борбени авиони Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/borbeni-avioni/ За подобро да се разбереме Thu, 21 Nov 2024 10:42:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png борбени авиони Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/borbeni-avioni/ 32 32 Полска подигна борбени авиони за време на рускиот ракетен напад врз Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/polska-podigna-borbeni-avioni-za-vreme-na-ruskiot-raketen-napad-vrz-ukraina/ Thu, 21 Nov 2024 10:42:13 +0000 https://republika.mk/?p=840303

Полска ги подигна своите воени авиони за време денешниот руски ракетен напад врз Украина, соопшти Оперативната команда на полските вооружени сили и додаде дека откако дознала за лансирањето на руски ракети, наредила подготовки за потенцијален упад на воздушни цели во полскиот воздушен простор.

Според утврдените процедури, оперативната команда ги активираше сите расположливи сили и ресурси. Дежурните борбени авиони се подигнати, а системите за воздушна одбрана на земјата и средствата за радарско извидување се ставени на највисоко ниво на подготвеност, се вели во соопштението.

Нападот на Русија беше насочен кон бизниси и клучна инфраструктура во градот Дњепар.

Украинците тврдат дека Русите лансирале и интерконтинентална балистичка ракета од јужниот регион Астрахан, што претставува прв пат Русија да употреби толку моќна ракета со долг дострел од почетокот на војната.

Овие проектили имаат дострел од илјадници километри и можат да се користат за испорака на нуклеарни боеви глави, иако можат да носат и конвенционални боеви глави.

The post Полска подигна борбени авиони за време на рускиот ракетен напад врз Украина appeared first on Република.

]]>

Полска ги подигна своите воени авиони за време денешниот руски ракетен напад врз Украина, соопшти Оперативната команда на полските вооружени сили и додаде дека откако дознала за лансирањето на руски ракети, наредила подготовки за потенцијален упад на воздушни цели во полскиот воздушен простор. Според утврдените процедури, оперативната команда ги активираше сите расположливи сили и ресурси. Дежурните борбени авиони се подигнати, а системите за воздушна одбрана на земјата и средствата за радарско извидување се ставени на највисоко ниво на подготвеност, се вели во соопштението. Нападот на Русија беше насочен кон бизниси и клучна инфраструктура во градот Дњепар. Украинците тврдат дека Русите лансирале и интерконтинентална балистичка ракета од јужниот регион Астрахан, што претставува прв пат Русија да употреби толку моќна ракета со долг дострел од почетокот на војната. Овие проектили имаат дострел од илјадници километри и можат да се користат за испорака на нуклеарни боеви глави, иако можат да носат и конвенционални боеви глави.

The post Полска подигна борбени авиони за време на рускиот ракетен напад врз Украина appeared first on Република.

]]>
Холандија без одлагање ќе испрати борбени авиони Ф-16 во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/holandija-bez-odlagane-ke-isprati-borbeni-avioni-f-16-vo-ukraina/ Sun, 07 Jul 2024 19:30:16 +0000 https://republika.mk/?p=794343

Новиот министер за надворешни работи на Холандија, Каспар Велдкамп, денеска во Киев соопшти дека неговата земја „без одлагање“ ќе почне со испраќање борбени авиони Ф-16 во Украина.

Украина верува дека овие напредни авиони од американско производство ќе ѝ помогнат да стекне воздушна супериорност над Русија и со тоа подобро да ги заштити своите трупи и градови од секојдневно бомбардирање.

Велдкамп, кој е министер од минатиот месец, рече дека Холандија е подготвена да ги испрати авионите откако минатата недела беа доделени потребните дозволи за извоз, но не прецизираше датум за испорака на сите 24 ветени борбени авиони.

- Сега кога добивме одобрение за првите Ф-16, тие ќе бидат испорачани без одлагање, изјави Велдкамп пред новинарите во Киев.

The post Холандија без одлагање ќе испрати борбени авиони Ф-16 во Украина appeared first on Република.

