Борис Трајковски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/boris-trajkovski/ За подобро да се разбереме Fri, 11 Oct 2024 12:31:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Борис Трајковски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/boris-trajkovski/ 32 32 Концерт на Пајак пред СЦ „Борис Трајковски“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/kontsert-na-pajak-pred-sts-boris-trajkovski/ Fri, 11 Oct 2024 12:31:14 +0000 https://republika.mk/?p=825540

Сите љубители на танцот и музиката, може да си го заземат своето место пред Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ во Скопје каде што концерт ќе има младата музичка ѕвезда Пајак. Бастапот кој ќе започне во 18 часот и влезот ќе биде бесплатен. Настап ќе има и Диџеј Боно.

Пулсот на Скопје продолжува да чука со IDO World Hip-Hop Championship & Street Dance Show 2024. Овогодинешното издание на шампионатот кое првпат се одржува во Македонија и на кое се претставуваат 35 држави со вкупно 5000 танчери се смета за најголемото и најоригиналното издание досега.

Со судии кои се вистински ѕвезди во светот на танцот, со дел од најдобрите светски танчери, шампионатот приредува вистинско шоу каде жестоката конкуренција во различни стилови, ги поместува границите на танцот. Шампионатот е во организација на клубот „Брејк а Лег“ и ќе трае до 17 октомври.

Утре, ќе имаме можност да сведочиме и на официјалното отворање на настанот каде сите држави ќе имаат ревијален дел со ПАРАДАТА НА НАЦИИ и за која влезот од 17:30 часот ќе биде бесплатен за сите љубители на танцот. Веднаш потоа, ќе следува еден од најинтересните делови на шампионатот со категоријата „Формации-Возрасни“.

The post Концерт на Пајак пред СЦ „Борис Трајковски“ appeared first on Република.

]]>

Сите љубители на танцот и музиката, може да си го заземат своето место пред Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ во Скопје каде што концерт ќе има младата музичка ѕвезда Пајак. Бастапот кој ќе започне во 18 часот и влезот ќе биде бесплатен. Настап ќе има и Диџеј Боно. Пулсот на Скопје продолжува да чука со IDO World Hip-Hop Championship & Street Dance Show 2024. Овогодинешното издание на шампионатот кое првпат се одржува во Македонија и на кое се претставуваат 35 држави со вкупно 5000 танчери се смета за најголемото и најоригиналното издание досега. Со судии кои се вистински ѕвезди во светот на танцот, со дел од најдобрите светски танчери, шампионатот приредува вистинско шоу каде жестоката конкуренција во различни стилови, ги поместува границите на танцот. Шампионатот е во организација на клубот „Брејк а Лег“ и ќе трае до 17 октомври. Утре, ќе имаме можност да сведочиме и на официјалното отворање на настанот каде сите држави ќе имаат ревијален дел со ПАРАДАТА НА НАЦИИ и за која влезот од 17:30 часот ќе биде бесплатен за сите љубители на танцот. Веднаш потоа, ќе следува еден од најинтересните делови на шампионатот со категоријата „Формации-Возрасни“.

The post Концерт на Пајак пред СЦ „Борис Трајковски“ appeared first on Република.

]]>
Пет илјади танчери учестуваат на СП во хип-хоп во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/pet-iljadi-tancheri-uchestuvaat-na-sp-vo-hip-hop-vo-sportskiot-tsentar-boris-trajkovski/ Thu, 10 Oct 2024 19:29:40 +0000 https://republika.mk/?p=825172

Пет илјади танчери ќе се натпреваруваат во дисциплините „хип хоп“ и „стрит денс шоу“ на спектакуларниот шампионат кој вчера започна во Скопје - IDO World Hip-Hop Championship & Street Dance Show 2024.

Во организација на клубот „Брејк а Лег“, од 9 до 17 октомври, во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе има претставници од 35 држави.

До крајот на шампионатот, ќе имаме можност да ги гледаме следните држави: Македонија, Турција, Грција, Албанија, Германија, Норвешка, Романија, Кипар, Литванија, Словачка, Данска, Холандија, Полска, Швајцарија, Босна и Херцеговина, Словенија, Србија, Молдавија, Шведска, Естонија, Индија, Јужна Африка, Канада, Обединето Кралство, Франција, Бугарија, Белгија, Јужна Кореа, Австрија, Финска, Италија, Чешка, Унгарија, Црна Гора и Хрватска.

The post Пет илјади танчери учестуваат на СП во хип-хоп во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ appeared first on Република.

]]>

Пет илјади танчери ќе се натпреваруваат во дисциплините „хип хоп“ и „стрит денс шоу“ на спектакуларниот шампионат кој вчера започна во Скопје - IDO World Hip-Hop Championship & Street Dance Show 2024. Во организација на клубот „Брејк а Лег“, од 9 до 17 октомври, во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе има претставници од 35 држави. До крајот на шампионатот, ќе имаме можност да ги гледаме следните држави: Македонија, Турција, Грција, Албанија, Германија, Норвешка, Романија, Кипар, Литванија, Словачка, Данска, Холандија, Полска, Швајцарија, Босна и Херцеговина, Словенија, Србија, Молдавија, Шведска, Естонија, Индија, Јужна Африка, Канада, Обединето Кралство, Франција, Бугарија, Белгија, Јужна Кореа, Австрија, Финска, Италија, Чешка, Унгарија, Црна Гора и Хрватска.  

The post Пет илјади танчери учестуваат на СП во хип-хоп во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ appeared first on Република.

]]>
Пендаровски положи венец со свежо цвеќе на гробот на претседателот Борис Трајковски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-polozhi-venets-so-svezho-tsveke-na-grobot-na-pretsedatelot-boris-trajkovski/ Mon, 26 Feb 2024 13:27:56 +0000 https://republika.mk/?p=748565

Претседателот Стево Пендаровски, по повод одбележувањето на 20-годишнината од загинувањето на претседателот Борис Трајковски и членовите на делегацијата во авионската несреќа во Босна и Херцеговина, денеска положи венец со свежо цвеќе на гробот на претседателот Борис Трајковски на гробиштата „Бутел“ во Скопје.

Претседателот Пендаровски положи венци со свежо цвеќе и на вечните почивалишта на загинатите членови на делегацијата: Димка Илкова – Бошковиќ, Ристе Блажевски, Миле Крстевски, Марко Марковски и Бранко Ивановски на гробиштата „Бутел“ во Скопје.

Претставник на Кабинетот на Претседателот положи свежо цвеќе на вечното почивалиште на Анита Кришан Лозановска на гробиштата во Велес.

Претставник на Кабинетот, како дел од државната делегација, присуствуваше на церемонијата на одбележување на годишнината пред спомен – обележјето на местото на несреќата во Ротимље, Босна и Херцеговина.

The post Пендаровски положи венец со свежо цвеќе на гробот на претседателот Борис Трајковски appeared first on Република.

Владина делегација положи цвеќе на вечното почивалиште на претседателот Борис Трајковски по повод 20 годишнината од неговата смрт https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vladina-delegatsija-polozhi-tsveke-na-vechnoto-pochivalishte-na-pretsedatelot-boris-trajkovski-po-povod-20-godishninata-od-negovata-smrt/ Mon, 26 Feb 2024 13:19:19 +0000 https://republika.mk/?p=748560

Делегација на Владата на Република Македонија, составена од заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов и заменик-министерката за правда, Викторија Аврамовска Мадиќ, со положување свежо цвеќе на гробот на поранешниот претседател Борис Трајковски, ја одбележа 20-годишнината од неговата трагична смрт.

Покрај владините претставници, на овогодишното одбележување во Бутел присуствуваа и положија цвеќе сопругата на поранешниот Претседател на Република Македонија Борис Трајковски, Вилма Трајковска со членови од семејството, Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, делегација на Собранието на Република Македонија предводена од претседателот на Собранието, Јован Митрески, делегација на Армијата на Република Македонија, како и делегација на Сојуз на борци од НОАВМ предводена од Наум Бурески, потпретседател на Главен одбор на СБМ.

