Борче Спасовски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/borche-spasovski/ За подобро да се разбереме Wed, 13 Apr 2022 14:56:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Борче Спасовски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/borche-spasovski/ 32 32 Спасовски: И покрај кризата максимално се вложуваме и во решавање на проблемите на граѓаните и подобрување на инфраструктурата во Ранковце https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-i-pokraj-krizata-maksimalno-se-vlozuvame-i-vo-reshavanje-na-problemite-na-gragjanite-i-podobruvanje-na-infrastrukturata-vo-rankovce/ Wed, 13 Apr 2022 14:56:18 +0000 https://republika.mk/?p=488025

Борче Спасовски, градоначалник на општина Ранковце и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски денеска извршија увид на градежни активности во општина Ранковце во село Радибуш. Се работи за изградба на дел од локален пат во село Радибуш - маала Којкарци, должина од 480 метри, со вредност на инвестицијата 2.170.000 денари.

Средствата се обезбедени од програмите за регионален развој за 2021 и 2022 година на Бирото за регионален развој преку Центар за развојот на североисточен плански регион од каде се обезбедени и финансиските средства за

- изградба на дел од улица во село Ранковце (Десетак-Млин), во должина од 450 метри, вредност од 2.057.000 денари.

- изградба на дел од локален пат во село Ветуница-Стојкова маала, во должина од 440 метри, вредност 2.220.000 денари.

Изведувач на овие три проекти е „Фиушер Тихи“ од Куманово.

Пред 3 месеци заврши изградба на дел овој локален пат во должина од 500 метри, чија вредност беше 2.540.000 денари за кој средствата беа обезбедени до Бирото за регионален развој. Во тек е и реконструкција на подрачното училиште во село Радибуш, вредност на проектот 6.130.000 денари. Средствата се обезбедени од министерството. Изведувач е „Конструктор“ од Скопје. Во тек е изградба на водоснабдителен систем за населено место Псача, инвестиција во вкупна вредност од 30.120.000 денари. Средствата се обезбедени со договор за грант согласно договор за финансирање Република Македонија и Европска инвестициона банка за Проект: „Водоснабдување и одведување на отпадни води“ склучен помеѓу Општина Ранковце и Министерството за транспорт и врски, изведувач на работите е „МИНТ-ИНЖЕНЕРИНГ“ Скопје; Изградба на дел од канализација во село Љубинци, во должина од 1338 метри, вредност на проектот 3.911.000 денари. 3 милиони денари се обезбедени од министерството за животна средина и 1 милион денари од сопствени приходи. Изведувач „ПОРТЛАНД“ од Струмица. Изградба на дел од локален пат село Герман, во должина од 886 метри, вредност на проектот 6.066.000 денари. Изведувач „Енерго инвест“ од Скопје. Средствата се обезбедени од Бирото за регионален развој. Деновиве ќе започна и изградба на улици во село Ранковце – крак 1 во должина од 200 метри, вредност 1.530.000 денари. Средствата се обезбедени од министерството за транспорт и врски. Изведувач „Мајоко“ од Куманово. И покрај економската и енергетската криза во која се наоѓа нашата држава, ние максимално се вложуваме и во решавање на проблемите на нашите граѓани и подобрување на инфраструктурата во општина Ранковце, соопшти градоначалникот.

https://youtu.be/V1Gz23JzSDM

The post Спасовски: И покрај кризата максимално се вложуваме и во решавање на проблемите на граѓаните и подобрување на инфраструктурата во Ранковце appeared first on Република.

]]>

Борче Спасовски, градоначалник на општина Ранковце и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски денеска извршија увид на градежни активности во општина Ранковце во село Радибуш. Се работи за изградба на дел од локален пат во село Радибуш - маала Којкарци, должина од 480 метри, со вредност на инвестицијата 2.170.000 денари. Средствата се обезбедени од програмите за регионален развој за 2021 и 2022 година на Бирото за регионален развој преку Центар за развојот на североисточен плански регион од каде се обезбедени и финансиските средства за - изградба на дел од улица во село Ранковце (Десетак-Млин), во должина од 450 метри, вредност од 2.057.000 денари. - изградба на дел од локален пат во село Ветуница-Стојкова маала, во должина од 440 метри, вредност 2.220.000 денари. Изведувач на овие три проекти е „Фиушер Тихи“ од Куманово.
Пред 3 месеци заврши изградба на дел овој локален пат во должина од 500 метри, чија вредност беше 2.540.000 денари за кој средствата беа обезбедени до Бирото за регионален развој. Во тек е и реконструкција на подрачното училиште во село Радибуш, вредност на проектот 6.130.000 денари. Средствата се обезбедени од министерството. Изведувач е „Конструктор“ од Скопје. Во тек е изградба на водоснабдителен систем за населено место Псача, инвестиција во вкупна вредност од 30.120.000 денари. Средствата се обезбедени со договор за грант согласно договор за финансирање Република Македонија и Европска инвестициона банка за Проект: „Водоснабдување и одведување на отпадни води“ склучен помеѓу Општина Ранковце и Министерството за транспорт и врски, изведувач на работите е „МИНТ-ИНЖЕНЕРИНГ“ Скопје; Изградба на дел од канализација во село Љубинци, во должина од 1338 метри, вредност на проектот 3.911.000 денари. 3 милиони денари се обезбедени од министерството за животна средина и 1 милион денари од сопствени приходи. Изведувач „ПОРТЛАНД“ од Струмица. Изградба на дел од локален пат село Герман, во должина од 886 метри, вредност на проектот 6.066.000 денари. Изведувач „Енерго инвест“ од Скопје. Средствата се обезбедени од Бирото за регионален развој. Деновиве ќе започна и изградба на улици во село Ранковце – крак 1 во должина од 200 метри, вредност 1.530.000 денари. Средствата се обезбедени од министерството за транспорт и врски. Изведувач „Мајоко“ од Куманово. И покрај економската и енергетската криза во која се наоѓа нашата држава, ние максимално се вложуваме и во решавање на проблемите на нашите граѓани и подобрување на инфраструктурата во општина Ранковце, соопшти градоначалникот.
https://youtu.be/V1Gz23JzSDM