]]>

Новиот министер за надворешни работи на Холандија, Каспар Велдкамп, денеска во Киев соопшти дека неговата земја „без одлагање“ ќе почне со испраќање борбени авиони Ф-16 во Украина. Украина верува дека овие напредни авиони од американско производство ќе ѝ помогнат да стекне воздушна супериорност над Русија и со тоа подобро да ги заштити своите трупи и градови од секојдневно бомбардирање. Велдкамп, кој е министер од минатиот месец, рече дека Холандија е подготвена да ги испрати авионите откако минатата недела беа доделени потребните дозволи за извоз, но не прецизираше датум за испорака на сите 24 ветени борбени авиони.
- Сега кога добивме одобрение за првите Ф-16, тие ќе бидат испорачани без одлагање, изјави Велдкамп пред новинарите во Киев.

The post Холандија без одлагање ќе испрати борбени авиони Ф-16 во Украина appeared first on Република.

]]>
Русите уништиле пет украински борбени авиони СУ-27 на аеродормот Мирхород https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusite-unishtile-pet-ukrainski-borbeni-avioni-su-27-na-aerodormot-mirhorod/ Tue, 02 Jul 2024 08:02:45 +0000 https://republika.mk/?p=792573

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека нивните ракети „Искендер –М“ уништиле пет украински борбени авиони СУ-27 и оштетило уште два на аеродромот Мирхород, во Полтавската област во Украина.

Министерството објави и видео од нападот, на кое се гледа како чад и оган се креваат од украинскиот аеродром.

Како резултат на рускиот напад, уништени се пет активни повеќенаменски борбени авиони СУ-27, а два се оштетени, соопшти Министерството.

Русија ги гаѓа украинските аеродроми токму во моментот кога Киев се подготвува да го прими првиот американски авион Ф-16 кој Москва вети дека ќе го уништи.

The post Русите уништиле пет украински борбени авиони СУ-27 на аеродормот Мирхород appeared first on Република.

]]>

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека нивните ракети „Искендер –М“ уништиле пет украински борбени авиони СУ-27 и оштетило уште два на аеродромот Мирхород, во Полтавската област во Украина. Министерството објави и видео од нападот, на кое се гледа како чад и оган се креваат од украинскиот аеродром.
Како резултат на рускиот напад, уништени се пет активни повеќенаменски борбени авиони СУ-27, а два се оштетени, соопшти Министерството.
Русија ги гаѓа украинските аеродроми токму во моментот кога Киев се подготвува да го прими првиот американски авион Ф-16 кој Москва вети дека ќе го уништи.

The post Русите уништиле пет украински борбени авиони СУ-27 на аеродормот Мирхород appeared first on Република.

]]>
Јонсон: Шведска ги прекина плановите за испорака на борбените авиони „Грипен“ за Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/jonson-shvedska-gi-prekina-planovite-za-isporaka-na-borbenite-avioni-gripen-za-ukraina/ Tue, 28 May 2024 11:53:22 +0000 https://republika.mk/?p=782423

Шведскиот министер за одбрана Пал Јонсон денеска изјави дека Шведска ќе направи пауза со плановите за испорака на борбените авиони „Грипен“ за Украина, со цел да се овозможи воведување на борбените авиони Ф-16.

Јонсон за шведската агенција ТТ изјави дека планот е ставен во мирување на барање на другите членки на НАТО, кои повикуваат да се почека со „Грипен-ите“, пренесуваат британските медиуми.

-Ова е поврзано со фактот дека фокусот во моментов е на воведувањето на системите Ф-16, рече Јонсон.

Украина лани ги започна преговорите со Шведска за набавка на авионите „Грипен“.

The post Јонсон: Шведска ги прекина плановите за испорака на борбените авиони „Грипен“ за Украина appeared first on Република.

]]>

Шведскиот министер за одбрана Пал Јонсон денеска изјави дека Шведска ќе направи пауза со плановите за испорака на борбените авиони „Грипен“ за Украина, со цел да се овозможи воведување на борбените авиони Ф-16. Јонсон за шведската агенција ТТ изјави дека планот е ставен во мирување на барање на другите членки на НАТО, кои повикуваат да се почека со „Грипен-ите“, пренесуваат британските медиуми. -Ова е поврзано со фактот дека фокусот во моментов е на воведувањето на системите Ф-16, рече Јонсон. Украина лани ги започна преговорите со Шведска за набавка на авионите „Грипен“.

The post Јонсон: Шведска ги прекина плановите за испорака на борбените авиони „Грипен“ за Украина appeared first on Република.

