борис крмов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/boris-krmov/ За подобро да се разбереме Tue, 21 Nov 2023 09:08:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png борис крмов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/boris-krmov/ 32 32 Џафери најави дека Крмов ќе ја плати штетата за дивеењето https://arhiva3.republika.mk/vesti/dhaferi-najavi-deka-krmov-ke-ja-plati-shtetata-za-diveeneto/ Tue, 21 Nov 2023 09:08:00 +0000 https://republika.mk/?p=714680

По завршување на продолжението на 131. седница и гласањето за новиот Деловник на Собранието синоќа во пленарната сала припадници на МВР извршиле увид на направената штета во инцидентот што го предизвикаа пратениците од Левица за време на амандманската расправа.

- Në Kuvend përsëri është ndërprerë seanca e 131-të në të cilën deputetët deklarohen për amandamentet e parashtruara të deputetëve për Propozim Rregulloren e Kuvendit. Në mesin e tyre janë ed

Претседателот на Собранието Талат Џафери за МИА денеска изјави дека натаму постапката треба да ја води обвинителството, или по пријава од полицијата или по допрен глас од она што се гледа дека се случувало на седницата од која има директен пренос како на Собранискиот канал така и преку веб - страната на Парламентот.

За тоа колкава материјална штета е направена дополнително ќе биде соопштено, вели тој, но таа, нагласува Џафери ќе треба да биде надокнадена од пратеникот Борислав Крмов од Левица, кој го искрши мониторот и друг инвентар на претседавачката маса во Пленарната сала.

- Ако некој од вработените направи штета на работа, тој го плаќа трошокот, посочува Џафери и додава дека така ќе биде и во овој случај.

Поради неможноста пленарните седници да се одржуваат во Салата за седници од денеска до санирање на штетата тие ќе се одржуваат во Големата сала со купола, вклучувајќи го и обраќањето на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

-Имајќи прeдвид дека во текот на денешната работа е направена материјална штета и е онеспособен системот за работа седниците на Собранието натаму до отстранување на штетата до поправка на оштетениот дел ќе се одвива во салата Купола. И утрешната свечена седница ќе се одвива таму, изјави претседателот на Собранието Талат Џафери по завршување на продолжението на 131. седница. Пленумот ќе продолжи со работа по оваа седница денеска во 11 часот.

Пратениците на Левица вчера предизвикаа инцидент за време на амандманската расправа за новиот Деловник за работа на Собранието. Борислав Крмов искрши дел од инвентарот вклучувајќи и монитор од претседавачката маса и се расфрлаше со листови од амандманите, а потоа нему му се придружи и Димитар Апасиев.

The post Џафери најави дека Крмов ќе ја плати штетата за дивеењето appeared first on Република.

]]>

По завршување на продолжението на 131. седница и гласањето за новиот Деловник на Собранието синоќа во пленарната сала припадници на МВР извршиле увид на направената штета во инцидентот што го предизвикаа пратениците од Левица за време на амандманската расправа. - Në Kuvend përsëri është ndërprerë seanca e 131-të në të cilën deputetët deklarohen për amandamentet e parashtruara të deputetëve për Propozim Rregulloren e Kuvendit. Në mesin e tyre janë ed Претседателот на Собранието Талат Џафери за МИА денеска изјави дека натаму постапката треба да ја води обвинителството, или по пријава од полицијата или по допрен глас од она што се гледа дека се случувало на седницата од која има директен пренос како на Собранискиот канал така и преку веб - страната на Парламентот. За тоа колкава материјална штета е направена дополнително ќе биде соопштено, вели тој, но таа, нагласува Џафери ќе треба да биде надокнадена од пратеникот Борислав Крмов од Левица, кој го искрши мониторот и друг инвентар на претседавачката маса во Пленарната сала.
- Ако некој од вработените направи штета на работа, тој го плаќа трошокот, посочува Џафери и додава дека така ќе биде и во овој случај.
Поради неможноста пленарните седници да се одржуваат во Салата за седници од денеска до санирање на штетата тие ќе се одржуваат во Големата сала со купола, вклучувајќи го и обраќањето на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. -Имајќи прeдвид дека во текот на денешната работа е направена материјална штета и е онеспособен системот за работа седниците на Собранието натаму до отстранување на штетата до поправка на оштетениот дел ќе се одвива во салата Купола. И утрешната свечена седница ќе се одвива таму, изјави претседателот на Собранието Талат Џафери по завршување на продолжението на 131. седница. Пленумот ќе продолжи со работа по оваа седница денеска во 11 часот. Пратениците на Левица вчера предизвикаа инцидент за време на амандманската расправа за новиот Деловник за работа на Собранието. Борислав Крмов искрши дел од инвентарот вклучувајќи и монитор од претседавачката маса и се расфрлаше со листови од амандманите, а потоа нему му се придружи и Димитар Апасиев.

The post Џафери најави дека Крмов ќе ја плати штетата за дивеењето appeared first on Република.

]]>