Борел Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/borel/ За подобро да се разбереме Sat, 04 May 2024 11:31:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Борел Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/borel/ 32 32 Захарова: „Мировната формула“ за Украина ќе успее доколку Западот престане да испорачува оружје https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zaharova-mirovnata-formula-za-ukraina-ke-uspee-dokolku-zapadot-prestane-da-isporachuva-oruzhje/ Sat, 04 May 2024 11:31:35 +0000 https://republika.mk/?p=774109

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова денеска оцени дека „Мировната формула“ на украинскиот претседател Володимир Зеленски треба да се сведе на прекин на испораката на оружје од Запад за Киев.

Таа ја коментираше изјавата на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, дека „без испорака на оружје од Запад, Украина ќе капитулира за две недели“.

- Неверојатно признание! Еве ја целата „формула за мир“ за вас – крај на западното снабдување со оружје на режимот во Киев, напиша таа на Телеграм.

The post Захарова: „Мировната формула“ за Украина ќе успее доколку Западот престане да испорачува оружје appeared first on Република.

]]>

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова денеска оцени дека „Мировната формула“ на украинскиот претседател Володимир Зеленски треба да се сведе на прекин на испораката на оружје од Запад за Киев. Таа ја коментираше изјавата на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, дека „без испорака на оружје од Запад, Украина ќе капитулира за две недели“. - Неверојатно признание! Еве ја целата „формула за мир“ за вас – крај на западното снабдување со оружје на режимот во Киев, напиша таа на Телеграм.

The post Захарова: „Мировната формула“ за Украина ќе успее доколку Западот престане да испорачува оружје appeared first on Република.

]]>
Борел: Меѓународната заедница мора да биде цврсто обединета против тероризмот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/borel-megunarodnata-zaednitsa-mora-da-bide-tsvrsto-obedineta-protiv-terorizmot/ Sat, 23 Mar 2024 12:59:32 +0000 https://republika.mk/?p=757783

Шефот на дипломатијата на Европската унија, Жозеп Борел денеска изјави дека меѓународната заедница мора цврсто да се обедини против тероризмот, по нападот во Москва во кој, според последните информации, загинаа повеќе од сто луѓе.

„Најостро го осудувам грозоморниот напад што се случи синоќа во Москва. Тероризмот повторно целеше невини луѓе. Меѓународната заедница мора да остане цврсто обединета во борбата против тероризмот“, наведе Борел на платформата „Икс“.

The post Борел: Меѓународната заедница мора да биде цврсто обединета против тероризмот appeared first on Република.

]]>

Шефот на дипломатијата на Европската унија, Жозеп Борел денеска изјави дека меѓународната заедница мора цврсто да се обедини против тероризмот, по нападот во Москва во кој, според последните информации, загинаа повеќе од сто луѓе. „Најостро го осудувам грозоморниот напад што се случи синоќа во Москва. Тероризмот повторно целеше невини луѓе. Меѓународната заедница мора да остане цврсто обединета во борбата против тероризмот“, наведе Борел на платформата „Икс“.

The post Борел: Меѓународната заедница мора да биде цврсто обединета против тероризмот appeared first on Република.

]]>
Борел: Разговорите со Вучиќ и Курти – неуспешни https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/borel-razgovorite-so-vuchik-i-kurti-neuspeshni/ Mon, 26 Feb 2024 14:08:44 +0000 https://republika.mk/?p=748586

Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, изјави дека одвоените средби што ги имал за време на Минхенската безбедносна конференција со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и со премиерот на Косово, Аљбин Курти, во врска со деескалацијата на тензиите меѓу Белград и Приштина, беа неуспешни, објави денеска РТС.

Сумирајќи ги резултатите од Минхенската безбедносна конференција, Борељ во текст на веб-страницата на ЕУ наведува дека имал голем број билатерални средби со партнери на ЕУ од целиот свет, а на одделни средби разговарал и со Вучиќ и Курти, „но за жал без успех“.

На тој состанок Борел ги претстави четирите главни задачи од геополитичката агенда на ЕУ – поголема и побрза поддршка за Украина, ставање крај на хуманитарната катастрофа во Појасот Газа и спроведување на решението за формирање на две држави, подобрување на односите на ЕУ со „глобалниот југ“ и зајакнување на одбраната и безбедноста на ЕУ.

Борел ја опиша атмосферата на конференцијата во Минхен како посебна бидејќи, како што наведе, сите станале свесни дека Европа е во опасност поради две војни во близина и мноштво потенцијални конфликти низ светот.

Шефот на европската дипломатија потсети и дека на првиот ден од конференцијата учесниците дознале за смртта на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални во казнената колонија во Сибир и дека му оддале почит во присуство на неговата сопруга.

The post Борел: Разговорите со Вучиќ и Курти – неуспешни appeared first on Република.

]]>

Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, изјави дека одвоените средби што ги имал за време на Минхенската безбедносна конференција со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и со премиерот на Косово, Аљбин Курти, во врска со деескалацијата на тензиите меѓу Белград и Приштина, беа неуспешни, објави денеска РТС.
Сумирајќи ги резултатите од Минхенската безбедносна конференција, Борељ во текст на веб-страницата на ЕУ наведува дека имал голем број билатерални средби со партнери на ЕУ од целиот свет, а на одделни средби разговарал и со Вучиќ и Курти, „но за жал без успех“.
На тој состанок Борел ги претстави четирите главни задачи од геополитичката агенда на ЕУ – поголема и побрза поддршка за Украина, ставање крај на хуманитарната катастрофа во Појасот Газа и спроведување на решението за формирање на две држави, подобрување на односите на ЕУ со „глобалниот југ“ и зајакнување на одбраната и безбедноста на ЕУ. Борел ја опиша атмосферата на конференцијата во Минхен како посебна бидејќи, како што наведе, сите станале свесни дека Европа е во опасност поради две војни во близина и мноштво потенцијални конфликти низ светот. Шефот на европската дипломатија потсети и дека на првиот ден од конференцијата учесниците дознале за смртта на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални во казнената колонија во Сибир и дека му оддале почит во присуство на неговата сопруга.

The post Борел: Разговорите со Вучиќ и Курти – неуспешни appeared first on Република.

]]>
Борел: Путин ќе мора да одговара за смртта на Навални https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/borel-putin-ke-mora-da-odgovara-za-smrtta-na-navalni/ Mon, 19 Feb 2024 18:34:40 +0000 https://republika.mk/?p=745811

Рускиот претседател Владимир Путин „ќе мора да одговара“ за смртта на опозицискиот лидер Алексеј Навални, изјави денеска во Брисел високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, по средбата со вдовицата на Навални.

„Го изразивме најдлабокото сочувство на ЕУ на Јулија Навални. Владимир Путин и неговиот режим ќе треба да одговараат за смртта на Алексеј Навални“, изјави Борел по средбата со вдовицата, која се обрати на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел.

Но, „како што рече Јулија, Русија не е Путин и Путин не е Русија“, рече Борел.

Министрите станаа и долго и аплаудираа на вдовицата на противникот од Кремљ на крајот од нејзиниот краток говор, додаде Борел.

Според дипломатски извори, Јулија Навални на министрите им ја потврдила својата посветеност за продолжување на борбата против режимот што доведе до смрт на нејзиниот сопруг.

„Алексеј Навални беше херој и тој умре како херој“, рече таа и побара ЕУ да го таргетира опкружувањето на Владимир Путин и „корумпираните олигарси“ кои го поддржуваат со казнени мерки.

Неколку министри денеска пред почетокот на состанокот се заложија за воведување дополнителни санкции против Русија.

ЕУ веќе воведе неколку пакети санкции против Москва, вкупно 12, и се подготвува да го усвои 13-тиот пакет, пред втората годишнина од почетокот на руската инвазија на Украина, на 24 февруари.

The post Борел: Путин ќе мора да одговара за смртта на Навални appeared first on Република.

]]>

Рускиот претседател Владимир Путин „ќе мора да одговара“ за смртта на опозицискиот лидер Алексеј Навални, изјави денеска во Брисел високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, по средбата со вдовицата на Навални. „Го изразивме најдлабокото сочувство на ЕУ на Јулија Навални. Владимир Путин и неговиот режим ќе треба да одговараат за смртта на Алексеј Навални“, изјави Борел по средбата со вдовицата, која се обрати на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел. Но, „како што рече Јулија, Русија не е Путин и Путин не е Русија“, рече Борел. Министрите станаа и долго и аплаудираа на вдовицата на противникот од Кремљ на крајот од нејзиниот краток говор, додаде Борел. Според дипломатски извори, Јулија Навални на министрите им ја потврдила својата посветеност за продолжување на борбата против режимот што доведе до смрт на нејзиниот сопруг. „Алексеј Навални беше херој и тој умре како херој“, рече таа и побара ЕУ да го таргетира опкружувањето на Владимир Путин и „корумпираните олигарси“ кои го поддржуваат со казнени мерки. Неколку министри денеска пред почетокот на состанокот се заложија за воведување дополнителни санкции против Русија. ЕУ веќе воведе неколку пакети санкции против Москва, вкупно 12, и се подготвува да го усвои 13-тиот пакет, пред втората годишнина од почетокот на руската инвазија на Украина, на 24 февруари.

The post Борел: Путин ќе мора да одговара за смртта на Навални appeared first on Република.