]]>
Подобар однос квалитет-цена: Етиопија се откажа од француските ловци Рафал и одлучи да купи руски Су-30 https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/podobar-odnos-kvalitet-tsena-etiopija-se-otkazha-od-frantsuskite-lovtsi-rafal-i-odluchi-da-kupi-ruski-su-30/ Tue, 23 Jan 2024 22:02:20 +0000 https://republika.mk/?p=736110

Етиопија потврди дека стана петнаесеттата земја во светот чија армија во својот арсенал го има рускиот ловец од тешка категорија - двоседот Су-30, откако најмалку два вакви авиони се во земјата, пишува магзинот сперцијализиран за оружје и воена опрема „Милитари воч“.

Долго време се шпекулира какви борбени авиони ќе купи Етиопија за да ги замени своите стари ловци МиГ-23 купени во 1980-тите, а потенцијално дури и некои од нејзините Су-27 кои беа купени во доцните 1990-ти и веројатно се веќе во последната деценија служба.

Земјата беше потврдена како клиент за кинескиот лесен ловец Л-15 на почетокот на 2022 година, што покажува дека овие полесни авиони ќе ги заменат МиГ-23, додека авионите Су-30 ќе ги заменуваат Су-27, како дел од комбинацијата високо-ниско. На овие ловци, само најновата серија Су-30МКА на алжирските воздухопловни сили, испорачана во 2020 година, им е ривал за титулата најспособни на африканскиот континент - позиција која Етиопија претходно ја постигна пред три децении кога првпат ги набави Су-27 од Русија.

Етиопија претходно се сметаше за водечки клиент на францускиот ловец Рафал, но по повеќе неуспешни понуди во африканските држави, вклучувајќи ги Мароко, Алжир и Либија, локалните медиуми објавија дека Париз агресивно ги нуди за продажба ловците на официјална Адис Абеба. Изборот на Етиопија за Су-30 наместо Рафал, следи слична одлука објавена на 30 ноември 2023 година, од казахстанското Министерство за одбрана, кое го избра Су-30СМ. Тогашниот казахстански заменик-врховен командант на воздушната одбрана и шеф на главниот оддел за вооружување Јержан Нилдибаев изјави дека Су-30 има подобар сооднос „квалитет-цена“ во споредба со француските авиони.

Единствените други земји за кои се знае дека размислувале меѓу Рафал и Су-30 како конкуренти за купување, Алжир и Либија, и двете исто така го избраа Су-30, иако Либија беше под заеднички напад од повеќе членки на НАТО и либиската влада беше соборена пред набавката да биде финализирана.

Во меѓувреме, индиските воздухопловни сили, иако набавија 36 Рафали, не дадоа дополнителни нарачки и продолжија да ја прошируваат својата флота Су-30 на над 270 ловци. Су-30СМ купени од Етиопија и Казахстан, се тесно поврзани со Су-30МКА купени од Алжир и Су-30МКИ купени од Индија, при што сите три се произведени во воздухопловната фабрика во Иркутск и се сметаат за најспособни варијанти на овие авиони.

Способноста на Русија да испорача Су-30 многу побрзо отколку што може Франција да го испорача Рафал, често во рок од една година од потпишувањето на договорот, како и значајните заеднички карактеристики со веќе набавените Су-27 кои ќе ги намалат потребите за обука, се смета дека се други важни фактори кои веројатно влијаеле Етиопија да го фаворизира Су-30 во време кога итно и се потребни нови ловци. Фактот дека авионите Су-30 имале поинтензивни борбени тестирања на сите нивоа на интензитет, додека воените операции на Рафал се ограничени на мал број удари со низок интензитет над минимално бранети копнени цели, е уште еден фактор во корист на рускиот ловец.

The post Подобар однос квалитет-цена: Етиопија се откажа од француските ловци Рафал и одлучи да купи руски Су-30 appeared first on Република.

