Борис Пахор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/boris-pahor/ За подобро да се разбереме Wed, 14 Feb 2024 11:28:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Борис Пахор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/boris-pahor/ 32 32 Дарка Звонар Предан: Борис Пахор се радуваше што неговите раскази ќе се читаат на македонски јазик https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/darka-zvonar-predan-boris-pahor-se-raduvashe-shto-negovite-raskazi-ke-se-chitaat-na-makedonski-jazik/ Wed, 14 Feb 2024 11:28:00 +0000 https://republika.mk/?p=744032

Во предвечерјето на 13 февруари (вторник), во топлата и пријатна атмосфера во книжарницата на „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, се одржа промоција на збирката раскази „Грамадата на пристаништето“ од словенечкиот писател Борис Пахор. За книгата зборуваа Дарка Звонар Предан, публицистка и новинарка од областа на културата во мариборскиот весник „Вечер“, Дарко Спасов, преведувач од словенечки јазик и Бисера Бендевска, уредничка во издавачката куќа „Арс Ламина“. Настанот беше поддржан од словенечката амбасада во Македонија, а меѓу присутните беше и амбасадорот на Република Словенија, господинот Грегор Прескер.

Дарка Звонар Предан, која ревносно го истражува творештвото на Борис Пахор и која е авторка на поговорот поместен во македонското издание на расказите, ја раскажа животната врвица на писателот од Трст, кој во својот долг животен век ги посведочил ужасите од двете светски војни и преживеал пет концентрациони логори како политички затвореник и поддржувач на отпорот. Пахор е запаметен како жесток антифашист и поборник за етничката кауза на приморските Словенци и гласен противник на тоталитаризмите, вклучително и на југословенскиот комунизам. Во расказите од „Грамадата на пристаништето“ тој опишува реалистични настани од опресијата и асимилацијата на црнокошулците врз приморските Словенци и многу живо го доловува стравот на потчинетите граѓани и нивната немоќ да влијаат врз сопствената судбина, напати вметнувајќи и суптилна критика за прифаќањето на таквата состојба.

Преведувачот Дарко Спасов истакна дека објавувањето на „Грамадата на пристаништето“ на македонски јазик е од особена важност, затоа што Македонците и Словенците споделуваат исти историски приказни, дека и двата народа имале низ историјата „мачители“ кои оставиле сериозна трага во растењето, во фенотипот на однесувањето, што се изместува(л) со секоја дразба. Начинот на кој Пахор го опишува сето тоа е како да слика и расказите во оваа збирка оставаат силен, но и познат впечаток.

Борис Пахор (1913 – 2022) е еден од најважните и најпреведуваните словенечки писатели. Неговите дела се преведени на македонски, француски, германски, српски, хрватски, унгарски, англиски, шпански, италијански, каталонски, фински и есперанто. Најпознат е по автобиографскиот роман „Некропола“, за животот во концентрациониот логор Нацвајлер-Штрутхоф. Сиот свој животен век се декларира како антифашист и сведок на фашистичкото насилство врз Словенците во Италија и на страдањето во конц-логорите во Германија за време на Втората светска војна. Тој е жесток поборник за националноста како примарен општествен идентитет.

Збирката „Грамадата на пристаништето“ е првпат објавена во 1972 година во Љубљана и главно била наменета за средношколци и студенти, со многубројни белешки што би им користеле на помладите читатели.

Во збирката се застапени шест раскази: „Грамадата на пристаништето“, „Пеперуга на закачалката“, „Бродолом“, „Цвеќе за лепрозниот“, „Ориент експрес“ и „Непоимливото прашање“. Секој од шесте раскази обработува вистински настани од животот на приморските Словенци по доаѓањето на власт на италијанските фашисти, а кои ги доживеал и самиот Пахор како дете и тинејџер. Низ очите на ликовите го сведочиме палењето на Народниот дом, симболот на градот Трст, асимилацијата на Словенците од страна на црнокошулците, убиството на славниот композитор Лојзе Братуж и бруталните механизми за принуда од страна на фашистите.

„Грамадата на пристаништето“ е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

The post Дарка Звонар Предан: Борис Пахор се радуваше што неговите раскази ќе се читаат на македонски јазик appeared first on Република.

