Борисов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/borisov/ За подобро да се разбереме Thu, 19 Sep 2024 15:43:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Борисов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/borisov/ 32 32 Николоски до Борисов: Ние сме јасни кои сме, засебна македонска нација, засебен македонски народ, зборуваме свој македонски јазик https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-do-borisov-nie-sme-jasni-koj-sme-zasebna-makedonska-natsija-zaseben-makedonski-narod-zboruvame-svoj-makedonski-jazik/ Thu, 19 Sep 2024 12:04:30 +0000 https://republika.mk/?p=817806

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски денеска се јави со реакција на, како што вели, „последната хистерија која ја создаваат дел од неуспешните бугарски политичари“. Повод на неговата реакција е барањето на лидерот на ГЕРБ  Бојко Борисов кој побара оставка од Николоски.

Непотребно Македонија ја внесуваат во предизборната тематика во Бугарија и најмалце мислам дека Македонија може да е одговор на седмите неуспешни избори со кои се соочува Бугарија. Кризата во бугарското општество е создадена од токму овие политичари кои што, наместо да дадат одговор на домашната јавност за високиот степен на корупција и криминал кој што го има во Бугарија, за лошата економија поради која многу заминуваат, тие сакаат да се занимаваат со Македонија. Нивното занимавање со Македонија, всушност покажува дека ниту сакаат добрососедство, ниту сакаат Македонија да стане член на Европската Унија, уште по малце да напредува кон Европската Унија“, вели Николоски.

 

„Секако ние нема да го дозволиме тоа и јас нема да дозволам да било кој бара изговори во мои изјави или било што друго што се случува во Македонија. Всушност, самото тоа што се бидат изјави од контекст и што лошо се разбираат во Бугарија, покажува дека македонскиот и бугарскиот јазик се различни. Затоа што, она што има еден контекст на македонски јазик, очигледно има друг контекст на бугарски јазик. Но, јас останувам позади се што сум кажал, а тоа е дека е некултурно, непристојно и нецивилизирано да ви дојде на гости претседател на држава а вие да не го удостоите со ставање на знамето на државата која што ја претставува. Нема оправдание за Румен Радев затоа што не го стави македонското знаме при посетата на Гордана Силјановска Давкова како претседател на Македонија“, додава Николоски.

Николоски прашува дали со тоа сакал да испрати порака дека тие во суштина и не ја признаваат Македонија, што е можеби нивни долгогодишен сон.

Ние сме јасни кој сме, ние сме засебна нација, македонска нација, засебен народ, македонски народ. Ние зборуваме свој македонски јазик различен од сите останати јазици, ние имаме своја историја, своја култура. Ние знаеме кои сме и не треба на никого да се докажуваме. А, оние кои што сакаат поинаку да ја читаат историјата, се политичари од деветнаесетиот, а не политичари од дваесет и првиот век. И би сакал нешто да кажам и на оние политичари кои што бараат оставка од мене. Од мене бараат оставка политичари кои што се обвинети за криминал и корупција, политичари кои што ги видовме на слики како спијат на кревет покрај пачки со злато и стотици илјади евра во девизии. Такви ли политичари ќе бараат оставка од мене? Извинете господа, ама вие не сте достојни да побарате оставка од мене.

Жал мие е што добрите односи помеѓу двата блиски народи, македонскиот и бугарскиот народ, ги уништуваат корумпирани политичари кои што не можат ништо да направат за сопствената држава, освен да внесуваат гнев и омраза.

И таков е овој кој што го споменав со пачките злато, таков еден друг кој што важи за голем олигарх во Бугарија и такви се една редица други политичари кои што се корумпирани, а таков е и оној кој што е претседател на Бугарија и кој што немаше минимум пристојност и минимум цивилизациско однесување да стави македонско знаме при посетата на македонскиот Претседател.

И затоа е ваква мојата реакција и затоа ќе продолжиме и јас и ВМРО-ДПМНЕ да ги браниме македонските национални интереси. Наша цел е Македонија да напредува, да стане членка на Европската Унија, да го изоди патот кон Европската Унија, но тоа да биде гордо и достоинствено, а не понижени. Ние секогаш ќе ги браниме македонските национални интереси. Ние ништо туѓо не бараме, ама сакаме да го заштитиме нашето“, се вели во реакцијата на Николоски.