]]>

Етиопија потврди дека стана петнаесеттата земја во светот чија армија во својот арсенал го има рускиот ловец од тешка категорија - двоседот Су-30, откако најмалку два вакви авиони се во земјата, пишува магзинот сперцијализиран за оружје и воена опрема „Милитари воч“. Долго време се шпекулира какви борбени авиони ќе купи Етиопија за да ги замени своите стари ловци МиГ-23 купени во 1980-тите, а потенцијално дури и некои од нејзините Су-27 кои беа купени во доцните 1990-ти и веројатно се веќе во последната деценија служба. Земјата беше потврдена како клиент за кинескиот лесен ловец Л-15 на почетокот на 2022 година, што покажува дека овие полесни авиони ќе ги заменат МиГ-23, додека авионите Су-30 ќе ги заменуваат Су-27, како дел од комбинацијата високо-ниско. На овие ловци, само најновата серија Су-30МКА на алжирските воздухопловни сили, испорачана во 2020 година, им е ривал за титулата најспособни на африканскиот континент - позиција која Етиопија претходно ја постигна пред три децении кога првпат ги набави Су-27 од Русија. Етиопија претходно се сметаше за водечки клиент на францускиот ловец Рафал, но по повеќе неуспешни понуди во африканските држави, вклучувајќи ги Мароко, Алжир и Либија, локалните медиуми објавија дека Париз агресивно ги нуди за продажба ловците на официјална Адис Абеба. Изборот на Етиопија за Су-30 наместо Рафал, следи слична одлука објавена на 30 ноември 2023 година, од казахстанското Министерство за одбрана, кое го избра Су-30СМ. Тогашниот казахстански заменик-врховен командант на воздушната одбрана и шеф на главниот оддел за вооружување Јержан Нилдибаев изјави дека Су-30 има подобар сооднос „квалитет-цена“ во споредба со француските авиони. Единствените други земји за кои се знае дека размислувале меѓу Рафал и Су-30 како конкуренти за купување, Алжир и Либија, и двете исто така го избраа Су-30, иако Либија беше под заеднички напад од повеќе членки на НАТО и либиската влада беше соборена пред набавката да биде финализирана. Во меѓувреме, индиските воздухопловни сили, иако набавија 36 Рафали, не дадоа дополнителни нарачки и продолжија да ја прошируваат својата флота Су-30 на над 270 ловци. Су-30СМ купени од Етиопија и Казахстан, се тесно поврзани со Су-30МКА купени од Алжир и Су-30МКИ купени од Индија, при што сите три се произведени во воздухопловната фабрика во Иркутск и се сметаат за најспособни варијанти на овие авиони. Способноста на Русија да испорача Су-30 многу побрзо отколку што може Франција да го испорача Рафал, често во рок од една година од потпишувањето на договорот, како и значајните заеднички карактеристики со веќе набавените Су-27 кои ќе ги намалат потребите за обука, се смета дека се други важни фактори кои веројатно влијаеле Етиопија да го фаворизира Су-30 во време кога итно и се потребни нови ловци. Фактот дека авионите Су-30 имале поинтензивни борбени тестирања на сите нивоа на интензитет, додека воените операции на Рафал се ограничени на мал број удари со низок интензитет над минимално бранети копнени цели, е уште еден фактор во корист на рускиот ловец.

The post Подобар однос квалитет-цена: Етиопија се откажа од француските ловци Рафал и одлучи да купи руски Су-30 appeared first on Република.

]]>
Британски „Тајфун“ леташе со 1200 км/ч и погоди цели во Јемен https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/britanski-tajfun-letashe-so-1200-km-ch-i-pogodi-tseli-vo-jemen/ Sat, 13 Jan 2024 12:56:26 +0000 https://republika.mk/?p=732594

Министерството за одбрана на Велика Британија објави снимка од авион Тајфун како погодува цел во Јемен.

На снимката се гледа погодената зграда на екран на авионот, пред големата експлозија.

Како што наведува британското министерство за одбрана, тоа било една од двете области што ги таргетирале британски авиони.

https://twitter.com/clashreport/status/1745704035481505956?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1745704035481505956%7Ctwgr%5Ecdeb8d7de85a91991ff1b284bef11c96eceeeeee%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fnetpress.com.mk%2Fvideo-i-britanskiot-ta-fun-letashe-so-1200-km-ch-i-ga-ashe-celi-vo-emen%2F

Тајфунот лета со брзина од 950 до 1.200 километри на час, а сепак сликата е речиси апсолутно статична. Леталото може да лета во круг, а сликата е како да сте во балон над него. Неверојатно е“, изјави одбранбениот аналитичар Мајкл Кларк.

