Борис Стојменов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/boris-stojmenov/ За подобро да се разбереме Thu, 03 Nov 2022 08:05:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Борис Стојменов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/boris-stojmenov/ 32 32 Тасевски ги спореди Цули и Стојменов: Глупаци сме, пресреќни сме само за сеирот, а никој за ништо не одговара https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tasevski-gi-sporedi-culi-i-stojmenov-glupaci-sme-presrekjni-sme-samo-za-seirot-a-nikoj-za-nishto-ne-odgovara/ Thu, 03 Nov 2022 08:05:59 +0000 https://republika.mk/?p=569033

Наместо да излеземе со ластегарки и еден по еден да ги сотреме од ќутек, ние мастурбираме пред ТВ-то на нивните препукувања и фалења кој појше пари украл и како мангупски ги украл, вели актерот Сашо Тасевски, потсетувајќи дека во државата ретко кој одговара за големите кражби.

Колку сме глупи.
Ќе фатат добра лекарка во криминал, министерот ќе побара оставка од неа, оваа ќе ја даде, јавноста фаќа, сеир пресреќна за оставката, ама и докторка пресреќна си ги троши парите без да одговара за криминалот.
Од друга, страна некој ко Стојменов ќе каже мртов ладен како пред 23 години му носел милиони евра од донации на Љубчо Бугарче то на рака како на партиски шеф, јавноста ќе каже вауууу, овој Љубчо ќе му врати на Стојменов дека исто бил ѓубре и криминалец.... И толку.
Нема обвинител да им рече, дојдете сега и двајцата ваму, нема реакција од законот, ние пак пресреќни за сеирот што сме го фатиле, а Стојменов и Љубчо богати ко пиратски бродови.
Не постои друга држава во Европа со вакви глупаци како нас.
Наместо да излеземе со ластегарки и еден по еден да ги сотреме од ќутек, ние мастурбираме пред ТВ-то на нивните препукувања и фалења кој појше пари украл и како мангупски ги украл, пишува тој.

The post Тасевски ги спореди Цули и Стојменов: Глупаци сме, пресреќни сме само за сеирот, а никој за ништо не одговара appeared first on Република.

]]>

Наместо да излеземе со ластегарки и еден по еден да ги сотреме од ќутек, ние мастурбираме пред ТВ-то на нивните препукувања и фалења кој појше пари украл и како мангупски ги украл, вели актерот Сашо Тасевски, потсетувајќи дека во државата ретко кој одговара за големите кражби.
Колку сме глупи. Ќе фатат добра лекарка во криминал, министерот ќе побара оставка од неа, оваа ќе ја даде, јавноста фаќа, сеир пресреќна за оставката, ама и докторка пресреќна си ги троши парите без да одговара за криминалот. Од друга, страна некој ко Стојменов ќе каже мртов ладен како пред 23 години му носел милиони евра од донации на Љубчо Бугарче то на рака како на партиски шеф, јавноста ќе каже вауууу, овој Љубчо ќе му врати на Стојменов дека исто бил ѓубре и криминалец.... И толку. Нема обвинител да им рече, дојдете сега и двајцата ваму, нема реакција од законот, ние пак пресреќни за сеирот што сме го фатиле, а Стојменов и Љубчо богати ко пиратски бродови. Не постои друга држава во Европа со вакви глупаци како нас. Наместо да излеземе со ластегарки и еден по еден да ги сотреме од ќутек, ние мастурбираме пред ТВ-то на нивните препукувања и фалења кој појше пари украл и како мангупски ги украл, пишува тој.

The post Тасевски ги спореди Цули и Стојменов: Глупаци сме, пресреќни сме само за сеирот, а никој за ништо не одговара appeared first on Република.

]]>
Стојменов: Заев стои зад блокадата на градилиштето „Беко“, притисокот беше да го продадам евтино https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stojmenov-zaev-stoi-zad-blokadata-na-gradilishteto-beko-pritisokot-beshe-da-go-prodadam-evtino/ Thu, 05 May 2022 21:26:42 +0000 https://republika.mk/?p=498334

Не градоначалникот на Центар, туку поранешниот премиер Зоран Заев стои зад блокадите за градилиштето кај поранешната стоковна куќа „Беко“ во центарот на Скопје, вели за „А1он“ бизнисменот и поранешен министер за финансии Борислав Стојменов, инвеститор на објектот кој Општина Центар го води како дивоградба.