]]>

Во предвечерјето на 13 февруари (вторник), во топлата и пријатна атмосфера во книжарницата на „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, се одржа промоција на збирката раскази „Грамадата на пристаништето“ од словенечкиот писател Борис Пахор. За книгата зборуваа Дарка Звонар Предан, публицистка и новинарка од областа на културата во мариборскиот весник „Вечер“, Дарко Спасов, преведувач од словенечки јазик и Бисера Бендевска, уредничка во издавачката куќа „Арс Ламина“. Настанот беше поддржан од словенечката амбасада во Македонија, а меѓу присутните беше и амбасадорот на Република Словенија, господинот Грегор Прескер. Дарка Звонар Предан, која ревносно го истражува творештвото на Борис Пахор и која е авторка на поговорот поместен во македонското издание на расказите, ја раскажа животната врвица на писателот од Трст, кој во својот долг животен век ги посведочил ужасите од двете светски војни и преживеал пет концентрациони логори како политички затвореник и поддржувач на отпорот. Пахор е запаметен како жесток антифашист и поборник за етничката кауза на приморските Словенци и гласен противник на тоталитаризмите, вклучително и на југословенскиот комунизам. Во расказите од „Грамадата на пристаништето“ тој опишува реалистични настани од опресијата и асимилацијата на црнокошулците врз приморските Словенци и многу живо го доловува стравот на потчинетите граѓани и нивната немоќ да влијаат врз сопствената судбина, напати вметнувајќи и суптилна критика за прифаќањето на таквата состојба. Преведувачот Дарко Спасов истакна дека објавувањето на „Грамадата на пристаништето“ на македонски јазик е од особена важност, затоа што Македонците и Словенците споделуваат исти историски приказни, дека и двата народа имале низ историјата „мачители“ кои оставиле сериозна трага во растењето, во фенотипот на однесувањето, што се изместува(л) со секоја дразба. Начинот на кој Пахор го опишува сето тоа е како да слика и расказите во оваа збирка оставаат силен, но и познат впечаток. Борис Пахор (1913 – 2022) е еден од најважните и најпреведуваните словенечки писатели. Неговите дела се преведени на македонски, француски, германски, српски, хрватски, унгарски, англиски, шпански, италијански, каталонски, фински и есперанто. Најпознат е по автобиографскиот роман „Некропола“, за животот во концентрациониот логор Нацвајлер-Штрутхоф. Сиот свој животен век се декларира како антифашист и сведок на фашистичкото насилство врз Словенците во Италија и на страдањето во конц-логорите во Германија за време на Втората светска војна. Тој е жесток поборник за националноста како примарен општествен идентитет. Збирката „Грамадата на пристаништето“ е првпат објавена во 1972 година во Љубљана и главно била наменета за средношколци и студенти, со многубројни белешки што би им користеле на помладите читатели. Во збирката се застапени шест раскази: „Грамадата на пристаништето“, „Пеперуга на закачалката“, „Бродолом“, „Цвеќе за лепрозниот“, „Ориент експрес“ и „Непоимливото прашање“. Секој од шесте раскази обработува вистински настани од животот на приморските Словенци по доаѓањето на власт на италијанските фашисти, а кои ги доживеал и самиот Пахор како дете и тинејџер. Низ очите на ликовите го сведочиме палењето на Народниот дом, симболот на градот Трст, асимилацијата на Словенците од страна на црнокошулците, убиството на славниот композитор Лојзе Братуж и бруталните механизми за принуда од страна на фашистите. „Грамадата на пристаништето“ е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

The post Дарка Звонар Предан: Борис Пахор се радуваше што неговите раскази ќе се читаат на македонски јазик appeared first on Република.

]]>
Промоција на „Грамадата на пристаништето“ од словенечкиот писател Борис Пахор https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-gramadata-na-pristanishteto-od-slovenechkiot-pisatel-boris-pahor/ Tue, 13 Feb 2024 08:18:55 +0000 https://republika.mk/?p=743468

Збирката раскази „Грамадата на пристаништето“ од словенечкиот писател Борис Пахор (1913 – 2022) вечер ќе биде промовирана во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“.