 

The post Британски „Тајфун“ леташе со 1200 км/ч и погоди цели во Јемен appeared first on Република.

]]>

Министерството за одбрана на Велика Британија објави снимка од авион Тајфун како погодува цел во Јемен. На снимката се гледа погодената зграда на екран на авионот, пред големата експлозија. Како што наведува британското министерство за одбрана, тоа било една од двете области што ги таргетирале британски авиони. https://twitter.com/clashreport/status/1745704035481505956?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1745704035481505956%7Ctwgr%5Ecdeb8d7de85a91991ff1b284bef11c96eceeeeee%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fnetpress.com.mk%2Fvideo-i-britanskiot-ta-fun-letashe-so-1200-km-ch-i-ga-ashe-celi-vo-emen%2F
Тајфунот лета со брзина од 950 до 1.200 километри на час, а сепак сликата е речиси апсолутно статична. Леталото може да лета во круг, а сликата е како да сте во балон над него. Неверојатно е“, изјави одбранбениот аналитичар Мајкл Кларк.
 

The post Британски „Тајфун“ леташе со 1200 км/ч и погоди цели во Јемен appeared first on Република.

]]>
Чешката Влада го одобри планот за купување на 24 борбени авиони Ф-35 https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/cheshkata-vlada-go-odobri-planot-za-kupuvane-na-24-borbeni-avioni-f-35/ Wed, 27 Sep 2023 16:45:17 +0000 https://republika.mk/?p=685747

Владата на Чешка го одобри планот за купување на 24 борбени авиони Еф-35, изјави премиерот Петар Фиала, цитиран од британските медиуми, пренесе БТА.

Според него, првиот ловец ќе биде готов во 2029 година, а другите до 2035 година.

Премиерот ја оцени владината одлука како „ефективна“ и посочи дека таа е „систем со подолга перспектива од сите други типови авиони“.

Министерката за одбрана Јана Чернохова рече дека државата ќе плати 150 милијарди круни (околу 6,47 милијарди долари) до 2034 година. Околу една третина од сумата е наменета за технички надградби, гориво, персонал, обука и такси.

Во јуни, Стејт департментот на САД одобри продажба на борбени авиони Еф-35 на Чешка, заедно со поврзаното вооружување и опрема. Во моментов, централноевропската земја располага со ловци Грипен, кои се изнајмени од шведската компанија СААБ.

The post Чешката Влада го одобри планот за купување на 24 борбени авиони Ф-35 appeared first on Република.

]]>

Владата на Чешка го одобри планот за купување на 24 борбени авиони Еф-35, изјави премиерот Петар Фиала, цитиран од британските медиуми, пренесе БТА. Според него, првиот ловец ќе биде готов во 2029 година, а другите до 2035 година. Премиерот ја оцени владината одлука како „ефективна“ и посочи дека таа е „систем со подолга перспектива од сите други типови авиони“. Министерката за одбрана Јана Чернохова рече дека државата ќе плати 150 милијарди круни (околу 6,47 милијарди долари) до 2034 година. Околу една третина од сумата е наменета за технички надградби, гориво, персонал, обука и такси. Во јуни, Стејт департментот на САД одобри продажба на борбени авиони Еф-35 на Чешка, заедно со поврзаното вооружување и опрема. Во моментов, централноевропската земја располага со ловци Грипен, кои се изнајмени од шведската компанија СААБ.

The post Чешката Влада го одобри планот за купување на 24 борбени авиони Ф-35 appeared first on Република.

]]>
Зеленски: Добивме сериозна, моќна понуда за авиони Ф-16 https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zelenski-dobivme-seriozna-mokna-ponuda-za-avioni-f-16/ Wed, 07 Jun 2023 08:19:05 +0000 https://republika.mk/?p=648702

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека добил „сериозна, моќна“ понуда од лидерите на западните земји да бидат испратени борбени авиони Ф-16 за Киев, додавајќи дека очекува конечен договор со клучните сојузници.

Нашите партнери знаат колку авиони ни се потребни, рече Зеленски во изјава на неговата Интернет-страница.

Веќе добив уверување од некои наши европски партнери за разбирањето на таа бројка… Тоа е сериозна, моќна понуда, изјави украинскиот претседател.