Причините поради кои се направил случај од градењето кај „Беко“ тој вели дека се политички. Се сомнева дека целиот притисок за поништување на одобрението за доградба и надградба од
2016 година по кое гради бил за да се откаже од градење и да го продаде хотелот трипати поевтино од пазарната цена.

https://www.youtube.com/watch?v=X01rv1XkV_0

Стојменов вели дека наспроти тврдењата на Општина Центар, тој почнал да гради истата 2016 година, кога му го издале одобрението и немал никакви проблеми сè до моментот кога решиле да го урнат стариот објект на ТЦЦ „Плаза“ и на негово место да изградат сосема нов. Се одлучиле за уривање оти потпокривот што го направиле со метална конструкција по препорака на статичарите почнал да пропушта вода и да тече на сите страни. Ја комплетирале документација за уривањето, што ги чинело околу 70 илјади евра и добиле решение за уривање од Општината.

Кога почнавме да го уриваме објектот почнаа нивните интервенции, се почести и почести. Не е од градоначалникот, туку од господинот Заев. Почнавме да рушиме поминал некој камион и Заев се јави во февруари, зимно време. Ми напиша порака ‘Борис, луѓето се бунат, населението, имало движење таму, сте го загадувале воздухот, сега сите ние се буниме против тоа’ и вели ‘престани со какви било активности. Ќе си извадиш дозвола и некаде на почетокот на летото ќе почнеш да градиш’. Имам таква, кај мене е, имам. Заев ми прати порака. Одев кај него, кај Заев, ме примаше. Не случајно го кажувам Заев, отидов кај него веднаш, не смееше да не ме прими. – Премиере, дали пред да почнам да градам и кога дојде на власт ме викна? Вели, те викнав. Што ми кажа? – Борис терај напред, многу ми се допаѓа објектот, терај. Што ти кажав јас? Премиере, благодарам, ама јас сакам да градам и не сакам утре да имам проблеми, испитај. Јас сум зад тебе, вели. Велам извини, зборови како зад тебе сум не сакам. Ќе си ги консултираш твоите експерти, кои ги имаш, имаш и министер за транспорт и врски, да не има некои пречки па јас да имам потоа проблеми. А втора работа, од каде тоа јас го загадувам воздухот? Ти го забрануваш градежништвото? Тогаш, велам, само автобусите беа ретки, друго ништо поради загадувањето, така почнаа, раскажува Стојменов.

Тој се сомнева дека блокадата на градилиштето е реваншизам за објави на „Канал 5“, телевизија во сопственост на неговото семејство.

Заев, човекот си кажа, дојде кај мене, во новиот хотел горе. Кога Заев ги читаше прислушуваните разговори, ‘Канал 5’ ги емитуваше ли? Колку пати на ‘Канал 5’ Заев кажа дека кога ќе дојде на власт живи луѓе ќе јаде. Ништо, беа контра Заев. Заев се навреди, дојде кај мене. Фала ти, ја почитувам фамилијата ама да му простам на Емил, никогаш. Ова почнува од Заев. Ви кажав, граѓаните се бунат за зимно време. Има ли луѓе во животот, карактерно, кои ќе се налутат па ќе простат? Нели? А има ли луѓе во животот кои тешко на тебе ако ги навредиш. Ќе ти врати десет пати. Има такви? Па тој ми кажа дека се почувствувал навреден. Од телевизијата, не од мене. Јас не сум го навредил Заев ама од телевизијата… телевизијата го мава, мава и тој доаѓа на власт и што ќе ти прави?, вели Стојменов.

Пред да почне со уривање на хотелот во 2018, Стојменов вели дека имал понуди да го продаде за 10 милиони евра, а притисокот што му се вршел бил за да се намали таа вредност.

Притисокот беше тоа, да го продадам евтино и да го земат за три милиона, три и пол милиона, вели Стојменов.

Откако вчера Обвинителството поднесе обвинение за бесправно градење против него, Стојменов вели дека јавно ќе ги покаже документите што ги има кои според него ќе отворат афера слична на „Рекет“.

Решение на проблемот ќе се изедначи со аферата ‘Рекет’. Плус димензија на овие ВМРО што ги судат. Заев ќе мора да дојде тука. Српче сигурно ќе си дојде. Ќе мора министерот за транспорт и врски. Веќе има кривични дела, вели Стојменов.

Поранешниот премиер Зоран Заев ги демантира обвинувањата од Стојменов.

