Борис Георгиевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/boris-georgievski/ За подобро да се разбереме Wed, 30 Mar 2022 08:58:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Борис Георгиевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/boris-georgievski/ 32 32 Антикорупциска со иницијатива за кривичен прогон на ексградоначалникот на Гази Баба и градоначалникот на Студеничани https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/antikorupciska-so-inicijativa-za-krivichen-progon-na-eksgradonachalnikot-na-gazi-baba-i-gradonachalnikot-na-studenichani/ Wed, 16 Feb 2022 06:58:26 +0000 https://republika.mk/?p=459087

За ексградоначалникот на Кисела Вода, Борче Георгиевски постојат основи за сомневање во врска со изградбата на новиот салон за автомобили на „Волво“ во Маџари, додека градоначалникот на Студеничани, Азем Садики се соочува со можна кривична одговорност по ревизорскиот извештај кој укажува на недомаќинско работење и трошење средства од буџетот
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ќе покрене иницијатива за поведување постапка за кривично гонење во Основното јавното обвинителство против поранешниот градоначалник на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски и против актуелниот градоначалник на Општина Студеничани, Азем Садики.

Како што беше појаснето на седница на Антикорупциската комисија, за ексградоначалникот Георгиевски постојат основи на сомневање во врска со изградбата на катастерска парцела во Општина Маџари на ул. „Перо Наков“ од фирмата „Електроелемент“, односно новиот салон за автомобили на „Волво“. За градоначалникот на Студеничани, пак, постојат основи за сомневање врз основа на ревизорски извештај за недомаќинско работење и трошење средства од буџетот, како и јавни набавки во Општината.

Нури Бајрами, член на ДКСК, во образложението за Георгиевски, меѓу другото, информира дека одобрението за градење во случајот со „Волво“, во прва фаза, е донесено на 17 февруари 2020 година, а за втора фаза на 30 септември 2020 година. Во медиумите, пак, како што нагласи, на 28 јуни 2019 година е објавена информација дека е свечено пуштен во употреба новиот салон за автомобили, токму во објектот почнат со градење како дивоградба.

Според Бајрами, по направената целосна проверка, градбата е изведена без одобрение за градба, градоначалникот постапил спротивно на Законот за локална самоуправа, што претставува злоупотреба на службената должност и овластување.

Оваа пракса покажува дека овластените општински инспектори, како што се поставени под капа на градоначалникот, тој одлучува за нивните права и обврски. Инспекторот бил на мака и тој требало да се изјаснува пред членовите на Советот, бил изложен на мобинг. На последната средба што ја имавме, дознавме од вработени дека овластениот инспектор ја напуштил работата. Ова е појава што треба да се третира на наредните дебати, за овластените инспектори навистина да можат да постапуваат - изјави Бајрами.

Билјана Ивановска, претседателка на ДКСК, најави дека од оваа седница па натаму Комисијата секогаш ќе обработува по еден извештај на Државниот завод за ревизија и ќе доставува до Јавното обвинителство иницијативи за кривична одговорност за службени лица што ги прекршиле своите овластувања. Таа појасни дека ваквото постапување на ДКСК е во согласност членот 17.8 од Законот за спречување корупција и судир на интереси.

Ивановска посочи на предметот во ревизорскиот извештај за финансиските извештаи на Општина Студеничани на основната сметка за 2020 година.

Посебно е симптоматично што ДЗР се воздржува од издавање мислења за утврдените состојби во Општина Студеничани. Тоа е состојба што значи дека на ревизорите не им е обезбедена соодветна документација за поткрепување на нивните наоди. Ова е полошо од издавање негативно мислење - изјави Ивановска.

Таа појасни дека ревизорите не издале мислење, затоа што во 2020 година на сметката на Општина Студеничани биле исплатени средства во вкупен износ од 2,4 милиони денари без соодветна поткрепувачка документација, а вклучуваат поправки и тековно одржување на улици и патишта во износ од 1,9 милиони денари на двајца добавувачи по фактури, а нема ни прилог дека работите се извршени и одобрени. За поправка на возила се исплатени 205 илјади денари, за што нема работен налог…

На членовите на Советот на Општина Студеничани и на градоначалникот им се исплатени средства во износ од 908 илјади денари по основ на месечен надоместок за присуство на седници кои, пак, воопшто не се одржале - информира претседателката на ДКСК.

Ивановска, меѓу другото, посочи дека ваквиот начин на работење не е во согласност со Законот за сметководство на буџетите и на буџетските корисници, каде што прецизно стои дека внесувањето на податоците во деловните книги се засновува на веродостојни, вистинити и уредни сметководствени документи како доказ за настаната финансиска промена односно трансакција.

 

The post Антикорупциска со иницијатива за кривичен прогон на ексградоначалникот на Гази Баба и градоначалникот на Студеничани appeared first on Република.

