Борко Лазески Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/borko-lazeski/ За подобро да се разбереме Thu, 01 Aug 2024 07:45:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Борко Лазески Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/borko-lazeski/ 32 32 Љутков: Муралот „Илинден 1903“ од Лазески е културно наследство кое ја воспева херојската борба на македонскиот народ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/lutkov-muralot-ilinden-1903-od-lazeski-e-kulturno-nasledstvo-koe-ja-vospeva-herojskata-borba-na-makedonskiot-narod/ Thu, 01 Aug 2024 07:45:40 +0000 https://republika.mk/?p=802165

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, вчера во Музејот на македонската борба ја отвори изложбата „Анатомија на муралот Илинден 1903“ од академскиот сликар Борко Лазески, посветена на одбележувањето на двата големи празника од нашата историја  121 година од Илинденското востание и 80 години од Првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ).

Министерот Љутков во своето обраќање истакна дека изложбата е пример за тоа како уметноста може да го раскаже минатотода ја заживее историјата, да го пренесе борбениот дух на Македонците.  

– Токму муралите на нашиот современ академски сликар Борко Лазески, како визуелна форма на уметностасе историска хроника за најзначајните моменти во нашата историја врежани во боја и форма, каде што во секој детаљ  може да се почувствуваат слободата и страста на оние што го оствариле својот сон. Тие се потсетник за тоа што сме постигнале и каков пат сме поминале како нација – истакна Љутков.

Овој мурал – додаде тој – не само што ни ги пренесува настаните од еден историски период, туку и ни помага да ги разбереме и да ги цениме вредностите за кои се бореле нашите претходници.

– Ова дело е уметничка анализа за обичните луѓе кои се претвориле во херои, за нивната пожртвуваност и нивните надежиИстовремено е и инспирација за  идните генерации нудејќи им можност да ја почувствуваат и да ја разберат борбата за слобода на начин што ги надминува традиционалните историски наративи – рече министерот за култура и туризам. 

Љутков потенцираше дека е горд на нашето културно наследство и на делата што ги промовираат и ги зачувуваат нашите историски настани и личности. Нашата улога е, додаде тој, да ги поддржиме и да ги охрабриме ваквите иницијативи, кои не само што го збогатуваат нашето културно богатство туку и ја зајакнуваат нашата национална свест.

The post Љутков: Муралот „Илинден 1903“ од Лазески е културно наследство кое ја воспева херојската борба на македонскиот народ appeared first on Република.

]]>

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, вчера во Музејот на македонската борба ја отвори изложбата „Анатомија на муралот Илинден 1903“ од академскиот сликар Борко Лазески, посветена на одбележувањето на двата големи празника од нашата историја  121 година од Илинденското востание и 80 години од Првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ). Министерот Љутков во своето обраќање истакна дека изложбата е пример за тоа како уметноста може да го раскаже минатотода ја заживее историјата, да го пренесе борбениот дух на Македонците.   – Токму муралите на нашиот современ академски сликар Борко Лазески, како визуелна форма на уметностасе историска хроника за најзначајните моменти во нашата историја врежани во боја и форма, каде што во секој детаљ  може да се почувствуваат слободата и страста на оние што го оствариле својот сон. Тие се потсетник за тоа што сме постигнале и каков пат сме поминале како нација – истакна Љутков. Овој мурал – додаде тој – не само што ни ги пренесува настаните од еден историски период, туку и ни помага да ги разбереме и да ги цениме вредностите за кои се бореле нашите претходници. – Ова дело е уметничка анализа за обичните луѓе кои се претвориле во херои, за нивната пожртвуваност и нивните надежиИстовремено е и инспирација за  идните генерации нудејќи им можност да ја почувствуваат и да ја разберат борбата за слобода на начин што ги надминува традиционалните историски наративи – рече министерот за култура и туризам.  Љутков потенцираше дека е горд на нашето културно наследство и на делата што ги промовираат и ги зачувуваат нашите историски настани и личности. Нашата улога е, додаде тој, да ги поддржиме и да ги охрабриме ваквите иницијативи, кои не само што го збогатуваат нашето културно богатство туку и ја зајакнуваат нашата национална свест.  