Ваквите обвинувања се далеку од здравиот памет. Целосно ги демантирам лагите на Стојменов доколку така се кажани, и ако се повторат такви лаги ќе покренам тужба, изјави Заев за „А1он“

The post Стојменов: Заев стои зад блокадата на градилиштето „Беко“, притисокот беше да го продадам евтино appeared first on Република.

]]>

Не градоначалникот на Центар, туку поранешниот премиер Зоран Заев стои зад блокадите за градилиштето кај поранешната стоковна куќа „Беко“ во центарот на Скопје, вели за „А1он“ бизнисменот и поранешен министер за финансии Борислав Стојменов, инвеститор на објектот кој Општина Центар го води како дивоградба. Причините поради кои се направил случај од градењето кај „Беко“ тој вели дека се политички. Се сомнева дека целиот притисок за поништување на одобрението за доградба и надградба од 2016 година по кое гради бил за да се откаже од градење и да го продаде хотелот трипати поевтино од пазарната цена. https://www.youtube.com/watch?v=X01rv1XkV_0 Стојменов вели дека наспроти тврдењата на Општина Центар, тој почнал да гради истата 2016 година, кога му го издале одобрението и немал никакви проблеми сè до моментот кога решиле да го урнат стариот објект на ТЦЦ „Плаза“ и на негово место да изградат сосема нов. Се одлучиле за уривање оти потпокривот што го направиле со метална конструкција по препорака на статичарите почнал да пропушта вода и да тече на сите страни. Ја комплетирале документација за уривањето, што ги чинело околу 70 илјади евра и добиле решение за уривање од Општината.
Кога почнавме да го уриваме објектот почнаа нивните интервенции, се почести и почести. Не е од градоначалникот, туку од господинот Заев. Почнавме да рушиме поминал некој камион и Заев се јави во февруари, зимно време. Ми напиша порака ‘Борис, луѓето се бунат, населението, имало движење таму, сте го загадувале воздухот, сега сите ние се буниме против тоа’ и вели ‘престани со какви било активности. Ќе си извадиш дозвола и некаде на почетокот на летото ќе почнеш да градиш’. Имам таква, кај мене е, имам. Заев ми прати порака. Одев кај него, кај Заев, ме примаше. Не случајно го кажувам Заев, отидов кај него веднаш, не смееше да не ме прими. – Премиере, дали пред да почнам да градам и кога дојде на власт ме викна? Вели, те викнав. Што ми кажа? – Борис терај напред, многу ми се допаѓа објектот, терај. Што ти кажав јас? Премиере, благодарам, ама јас сакам да градам и не сакам утре да имам проблеми, испитај. Јас сум зад тебе, вели. Велам извини, зборови како зад тебе сум не сакам. Ќе си ги консултираш твоите експерти, кои ги имаш, имаш и министер за транспорт и врски, да не има некои пречки па јас да имам потоа проблеми. А втора работа, од каде тоа јас го загадувам воздухот? Ти го забрануваш градежништвото? Тогаш, велам, само автобусите беа ретки, друго ништо поради загадувањето, така почнаа, раскажува Стојменов.
Тој се сомнева дека блокадата на градилиштето е реваншизам за објави на „Канал 5“, телевизија во сопственост на неговото семејство.
Заев, човекот си кажа, дојде кај мене, во новиот хотел горе. Кога Заев ги читаше прислушуваните разговори, ‘Канал 5’ ги емитуваше ли? Колку пати на ‘Канал 5’ Заев кажа дека кога ќе дојде на власт живи луѓе ќе јаде. Ништо, беа контра Заев. Заев се навреди, дојде кај мене. Фала ти, ја почитувам фамилијата ама да му простам на Емил, никогаш. Ова почнува од Заев. Ви кажав, граѓаните се бунат за зимно време. Има ли луѓе во животот, карактерно, кои ќе се налутат па ќе простат? Нели? А има ли луѓе во животот кои тешко на тебе ако ги навредиш. Ќе ти врати десет пати. Има такви? Па тој ми кажа дека се почувствувал навреден. Од телевизијата, не од мене. Јас не сум го навредил Заев ама од телевизијата… телевизијата го мава, мава и тој доаѓа на власт и што ќе ти прави?, вели Стојменов.
Пред да почне со уривање на хотелот во 2018, Стојменов вели дека имал понуди да го продаде за 10 милиони евра, а притисокот што му се вршел бил за да се намали таа вредност.
Притисокот беше тоа, да го продадам евтино и да го земат за три милиона, три и пол милиона, вели Стојменов.
Откако вчера Обвинителството поднесе обвинение за бесправно градење против него, Стојменов вели дека јавно ќе ги покаже документите што ги има кои според него ќе отворат афера слична на „Рекет“.
Решение на проблемот ќе се изедначи со аферата ‘Рекет’. Плус димензија на овие ВМРО што ги судат. Заев ќе мора да дојде тука. Српче сигурно ќе си дојде. Ќе мора министерот за транспорт и врски. Веќе има кривични дела, вели Стојменов.
Поранешниот премиер Зоран Заев ги демантира обвинувањата од Стојменов.
Ваквите обвинувања се далеку од здравиот памет. Целосно ги демантирам лагите на Стојменов доколку така се кажани, и ако се повторат такви лаги ќе покренам тужба, изјави Заев за „А1он“

