, тој уште од самиот почеток знаел дека ова нема да биде аукција за луѓе кои сакаат само добри автомобили, туку за луѓе со големо срце.  

The post Поранешниот претседател на Словенија го продаде своето „рено 4“ за 60 илјади евра, а парите ги донираше за деца болни од рак appeared first on Република.

]]>
Катра заработи 60.000 евра: Пахор го продаде своето Рено 4, а парите ги донира за децата болни од рак https://arhiva3.republika.mk/zivot/tehnologija/peshevska-uzh-na-vmro-dpmne-dava-bezrezervna-poddrshka-na-zhenskite-organizatsii-za-protestot-pred-mvr-2/ Fri, 17 Feb 2023 09:02:15 +0000 https://republika.mk/?p=610053

Поранешниот словенечки претседател Борут Пахор го продаде своето Рено 4 од 1991 година за 60.000 евра, а парите од продажбата ќе ги донира на две институции кои се грижат за деца болни од рак. Автомобилот го купило семејството Фратар од Дравоград, објави Пахор на социјалните мрежи.

Автомобилот го купил за 500 евра и го продал за 120 пати повеќе. Повод за продажбата беше Меѓународниот ден на децата со малигни заболувања, кој се одбележува на 15 февруари.

„Тоа се многу пари за добри цели“, рече Пахор и им се заблагодари на сите што учествуваа во проектот.

The post Катра заработи 60.000 евра: Пахор го продаде своето Рено 4, а парите ги донира за децата болни од рак appeared first on Република.

]]>

Поранешниот словенечки претседател Борут Пахор го продаде своето Рено 4 од 1991 година за 60.000 евра, а парите од продажбата ќе ги донира на две институции кои се грижат за деца болни од рак. Автомобилот го купило семејството Фратар од Дравоград, објави Пахор на социјалните мрежи.   Автомобилот го купил за 500 евра и го продал за 120 пати повеќе. Повод за продажбата беше Меѓународниот ден на децата со малигни заболувања, кој се одбележува на 15 февруари. „Тоа се многу пари за добри цели“, рече Пахор и им се заблагодари на сите што учествуваа во проектот.

The post Катра заработи 60.000 евра: Пахор го продаде своето Рено 4, а парите ги донира за децата болни од рак appeared first on Република.

]]>
Поранешниот словенечки претседател го продава олдтајмерот на аукција, парите ќе ги донира за децата болни од рак https://arhiva3.republika.mk/zivot/tehnologija/poraneshniot-slovenechki-pretsedatel-go-prodava-oldtajmerot-na-auktsija-parite-ke-gi-donira-za-detsata-bolni-od-rak/ Mon, 06 Feb 2023 07:22:50 +0000 https://republika.mk/?p=605152

Поранешниот словенечки претседател Борут Пахор го продава својот автомобил Рено 4 стар 32 години и сите пари да ги подари на децата што се борат со ракот.

„„Катра“ за добра цел“ е слоганот под кој Пахор објавува како тече ауцијата. Засега највисоката понудела цена за олдтајмерот од 1991 година, кој е во одлична состојба, понудил извесен Миха Пишкур, кој на децата болни од рак сака да им помогне со 40.000 евра. Сепак, до 15 февруари, додека трае аукцијата, се очекува „Катра“ да достигне и повисока цена со оглед на тоа дека има заинтересирани, а и парите одат во хумани цели.

Катра е стара 32 години. Моја љубов беше повеќе од 20 години. Сега ќе се разделиме, но нашата разделба нема да биде тешка. Парите што ќе ги добијам ќе им ги дадам на децата кои се борат со рак, порачал Пахор кога објавил дека го продава возилото.

View this post on Instagram

A post shared by Borut Pahor (@borutpahor)

Автомобилот има сертификат дека е олдтајмер и дека успешно го минал техничкиот преглед.

View this post on Instagram

A post shared by Borut Pahor (@borutpahor)

Како тече аукцијата и колкава цена ќе достигне „Катра“ можете да следите на Инстаграм профилот на поранешниот словенечки претседател.

The post Поранешниот словенечки претседател го продава олдтајмерот на аукција, парите ќе ги донира за децата болни од рак appeared first on Република.

