боренка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/borenka/ За подобро да се разбереме Tue, 21 Nov 2023 11:18:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png боренка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/borenka/ 32 32 Diageo ги здружува силите со Боренка во Проектот за пошумување во Македонија https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/diageo-gi-zdruzhuva-silite-so-borenka-vo-proektot-za-poshumuvane-vo-makedonija/ Tue, 21 Nov 2023 11:18:45 +0000 https://republika.mk/?p=714719

Diageo и локалниот партнер Малиќи се приклучија на трансформативниот проект за пошумување Боренка за да придонесат за обновување и зачувување на виталниот екосистем во Македонија. Иницијативата е во согласност со сеопфатната програма за одржливост и одговорност на Diageo „Society 2030 – Spirit of Progress” која ја одразува посветеноста за позитивно влијание врз општеството и околината каде што работи.

Столбот за одржливост на десетгодишниот акционен план на Diageo севкупно вклучува пошумување, намалување на јаглеродот и отпадот, намалено и рециклирано пакување, зачувување на природните ресурси, зачувување и управување со водата, одговорни извори како клучни цели за создавање поодржлив бизнис и позелена иднина.

Нашата мисија е да ја заштитиме животната средина каде што работиме, да промовираме одржливи практики и да обезбедиме опипливи и значајни придонеси за нашите локални заедници. Затоа ние, заедно со нашиот локален партнер групацијата Малиќи, се приклучивме на Боренка како најголем европски волонтерски проект за пошумување на опожарени подрачја организиран во Македонија, изјави Димитар Вретенарски, комерцијален менаџер на Diageo заМакедонија, Бугарија, Косово и Албанија.

Ангажманот во пошумувањето не е само садење дрвја, туку и сеење на семето на одржлива иднина. Благодарност до организаторот, Сојузот на извидници на Македонија за спроведувањето на проектот во Македонија и на волонтерите кои ќе ни помогнат да ја постигнеме нашата цел за засадување на 2000 нови садници во Берово, додаде тој.

Откако 6 години по ред се организира во Хрватска, Боранка е најнаградуваната непрофитна кампања која се шири надвор од границите, а за првпат се одржува во Македонија како Боренка. Кампањата е насочена кон обновување на областите опустошени од пожари и подигање на свеста кај граѓаните за потребата од зачувување на шумите кои се клучни за заштита на биолошката разновидност и помагаат во намалување на емисиите на стакленички гасови.

Ни претставуваше огромно задоволство и чест што меѓународната компанија Diageo денеска беше дел од проектот Боренка и заедно со волонтерите од Сојузот на извидници и шумарите - експерти од националните шуми, успеавме да пошумиме речиси еден хектар опожарена површина во Беровско со околу 2000 нови садници дрвја. Покрај садењето, мора да се споменат и едукативните работилници кои се дел од Боренка, преку кои директно влијаеме на едукацијата на најмладите на тема животна средина со акцент на шумските пожари. Се надевам дека сите волонтери имаа прекрасен ден и дека во иднина заедно со Diageo ќе засадиме повеќе дрвја под чија сенка ќе уживаат идните генерации, рече Снежана Јаначковиќ, национален координатор на Боренка.

Поддршката на Diageo за проектот Боренка е доказ за посветеноста на компанијата за заштита на животната средина и клучен чекор напред за обновување, надополнување и заштита на планетата за генерациите што доаѓаат.

The post Diageo ги здружува силите со Боренка во Проектот за пошумување во Македонија appeared first on Република.

]]>

Diageo и локалниот партнер Малиќи се приклучија на трансформативниот проект за пошумување Боренка за да придонесат за обновување и зачувување на виталниот екосистем во Македонија. Иницијативата е во согласност со сеопфатната програма за одржливост и одговорност на Diageo „Society 2030 – Spirit of Progress” која ја одразува посветеноста за позитивно влијание врз општеството и околината каде што работи. Столбот за одржливост на десетгодишниот акционен план на Diageo севкупно вклучува пошумување, намалување на јаглеродот и отпадот, намалено и рециклирано пакување, зачувување на природните ресурси, зачувување и управување со водата, одговорни извори како клучни цели за создавање поодржлив бизнис и позелена иднина.