The post Спасовски: И покрај кризата максимално се вложуваме и во решавање на проблемите на граѓаните и подобрување на инфраструктурата во Ранковце appeared first on Република.

]]>
Спасовски: Општината ја затекнав со 15-тина тужби и голем долг, но за 100 дена го променив во функционирањето во Ранковце https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-opshtinata-ja-zateknav-so-15-tina-tuzbi-i-golem-dolg-no-za-100-dena-go-promeniv-vo-funkcioniranjeto-vo-rankovce/ Tue, 15 Feb 2022 13:25:36 +0000 https://republika.mk/?p=458887

Изминаа првите 100 дена од преземањето на функцијата градоначалник на општина Ранковце. Тоа се 100 дена исполнети со одговорност, посветеност, и желба да се направи нешто повеќе за своите сограѓани. Па, во суштина и луѓето се разликуваат токму по тоа, колку се одговорни и колку се работливи, колку се професионални и колку знаат да се носат и да бидат посветени на она што го работат, истакна, Борче Спасовски, градоначалник на општина Ранковце на регионалниот отчет „Промени што носат иднина - 100 дена локална власт отчет на ВМРО-ДПМНЕ“ кој се одржа во Мултикултурниот центар во општина Кочани.

Спасовски додаде дека тој е градоначалник бидејќи сака неговата општина да е развиена и модерна општина која ќе е во функција на граѓаните.

Колку сум јас задоволен лично најмалку е важно, во моментот најважно е колку се задоволни граѓаните од сработеното во изминативе 100 дена. Мислам дека со проектите кои што ги реализиравме со оние проекти кои веќе ги реализираме во овој кус временски период граѓаните треба да се задоволни. Тоа граѓаните треба најдобро да го кажат и да судат за сработеното, рече Спасовски.

Спасовски посочи дека граѓаните веќе го чувствуваат подобрувањето на квалитетот на нивното живеење.

Општината ја затекнав со 15-тина тужби, со долг од приближно 3 милиони денари кон доверители по основ на набавени стоки и извршени услуги. Во изминатите 100 дена она што го променив во функционирањето на општина Ранковце во поглед на приходите и расходите е сведување на непродуктивните расходи на минимум и зголемување на приходите пред се од локални даноци, такси за да со домаќинско работење го забрзаме локалниот економски развој на општината. Досега се започнати и реализирани следниве проекти, изградба на делот на канализација во село Љубинце во должина на 711 метри, изградба на дел од локален пат во село Герман во должина од 900 метри, реконструкција на основно училиште во село Радибуш во вредност од 7 милиони денари, заврши изградбата на асфалтирање на дел од локален пат во село Радибуш во должина од 500 метри. Започна првата фаза од изградба на водоснабдителен систем за населеното место Сача, инвестиција во вкупна вредност од над 30 милиони денари, појасни Спасовски.

Спасовски укажа дека обезбедил финансиски средства за изградба на улица во село Ранковце, крак 1, за кое е во тек спроведување на постапка за доделување на договор за јавна набавка.

Обезбедив средства за урбана опрема и реквизити на детско игралиште во село Ранковце, рече Спасовски.

Спасовски додаде дека има одобрен проект од УНДП за меѓуопштинска соработка со општината Крива Паланка, обезбедена техничка опрема за територијалните противпожарни единици од Крива Паланка – Ранковце.

Во овие 100 дена се одржаа пет седници во Советот на Општина Ранковце. Одлуките на Советот во Општината Ранковце се носат едногласно. Тоа најдобро зборува дека политичка обоеност нема. Она што е во интерес на граѓаните, она што е во интерес на општината, она што е во интерес на подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните во општина Ранковце секогаш и секаде ќе биде прифатено, нагласи Спасовски.

https://youtu.be/NNlc1E5tFdk

The post Спасовски: Општината ја затекнав со 15-тина тужби и голем долг, но за 100 дена го променив во функционирањето во Ранковце appeared first on Република.

]]>

Изминаа првите 100 дена од преземањето на функцијата градоначалник на општина Ранковце. Тоа се 100 дена исполнети со одговорност, посветеност, и желба да се направи нешто повеќе за своите сограѓани. Па, во суштина и луѓето се разликуваат токму по тоа, колку се одговорни и колку се работливи, колку се професионални и колку знаат да се носат и да бидат посветени на она што го работат, истакна, Борче Спасовски, градоначалник на општина Ранковце на регионалниот отчет „Промени што носат иднина - 100 дена локална власт отчет на ВМРО-ДПМНЕ“ кој се одржа во Мултикултурниот центар во општина Кочани. Спасовски додаде дека тој е градоначалник бидејќи сака неговата општина да е развиена и модерна општина која ќе е во функција на граѓаните.