]]>

Поранешниот словенечки претседател Борут Пахор го продава својот автомобил Рено 4 стар 32 години и сите пари да ги подари на децата што се борат со ракот. „„Катра“ за добра цел“ е слоганот под кој Пахор објавува како тече ауцијата. Засега највисоката понудела цена за олдтајмерот од 1991 година, кој е во одлична состојба, понудил извесен Миха Пишкур, кој на децата болни од рак сака да им помогне со 40.000 евра. Сепак, до 15 февруари, додека трае аукцијата, се очекува „Катра“ да достигне и повисока цена со оглед на тоа дека има заинтересирани, а и парите одат во хумани цели.
Катра е стара 32 години. Моја љубов беше повеќе од 20 години. Сега ќе се разделиме, но нашата разделба нема да биде тешка. Парите што ќе ги добијам ќе им ги дадам на децата кои се борат со рак, порачал Пахор кога објавил дека го продава возилото.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Borut Pahor (@borutpahor)

Автомобилот има сертификат дека е олдтајмер и дека успешно го минал техничкиот преглед.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Borut Pahor (@borutpahor)

Како тече аукцијата и колкава цена ќе достигне „Катра“ можете да следите на Инстаграм профилот на поранешниот словенечки претседател.

The post Поранешниот словенечки претседател го продава олдтајмерот на аукција, парите ќе ги донира за децата болни од рак appeared first on Република.

]]>
Пахор: За да нема поделби, целиот Балкан треба да влезе во ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/pahor-za-da-nema-podelbi-celiot-balkan-treba-da-vleze-vo-eu/ Sat, 08 Oct 2022 14:09:47 +0000 https://republika.mk/?p=558811

Словенечкиот претседател Борут Пахор на форумот 2BS рече дека еден од начините да се спречи поделбата на Балканот е целиот Балкан да се приклучи на ЕУ. Пахор ова го изјави на панел со претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ.

Кога станува збор за проширувањето на Европската унија, Пахор забележува дека одреден период постоел оптимизам, но дека паднал и дека во Брисел имало помалку волја, пишува Н1 Србија.

Поради војната во Украина, мирот и стабилноста на Балканот се кревки. Се обидовме тоа да и го објасниме на ЕУ. Во 2016 година за време на разговорите во Сараево рековме дека проширувањето не е технички проблем, туку геополитички проблем и дека треба да бидеме пофлексибилни во Брисел, рече претседателот на Словенија.

Пахор изрази надеж дека Брисел ќе преземе неколку чекори и оцени дека доколку нема проширување, сите балкански земји ќе влезат во ЕУ горе-долу во истиот период.

Мислам дека е одговорност на сите нас во регионот да направиме се за да обезбедиме Балканот да влезе во ЕУ како стабилен регион. Мислам дека една од последиците од војната во Украина ќе биде нова поделба во Европа, која исчезна по падот на Берлинскиот ѕид.

Еден начин да се спречи поделбата на Балканот е целиот Балкан да влезе во ЕУ. Целосно зависи од тоа како Вучиќ и Србија ќе ја регулираат стратешката ситуација во која се наоѓаат“, изјави Пахор.

The post Пахор: За да нема поделби, целиот Балкан треба да влезе во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Словенечкиот претседател Борут Пахор на форумот 2BS рече дека еден од начините да се спречи поделбата на Балканот е целиот Балкан да се приклучи на ЕУ. Пахор ова го изјави на панел со претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ. Кога станува збор за проширувањето на Европската унија, Пахор забележува дека одреден период постоел оптимизам, но дека паднал и дека во Брисел имало помалку волја, пишува Н1 Србија.
Поради војната во Украина, мирот и стабилноста на Балканот се кревки. Се обидовме тоа да и го објасниме на ЕУ. Во 2016 година за време на разговорите во Сараево рековме дека проширувањето не е технички проблем, туку геополитички проблем и дека треба да бидеме пофлексибилни во Брисел, рече претседателот на Словенија.
Пахор изрази надеж дека Брисел ќе преземе неколку чекори и оцени дека доколку нема проширување, сите балкански земји ќе влезат во ЕУ горе-долу во истиот период.
Мислам дека е одговорност на сите нас во регионот да направиме се за да обезбедиме Балканот да влезе во ЕУ како стабилен регион. Мислам дека една од последиците од војната во Украина ќе биде нова поделба во Европа, која исчезна по падот на Берлинскиот ѕид.
Еден начин да се спречи поделбата на Балканот е целиот Балкан да влезе во ЕУ. Целосно зависи од тоа како Вучиќ и Србија ќе ја регулираат стратешката ситуација во која се наоѓаат“, изјави Пахор.  

