борби Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/borbi/ За подобро да се разбереме Fri, 01 Dec 2023 12:54:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png борби Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/borbi/ 32 32 ОН: Продолжението на борбите во Газа е катастрофално https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/on-prodolzhenieto-na-borbite-vo-gaza-e-katastrofalno/ Fri, 01 Dec 2023 12:54:13 +0000 https://republika.mk/?p=718346

Обединетите нации денеска го осудија „катастрофалното“ продолжување на воените операции во Газа и ги повикаа завојуваните страни да обезбедат траен прекин на огнот. Израелските воени авиони продолжија да ја бомбардираат Газа, испраќајќи ги палестинските цивили да бегаат во засолништа по падот на еднонеделното примирје кое истече без договор за продолжување.

„Новиот почеток на непријателствата во Газа е катастрофален“, рече Волкер Турк, висок комесар на Обединетите нации за човекови права. „Ги повикувам сите страни и земји со влијание врз нив веднаш да ги удвојат напорите за обезбедување прекин на огнот, заснован на хуманитарни прашања и човекови права“, додаде тој.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш на X објави дека жали за продолжувањето на борбите и изрази надеж дека ќе се договори нов прекин на огнот.

„Враќањето на непријателствата само покажува колку е важно да се има вистински хуманитарен прекин на огнот“, рече тој.

Апелирајќи за траен прекин на огнот, УНИЦЕФ го опиша неделувањето во Газа како „одобрување на убиствата на деца“.

„Мора да се спроведе постојан прекин на огнот“, изјави портпаролот на УНИЦЕФ Џејмс Елдер за новинарите преку видео врска од Газа.

„Неактивноста е во основата на одобрувањето на убиствата на децата. Несовесно е да се мисли дека новите напади врз луѓето во Газа ќе доведат до нешто друго освен масакр“, додаде тој.

 

The post ОН: Продолжението на борбите во Газа е катастрофално appeared first on Република.

]]>

Обединетите нации денеска го осудија „катастрофалното“ продолжување на воените операции во Газа и ги повикаа завојуваните страни да обезбедат траен прекин на огнот. Израелските воени авиони продолжија да ја бомбардираат Газа, испраќајќи ги палестинските цивили да бегаат во засолништа по падот на еднонеделното примирје кое истече без договор за продолжување. „Новиот почеток на непријателствата во Газа е катастрофален“, рече Волкер Турк, висок комесар на Обединетите нации за човекови права. „Ги повикувам сите страни и земји со влијание врз нив веднаш да ги удвојат напорите за обезбедување прекин на огнот, заснован на хуманитарни прашања и човекови права“, додаде тој. Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш на X објави дека жали за продолжувањето на борбите и изрази надеж дека ќе се договори нов прекин на огнот. „Враќањето на непријателствата само покажува колку е важно да се има вистински хуманитарен прекин на огнот“, рече тој. Апелирајќи за траен прекин на огнот, УНИЦЕФ го опиша неделувањето во Газа како „одобрување на убиствата на деца“. „Мора да се спроведе постојан прекин на огнот“, изјави портпаролот на УНИЦЕФ Џејмс Елдер за новинарите преку видео врска од Газа. „Неактивноста е во основата на одобрувањето на убиствата на децата. Несовесно е да се мисли дека новите напади врз луѓето во Газа ќе доведат до нешто друго освен масакр“, додаде тој.  

The post ОН: Продолжението на борбите во Газа е катастрофално appeared first on Република.

]]>
Се интензивираат борбите во јужна Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/se-intenziviraat-borbite-vo-juzhna-ukraina/ Sat, 17 Jun 2023 08:19:23 +0000 https://republika.mk/?p=652345

Епицентарот на борбите во Украина се префрли на патот кон Мариупол, каде украинската офанзива полека ги потиснува назад руските сили, а британските тенкови Челинџер се подготвени за битка, изјави украинската заменик-министерка за одбрана Хана Малиар.

Според неа, најактивните борби повеќе не се водат околу Бахмут, во источниот регион на Доњецк, туку на југ, во правец на два крајбрежни града, Бердјанск и Мариупол.

- Ако во првата недела епицентарот беше на исток, сега гледаме дека борбите се движат кон југ и сега гледаме дека најактивни области се Бердјанск и Мариупол … На исток, непријателот ги насочи сите свои сили да ја запре нашата офанзива. И таму собираат сили да не спречат. Тие не се многу успешни на југ, информира Малиар.

The post Се интензивираат борбите во јужна Украина appeared first on Република.