]]>
Силни експлозии во Киев, Борел го поминал утрото во засолниште https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/silni-eksplozii-vo-kiev-borel-go-pominal-utroto-vo-zasolnishte/ Wed, 07 Feb 2024 09:57:29 +0000 https://republika.mk/?p=741352

Утрово Русија изврши нов ракетен напад врз Киев и други украински градови, соопштија од украинското воздухопловство. Едно лице загина на југот на земјата, а во главниот град се активирани системи за противвоздушна одбрана, каде се слушнале неколку експлозии, пренесува Гардијан.

Две силни експлозии се слушнале во центарот на Киев околу 7 часот, а уште најмалку две 45 минути подоцна, објавија киевските медиуми. Еден од новинарите слушнал дека противвоздушната одбрана истрела неколку проектили и беше сведок на една од експлозиите.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, рече дека се активирани системи за противвоздушна одбрана и ги повика луѓето да останат во нивните засолништа. Тој рече дека подоцна лекарите интервенирале и лекувале еден ранет во областа Днепар.

Изгубена е струја и во некои делови од градот поради штети предизвикани од фрагменти од ракети.

Во ракетен напад во јужниот град Миколаев загина едно лице, десетици се повредени и оштетени се најмалку 20 станбени згради, изјави градоначалникот на градот, Олександр Синкивич.

„Има оштетени станбени објекти. Дваесетина од нив се без покрив. Од страна на комуналните претпријатија веќе се санираат оштетувањата на мрежите за гас и вода. Има ранети. Едно лице е хоспитализирано. На другите им е укажана помош на лице место“, напиша тој на Телеграм, додавајќи дека хоспитализираниот маж подоцна починал.

Олех Синехубов, гувернер на регионот Харков во североисточна Украина, рече дека руски проектили погодиле нестанбена инфраструктура во градот Харков, административен центар на регионот.

Цела Украина беше во состојба на готовност за воздушен напад од околу 6 часот наутро, а украинските воздухопловни сили предупредија на Телеграма на закана од руски ракетен напад.

Експлозии и потреси се забележани и во областа околу градот Лавов.

Високиот претставник за надворешна политика и безбедност на Е’вропската Унија (ЕУ), Жосеп Борел, кој престојува во дводневна посета на Украина, соопшти дека утрото го дочекал во засолниште поради сирените за воздушна опасност кои се огласија ширум Киев.

Утрото го почнувам во засолниште додека се огласуваат сирените ширум Киев. Ова е секојдневна реалност на херојскиот украински народ, откако Русија ја почна противправна агресија“, напиша Борел на платформата Х.

 

 

The post Силни експлозии во Киев, Борел го поминал утрото во засолниште appeared first on Република.

]]>

Утрово Русија изврши нов ракетен напад врз Киев и други украински градови, соопштија од украинското воздухопловство. Едно лице загина на југот на земјата, а во главниот град се активирани системи за противвоздушна одбрана, каде се слушнале неколку експлозии, пренесува Гардијан. Две силни експлозии се слушнале во центарот на Киев околу 7 часот, а уште најмалку две 45 минути подоцна, објавија киевските медиуми. Еден од новинарите слушнал дека противвоздушната одбрана истрела неколку проектили и беше сведок на една од експлозиите. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, рече дека се активирани системи за противвоздушна одбрана и ги повика луѓето да останат во нивните засолништа. Тој рече дека подоцна лекарите интервенирале и лекувале еден ранет во областа Днепар. Изгубена е струја и во некои делови од градот поради штети предизвикани од фрагменти од ракети. Во ракетен напад во јужниот град Миколаев загина едно лице, десетици се повредени и оштетени се најмалку 20 станбени згради, изјави градоначалникот на градот, Олександр Синкивич. „Има оштетени станбени објекти. Дваесетина од нив се без покрив. Од страна на комуналните претпријатија веќе се санираат оштетувањата на мрежите за гас и вода. Има ранети. Едно лице е хоспитализирано. На другите им е укажана помош на лице место“, напиша тој на Телеграм, додавајќи дека хоспитализираниот маж подоцна починал. Олех Синехубов, гувернер на регионот Харков во североисточна Украина, рече дека руски проектили погодиле нестанбена инфраструктура во градот Харков, административен центар на регионот. Цела Украина беше во состојба на готовност за воздушен напад од околу 6 часот наутро, а украинските воздухопловни сили предупредија на Телеграма на закана од руски ракетен напад. Експлозии и потреси се забележани и во областа околу градот Лавов. Високиот претставник за надворешна политика и безбедност на Е’вропската Унија (ЕУ), Жосеп Борел, кој престојува во дводневна посета на Украина, соопшти дека утрото го дочекал во засолниште поради сирените за воздушна опасност кои се огласија ширум Киев.
Утрото го почнувам во засолниште додека се огласуваат сирените ширум Киев. Ова е секојдневна реалност на херојскиот украински народ, откако Русија ја почна противправна агресија“, напиша Борел на платформата Х.
   

The post Силни експлозии во Киев, Борел го поминал утрото во засолниште appeared first on Република.

]]>
Борел: Гласачите во Европа, поради страв би можеле да ја поддржат десницата во ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/borel-glasachite-poradi-strav-bi-mozhele-da-ja-poddrzhat-desnitsata-vo-eu-2/ Mon, 25 Dec 2023 08:25:22 +0000 https://republika.mk/?p=726367

Европските парламентарни избори во јуни 2024 година би можеле да бидат исто судбоносни како и претседателската трка во САД, предупреди високиот претставник на Европската Унија за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел.

Тој за „Гардијан“ изјави дека верува оти стравот на гласачите од непознатото може да ги наведе да ги поддржат десничарските популистички партии.

- Се плашам од страв, се плашам дека Европејците ќе гласаат врз основа на страв. Научно е докажано дека стравот од непознатото и неизвесноста создава хормон кој бара сигурен одговор. Тоа е факт, рече Борел.

- Партиите кои можат да играат на стравот кај луѓето и да даваат лоши одговори на добри прашања, можат да ја привлечат поддршката на европското население, рече Борел.

Шефот на европската дипломатија вели дека прифаќа дека постојат и реални и согледани причини за загриженост, но ги повика гласачите да ги поддржат политичките сили кои можат да дадат јасна анализа на ситуацијата.

- Ако не можеме да го направиме тоа, мислам дека европските избори ќе бидат исто толку опасни како и оние во САД, рече Борел.

Тој потенцираше дека Европа сè уште нуди атрактивен модел за луѓето од целиот свет.

Борел се осврна и на моменталната состојба на проектот на ЕУ на крајот на годината помеѓу две војни, едната во Украина, а другата во Појасот Газа.

Говорејќи на самитот организиран од магазинот Le Grand Continent, тој рече дека двата конфликти ја загрозуваат иднината на Унијата, а во случајот со Украина, тој стравува од пораз доколку не дојде до брза промена на курсот.

Борел рече дека не гледа знаци дека рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да запре, па дури и да се задоволи со договор што ќе и овозможи на Москва да го задржи источниот дел на Украина.

За ситуацијата во Газа, тој рече дека Хамас не е само воена сила, туку идеја и како таква може да се победи само со подобри идеи, а не само со бомби.

The post Борел: Гласачите во Европа, поради страв би можеле да ја поддржат десницата во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Европските парламентарни избори во јуни 2024 година би можеле да бидат исто судбоносни како и претседателската трка во САД, предупреди високиот претставник на Европската Унија за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел. Тој за „Гардијан“ изјави дека верува оти стравот на гласачите од непознатото може да ги наведе да ги поддржат десничарските популистички партии.
- Се плашам од страв, се плашам дека Европејците ќе гласаат врз основа на страв. Научно е докажано дека стравот од непознатото и неизвесноста создава хормон кој бара сигурен одговор. Тоа е факт, рече Борел. - Партиите кои можат да играат на стравот кај луѓето и да даваат лоши одговори на добри прашања, можат да ја привлечат поддршката на европското население, рече Борел.
Шефот на европската дипломатија вели дека прифаќа дека постојат и реални и согледани причини за загриженост, но ги повика гласачите да ги поддржат политичките сили кои можат да дадат јасна анализа на ситуацијата.
- Ако не можеме да го направиме тоа, мислам дека европските избори ќе бидат исто толку опасни како и оние во САД, рече Борел.
Тој потенцираше дека Европа сè уште нуди атрактивен модел за луѓето од целиот свет. Борел се осврна и на моменталната состојба на проектот на ЕУ на крајот на годината помеѓу две војни, едната во Украина, а другата во Појасот Газа. Говорејќи на самитот организиран од магазинот Le Grand Continent, тој рече дека двата конфликти ја загрозуваат иднината на Унијата, а во случајот со Украина, тој стравува од пораз доколку не дојде до брза промена на курсот. Борел рече дека не гледа знаци дека рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да запре, па дури и да се задоволи со договор што ќе и овозможи на Москва да го задржи источниот дел на Украина. За ситуацијата во Газа, тој рече дека Хамас не е само воена сила, туку идеја и како таква може да се победи само со подобри идеи, а не само со бомби.

The post Борел: Гласачите во Европа, поради страв би можеле да ја поддржат десницата во ЕУ appeared first on Република.

]]>
Борел: Не е време да се намали европската помош за Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/borel-ne-e-vreme-da-se-namali-evropskata-pomosh-za-ukraina/ Mon, 11 Dec 2023 08:29:00 +0000 https://republika.mk/?p=721651

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел пред почетокот на денешниот состанок на Европските министри за надворешни работи во Брисел изјави дека се надева „дека нема да биде засегнато европското единство за Украина.

