Борче Марковски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/borche-markovski/ За подобро да се разбереме Fri, 23 Feb 2024 07:11:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Борче Марковски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/borche-markovski/ 32 32 Тендерот за фирмата на белорускиот конзул Марковски говори за наводната прозападна ориентација на СДСМ и ДУИ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tenderot-za-firmata-na-beloruskiot-konzul-markovski-govori-za-navodnata-prozapadna-orientatsija-na-sdsm-i-dui/ Fri, 23 Feb 2024 07:11:24 +0000 https://republika.mk/?p=747219

Во РЕК Битола доделен е тендер за ископ на јаглен во рекорден износ од 46 милиони евра. Овој тендер е врв на криминалот во ЕСМ, бидејќи го добива омилената фирма на власта, Марковски компани, која притоа не ја дава најниската понуда. Фирмата на белорускиот конзул Марковски ( што говори за наводната прозападна ориентација на СДС и ДУИ) имала за 30% повисока понуда и истата мистериозно го добила тендерот.

 

 

Оваа разлика очигледно е голема и постои основан сомнеж дали истата била искористена да се подмачкаат комисии, директори, а можеби и членови на влада, објаснува ВМРО-ДПМНЕ.

Постои и основано сомнение дека е прекршен законот за заштита на конкуренција со тоа што комисијата за овој тендер поставила такви услови со кои се фаворизирал операторот Марковски. Дали намерно или ненамерно направиле превид дека фаворизираниот економски оператор Марковски компани со истата механизација веќе учествува на два други тендери што е спротивно на закон. Како е возможно иста машина да е ангажирана три пати, како денот да има 72 часа?! Освен овој 46 милионски тендер, истата механизација и истите капацитети на Марковски се веќе ангажирани токму во РЕК во два други тендери. Со  договор од 17.11.2023 за ангажирање на помошна механизација за потребите на рударската оператива од 03.10.2023 година за ископ на јаловина со градежна оператива ја понудил истата работна сила и рударско-градежна механизација.

Дополнително зошто критериумите за тендерот ги следат пропорционално условите кои ги исполнил операторот Марковски, односно на претходниот тендер (кој исто така го добил Марковски) се барало да има има ископано 5 милиони кубици јаловина, а сега се бара 8 милиони, што одговара со разликата која ја направил во минатиот тендер.
За три години во РЕК Битола оваа компанија, Марковски има добиено 58 тендери со вкупна вредност од неверојатни 163 милиони евра. Тоа е повеќе од половина од средствата кои се потребни за изградбата на Когенеративната централа во Скопје, која државата планира да им ја даде на грчки Митилинеос под оправдание дека нема пари. Епа ќе нема пари затоа што парите заминуваат на матните тендери каков што е овој последниот од 46 милиони евра со омилената фирма на СДС и ДУИ за работа во РЕК Битола, Марковски.

The post Тендерот за фирмата на белорускиот конзул Марковски говори за наводната прозападна ориентација на СДСМ и ДУИ appeared first on Република.

]]>

Во РЕК Битола доделен е тендер за ископ на јаглен во рекорден износ од 46 милиони евра. Овој тендер е врв на криминалот во ЕСМ, бидејќи го добива омилената фирма на власта, Марковски компани, која притоа не ја дава најниската понуда. Фирмата на белорускиот конзул Марковски ( што говори за наводната прозападна ориентација на СДС и ДУИ) имала за 30% повисока понуда и истата мистериозно го добила тендерот.     Оваа разлика очигледно е голема и постои основан сомнеж дали истата била искористена да се подмачкаат комисии, директори, а можеби и членови на влада, објаснува ВМРО-ДПМНЕ. Постои и основано сомнение дека е прекршен законот за заштита на конкуренција со тоа што комисијата за овој тендер поставила такви услови со кои се фаворизирал операторот Марковски. Дали намерно или ненамерно направиле превид дека фаворизираниот економски оператор Марковски компани со истата механизација веќе учествува на два други тендери што е спротивно на закон. Како е возможно иста машина да е ангажирана три пати, како денот да има 72 часа?! Освен овој 46 милионски тендер, истата механизација и истите капацитети на Марковски се веќе ангажирани токму во РЕК во два други тендери. Со  договор од 17.11.2023 за ангажирање на помошна механизација за потребите на рударската оператива од 03.10.2023 година за ископ на јаловина со градежна оператива ја понудил истата работна сила и рударско-градежна механизација.
Дополнително зошто критериумите за тендерот ги следат пропорционално условите кои ги исполнил операторот Марковски, односно на претходниот тендер (кој исто така го добил Марковски) се барало да има има ископано 5 милиони кубици јаловина, а сега се бара 8 милиони, што одговара со разликата која ја направил во минатиот тендер. За три години во РЕК Битола оваа компанија, Марковски има добиено 58 тендери со вкупна вредност од неверојатни 163 милиони евра. Тоа е повеќе од половина од средствата кои се потребни за изградбата на Когенеративната централа во Скопје, која државата планира да им ја даде на грчки Митилинеос под оправдание дека нема пари. Епа ќе нема пари затоа што парите заминуваат на матните тендери каков што е овој последниот од 46 милиони евра со омилената фирма на СДС и ДУИ за работа во РЕК Битола, Марковски.

The post Тендерот за фирмата на белорускиот конзул Марковски говори за наводната прозападна ориентација на СДСМ и ДУИ appeared first on Република.

