борци Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/borci/ За подобро да се разбереме Thu, 29 Aug 2024 12:13:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png борци Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/borci/ 32 32 Сојузот на борците од НОБ реагира на најавите за преименување улици во Тетово https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sojuzot-na-bortsite-od-nob-reagira-na-najavite-za-preimenuvane-ulitsi-vo-tetovo/ Thu, 29 Aug 2024 11:17:50 +0000 https://republika.mk/?p=811193

На последната седница Советот на Општина Тетово донесе Предлог–одлука за формирање на Работна група за преименување на улици во општина Тетово кои веќе имаат определено име и именување на улици на кои името им е определено со работен број. Ова предизвика вознемиреност кај Сојузот на борците од НОБ и граѓани поддржувачи, бидејќи стравуваат дека во новото преименување на улиците ќе се најдат имиња на фашисти и балсити, како и на оние кои учествувале во конфликтот од 2001 година.

- Имајќи го предвид минатото поведение на локалната власт и сензитивноста на материјата, цениме дека е потребно навремено, гласно и јасно да испратиме предупредување дека за Сојузот на борците на НОАВМ, како и за граѓаните на Тетово, воопшто не е прифатливо менување на ниту едно име на улица кое носи име на партизан или деец на антифашистичката коалиција која го победи фашизмот. Исто така е целосно неприфатливо и спротивно на Уставот да се размислува за именување улици и јавни површини со имиња на фашисти и балисти, бидејќи светската историографија јасно ја утврдила нивната улога во минатото, се вели во соопштението испратено од Сојузот на борците.

Пред повеќе години локалната власт на Тетово направи промена на имињата на повеќе улици кои тогаш добија имиња на повеќе албански дејци од поблиската историја од кои дел не беа директно поврзани со Македонија. Па така плоштадот и главниот булевар, кои го носеа името „Маршал Тито“, беа заменети во плоштад и булевар „Илирија“, улицата ЈНА го доби името „Дервиш Цара“, улицата „29 ноември“ се применува во „Мехмед Паша Дерала“, и ред други имиња. Имињата на овие улици беа сменети со образложение дека потекнувале од времето на комунизмот.

За најновото преименување на улиците иницијатива дало Здружението на академици Албанци, која ја доставила до Општина Тетово во 2022 година.

- Во Тетово имаме поширок проект за именување на сите улици, но за жал овде чекаме студија која треба да ја направи Македонскиот катастар, а која сѐ уште ја немаме. И натаму, во Тетово има многу улици, кои не се регистрирани за да се именуваат, а тоа е обврска на Општината, изјави градоначалникот Касами минатата година.

За тоа дали ќе има ново преименување на улиците во Тетово, ќе зависи од советниците на ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ кои се дел од Советот на Општина Тетово, бидејќи оваа одлука треба да се донесе со „бадентерово мнозинство“.

Сега во Тетово за дел улиците се користат двојни имиња, во локалната комуникација Општината ги користи новите имиња, додека во државната комуникација и во патните документи се користат старите називи.

 

The post Сојузот на борците од НОБ реагира на најавите за преименување улици во Тетово appeared first on Република.