]]>

Епицентарот на борбите во Украина се префрли на патот кон Мариупол, каде украинската офанзива полека ги потиснува назад руските сили, а британските тенкови Челинџер се подготвени за битка, изјави украинската заменик-министерка за одбрана Хана Малиар. Според неа, најактивните борби повеќе не се водат околу Бахмут, во источниот регион на Доњецк, туку на југ, во правец на два крајбрежни града, Бердјанск и Мариупол. - Ако во првата недела епицентарот беше на исток, сега гледаме дека борбите се движат кон југ и сега гледаме дека најактивни области се Бердјанск и Мариупол … На исток, непријателот ги насочи сите свои сили да ја запре нашата офанзива. И таму собираат сили да не спречат. Тие не се многу успешни на југ, информира Малиар.

The post Се интензивираат борбите во јужна Украина appeared first on Република.

]]>
Интензивни борби во Украина, запрен е последниот нуклеарен реактор https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/intenzivni-borbi-vo-ukraina-zapren-e-posledniot-nuklearen-reaktor/ Sat, 10 Jun 2023 12:23:45 +0000 https://republika.mk/?p=649880

Украинската армија денеска извести за интензивни борби со руските сили, додека тамошната агенција за нуклеарна енергија соопшти дека последниот реактор во најголемата европска нуклеарна централа е префрлен во режим на „ладно исклучување“ поради безбедносни причини.

Канадскиот премиер Џастин Трудо пристигна во Киев во ненајавена посета, негова втора по руската инвазија во февруари минатата година, кога руските сили во текот на ноќта истрелаа проектили и беспилотни летала кон Украина, предизвикувајќи жртви и оштетувања на воениот аеродром.

Генералштабот на Украина соопшти дека „тешки битки“ се во тек, со 34 судири претходниот ден во индустрискиот исток на земјата.

Во соопштението се наведува дека руските сили „се бранат“ и напаѓаат од воздух и со артилерија во јужните украински региони Херсон и Запорожје.

Пет од шесте реактори во нуклеарната централа Запорожје, окупирани од руските сили, веќе беа во режим на „ладно исклучување“, што значи дека сите контролни шипки се вметнати во јадрото на реакторот за да се запре реакцијата на нуклеарна фисија и генерирањето топлина и притисок.

Аналитичарите и Русија велат дека Украина започнала контраофанзива во јужна Украина, со потенцијална цел да ја врати територијата во близина на централата.

Исто така утрово, украинските власти известија дека најмалку четворица цивили биле убиени низ целата земја додека руските сили лансирале беспилотни летала, ракети од иранско производство Шахид, и извршиле артилериски и минофрлачки напади.

Украинската државна служба за вонредни состојби соопшти дека три лица загинале, а повеќе од дваесетина се ранети за време на нападот во текот на ноќта врз црноморското пристаниште Одеса.

Портпаролката на оперативната команда на југот на Украина, Наталија Хуменјук, изјави дека меѓу ранетите има две деца и една бремена жена.

The post Интензивни борби во Украина, запрен е последниот нуклеарен реактор appeared first on Република.

]]>

Украинската армија денеска извести за интензивни борби со руските сили, додека тамошната агенција за нуклеарна енергија соопшти дека последниот реактор во најголемата европска нуклеарна централа е префрлен во режим на „ладно исклучување“ поради безбедносни причини. Канадскиот премиер Џастин Трудо пристигна во Киев во ненајавена посета, негова втора по руската инвазија во февруари минатата година, кога руските сили во текот на ноќта истрелаа проектили и беспилотни летала кон Украина, предизвикувајќи жртви и оштетувања на воениот аеродром. Генералштабот на Украина соопшти дека „тешки битки“ се во тек, со 34 судири претходниот ден во индустрискиот исток на земјата. Во соопштението се наведува дека руските сили „се бранат“ и напаѓаат од воздух и со артилерија во јужните украински региони Херсон и Запорожје. Пет од шесте реактори во нуклеарната централа Запорожје, окупирани од руските сили, веќе беа во режим на „ладно исклучување“, што значи дека сите контролни шипки се вметнати во јадрото на реакторот за да се запре реакцијата на нуклеарна фисија и генерирањето топлина и притисок. Аналитичарите и Русија велат дека Украина започнала контраофанзива во јужна Украина, со потенцијална цел да ја врати територијата во близина на централата. Исто така утрово, украинските власти известија дека најмалку четворица цивили биле убиени низ целата земја додека руските сили лансирале беспилотни летала, ракети од иранско производство Шахид, и извршиле артилериски и минофрлачки напади. Украинската државна служба за вонредни состојби соопшти дека три лица загинале, а повеќе од дваесетина се ранети за време на нападот во текот на ноќта врз црноморското пристаниште Одеса. Портпаролката на оперативната команда на југот на Украина, Наталија Хуменјук, изјави дека меѓу ранетите има две деца и една бремена жена.