The post Владина делегација положи цвеќе на вечното почивалиште на претседателот Борис Трајковски по повод 20 годишнината од неговата смрт appeared first on Република.

]]>

Делегација на Владата на Република Македонија, составена од заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов и заменик-министерката за правда, Викторија Аврамовска Мадиќ, со положување свежо цвеќе на гробот на поранешниот претседател Борис Трајковски, ја одбележа 20-годишнината од неговата трагична смрт. Покрај владините претставници, на овогодишното одбележување во Бутел присуствуваа и положија цвеќе сопругата на поранешниот Претседател на Република Македонија Борис Трајковски, Вилма Трајковска со членови од семејството, Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, делегација на Собранието на Република Македонија предводена од претседателот на Собранието, Јован Митрески, делегација на Армијата на Република Македонија, како и делегација на Сојуз на борци од НОАВМ предводена од Наум Бурески, потпретседател на Главен одбор на СБМ.

The post Владина делегација положи цвеќе на вечното почивалиште на претседателот Борис Трајковски по повод 20 годишнината од неговата смрт appeared first on Република.

]]>
Во Ротимље одбележана 20-годишнината од смртта на поранешниот претседател Борис Трајковски, членовите на делегацијата и екипажот на авионот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-rotimle-odbelezhana-20-godishninata-od-smrtta-na-poraneshniot-pretsedatel-boris-trajkovski-chlenovite-na-delegatsijata-i-ekipazhot-na-avionot/ Mon, 26 Feb 2024 12:42:33 +0000 https://republika.mk/?p=748530

Со положување свежо цвеќе на спомен-обележјето во Ротимље, близу Мостар, Босна и Херцеговина, денеска беше одбележана 20-годишнината од трагичната смрт на поранешниот претседател Борис Трајковски, членовите на делегацијата и екипажот на авионот.

На спомен-обележјето кај Ротимље каде што се случи несреќата, свежо цвеќе положија и претставници од владината делегација составена од: министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, и Каја Шукова, министерка за животна средина и просторно планирање, полковник Билјана Блажеска, претставник од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, пратеници од македонското собрание, како и претставници од Армијата на Република Македонија, ЕУФОР-БиХ.

Од име на Владата на Република Македонија, а во чест и спомен на поранешниот претседател Борис Трајковски, пригодно обраќање имаше шефот на делегацијата, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

„Oва спомен-обележје не е само паметник на трагичниот миг. Ова е потсетник за сите генерации дека Македонија имала и има доблесни и решителни луѓе кои следејќи ја својата визија, својот сон, имаа храброст да гледаат во иднината. Денес нашата земја е членка на НАТО и на дофат ѝ е членството во Европската Унија. Визијата на Трајковски ме остава во уверување дека и сега тој не би се двоумел што е најисправно да се направи иако и самиот тој знаел дека луѓето со визија се осудени да бидат подоцна разбрани“, рече министерката Костадиновска-Стојчевска во своето обраќање.

Пред спомен-обележјето, заедно со македонската делегација почит оддадоа и високи претставници од Босна и Херцеговина и од градот Мостар.

На денешен ден, 26 февруари 2004 година, во авионска несреќа загинаа поранешниот претседател Борис Трајковски и осумчлената делегација која патуваше на Меѓународна конференција во Мостар. Покрај претседателот Борис Трајковски, животот го загубија: портпаролот Димка Илкова Бошковиќ, советниците Ристо Блажевски и Анита Лозановска, претставникот на Министерството за внатрешни работи Миле Крстевски, телохранителите Аце Божиновски и Борис Велиновски, како и пилотот и копилотот на авионот.

The post Во Ротимље одбележана 20-годишнината од смртта на поранешниот претседател Борис Трајковски, членовите на делегацијата и екипажот на авионот appeared first on Република.

]]>

Со положување свежо цвеќе на спомен-обележјето во Ротимље, близу Мостар, Босна и Херцеговина, денеска беше одбележана 20-годишнината од трагичната смрт на поранешниот претседател Борис Трајковски, членовите на делегацијата и екипажот на авионот.
На спомен-обележјето кај Ротимље каде што се случи несреќата, свежо цвеќе положија и претставници од владината делегација составена од: министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, и Каја Шукова, министерка за животна средина и просторно планирање, полковник Билјана Блажеска, претставник од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, пратеници од македонското собрание, како и претставници од Армијата на Република Македонија, ЕУФОР-БиХ.
Од име на Владата на Република Македонија, а во чест и спомен на поранешниот претседател Борис Трајковски, пригодно обраќање имаше шефот на делегацијата, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска. „Oва спомен-обележје не е само паметник на трагичниот миг. Ова е потсетник за сите генерации дека Македонија имала и има доблесни и решителни луѓе кои следејќи ја својата визија, својот сон, имаа храброст да гледаат во иднината. Денес нашата земја е членка на НАТО и на дофат ѝ е членството во Европската Унија. Визијата на Трајковски ме остава во уверување дека и сега тој не би се двоумел што е најисправно да се направи иако и самиот тој знаел дека луѓето со визија се осудени да бидат подоцна разбрани“, рече министерката Костадиновска-Стојчевска во своето обраќање. Пред спомен-обележјето, заедно со македонската делегација почит оддадоа и високи претставници од Босна и Херцеговина и од градот Мостар. На денешен ден, 26 февруари 2004 година, во авионска несреќа загинаа поранешниот претседател Борис Трајковски и осумчлената делегација која патуваше на Меѓународна конференција во Мостар. Покрај претседателот Борис Трајковски, животот го загубија: портпаролот Димка Илкова Бошковиќ, советниците Ристо Блажевски и Анита Лозановска, претставникот на Министерството за внатрешни работи Миле Крстевски, телохранителите Аце Божиновски и Борис Велиновски, како и пилотот и копилотот на авионот.

The post Во Ротимље одбележана 20-годишнината од смртта на поранешниот претседател Борис Трајковски, членовите на делегацијата и екипажот на авионот appeared first on Република.

]]>
Во Струмица одбележана 20-годишнината од загинувањето на претседателот Трајковски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-strumitsa-odbelezhana-20-godishninata-od-zaginuvaneto-na-pretsedatelot-trajkovski/ Mon, 26 Feb 2024 10:55:33 +0000 https://republika.mk/?p=748460

Пред споменикот „Македонија“, подигнат во чест на трагично загинатиот македонски претседател, Борис Трајковски, родната Струмица ја одбележа 20-годишнината од неговата смрт.

Членови на семејството Трајковски, пријатели, претставници на локалната самоуправа, политички партии и здруженија на граѓани со положување цвеќе и поклонување пред неговиот споменик ја искажаа својата почит.

Венец пред споменикот положи и владина делегација предводена од дополнителната заменик министерка за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и Кирил Парталов, државен секретар во Министерството за локална самоуправа.

За ликот и делото на претседателот Трајковски, зборуваше градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

-Од оној 26 февруари 2004 година до овој денешен 26 февруари 2024 година поминаа точно 20 години. Еве сме исправени повторно пред споменикот подигнат во негово име, во струмичкиот Градски парк, со почит и непребол да одбележиме две децении без нашиот сограѓанин и без вториот македонски претседател Борис Трајковски. Годините минуваат, но споменот за претседателот Трајковски ќе остане да живее и понатаму, уште многу пати по 20 години. Вечен ќе биде тој спомен, не само за генерациите кои се негови современици, туку и за сите идни македонски поколенија кои ќе слушаат и читаат историски вистини за бесмртниот македонски претседател, рече Костадинов.