The post Љутков: Муралот „Илинден 1903“ од Лазески е културно наследство кое ја воспева херојската борба на македонскиот народ appeared first on Република.

]]>
Скици и цртежи од создавањето на фреската „Илинден 1903“ на Борко Лазески на изложба во Музејот на македонската борба https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/skitsi-i-tsrtezhi-od-sozdavaneto-na-freskata-ilinden-1903-na-borko-lazeski-na-izlozhba-vo-muzejot-na-makedonskata-borba/ Wed, 31 Jul 2024 07:53:46 +0000 https://republika.mk/?p=801884

Изложбата „Анатомија на муралот – Илинден  1903, Борко Лазески“ ќе биде отворена денеска во 19:30 часот во Музејот на македонската борба за самостојност. Изложбата се отвора во чест на 121 година од Илинденското востание и 80 години од Првото заседание на АСНОМ – темелникот на македонската државност, а содржи селекција од 24 скици и цртежи, изработени од Лазески, кои послужиле како план за монументалната фреска „Илинден 1903“. Тие за првпат ќе бидат претставени пред македонската публика.

Авторка е Марија Коробар, а изложбата се организира во соработка со Асоцијацијата за култура ИКОН од Скопје.

Делото е создадено во 1950 година и изложено на Есенскиот салон на Друштвото на македонски ликовни уметници, а истата година е поставено во Домот на ЈНА. Зградата на домот беше разурната во земјотресот од 1963 година, а фреската ‘Илинден 1903’ уништена. По неколку обиди да се обнови, конечно во 1991 година, Лазески ја реизведува фреската ‘Илинден 1903’ според оригиналните шеми, во Хотелот ‘Монтана’ во Крушево каде се наоѓа и денес, велат од Музејот.

Лазески (1917-1993) е македонски ликовен уметник кој се смета за предвесник на првата повоена генерација на академски образувани уметници во Македонија. Во 1933/34 година Лазески се запишал  на Ликовната академија во Белград. Дополнително го продолжува школувањето во Бугарија, на Државната уметничка академија во Софија, каде ги завршува студиите во 1943. Како стипендист на француската влада во почетокот на 1945 година се запишува на париската Висока национална школа за ликовна уметност во одделот за фрескосликарство на Дикос де ла Ај. Тука ги проучува монументалните техники, што подоцна ќе станат негова уметничка определба.
Во почетокот на 1945 учествува во формирањето на уметничката школа во Скопје и е еден од основачите на Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ). Лазески е прв в. д. директор на Уметничката галерија во Скопје, формирана во 1948.

Изложбата ќе биде отворена до 30 ноември.

The post Скици и цртежи од создавањето на фреската „Илинден 1903“ на Борко Лазески на изложба во Музејот на македонската борба appeared first on Република.

]]>

Изложбата „Анатомија на муралот – Илинден  1903, Борко Лазески“ ќе биде отворена денеска во 19:30 часот во Музејот на македонската борба за самостојност. Изложбата се отвора во чест на 121 година од Илинденското востание и 80 години од Првото заседание на АСНОМ – темелникот на македонската државност, а содржи селекција од 24 скици и цртежи, изработени од Лазески, кои послужиле како план за монументалната фреска „Илинден 1903“. Тие за првпат ќе бидат претставени пред македонската публика. Авторка е Марија Коробар, а изложбата се организира во соработка со Асоцијацијата за култура ИКОН од Скопје.
Делото е создадено во 1950 година и изложено на Есенскиот салон на Друштвото на македонски ликовни уметници, а истата година е поставено во Домот на ЈНА. Зградата на домот беше разурната во земјотресот од 1963 година, а фреската ‘Илинден 1903’ уништена. По неколку обиди да се обнови, конечно во 1991 година, Лазески ја реизведува фреската ‘Илинден 1903’ според оригиналните шеми, во Хотелот ‘Монтана’ во Крушево каде се наоѓа и денес, велат од Музејот.
Лазески (1917-1993) е македонски ликовен уметник кој се смета за предвесник на првата повоена генерација на академски образувани уметници во Македонија. Во 1933/34 година Лазески се запишал  на Ликовната академија во Белград. Дополнително го продолжува школувањето во Бугарија, на Државната уметничка академија во Софија, каде ги завршува студиите во 1943. Како стипендист на француската влада во почетокот на 1945 година се запишува на париската Висока национална школа за ликовна уметност во одделот за фрескосликарство на Дикос де ла Ај. Тука ги проучува монументалните техники, што подоцна ќе станат негова уметничка определба.
Во почетокот на 1945 учествува во формирањето на уметничката школа во Скопје и е еден од основачите на Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ). Лазески е прв в. д. директор на Уметничката галерија во Скопје, формирана во 1948.
Изложбата ќе биде отворена до 30 ноември.