The post Интензивни борби во Украина, запрен е последниот нуклеарен реактор appeared first on Република.

]]>
Војна на улиците во Судан: Хаосот и бројот на жртви растат, убиени и хуманитарни работници на ОН https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vojna-na-ulitsite-vo-sudan-haosot-i-brojot-na-zhrtvi-rastat-ubieni-i-humanitarni-rabotnitsi-na-on/ Mon, 17 Apr 2023 18:28:35 +0000 https://republika.mk/?p=631542

Продолжуваат конфликтите во Судан. Ниту армијата ниту паравоените сили на генералот Мохамед Хамдан Дагл не успеваат да извојуваат победа и покрај борбите во кои веќе се загинати речиси стотина луѓе, меѓу кои и тројца хуманитарни работници на ОН. Двете страни објавија дека го прифаќаат барањето на ОН за воведување тричасовна „хуманитарна пауза“ за да се овозможи евакуација на повредените, но засега не се знае колку точно се придржувале до договорениот прекин на огнот, пишува „Би-би-си“.

Лекарите предупредуваат дека ситуацијата во болниците во главниот град, Картум е исклучително тешка и дека поради конфликтот медицинските работници тешко доаѓаат до ранетите. Според лекарскиот синдикат, досега загинале речиси 100 лица, а над 1.000 се повредени.

Централниот комитет на суданските лекари извести дека се убиени 97 цивили и десетици припадници на безбедносните сили. Светската здравствена организација (СЗО) наведува дека досега во конфликтот загинале повеќе од 83 лица, а околу 1.100 се повредени.

Уплашени сме, 24 часа не сме спиеле поради буката и потресите на куќата. Загрижени сме дека ќе останеме без вода и храна, како и лекови за татко ми дијабетичар“, вели Худа, жител од Картум, за Ројтерс.

Од саботата, воздушните напади, артилерискиот оган, уличните борби со автоматско оружје и тешките митралези не им даваат мир на жителите на Картум, кои се без вода и струја. Борбите се најжестоки во главниот град и во Дарфур, на запад.

Светската програма за храна на ОН (ВФП) ја суспендираше помошта за Судан откако тројца нејзини вработени беа убиени во борбите во Дарфур. Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш повика одговорните „што поскоро да бидат изведени пред лицето на правдата“. Очевидци пријавија и артилериски оган во Касала, на истокот на земјата.

Конфликтот тлее со недели и спречува какво било политичко решение во таа земја, една од најсиромашните во светот. По народниот бунт во кој е соборен Омар ал Башир во 2019 година, Судан се обидува да ги организира првите слободни избори по 30 години диктатура.

Во државниот удар со кој во октомври 2021 година се заврши демократската транзиција, генералот Бурхан и генералот Дагло, познат како „Хемедти“, ги здружија силите за да ги соборат цивилите од власт. Но, во саботата, нивното ривалство се претвори во отворен конфликт. Меѓународната заедница постојано повикува на прекин на огнот. Арапската лига и Африканската унија свикаа вонреден состанок.

Поранешниот цивилен премиер Абдала Хамдок, кој беше уапсен од генерал Бурхан во државниот удар во октомври 2021 година, ги повика Обединетите Арапски Емирати да „спречат какво било надворешно мешање“ во Судан, кој, како што истакна, веќе е зафатен од политичка и економска криза.

https://www.youtube.com/watch?v=iGKXZbGgJro

The post Војна на улиците во Судан: Хаосот и бројот на жртви растат, убиени и хуманитарни работници на ОН appeared first on Република.