Во рамките на одбележувањето на годишнината од смртта на претседателот Трајковски, рецитатори од Домот за деца и млади „Благој Мучето“ од Струмица рецитираа пригодна поезија, а Унијата на жени при ОК ВМРО - ДПМНЕ Струмица традиционално засади дрвце во Градскиот парк во Струмица.

The post Во Струмица одбележана 20-годишнината од загинувањето на претседателот Трајковски appeared first on Република.

]]>

Пред споменикот „Македонија“, подигнат во чест на трагично загинатиот македонски претседател, Борис Трајковски, родната Струмица ја одбележа 20-годишнината од неговата смрт. Членови на семејството Трајковски, пријатели, претставници на локалната самоуправа, политички партии и здруженија на граѓани со положување цвеќе и поклонување пред неговиот споменик ја искажаа својата почит. Венец пред споменикот положи и владина делегација предводена од дополнителната заменик министерка за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и Кирил Парталов, државен секретар во Министерството за локална самоуправа. За ликот и делото на претседателот Трајковски, зборуваше градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.
-Од оној 26 февруари 2004 година до овој денешен 26 февруари 2024 година поминаа точно 20 години. Еве сме исправени повторно пред споменикот подигнат во негово име, во струмичкиот Градски парк, со почит и непребол да одбележиме две децении без нашиот сограѓанин и без вториот македонски претседател Борис Трајковски. Годините минуваат, но споменот за претседателот Трајковски ќе остане да живее и понатаму, уште многу пати по 20 години. Вечен ќе биде тој спомен, не само за генерациите кои се негови современици, туку и за сите идни македонски поколенија кои ќе слушаат и читаат историски вистини за бесмртниот македонски претседател, рече Костадинов.
Во рамките на одбележувањето на годишнината од смртта на претседателот Трајковски, рецитатори од Домот за деца и млади „Благој Мучето“ од Струмица рецитираа пригодна поезија, а Унијата на жени при ОК ВМРО - ДПМНЕ Струмица традиционално засади дрвце во Градскиот парк во Струмица.

The post Во Струмица одбележана 20-годишнината од загинувањето на претседателот Трајковски appeared first on Република.

]]>
Комеморативен концерт по повод 20-годишнината од загинувањето на претседателот Борис Трајковски и неговите соработници во национала опера и балет https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/komemorativen-kontsert-po-povod-20-godishninata-od-zaginuvaneto-na-pretsedatelot-boris-trajkovski-i-negovite-sorabotnitsi-vo-natsionala-opera-i-balet/ Mon, 26 Feb 2024 08:53:42 +0000 https://republika.mk/?p=748353

На 26.2.2024 година (понеделник) со почеток во 20:30 часот, во Националната опера и балет ќе се одржи Комеморативен концерт по повод 20-годишнината од загинувањето на претседателот Борис Трајковски и неговите соработници, под покровителство на Владата на Република Македонија.

The post Комеморативен концерт по повод 20-годишнината од загинувањето на претседателот Борис Трајковски и неговите соработници во национала опера и балет appeared first on Република.

„Еве ти ја вратата, излези“: Кога претседателот Трајковски му го покажа местото на Солана https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/eve-ti-ja-vratata-izlezi-koga-pretsedatelot-trajkovski-mu-go-pokazha-mestoto-na-solana/ Mon, 26 Feb 2024 08:14:16 +0000 https://republika.mk/?p=748308

Денеска се одбележуваат 20 години од авионската несреќа во која животот го загуби поранешниот претседател, Борис Трајковски, членовите на неговиот кабинет и екипажот на авионот.

Многумина ја паметат онаа негова легендарна изјава од времето кога беше заменик министер за надворешни работи, од 1999 година за косовските бегалци во Македонија:

https://republika.mk/vesti/makedonija/mnogu-ubavo-vie-od-shvedska-gi-sledite-nastanite-ama-jas-ke-vi-predlozham-neshto-konkretno/

Но, ретко кој го знае и моментот кога претседателот Трајковски му ја покажал вратата на високиот претставник Хавиер Солана. За време на неговото гостување во „Еден на Еден“ пред неколку години, тогаш министер за надворешни работи Никола Димитров, првпат откри што се случувало на една од преговарачките средби во 2001 година, кога тој бил дел од тимот на претседателот Трајковски.

Имаше 2001 со претседателот Трајковски едни тешки преговори со Хавиер Солана, кој во тоа време беше висок претставник во ЕУ. Во една ситуација претседателот Трајковски му рече – Еве ти ја вратата, излези! Солана излезе навреден, а минута после тоа претседателот рече излези по него и врати го. Не знам дали тоа беше спремно од претседателот Трајковски, не знам дека тоа го мислел претходно, но во моментот одлучил дека тоа може да биде корисно да покаже дека ова не оди!, рече Димитров.

The post „Еве ти ја вратата, излези“: Кога претседателот Трајковски му го покажа местото на Солана appeared first on Република.

]]>

Денеска се одбележуваат 20 години од авионската несреќа во која животот го загуби поранешниот претседател, Борис Трајковски, членовите на неговиот кабинет и екипажот на авионот. Многумина ја паметат онаа негова легендарна изјава од времето кога беше заменик министер за надворешни работи, од 1999 година за косовските бегалци во Македонија: https://republika.mk/vesti/makedonija/mnogu-ubavo-vie-od-shvedska-gi-sledite-nastanite-ama-jas-ke-vi-predlozham-neshto-konkretno/ Но, ретко кој го знае и моментот кога претседателот Трајковски му ја покажал вратата на високиот претставник Хавиер Солана. За време на неговото гостување во „Еден на Еден“ пред неколку години, тогаш министер за надворешни работи Никола Димитров, првпат откри што се случувало на една од преговарачките средби во 2001 година, кога тој бил дел од тимот на претседателот Трајковски.
Имаше 2001 со претседателот Трајковски едни тешки преговори со Хавиер Солана, кој во тоа време беше висок претставник во ЕУ. Во една ситуација претседателот Трајковски му рече – Еве ти ја вратата, излези! Солана излезе навреден, а минута после тоа претседателот рече излези по него и врати го. Не знам дали тоа беше спремно од претседателот Трајковски, не знам дека тоа го мислел претходно, но во моментот одлучил дека тоа може да биде корисно да покаже дека ова не оди!, рече Димитров.

The post „Еве ти ја вратата, излези“: Кога претседателот Трајковски му го покажа местото на Солана appeared first on Република.

]]>
„Многу убаво вие од Шведска ги следите настаните, ама јас ќе ви предложам нешто конкретно…“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mnogu-ubavo-vie-od-shvedska-gi-sledite-nastanite-ama-jas-ke-vi-predlozham-neshto-konkretno/ Mon, 26 Feb 2024 08:04:02 +0000 https://republika.mk/?p=748309

Денеска се навршуваат 20 години од трагичната авионска несреќа во близина на Мостар, БиХ во која загина македонскиот претседател Борис Трајковски со членови на екипажот.

Трајковски стана претседател на Република Македонија на 15 декември 1999, во една од најтешките години за Македонија, кога земјата се соочи со наплив од 360.000 косовски бегалци, поради војната која беснееше во тогашната српска покраина.

Пред да седне на претседателската фотелја, како заменик министер за надворешни работи, Трајковски ја даде легендарната изјава, за која многумина посочуваат дека помогнала во неговата кандидатура за шеф на државата.

Слушам на „Си-Ен-Ен“ дека стално кружи, да не кажам за мене и увредлива констатација, дека ова е срам за Македонија. Ова е срам за меѓународната заедница. Никој од вас не прашува кои се проблемите на оваа влада и на оваа држава. Многу убаво од далеку, од Шведска ги следите настаните. Јас ќе ви предложам нешто конкретно, пратете 100 авиони на скопскиот аеродром и пренесете ги во Стокхолм, им порача претседателот Трајковски.

https://youtu.be/hZ1CEiK1WNE?si=CfKNT_w3EytaeH_f

The post „Многу убаво вие од Шведска ги следите настаните, ама јас ќе ви предложам нешто конкретно…“ appeared first on Република.