- Не е време да ослабнеме туку да се зголеми помошта за Киев, изјави тој.

Според него, досега земјите од ЕУ и обезбедиле на Украина воена помош од околу 26 милијарди евра и неопходно е да се координира помошта што се дава на билатерална основа.

Борел најави дека министрите за надворешни работи ќе разговараат за предлозите за зголемување на помошта за Украина.

The post Борел: Не е време да се намали европската помош за Украина appeared first on Република.

]]>

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел пред почетокот на денешниот состанок на Европските министри за надворешни работи во Брисел изјави дека се надева „дека нема да биде засегнато европското единство за Украина.
- Не е време да ослабнеме туку да се зголеми помошта за Киев, изјави тој.
Според него, досега земјите од ЕУ и обезбедиле на Украина воена помош од околу 26 милијарди евра и неопходно е да се координира помошта што се дава на билатерална основа. Борел најави дека министрите за надворешни работи ќе разговараат за предлозите за зголемување на помошта за Украина.

The post Борел: Не е време да се намали европската помош за Украина appeared first on Република.

]]>
Борел: Решението на конфликтот во Газа може да биде само политичко, засновано на две држави https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/borel-reshenieto-na-konfliktot-vo-gaza-mozhe-da-bide-samo-politichko-zasnovano-na-dve-drzhavi/ Mon, 04 Dec 2023 12:37:12 +0000 https://republika.mk/?p=719487

Шефот на дипломатијата на Европската унија, Жозеп Борел денеска соопшти дека разговарал со министерот за надворешни работи на Иран, Хосеин Амир Абдолахиан и дека решението на конфликтот во Газа може да биде само засновано на две држави.

„Разговарав со Амир Абдолахиан за ситуацијата во Газа и на Западниот Брег. Решението може да биде само политичко, засновано на две држави. Мораме да спречиме какво било регионално ширење на конфликтот. Апелирав до Иран да го искористи своето влијание и активно да работи на избегнување на каква било натамошна ескалација во регионот“, истакна Бореил на платформата „Икс“ (Твитер).

Иран вчера предупреди на „израелско воено проширување“ во регионот доколку, според Техеран, „израелската армија продолжи да врши воени злосторства против Палестинците“ во опколениот Појас Газа и окупираниот Западен Брег. Абдолахиан по разговорот со Борел зборуваше за израелските напади врз Појасот Газа, соопшти Министерството за надворешни работи на Иран.

„Доколку не бидат запрени воените злосторства извршени од израелскиот режим во Газа и на Западниот Брег, опсегот на војната во регионот веројатно ќе се продлабочи и прошири“, рече Абдолахиан.

The post Борел: Решението на конфликтот во Газа може да биде само политичко, засновано на две држави appeared first on Република.

]]>

Шефот на дипломатијата на Европската унија, Жозеп Борел денеска соопшти дека разговарал со министерот за надворешни работи на Иран, Хосеин Амир Абдолахиан и дека решението на конфликтот во Газа може да биде само засновано на две држави.
„Разговарав со Амир Абдолахиан за ситуацијата во Газа и на Западниот Брег. Решението може да биде само политичко, засновано на две држави. Мораме да спречиме какво било регионално ширење на конфликтот. Апелирав до Иран да го искористи своето влијание и активно да работи на избегнување на каква било натамошна ескалација во регионот“, истакна Бореил на платформата „Икс“ (Твитер).
Иран вчера предупреди на „израелско воено проширување“ во регионот доколку, според Техеран, „израелската армија продолжи да врши воени злосторства против Палестинците“ во опколениот Појас Газа и окупираниот Западен Брег. Абдолахиан по разговорот со Борел зборуваше за израелските напади врз Појасот Газа, соопшти Министерството за надворешни работи на Иран. „Доколку не бидат запрени воените злосторства извршени од израелскиот режим во Газа и на Западниот Брег, опсегот на војната во регионот веројатно ќе се продлабочи и прошири“, рече Абдолахиан.

The post Борел: Решението на конфликтот во Газа може да биде само политичко, засновано на две држави appeared first on Република.

]]>
Ковачевски- Борел: Македонија припаѓа на ЕУ, тоа е заедница на вредности, не само заедница на интереси https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-borel-severna-makedonija-pripaga-na-eu-toa-e-zaednitsa-na-vrednosti-ne-samo-zaednitsa-na-interesi/ Wed, 29 Nov 2023 20:25:35 +0000 https://republika.mk/?p=717772

Претседателот на Владата, Ковачевски истакна дека Македонија има јасна евро-интеграциска перспектива, дека Владата има вистинска определба и работи на воведување на европските стандарди и вредности. Показател за тоа, како што рече Ковачевски е и скрининг процесот, а извештај за скринингот ќе биде патоказ со кој земјата ќе го зајакне фокусот во реформата во јавната администрација, механизмите за владеење на правото и борба против корупцијата како и унапредување на пазарното стопанство во државата.

„Скрининг процесот се одвиваше со предвидено темпо, ја задржавме динамиката во текот на целиот процес и очекуваме да заврши следната недела. Како Влада, не дозволивме внатреполитичките спорови да ги стават на страна реформите потребни кон приближување на стандардите и законите на ЕУ, ниту пак да го отежнат или спречат процесот на скрининг кој успешно го предводеше вицепремиерот за европски интеграции, заедно со неговите колеги  но и сите други вклучени од останатите министерства и други министерства, како и стопански комори коишто учествуваа во скринингот кој се одвиваше во текот на изминатиот период во Брисел“-изјави премиерот.

Премиерот истакна дека со својот вечераше гостин Борел се согласиле дека Македонија мора да продолжи со процесот на ЕУ интеграција. Европскиот напредок на земјата е важен поради подобра иднина на граѓаните подобар животен стандард, како и иднината на новите генерации кои заслужуваат да живеат во земја членка на ЕУ.

„Нашите граѓаните не заслужуваат и не сакаат статус кво и нашите граѓани не заслужуваат повторно изолација каква што гледавме 11 години. Членството во ЕУ е нашата цел и ние немаме друга алтернатива. Дали ќе бидеме таму набрзо, зависи само од нас, и тоа зависи од сите нас, односно од сите политички чинители во оваа земја, кои имаат одговорност пред народот да испорачаат резултати на патот кон ЕУ без изговори“,рече Ковачевски.

Потпретседателот на Европската комисија Жозеп Борел на пресконференцијата истакна:

„Знаете дека ЕУ ја поддржува Украина затоа што Украина се бори за да ги сочува својот интегритет и суверенитет но се бори и за мирот и стабилноста во Европа. Кога велам стабилност и мир во Европа тука го вклучувам и Западниот Балкан и во таа насока сакам да ја уважам позицијата на Македонија, вашето непогрешливо целонсо усогласување со надворешната политика на ЕУ, вие продолживте со напорите за реформи токму на овој европски пат за вашата земја а особено вие премиере лично, вашиот ангажман, вашиот силен ангажман со цел да ја внесете Македонија во ЕУ, вашите напори за реформи се нешто што ние навистина во Брисел многу го  цениме“.

Високиот преставник на ЕУ, истакна скрининг процесот набрзо ќе заврши и упати честитка до државните службеници, целата администрација на Македонија,на службениците кои, како што кажа-вредно работат со цел да го овозможат овој процес.

„Ова е инвестиција, влог во иднината на вашата земја, вие работите не за вашата политичка партија туку за државата. Одењето по европскиот пат е нешто што треба да биде пред и над меѓупартиските превирања, тоа треба да биде заеднички потфат и сите треба да притискаат кон тоа, тоа е нешто што и треба на земјата, а со цел да напредувате во пристапните преговори ќе биде од клучно значење да постои соработка, да се избегне политичката поделеност и да се слуша ЕУ. Можеби не се согласувате со многу работи што е тоа демократија, им предлагате на граѓаните различни предлози но не треба да постои политичка поделеност за прашањата за ЕУ, ако сакате да одите по патот на ЕУ тогаш мора да го завршите процесот на усвојување на уставните измени и да напредувате за клучните реформи, тоа е во интерес на сите граѓани на оваа земја. Тоа не е нешто што ќе донесе корист за една политичка партија, тоа ќе донесе корист за целиот народ.“ рече Борел.

Премиерот Ковачевски и потпретседателот на ЕК Борел, говореа и за Развојниот план на Европската Унија за Западен Балкан. Како што истакна премиерот, тоа ќе биде нов силен поттик на процесот на евроинтеграции.

„Планот бара продолжување на реформските процеси кои се пред нас, за кои имаме и политичка волја и знаење и капацитет да ги исполниме. Планот нуди одлични можности за земјите во пристапниот процес и планираме и да работиме со цел максимално искористување на средствата кои истиот ги става на располагање и којшто обезбедува поголема интеграција на регионот, забрзување на реформите и забрзана интеграција на заедничкиот европски пазар пред целосно вклучување во ЕУ. Го информирав Високиот претставник дека веднаш по формалната презентација на Планот, активно разботевме на создавање структура за негова имплементација и одржавме многу важен координативен состанок со претставници од соседните земји пред две недели во Скопје“,изјави премиерот.