]]>

Продолжуваат конфликтите во Судан. Ниту армијата ниту паравоените сили на генералот Мохамед Хамдан Дагл не успеваат да извојуваат победа и покрај борбите во кои веќе се загинати речиси стотина луѓе, меѓу кои и тројца хуманитарни работници на ОН. Двете страни објавија дека го прифаќаат барањето на ОН за воведување тричасовна „хуманитарна пауза“ за да се овозможи евакуација на повредените, но засега не се знае колку точно се придржувале до договорениот прекин на огнот, пишува „Би-би-си“. Лекарите предупредуваат дека ситуацијата во болниците во главниот град, Картум е исклучително тешка и дека поради конфликтот медицинските работници тешко доаѓаат до ранетите. Според лекарскиот синдикат, досега загинале речиси 100 лица, а над 1.000 се повредени. Централниот комитет на суданските лекари извести дека се убиени 97 цивили и десетици припадници на безбедносните сили. Светската здравствена организација (СЗО) наведува дека досега во конфликтот загинале повеќе од 83 лица, а околу 1.100 се повредени.
Уплашени сме, 24 часа не сме спиеле поради буката и потресите на куќата. Загрижени сме дека ќе останеме без вода и храна, како и лекови за татко ми дијабетичар“, вели Худа, жител од Картум, за Ројтерс.
Од саботата, воздушните напади, артилерискиот оган, уличните борби со автоматско оружје и тешките митралези не им даваат мир на жителите на Картум, кои се без вода и струја. Борбите се најжестоки во главниот град и во Дарфур, на запад. Светската програма за храна на ОН (ВФП) ја суспендираше помошта за Судан откако тројца нејзини вработени беа убиени во борбите во Дарфур. Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш повика одговорните „што поскоро да бидат изведени пред лицето на правдата“. Очевидци пријавија и артилериски оган во Касала, на истокот на земјата. Конфликтот тлее со недели и спречува какво било политичко решение во таа земја, една од најсиромашните во светот. По народниот бунт во кој е соборен Омар ал Башир во 2019 година, Судан се обидува да ги организира првите слободни избори по 30 години диктатура. Во државниот удар со кој во октомври 2021 година се заврши демократската транзиција, генералот Бурхан и генералот Дагло, познат како „Хемедти“, ги здружија силите за да ги соборат цивилите од власт. Но, во саботата, нивното ривалство се претвори во отворен конфликт. Меѓународната заедница постојано повикува на прекин на огнот. Арапската лига и Африканската унија свикаа вонреден состанок. Поранешниот цивилен премиер Абдала Хамдок, кој беше уапсен од генерал Бурхан во државниот удар во октомври 2021 година, ги повика Обединетите Арапски Емирати да „спречат какво било надворешно мешање“ во Судан, кој, како што истакна, веќе е зафатен од политичка и економска криза. https://www.youtube.com/watch?v=iGKXZbGgJro

The post Војна на улиците во Судан: Хаосот и бројот на жртви растат, убиени и хуманитарни работници на ОН appeared first on Република.

]]>
Жестока битка се води во источна Украина, тврдат украински и руски претставници https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zhestoka-bitka-se-vodi-vo-istochna-ukraina-tvrdat-ukrainski-i-ruski-pretstavnitsi/ Fri, 27 Jan 2023 14:48:15 +0000 https://republika.mk/?p=601693

Жестока битка е во тек во градот Угледар во источна Украина кој руските сили се обидуваат да го заземат, соопштија денеска руски и украински претставници, а Киев наведува дека Москва „го преувеличува“ успехот на својата офанзива.
Шефот на руската окупациска администрација во украинската област Доњецк, Денис Пушлин истакна дека „очекува добри вести од Угледар, рударски град кој имал околу 15.000 жители пред руската инвазија“.

Опколувањето и идното ослободување на градот ќе реши некои работи, рече Пушлин, наведувајќи дека победата ќе овозможи промена на односот на силите на фронтот и ќе отвори пат за офанзива кон градовите Покровск и Курахове кои се во северниот дел.

Еден од неговите советници, Ијан Гажин рече дека во тек е „тешка и брутална борба“ и дека руските сили зазеле позиции во југоисточниот и источниот дел на Угледар.

Портпаролот на украинската војска за источната зона, Сергиј Черевати потврди дека е во тек „жестока борба“, но уверил дека Русите се потиснати.

Непријателот се обидува да има успех во тој сектор, но не успева благодарение на напорите на одбраната на Украина, рече Черевати.

Украински официјални претставници оваа недела изјавија дека бројно надмоќната руска војска ги интензивира нападите на истокот посебно околу Угледар, и Бахмут. Бахмут со месеци е цел на Русија, наспроти тешките загуби на нејзините сили.

Руските сили и трупите на приватната паравоена група „Вагнер“ неодамна го зазеле Соледар, град северно од Бахмут.

The post Жестока битка се води во источна Украина, тврдат украински и руски претставници appeared first on Република.