]]>

Денеска се навршуваат 20 години од трагичната авионска несреќа во близина на Мостар, БиХ во која загина македонскиот претседател Борис Трајковски со членови на екипажот. Трајковски стана претседател на Република Македонија на 15 декември 1999, во една од најтешките години за Македонија, кога земјата се соочи со наплив од 360.000 косовски бегалци, поради војната која беснееше во тогашната српска покраина. Пред да седне на претседателската фотелја, како заменик министер за надворешни работи, Трајковски ја даде легендарната изјава, за која многумина посочуваат дека помогнала во неговата кандидатура за шеф на државата.
Слушам на „Си-Ен-Ен“ дека стално кружи, да не кажам за мене и увредлива констатација, дека ова е срам за Македонија. Ова е срам за меѓународната заедница. Никој од вас не прашува кои се проблемите на оваа влада и на оваа држава. Многу убаво од далеку, од Шведска ги следите настаните. Јас ќе ви предложам нешто конкретно, пратете 100 авиони на скопскиот аеродром и пренесете ги во Стокхолм, им порача претседателот Трајковски.
https://youtu.be/hZ1CEiK1WNE?si=CfKNT_w3EytaeH_f

The post „Многу убаво вие од Шведска ги следите настаните, ама јас ќе ви предложам нешто конкретно…“ appeared first on Република.

]]>
Комеморативен концерт по повод 20-годишнината од загинувањето на Претседателот Борис Трајковски со соработниците во Национална опера и балет https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/komemorativen-kontsert-po-povod-20-godishninata-od-zaginuvaneto-na-pretsedatelot-boris-trajkovski-so-sorabotnitsite-vo-natsionalna-opera-i-balet/ Tue, 20 Feb 2024 10:29:17 +0000 https://republika.mk/?p=746058

На 26 февруари со почеток во 20.30 часот во Националната опера и балет ќе се одржи Комеморативен концерт по повод 20-годишнината од загинувањето на претседателот Борис Трајковски со соработниците, под покровителство на Владата на Република Македонија.

Диригент на концертот е Иван Еминовиќ, режисер на настанот е Љупка Јакимовска, хор- мајстор: Ѓурѓица Дашиќ.

Ќе настапат солистите од Националната опера и балет: Сандра Митровска, сопран, Марика Поповиќ, мецосопран, Јаворка Витанова, солист од хорот, во придружба на хорот и оркестарот на Националната опера и балет.

На програмата ќе се изведат дела од В. А. Моцарт, Р. Леонкавало, Џ. Верди и Р. Аврамовски.

Настанот ќе биде збогатен со видео и аудио содржина за која се употребени материјали од архивската документација на МРТВ - документарецот „ Верувам во Македонија“, како и фото и видео материјали обезбедени од Фондацијата „Борис Трајковски“.

Влезот за настанот е слободен, јавноста, билетите ќе може да ги подигне најдоцна до 26.2.2024 до 17.00 часот на билетарницата на Националната опера и балет.

The post Комеморативен концерт по повод 20-годишнината од загинувањето на Претседателот Борис Трајковски со соработниците во Национална опера и балет appeared first on Република.

Самитот на ОБСЕ скапо ќе нѐ чини: МНР ќе изнајмува возила за речиси милион евра со 200.000 поминати километри https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/samitot-na-obse-skapo-ke-n-chini-mnr-ke-iznajmuva-vozila-za-rechisi-milion-evra-so-200-000-pominati-kilometri/ Tue, 31 Oct 2023 11:16:36 +0000 https://republika.mk/?p=696629

Македонија во декември ќе биде домаќин за завршниот Самит на ОБСЕ како земја претседавач. Во салата „Борис Трајковски“ ќе дојдат високи гости, а таа цел во арената се прават подготовки и адаптација. Преуредувањето на салата го прави омилената фирма на ДУИ Еуровиа“ за 1,8 милиони евра.

Што би се рекло во една реклама „но тоа не е се“.

Министерството за надворешни работи ќе плати 960 илјади евра за изнајмување возила за министрите и делегациите на нивните земји,  Тендерот е завршен, а два договори се веќе склучени со компанијата „АБЦ рент а кар турс“ ДООЕЛ Скопје.

Она што интересно во договорот е дека возилата не смеат да бидат со повеќе од 200.000 километри.

„Возилата треба да бидат во техничка исправна состојба, со репрезентативен ентериер и екстериер и со полн резервоар гориво. Изминатата километража на ВИП патничките автомобили на денот на примопредавање (24 ноември 2023) не смее да биде поголема од 200.000 километри“, пишува во договорот на набавка.

Нејасно е зошто МНР се одлучило да изнајми возило со речиси 200.000 поминати километри, кога за речиси милион евра може да се купат триесетина солидни нови возила кои чинат околу 30.000 евра.

The post Самитот на ОБСЕ скапо ќе нѐ чини: МНР ќе изнајмува возила за речиси милион евра со 200.000 поминати километри appeared first on Република.

]]>

Македонија во декември ќе биде домаќин за завршниот Самит на ОБСЕ како земја претседавач. Во салата „Борис Трајковски“ ќе дојдат високи гости, а таа цел во арената се прават подготовки и адаптација. Преуредувањето на салата го прави омилената фирма на ДУИ Еуровиа“ за 1,8 милиони евра. Што би се рекло во една реклама „но тоа не е се“. Министерството за надворешни работи ќе плати 960 илјади евра за изнајмување возила за министрите и делегациите на нивните земји,  Тендерот е завршен, а два договори се веќе склучени со компанијата „АБЦ рент а кар турс“ ДООЕЛ Скопје. Она што интересно во договорот е дека возилата не смеат да бидат со повеќе од 200.000 километри.  
„Возилата треба да бидат во техничка исправна состојба, со репрезентативен ентериер и екстериер и со полн резервоар гориво. Изминатата километража на ВИП патничките автомобили на денот на примопредавање (24 ноември 2023) не смее да биде поголема од 200.000 километри“, пишува во договорот на набавка.
Нејасно е зошто МНР се одлучило да изнајми возило со речиси 200.000 поминати километри, кога за речиси милион евра може да се купат триесетина солидни нови возила кои чинат околу 30.000 евра.      

The post Самитот на ОБСЕ скапо ќе нѐ чини: МНР ќе изнајмува возила за речиси милион евра со 200.000 поминати километри appeared first on Република.

]]>
Антикорупциска ќе отвори предмет за фирмата блиска до ДУИ која за 1,8 милиони евра ќе го адаптира „Борис Трајковски“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/antikoruptsiska-ke-otvori-predmet-za-firmata-bliska-do-dui-koja-za-1-8-milioni-evra-ke-go-adaptira-boris-trajkovski/ Tue, 29 Aug 2023 18:43:07 +0000 https://republika.mk/?p=677125

Поради ризици од политичка поврзаност, Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) одлучи да отвори предмет во врска со градежната фирма „Еуровиа“ која го доби тендерот на Министерството за надворешни работи  од 1,8 милиони евра за реконструкција на салата „Борис Трајковски“.

„ДКСК утврди дека во конкретниот случај постојат елементи за наделжно постапување на Комисијата и од аспект на материјалноста бидејќи се работи за високи износи, но и за ризици за политичка поврзаност“,изјави претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, за телевизија Телма.

Фирмата од тетовско Желино, чиј извршен директор е Елмедин Адеми – роднина на поранешниот министер од редовите на ДУИ, Абдилаќим Адеми, е избрана меѓу четирите компании што се пријавиле на тендерот. „Еуровиа“ ја доби јавната набавка од 1,8 милиони евра за адаптација на салата „Борис Трајковски“ за претстојната конференција на Министерскиот совет на ОБСЕ што ќе се одржи во Скопје во декември годинава

The post Антикорупциска ќе отвори предмет за фирмата блиска до ДУИ која за 1,8 милиони евра ќе го адаптира „Борис Трајковски“ appeared first on Република.