The post Скици и цртежи од создавањето на фреската „Илинден 1903“ на Борко Лазески на изложба во Музејот на македонската борба appeared first on Република.

]]>
Изложба „Цртеж, Експериментален цртеж” на ДЛУМ во куќата на Борко Лазески https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozhba-tsrtezh-eksperimentalen-tsrtezh-na-dlum-vo-kukata-na-borko-lazeski/ Thu, 25 Apr 2024 06:32:17 +0000 https://republika.mk/?p=770746

Изложбата „Цртеж, Експериментален цртеж", во организација на Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ) ќе биде отворена вечер во 20:00 часот во куќата на доајенот на македонската ликовна уметност, сликарот Борко Лазески.

Изложбата ќе ја отвори Дејвид Гир, амбасадор на Европската Унија во земјава, а е дел од официјалната годишна програма на ДЛУМ. Според еснафското здружение на ликовните уметници, изложбата се организира по осми пат, што го покажува постојаниот интерес на современите уметници за изразување во ова специфично ликовно подрачје.

Изложбата има за цел да овозможи простор за презентација на дела каде границите на традиционалниот цртеж се поместуваат, повлекуваат и преобликуваат во нови изразни форми. Оваа изложба го слави иновативниот дух на уметниците кои се осмелуваат да ги предизвикаат конвенциите на медиумот, презентирајќи разновидна колекција на експериментални цртежи кои ги предизвикуваат очекувањата и ги повикуваат гледачите да откриваат нови можности на ликовна креација, наведуваат од ДЛУМ.

Во оваа ера на огромни можности на комуникација, уметниците постојано бараат свежи начини на изразување, а цртежот, се посочува, со својата вродена едноставност и разноликост, служи како плодна почва за експериментирање. Од намерното обележување на моливот до спонтаните гестови на јаглен, секој потег на празната хартија е можност да се истражува, да се поставуваат прашања и користат нови материјали и техники.

Имаме посебна чест, што изложбата „Цртеж, Експриментален цртеж“ оваа година се реализира во куќата на доајенот на македонската ликовна уметност, сликарот Борко Лазески. ДЛУМ дополнително ја воведува и темата – можност за осврт кон делото на Борко Лазески со идеја да се поттикнат современите автори за истражување и создавање на сопствени дела во релација со цртежите, но не и делото на еден од основоположниците на македонската ликовна уметност. Уникатна можност за синергија помеѓу авторите и просторот во кој творел и живеел нашиот великан Борко Лазески чие творештво останува да инспирира и поттикнува, потенцираат од ДЛУМ.

The post Изложба „Цртеж, Експериментален цртеж” на ДЛУМ во куќата на Борко Лазески appeared first on Република.

