боров дол Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/borov-dol/ За подобро да се разбереме Fri, 21 Oct 2022 17:22:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png боров дол Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/borov-dol/ 32 32 Рудниците Бучим и Боров Дол повторно почнуваат со производството https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/rudnicite-buchim-i-borov-dol-povtorno-pochnuvaat-so-proizvodstvoto/ Fri, 21 Oct 2022 19:42:49 +0000 https://republika.mk/?p=564134

Рудниците Бучим и Боров Дол кај Радовиш од вторник повторно почнуваaт со работа, односно го рестартираат производствениот процес, со што работата на рудниците се враќа во целосна функција.

Во соопштението од овие компании, се наведува дека по скоро два месеци пауза и заради поволната промена на пазарот на електрична енергија рудниците се враќаат во редовен работен режим.

Во изминатите десетина дена, видовме промена на цената на електричната енергија што ни овозможи повторно да ги почнеме производствените активностите со надеж дека тенденцијата ќе продолжи и цената на регионалната берза за електрична енергија (HUPEX) ќе се стабилизира. Во текот на овие денови ќе бидат повикани на редовна работа сите вработени во рудниците за подготовка и отпочнување на производството. Во меѓувреме, продолжуваме со реализација на веќе започнатите капитални инвестициски проекти и сме оптимисти во врска со динамиката со која се одвиваат работите - стои во изјавата на Олег Чусовитин, генерален директор на Бучим.

Во соопштението се додава дека рудниците продолжуваат со реализирање на плановите за енергетска независност, односно продолжуваат со инвестициското вложување во обновливи извори на енергија, како и модернизација на погонот флотација во Бучим, проекти кои што се веќе во тек и треба да се завршат најдоцна до октомври 2023 година.

The post Рудниците Бучим и Боров Дол повторно почнуваат со производството appeared first on Република.

]]>

Рудниците Бучим и Боров Дол кај Радовиш од вторник повторно почнуваaт со работа, односно го рестартираат производствениот процес, со што работата на рудниците се враќа во целосна функција. Во соопштението од овие компании, се наведува дека по скоро два месеци пауза и заради поволната промена на пазарот на електрична енергија рудниците се враќаат во редовен работен режим.
Во изминатите десетина дена, видовме промена на цената на електричната енергија што ни овозможи повторно да ги почнеме производствените активностите со надеж дека тенденцијата ќе продолжи и цената на регионалната берза за електрична енергија (HUPEX) ќе се стабилизира. Во текот на овие денови ќе бидат повикани на редовна работа сите вработени во рудниците за подготовка и отпочнување на производството. Во меѓувреме, продолжуваме со реализација на веќе започнатите капитални инвестициски проекти и сме оптимисти во врска со динамиката со која се одвиваат работите - стои во изјавата на Олег Чусовитин, генерален директор на Бучим.
Во соопштението се додава дека рудниците продолжуваат со реализирање на плановите за енергетска независност, односно продолжуваат со инвестициското вложување во обновливи извори на енергија, како и модернизација на погонот флотација во Бучим, проекти кои што се веќе во тек и треба да се завршат најдоцна до октомври 2023 година.

The post Рудниците Бучим и Боров Дол повторно почнуваат со производството appeared first on Република.

]]>
Делегација на Стопанската комора во посета на Бучим и Боров Дол https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/delegacija-na-stopanskata-komora-vo-poseta-na-buchim-i-borov-dol/ Mon, 10 Oct 2022 07:32:07 +0000 https://republika.mk/?p=559287

Претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески заедно со неговиот тим денеска ќе ги посети рудниците „Бучим“ и „Боров дол“, кои поради енормниот пораст на цената на електричната енергија од 1 септември привремено прекинаа со процесот на производство.

Во двата рудника има вкупно 674 директно вработени и се едни од најголемите работодавци во регионот кои придонесуваат за одржливиот економски и социјален развој на општините Конче, Штип и Радовиш.

Во следниот период претставници на Стопанската комора ќе ги посетуваат компаниите коишто се наоѓаат во исклучително тешка состојба предизвикана од енергетската криза.