Делото го издаде Издавачката куќа „Арс Ламина“. Промоцијата е во рамки на четвртото издание на фестивалот „Денови на литературата“, што се одржува од 6 до 20 февруари.

На промоцијата ќе се обратат Дарка Звонар Предан, публицистка и новинарка од областа на културата во мариборскиот весник „Вечер“, која го истражува творештвото на Пахор и авторка на поговорот во македонското издание на расказите „Грамадата на пристаништето“, преведувачот од словенечки јазик Дарко Спасов и уредничката Бисера Бендевска, во улога на модератор на разговорот.

„Грамадата на пристаништето“ првпат е објавена во 1972 година во Љубљана и главно била наменета за средношколци и студенти, со многубројни белешки што би им користеле на помладите читатели. Во збирката се застапени шест раскази: „Грамадата на пристаништето“, „Пеперуга на закачалката“, „Бродолом“, „Цвеќе за лепрозниот“, „Ориент експрес“ и „Непоимливото прашање“.

Борис Пахор е еден од најважните и најпреведуваните словенечки писатели. Неговите дела се преведени на македонски, француски, германски, српски, хрватски, унгарски, англиски, шпански, италијански, каталонски, фински и есперанто. Најпознат е по автобиографскиот роман „Некропола“, за животот во концентрациониот логор Нацвајлер-Штрутхоф.

The post Промоција на „Грамадата на пристаништето“ од словенечкиот писател Борис Пахор appeared first on Република.

]]>

Збирката раскази „Грамадата на пристаништето“ од словенечкиот писател Борис Пахор (1913 – 2022) вечер ќе биде промовирана во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“. Делото го издаде Издавачката куќа „Арс Ламина“. Промоцијата е во рамки на четвртото издание на фестивалот „Денови на литературата“, што се одржува од 6 до 20 февруари. На промоцијата ќе се обратат Дарка Звонар Предан, публицистка и новинарка од областа на културата во мариборскиот весник „Вечер“, која го истражува творештвото на Пахор и авторка на поговорот во македонското издание на расказите „Грамадата на пристаништето“, преведувачот од словенечки јазик Дарко Спасов и уредничката Бисера Бендевска, во улога на модератор на разговорот. „Грамадата на пристаништето“ првпат е објавена во 1972 година во Љубљана и главно била наменета за средношколци и студенти, со многубројни белешки што би им користеле на помладите читатели. Во збирката се застапени шест раскази: „Грамадата на пристаништето“, „Пеперуга на закачалката“, „Бродолом“, „Цвеќе за лепрозниот“, „Ориент експрес“ и „Непоимливото прашање“. Борис Пахор е еден од најважните и најпреведуваните словенечки писатели. Неговите дела се преведени на македонски, француски, германски, српски, хрватски, унгарски, англиски, шпански, италијански, каталонски, фински и есперанто. Најпознат е по автобиографскиот роман „Некропола“, за животот во концентрациониот логор Нацвајлер-Штрутхоф.

The post Промоција на „Грамадата на пристаништето“ од словенечкиот писател Борис Пахор appeared first on Република.

]]>
Промоција на расказите „Грамадата на пристаништето“ од словенечкиот писател Борис Пахор https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-raskazite-gramadata-na-pristanishteto-od-slovenechkiot-pisatel-boris-pahor/ Fri, 09 Feb 2024 09:11:04 +0000 https://republika.mk/?p=742081

Издавачката куќа „Арс Ламина“ ќе ја промовира збирката раскази „Грамадата на пристаништето“ од словенечкиот писател Борис Пахор, во рамките на фестивалот „Денови на литературата“, што се одржува по четврти пат и ќе трае од 6 до 20 февруари. Настанот ќе се одржи на 13 февруари (вторник) во 19 часот, во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“.

Во промоцијата на книгата учество ќе земат промоторката Дарка Звонар Предан, публицистка и новинарка од областа на културата во мариборскиот весник „Вечер“, која ревносно го истражува творештвото на Пахор и која е авторка на поговорот во македонското издание на расказите „Грамадата на пристаништето“, преведувачот од словенечки јазик Дарко Спасов и уредничката Бисера Бендевска, во улога на модератор на разговорот.