]]>

Изложбата „Цртеж, Експериментален цртеж", во организација на Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ) ќе биде отворена вечер во 20:00 часот во куќата на доајенот на македонската ликовна уметност, сликарот Борко Лазески. Изложбата ќе ја отвори Дејвид Гир, амбасадор на Европската Унија во земјава, а е дел од официјалната годишна програма на ДЛУМ. Според еснафското здружение на ликовните уметници, изложбата се организира по осми пат, што го покажува постојаниот интерес на современите уметници за изразување во ова специфично ликовно подрачје.
Изложбата има за цел да овозможи простор за презентација на дела каде границите на традиционалниот цртеж се поместуваат, повлекуваат и преобликуваат во нови изразни форми. Оваа изложба го слави иновативниот дух на уметниците кои се осмелуваат да ги предизвикаат конвенциите на медиумот, презентирајќи разновидна колекција на експериментални цртежи кои ги предизвикуваат очекувањата и ги повикуваат гледачите да откриваат нови можности на ликовна креација, наведуваат од ДЛУМ.
Во оваа ера на огромни можности на комуникација, уметниците постојано бараат свежи начини на изразување, а цртежот, се посочува, со својата вродена едноставност и разноликост, служи како плодна почва за експериментирање. Од намерното обележување на моливот до спонтаните гестови на јаглен, секој потег на празната хартија е можност да се истражува, да се поставуваат прашања и користат нови материјали и техники.
Имаме посебна чест, што изложбата „Цртеж, Експриментален цртеж“ оваа година се реализира во куќата на доајенот на македонската ликовна уметност, сликарот Борко Лазески. ДЛУМ дополнително ја воведува и темата – можност за осврт кон делото на Борко Лазески со идеја да се поттикнат современите автори за истражување и создавање на сопствени дела во релација со цртежите, но не и делото на еден од основоположниците на македонската ликовна уметност. Уникатна можност за синергија помеѓу авторите и просторот во кој творел и живеел нашиот великан Борко Лазески чие творештво останува да инспирира и поттикнува, потенцираат од ДЛУМ.
 
The post Изложба „Цртеж, Експериментален цртеж” на ДЛУМ во куќата на Борко Лазески appeared first on Република.

]]>
Во галеријата „Остен“ изложба на дела на Борко Лазески изработени во ателјето на Андре Лот во Париз https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vo-galerijata-osten-izlozhba-na-dela-na-borko-lazeski-izraboteni-vo-ateljeto-na-andre-lot-vo-pariz/ Wed, 20 Dec 2023 08:25:47 +0000 https://republika.mk/?p=724715

Во Галеријата „Остен“ во Скопје, на 20 декември (19 ч). ќе биде отворена самостојна изложба на дела на познатиот македонски уметник Борко Лазески, изработени за време на неговиот престој на Лазески во Париз во ателјето на познатиот француски сликар, теоретичар и педагог Андре Лот, во периодот од 1946 до 1948 година. На изложбата ќе бидат претставени 23 дела од Лазески (два цртежи, молив на хартија; дваесет темпери на хартија и едно масло на хартија). На изложбата ќе биде претставено и едно дело од Андре Лот (цртеж, молив и пастел на хартија) од колекцијата на Остен музејот.

Оваа изложба претставува прекрасен увид во корените на сликарството на нашиот голем македонски сликар Борко Лазески. Престој на Борко Лазески во Париз како стипендист на француската влада од 1945 – 1948 година е клучен период во неговиот професионален развој и трајно го дефинира неговиот уметнички стил. Тоа особено се должи на престојот во ателјето на Андре Лот од 1946 – 1948 г., всушност меѓународна академија каде престојувале и уметнички се граделе голем број на млади сликари од целиот свет, вклучително уметници од тогашната Југославија. Може да се набројат повеќе славни имиња кои ја посетувале академијата на Андре Лот: Анри Картие-Бресон (Henri Cartie-Bresson), Франција; Вилиам Клајн (William Klein), САД; Тамара де Лемпицка (Tamara de Lempicka), Полска; Ханс Хартунг (Hans Hartung), Германија; Дора Мар (Dora Maar), Франција и други.

Борко Лазески е единствениот студент од Македонија во атељето на Андре Лот кој ги следел неговите предавања речиси три години, во повоениот период од 1946 до 1948 година.