The post Николоски до Борисов: Ние сме јасни кои сме, засебна македонска нација, засебен македонски народ, зборуваме свој македонски јазик appeared first on Република.

]]>

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски денеска се јави со реакција на, како што вели, „последната хистерија која ја создаваат дел од неуспешните бугарски политичари“. Повод на неговата реакција е барањето на лидерот на ГЕРБ  Бојко Борисов кој побара оставка од Николоски. Непотребно Македонија ја внесуваат во предизборната тематика во Бугарија и најмалце мислам дека Македонија може да е одговор на седмите неуспешни избори со кои се соочува Бугарија. Кризата во бугарското општество е создадена од токму овие политичари кои што, наместо да дадат одговор на домашната јавност за високиот степен на корупција и криминал кој што го има во Бугарија, за лошата економија поради која многу заминуваат, тие сакаат да се занимаваат со Македонија. Нивното занимавање со Македонија, всушност покажува дека ниту сакаат добрососедство, ниту сакаат Македонија да стане член на Европската Унија, уште по малце да напредува кон Европската Унија“, вели Николоски.  
„Секако ние нема да го дозволиме тоа и јас нема да дозволам да било кој бара изговори во мои изјави или било што друго што се случува во Македонија. Всушност, самото тоа што се бидат изјави од контекст и што лошо се разбираат во Бугарија, покажува дека македонскиот и бугарскиот јазик се различни. Затоа што, она што има еден контекст на македонски јазик, очигледно има друг контекст на бугарски јазик. Но, јас останувам позади се што сум кажал, а тоа е дека е некултурно, непристојно и нецивилизирано да ви дојде на гости претседател на држава а вие да не го удостоите со ставање на знамето на државата која што ја претставува. Нема оправдание за Румен Радев затоа што не го стави македонското знаме при посетата на Гордана Силјановска Давкова како претседател на Македонија“, додава Николоски.
Николоски прашува дали со тоа сакал да испрати порака дека тие во суштина и не ја признаваат Македонија, што е можеби нивни долгогодишен сон.
Ние сме јасни кој сме, ние сме засебна нација, македонска нација, засебен народ, македонски народ. Ние зборуваме свој македонски јазик различен од сите останати јазици, ние имаме своја историја, своја култура. Ние знаеме кои сме и не треба на никого да се докажуваме. А, оние кои што сакаат поинаку да ја читаат историјата, се политичари од деветнаесетиот, а не политичари од дваесет и првиот век. И би сакал нешто да кажам и на оние политичари кои што бараат оставка од мене. Од мене бараат оставка политичари кои што се обвинети за криминал и корупција, политичари кои што ги видовме на слики како спијат на кревет покрај пачки со злато и стотици илјади евра во девизии. Такви ли политичари ќе бараат оставка од мене? Извинете господа, ама вие не сте достојни да побарате оставка од мене.
Жал мие е што добрите односи помеѓу двата блиски народи, македонскиот и бугарскиот народ, ги уништуваат корумпирани политичари кои што не можат ништо да направат за сопствената држава, освен да внесуваат гнев и омраза.
И таков е овој кој што го споменав со пачките злато, таков еден друг кој што важи за голем олигарх во Бугарија и такви се една редица други политичари кои што се корумпирани, а таков е и оној кој што е претседател на Бугарија и кој што немаше минимум пристојност и минимум цивилизациско однесување да стави македонско знаме при посетата на македонскиот Претседател.
И затоа е ваква мојата реакција и затоа ќе продолжиме и јас и ВМРО-ДПМНЕ да ги браниме македонските национални интереси. Наша цел е Македонија да напредува, да стане членка на Европската Унија, да го изоди патот кон Европската Унија, но тоа да биде гордо и достоинствено, а не понижени. Ние секогаш ќе ги браниме македонските национални интереси. Ние ништо туѓо не бараме, ама сакаме да го заштитиме нашето“, се вели во реакцијата на Николоски.

The post Николоски до Борисов: Ние сме јасни кои сме, засебна македонска нација, засебен македонски народ, зборуваме свој македонски јазик appeared first on Република.