]]>
Нов мега скандал во режија на власта: Почесниот конзул во Белорусија, Борче Марковски доби 46 милиони евра тендер за ископ на јаглен во РЕК Битола https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nov-mega-skandal-vo-rezhija-na-vlasta-pochesniot-konzul-vo-belorusija-borche-markovski-dobi-46-milioni-evra-tender-za-iskop-na-jaglen-vo-rek-bitola/ Thu, 22 Feb 2024 07:44:26 +0000 https://republika.mk/?p=746773

На само два месеци пред избори, владата на СДС и ДУИ преку сомнителниот тендер на ископ на јаглен во РЕК Битола се обидува да укради дополнителни 46 милиони евра на омилената фирма Марковски компани.На само два месеци пред избори пред очите на јавноста се случува мега криминал, а ЈО се уште молчи, oбвини денеска ВМРО-ДПМНЕ.

Почесниот конзул во Белорусија, Борче Марковски добива фрапантни 46 милиони евра тендер за ископ на јаглен во РЕК Битола преку Електрани на Македонија, иако понудата била највисока од останатите понуди за дури 30 проценти.

За ВМРО-ДПМНЕ спорен момент е што додека Марковски компани добива тендер за ископ на јаглен во висина од 46 милиони евра, истата механизација веќе работи по претходно добиен тендер, односни три паралелни тендери со иста механизација. И тоа ангажирање на помошна механизација за потребите на рударската оператива за ископ на јаловина со градежна оператива ја понудил истата работна сила и рударско-градежна механизација, како и на новиот тендер од 46 милиони евра.

Како е возможно една иста механизација на Марковски компани во исто време да биде на три различни локации и да ги врши работите на сите три тендери?

ЈО мора да испита и зошто Марковски компани иако дал највисока понуда го добил тендерот од 46 милиони евра?

Дополнително што треба да се одговори е кои се причините и мотивот што лицата Пеце Матевски, Златко Алексовски, Драги Крстев, Владо Котевски, Димитар Петковски и Васко Јосифовски кои претходно одбивале да се потпишат на тендерот за ископ на јаглен од 46 милиони евра, подоцна ја прифатиле понудата и се потпишале.

ЈО мора веднаш да истражи дали има финансиски интерес за ваквата промена на ставовите на горе споменатите лица?-бара ВМРО-ДПМНЕ.

И покрај тоа што постојат сериозни индиции за криминал ЈО се уште молчи и не отвора истрага по допрен глас за тендерот во вредност од 46 милиони евра народни пари.

Со овие пари можеа да се изградат неколку средни училишта, градинки, да се реконструираат улици и патишта. Но, владата на СДС и ДУИ пред заминување врши уште еден грабеж на парите на граѓаните.

Со СДС и ДУИ никогаш не било полошо, како за државата така и за граѓаните.

За овој мега криминал мора и ќе има одговорност.

Важно е да ги поразиме.

The post Нов мега скандал во режија на власта: Почесниот конзул во Белорусија, Борче Марковски доби 46 милиони евра тендер за ископ на јаглен во РЕК Битола appeared first on Република.

]]>

На само два месеци пред избори, владата на СДС и ДУИ преку сомнителниот тендер на ископ на јаглен во РЕК Битола се обидува да укради дополнителни 46 милиони евра на омилената фирма Марковски компани.На само два месеци пред избори пред очите на јавноста се случува мега криминал, а ЈО се уште молчи, oбвини денеска ВМРО-ДПМНЕ.
Почесниот конзул во Белорусија, Борче Марковски добива фрапантни 46 милиони евра тендер за ископ на јаглен во РЕК Битола преку Електрани на Македонија, иако понудата била највисока од останатите понуди за дури 30 проценти.
За ВМРО-ДПМНЕ спорен момент е што додека Марковски компани добива тендер за ископ на јаглен во висина од 46 милиони евра, истата механизација веќе работи по претходно добиен тендер, односни три паралелни тендери со иста механизација. И тоа ангажирање на помошна механизација за потребите на рударската оператива за ископ на јаловина со градежна оператива ја понудил истата работна сила и рударско-градежна механизација, како и на новиот тендер од 46 милиони евра.
Како е возможно една иста механизација на Марковски компани во исто време да биде на три различни локации и да ги врши работите на сите три тендери?
ЈО мора да испита и зошто Марковски компани иако дал највисока понуда го добил тендерот од 46 милиони евра? Дополнително што треба да се одговори е кои се причините и мотивот што лицата Пеце Матевски, Златко Алексовски, Драги Крстев, Владо Котевски, Димитар Петковски и Васко Јосифовски кои претходно одбивале да се потпишат на тендерот за ископ на јаглен од 46 милиони евра, подоцна ја прифатиле понудата и се потпишале.
ЈО мора веднаш да истражи дали има финансиски интерес за ваквата промена на ставовите на горе споменатите лица?-бара ВМРО-ДПМНЕ.
И покрај тоа што постојат сериозни индиции за криминал ЈО се уште молчи и не отвора истрага по допрен глас за тендерот во вредност од 46 милиони евра народни пари. Со овие пари можеа да се изградат неколку средни училишта, градинки, да се реконструираат улици и патишта. Но, владата на СДС и ДУИ пред заминување врши уште еден грабеж на парите на граѓаните. Со СДС и ДУИ никогаш не било полошо, како за државата така и за граѓаните. За овој мега криминал мора и ќе има одговорност. Важно е да ги поразиме.

The post Нов мега скандал во режија на власта: Почесниот конзул во Белорусија, Борче Марковски доби 46 милиони евра тендер за ископ на јаглен во РЕК Битола appeared first on Република.

]]>