The post Во галеријата „Остен“ изложба на дела на Борко Лазески изработени во ателјето на Андре Лот во Париз appeared first on Република.

]]>

Во Галеријата „Остен“ во Скопје, на 20 декември (19 ч). ќе биде отворена самостојна изложба на дела на познатиот македонски уметник Борко Лазески, изработени за време на неговиот престој на Лазески во Париз во ателјето на познатиот француски сликар, теоретичар и педагог Андре Лот, во периодот од 1946 до 1948 година. На изложбата ќе бидат претставени 23 дела од Лазески (два цртежи, молив на хартија; дваесет темпери на хартија и едно масло на хартија). На изложбата ќе биде претставено и едно дело од Андре Лот (цртеж, молив и пастел на хартија) од колекцијата на Остен музејот. Оваа изложба претставува прекрасен увид во корените на сликарството на нашиот голем македонски сликар Борко Лазески. Престој на Борко Лазески во Париз како стипендист на француската влада од 1945 – 1948 година е клучен период во неговиот професионален развој и трајно го дефинира неговиот уметнички стил. Тоа особено се должи на престојот во ателјето на Андре Лот од 1946 – 1948 г., всушност меѓународна академија каде престојувале и уметнички се граделе голем број на млади сликари од целиот свет, вклучително уметници од тогашната Југославија. Може да се набројат повеќе славни имиња кои ја посетувале академијата на Андре Лот: Анри Картие-Бресон (Henri Cartie-Bresson), Франција; Вилиам Клајн (William Klein), САД; Тамара де Лемпицка (Tamara de Lempicka), Полска; Ханс Хартунг (Hans Hartung), Германија; Дора Мар (Dora Maar), Франција и други. Борко Лазески е единствениот студент од Македонија во атељето на Андре Лот кој ги следел неговите предавања речиси три години, во повоениот период од 1946 до 1948 година.  

The post Во галеријата „Остен“ изложба на дела на Борко Лазески изработени во ателјето на Андре Лот во Париз appeared first on Република.

]]>
Костадиновска-Стојчевска: „Фреска за НОБ“ од Борко Лазески е неизбришлив дел од меморијата на старо Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kostadinovska-stojchevska-freska-za-nob-od-borko-lazeski-e-neizbrishliv-del-od-memorijata-na-staro-skopje/ Wed, 26 Jul 2023 08:03:41 +0000 https://republika.mk/?p=665419

На Новата железничка станица, објект кој е еден од најпрепознатливите симболи на изградбата на Скопје, по катастрофалниот земјотрес, синоќа се одржа настанот „Борко Лазески–уметност достапна за сите“ на кој беа презентирани дигитализирани проекции на скиците од фрагменти од неговата „Фреска за НОБважен дел од меморијата на старо Скопје.

Во пресрет на 60-годишнината од трагедијата за градот, претседателот на државата Стево Пендаровски и семејството на Борко Лазески ја промовираа иницијативата за возобновување на монументалното дело на Борко Лазески, „Фреската за НОБ“ “, која до земјотресот во 1963 била дел од холот на старата железничка станица во Скопје.

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на настанот истакна дека Лазески сам по себе е монументална фигура за современата македонска уметност кој успеал да ги обединети различни уметнички традиции – традицијата на македонскиот фрескоживопис, влијанијата на светската монументалистичка традиција, уметноста на Вилјам Блејк или од мексиканските муралисти.

Земајќи ги предвид сите квалитети и значајни аспекти на „Фреска за НОБ“, најсрдечно ја поздравувам иницијативата за возобновување на ова дело. Неговото поставување ќе биде чин што ќе потврди дека македонската култура умее да создаде однос кон својата традиција, да ги препознае и да ги оживее своите автентични вредности–рече Костадиновска-Стојчевска.

Таа додаде дека Министерството за култура, преку надлежните институции, прави напори за да се зачува творештвото на Борко Лазески.