Спасовски од Мостар: И по 19 години претседателот Трајковски останува запаметен како неприкосновен лидер и мудар државник кој го сочува мирот во државата и регионот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-od-mostar-i-po-19-godini-pretsedatelot-trajkovski-ostanuva-zapameten-kako-neprikosnoven-lider-i-mudar-drzhavnik-koj-go-sochuva-mirot-vo-drzhavata-i-regionot/ Sun, 26 Feb 2023 15:06:09 +0000 https://republika.mk/?p=613370

Денеска во Мостар, Босна и Херцеговина, во име на Владата на Република Македонија, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски положи цвеќе на спомен обележјето на несреќата кај Ротимље, на државничка церемонија по повод навршувањето на 19 години од трагичната смрт на македонскиот претседател Борис Трајковски и делегацијата којашто го придружуваше.

Во име на Босна и Херцеговина пред спомен обележјето почит оддадоа и министерот за сигурност на Босна и Херцеговина Ненад Нешиќ, како и високи претставници на Претседателството на Босна и Херцеговина, претставници на Кабинетите на претседавачот на г-а Цвијановиќ и господата Комшиќ и Беќировиќ.

Во име на Владата на Република Македонија, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски имаше пригодно обраќање во чест и спомен на вториот македонски претседател Борис Трајковски.

„Големите луѓе никогаш не умираат, тие живеат вечно во спомените на оние кои ги почитуваат вистинските вредности. Таков беше и поранешниот македонски претседател Борис Трајковски, кој пред 19 години прерано и трагично го загуби животот во авионската несреќа кај Ротимље, близу Мостар, Босна и Херцеговина, заедно со делегацијата којашто го придружуваше. Денеска сме тука да оддадеме почест, со посебен пиетет поклонувајќи се и положувајќи цвеќе пред спомен обележјето на несреќата во Ротимље. Потсетувајќи се на вредностите кои тој ги негуваше и ширеше, секогаш промовирајќи соработка и помирување, Борис Трајковски останува симбол на вистинско лидерство во еден исклучително тежок период, но и при сите средби со народот, дипломатите, домашните и светските политичари”, рече министерот Спасовски во своето обраќање.

Истакнувајќи го фактот дека претседателот Трајковски беше признаен во дипломатските кругови како неприкосновен политички лидер и добар пријател со државниците од целиот свет, министерот Спасовски рече:

„Тој и по 19 години останува запаметен како доблесен и мудар државник, кој во еден важен транзициски период, кога се соочивме со тешки одлуки, успеа да го зачува мирот во земјата и во регионот, да ги зацврсти меѓуетничките односи, да биде посветен на демократските идеали и на евроатланската ориентација, како вистински визионер”, рече министерот Спасовски.

На крајот од своето обраќање министерот Спасовски упати благодарност до братска Босна и Херцеговина за организацијата на државничката церемонија, до раководството на Град Мостар и Општина Столац за континуитетот во оддавање почест по повод одбележувањето на смртта на претседателот Трајковски.

The post Спасовски од Мостар: И по 19 години претседателот Трајковски останува запаметен како неприкосновен лидер и мудар државник кој го сочува мирот во државата и регионот appeared first on Република.

]]>

Денеска во Мостар, Босна и Херцеговина, во име на Владата на Република Македонија, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски положи цвеќе на спомен обележјето на несреќата кај Ротимље, на државничка церемонија по повод навршувањето на 19 години од трагичната смрт на македонскиот претседател Борис Трајковски и делегацијата којашто го придружуваше. Во име на Босна и Херцеговина пред спомен обележјето почит оддадоа и министерот за сигурност на Босна и Херцеговина Ненад Нешиќ, како и високи претставници на Претседателството на Босна и Херцеговина, претставници на Кабинетите на претседавачот на г-а Цвијановиќ и господата Комшиќ и Беќировиќ. Во име на Владата на Република Македонија, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски имаше пригодно обраќање во чест и спомен на вториот македонски претседател Борис Трајковски. „Големите луѓе никогаш не умираат, тие живеат вечно во спомените на оние кои ги почитуваат вистинските вредности. Таков беше и поранешниот македонски претседател Борис Трајковски, кој пред 19 години прерано и трагично го загуби животот во авионската несреќа кај Ротимље, близу Мостар, Босна и Херцеговина, заедно со делегацијата којашто го придружуваше. Денеска сме тука да оддадеме почест, со посебен пиетет поклонувајќи се и положувајќи цвеќе пред спомен обележјето на несреќата во Ротимље. Потсетувајќи се на вредностите кои тој ги негуваше и ширеше, секогаш промовирајќи соработка и помирување, Борис Трајковски останува симбол на вистинско лидерство во еден исклучително тежок период, но и при сите средби со народот, дипломатите, домашните и светските политичари”, рече министерот Спасовски во своето обраќање. Истакнувајќи го фактот дека претседателот Трајковски беше признаен во дипломатските кругови како неприкосновен политички лидер и добар пријател со државниците од целиот свет, министерот Спасовски рече: „Тој и по 19 години останува запаметен како доблесен и мудар државник, кој во еден важен транзициски период, кога се соочивме со тешки одлуки, успеа да го зачува мирот во земјата и во регионот, да ги зацврсти меѓуетничките односи, да биде посветен на демократските идеали и на евроатланската ориентација, како вистински визионер”, рече министерот Спасовски. На крајот од своето обраќање министерот Спасовски упати благодарност до братска Босна и Херцеговина за организацијата на државничката церемонија, до раководството на Град Мостар и Општина Столац за континуитетот во оддавање почест по повод одбележувањето на смртта на претседателот Трајковски.

The post Спасовски од Мостар: И по 19 години претседателот Трајковски останува запаметен како неприкосновен лидер и мудар државник кој го сочува мирот во државата и регионот appeared first on Република.

]]>
Мицкоски за Трајковски: Тој беше човек со визија и замисла за тоа каква Македонија треба да имаме https://arhiva3.republika.mk/vesti/mitskoski-za-trajkovski-toj-beshe-chovek-so-vizija-i-zamisla-za-toa-kakva-makedonija-treba-da-imame/ Sun, 26 Feb 2023 14:32:21 +0000 https://republika.mk/?p=613365

19 годишнината од трагичната смрт на Претседателот Трајковски.

Да си спомнеме за човекот кој и се посвети на нашата држава.
Човек со визија и замисла за тоа каква Македонија треба да имаме.
19 години подоцна, истите предизвици и нашата борба за иднината. Ќе успееме затоа што веруваме во Македонија!

Слава му!, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил.

The post Мицкоски за Трајковски: Тој беше човек со визија и замисла за тоа каква Македонија треба да имаме appeared first on Република.

Државата му оддаде почит на загинатиот претседател Борис Трајковски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/drzhavata-mu-oddade-pochit-na-zaginatiot-pretsedatel-boris-trajkovski/ Sun, 26 Feb 2023 12:38:56 +0000 https://republika.mk/?p=613341

Владино-државни делегации, претставници од државни институции и организации, претставници од меѓународната заедница во земјава, денеска оддаваат почит кон загинатиот претседател на државата, Борис Трајковски, во рамки на државнички церемонии за одбележување на 19-годишнината од авионската несреќа, во којашто животите ги загубија поранешниот претседател, Борис Трајковски, членови на неговиот кабинет и екипажот на авионот.

Владата на Македонија е определена кон прогресивни политики што ги водат граѓаните и државата напред, каква што беше и визијата на загинатиот претседател Борис Трајковски. Определбите за заедничко општество, во кое што граѓаните живеат и работат заедно, независно од нивните етнички, религиски или други определби, во мир и во меѓународно почитувана држава, интегрирана во демократските семејства на држави и народи, НАТО и Европската Унија, се пример за храбро и мудро лидерство засновано на вредности, се вели во владиното соопштение.