]]>

Жестока битка е во тек во градот Угледар во источна Украина кој руските сили се обидуваат да го заземат, соопштија денеска руски и украински претставници, а Киев наведува дека Москва „го преувеличува“ успехот на својата офанзива. Шефот на руската окупациска администрација во украинската област Доњецк, Денис Пушлин истакна дека „очекува добри вести од Угледар, рударски град кој имал околу 15.000 жители пред руската инвазија“. Опколувањето и идното ослободување на градот ќе реши некои работи, рече Пушлин, наведувајќи дека победата ќе овозможи промена на односот на силите на фронтот и ќе отвори пат за офанзива кон градовите Покровск и Курахове кои се во северниот дел. Еден од неговите советници, Ијан Гажин рече дека во тек е „тешка и брутална борба“ и дека руските сили зазеле позиции во југоисточниот и источниот дел на Угледар. Портпаролот на украинската војска за источната зона, Сергиј Черевати потврди дека е во тек „жестока борба“, но уверил дека Русите се потиснати. Непријателот се обидува да има успех во тој сектор, но не успева благодарение на напорите на одбраната на Украина, рече Черевати. Украински официјални претставници оваа недела изјавија дека бројно надмоќната руска војска ги интензивира нападите на истокот посебно околу Угледар, и Бахмут. Бахмут со месеци е цел на Русија, наспроти тешките загуби на нејзините сили. Руските сили и трупите на приватната паравоена група „Вагнер“ неодамна го зазеле Соледар, град северно од Бахмут.

The post Жестока битка се води во источна Украина, тврдат украински и руски претставници appeared first on Република.

]]>
Во Доњецк се водат големи борби https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-donetsk-se-vodat-golemi-borbi/ Sat, 31 Dec 2022 08:51:45 +0000 https://republika.mk/?p=592199

Украинската војска соопшти дека руските сили се обиделе да напредуваат во близина на Бахмут и Авдивка, централните точки за заземање на Доњецк.

Украинците известуваат и дека руските сили пукале врз неколку градови и села, а има гранатирање и на неколку области во Доњецк.

 

The post Во Доњецк се водат големи борби appeared first on Република.

]]>

Украинската војска соопшти дека руските сили се обиделе да напредуваат во близина на Бахмут и Авдивка, централните точки за заземање на Доњецк. Украинците известуваат и дека руските сили пукале врз неколку градови и села, а има гранатирање и на неколку области во Доњецк.  

The post Во Доњецк се водат големи борби appeared first on Република.

]]>
Жестоки борби во Доњецк https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zestoki-borbi-vo-donjeck/ Thu, 10 Nov 2022 08:17:01 +0000 https://republika.mk/?p=572118

Украинските сили ги одбија новите руски напади во источниот регион Доњецк, каде што Москва продолжува со офанзивата во насоките Бахмут и Авдијевка, соопшти утрово Генералштабот на украинските вооружени сили, додека пак највисокиот американски генерал предупреди за „огромната количина“ страдања и жртви што војната им ги донесе на Украинците.

Жестоките борби на истокот дојдоа кога рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу нареди повлекување од западниот брег на реката Днепар во делумно окупираната област Херсон во Украина, во најновиот очигледен неуспех за Москва на бојното поле во југоисточниот дел на Украина.

Украинската војска соопшти дека ги одбила и руските напади во Луганск, кои заедно со Доњецк го сочинуваат регионот Донбас во источна Украина.

The post Жестоки борби во Доњецк appeared first on Република.

]]>

Украинските сили ги одбија новите руски напади во источниот регион Доњецк, каде што Москва продолжува со офанзивата во насоките Бахмут и Авдијевка, соопшти утрово Генералштабот на украинските вооружени сили, додека пак највисокиот американски генерал предупреди за „огромната количина“ страдања и жртви што војната им ги донесе на Украинците. Жестоките борби на истокот дојдоа кога рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу нареди повлекување од западниот брег на реката Днепар во делумно окупираната област Херсон во Украина, во најновиот очигледен неуспех за Москва на бојното поле во југоисточниот дел на Украина. Украинската војска соопшти дека ги одбила и руските напади во Луганск, кои заедно со Доњецк го сочинуваат регионот Донбас во источна Украина.

The post Жестоки борби во Доњецк appeared first on Република.

]]>
Руските трупи влегоа во Лисичанск, се водат улични борби https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ruskite-trupi-vlegoa-vo-lisichansk-se-vodat-ulichni-borbi/ Sat, 25 Jun 2022 15:13:10 +0000 https://republika.mk/?p=519660

Руските и проруските сили влегле во Лисичанск и се борат во тој град, недалеку од Северодонецк, пренесува АФП, наведувајќи дека веста ја „објавуваат сепаратистите“, додека руската агенција РИА Новости пренесува дека силите на Луганската Народна Република и руските војници презеле контрола над еден рудник и фабрика во Лисичанск.