Борко Лазески преферирал јавни простори за изложување на своите дела за да може да биде во комуникација со граѓаните, нешто што е вградено и во нашите културни политики – со кои сакаме културата да допре до сите граѓани и краишта на земјата. Министерството за култура е должно да ги поддржува сите автори кои работат на постигнување на оваа мисија. Како и досега, така и во иднина остануваме партнер и пријател на македонските уметници бидејќи нивните креации, освен што го толкуваат светот во кој живееме, се и наш начин за комуникација со остатокот од светот, рече Костадиновска-Стојчевска.

На настанот се обратијапретседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, директорот на ЈП Инфраструктура, Зоран Трифуновски, Росица Лазеска, ќерка на Борко Лазески, како и Владимир Јанчевски, историчар на уметноста.

The post Костадиновска-Стојчевска: „Фреска за НОБ“ од Борко Лазески е неизбришлив дел од меморијата на старо Скопје appeared first on Република.

Идејата за повторно појавување на величественото дело на Лазески, „Фреска за НОБ“ ќе биде додадена вредност и за градот и за сите нас https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/idejata-za-povtorno-pojavuvane-na-velichestvenoto-delo-na-lazeski-freska-za-nob-ke-bide-dodadena-vrednost-i-za-gradot-i-za-site-nas/ Wed, 26 Jul 2023 06:46:13 +0000 https://republika.mk/?p=665328

По повод одбележувањето на 60. годишнината од земјотресот во Скопје, претседателот Стево Пендаровски вчеравечер се обрати на настан посветен на покренување на иницијатива за возобновување на муралот на Борко Лазески  „Фреска за НОВ“ кој беше уништен во земјотресот во 1963 година.

Настанот  насловен „Борко Лазески – уметност достапна за сите“, се одржа под покровителство на претседателот Пендаровски.

Во продолжение го пренесуваме интегралното обраќање на Претседателот.

Благодарам за можноста да се обратам на денешниов настан и секако благодарност до сите кои овозможија до него воопшто да дојде. Благодарност до семејството на Борко Лазески, до Музејот на град Скопје, на македонските железници.

Би сакал да почнам со една мисла на нашиот истакнат сликар во чие име сме денеска собрани. Имено, тој велеше - уметничкото дело треба да биде на секој човек, да припаѓа на секој човек, и затоа би требало да биде на места каде што секој човек врви, живее, со еден збор, достапно на секого.

Борко Лазески имаше можност своите грандиозни мурали, освен во многу земји во светот да ги претстави и пред неговите сонародници и сограѓани. Меѓу многуте такви кои ги изработи, а, кои посебно фасцинираат со нивната уметничка вредност, особено место зазема муралот „Фреска за НОБ“ поставен во некогашната железничка станица во Скопје која беше оштетена за време на земјотресот пред шест децении. За жал, голем дел од станицата, околу две третини, чии остатоци денес се Музејот на град Скопје, исто така беа уништени, заедно со делото на Лазески.

Скопскиот земјотрес кој го измени ликот на Скопје пред 60 години ги зеде животите на 1070 наши сограѓани, а повреди околу 3000, од кои 800 останаа со траен инвалидитет. Покрај највредното - човечките животи, земјотресот предизвика и огромни материјални оштетувања, при што, под рушевините освен делото на Лазески завршија и многу други културни добра и уметнички вредности.

На секоја годишнина од скопската трагедија, со носталгија зборуваме за предземјотресно Скопје, за делови од градот кои ги нема и со тага се сеќаваме за едно време кое полека тоне во заборав. Но, земјотресот е и можност да се проговори за Скопје кое беше возобновено од пепелта благодарение на солидарноста на целиот свет.

Денешното Скопје, престолнината на современата македонска држава, исто така, може да се пофали со исклучителни објекти и културно-уметнички достигнувања кои ќе траат низ времето. Токму во некои од новите зданија, кои ги кренавме по земјотресот, македонските уметници оставија свој печат, а меѓу нив и Борко Лазески. Неговите монументални дела, витражи и мурали најдоа свое место во објектот на Народна Банка, во објектот на Стопанска банка, во објектот на МАНУ, како и во централната пошта, каде што, за жал, делото, „Еп за слободата“, настрада во катастрофалниот пожар пред десет години. Тие се сведоштво за талентот на Лазески, но, во исто време, и за дострелите на современата македонска уметност.