Потпретседателот на ЕК, говорејќи за важноста на планот за развој рече:

„Имате можност да добиете пристап до важни делови од единствениот европски пазар што е најважната вредност од станувањето членка, а вие ќе можете да пристапите дури пред да станете членка. Ова е прилика која треба да ја искористите. И за тоа имате целосна наша поддршка. Ќе останам на ваша страна, на страната на Македонија, на нејзината Влада, ќе ве придржувам кон патот на напредокот, кон крајната цел што е членство во ЕУ. Македонија припаѓа на ЕУ, тоа е заедница на вредности , не само заедница на интереси. Јас сум задолжен да ги претставувам и вредностите и интересите на ЕУ во светот. И од она што јас го сфаќам и од мојата увереност можам да кажам дека СМ припаѓа во ЕУ. Ве охрабрувам да продолжите со вашата работа да добиете полноправно членство а истовремено да ги искористите предностите од овој план за раст“, изјави Борел.

The post Ковачевски- Борел: Македонија припаѓа на ЕУ, тоа е заедница на вредности, не само заедница на интереси appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата, Ковачевски истакна дека Македонија има јасна евро-интеграциска перспектива, дека Владата има вистинска определба и работи на воведување на европските стандарди и вредности. Показател за тоа, како што рече Ковачевски е и скрининг процесот, а извештај за скринингот ќе биде патоказ со кој земјата ќе го зајакне фокусот во реформата во јавната администрација, механизмите за владеење на правото и борба против корупцијата како и унапредување на пазарното стопанство во државата. „Скрининг процесот се одвиваше со предвидено темпо, ја задржавме динамиката во текот на целиот процес и очекуваме да заврши следната недела. Како Влада, не дозволивме внатреполитичките спорови да ги стават на страна реформите потребни кон приближување на стандардите и законите на ЕУ, ниту пак да го отежнат или спречат процесот на скрининг кој успешно го предводеше вицепремиерот за европски интеграции, заедно со неговите колеги  но и сите други вклучени од останатите министерства и други министерства, како и стопански комори коишто учествуваа во скринингот кој се одвиваше во текот на изминатиот период во Брисел“-изјави премиерот. Премиерот истакна дека со својот вечераше гостин Борел се согласиле дека Македонија мора да продолжи со процесот на ЕУ интеграција. Европскиот напредок на земјата е важен поради подобра иднина на граѓаните подобар животен стандард, како и иднината на новите генерации кои заслужуваат да живеат во земја членка на ЕУ. „Нашите граѓаните не заслужуваат и не сакаат статус кво и нашите граѓани не заслужуваат повторно изолација каква што гледавме 11 години. Членството во ЕУ е нашата цел и ние немаме друга алтернатива. Дали ќе бидеме таму набрзо, зависи само од нас, и тоа зависи од сите нас, односно од сите политички чинители во оваа земја, кои имаат одговорност пред народот да испорачаат резултати на патот кон ЕУ без изговори“,рече Ковачевски. Потпретседателот на Европската комисија Жозеп Борел на пресконференцијата истакна: „Знаете дека ЕУ ја поддржува Украина затоа што Украина се бори за да ги сочува својот интегритет и суверенитет но се бори и за мирот и стабилноста во Европа. Кога велам стабилност и мир во Европа тука го вклучувам и Западниот Балкан и во таа насока сакам да ја уважам позицијата на Македонија, вашето непогрешливо целонсо усогласување со надворешната политика на ЕУ, вие продолживте со напорите за реформи токму на овој европски пат за вашата земја а особено вие премиере лично, вашиот ангажман, вашиот силен ангажман со цел да ја внесете Македонија во ЕУ, вашите напори за реформи се нешто што ние навистина во Брисел многу го  цениме“. Високиот преставник на ЕУ, истакна скрининг процесот набрзо ќе заврши и упати честитка до државните службеници, целата администрација на Македонија,на службениците кои, како што кажа-вредно работат со цел да го овозможат овој процес. „Ова е инвестиција, влог во иднината на вашата земја, вие работите не за вашата политичка партија туку за државата. Одењето по европскиот пат е нешто што треба да биде пред и над меѓупартиските превирања, тоа треба да биде заеднички потфат и сите треба да притискаат кон тоа, тоа е нешто што и треба на земјата, а со цел да напредувате во пристапните преговори ќе биде од клучно значење да постои соработка, да се избегне политичката поделеност и да се слуша ЕУ. Можеби не се согласувате со многу работи што е тоа демократија, им предлагате на граѓаните различни предлози но не треба да постои политичка поделеност за прашањата за ЕУ, ако сакате да одите по патот на ЕУ тогаш мора да го завршите процесот на усвојување на уставните измени и да напредувате за клучните реформи, тоа е во интерес на сите граѓани на оваа земја. Тоа не е нешто што ќе донесе корист за една политичка партија, тоа ќе донесе корист за целиот народ.“ рече Борел. Премиерот Ковачевски и потпретседателот на ЕК Борел, говореа и за Развојниот план на Европската Унија за Западен Балкан. Како што истакна премиерот, тоа ќе биде нов силен поттик на процесот на евроинтеграции. „Планот бара продолжување на реформските процеси кои се пред нас, за кои имаме и политичка волја и знаење и капацитет да ги исполниме. Планот нуди одлични можности за земјите во пристапниот процес и планираме и да работиме со цел максимално искористување на средствата кои истиот ги става на располагање и којшто обезбедува поголема интеграција на регионот, забрзување на реформите и забрзана интеграција на заедничкиот европски пазар пред целосно вклучување во ЕУ. Го информирав Високиот претставник дека веднаш по формалната презентација на Планот, активно разботевме на создавање структура за негова имплементација и одржавме многу важен координативен состанок со претставници од соседните земји пред две недели во Скопје“,изјави премиерот. Потпретседателот на ЕК, говорејќи за важноста на планот за развој рече: „Имате можност да добиете пристап до важни делови од единствениот европски пазар што е најважната вредност од станувањето членка, а вие ќе можете да пристапите дури пред да станете членка. Ова е прилика која треба да ја искористите. И за тоа имате целосна наша поддршка. Ќе останам на ваша страна, на страната на Македонија, на нејзината Влада, ќе ве придржувам кон патот на напредокот, кон крајната цел што е членство во ЕУ. Македонија припаѓа на ЕУ, тоа е заедница на вредности , не само заедница на интереси. Јас сум задолжен да ги претставувам и вредностите и интересите на ЕУ во светот. И од она што јас го сфаќам и од мојата увереност можам да кажам дека СМ припаѓа во ЕУ. Ве охрабрувам да продолжите со вашата работа да добиете полноправно членство а истовремено да ги искористите предностите од овој план за раст“, изјави Борел.

The post Ковачевски- Борел: Македонија припаѓа на ЕУ, тоа е заедница на вредности, не само заедница на интереси appeared first on Република.

]]>
Борел: Лавров во Скопје ќе чуе директно зошто Русија е осудена и изолирана https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/borel-lavrov-vo-skopje-ke-chue-direktno-zoshto-rusija-e-osudena-i-izolirana/ Wed, 29 Nov 2023 20:02:09 +0000 https://republika.mk/?p=717758

Потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел вечерва изјави дека министерскиот состанок на ОБСЕ во Скопје ќе биде добра прилика министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров, да чуе директно од учесниците зошто Русија е осудена и изолирана, а потоа ќе може да се врати во Кремљ и да пренесе дека ЕУ и ОБСЕ остануваат обединети во осудувањето на агресивното и незаконско однесување на Русија.

-Јас сфаќам дека некои земји учеснички не беа воодушевени од вашата одлука да присуствува министерот Лавров. Ги сфаќам затоа што со незаконската војна на Русија против Украина таа ги поткопува истите начела на ОБСЕ и ги нарушува законите и поради тоа се соочува со меѓународни санкции и со меѓународна изолација. А сепак вашата одлука да дозволите Лавров да учествува е во согласност со нашата заедничка цел да го одржиме мултилатерализмот жив и Лавров треба повторно да слушне од сите зошто ја осудуваме Русија и зошто ја изолираме. Ова е добра прилика за него да чуе директно од учесниците на овој состанок зошто Русија е осудена и изолирана, а потоа ќе може да се врати во Кремљ и да му каже на господарот на Кремљ дека ЕУ и ОБСЕ остануваат обединети во осудувањето на агресивното и незаконско однесување на Русија. Тоа ќе биде навистина многу корисно од оваа гледна точка, рече Борел по билатералната средба со премиерот Димитар Ковачевски.

Потпретседателот на ЕК и висок претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика кажа дека ОБСЕ и покрај сите неволји и тешки времиња во кои живееме е важен партнер, а поради тоа што живееме во вакви времиња станува уште поважен партнер, организација и форум за размена за Европската Унија.

-Ние многу ја цениме улогата на ОБСЕ, особено во вакво време. ОБСЕ е единствената платформа каде што нашата заедничка европска безбедносна архитектура треба да биде дискутирана и покрај обидите од Русија да го поткопа ОБСЕ, да ги поткопа неговите начела и постојната безбедност, нагласи Борел.

Од друга страна, потенцира тој, од суштинско значење е на министерскиот состанок да се осигураме дека ОБСЕ ги има сите потребни средства на свое располагање за да функционира ефективно.

Ние не сакаме да ја изгубиме работната способност на ОБСЕ и сакаме да ви честитаме вам на Македонија за работата што ја завршивте токму во овие тешки времиња. Навистина завршивте добра работа и заслужувате да ви се заблагодариме, рече Борел.

Високиот претставник на ЕУ го поздрави предлогот Малта да биде следниот претседавач за 2024 година и се надева дека одлуката ќе се усвои на министерскиот состанок во Скопје.