Киев сега чека конечен договор со своите сојузници, вклучително и „заеднички договор со САД“, рече Зеленски. Се уште не е јасно кој од сојузниците на Киев е подготвен да испрати западни авиони во Украина.

Американскиот претседател Џо Бајден, да потсетиме, на лидерите на Г7, минатиот месец, им кажа дека Вашингтон поддржува заеднички програми за обука на украинските пилоти за авионите Ф-16, но советникот за национална безбедност Џејк Саливан рече дека сè уште нема конечна одлука за испраќање на авионот од Вашингтон.

Зеленски долго време се залагаше за испраќање авиони Ф-16 во Украина, тврдејќи дека нивното појавување со украинските пилоти ќе биде јасен сигнал до светот дека руската инвазија ќе заврши со пораз.

Русија вчера предупреди дека снабдувањето на Киев со тие авиони дополнително ќе го ескалира конфликтот.

The post Зеленски: Добивме сериозна, моќна понуда за авиони Ф-16 appeared first on Република.

]]>

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека добил „сериозна, моќна“ понуда од лидерите на западните земји да бидат испратени борбени авиони Ф-16 за Киев, додавајќи дека очекува конечен договор со клучните сојузници. Нашите партнери знаат колку авиони ни се потребни, рече Зеленски во изјава на неговата Интернет-страница. Веќе добив уверување од некои наши европски партнери за разбирањето на таа бројка… Тоа е сериозна, моќна понуда, изјави украинскиот претседател. Киев сега чека конечен договор со своите сојузници, вклучително и „заеднички договор со САД“, рече Зеленски. Се уште не е јасно кој од сојузниците на Киев е подготвен да испрати западни авиони во Украина. Американскиот претседател Џо Бајден, да потсетиме, на лидерите на Г7, минатиот месец, им кажа дека Вашингтон поддржува заеднички програми за обука на украинските пилоти за авионите Ф-16, но советникот за национална безбедност Џејк Саливан рече дека сè уште нема конечна одлука за испраќање на авионот од Вашингтон. Зеленски долго време се залагаше за испраќање авиони Ф-16 во Украина, тврдејќи дека нивното појавување со украинските пилоти ќе биде јасен сигнал до светот дека руската инвазија ќе заврши со пораз. Русија вчера предупреди дека снабдувањето на Киев со тие авиони дополнително ќе го ескалира конфликтот.

The post Зеленски: Добивме сериозна, моќна понуда за авиони Ф-16 appeared first on Република.

]]>
САД со закана до Аргентина: Градењето фабрика за кинески борбени авиони е „договор со ѓаволот“ и ќе предизвика американски одговор https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sad-so-zakana-do-argentina-gradeneto-fabrika-za-kineski-borbeni-avioni-e-dogovor-so-gavolot-i-ke-predizvika-amerikanski-odgovor/ Thu, 09 Mar 2023 16:50:38 +0000 https://republika.mk/?p=617492

Официјален Вашингтон испрати закана и предупредување до Буенос Аирес, поради аргентинските планови за изградба на фабрички погон за производство кинески борбени авиони.

Кинеската фабрика за борбени авиони во Аргентина е многу лоша идеја, порача членката американскиот Претставнички дом, Марија Елвира Салазар.

Според Салазар, Буенос Аирес има намера да отвори фабрика за авиони JF-17. Таа ги опиша овие намери како „договор со ѓаволот“.

Салазар тврди дека договорот е веќе завршена работа и посочи дека знае кои високи аргентински политичари го склучиле.

Според неа, тоа се претседателот Алберто Фернандез и потпретседателката Кристина Фернандез де Кирхнер [CFK].

Конгресменката од Флорида се обрати со остар и заканувачки тон, наведувајќи дека доколку Аргентина отвори фабрика за борбени авиони ФЈ-17, „последиците ќе бидат библиски“.

Салазар порача и дека Вашингтон нема да го дозволи тоа и дека нема да стои со скрстени раце.

The post САД со закана до Аргентина: Градењето фабрика за кинески борбени авиони е „договор со ѓаволот“ и ќе предизвика американски одговор appeared first on Република.