Денеска, на неколку локации се положува цвеќе и се изразува почит кон загинатиот претседател на државата: на неговото вечно почивалиште во Алејата на великаните во Бутел – Скопје, пред споменикот во неговиот роден град, Струмица, на спомен обележјето на местото на авионската несреќа во Ротимље, близу Мостар, Босна и Херцеговина.

На вечното почивалиште на загинатиот претседател Трајковски, положи цвеќе и оддаде почит претседателот Стево Пендаровски, владина делегација во состав Славица Грковска, висепремиерка за политики на добро владеење, Ристо Пенов, министер за локална самоуправа и Беким Реџепи, заменик на министерот за транспорт и врски.

Прва цвеќе положи сопругата на Трајковски, Вилма Трајковска, а потоа и други делегации: делегација од Собранието предводена од потпретседателот Горан Мисовски и составена од пратеници од владеачкото мнозинство и од опозицијата во Собранието; делегација на Армијата, делегација од Сојузот на борци од НОАВМ, повеќемина претставници од дипломатскиот кор во земјава; претставници на парламентарни политички партии во државава.

Владина делегација оддаде почит кон загинатиот претседател Борис Трајковски и во Струмица, каде цвеќе положи министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска.

Државничка церемонија ќе има и во Ротимље, организирана од институции од Босна и Хецеговина и Македонија, каде ќе положат министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, како и други претставници.

The post Државата му оддаде почит на загинатиот претседател Борис Трајковски appeared first on Република.

]]>

Владино-државни делегации, претставници од државни институции и организации, претставници од меѓународната заедница во земјава, денеска оддаваат почит кон загинатиот претседател на државата, Борис Трајковски, во рамки на државнички церемонии за одбележување на 19-годишнината од авионската несреќа, во којашто животите ги загубија поранешниот претседател, Борис Трајковски, членови на неговиот кабинет и екипажот на авионот. Владата на Македонија е определена кон прогресивни политики што ги водат граѓаните и државата напред, каква што беше и визијата на загинатиот претседател Борис Трајковски. Определбите за заедничко општество, во кое што граѓаните живеат и работат заедно, независно од нивните етнички, религиски или други определби, во мир и во меѓународно почитувана држава, интегрирана во демократските семејства на држави и народи, НАТО и Европската Унија, се пример за храбро и мудро лидерство засновано на вредности, се вели во владиното соопштение. Денеска, на неколку локации се положува цвеќе и се изразува почит кон загинатиот претседател на државата: на неговото вечно почивалиште во Алејата на великаните во Бутел – Скопје, пред споменикот во неговиот роден град, Струмица, на спомен обележјето на местото на авионската несреќа во Ротимље, близу Мостар, Босна и Херцеговина. На вечното почивалиште на загинатиот претседател Трајковски, положи цвеќе и оддаде почит претседателот Стево Пендаровски, владина делегација во состав Славица Грковска, висепремиерка за политики на добро владеење, Ристо Пенов, министер за локална самоуправа и Беким Реџепи, заменик на министерот за транспорт и врски. Прва цвеќе положи сопругата на Трајковски, Вилма Трајковска, а потоа и други делегации: делегација од Собранието предводена од потпретседателот Горан Мисовски и составена од пратеници од владеачкото мнозинство и од опозицијата во Собранието; делегација на Армијата, делегација од Сојузот на борци од НОАВМ, повеќемина претставници од дипломатскиот кор во земјава; претставници на парламентарни политички партии во државава. Владина делегација оддаде почит кон загинатиот претседател Борис Трајковски и во Струмица, каде цвеќе положи министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска. Државничка церемонија ќе има и во Ротимље, организирана од институции од Босна и Хецеговина и Македонија, каде ќе положат министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, како и други претставници.  

The post Државата му оддаде почит на загинатиот претседател Борис Трајковски appeared first on Република.

]]>
Пред 19 години во авионска несреќа загина претседателот Борис Трајковски https://arhiva3.republika.mk/vesti/pred-19-godini-vo-avionska-nesreka-zagina-pretsedatelot-boris-trajkovski/ Sun, 26 Feb 2023 11:18:24 +0000 https://republika.mk/?p=613320

Со државнички активности, Владата ја одбележува 19-годишнината од авионската несреќа во која животот го загуби поранешниот претседател, Борис Трајковски, членовите на неговиот кабинет и екипажот на авионот.

На овогодинешното одбележување во Струмица, со почеток во 10:00 часот на споменикот на поранешниот претседател Борис Трајковски, ќе присуствуваат и ќе положат свежо цвеќе делегацијата од Владата, предводена од Јованка Тренчевска- министерка за труд и социјална политика, заедно со Борче Хаџиев – директор на Бирото за јавни набавки.

Во Бутел, Скопје, со почеток во 11:30 часот, на гробот на поранешниот претседател Борис Трајковски, ќе присуствуваат и ќе положат свежо цвеќе сопругата на поранешниот претседател Вилма Трајковска, делегација на кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, делегација на Собранието, предводена од Горан Мисовски, потпретседател на Собранието, делегација на Владата составена од Славица Грковска, заменик претседател на Владата, Ристо Пенов, министер за локална самоуправа, Беким Реџепи, заменик министер за транспорт. Потоа делегација на АРМ предводена од Генерал мајор Азим Нуредини, заменик началник на Генералштаб, како и делегација на Сојуз на борци од НОАВМ предводена од Наум Бурески, потпретседател на Главен одбор на СБМ.

Во Ротимље, близу Мостар, Босна и Херцеговина на спомен обележјето каде што се случи авионската несреќа, во 13:00 часот ќе присуствуваат и ќе положат свежо цвеќе владина делегација во состав од Оливер Спасовски – министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев, шеф на кабинет на министерот за внатрешни работи и претставници од кабинетот на претседателот, Катерина Цаневска Арсовска, советник на претседателот, Полковник Билјана Блажевска, аѓутант на претседателот.

Во Ротимље ќе присуствуваат и високи претставници од Босна и Херцеговина.

The post Пред 19 години во авионска несреќа загина претседателот Борис Трајковски appeared first on Република.

]]>

Со државнички активности, Владата ја одбележува 19-годишнината од авионската несреќа во која животот го загуби поранешниот претседател, Борис Трајковски, членовите на неговиот кабинет и екипажот на авионот. На овогодинешното одбележување во Струмица, со почеток во 10:00 часот на споменикот на поранешниот претседател Борис Трајковски, ќе присуствуваат и ќе положат свежо цвеќе делегацијата од Владата, предводена од Јованка Тренчевска- министерка за труд и социјална политика, заедно со Борче Хаџиев – директор на Бирото за јавни набавки. Во Бутел, Скопје, со почеток во 11:30 часот, на гробот на поранешниот претседател Борис Трајковски, ќе присуствуваат и ќе положат свежо цвеќе сопругата на поранешниот претседател Вилма Трајковска, делегација на кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, делегација на Собранието, предводена од Горан Мисовски, потпретседател на Собранието, делегација на Владата составена од Славица Грковска, заменик претседател на Владата, Ристо Пенов, министер за локална самоуправа, Беким Реџепи, заменик министер за транспорт. Потоа делегација на АРМ предводена од Генерал мајор Азим Нуредини, заменик началник на Генералштаб, како и делегација на Сојуз на борци од НОАВМ предводена од Наум Бурески, потпретседател на Главен одбор на СБМ. Во Ротимље, близу Мостар, Босна и Херцеговина на спомен обележјето каде што се случи авионската несреќа, во 13:00 часот ќе присуствуваат и ќе положат свежо цвеќе владина делегација во состав од Оливер Спасовски – министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев, шеф на кабинет на министерот за внатрешни работи и претставници од кабинетот на претседателот, Катерина Цаневска Арсовска, советник на претседателот, Полковник Билјана Блажевска, аѓутант на претседателот. Во Ротимље ќе присуствуваат и високи претставници од Босна и Херцеговина.