Борел исто така нагласи дека ЕУ ја поддржува Украина која се бори да го зачува суверенитетот и интегритетот, но, како што кажа, се бори за мирот и стабилноста во Европа.

-Кога велам стабилност и мир во Европа, тука го вклучувам и Западниот Балкан  и во таа насока сакам да ја уважам позицијата на Македонија, вашето непогрешливо усогласување со надворешната политика со ЕУ, рече Борел.

Премиерот Ковачевски и Борел вечерва одржаа билатерална средба во пресерет на министерскиот состанок на ОБСЕ на која присуствуваа и заменик претседателот за европски прашања Бојан Маричиќ и еврамбасадорот Дејвид Гир.

 

 

The post Борел: Лавров во Скопје ќе чуе директно зошто Русија е осудена и изолирана appeared first on Република.

]]>

Потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел вечерва изјави дека министерскиот состанок на ОБСЕ во Скопје ќе биде добра прилика министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров, да чуе директно од учесниците зошто Русија е осудена и изолирана, а потоа ќе може да се врати во Кремљ и да пренесе дека ЕУ и ОБСЕ остануваат обединети во осудувањето на агресивното и незаконско однесување на Русија. -Јас сфаќам дека некои земји учеснички не беа воодушевени од вашата одлука да присуствува министерот Лавров. Ги сфаќам затоа што со незаконската војна на Русија против Украина таа ги поткопува истите начела на ОБСЕ и ги нарушува законите и поради тоа се соочува со меѓународни санкции и со меѓународна изолација. А сепак вашата одлука да дозволите Лавров да учествува е во согласност со нашата заедничка цел да го одржиме мултилатерализмот жив и Лавров треба повторно да слушне од сите зошто ја осудуваме Русија и зошто ја изолираме. Ова е добра прилика за него да чуе директно од учесниците на овој состанок зошто Русија е осудена и изолирана, а потоа ќе може да се врати во Кремљ и да му каже на господарот на Кремљ дека ЕУ и ОБСЕ остануваат обединети во осудувањето на агресивното и незаконско однесување на Русија. Тоа ќе биде навистина многу корисно од оваа гледна точка, рече Борел по билатералната средба со премиерот Димитар Ковачевски. Потпретседателот на ЕК и висок претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика кажа дека ОБСЕ и покрај сите неволји и тешки времиња во кои живееме е важен партнер, а поради тоа што живееме во вакви времиња станува уште поважен партнер, организација и форум за размена за Европската Унија. -Ние многу ја цениме улогата на ОБСЕ, особено во вакво време. ОБСЕ е единствената платформа каде што нашата заедничка европска безбедносна архитектура треба да биде дискутирана и покрај обидите од Русија да го поткопа ОБСЕ, да ги поткопа неговите начела и постојната безбедност, нагласи Борел. Од друга страна, потенцира тој, од суштинско значење е на министерскиот состанок да се осигураме дека ОБСЕ ги има сите потребни средства на свое располагање за да функционира ефективно. Ние не сакаме да ја изгубиме работната способност на ОБСЕ и сакаме да ви честитаме вам на Македонија за работата што ја завршивте токму во овие тешки времиња. Навистина завршивте добра работа и заслужувате да ви се заблагодариме, рече Борел. Високиот претставник на ЕУ го поздрави предлогот Малта да биде следниот претседавач за 2024 година и се надева дека одлуката ќе се усвои на министерскиот состанок во Скопје. Борел исто така нагласи дека ЕУ ја поддржува Украина која се бори да го зачува суверенитетот и интегритетот, но, како што кажа, се бори за мирот и стабилноста во Европа. -Кога велам стабилност и мир во Европа, тука го вклучувам и Западниот Балкан  и во таа насока сакам да ја уважам позицијата на Македонија, вашето непогрешливо усогласување со надворешната политика со ЕУ, рече Борел. Премиерот Ковачевски и Борел вечерва одржаа билатерална средба во пресерет на министерскиот состанок на ОБСЕ на која присуствуваа и заменик претседателот за европски прашања Бојан Маричиќ и еврамбасадорот Дејвид Гир.    

The post Борел: Лавров во Скопје ќе чуе директно зошто Русија е осудена и изолирана appeared first on Република.

]]>
Борел: Руската агресија против Украина достигна нов врв на немилосрдност https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/borel-ruskata-agresija-protiv-ukraina-dostigna-nov-vrv-na-nemilosrdnost/ Thu, 02 Nov 2023 10:44:43 +0000 https://republika.mk/?p=697365

Во средата Русија гранатираше 118 украински населби, што беше најмасовниот напад врз Украина оваа година, објави украинскиот министер за внатрешни работи Игор Клименко.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, изјави дека руската агресија против Украина достигна нов врв на немилосрдност и дека другите кризи нема да го одвлечат вниманието на Европа од Украина.

„Нашата поддршка продолжува се додека е потребно“, напиша Борел на социјалната мрежа Х.

Војната со дронови продолжи. Во напад на руски дрон опожарена е рафинеријата за нафта во Кременчук во централна Украина, поради што во три села е прекинато снабдувањето со електрична енергија.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу тврди дека Киев трпи порази и покрај тоа што НАТО го снабдува со нови видови оружје.

Шојгу рече дека групата руски војници продолжува да спроведува активна одбрана и ефективно да нанесува штета на непријателот.

Јужнокорејската разузнавачка служба се сомнева дека Северна Кореја ѝ испорачала на Русија повеќе од милион артилериски проектили и друго оружје во околу 10 пратки од почетокот на август.

The post Борел: Руската агресија против Украина достигна нов врв на немилосрдност appeared first on Република.

]]>

Во средата Русија гранатираше 118 украински населби, што беше најмасовниот напад врз Украина оваа година, објави украинскиот министер за внатрешни работи Игор Клименко. Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, изјави дека руската агресија против Украина достигна нов врв на немилосрдност и дека другите кризи нема да го одвлечат вниманието на Европа од Украина.
„Нашата поддршка продолжува се додека е потребно“, напиша Борел на социјалната мрежа Х.
Војната со дронови продолжи. Во напад на руски дрон опожарена е рафинеријата за нафта во Кременчук во централна Украина, поради што во три села е прекинато снабдувањето со електрична енергија. Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу тврди дека Киев трпи порази и покрај тоа што НАТО го снабдува со нови видови оружје. Шојгу рече дека групата руски војници продолжува да спроведува активна одбрана и ефективно да нанесува штета на непријателот. Јужнокорејската разузнавачка служба се сомнева дека Северна Кореја ѝ испорачала на Русија повеќе од милион артилериски проектили и друго оружје во околу 10 пратки од почетокот на август.

The post Борел: Руската агресија против Украина достигна нов врв на немилосрдност appeared first on Република.

]]>
Борел „згрозен“ од бројот на жртвите во израелскиот напад на бегалскиот камп Џабалија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/borel-zgrozen-od-brojot-na-zhrtvite-vo-izraelskiot-napad-na-begalskiot-kamp-dhabalija/ Wed, 01 Nov 2023 13:37:50 +0000 https://republika.mk/?p=697104

Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел изјави дека е „згрозен“ од бројот на жртвите во израелскиот воздушен напад во бегалскиот камп Џабалија во северниот дел на Појасот Газа, додавајќи дека „законите на војната и хуманоста мора секогаш да се применуваат“.

Во објавата на социјалните мрежи, тој напиша: „Надоврзувајќи се на јасниот став на Советот на ЕУ дека Израел има право да се брани во согласност со меѓународното хуманитарно право и обезбедувајќи заштита на сите цивили, јас сум ужаснат од големиот број на жртви по израелско бомбардирање на бегалскиот камп Џабалија“.

Во нападот, според извори од индонезиската болница во Газа, загинале повеќе од 50 луѓе, а уште 150 се повредени.

„Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш потсети дека меѓународното хуманитарно право не може да се применува селективно, вклучувајќи ги принципите на дистинкција, пропорционалност и претпазливост. Правото на самоодбрана секогаш треба да биде избалансирано со обврската да се поштедат цивилите во најголема можна мера“, наведе Борел.

The post Борел „згрозен“ од бројот на жртвите во израелскиот напад на бегалскиот камп Џабалија appeared first on Република.

]]>

Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел изјави дека е „згрозен“ од бројот на жртвите во израелскиот воздушен напад во бегалскиот камп Џабалија во северниот дел на Појасот Газа, додавајќи дека „законите на војната и хуманоста мора секогаш да се применуваат“. Во објавата на социјалните мрежи, тој напиша: „Надоврзувајќи се на јасниот став на Советот на ЕУ дека Израел има право да се брани во согласност со меѓународното хуманитарно право и обезбедувајќи заштита на сите цивили, јас сум ужаснат од големиот број на жртви по израелско бомбардирање на бегалскиот камп Џабалија“. Во нападот, според извори од индонезиската болница во Газа, загинале повеќе од 50 луѓе, а уште 150 се повредени. „Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш потсети дека меѓународното хуманитарно право не може да се применува селективно, вклучувајќи ги принципите на дистинкција, пропорционалност и претпазливост. Правото на самоодбрана секогаш треба да биде избалансирано со обврската да се поштедат цивилите во најголема можна мера“, наведе Борел.

The post Борел „згрозен“ од бројот на жртвите во израелскиот напад на бегалскиот камп Џабалија appeared first on Република.