The post Стојменов: Заев стои зад блокадата на градилиштето „Беко“, притисокот беше да го продадам евтино appeared first on Република.

]]>
Oбвинение против Борис Стојменов https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/obvinenie-protiv-boris-stojmenov/ Wed, 04 May 2022 13:26:31 +0000 https://republika.mk/?p=497546

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно физичко и едно правно лице, кои се товарат дека сториле кривично дело – Бесправно градење од член 244 – а од Кривичниот законик, соопштија од ОЈО Скопје.

Обвинетиот, според обвинителство како одговорно лице – управител во правното лице, почнувајќи од 2018 година, без правосилно одобрение за градење издадено од надлежен орган, во име и за сметка на правното лице како инвеститор градел деловен објект на сопствено земјиште на улицата „Даме Груев“, општина Центар.

За предметните две катастарски парцели, обвинетиот во 2016-та година добил Одобрение за градење, кое се однесува на доградба и надградба на тогаш постоечкиот објект Стоковна куќа Беко Скопје со ширина од 28,5 м и должина од 42,5 м. Со стручно мислење за неисполнување на карактеристиките за носивост на доградбата и надградбата, во 2018 година тој обезбедил Одобрение од Општина Центар за отстранување на постоечкиот деловен објект. Откако го урнал објектот, без да добие ново одобрение за градење, на лице место започнал и градел нов објект со димензии од 61 м х 34,5 м. Од градбата со нови димензии, која била проектирана како Деловен објект со намена Б-5 хотелски комплекси од 2-ра категорија на градби, без соодветно одобрение биле изградени две подземни нивоа, информираат од ЈО.

Станува збор за градилиштето на ТЦЦ „Плаза“ поранешно „Беко“ во центарот на Скопје на кое инвеститорот Борис Стојменов продолжи да гради без дозвола за градба од Општина Центар, за што направи и инцидент:

https://republika.mk/vesti/stojmenov-zaraboti-krivichna-po-kavgata-so-inspektorite/

The post Oбвинение против Борис Стојменов appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно физичко и едно правно лице, кои се товарат дека сториле кривично дело – Бесправно градење од член 244 – а од Кривичниот законик, соопштија од ОЈО Скопје. Обвинетиот, според обвинителство како одговорно лице – управител во правното лице, почнувајќи од 2018 година, без правосилно одобрение за градење издадено од надлежен орган, во име и за сметка на правното лице како инвеститор градел деловен објект на сопствено земјиште на улицата „Даме Груев“, општина Центар.
За предметните две катастарски парцели, обвинетиот во 2016-та година добил Одобрение за градење, кое се однесува на доградба и надградба на тогаш постоечкиот објект Стоковна куќа Беко Скопје со ширина од 28,5 м и должина од 42,5 м. Со стручно мислење за неисполнување на карактеристиките за носивост на доградбата и надградбата, во 2018 година тој обезбедил Одобрение од Општина Центар за отстранување на постоечкиот деловен објект. Откако го урнал објектот, без да добие ново одобрение за градење, на лице место започнал и градел нов објект со димензии од 61 м х 34,5 м. Од градбата со нови димензии, која била проектирана како Деловен објект со намена Б-5 хотелски комплекси од 2-ра категорија на градби, без соодветно одобрение биле изградени две подземни нивоа, информираат од ЈО.
Станува збор за градилиштето на ТЦЦ „Плаза“ поранешно „Беко“ во центарот на Скопје на кое инвеститорот Борис Стојменов продолжи да гради без дозвола за градба од Општина Центар, за што направи и инцидент: https://republika.mk/vesti/stojmenov-zaraboti-krivichna-po-kavgata-so-inspektorite/

The post Oбвинение против Борис Стојменов appeared first on Република.

]]>