The post Пред 19 години во авионска несреќа загина претседателот Борис Трајковски appeared first on Република.

]]>
Утре се одбележува 19-годишнината од смртта на претседателот Борис Трајковски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/utre-se-odbelezhuva-19-godishninata-od-smrtta-na-pretsedatelot-boris-trajkovski/ Sat, 25 Feb 2023 19:43:32 +0000 https://republika.mk/?p=613197

Со државнички активности, Владата утре ја одбележува 19 годишнината од авионската несреќа во која животот го загуби поранешниот претседател, Борис Трајковски, членовите на неговиот кабинет и екипажот на авионот.

На овогодинешното одбележување во Струмица, со почеток во 10:00 часот на споменикот на поранешниот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски, ќе присуствуваат и ќе положат свежо цвеќе делегацијата од Владата на Република Македонија, предводена од Јованка Тренчевска- министерка за труд и социјална политика, заедно со Борче Хаџиев - директор на Бирото за јавни набавки. Во Бутел, Скопје, со почеток во 11:30 часот, на гробот на поранешниот претседател на Република Македонија Борис Трајковски, ќе присуствуваат и ќе положат свежо цвеќе сопругата на поранешниот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски, Вилма Трајковска, делегација на кабинетот на Претседателот на Република Македонија предводена од Стево Пендаровски, Претседател на Република Македонија, делегација на Собранието на Република Македонија, предводена од Горан Мисовски, потпретседател на Собранието, делегација на Владата на Република Македонија составена од Славица Грковска, заменик претседател на Владата, Ристо Пенов, министер за локална самоуправа, Беким Реџепи, заменик министер за транспорт. Потоа делегација на АРМ предводена од Генерал мајор Азим Нуредини, заменик началник на Генералштаб, како и делегација на Сојуз на борци од НОАВМ предводена од Наум Бурески, потпретседател на Главен одбор на СБМ.

Во Ротимље, близу Мостар, Босна и Херцеговина на спомен обележјето каде што се случи авионската несреќа, во 13:00 часот ќе присуствуваат и ќе положат свежо цвеќе владина делегација во состав од Оливер Спасовски – министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев, шеф на кабинет на министерот за внатрешни работи на Република Македонија и претставници од кабинетот на претседателот на Република Македонија Катерина Цаневска Арсовска, советник на Претседателот на Република Македонија, Полковник Билјана Блажевска, аѓутант на Претседателот на Република Македонија.

Во Ротимље ќе присуствуваат и високи претставници од Босна и Херцеговина - велат од Влада.

The post Утре се одбележува 19-годишнината од смртта на претседателот Борис Трајковски appeared first on Република.

]]>

Со државнички активности, Владата утре ја одбележува 19 годишнината од авионската несреќа во која животот го загуби поранешниот претседател, Борис Трајковски, членовите на неговиот кабинет и екипажот на авионот. На овогодинешното одбележување во Струмица, со почеток во 10:00 часот на споменикот на поранешниот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски, ќе присуствуваат и ќе положат свежо цвеќе делегацијата од Владата на Република Македонија, предводена од Јованка Тренчевска- министерка за труд и социјална политика, заедно со Борче Хаџиев - директор на Бирото за јавни набавки. Во Бутел, Скопје, со почеток во 11:30 часот, на гробот на поранешниот претседател на Република Македонија Борис Трајковски, ќе присуствуваат и ќе положат свежо цвеќе сопругата на поранешниот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски, Вилма Трајковска, делегација на кабинетот на Претседателот на Република Македонија предводена од Стево Пендаровски, Претседател на Република Македонија, делегација на Собранието на Република Македонија, предводена од Горан Мисовски, потпретседател на Собранието, делегација на Владата на Република Македонија составена од Славица Грковска, заменик претседател на Владата, Ристо Пенов, министер за локална самоуправа, Беким Реџепи, заменик министер за транспорт. Потоа делегација на АРМ предводена од Генерал мајор Азим Нуредини, заменик началник на Генералштаб, како и делегација на Сојуз на борци од НОАВМ предводена од Наум Бурески, потпретседател на Главен одбор на СБМ. Во Ротимље, близу Мостар, Босна и Херцеговина на спомен обележјето каде што се случи авионската несреќа, во 13:00 часот ќе присуствуваат и ќе положат свежо цвеќе владина делегација во состав од Оливер Спасовски – министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев, шеф на кабинет на министерот за внатрешни работи на Република Македонија и претставници од кабинетот на претседателот на Република Македонија Катерина Цаневска Арсовска, советник на Претседателот на Република Македонија, Полковник Билјана Блажевска, аѓутант на Претседателот на Република Македонија. Во Ротимље ќе присуствуваат и високи претставници од Босна и Херцеговина - велат од Влада.

The post Утре се одбележува 19-годишнината од смртта на претседателот Борис Трајковски appeared first on Република.

]]>
Државниот врв ќе ја одбележи 19-годишнината од смртта на претседателот Борис Трајковски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/drzhavniot-vrv-ke-ja-odbelezhi-19-godishninata-od-smrtta-na-pretsedatelot-boris-trajkovski/ Sat, 25 Feb 2023 17:08:14 +0000 https://republika.mk/?p=613176

Со државнички активности, Владата на Република Македонија на 26.02.2023 година (недела) ја одбележува 19 годишнината од авионската несреќа во која животот го загуби поранешниот претседател, Борис Трајковски, членовите на неговиот кабинет и екипажот на авионот.

На овогодинешното одбележување во Струмица, со почеток во 10:00 часот на споменикот на поранешниот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски, ќе присуствуваат и ќе положат свежо цвеќе делегацијата од Владата на Република Македонија, предводена од Јованка Тренчевска- министерка за труд и социјална политика, заедно со Борче Хаџиев - директор на Бирото за јавни набавки.

Во Бутел, Скопје, со почеток во 11:30 часот, на гробот на поранешниот претседател на Република Македонија Борис Трајковски, ќе присуствуваат и ќе положат свежо цвеќе сопругата на поранешниот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски, Вилма Трајковска,  делегација на кабинетот на Претседателот на Република Македонија предводена од Стево Пендаровски, Претседател на Република Македонија, делегација на Собранието на Република Македонија, предводена од Горан Мисовски, потпретседател на Собранието, делегација на Владата на Република Македонија составена од Славица Грковска, заменик претседател на Владата, Ристо Пенов, министер за локална самоуправа, Беким Реџепи, заменик министер за транспорт. Потоа делегација на АРМ предводена од Генерал мајор Азим Нуредини, заменик началник на Генералштаб, како и делегација на Сојуз на борци од НОАВМ предводена од Наум Бурески, потпретседател на Главен одбор на СБМ.

Во Ротимље, близу Мостар, Босна и Херцеговина на спомен обележјето каде што се случи авионската несреќа, во 13:00 часот ќе присуствуваат и ќе положат свежо цвеќе владина делегација во состав од Оливер Спасовски – министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев, шеф на кабинет на министерот за внатрешни работи на Република Македонија и претставници од кабинетот на претседателот на Република Македонија Катерина Цаневска Арсовска, советник на Претседателот на Република Македонија, Полковник Билјана Блажевска, аѓутант на Претседателот на Република Македонија.

Во Ротимље ќе присуствуваат и високи претставници од Босна и Херцеговина. 

The post Државниот врв ќе ја одбележи 19-годишнината од смртта на претседателот Борис Трајковски appeared first on Република.