]]>
Борел бара „пауза во непријателствата“ за да се овозоможи хуманитарен пристап до Газа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/borel-bara-pauza-vo-neprijatelstvata-za-da-se-ovozomozhi-humanitaren-pristap-do-gaza/ Sat, 28 Oct 2023 15:08:03 +0000 https://republika.mk/?p=695835

Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел побара „пауза на непријателствата“ за да се дозволи хуманитарна помош во Појасот Газа по интензивното бомбардирање на крајбрежната територија во текот на ноќта.

Газа е во целосен мрак и изолација додека продолжува силно гранатирање, напиша Борел на Х.

Убиени се премногу цивили, вклучително и деца. Ова е против меѓународното хуманитарно право, нагласи тој.

Ги осудуваме сите напади врз цивили, вклучително и континуираните неселективни ракетни напади врз Израел и бараме итно и безусловно ослободување на сите заложници, напиша Борел.

The post Борел бара „пауза во непријателствата“ за да се овозоможи хуманитарен пристап до Газа appeared first on Република.

]]>

Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел побара „пауза на непријателствата“ за да се дозволи хуманитарна помош во Појасот Газа по интензивното бомбардирање на крајбрежната територија во текот на ноќта.
Газа е во целосен мрак и изолација додека продолжува силно гранатирање, напиша Борел на Х. Убиени се премногу цивили, вклучително и деца. Ова е против меѓународното хуманитарно право, нагласи тој. Ги осудуваме сите напади врз цивили, вклучително и континуираните неселективни ракетни напади врз Израел и бараме итно и безусловно ослободување на сите заложници, напиша Борел.

The post Борел бара „пауза во непријателствата“ за да се овозоможи хуманитарен пристап до Газа appeared first on Република.

]]>
Борел: Прекин на поддршката за Палестинците ќе биде најголемиот подарок за Хамас https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/borel-prekin-na-poddrshkata-za-palestintsite-ke-bide-najgolemiot-podarok-za-hamas/ Tue, 10 Oct 2023 20:44:08 +0000 https://republika.mk/?p=690014

На денешниот вонреден состанок на министрите за надворешни работи на земјите на ЕУ со огромно мнозинство, со исклучок на две или три членки, е донесена одлука дека Унијата мора да продолжи со поддршката и финансирањето на палестинските власти и нема да има кратење на исплатата на развојната помош, изјави вечерва во Мускат високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел.

Европската комисија и некои земји членки предложија ревизија на тоа кој ги добива овие средства, за да бидеме сигурни дека нема поврзаност меѓу нашата поддршка и терористичките активности на Хамас, но таа ревизија не треба да биде изговор за одлагање на нашата соработката, истакна Борел на прес-конференција по вонредната средба на шефовите на дипломатиите на ЕУ посветена на израелско-палестинскиот конфликт.

Според него, би претставувало голема грешка ако во овој критичен момент се прекине соработката со палестинските власти, бидејќи тоа би претставувало најголем подарок што може да му се даде на Хамас и би ги загрозило односите на Унијата со арапскиот свет.

Во услови кога има зголемен број раселени лица, не смееме да ја прекинеме поддршката, рече Борел, истакнувајќи дека ЕУ напротив мора да ја зголеми хуманитарната поддршка за жртвите на актуелните трагични настани.

Борел нагласи дека на средбата се разговарало „за драматичните моменти со кој се соочуваме од саботата, кога Хамас го нападна Израел со масовни убиства на цивили и со киднапирање на луѓе“, при што министрите ги споделиле своите ставови и реакции за случувањата на теренот.

Изразивме осуда на терористичките напади, осуда на нападите врз цивили, побаравме ослободување на заложниците, заштита на цивилите и почитување хуманитарното и военото право, што значи да нема блокади на храната, водата и електричната енергија за цивилното населени во Газа, отворање на хуманитарни коридори, згрижување на луѓето кои побегнаа од бомбардирањето во Газа и да им се овозможи влез во Египет, истакна Борел.

Според него, овие критични настани треба да ја разбудат свеста за потребата од навраќање на проблемот на Палестинците и Израел.

Израел има право на самоодбрана, но тоа мора да биде во согласност со меѓународното хуманитарно право. Сепак, некои одлуки се во спротивност со ова право, додаде Борел.

Тој нагласи дека Унијата мора да ја продолжи соработката со палестинските автономни власти, бидејќи, како што рече, има јасна разлика меѓу Хамас и палестинскиот народ и власти.

Ние го сметаме Хамас за терористичка организација и движењето тоа го потврди однесувајќи се на ваков начин, но палестинските власти се нешто сосема друго. Палестинските власти се наш партнер. Ние не соработуваме со Хамас, но соработуваме, ги поддржуваме и ќе работиме со палестинските власти. Сите Палестинци не се терористи, па затоа колективното казнување на сите Палестинци би било нечесно и контрапродуктивно. Тоа би било против нашиот интерес и интересот на мирот, додаде Борел.

Тој нагласи дека ЕУ мора да ја засили соработката со арапскиот свет и да се поддржат напорите на Саудиска Арабија, Лигата на арапските држави, Египет и Јордан за заживување на мировниот процес на Блискиот Исток.

Мораме да го потсетиме светот дека палестинскиот проблем се уште постои. Постигнувањето мир меѓу Израел и арапските земји е добро, но неопходно е да се воспостави мир и со Палестинците. Во спротивно циклусот на насилство, ќе се повторува постојано, истакна Борел.

Тој додаде дека е реафирмирана поддршката на решението за создавање две држави – Израел и Палестина, бидејќи, како што рече, не знаеме за друго решение.

Затоа мора да работиме тоа да стане остварливо, иако сега 30 години по Договорот од Кејмп Дејвид тоа изгледа подалечно од кога било досега, рече Борел.

Тој потсети дека се одржал, како што рече важен состанок на Совет за соработка на ЕУ и Советот за соработка во Заливот (ГЦЦ), на кој е изразена поддршка на понатамошно консолидирање на стратешкото партнерство меѓу двете организации и на заедничка посветеност да се работи на постигнување мир меѓу Израел и Палестинците.

Во заедничката изјава по средбата на Советот за соработка ЕУ-ГЦЦ се нагласува дека министрите изразиле длабока загриженост за сериозните случувања во Израел и Газа и ги осудиле сите напади врз цивилите, при тоа повикувајќи на заштита на цивилите и потсетувајќи ги страните вклучени во конфликтот на нивните обврски според универзалните принципи на меѓународното хуманитарно право.

Повикуваме на воздржаност, ослободување на заложниците и дозволување пристап до храна, вода и лекови според Меѓународното хуманитарно право, нагласувајќи ја итната потреба од политичко решение на кризата за да се избегне повторување на овој маѓепсан круг на насилство. Министрите на ЕУ и ГЦЦ се решени да изразат жалење за насилството и да повикаат на воздржаност и смиреност од сите страни и се согласија да продолжат со консултациите и да останат ангажирани, се наведува во заедничката изјава од денешниот состанок на министерскиот Совет за соработка на ЕУ и ГЦЦ, во која се повикува и на запирање на сите акти на насилство и какви било унилатерални мерки, на ставање крај на насилството и трасирање на патот кон мир и безбедност.

The post Борел: Прекин на поддршката за Палестинците ќе биде најголемиот подарок за Хамас appeared first on Република.