]]>

За ексградоначалникот на Кисела Вода, Борче Георгиевски постојат основи за сомневање во врска со изградбата на новиот салон за автомобили на „Волво“ во Маџари, додека градоначалникот на Студеничани, Азем Садики се соочува со можна кривична одговорност по ревизорскиот извештај кој укажува на недомаќинско работење и трошење средства од буџетот Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ќе покрене иницијатива за поведување постапка за кривично гонење во Основното јавното обвинителство против поранешниот градоначалник на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски и против актуелниот градоначалник на Општина Студеничани, Азем Садики. Како што беше појаснето на седница на Антикорупциската комисија, за ексградоначалникот Георгиевски постојат основи на сомневање во врска со изградбата на катастерска парцела во Општина Маџари на ул. „Перо Наков“ од фирмата „Електроелемент“, односно новиот салон за автомобили на „Волво“. За градоначалникот на Студеничани, пак, постојат основи за сомневање врз основа на ревизорски извештај за недомаќинско работење и трошење средства од буџетот, како и јавни набавки во Општината. Нури Бајрами, член на ДКСК, во образложението за Георгиевски, меѓу другото, информира дека одобрението за градење во случајот со „Волво“, во прва фаза, е донесено на 17 февруари 2020 година, а за втора фаза на 30 септември 2020 година. Во медиумите, пак, како што нагласи, на 28 јуни 2019 година е објавена информација дека е свечено пуштен во употреба новиот салон за автомобили, токму во објектот почнат со градење како дивоградба. Според Бајрами, по направената целосна проверка, градбата е изведена без одобрение за градба, градоначалникот постапил спротивно на Законот за локална самоуправа, што претставува злоупотреба на службената должност и овластување.
Оваа пракса покажува дека овластените општински инспектори, како што се поставени под капа на градоначалникот, тој одлучува за нивните права и обврски. Инспекторот бил на мака и тој требало да се изјаснува пред членовите на Советот, бил изложен на мобинг. На последната средба што ја имавме, дознавме од вработени дека овластениот инспектор ја напуштил работата. Ова е појава што треба да се третира на наредните дебати, за овластените инспектори навистина да можат да постапуваат - изјави Бајрами.
Билјана Ивановска, претседателка на ДКСК, најави дека од оваа седница па натаму Комисијата секогаш ќе обработува по еден извештај на Државниот завод за ревизија и ќе доставува до Јавното обвинителство иницијативи за кривична одговорност за службени лица што ги прекршиле своите овластувања. Таа појасни дека ваквото постапување на ДКСК е во согласност членот 17.8 од Законот за спречување корупција и судир на интереси. Ивановска посочи на предметот во ревизорскиот извештај за финансиските извештаи на Општина Студеничани на основната сметка за 2020 година.
Посебно е симптоматично што ДЗР се воздржува од издавање мислења за утврдените состојби во Општина Студеничани. Тоа е состојба што значи дека на ревизорите не им е обезбедена соодветна документација за поткрепување на нивните наоди. Ова е полошо од издавање негативно мислење - изјави Ивановска.
Таа појасни дека ревизорите не издале мислење, затоа што во 2020 година на сметката на Општина Студеничани биле исплатени средства во вкупен износ од 2,4 милиони денари без соодветна поткрепувачка документација, а вклучуваат поправки и тековно одржување на улици и патишта во износ од 1,9 милиони денари на двајца добавувачи по фактури, а нема ни прилог дека работите се извршени и одобрени. За поправка на возила се исплатени 205 илјади денари, за што нема работен налог…
На членовите на Советот на Општина Студеничани и на градоначалникот им се исплатени средства во износ од 908 илјади денари по основ на месечен надоместок за присуство на седници кои, пак, воопшто не се одржале - информира претседателката на ДКСК.
Ивановска, меѓу другото, посочи дека ваквиот начин на работење не е во согласност со Законот за сметководство на буџетите и на буџетските корисници, каде што прецизно стои дека внесувањето на податоците во деловните книги се засновува на веродостојни, вистинити и уредни сметководствени документи како доказ за настаната финансиска промена односно трансакција.  

The post Антикорупциска со иницијатива за кривичен прогон на ексградоначалникот на Гази Баба и градоначалникот на Студеничани appeared first on Република.

]]>
Ексградоначалникот на Гази Баба: Зошто се уште не се поставени новите лед светилки https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/eksgradonachalnikot-na-gazi-baba-zoshto-se-ushte-ne-se-postaveni-novite-led-svetilki/ Fri, 21 Jan 2022 18:58:35 +0000 https://republika.mk/?p=447915

Четири години најголемата болка на ВМРО ДПМНЕ им беше поразот во Гази Баба. Очигледно таа болка се уште ги прати, вели поранешниот градоначалник на Гази Баба, Борис Георгиевски во реакцијата на прес конференцијата на Димче Арсовски.