The post Пахор: За да нема поделби, целиот Балкан треба да влезе во ЕУ appeared first on Република.

]]>
Пахор си ги кажа желбите: Прво е Србија, Црна Гора, Македонија и Албанија да ги забрзаат преговорите за влез во ЕУ, Босна и Херцеговина да добие кандидатски статус https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/pahor-si-gi-kaza-zelbite-prvo-e-srbija-crna-gora-makedonija-i-albanija-da-gi-zabrzaat-pregovorite-za-vlez-vo-eu-bosna-i-hercegovina-da-dobie-kandidatski-status/ Sat, 03 Sep 2022 17:26:18 +0000 https://republika.mk/?p=547182

Претседателот на Словенија, Борут Пахор денеска во Белград изјави дека се согласиле со српскиот претседател Александар Вучиќ дека Западен Балкан, без оглед на сите недоверби и билатерални проблеми, има доволно политичка волја да се зачува мирот и европската перспектива.

Тој додаде дека постои можност сите лидери од регионот да се согласат за три прашања.

– Прво е Србија, Црна Гора, Македонија и Албанија да ги забрзаат преговорите за влез во ЕУ, Босна и Херцеговина да добие кандидатски статус до крајот на неделата, а ЕУ да ја исполни својата обврска за визна либерализација, посочи Пахор.

Претседателот на Словенија се осврна и на Дијалогот Белград – Приштина, истакнувајќи дека во моментот има помала доверба отколку претходно, како и оти дијалогот не довел до решение што сите го посакуваа.

Пахор посочи и дека ја поддржува иницијативата Отворен Балкан.

– Мислам дека проектот Отворен Балкан е создаден така што некои работи, доколку му се приклучат Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина, проблемите кои сега изгледаат нерешливи полесно ќе се решат во духот на соработката, наведе Пахор

The post Пахор си ги кажа желбите: Прво е Србија, Црна Гора, Македонија и Албанија да ги забрзаат преговорите за влез во ЕУ, Босна и Херцеговина да добие кандидатски статус appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Словенија, Борут Пахор денеска во Белград изјави дека се согласиле со српскиот претседател Александар Вучиќ дека Западен Балкан, без оглед на сите недоверби и билатерални проблеми, има доволно политичка волја да се зачува мирот и европската перспектива. Тој додаде дека постои можност сите лидери од регионот да се согласат за три прашања. – Прво е Србија, Црна Гора, Македонија и Албанија да ги забрзаат преговорите за влез во ЕУ, Босна и Херцеговина да добие кандидатски статус до крајот на неделата, а ЕУ да ја исполни својата обврска за визна либерализација, посочи Пахор. Претседателот на Словенија се осврна и на Дијалогот Белград – Приштина, истакнувајќи дека во моментот има помала доверба отколку претходно, како и оти дијалогот не довел до решение што сите го посакуваа. Пахор посочи и дека ја поддржува иницијативата Отворен Балкан. – Мислам дека проектот Отворен Балкан е создаден така што некои работи, доколку му се приклучат Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина, проблемите кои сега изгледаат нерешливи полесно ќе се решат во духот на соработката, наведе Пахор

The post Пахор си ги кажа желбите: Прво е Србија, Црна Гора, Македонија и Албанија да ги забрзаат преговорите за влез во ЕУ, Босна и Херцеговина да добие кандидатски статус appeared first on Република.