Збирката „Грамадата на пристаништето“ првпат е објавена во 1972 година во Љубљана и главно била наменета за средношколци и студенти, со многубројни белешки што би им користеле на помладите читатели.

Во збирката се застапени шест раскази: „Грамадата на пристаништето“, „Пеперуга на закачалката“, „Бродолом“, „Цвеќе за лепрозниот“, „Ориент експрес“ и „Непоимливото прашање“. Секој од шесте раскази обработува вистински настани од животот на приморските Словенци по доаѓањето на власт на италијанските фашисти, а кои ги доживеал и самиот Пахор како дете и тинејџер. Низ очите на ликовите го сведочиме палењето на Народниот дом, симболот на градот Трст, асимилацијата на Словенците од страна на црнокошулците, убиството на славниот композитор Лојзе Братуж и бруталните механизми за принуда од страна на фашистите.

Борис Пахор (1913 – 2022) е еден од најважните и најпреведуваните словенечки писатели. Неговите дела се преведени на македонски, француски, германски, српски, хрватски, унгарски, англиски, шпански, италијански, каталонски, фински и есперанто. Најпознат е по автобиографскиот роман „Некропола“, за животот во концентрациониот логор Нацвајлер-Штрутхоф. Себеси се декларира како антифашист и сведок на фашистичкото насилство против Словенците во Италија и на страдањето во конц-логорите во Германија за време на Втората светска војна. Пахор е жесток поборник за националноста како примарен општествен идентитет.

The post Промоција на расказите „Грамадата на пристаништето“ од словенечкиот писател Борис Пахор appeared first on Република.

]]>

Издавачката куќа „Арс Ламина“ ќе ја промовира збирката раскази „Грамадата на пристаништето“ од словенечкиот писател Борис Пахор, во рамките на фестивалот „Денови на литературата“, што се одржува по четврти пат и ќе трае од 6 до 20 февруари. Настанот ќе се одржи на 13 февруари (вторник) во 19 часот, во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“. Во промоцијата на книгата учество ќе земат промоторката Дарка Звонар Предан, публицистка и новинарка од областа на културата во мариборскиот весник „Вечер“, која ревносно го истражува творештвото на Пахор и која е авторка на поговорот во македонското издание на расказите „Грамадата на пристаништето“, преведувачот од словенечки јазик Дарко Спасов и уредничката Бисера Бендевска, во улога на модератор на разговорот. Збирката „Грамадата на пристаништето“ првпат е објавена во 1972 година во Љубљана и главно била наменета за средношколци и студенти, со многубројни белешки што би им користеле на помладите читатели. Во збирката се застапени шест раскази: „Грамадата на пристаништето“, „Пеперуга на закачалката“, „Бродолом“, „Цвеќе за лепрозниот“, „Ориент експрес“ и „Непоимливото прашање“. Секој од шесте раскази обработува вистински настани од животот на приморските Словенци по доаѓањето на власт на италијанските фашисти, а кои ги доживеал и самиот Пахор како дете и тинејџер. Низ очите на ликовите го сведочиме палењето на Народниот дом, симболот на градот Трст, асимилацијата на Словенците од страна на црнокошулците, убиството на славниот композитор Лојзе Братуж и бруталните механизми за принуда од страна на фашистите. Борис Пахор (1913 – 2022) е еден од најважните и најпреведуваните словенечки писатели. Неговите дела се преведени на македонски, француски, германски, српски, хрватски, унгарски, англиски, шпански, италијански, каталонски, фински и есперанто. Најпознат е по автобиографскиот роман „Некропола“, за животот во концентрациониот логор Нацвајлер-Штрутхоф. Себеси се декларира како антифашист и сведок на фашистичкото насилство против Словенците во Италија и на страдањето во конц-логорите во Германија за време на Втората светска војна. Пахор е жесток поборник за националноста како примарен општествен идентитет.

The post Промоција на расказите „Грамадата на пристаништето“ од словенечкиот писател Борис Пахор appeared first on Република.

]]>