]]>

На последната седница Советот на Општина Тетово донесе Предлог–одлука за формирање на Работна група за преименување на улици во општина Тетово кои веќе имаат определено име и именување на улици на кои името им е определено со работен број. Ова предизвика вознемиреност кај Сојузот на борците од НОБ и граѓани поддржувачи, бидејќи стравуваат дека во новото преименување на улиците ќе се најдат имиња на фашисти и балсити, како и на оние кои учествувале во конфликтот од 2001 година. - Имајќи го предвид минатото поведение на локалната власт и сензитивноста на материјата, цениме дека е потребно навремено, гласно и јасно да испратиме предупредување дека за Сојузот на борците на НОАВМ, како и за граѓаните на Тетово, воопшто не е прифатливо менување на ниту едно име на улица кое носи име на партизан или деец на антифашистичката коалиција која го победи фашизмот. Исто така е целосно неприфатливо и спротивно на Уставот да се размислува за именување улици и јавни површини со имиња на фашисти и балисти, бидејќи светската историографија јасно ја утврдила нивната улога во минатото, се вели во соопштението испратено од Сојузот на борците. Пред повеќе години локалната власт на Тетово направи промена на имињата на повеќе улици кои тогаш добија имиња на повеќе албански дејци од поблиската историја од кои дел не беа директно поврзани со Македонија. Па така плоштадот и главниот булевар, кои го носеа името „Маршал Тито“, беа заменети во плоштад и булевар „Илирија“, улицата ЈНА го доби името „Дервиш Цара“, улицата „29 ноември“ се применува во „Мехмед Паша Дерала“, и ред други имиња. Имињата на овие улици беа сменети со образложение дека потекнувале од времето на комунизмот. За најновото преименување на улиците иницијатива дало Здружението на академици Албанци, која ја доставила до Општина Тетово во 2022 година. - Во Тетово имаме поширок проект за именување на сите улици, но за жал овде чекаме студија која треба да ја направи Македонскиот катастар, а која сѐ уште ја немаме. И натаму, во Тетово има многу улици, кои не се регистрирани за да се именуваат, а тоа е обврска на Општината, изјави градоначалникот Касами минатата година. За тоа дали ќе има ново преименување на улиците во Тетово, ќе зависи од советниците на ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ кои се дел од Советот на Општина Тетово, бидејќи оваа одлука треба да се донесе со „бадентерово мнозинство“. Сега во Тетово за дел улиците се користат двојни имиња, во локалната комуникација Општината ги користи новите имиња, додека во државната комуникација и во патните документи се користат старите називи.  

The post Сојузот на борците од НОБ реагира на најавите за преименување улици во Тетово appeared first on Република.

]]>
Владата објави листа на македонски државјани што се бореле во Сирија како дел од ИСИС https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vladata-objavi-lista-na-makedonski-drzavjani-shto-se-borele-vo-sirija-kako-del-od-isis/ Wed, 05 Oct 2022 19:23:20 +0000 https://republika.mk/?p=557737

Владата за првпат објави список на 15 македонски државјани кои учествувале во паравоени формации во Сирија и „Исламска држава“ (ИСИС). Ним им се воведени финансиски санкции поради учество во војната во Сирија и финансирање други за учество во војната.

Имињата на 15 мажи на возраст од околу 30 години, кои ја напуштиле Македонија за да се приклучат на милитантната организација „Исламска држава“ во војната во Сирија, за првпат се појавија на списокот објавен од македонската влада во Службен весник и на веб-страницата на Управата за финансиско разузнавање.

Тие финансиски се казнети со одлуката на Владата за учество во војната во Сирија која трае 11 години и обезбедување пари за други да учествуваат во војната како дел од ИСИС. Станува збор за лица кои не се во земјава и против нив веќе е спроведена истрага и распишана е меѓународна потерница.

Одлуката на Владата за рестриктивни финансиски мерки значи дека на овие лица им се забранува користење, пренесување или на друг начин да располагаат со имот, забрана за ставање на располагање на кој било имот, директно или индиректно, и забрана за воспоставување или продолжување на деловен однос.

Петнаесет лица од финансиската „црна листа“ ја напуштиле земјата во 2014 и 2015 година како членови на ИСИС за да се борат во Сирија. Некои од нив беа кривично гонети за обезбедување пари за луѓето кои заминуваат или присутни во Сирија, додека друг дел ги охрабрува другите луѓе со семејства да заминат во Сирија.

The post Владата објави листа на македонски државјани што се бореле во Сирија како дел од ИСИС appeared first on Република.

]]>

Владата за првпат објави список на 15 македонски државјани кои учествувале во паравоени формации во Сирија и „Исламска држава“ (ИСИС). Ним им се воведени финансиски санкции поради учество во војната во Сирија и финансирање други за учество во војната. Имињата на 15 мажи на возраст од околу 30 години, кои ја напуштиле Македонија за да се приклучат на милитантната организација „Исламска држава“ во војната во Сирија, за првпат се појавија на списокот објавен од македонската влада во Службен весник и на веб-страницата на Управата за финансиско разузнавање. Тие финансиски се казнети со одлуката на Владата за учество во војната во Сирија која трае 11 години и обезбедување пари за други да учествуваат во војната како дел од ИСИС. Станува збор за лица кои не се во земјава и против нив веќе е спроведена истрага и распишана е меѓународна потерница. Одлуката на Владата за рестриктивни финансиски мерки значи дека на овие лица им се забранува користење, пренесување или на друг начин да располагаат со имот, забрана за ставање на располагање на кој било имот, директно или индиректно, и забрана за воспоставување или продолжување на деловен однос. Петнаесет лица од финансиската „црна листа“ ја напуштиле земјата во 2014 и 2015 година како членови на ИСИС за да се борат во Сирија. Некои од нив беа кривично гонети за обезбедување пари за луѓето кои заминуваат или присутни во Сирија, додека друг дел ги охрабрува другите луѓе со семејства да заминат во Сирија.