]]>
Вучиќ побара Пахор да го спомне Западен Балкан доколку во ЕУ падне збор за струјата https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchikj-pobara-pahor-da-go-spomne-zapaden-balkan-dokolku-vo-eu-padne-zbor-za-strujata/ Sat, 03 Sep 2022 14:01:23 +0000 https://republika.mk/?p=547095

Се обидуваме да избегнеме „совршена бура“ и затоа разговаравме за дијалогот меѓу Белград и Приштина, но и за други прашања, за тоа како која земја ја дочекува зимата и како која земја може да им помогне на другите, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ по средбата со словенечкиот претседател Борут Пахор во Белград.

Клучното прашање, како што истакна Вучиќ, е поврзаноста на тешката енергетска состојба на претстојната есен и зима и сите дополнителни политички проблеми кои би можеле да настанат во регионот.

Го прашав Борут Пахор доколку е на дневен ред на некое тело на ЕУ, Западен Балкан да биде дел од финансиска поддршка или увозна струја или дел од потрошена струја. Сигурен сум дека можеме да сметаме на поддршката од нашите словенечки пријатели, особено затоа што не мислиме дека би можеле да добиеме колку земјите членки, но се што би можеле да добиеме би било значајно за безбедноста на снабдувањето со електрична енергија и за финансиската стабилност не само на Србија, туку и на други земји, држави кои се полоши од нас, рече Вучиќ.

The post Вучиќ побара Пахор да го спомне Западен Балкан доколку во ЕУ падне збор за струјата appeared first on Република.

]]>

Се обидуваме да избегнеме „совршена бура“ и затоа разговаравме за дијалогот меѓу Белград и Приштина, но и за други прашања, за тоа како која земја ја дочекува зимата и како која земја може да им помогне на другите, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ по средбата со словенечкиот претседател Борут Пахор во Белград. Клучното прашање, како што истакна Вучиќ, е поврзаноста на тешката енергетска состојба на претстојната есен и зима и сите дополнителни политички проблеми кои би можеле да настанат во регионот.
Го прашав Борут Пахор доколку е на дневен ред на некое тело на ЕУ, Западен Балкан да биде дел од финансиска поддршка или увозна струја или дел од потрошена струја. Сигурен сум дека можеме да сметаме на поддршката од нашите словенечки пријатели, особено затоа што не мислиме дека би можеле да добиеме колку земјите членки, но се што би можеле да добиеме би било значајно за безбедноста на снабдувањето со електрична енергија и за финансиската стабилност не само на Србија, туку и на други земји, држави кои се полоши од нас, рече Вучиќ.

The post Вучиќ побара Пахор да го спомне Западен Балкан доколку во ЕУ падне збор за струјата appeared first on Република.

]]>
Пахор: Турција е важна земја за нас, во Словенија има голем потенцијал за странски инвеститори https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/pahor-turcija-e-vazna-zemja-za-nas-vo-slovenija-ima-golem-potencijal-za-stranski-investitori/ Wed, 10 Aug 2022 15:27:55 +0000 https://republika.mk/?p=538813

Словенечкиот претседател, Борут Пахор, од Анкара порача дека Турциија е важна земја за Словенија, а тоа го покажувал и потпишаниот Документ за стратешко партнерство пред 11 години.

Словенија нема потпишано многу од овие договори. Ова укажува на важноста што Словенија и ја придава на Турција - истакна Пахор на турско-словенечката тркалезна маса на која присуствуваа и министерот за економија, развој и технологија Матјаз Хан и бизнисмени од двете земји.

Пахор наведе дека обемот на трговска размена помеѓу двете земји надминал една милијарда евра.

Во Словенија има голем потенцијал за странски инвеститори. Турските компании водат два големи инфраструктурни проекти во Словенија. Еден од нив е тунелот Копар. Овој проект е особено важен во однос на поврзувањето на северниот дел на Јадранот со Европа - посочи Пахор.

The post Пахор: Турција е важна земја за нас, во Словенија има голем потенцијал за странски инвеститори appeared first on Република.

Пахор: Македонците се апсолутно во право што се разочарани https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pahor-makedoncite-se-apsolutno-vo-pravo-shto-se-razocharani/ Sat, 18 Jun 2022 07:21:42 +0000 https://republika.mk/?p=516560

Претседателот на Словенија, Борут Пахор смета дека Македонците се апсолутно во право што се разочарани од Брисел.