Станува збор за стратешка точка на истокот на Украина, која се чини дека е на работ да падне во рацете на руските сили и сепаратисти, пишува француската агенција.

Во исто време, РИА Новости ја цитира изјавата на „потполковник на Агенцијата за спроведување на законот“ Андреј Марочко дека „Народната милиција на Народна Република Кина и вооружените сили на Русија ја презеле контролата врз рудникот и една од фабриките во Лисичанск“.

Според него, во моментов се водат улични тепачки.

Областа во последните недели беше место на жестоки судири, особено артилериски напади.

Медиумите во петокот објавија дека украинските сили добиле наредба да се повлечат од Северодонецк, кој се смета за клучна точка за Москва, која сака да го окупира целиот индустриски басен на Донбас, потсетува АФП.

Француската агенција проценила дека заземањето на Северодоњецк и Лисичанск ќе им го отвори патот на Москва и на сепаратистите кон градовите Славјанск и Краматорск.

The post Руските трупи влегоа во Лисичанск, се водат улични борби appeared first on Република.

]]>

Руските и проруските сили влегле во Лисичанск и се борат во тој град, недалеку од Северодонецк, пренесува АФП, наведувајќи дека веста ја „објавуваат сепаратистите“, додека руската агенција РИА Новости пренесува дека силите на Луганската Народна Република и руските војници презеле контрола над еден рудник и фабрика во Лисичанск. Станува збор за стратешка точка на истокот на Украина, која се чини дека е на работ да падне во рацете на руските сили и сепаратисти, пишува француската агенција. Во исто време, РИА Новости ја цитира изјавата на „потполковник на Агенцијата за спроведување на законот“ Андреј Марочко дека „Народната милиција на Народна Република Кина и вооружените сили на Русија ја презеле контролата врз рудникот и една од фабриките во Лисичанск“. Според него, во моментов се водат улични тепачки. Областа во последните недели беше место на жестоки судири, особено артилериски напади. Медиумите во петокот објавија дека украинските сили добиле наредба да се повлечат од Северодонецк, кој се смета за клучна точка за Москва, која сака да го окупира целиот индустриски басен на Донбас, потсетува АФП. Француската агенција проценила дека заземањето на Северодоњецк и Лисичанск ќе им го отвори патот на Москва и на сепаратистите кон градовите Славјанск и Краматорск.

The post Руските трупи влегоа во Лисичанск, се водат улични борби appeared first on Република.

]]>
Русите влегоа во украинскиот град Кремина – започнаа улични борби, невозможна е евакуација https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusite-vlegoa-vo-ukrainskiot-grad-kremina-zapochnaa-ulichni-borbi-nevozmozna-e-evakuacija/ Mon, 18 Apr 2022 09:32:13 +0000 https://republika.mk/?p=489894

Руските сили влегоа во Кремина, град во источниот регион Луганск кој е бомбардиран со недели, а руските сили продолжија да напредуваат кон западниот дел на Донбас, изјави висок украински функционер, пренесе Си-Ен-Ен.

Русите влегоа во Кремин. Започнаа улични борби. Русите влегоа во градот со огромна количина на воена опрема, рече Серхи Хаидаи, шеф на регионалната воена управа на Луганск, во кусата објава на Фејсбук рано во понеделникот. Офанзивата започна, додаде тој.

Русите се обидуваат да го скршат украинскиот отпор во Кремина и низа градови во Луганск и се обидуваат да напредуваат кон границите на регионите Луганск и Доњецк – што е целта на „специјалната воена мисија“ на претседателот Владимир Путин, а евакуацијата е сега е невозможна, рече Хаидаи.

Планиравме евакуација, буквално по шумски патеки, за луѓето да се спасат. Но, преку ноќ ситуацијата се промени. Борбите почнаа во градот, нереално е да се пребројуваат цивилите кои останаа таму, рече Хајдаи и додаде дека спортскиот објект Олимп во Кремина „гори“ и дека пожарот сега зафаќа површина од 2.400 квадратни метри, пренесе Си-Ен-Ен.

Спасувачите работат напорно бидејќи во близина на центарот има шума - рече тој.

Хаидаи рече дека во другите делови на регионот две лица загинале, а четворица се повредени, додека седум лица биле извлечени од урнатините на зградата урната во Рубижне.

Руските сили пукаа во полициска зграда во Лисичанск во неделата вечерта, рече Хаидаи, при што беа ранети шест полицајци. Гранатирањето продолжува - рече тој.

