борислав михајлов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/borislav-mihajlov/ За подобро да се разбереме Mon, 27 Nov 2023 17:44:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png борислав михајлов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/borislav-mihajlov/ 32 32 Михајлов по две децении поднесе оставка на чело на бугарскиот фудбал https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/mihajlov-po-dve-detsenii-podnese-ostavka-na-chelo-na-bugarskiot-fudbal/ Mon, 27 Nov 2023 19:05:31 +0000 https://republika.mk/?p=716896

Претседателот на Фудбалската федерација на Бугарија (БФУ), Борислав Михајлов, објави дека се повлекува од должноста под притисок на слабите резултати на репрезентацијата што пред две недели доведоа до насилни навивачки протести во Софија.

Поднесов оставка во духот на примирјето“, изјави 60-годишниот Михајлов, кој беше на чело на БФУ изминатите 18 години.

Михајлов есента 2019 година веќе еднаш поднесе оставка по скандалот со расистички навреди на натпреварот против Англија, но потоа ја поништи својата одлука и една и пол година подоцна се врати на чело на бугарскиот фудбал.

Рекордер според долговечноста на чело на БФУ, овој поранешен голман од славната ера на бугарскиот фудбал во 1994 година, беше пет пати избиран на претседателската должност. Неговото претседателствување беше одбележано со постојани обвинувања за местење натпревари и илегално обложување, злоупотреба на буџетски средства и судир на интереси.

Притисокот од јавноста кулминираше по серијата слаби резултати на бугарската репрезентација во квалификациите за ЕУРО2024 и насилните протести на навивачите на 16 овој месец во Софија.

БФУ соопшти дека до избор на нов претседател должноста времено ќе ја извршува заменикот на Михајлов, Михаил Касабов.

The post Михајлов по две децении поднесе оставка на чело на бугарскиот фудбал appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Фудбалската федерација на Бугарија (БФУ), Борислав Михајлов, објави дека се повлекува од должноста под притисок на слабите резултати на репрезентацијата што пред две недели доведоа до насилни навивачки протести во Софија.
Поднесов оставка во духот на примирјето“, изјави 60-годишниот Михајлов, кој беше на чело на БФУ изминатите 18 години.
Михајлов есента 2019 година веќе еднаш поднесе оставка по скандалот со расистички навреди на натпреварот против Англија, но потоа ја поништи својата одлука и една и пол година подоцна се врати на чело на бугарскиот фудбал. Рекордер според долговечноста на чело на БФУ, овој поранешен голман од славната ера на бугарскиот фудбал во 1994 година, беше пет пати избиран на претседателската должност. Неговото претседателствување беше одбележано со постојани обвинувања за местење натпревари и илегално обложување, злоупотреба на буџетски средства и судир на интереси. Притисокот од јавноста кулминираше по серијата слаби резултати на бугарската репрезентација во квалификациите за ЕУРО2024 и насилните протести на навивачите на 16 овој месец во Софија. БФУ соопшти дека до избор на нов претседател должноста времено ќе ја извршува заменикот на Михајлов, Михаил Касабов.

The post Михајлов по две децении поднесе оставка на чело на бугарскиот фудбал appeared first on Република.

]]>