Ако не постоеше таа криза, за која денес дознавме, можеби уште ќе имаше одредена надеж дека можеби би се пронашло некакво решение, иако тоа би била мала надеж. Сега, со оваа политичка криза, надежта веќе не постои. Ама потполно сте во право. Јас мислам дека Македонците во случајов апсолутно се во право што се разочарани од Брисел зашто… Што ние ветувавме? Ако го решите спорот со Грција...“, вели Пахор во интервју за ТВ21 после самитот во Охрид.

Тој посочи дека промената на името на државата било исклучително тешко, а тие не останале на зборот.

Вие тоа го направивте и беше тешко, исклучително тешко. А ние не останавме на зборот. Добро, јасно, тоа е поради блокадата на Бугарија која има право на вето, тоа не е возможно. Ама видете, како и да е, тој авторитет и кредибилитет што Брисел го имаше во Македонија сега се губи. Тоа им го кажувам на сите соговорници. Не е така само во Македонија, не само во Албанија туку и во Црна Гора, а понекогаш и во Србија. А сигурно и во Босна и Херцеговина, вели Пахор.

The post Пахор: Македонците се апсолутно во право што се разочарани appeared first on Република.

Пахор: Македонија го промени името, а ЕУ не го оствари ветеното https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pahor-makedonija-go-promeni-imeto-a-eu-ne-go-ostvari-vetenoto/ Fri, 17 Jun 2022 21:24:01 +0000 https://republika.mk/?p=516528

Македонците се апсолутно во право што се разочарани од Брисел во однос на европските пат, вели словенечкиот претседател Борут Пахор.

Целосно сте во право што сте разочарани од Брисел… Што ние ветувавме? Ако го решите спорот со Грција…“, вели Пахор во интервју за ТВ 21.

Според него, промената на името во Македонија билa исклучително тешкa, а тие како ЕУ не го оствариле ветеното.

Тоа што го направивме беше тешко, исклучително тешко. Се подразбира дека тоа е поради ветото на Бугарија која има право на вето, тоа не е возможно. Ама видете, како и да е, тој авторитет и кредибилитет што Брисел го имаше во Македонија сега се губи. Тоа им го кажувам на сите соговорници. Не е така само во Македонија, туку и во другите земји од Западен Балкан, рече Пахор.

The post Пахор: Македонија го промени името, а ЕУ не го оствари ветеното appeared first on Република.

Пахор: Сите би имале корист од Отворен Балкан https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/pahor-site-bi-imale-korist-od-otvoren-balkan/ Sun, 05 Jun 2022 12:43:50 +0000 https://republika.mk/?p=511395

Претседателот на Словенија, Борут Пахор, за албанскиот портал „Албаниан пост“ изјави дека ги поддржува сите иницијативи кои придонесуваат за мир и стабилност во регионот.

Пахор истакна дека Отворен Балкан има потенцијал да ја подигне економската соработка на целосно ново ниво и оти би придонел секоја земја „поединечно подобро да се подготви за Европската Унија“.

Меѓутоа, сакам да бидам многу јасен за тоа, иницијативата Отворен Балкан не е алтернатива за членството во ЕУ - истакна Пахор.

Тој додаде дека „ниту една регионална соработка не е алтернатива за членството во ЕУ“.

Пахор потенцира дека ги поддржува и Берлинскиот процес, Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) и Регионалниот совет за соработка (РЦ).

The post Пахор: Сите би имале корист од Отворен Балкан appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Словенија, Борут Пахор, за албанскиот портал „Албаниан пост“ изјави дека ги поддржува сите иницијативи кои придонесуваат за мир и стабилност во регионот. Пахор истакна дека Отворен Балкан има потенцијал да ја подигне економската соработка на целосно ново ниво и оти би придонел секоја земја „поединечно подобро да се подготви за Европската Унија“.
Меѓутоа, сакам да бидам многу јасен за тоа, иницијативата Отворен Балкан не е алтернатива за членството во ЕУ - истакна Пахор.
Тој додаде дека „ниту една регионална соработка не е алтернатива за членството во ЕУ“. Пахор потенцира дека ги поддржува и Берлинскиот процес, Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) и Регионалниот совет за соработка (РЦ).