The post Делегација на Стопанската комора во посета на Бучим и Боров Дол appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески заедно со неговиот тим денеска ќе ги посети рудниците „Бучим“ и „Боров дол“, кои поради енормниот пораст на цената на електричната енергија од 1 септември привремено прекинаа со процесот на производство. Во двата рудника има вкупно 674 директно вработени и се едни од најголемите работодавци во регионот кои придонесуваат за одржливиот економски и социјален развој на општините Конче, Штип и Радовиш. Во следниот период претставници на Стопанската комора ќе ги посетуваат компаниите коишто се наоѓаат во исклучително тешка состојба предизвикана од енергетската криза.  

The post Делегација на Стопанската комора во посета на Бучим и Боров Дол appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Денот на рударите СДСМ го честита со затворање на два големи рудници https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vmro-dpmne-denot-na-rudarite-sdsm-go-chestita-so-zatvoranje-na-dva-golemi-rudnici/ Sun, 28 Aug 2022 13:47:54 +0000 https://republika.mk/?p=544957

На лицемерноста на СДСМ нема крај! Денес Денот на рударите СДСМ го честита со затворање на два големи рудници, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Денес СДСМ стави клуч на Бучим и Боров Дол.

Граѓаните од овој дел на Македонија останаа на улица. Сега 100-тици семејства останаа без егизстенција.

Секој поминат ден со СДСМ на власт граѓаните ги чини многу.

Што побрзо падне СДСМ од власт толку Македонија ќе се сочува“ – велат од партијата.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Денот на рударите СДСМ го честита со затворање на два големи рудници appeared first on Република.

]]>

На лицемерноста на СДСМ нема крај! Денес Денот на рударите СДСМ го честита со затворање на два големи рудници, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. „Денес СДСМ стави клуч на Бучим и Боров Дол. Граѓаните од овој дел на Македонија останаа на улица. Сега 100-тици семејства останаа без егизстенција. Секој поминат ден со СДСМ на власт граѓаните ги чини многу. Што побрзо падне СДСМ од власт толку Македонија ќе се сочува“ – велат од партијата.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Денот на рударите СДСМ го честита со затворање на два големи рудници appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Што поскоро да продолжи нормално да функционира руникот Бучим и Боров Дол https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mickoski-shto-poskoro-da-prodolzi-normalno-da-funkcionira-runikot-buchim-i-borov-dol/ Sun, 28 Aug 2022 10:57:20 +0000 https://republika.mk/?p=544901

„На сите оние рудари кои што работниот ден го поминуваат во рударските окна сакам да им посакам успех, среќа, бидејќи ова е нивни ден. Иако за жал еве денеска добивме непријатна вест дека рудникот Бучим и Боров Дол поради официјално технички зафати го прекинуваат производството на неопределено. И се надевам дека тие технички зафати брзо ќе бидат завршени и дека ќе продолжи нормално да функционира производството во рудникот Бучим и Боров Дол и ќе можат 100-тици семејства од југоистокот на нашата Македонија да ги прехранат своите семејства работејќи и остварувајќи го својот работен ден таму“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес од Берово.

Мицкоски рече дека се надева дека набргу ќе завршат технички зафати во Бучим и Боров Дол и ќе можат 100-тици семејства од југоистокот на Македонија да ги прехранат своите семејства работејќи и остварувајќи го својот работен ден таму.

Почитувани граѓани на Македонија ви посакувам здравје, среќа и успех вам и на вашите семејства, на православните христијани им го честитам овој голем ден Успение на Пресвета Богородица, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

The post Мицкоски: Што поскоро да продолжи нормално да функционира руникот Бучим и Боров Дол appeared first on Република.

]]>

„На сите оние рудари кои што работниот ден го поминуваат во рударските окна сакам да им посакам успех, среќа, бидејќи ова е нивни ден. Иако за жал еве денеска добивме непријатна вест дека рудникот Бучим и Боров Дол поради официјално технички зафати го прекинуваат производството на неопределено. И се надевам дека тие технички зафати брзо ќе бидат завршени и дека ќе продолжи нормално да функционира производството во рудникот Бучим и Боров Дол и ќе можат 100-тици семејства од југоистокот на нашата Македонија да ги прехранат своите семејства работејќи и остварувајќи го својот работен ден таму“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес од Берово. Мицкоски рече дека се надева дека набргу ќе завршат технички зафати во Бучим и Боров Дол и ќе можат 100-тици семејства од југоистокот на Македонија да ги прехранат своите семејства работејќи и остварувајќи го својот работен ден таму.