The post Русите влегоа во украинскиот град Кремина – започнаа улични борби, невозможна е евакуација appeared first on Република.

]]>

Руските сили влегоа во Кремина, град во источниот регион Луганск кој е бомбардиран со недели, а руските сили продолжија да напредуваат кон западниот дел на Донбас, изјави висок украински функционер, пренесе Си-Ен-Ен. Русите влегоа во Кремин. Започнаа улични борби. Русите влегоа во градот со огромна количина на воена опрема, рече Серхи Хаидаи, шеф на регионалната воена управа на Луганск, во кусата објава на Фејсбук рано во понеделникот. Офанзивата започна, додаде тој. Русите се обидуваат да го скршат украинскиот отпор во Кремина и низа градови во Луганск и се обидуваат да напредуваат кон границите на регионите Луганск и Доњецк – што е целта на „специјалната воена мисија“ на претседателот Владимир Путин, а евакуацијата е сега е невозможна, рече Хаидаи. Планиравме евакуација, буквално по шумски патеки, за луѓето да се спасат. Но, преку ноќ ситуацијата се промени. Борбите почнаа во градот, нереално е да се пребројуваат цивилите кои останаа таму, рече Хајдаи и додаде дека спортскиот објект Олимп во Кремина „гори“ и дека пожарот сега зафаќа површина од 2.400 квадратни метри, пренесе Си-Ен-Ен.
Спасувачите работат напорно бидејќи во близина на центарот има шума - рече тој.
Хаидаи рече дека во другите делови на регионот две лица загинале, а четворица се повредени, додека седум лица биле извлечени од урнатините на зградата урната во Рубижне.
Руските сили пукаа во полициска зграда во Лисичанск во неделата вечерта, рече Хаидаи, при што беа ранети шест полицајци. Гранатирањето продолжува - рече тој.

The post Русите влегоа во украинскиот град Кремина – започнаа улични борби, невозможна е евакуација appeared first on Република.

]]>
Чеченските борци водат улични борби против припадниците на баталјонот „Азов“ во Мариупол (ВИДЕО) https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/chechenskite-borci-vodat-ulichni-borbi-protiv-pripadnicite-na-bataljonot-azov-vo-mariupol-video/ Wed, 23 Mar 2022 20:33:47 +0000 https://republika.mk/?p=477363

Конфликтот во Украина не стивнува, а особено жестоки борби се водат во Мариупол.

Улични битки се најинтензивни во близина на металуршко-индустрискиот комплекс „АЗОВСТАЛ“, најголемата фабрика и производител на челик во Европа.

Во споменатиот комплекс се наоѓаат припадниците на украинскиот националистички баталјон „Азов“, како нивно последно упориште, а против нив се борат руските сили засилени со единиците дојдени од Чечнија.

Погледнете како изгледаат уличните борби во Мариупол.

https://twitter.com/JimmySecUK/status/1506273166766874637?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1506273166766874637%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.alo.rs%2Fsvet%2Fruske-vesti%2F610436%2Frat-u-ukrajini-27-dan-uzivo-najnovije-vesti%2Fvest

The post Чеченските борци водат улични борби против припадниците на баталјонот „Азов“ во Мариупол (ВИДЕО) appeared first on Република.

]]>

Конфликтот во Украина не стивнува, а особено жестоки борби се водат во Мариупол. Улични битки се најинтензивни во близина на металуршко-индустрискиот комплекс „АЗОВСТАЛ“, најголемата фабрика и производител на челик во Европа. Во споменатиот комплекс се наоѓаат припадниците на украинскиот националистички баталјон „Азов“, како нивно последно упориште, а против нив се борат руските сили засилени со единиците дојдени од Чечнија. Погледнете како изгледаат уличните борби во Мариупол.
https://twitter.com/JimmySecUK/status/1506273166766874637?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1506273166766874637%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.alo.rs%2Fsvet%2Fruske-vesti%2F610436%2Frat-u-ukrajini-27-dan-uzivo-najnovije-vesti%2Fvest

The post Чеченските борци водат улични борби против припадниците на баталјонот „Азов“ во Мариупол (ВИДЕО) appeared first on Република.

]]>
Борбата за Киев се уште трае, жртви има од двете страни https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/borbata-za-kiev-se-ushte-trae-zrtvi-ima-od-dvete-strani/ Mon, 28 Feb 2022 06:57:16 +0000 https://republika.mk/?p=464938

Руската офанзива против главниот град на Украина Киев продолжи во раните утрински часови, соопшти украинската војска, пренесува германската агенција ДПА.