The post Пахор: Сите би имале корист од Отворен Балкан appeared first on Република.

]]>
Борут Пахор новиот медијатор на ЕУ меѓу Белград и Приштина? https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/borut-pahor-noviot-medijator-na-eu-megju-belgrad-i-prishtina/ Wed, 20 Apr 2022 17:29:18 +0000 https://republika.mk/?p=491349

Словенечкиот претседател Борут Пахор, чиј втор последователен мандат истекува годинава, наводно е заинтересиран за функцијата да биде специјален претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина во иднина, пишуваат регионалните медиуми повијкувајќи се на словенечкиот весник Дело.

Запрашан од тамошните новински агенции дали се вистинити шпекулациите дека Пахор е заинтересиран за актуелната позиција на словачкиот политичар Мирослав Лајчак, од кабинетот на Пахор во соопштението за медиумите било речено дека Пахор „во моментов не размислува“ за ова прашање.

Понатаму од кабинетот на претседателот Пагор се наведува дека по истекот на актуелниот мандат на крајот на оваа година, тој има намера да ги искористи привилегиите од законот за поранешни претседатели, кои му овозможуваат една година да користи бенефиции, за „поранешен претседател“ со одреден персонал и портпарол.

Имајќи го во предвид дека вториот претседателски мандат на Пахор завршува на крајот на годината, по што тој повеќе не може да се кандидира за функцијата, медиумите пишуваат дека тој многу веројатно ќе ги искористи блиските релации со српските и приштинските политичари кои се интензивираа периодов да изнајде решение во односите меѓу Белград и Приштина.

The post Борут Пахор новиот медијатор на ЕУ меѓу Белград и Приштина? appeared first on Република.

]]>

Словенечкиот претседател Борут Пахор, чиј втор последователен мандат истекува годинава, наводно е заинтересиран за функцијата да биде специјален претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина во иднина, пишуваат регионалните медиуми повијкувајќи се на словенечкиот весник Дело. Запрашан од тамошните новински агенции дали се вистинити шпекулациите дека Пахор е заинтересиран за актуелната позиција на словачкиот политичар Мирослав Лајчак, од кабинетот на Пахор во соопштението за медиумите било речено дека Пахор „во моментов не размислува“ за ова прашање. Понатаму од кабинетот на претседателот Пагор се наведува дека по истекот на актуелниот мандат на крајот на оваа година, тој има намера да ги искористи привилегиите од законот за поранешни претседатели, кои му овозможуваат една година да користи бенефиции, за „поранешен претседател“ со одреден персонал и портпарол. Имајќи го во предвид дека вториот претседателски мандат на Пахор завршува на крајот на годината, по што тој повеќе не може да се кандидира за функцијата, медиумите пишуваат дека тој многу веројатно ќе ги искористи блиските релации со српските и приштинските политичари кои се интензивираа периодов да изнајде решение во односите меѓу Белград и Приштина.

The post Борут Пахор новиот медијатор на ЕУ меѓу Белград и Приштина? appeared first on Република.

]]>
Пахор: ЕУ е одговорот на сите прашања што го мачат Западен Балкан https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/pahor-eu-e-odgovorot-na-site-prashanja-shto-go-machat-zapaden-balkan/ Sun, 20 Feb 2022 18:51:16 +0000 https://republika.mk/?p=461165

Претседателот на Словенија, Борут Пахор, денеска на панел дебатата за Западен Балкан на Безбедносната конференција во Минхен изјави дека ЕУ е одговорот на сите прашања што го мачат овој регион.

Како што се наведува во соопштението од неговиот кабинет, Пахор истакна дека треба да се интензивира процесот на проширување на ЕУ и предупреди на потценување на ситуацијата во регионот.

Тој рече дека постојат одредени загрижувачки процеси кои треба брзо да се воочат и да се решат, пренесе агенцијата СТА.

Словенечкиот претседател идентификуваше три главни проблематични прашања во моментов – ситуацијата во Босна и Херцеговина, запрениот дијалог Белград-Приштина и блокирањето на преговорите за пристап на Македонија во ЕУ од страна на Бугарија.