Многу е важно, нашето историско, културно и институционално паметење да го актуализираме и ревитализираме. Тоа е насушна потреба на нашата сегашност и долг кон иднината. Имајќи го предвид маркантното здание на новата железничка станица во Скопје која во времето на изградбата беше најголема на Балканот, верувам дека идејата за повторно појавување на величественото дело на Лазески, „Фреска за НОБ“ на некој од нејзините сводови ќе биде додадена вредност и за овој објект, и за градот и за сите нас. На тој начин ќе овозможиме, ова дело, уметноста на Лазески, повторно да биде на секој и за секој, како одраз на една специфична сликарска поетика, но и порака за нашето постоење и пркосење на сите искушенија.

Дозволете моево обраќање да го завршам со искрена надеж дека оваа идеја ќе наиде на поширока поддршка и разбирање.

The post Идејата за повторно појавување на величественото дело на Лазески, „Фреска за НОБ“ ќе биде додадена вредност и за градот и за сите нас appeared first on Република.

Пендаровски покровител на иницијатива за возобновување на уметноста на Борко Лазески https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pendarovski-pokrovitel-na-initsijativa-za-vozobnovuvane-na-umetnosta-na-borko-lazeski/ Tue, 25 Jul 2023 08:08:42 +0000 https://republika.mk/?p=664956

По повод одбележувањето на 60. годишнината од земјотресот во Скопје, претседателот Стево Пендаровски ќе се обрати на настан посветен на покренување на иницијатива за возобновување на муралот на Борко Лазески „Фреска за НОВ“ кој беше уништен во земјотресот во 1963 година.

На настанот насловен „Борко Лазески – уметност достапна за сите“, ќе се одржи на влезот на Новата железничка станица во 20:00 часот и е под покровителство на претседателот Пендаровски, а ќе се обратат и министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, директорот на ЈП ЖРСМ Инфраструктура, Зоран Трифуновски, теоретичарот на уметност Владимир Јанчевски и ќерката на Борко Лазески, Росица Лазеска.

The post Пендаровски покровител на иницијатива за возобновување на уметноста на Борко Лазески appeared first on Република.

Изложба и промоција на книгата „Пештански рибари“ со циклус цртежи на Борко Лазески https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozba-i-promocija-na-knigata-peshtanski-ribari-so-ciklus-crtezi-na-borko-lazeski/ Tue, 01 Nov 2022 07:30:53 +0000 https://republika.mk/?p=568081

Во куќата односно ателјето каде живеел и творел познатиот македонски ликовен уметник, Борко Лазески, вечер со почеток во 19 часот ќе се одржи промоција на книгата со негови циклус цртежи насловена „Пештански рибари“ и отворање на изложбата по повод промоција на книгата.
На изложбата ќе бидат претставени избор од делата од Борко Лазески претставени и во книгата – циклус цртежи на големиот македонски уметник и еден од основоположниците на македонската современа ликовна уметност. Делата се работени во 1939 инспирирани од животот и работата на пештанските рибари.

The post Изложба и промоција на книгата „Пештански рибари“ со циклус цртежи на Борко Лазески appeared first on Република.

]]>

Во куќата односно ателјето каде живеел и творел познатиот македонски ликовен уметник, Борко Лазески, вечер со почеток во 19 часот ќе се одржи промоција на книгата со негови циклус цртежи насловена „Пештански рибари“ и отворање на изложбата по повод промоција на книгата. На изложбата ќе бидат претставени избор од делата од Борко Лазески претставени и во книгата – циклус цртежи на големиот македонски уметник и еден од основоположниците на македонската современа ликовна уметност. Делата се работени во 1939 инспирирани од животот и работата на пештанските рибари.