Во северниот дел на Киев, руската војска се обидувала да изгради понтонски мост за да ја премине реката Ирпин, објави Генералштабот на украинската војска на Фејсбук. Од Генералштабот додаваат дека имало уште еден неуспешен обид да се заземе градот Ирпин, во непосредна близина на Киев,.

ДПА го пренесува соопштението на руската нова агенција Интерфакс дека руските војници напредувале од јужниот украински град Керсон кон Миколаев.

Во меѓувреме, украинската државна служба за комуникации во објава на Телеграм соопшти дека проектил погодил резиденција во украинскиот град Чернихив во близина на границата со Белорусија. Деталите за воениот развој не можеа да се проверат од независни извори, потсетува ДПА..

Украинското Министерство за внатрешни работи извести за 352 загинати цивили, вклучително и 14 деца, откако Русија го започна нападот во раните утрински часови во четвртокот.

Според податоците на Министерството, до синоќа се ранети 1.684 лица, вклучувајќи 116 деца.

Украинската војска соопшти дека „загубата“ на рускиот персонал сега изнесува околу 4.500 војници и дека се уништени руски хеликоптери, тенкови и други воени возила.

Русија призна дека имало смртни случаи меѓу нејзините војници за време на борбите во Украина, но не наведе бројка.

Мировни преговори се закажани за денеска, меѓу делегации од руска и украинска страна, кои ќе се одржат на украинско-белоруската граница.

[caption id="attachment_464504" align="alignnone" width="640"] (Photo by Andrey BORODULIN / AFP)[/caption]

Постојат шпекулации дека Белорусија би можела официјално да се приклучи на војната на страната на Русија, откако украинската новинска агенција UNIAN објави дека белоруските падобранци добиле наредба да заминат за Украина, цитирајќи информации од Андреј Стрижак од белоруската невладина организација Бисол.

Западните сили одговорија со остри санкции, а американскиот претседател Џо Бајден се очекува денеска да има нов телефонски разговор со сојузниците од Европа заради координација на понатамоѓшниот одговор на инвазијата на Русија.

The post Борбата за Киев се уште трае, жртви има од двете страни appeared first on Република.

]]>

Руската офанзива против главниот град на Украина Киев продолжи во раните утрински часови, соопшти украинската војска, пренесува германската агенција ДПА. Во северниот дел на Киев, руската војска се обидувала да изгради понтонски мост за да ја премине реката Ирпин, објави Генералштабот на украинската војска на Фејсбук. Од Генералштабот додаваат дека имало уште еден неуспешен обид да се заземе градот Ирпин, во непосредна близина на Киев,. ДПА го пренесува соопштението на руската нова агенција Интерфакс дека руските војници напредувале од јужниот украински град Керсон кон Миколаев. Во меѓувреме, украинската државна служба за комуникации во објава на Телеграм соопшти дека проектил погодил резиденција во украинскиот град Чернихив во близина на границата со Белорусија. Деталите за воениот развој не можеа да се проверат од независни извори, потсетува ДПА.. Украинското Министерство за внатрешни работи извести за 352 загинати цивили, вклучително и 14 деца, откако Русија го започна нападот во раните утрински часови во четвртокот. Според податоците на Министерството, до синоќа се ранети 1.684 лица, вклучувајќи 116 деца. Украинската војска соопшти дека „загубата“ на рускиот персонал сега изнесува околу 4.500 војници и дека се уништени руски хеликоптери, тенкови и други воени возила. Русија призна дека имало смртни случаи меѓу нејзините војници за време на борбите во Украина, но не наведе бројка. Мировни преговори се закажани за денеска, меѓу делегации од руска и украинска страна, кои ќе се одржат на украинско-белоруската граница. [caption id="attachment_464504" align="alignnone" width="640"] (Photo by Andrey BORODULIN / AFP)[/caption] Постојат шпекулации дека Белорусија би можела официјално да се приклучи на војната на страната на Русија, откако украинската новинска агенција UNIAN објави дека белоруските падобранци добиле наредба да заминат за Украина, цитирајќи информации од Андреј Стрижак од белоруската невладина организација Бисол. Западните сили одговорија со остри санкции, а американскиот претседател Џо Бајден се очекува денеска да има нов телефонски разговор со сојузниците од Европа заради координација на понатамоѓшниот одговор на инвазијата на Русија.

The post Борбата за Киев се уште трае, жртви има од двете страни appeared first on Република.

]]>