Пахор го поддржа Отворениот Балкан, иницијатива покрената од Србија, Албанија и Македонија во обид да се воспостави слободен проток на луѓе, капитал и стоки како во Шенген зоната, но рече дека тоа не е и не треба да биде алтернатива на ЕУ.

Тој смета дека на иницијативата би можеле да се приклучат и други земји од регионот, оценувајќи го тоа како начин за натамошна соработка во регионот.

На дебатата учествуваа и косовската претседателка Вјоса Османи, министерката за надворешни работи на БиХ Бисера Турковиќ, шефот на хрватската дипломатија Гордан Грлиќ Радман, специјалниот претставник на ЕУ за дијалог Белград-Приштина Мирослав Лајчак и високиот претставник за Босна и Херцеговина Кристијан Шмит.

The post Пахор: ЕУ е одговорот на сите прашања што го мачат Западен Балкан appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Словенија, Борут Пахор, денеска на панел дебатата за Западен Балкан на Безбедносната конференција во Минхен изјави дека ЕУ е одговорот на сите прашања што го мачат овој регион. Како што се наведува во соопштението од неговиот кабинет, Пахор истакна дека треба да се интензивира процесот на проширување на ЕУ и предупреди на потценување на ситуацијата во регионот. Тој рече дека постојат одредени загрижувачки процеси кои треба брзо да се воочат и да се решат, пренесе агенцијата СТА. Словенечкиот претседател идентификуваше три главни проблематични прашања во моментов – ситуацијата во Босна и Херцеговина, запрениот дијалог Белград-Приштина и блокирањето на преговорите за пристап на Македонија во ЕУ од страна на Бугарија. Пахор го поддржа Отворениот Балкан, иницијатива покрената од Србија, Албанија и Македонија во обид да се воспостави слободен проток на луѓе, капитал и стоки како во Шенген зоната, но рече дека тоа не е и не треба да биде алтернатива на ЕУ. Тој смета дека на иницијативата би можеле да се приклучат и други земји од регионот, оценувајќи го тоа како начин за натамошна соработка во регионот. На дебатата учествуваа и косовската претседателка Вјоса Османи, министерката за надворешни работи на БиХ Бисера Турковиќ, шефот на хрватската дипломатија Гордан Грлиќ Радман, специјалниот претставник на ЕУ за дијалог Белград-Приштина Мирослав Лајчак и високиот претставник за Босна и Херцеговина Кристијан Шмит.

The post Пахор: ЕУ е одговорот на сите прашања што го мачат Западен Балкан appeared first on Република.

]]>
Избори во Словенија на 24 април https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/izbori-vo-slovenija-na-24-april/ Fri, 21 Jan 2022 08:21:48 +0000 https://republika.mk/?p=447432

Избори во Словенија ќе се одржат на 24 април, соопшти денеска словенечкиот претседател Борут Пахор.

Пахор денеска ја известил Националната изборна комисија (ДВК) дека ќе го потпише претседателскиот указ за одржување на изборите во недела, на 24 април, и на 9 февруари, пренесе словенечката агенција СТА.

Пахор претходно најави дека изборите ќе се одржат што е можно поскоро, бидејќи и покрај епидемијата на коронавирус, ДВК има доволно време да ги подготви и организира изборите.

Изборите ќе бидат тест за популарноста на премиерот Јанез Јанша, во време на остри политички поделби во Словенија.

The post Избори во Словенија на 24 април appeared first on Република.

]]>

Избори во Словенија ќе се одржат на 24 април, соопшти денеска словенечкиот претседател Борут Пахор.
Пахор денеска ја известил Националната изборна комисија (ДВК) дека ќе го потпише претседателскиот указ за одржување на изборите во недела, на 24 април, и на 9 февруари, пренесе словенечката агенција СТА.
Пахор претходно најави дека изборите ќе се одржат што е можно поскоро, бидејќи и покрај епидемијата на коронавирус, ДВК има доволно време да ги подготви и организира изборите. Изборите ќе бидат тест за популарноста на премиерот Јанез Јанша, во време на остри политички поделби во Словенија.

The post Избори во Словенија на 24 април appeared first on Република.

]]>