]]>

На денешниот вонреден состанок на министрите за надворешни работи на земјите на ЕУ со огромно мнозинство, со исклучок на две или три членки, е донесена одлука дека Унијата мора да продолжи со поддршката и финансирањето на палестинските власти и нема да има кратење на исплатата на развојната помош, изјави вечерва во Мускат високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел.
Европската комисија и некои земји членки предложија ревизија на тоа кој ги добива овие средства, за да бидеме сигурни дека нема поврзаност меѓу нашата поддршка и терористичките активности на Хамас, но таа ревизија не треба да биде изговор за одлагање на нашата соработката, истакна Борел на прес-конференција по вонредната средба на шефовите на дипломатиите на ЕУ посветена на израелско-палестинскиот конфликт.
Според него, би претставувало голема грешка ако во овој критичен момент се прекине соработката со палестинските власти, бидејќи тоа би претставувало најголем подарок што може да му се даде на Хамас и би ги загрозило односите на Унијата со арапскиот свет.
Во услови кога има зголемен број раселени лица, не смееме да ја прекинеме поддршката, рече Борел, истакнувајќи дека ЕУ напротив мора да ја зголеми хуманитарната поддршка за жртвите на актуелните трагични настани.
Борел нагласи дека на средбата се разговарало „за драматичните моменти со кој се соочуваме од саботата, кога Хамас го нападна Израел со масовни убиства на цивили и со киднапирање на луѓе“, при што министрите ги споделиле своите ставови и реакции за случувањата на теренот.
Изразивме осуда на терористичките напади, осуда на нападите врз цивили, побаравме ослободување на заложниците, заштита на цивилите и почитување хуманитарното и военото право, што значи да нема блокади на храната, водата и електричната енергија за цивилното населени во Газа, отворање на хуманитарни коридори, згрижување на луѓето кои побегнаа од бомбардирањето во Газа и да им се овозможи влез во Египет, истакна Борел.
Според него, овие критични настани треба да ја разбудат свеста за потребата од навраќање на проблемот на Палестинците и Израел.
Израел има право на самоодбрана, но тоа мора да биде во согласност со меѓународното хуманитарно право. Сепак, некои одлуки се во спротивност со ова право, додаде Борел.
Тој нагласи дека Унијата мора да ја продолжи соработката со палестинските автономни власти, бидејќи, како што рече, има јасна разлика меѓу Хамас и палестинскиот народ и власти.
Ние го сметаме Хамас за терористичка организација и движењето тоа го потврди однесувајќи се на ваков начин, но палестинските власти се нешто сосема друго. Палестинските власти се наш партнер. Ние не соработуваме со Хамас, но соработуваме, ги поддржуваме и ќе работиме со палестинските власти. Сите Палестинци не се терористи, па затоа колективното казнување на сите Палестинци би било нечесно и контрапродуктивно. Тоа би било против нашиот интерес и интересот на мирот, додаде Борел.
Тој нагласи дека ЕУ мора да ја засили соработката со арапскиот свет и да се поддржат напорите на Саудиска Арабија, Лигата на арапските држави, Египет и Јордан за заживување на мировниот процес на Блискиот Исток.
Мораме да го потсетиме светот дека палестинскиот проблем се уште постои. Постигнувањето мир меѓу Израел и арапските земји е добро, но неопходно е да се воспостави мир и со Палестинците. Во спротивно циклусот на насилство, ќе се повторува постојано, истакна Борел.
Тој додаде дека е реафирмирана поддршката на решението за создавање две држави – Израел и Палестина, бидејќи, како што рече, не знаеме за друго решение.
Затоа мора да работиме тоа да стане остварливо, иако сега 30 години по Договорот од Кејмп Дејвид тоа изгледа подалечно од кога било досега, рече Борел.
Тој потсети дека се одржал, како што рече важен состанок на Совет за соработка на ЕУ и Советот за соработка во Заливот (ГЦЦ), на кој е изразена поддршка на понатамошно консолидирање на стратешкото партнерство меѓу двете организации и на заедничка посветеност да се работи на постигнување мир меѓу Израел и Палестинците. Во заедничката изјава по средбата на Советот за соработка ЕУ-ГЦЦ се нагласува дека министрите изразиле длабока загриженост за сериозните случувања во Израел и Газа и ги осудиле сите напади врз цивилите, при тоа повикувајќи на заштита на цивилите и потсетувајќи ги страните вклучени во конфликтот на нивните обврски според универзалните принципи на меѓународното хуманитарно право.
Повикуваме на воздржаност, ослободување на заложниците и дозволување пристап до храна, вода и лекови според Меѓународното хуманитарно право, нагласувајќи ја итната потреба од политичко решение на кризата за да се избегне повторување на овој маѓепсан круг на насилство. Министрите на ЕУ и ГЦЦ се решени да изразат жалење за насилството и да повикаат на воздржаност и смиреност од сите страни и се согласија да продолжат со консултациите и да останат ангажирани, се наведува во заедничката изјава од денешниот состанок на министерскиот Совет за соработка на ЕУ и ГЦЦ, во која се повикува и на запирање на сите акти на насилство и какви било унилатерални мерки, на ставање крај на насилството и трасирање на патот кон мир и безбедност.

The post Борел: Прекин на поддршката за Палестинците ќе биде најголемиот подарок за Хамас appeared first on Република.

]]>
Борел: Изгубивме многу време во процесот на проширување, мора да го забрзаме https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/borel-izgubivme-mnogu-vreme-vo-protsesot-na-proshiruvane-mora-da-go-zabrzame/ Fri, 06 Oct 2023 08:52:33 +0000 https://republika.mk/?p=688478

Добро е да се има цел, да се има хоризонт, а 2030 како датум за проширување на ЕУ е тој хоризонт, но потребно е тоа да се забрза, затоа што досега изгубивме многу време тој процес, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел при пристигнувањето на денешниот неформален Самит на ЕУ што се одржува во шпанскиот град Гранада.

Целта на поставување на датум е да се мобилизира политичката енергија за да започне движење. Добро е да се има цел, да се има хоризонт, но тоа не е прецизен датум. Ако немаме хоризонт луѓето ќе мислат дека има време, но ние немаме време. Изгубивме многу време во процесот на проширување, изјави Борел, додавајќи дека сега кога и Украина е кандидат за членство, тоа ќе може „да ги потурка“ и останатите земји.

Тој истакна дека ЕУ треба да работи со сите десет кандидати за членство, при што пристапувањето ќе мора да се турка многу побрзо отколку во минатото, за што клучно е да има движење и тоа да биде побрзо, но и да се води сметка за пристапот на прилагодување.

Борел потенцира дека на денешниот Совет на ЕУ, покрај за проширувањето, како второ важно прашање од стратешката агенда на Унијата, за кое ќе разговараат лидерите ќе биде миграцијата и тоа за планот од 10 точки што минатиот месец го промовираше претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Според него, во справувањето со илегалната миграција најважно е да се зајакне сузбивањето на шверцот на луѓе и од воздух, и по море и по копно.

Не смееме да дозволиме луѓето да бидат користени како оружје, а тоа сме го гледале кога се притискаат кон границите за да се предизвика проблем, изјави Борел.

Тој нагласи дека за да се спречи шверцот на луѓе и илегалната миграција треба да се работи со земјите од јужниот Медитеран, пред се со Тунис, но и со Либија, но и да се постават гранични контроли и појужно во Африка, во регионот на Сахел.

Знам дека тоа ќе биде тешка задача, но јас како одговорен за безбедносната и одбранбената политика сум подготвен да ја разгледам и таа можност. Кај миграцијата мора да нападнеме во коренот – луѓето се движат затоа што се принудени да се движат, затоа што се загрозени и бараат подобри можности, изјави Борел.

The post Борел: Изгубивме многу време во процесот на проширување, мора да го забрзаме appeared first on Република.

]]>

Добро е да се има цел, да се има хоризонт, а 2030 како датум за проширување на ЕУ е тој хоризонт, но потребно е тоа да се забрза, затоа што досега изгубивме многу време тој процес, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел при пристигнувањето на денешниот неформален Самит на ЕУ што се одржува во шпанскиот град Гранада.
Целта на поставување на датум е да се мобилизира политичката енергија за да започне движење. Добро е да се има цел, да се има хоризонт, но тоа не е прецизен датум. Ако немаме хоризонт луѓето ќе мислат дека има време, но ние немаме време. Изгубивме многу време во процесот на проширување, изјави Борел, додавајќи дека сега кога и Украина е кандидат за членство, тоа ќе може „да ги потурка“ и останатите земји.
Тој истакна дека ЕУ треба да работи со сите десет кандидати за членство, при што пристапувањето ќе мора да се турка многу побрзо отколку во минатото, за што клучно е да има движење и тоа да биде побрзо, но и да се води сметка за пристапот на прилагодување. Борел потенцира дека на денешниот Совет на ЕУ, покрај за проширувањето, како второ важно прашање од стратешката агенда на Унијата, за кое ќе разговараат лидерите ќе биде миграцијата и тоа за планот од 10 точки што минатиот месец го промовираше претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Според него, во справувањето со илегалната миграција најважно е да се зајакне сузбивањето на шверцот на луѓе и од воздух, и по море и по копно.
Не смееме да дозволиме луѓето да бидат користени како оружје, а тоа сме го гледале кога се притискаат кон границите за да се предизвика проблем, изјави Борел.
Тој нагласи дека за да се спречи шверцот на луѓе и илегалната миграција треба да се работи со земјите од јужниот Медитеран, пред се со Тунис, но и со Либија, но и да се постават гранични контроли и појужно во Африка, во регионот на Сахел.
Знам дека тоа ќе биде тешка задача, но јас како одговорен за безбедносната и одбранбената политика сум подготвен да ја разгледам и таа можност. Кај миграцијата мора да нападнеме во коренот – луѓето се движат затоа што се принудени да се движат, затоа што се загрозени и бараат подобри можности, изјави Борел.

The post Борел: Изгубивме многу време во процесот на проширување, мора да го забрзаме appeared first on Република.

]]>
Борел со најава во Киев: ЕУ ќе ја зголеми воената помош за Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/borel-so-najava-vo-kiev-eu-ke-ja-zgolemi-voenata-pomosh-za-ukraina/ Sun, 01 Oct 2023 19:14:15 +0000 https://republika.mk/?p=686894

Шефот за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Жозеп Борел, изјави дека Унијата ќе ја зголеми воената помош за Украина, откако американскиот Конгрес доцна синоќа усвои привремен закон за финансирање во кој не се споменува помош за Украина.

Борел на прес-конференција за време на неговата посета на Киев рече дека за време на „егзистенцијална закана за Европа“, ЕУ сака да ја зголеми воената помош за Украина. Тој го изјави ова по неговата прва средба со украинскиот министер за одбрана Рустемов Умеров, кој беше назначен минатиот месец.

„Да почекаме и да видиме што ќе се случи во САД, но од наша страна ќе продолжиме да ја поддржуваме и да ја зголемуваме нашата поддршка. Украинците се борат со сета своја храброст и капацитет. Ако ЕУ сака тие да бидат поуспешни, мораме да им дадеме подобро и поголемо оружје“, рече Борел, на прашањето за гласањето во Вашингтон.

Во изјавата објавена на X, Борел рече дека Унијата се подготвува за „долгорочни безбедносни обврски кон Украина“. Тој на прес-конференција рече дека се надева оти земјите-членки ќе донесат одлука за зголемување на помошта „пред крајот на годината“.

The post Борел со најава во Киев: ЕУ ќе ја зголеми воената помош за Украина appeared first on Република.