The post Владата објави листа на македонски државјани што се бореле во Сирија како дел од ИСИС appeared first on Република.

]]>
Американка обучувала батаљон од жени на ИД во Сирија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/amerikanka-obuchuvala-bataljon-od-zeni-na-id-vo-sirija/ Tue, 07 Jun 2022 20:53:22 +0000 https://republika.mk/?p=512385

Американската државјанка Алисон Флuк-Екрен денеска пред американскиот суд призна дека го водела и обучувала женскиот батаљон на ИД во Сирија. Таа го прифати договорот за признавање вина пред федералниот суд и се соочува со затворска казна до 20 години. На крајот на 2016 година, Флук-Екрен ја предводела женската единица на ИД во сирискиот град Рака и водеше обука за пукање од автоматски пушки, фрлање бомби и активирање појаси за самоубиствени напади.

Во писмото на федералниот обвинител Раџ Парех се наведува дека таа обучувала и деца за борба. Флук-Екрен имала намера да регрутира оперативци за терористичкиот напад на универзитетски кампус во САД и планирал напад на трговски центар.

The post Американка обучувала батаљон од жени на ИД во Сирија appeared first on Република.

]]>

Американската државјанка Алисон Флuк-Екрен денеска пред американскиот суд призна дека го водела и обучувала женскиот батаљон на ИД во Сирија. Таа го прифати договорот за признавање вина пред федералниот суд и се соочува со затворска казна до 20 години. На крајот на 2016 година, Флук-Екрен ја предводела женската единица на ИД во сирискиот град Рака и водеше обука за пукање од автоматски пушки, фрлање бомби и активирање појаси за самоубиствени напади. Во писмото на федералниот обвинител Раџ Парех се наведува дека таа обучувала и деца за борба. Флук-Екрен имала намера да регрутира оперативци за терористичкиот напад на универзитетски кампус во САД и планирал напад на трговски центар.

The post Американка обучувала батаљон од жени на ИД во Сирија appeared first on Република.

]]>
Четири жени и девет деца на албански терористи од ИД се враќаат во Албанија од Сирија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/chetiri-zeni-i-devet-deca-na-albanski-teroristi-od-id-se-vrakjaat-vo-albanija-od-sirija/ Sat, 28 May 2022 07:37:37 +0000 https://republika.mk/?p=507868

Нова група, во која се наоѓаат четири жени и девет деца, се извлечени од кампот „Ал-Холит“ во Сирија и ќе бидат вратени во Албанија.

Сите тие се членови на семејства на албански борци кои им се приклучија на исламските екстремистички групи, кои војуваа во Сирија и во Ирак. Тие се извлечени од кампот и сириските власти ги предале на албански претставници предводени од Албан Даутај, директор на секторот за антитероризам, пренесува Ора њуз.

Ова е четврта група на албански жени и деца кои се извлечени од кампот „Ал-Холит“ или вкупно 38 досега. Се смета дека во кампот се уште има најмалку триесеттина албански жени и деца.

Претходната група која пристигна на 31 јули минатата година и ја сочинуваа пет жени и 14 деца беше извлечена благодарение на либанските власти. Во овој случај премиерот Еди Рама и министерот за внатрешни работи, Бледи Чучи, лично беа во Бејрут и заедно со чартер лет пристигнаа во Тирана.

Нема да запреме додека не ги вратите сите, вети тогаш Рама.

Во октомври 2020 година пет Албанки беа вратени назад, додека 12-годишно дете беше вратено во 2019 година, кај неговиот татко кој живее во Италија, а таму го однела мајка му.

Околу 200 албански граѓани се приклучија на страната на Исламската држава и други терористички групи во Сирија и Ирак од почетокот на 2010 година. Најмалку четириесет беа убиени, а нивните жени и деца беа заробени во сириските кампови.

The post Четири жени и девет деца на албански терористи од ИД се враќаат во Албанија од Сирија appeared first on Република.