Мака мачеа четири години како секој проект за развој на општината да го блокираат. Кочеа донесување на буџет во сред пандемија, а еден од проектите кои уште од 2019 година го кочеа е токму и проектот за СМАРТ осветлување.

Овој проект предвидува етапна комплетна замена на сите улични светилки со смарт штедливи светилки. Конкретно во овој повик станува збор за замена на 4000 улични натриумови светилки со лед светилки.

Да ви ја разјасниме и дилемата во новата лага зошто бил распишан нов јавен повик. Затоа што претходните повици се однесуваат за одржување на постојните линии со натриумови светилки, а овој повик е за набавка и поставување на смарт лед светилки. Две сосема различни работи.

Авансното плаќање е предвидено во тендерските услови и служи за набавка на дел од техничката опрема предмет на јавната набавка, бидејќи остатокот од инвестицијата предвидено е да се плаќа одложено на 36 рати и тука повторно нема ништо спорно.

Изведувачот пред добивањето на авансот, согласно договорот, треба да приложи банкарска гаранција до општината што е и услов за исплаќање на авансот за набавка на техничката опрема, што значи повторно нема ништо спорно.

Рокот за имплементирање на овој договор е 8 месеци, односно наплатата на преостанатите 80% од средствата се извршува по целосното имплементирање на проектот.

Она што вие Димче Арсовски треба да го прашате новиот градоначалник е зошто до ден денес се уште нема дадено налог на фирмата за да започне со поставување и замена на уличното осветлување со новите лед светилки.

Зошто кочи проект кој на општината и носи финансиски придобивки со вкупна годишна заштеда на 70% од досегашните трошоци за одржување на уличното осветлување, а предвидената заштеда беше планирана да се пренасочи за поставување на соларни панели за основните училишта и детски градинки во општината.

Арсовски со лаги не може да ја прикрие неспособноста на нивниот градоначалник кој за овој период од скоро 100 дена не започна ниту еден проект.

Очекувам следниот прес на ВМРО ДПМНЕ да биде со прашање до нивниот градоначалник зошто населените места на Скопска Црна Гора веќе скоро 10 дена немаат вода за пиење, се вели во соопштението.

The post Ексградоначалникот на Гази Баба: Зошто се уште не се поставени новите лед светилки appeared first on Република.

]]>

Четири години најголемата болка на ВМРО ДПМНЕ им беше поразот во Гази Баба. Очигледно таа болка се уште ги прати, вели поранешниот градоначалник на Гази Баба, Борис Георгиевски во реакцијата на прес конференцијата на Димче Арсовски. Мака мачеа четири години како секој проект за развој на општината да го блокираат. Кочеа донесување на буџет во сред пандемија, а еден од проектите кои уште од 2019 година го кочеа е токму и проектот за СМАРТ осветлување. Овој проект предвидува етапна комплетна замена на сите улични светилки со смарт штедливи светилки. Конкретно во овој повик станува збор за замена на 4000 улични натриумови светилки со лед светилки. Да ви ја разјасниме и дилемата во новата лага зошто бил распишан нов јавен повик. Затоа што претходните повици се однесуваат за одржување на постојните линии со натриумови светилки, а овој повик е за набавка и поставување на смарт лед светилки. Две сосема различни работи. Авансното плаќање е предвидено во тендерските услови и служи за набавка на дел од техничката опрема предмет на јавната набавка, бидејќи остатокот од инвестицијата предвидено е да се плаќа одложено на 36 рати и тука повторно нема ништо спорно. Изведувачот пред добивањето на авансот, согласно договорот, треба да приложи банкарска гаранција до општината што е и услов за исплаќање на авансот за набавка на техничката опрема, што значи повторно нема ништо спорно. Рокот за имплементирање на овој договор е 8 месеци, односно наплатата на преостанатите 80% од средствата се извршува по целосното имплементирање на проектот. Она што вие Димче Арсовски треба да го прашате новиот градоначалник е зошто до ден денес се уште нема дадено налог на фирмата за да започне со поставување и замена на уличното осветлување со новите лед светилки. Зошто кочи проект кој на општината и носи финансиски придобивки со вкупна годишна заштеда на 70% од досегашните трошоци за одржување на уличното осветлување, а предвидената заштеда беше планирана да се пренасочи за поставување на соларни панели за основните училишта и детски градинки во општината. Арсовски со лаги не може да ја прикрие неспособноста на нивниот градоначалник кој за овој период од скоро 100 дена не започна ниту еден проект. Очекувам следниот прес на ВМРО ДПМНЕ да биде со прашање до нивниот градоначалник зошто населените места на Скопска Црна Гора веќе скоро 10 дена немаат вода за пиење, се вели во соопштението.

The post Ексградоначалникот на Гази Баба: Зошто се уште не се поставени новите лед светилки appeared first on Република.

]]>