]]>

Со државнички активности, Владата на Република Македонија на 26.02.2023 година (недела) ја одбележува 19 годишнината од авионската несреќа во која животот го загуби поранешниот претседател, Борис Трајковски, членовите на неговиот кабинет и екипажот на авионот. На овогодинешното одбележување во Струмица, со почеток во 10:00 часот на споменикот на поранешниот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски, ќе присуствуваат и ќе положат свежо цвеќе делегацијата од Владата на Република Македонија, предводена од Јованка Тренчевска- министерка за труд и социјална политика, заедно со Борче Хаџиев - директор на Бирото за јавни набавки. Во Бутел, Скопје, со почеток во 11:30 часот, на гробот на поранешниот претседател на Република Македонија Борис Трајковски, ќе присуствуваат и ќе положат свежо цвеќе сопругата на поранешниот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски, Вилма Трајковска,  делегација на кабинетот на Претседателот на Република Македонија предводена од Стево Пендаровски, Претседател на Република Македонија, делегација на Собранието на Република Македонија, предводена од Горан Мисовски, потпретседател на Собранието, делегација на Владата на Република Македонија составена од Славица Грковска, заменик претседател на Владата, Ристо Пенов, министер за локална самоуправа, Беким Реџепи, заменик министер за транспорт. Потоа делегација на АРМ предводена од Генерал мајор Азим Нуредини, заменик началник на Генералштаб, како и делегација на Сојуз на борци од НОАВМ предводена од Наум Бурески, потпретседател на Главен одбор на СБМ. Во Ротимље, близу Мостар, Босна и Херцеговина на спомен обележјето каде што се случи авионската несреќа, во 13:00 часот ќе присуствуваат и ќе положат свежо цвеќе владина делегација во состав од Оливер Спасовски – министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев, шеф на кабинет на министерот за внатрешни работи на Република Македонија и претставници од кабинетот на претседателот на Република Македонија Катерина Цаневска Арсовска, советник на Претседателот на Република Македонија, Полковник Билјана Блажевска, аѓутант на Претседателот на Република Македонија. Во Ротимље ќе присуствуваат и високи претставници од Босна и Херцеговина. 

The post Државниот врв ќе ја одбележи 19-годишнината од смртта на претседателот Борис Трајковски appeared first on Република.

]]>
Почна традиционалниот планинарски марш во чест на Борис Трајковски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pochna-traditsionalniot-planinarski-marsh-vo-chest-na-boris-trajkovski/ Wed, 22 Feb 2023 10:32:14 +0000 https://republika.mk/?p=611843

Петнаесет планинари од Струмица, Валандово, Радовиш и Гевгелија 18 пат маршираат во чест на трагично загинатиот македонски претседател, Борис Трајковски.

Маршрутата и годинава ја почнаа пред споменикот „Македонија“ во Струмица, подигнат во чест на Трајковски, каде положија свежо цвеќе и со едноминутно молчење му оддадоа почит.

Патот е долг околу 200 километри кој ќе го поминеме во неколку етапи и в недела на 26 февруари, на денот на загинувањето на претседателот Трајковски, на негобиот гроб во Скопје ќе положиме цвеќе, рече Душко Ќосев од ПАОК „Ентузијаст“ од Струмица.

Освен до Скопје, 60 планинари од земјава и Бугарија во сабота и недела ќе пешачат и по падините на планината Беласица. Тие ќе се искачат на врвот „Ботра“ кој го носи името на Трајковски, на надморска височина од 1.880 метри.

The post Почна традиционалниот планинарски марш во чест на Борис Трајковски appeared first on Република.

]]>

Петнаесет планинари од Струмица, Валандово, Радовиш и Гевгелија 18 пат маршираат во чест на трагично загинатиот македонски претседател, Борис Трајковски. Маршрутата и годинава ја почнаа пред споменикот „Македонија“ во Струмица, подигнат во чест на Трајковски, каде положија свежо цвеќе и со едноминутно молчење му оддадоа почит. Патот е долг околу 200 километри кој ќе го поминеме во неколку етапи и в недела на 26 февруари, на денот на загинувањето на претседателот Трајковски, на негобиот гроб во Скопје ќе положиме цвеќе, рече Душко Ќосев од ПАОК „Ентузијаст“ од Струмица. Освен до Скопје, 60 планинари од земјава и Бугарија во сабота и недела ќе пешачат и по падините на планината Беласица. Тие ќе се искачат на врвот „Ботра“ кој го носи името на Трајковски, на надморска височина од 1.880 метри.

The post Почна традиционалниот планинарски марш во чест на Борис Трајковски appeared first on Република.

]]>
Концертот на „Дип парпл“ се сели во арена „Борис Трајковски“ https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/koncertot-na-dip-parpl-se-seli-vo-arena-boris-trajkovski/ Tue, 24 May 2022 09:14:30 +0000 https://republika.mk/?p=506324

Поради најавеното дождливо време на 27. и 28.  мај, а во консултација со менаџментот на „Дип Парпл“ се одлучивме  да го префрлиме концертот во арена „Борис Трајковски”, истиот ден, во сабота на 28-ми мај, соопшти организаторот „Авалон продукција“.

Концертот првично беше закажан на стадионот на АРМ во Скопје.

Сите со купени влезници досега, како и сите оние кои ќе купат отсега, ќе може да бираат дали сакаат да го следат концертот од седење или од стоење, и тоа по овој распоред:

ФАН ПИТ:
Сите што имаат купено фан пит влезници може да стојат во својата омилена зона- пред бината или да седат на останатите ненумерирани трибини- по свој избор.
ПАРТЕР:
Сите оние што имаат купено партер влезници може да стојат во партер зоната или да седат на останатите ненумерирани трибини- по свој избор.
ВИП:
Сите оние што имаат купено Вип влезници ќе може да седат во ВИП трибината (блок 13)
Со ова се исполнува желбата на голем број и на сите оние што прашуваа дали на стадионот на АРМ ќе има столчиња или трибини, што се разбира дека е невозможно.
Сега на новата локација, и тоа е возможно.

Во продажба според капацитетот на арената „Борис Трајковски” има уште 1.500 влезници кои ќе се продаваат до концертот по истиот принцип (партер и фан пит), но и со тие влезници ќе може да се седи, секако по желба на купувачот, соопштија од „Авалон“.

The post Концертот на „Дип парпл“ се сели во арена „Борис Трајковски“ appeared first on Република.

]]>

Поради најавеното дождливо време на 27. и 28.  мај, а во консултација со менаџментот на „Дип Парпл“ се одлучивме  да го префрлиме концертот во арена „Борис Трајковски”, истиот ден, во сабота на 28-ми мај, соопшти организаторот „Авалон продукција“. Концертот првично беше закажан на стадионот на АРМ во Скопје. Сите со купени влезници досега, како и сите оние кои ќе купат отсега, ќе може да бираат дали сакаат да го следат концертот од седење или од стоење, и тоа по овој распоред: ФАН ПИТ: Сите што имаат купено фан пит влезници може да стојат во својата омилена зона- пред бината или да седат на останатите ненумерирани трибини- по свој избор. ПАРТЕР: Сите оние што имаат купено партер влезници може да стојат во партер зоната или да седат на останатите ненумерирани трибини- по свој избор. ВИП: Сите оние што имаат купено Вип влезници ќе може да седат во ВИП трибината (блок 13) Со ова се исполнува желбата на голем број и на сите оние што прашуваа дали на стадионот на АРМ ќе има столчиња или трибини, што се разбира дека е невозможно. Сега на новата локација, и тоа е возможно. Во продажба според капацитетот на арената „Борис Трајковски” има уште 1.500 влезници кои ќе се продаваат до концертот по истиот принцип (партер и фан пит), но и со тие влезници ќе може да се седи, секако по желба на купувачот, соопштија од „Авалон“.

The post Концертот на „Дип парпл“ се сели во арена „Борис Трајковски“ appeared first on Република.

]]>