]]>
Триптих „стокхолмска љубов“… https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/triptih-stokholmska-lubov/ Thu, 07 Mar 2024 17:35:58 +0000 https://republika.mk/?p=752382

The post Триптих „стокхолмска љубов“… appeared first on Република.

]]>

The post Триптих „стокхолмска љубов“… appeared first on Република.

]]>
За Борисов законот со кој фашистичките имиња мора да се сменат го попречува добрососетството https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/za-borisov-zakonot-so-koj-fashistichkite-iminja-mora-da-se-smenat-go-poprechuva-dobrososetstvoto/ Thu, 10 Nov 2022 11:31:21 +0000 https://republika.mk/?p=572275

Направивме добра работа во Националното собрание за да го отвориме патот за Македонија и Албанија за влез во Европската Унија. ГЕРБ ја заврши оваа работа како што се обврзавме. За жал, после тоа се случи инцидентот со националната химна на фудбалскиот натпревар. Ова создаде тензија во Бугарија, му рече лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов на средбата со министерот за надворешни работи на Македонија Бујар Османи, објавија бугарските медиуми.

Тој на Османи му посочил и дека има бурни реакции за Законот за политички партии и движења, кој го попречувал добрососедството.

Наш совет е законот да се испрати до Венецијанската комисија. Не е наша работа да се мешаме, но поради него има тензија во бугарското општество. Сето добро што го имаме може да се изгуби за миг, рече тој.

Борисов смета дека треба да се прекине со провокативните акции.

Борисов потсетил дека победил на изборите и истакнал дека Бугарите биле најблиска нација до Македонија.

The post За Борисов законот со кој фашистичките имиња мора да се сменат го попречува добрососетството appeared first on Република.

]]>

Направивме добра работа во Националното собрание за да го отвориме патот за Македонија и Албанија за влез во Европската Унија. ГЕРБ ја заврши оваа работа како што се обврзавме. За жал, после тоа се случи инцидентот со националната химна на фудбалскиот натпревар. Ова создаде тензија во Бугарија, му рече лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов на средбата со министерот за надворешни работи на Македонија Бујар Османи, објавија бугарските медиуми. Тој на Османи му посочил и дека има бурни реакции за Законот за политички партии и движења, кој го попречувал добрососедството.
Наш совет е законот да се испрати до Венецијанската комисија. Не е наша работа да се мешаме, но поради него има тензија во бугарското општество. Сето добро што го имаме може да се изгуби за миг, рече тој.
Борисов смета дека треба да се прекине со провокативните акции. Борисов потсетил дека победил на изборите и истакнал дека Бугарите биле најблиска нација до Македонија.

The post За Борисов законот со кој фашистичките имиња мора да се сменат го попречува добрососетството appeared first on Република.

]]>
Трифонов за Борисов: Долга приказна со многу прашања и малку одговори https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/trifonov-za-borisov-dolga-prikazna-so-mnogu-prashanja-i-malku-odgovori/ Fri, 18 Mar 2022 13:40:02 +0000 https://republika.mk/?p=475017

Бојко Борисов? Долга приказна со многу прашања и малку одговори. Па, време е да дознаеме.“ – ова го напиша лидерот на ИТН Слави Трифонов по повод апсењето на лидерот на ГЕРБ.

Апсолутно се согласувам со премиерот. Да, никој не е над законот. Звучи како клише, но воопшто не ми е грижа. Владеењето на правото е најважната неопходност за да живееме нормално. Толку е едноставно, нагласи Трифонов.

The post Трифонов за Борисов: Долга приказна со многу прашања и малку одговори appeared first on Република.

]]>

Бојко Борисов? Долга приказна со многу прашања и малку одговори. Па, време е да дознаеме.“ – ова го напиша лидерот на ИТН Слави Трифонов по повод апсењето на лидерот на ГЕРБ. Апсолутно се согласувам со премиерот. Да, никој не е над законот. Звучи како клише, но воопшто не ми е грижа. Владеењето на правото е најважната неопходност за да живееме нормално. Толку е едноставно, нагласи Трифонов.

The post Трифонов за Борисов: Долга приказна со многу прашања и малку одговори appeared first on Република.

]]>