борис писториус Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/boris-pistorius/ За подобро да се разбереме Sat, 23 Nov 2024 15:57:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png борис писториус Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/boris-pistorius/ 32 32 Писториус: Европа се соочува со долгорочна руска закана https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pistorius-evropa-se-soochuva-so-dolgorochna-ruska-zakana/ Sat, 23 Nov 2024 16:47:55 +0000 https://republika.mk/?p=841132

Европа се соочува со долгорочна закана бидејќи тековната руска инвазија на Украина „повеќе не е регионална војна“, предупреди германскиот министер за одбрана Борис Писториус, цитиран од ДПА.

Рускиот претседател Владимир Путин „одамна целосно се префрли на воена економија“ и земјата моментално произведува оружје и муниција за три месеци колку што прави целата Европска унија за една година, додаде Писториус.

Министерот го посочи говорот на Путин од крајот на октомври, во кој авторитарниот руски лидер говори за „сериозна, непопустлива битка за нов светски поредок“ и изјави дека веќе се смета себеси за победник во војната против Украинците.

Во исто време, хибридната војна против дезинформациите и лажните вести е во полн ек, рече Писториус, говорејќи на настан во западниот град Арнсберг организиран од Фондацијата „Фридрих Еберт“, која е поврзана со централно-левичарската Германска социјалдемократска партија.

„Нашата безбедност е кревка предност. Германија мора да го забрза темпото и да инвестира повеќе во својот воен капацитет, предупреди Писториус.

The post Писториус: Европа се соочува со долгорочна руска закана appeared first on Република.

]]>

Европа се соочува со долгорочна закана бидејќи тековната руска инвазија на Украина „повеќе не е регионална војна“, предупреди германскиот министер за одбрана Борис Писториус, цитиран од ДПА. Рускиот претседател Владимир Путин „одамна целосно се префрли на воена економија“ и земјата моментално произведува оружје и муниција за три месеци колку што прави целата Европска унија за една година, додаде Писториус. Министерот го посочи говорот на Путин од крајот на октомври, во кој авторитарниот руски лидер говори за „сериозна, непопустлива битка за нов светски поредок“ и изјави дека веќе се смета себеси за победник во војната против Украинците. Во исто време, хибридната војна против дезинформациите и лажните вести е во полн ек, рече Писториус, говорејќи на настан во западниот град Арнсберг организиран од Фондацијата „Фридрих Еберт“, која е поврзана со централно-левичарската Германска социјалдемократска партија.
„Нашата безбедност е кревка предност. Германија мора да го забрза темпото и да инвестира повеќе во својот воен капацитет, предупреди Писториус.

The post Писториус: Европа се соочува со долгорочна руска закана appeared first on Република.

]]>
Германскиот министер за одбрана сака Европа значително да се вооружува https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/germanskiot-minister-za-odbrana-saka-evropa-znachitelno-da-se-vooruzhuva/ Sat, 16 Dec 2023 10:10:02 +0000 https://republika.mk/?p=723575

Германскиот министер за одбрана, Борис Писториус, изјави дека Со оглед на тоа што европскиот безбедносен сојузник САД го пренасочува својот фокус на Индо-Пацификот, Европа мора брзо да обезбеди подобра одбрана бидејќи до крајот на деценијата може да се појават нови воени закани.

Русија значително го зголеми производството на оружје со цел да ја нападне Украина и им се заканува на балтичките земји, Грузија и Молдавија, изјави Писториус во интервју за „Велт ам Зонтаг“.

Во меѓувреме, САД најверојатно ќе го намалат својот воен ангажман во Европа бидејќи се повеќе се свртуваат кон Индо-Пацификот.

Ние Европејците мора да бидеме поангажирани за безбедноста на нашиот континент. Имаме околу 5-8 години да фатиме чекор - во однос на вооружените сили, индустријата и општеството“, изјави Писториус, истакнувајќи дека на регионот ќе му треба време да го зголеми сопствено производство на оружје.

Тој додаде дека на Европа и е јасно дека можеби ќе треба да ја надомести и американската помош за Украина доколку Вашингтон не успее да се договори за ново финансирање.

Изборот на нова полска влада која е попроевропска сега треба да му овозможи на Вајмарскиот триаголник од Берлин, Париз и Варшава дополнително да ја развива воената соработка“, изјави Писториус.

Тој рече дека засега не предвидува дека германската армија ќе повтори мисии толку големи како оние извршени во Авганистан и Мали.

The post Германскиот министер за одбрана сака Европа значително да се вооружува appeared first on Република.

Можна е војна во Европа, предупреди геманскиот министер за одбрана https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/mozhna-e-vojna-vo-evropa-predupredi-gemanskiot-minister-za-odbrana/ Wed, 01 Nov 2023 13:19:26 +0000 https://republika.mk/?p=697076

Германскиот министер за одбрана, Борис Писториус предупреди дека „може да има закана од војна во Европа“ додека го бранеше одговорот на неговата администрација на новите закани, вклучувајќи ја руската агресија и војната на Блискиот Исток. Говорејќи за германскиот радиодифузер ZDF, Борис Писториус, член на Социјалдемократската партија на канцеларот Олаф Шолц, рече дека нациите како Германија ќе мора да ја зголемат способноста на нивните вооружени сили да го одржат мирот во регионот и да го променат својот менталитет на оној „каде војната е можна “.

Триесет години мировни дивиденди, 30 години без Варшавскиот пакт како закана значеа дека Бундесверот, како и другите вооружени сили, не се во состојбата во која инаку би биле, рече Писториус.

Од почетокот на конфликтот во Украина, некои европски земји ги зголемија трошоците за одбрана, а НАТО ги зајакна силите распоредени долж источното европско крило кое граничи со Русија. Набргу по инвазијата на Москва, Шолц најави зголемување на германските воени трошоци за 100 милијарди евра.

Не можете да ги надоместите тие трошоци за 19 месеци, ниту преку производство, ниту преку набавки, ниту преку ништо друго. Нашиот стандард за подобрување на одбраната треба да биде побрз и поенергичен, рече Писториус.

Германскиот министер за одбрана, предупреди дека Европа мора да навикне на фактот дека има закана од војна и да биде подготвена за неа.

Мораме да се навикнеме на идејата дека може да има закана од војна во Европа. И тоа значи дека треба да станеме способни за војна, да бидеме подготвени за војна и да го подготвиме Бундесверот и општеството за тоа, истакна Писториус.

Запрашан за загриженоста дека Германија, која бележи висока инфлација од пандемијата, не се прилагодува доволно брзо на заканата од војна, Писториус рече:

Сè што е растурено за 30 години не може да се надомести за 19 месеци.

The post Можна е војна во Европа, предупреди геманскиот министер за одбрана appeared first on Република.