]]>

Нова група, во која се наоѓаат четири жени и девет деца, се извлечени од кампот „Ал-Холит“ во Сирија и ќе бидат вратени во Албанија.
Сите тие се членови на семејства на албански борци кои им се приклучија на исламските екстремистички групи, кои војуваа во Сирија и во Ирак. Тие се извлечени од кампот и сириските власти ги предале на албански претставници предводени од Албан Даутај, директор на секторот за антитероризам, пренесува Ора њуз.
Ова е четврта група на албански жени и деца кои се извлечени од кампот „Ал-Холит“ или вкупно 38 досега. Се смета дека во кампот се уште има најмалку триесеттина албански жени и деца. Претходната група која пристигна на 31 јули минатата година и ја сочинуваа пет жени и 14 деца беше извлечена благодарение на либанските власти. Во овој случај премиерот Еди Рама и министерот за внатрешни работи, Бледи Чучи, лично беа во Бејрут и заедно со чартер лет пристигнаа во Тирана.
Нема да запреме додека не ги вратите сите, вети тогаш Рама.
Во октомври 2020 година пет Албанки беа вратени назад, додека 12-годишно дете беше вратено во 2019 година, кај неговиот татко кој живее во Италија, а таму го однела мајка му. Околу 200 албански граѓани се приклучија на страната на Исламската држава и други терористички групи во Сирија и Ирак од почетокот на 2010 година. Најмалку четириесет беа убиени, а нивните жени и деца беа заробени во сириските кампови.

The post Четири жени и девет деца на албански терористи од ИД се враќаат во Албанија од Сирија appeared first on Република.

]]>
Борците поддржани од Русија напаѓаат во областа каде што се кријат последните украински бранители на Мариупол – фабричкиот комплекс Азовстал https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/borcite-poddrzani-od-rusija-napagjaat-vo-oblasta-kade-shto-se-krijat-poslednite-ukrainski-braniteli-na-mariupol-fabrichkiot-kompleks-azovstal/ Tue, 19 Apr 2022 20:15:46 +0000 https://republika.mk/?p=490733

Борците поддржани од Русија напаѓаат во областа каде што се кријат последните украински бранители на Мариупол – фабричкиот комплекс Азовстал, железарницата и челичарницата, изјави промосковскиот функционер Едуард Баршурин, лидер на самопрогласената Народна Република Доњецк.

Тој исто така рече дека руските борбени авиони и артилерија им помагаат на јуришните трупи.

Стратешкиот јужен пристанишен град е под опсада на руските војници од почетокот на март.

Руските сили силно ја бомбардираат областа, а исто така гранатираат и станбени области во друг дел од градот, изјави советникот на градоначалникот на Мариупол.

Украинските власти соопштија дека има илјада цивили во фабричкиот комплекс Азовстал кои се засолниле во бункери и тунели на тоа место, но Баршурин тоа го негираше.

Москва вели дека поголемиот дел од градот е под руска контрола. Доколку падне целиот град, стратешки тоа би било многу важно за Русија која на тој начин може да добие контрола врз огромен дел од јужна и источна Украина.

Русија ги повика украинските војници кои го бранат градот да се предадат.

The post Борците поддржани од Русија напаѓаат во областа каде што се кријат последните украински бранители на Мариупол – фабричкиот комплекс Азовстал appeared first on Република.

]]>

Борците поддржани од Русија напаѓаат во областа каде што се кријат последните украински бранители на Мариупол – фабричкиот комплекс Азовстал, железарницата и челичарницата, изјави промосковскиот функционер Едуард Баршурин, лидер на самопрогласената Народна Република Доњецк. Тој исто така рече дека руските борбени авиони и артилерија им помагаат на јуришните трупи. Стратешкиот јужен пристанишен град е под опсада на руските војници од почетокот на март.
Руските сили силно ја бомбардираат областа, а исто така гранатираат и станбени области во друг дел од градот, изјави советникот на градоначалникот на Мариупол.
Украинските власти соопштија дека има илјада цивили во фабричкиот комплекс Азовстал кои се засолниле во бункери и тунели на тоа место, но Баршурин тоа го негираше. Москва вели дека поголемиот дел од градот е под руска контрола. Доколку падне целиот град, стратешки тоа би било многу важно за Русија која на тој начин може да добие контрола врз огромен дел од јужна и источна Украина. Русија ги повика украинските војници кои го бранат градот да се предадат.

The post Борците поддржани од Русија напаѓаат во областа каде што се кријат последните украински бранители на Мариупол – фабричкиот комплекс Азовстал appeared first on Република.

]]>