]]>

Шефот за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Жозеп Борел, изјави дека Унијата ќе ја зголеми воената помош за Украина, откако американскиот Конгрес доцна синоќа усвои привремен закон за финансирање во кој не се споменува помош за Украина. Борел на прес-конференција за време на неговата посета на Киев рече дека за време на „егзистенцијална закана за Европа“, ЕУ сака да ја зголеми воената помош за Украина. Тој го изјави ова по неговата прва средба со украинскиот министер за одбрана Рустемов Умеров, кој беше назначен минатиот месец.
„Да почекаме и да видиме што ќе се случи во САД, но од наша страна ќе продолжиме да ја поддржуваме и да ја зголемуваме нашата поддршка. Украинците се борат со сета своја храброст и капацитет. Ако ЕУ сака тие да бидат поуспешни, мораме да им дадеме подобро и поголемо оружје“, рече Борел, на прашањето за гласањето во Вашингтон.
Во изјавата објавена на X, Борел рече дека Унијата се подготвува за „долгорочни безбедносни обврски кон Украина“. Тој на прес-конференција рече дека се надева оти земјите-членки ќе донесат одлука за зголемување на помошта „пред крајот на годината“.

The post Борел со најава во Киев: ЕУ ќе ја зголеми воената помош за Украина appeared first on Република.

]]>
Борел во посета на Одеса https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/borel-vo-poseta-na-odesa/ Sat, 30 Sep 2023 15:04:17 +0000 https://republika.mk/?p=686644

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел денеска пристигна во украинското пристаниште Одеса, каде што повтори дека ЕУ и дава воена, економска, политичка и дипломатска поддршка на Украина.

Тој нагласи дека оваа поддршка е неопходна за да се постигне мир кој е праведен и ги почитува интегритетот и независноста на Украина.

Борел нагласи и дека е неопходно да се поддржи Украина во извозот на жито, бидејќи Русија со попречување на тој извоз загрозува голем број луѓе во најранливите земји во светот.

The post Борел во посета на Одеса appeared first on Република.

]]>

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел денеска пристигна во украинското пристаниште Одеса, каде што повтори дека ЕУ и дава воена, економска, политичка и дипломатска поддршка на Украина. Тој нагласи дека оваа поддршка е неопходна за да се постигне мир кој е праведен и ги почитува интегритетот и независноста на Украина. Борел нагласи и дека е неопходно да се поддржи Украина во извозот на жито, бидејќи Русија со попречување на тој извоз загрозува голем број луѓе во најранливите земји во светот.

The post Борел во посета на Одеса appeared first on Република.

]]>
Борел во вторник во Њујорк со лидерите од Западен Балкан https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/borel-vo-vtornik-vo-nujork-so-liderite-od-zapaden-balkan/ Sun, 17 Sep 2023 19:49:57 +0000 https://republika.mk/?p=682712

Шефот на европската дипломатија, Жосеп Борел во вторник (19 септември) во Њујорк ќе одржи состанок со лидерите од Западен Балкан во рамки на традиционалниот собир на маргините на 78-то Генерално Собрание на Обединетите нации (ОН), соопшти Европската служба за надворешни работи.

Планирано е Борел во Њујорк да учествува на повеќе мултилатерални настани на високо ниво, како и на билатерални состаноци.

Предвидено е заедно со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел да ја претставуваат Европската унија на трилатералниот состанок со Африканската унија, по што ќе следува состанок и со генералниот секретар на ОН; Антонио Гутереш

The post Борел во вторник во Њујорк со лидерите од Западен Балкан appeared first on Република.

]]>

Шефот на европската дипломатија, Жосеп Борел во вторник (19 септември) во Њујорк ќе одржи состанок со лидерите од Западен Балкан во рамки на традиционалниот собир на маргините на 78-то Генерално Собрание на Обединетите нации (ОН), соопшти Европската служба за надворешни работи. Планирано е Борел во Њујорк да учествува на повеќе мултилатерални настани на високо ниво, како и на билатерални состаноци. Предвидено е заедно со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел да ја претставуваат Европската унија на трилатералниот состанок со Африканската унија, по што ќе следува состанок и со генералниот секретар на ОН; Антонио Гутереш

The post Борел во вторник во Њујорк со лидерите од Западен Балкан appeared first on Република.

]]>
Средба Османи- Борел: Да не дозволиме евентуално назадување во ЕУ интеграцијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sredba-osmani-borel-da-ne-dozvolime-eventualno-nazaduvane-vo-eu-integratsijata/ Wed, 23 Aug 2023 09:52:45 +0000 https://republika.mk/?p=674896

Во рамки на работната посета на Шпанија, министерот за надворешни работи Бујар Османи оствари средба со Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија Жозеп Борел. Во фокусот на разговорите беше европското досие на Македонија, при што Османи го брифираше шефот на европската дипломатија за текот на парламентарната дебата со цел усвојување на уставните измени, како преземена обврска за непречен пат на земјата кон полноправното членство во ЕУ.

 

“Со усвојувањето на уставните измени Македонија докажува дека е подготвена за членство во Европската Унија, а очекува од Унијата пристапните преговори да завршат до крајот на 2030 година. Оттука, ни земјата ни Унијата не смеат да дозволат никакво евентуално назадување од целта.” рече Османи.

 

Уверувајќи го Борел за максималните напори на Владата за европеизација на целокупниот политички систем преку веќе утврдените неопходни реформи, рефлектирани и во позитивните извештаи на Европската Комисија, Османи го поздрави новиот План за развој на Европската комисија како навремен одговор на нашето барање за повеќе интеграција и бенефити за нашите граѓани долж патот кон пристапно членство.

 

“Поголема интеграција пред самото членство во ЕУ е во наш, но и во интерес на Унијата: Што поразвиен партнер денес, значи покорисен сојузник утре.“ истакна Османи на средбата со Борел.

 

Соговорниците разменија мислења и за други актуелни теми , со акцент на последните случувања во регионот, а стана збор и за соработката меѓу Унијата и ОБСЕ, со која претседава министерот Османи.

The post Средба Османи- Борел: Да не дозволиме евентуално назадување во ЕУ интеграцијата appeared first on Република.

]]>

Во рамки на работната посета на Шпанија, министерот за надворешни работи Бујар Османи оствари средба со Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија Жозеп Борел. Во фокусот на разговорите беше европското досие на Македонија, при што Османи го брифираше шефот на европската дипломатија за текот на парламентарната дебата со цел усвојување на уставните измени, како преземена обврска за непречен пат на земјата кон полноправното членство во ЕУ.   “Со усвојувањето на уставните измени Македонија докажува дека е подготвена за членство во Европската Унија, а очекува од Унијата пристапните преговори да завршат до крајот на 2030 година. Оттука, ни земјата ни Унијата не смеат да дозволат никакво евентуално назадување од целта.” рече Османи.   Уверувајќи го Борел за максималните напори на Владата за европеизација на целокупниот политички систем преку веќе утврдените неопходни реформи, рефлектирани и во позитивните извештаи на Европската Комисија, Османи го поздрави новиот План за развој на Европската комисија како навремен одговор на нашето барање за повеќе интеграција и бенефити за нашите граѓани долж патот кон пристапно членство.   “Поголема интеграција пред самото членство во ЕУ е во наш, но и во интерес на Унијата: Што поразвиен партнер денес, значи покорисен сојузник утре.“ истакна Османи на средбата со Борел.   Соговорниците разменија мислења и за други актуелни теми , со акцент на последните случувања во регионот, а стана збор и за соработката меѓу Унијата и ОБСЕ, со која претседава министерот Османи.

The post Средба Османи- Борел: Да не дозволиме евентуално назадување во ЕУ интеграцијата appeared first on Република.

]]>
Борел бара итно ослободување на Навални https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/borel-bara-itno-osloboduvane-na-navalni/ Fri, 04 Aug 2023 16:20:52 +0000 https://republika.mk/?p=668797

Високиот претставник на Европска Унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, денеска ги повика руските власти веднаш да го ослободат опозиционерот Алексеј Навални.

Европска Унија повикува на негово итно и безусловно ослободување, напиша Борел на Твитер додавајќи оти новата пресуда против Навални е „политички мотивирана“.

Рускиот суд денеска го осуди Алексеј Навални на дополнителни 19 години затвор поради екстремизам. Тоа е трета затворска казна и оваа е најдолга.

Најжестокиот 47-годишниот критичар на рускиот претседател Владимир Путин веќе издржува 11-годишната затворска казна под обвинение за измама и други наводни злосторства, за кои тој тврди дека се исто така лажни.

Неговото политичко движење претходно беше прогласено за нелегално и означено како „екстремистичко“ од страна на руските власти

The post Борел бара итно ослободување на Навални appeared first on Република.

]]>

Високиот претставник на Европска Унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, денеска ги повика руските власти веднаш да го ослободат опозиционерот Алексеј Навални. Европска Унија повикува на негово итно и безусловно ослободување, напиша Борел на Твитер додавајќи оти новата пресуда против Навални е „политички мотивирана“. Рускиот суд денеска го осуди Алексеј Навални на дополнителни 19 години затвор поради екстремизам. Тоа е трета затворска казна и оваа е најдолга. Најжестокиот 47-годишниот критичар на рускиот претседател Владимир Путин веќе издржува 11-годишната затворска казна под обвинение за измама и други наводни злосторства, за кои тој тврди дека се исто така лажни. Неговото политичко движење претходно беше прогласено за нелегално и означено како „екстремистичко“ од страна на руските власти

The post Борел бара итно ослободување на Навални appeared first on Република.

]]>