]]>

Официјален Вашингтон испрати закана и предупредување до Буенос Аирес, поради аргентинските планови за изградба на фабрички погон за производство кинески борбени авиони.
Кинеската фабрика за борбени авиони во Аргентина е многу лоша идеја, порача членката американскиот Претставнички дом, Марија Елвира Салазар.
Според Салазар, Буенос Аирес има намера да отвори фабрика за авиони JF-17. Таа ги опиша овие намери како „договор со ѓаволот“. Салазар тврди дека договорот е веќе завршена работа и посочи дека знае кои високи аргентински политичари го склучиле. Според неа, тоа се претседателот Алберто Фернандез и потпретседателката Кристина Фернандез де Кирхнер [CFK]. Конгресменката од Флорида се обрати со остар и заканувачки тон, наведувајќи дека доколку Аргентина отвори фабрика за борбени авиони ФЈ-17, „последиците ќе бидат библиски“. Салазар порача и дека Вашингтон нема да го дозволи тоа и дека нема да стои со скрстени раце.

The post САД со закана до Аргентина: Градењето фабрика за кинески борбени авиони е „договор со ѓаволот“ и ќе предизвика американски одговор appeared first on Република.

]]>
И Полска објави дека нема преговори за испраќање борбени авиони Ф-16 во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/i-polska-objavi-deka-nema-pregovori-za-isprakane-borbeni-avioni-f-16-vo-ukraina/ Tue, 31 Jan 2023 14:27:27 +0000 https://republika.mk/?p=603031

Полска објави дека нема преговори за испраќање борбени авиони Ф-16 во Украина, а сега и Велика Британија го изрази својот скептицизам со официјална изјава дека не верува дека тоа би било практично.

Британските борбени авиони се многу софистицирани и потребни се месеци за да научат да летаат со нив. Со оглед на тоа, веруваме дека не е практично да се испратат овие авиони во Украина. Ќе продолжиме да разговараме со нашите сојузници за пристапот што мислиме дека е правилен“, изјави портпаролот на британскиот премиер Риши Сунак, пишува Index.hr.

Берлин, исто така, категорично одби да испрати борбени авиони, додека францускиот претседател Емануел Макрон рече дека „ништо не е исклучено“, уверувајќи дека Украинците тоа не го побарале од него.

Инаку, Макрон разговараше со холандскиот премиер Марк Руте, кој рече дека нема „табу“ по тоа прашање, но дека тоа ќе биде „голем чекор“.

The post И Полска објави дека нема преговори за испраќање борбени авиони Ф-16 во Украина appeared first on Република.

]]>

Полска објави дека нема преговори за испраќање борбени авиони Ф-16 во Украина, а сега и Велика Британија го изрази својот скептицизам со официјална изјава дека не верува дека тоа би било практично.
Британските борбени авиони се многу софистицирани и потребни се месеци за да научат да летаат со нив. Со оглед на тоа, веруваме дека не е практично да се испратат овие авиони во Украина. Ќе продолжиме да разговараме со нашите сојузници за пристапот што мислиме дека е правилен“, изјави портпаролот на британскиот премиер Риши Сунак, пишува Index.hr.
Берлин, исто така, категорично одби да испрати борбени авиони, додека францускиот претседател Емануел Макрон рече дека „ништо не е исклучено“, уверувајќи дека Украинците тоа не го побарале од него. Инаку, Макрон разговараше со холандскиот премиер Марк Руте, кој рече дека нема „табу“ по тоа прашање, но дека тоа ќе биде „голем чекор“.

The post И Полска објави дека нема преговори за испраќање борбени авиони Ф-16 во Украина appeared first on Република.

]]>
Бајден: САД нема да испраќаат борбени авиони Ф-16 во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/bajden-sad-nema-da-isprakaat-borbeni-avioni-f-16-vo-ukraina/ Tue, 31 Jan 2023 07:09:17 +0000 https://republika.mk/?p=602792

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека Вашингтон нема да испраќаат борбени авиони Ф-16 во Украина, пренесуваат британските медиуми.

Западните медиуми минатата недела соопштија дека група воени претставници „во тишина” го наговараат Пентагон да испрати авиони Ф-16 во Киев.

За ова прашање францускиот претседател Емануел Макрон, синоќа не ја исклучи можноста Париз да испрати борбени авиони во Киев, но под одредени услови.

САД за неколку недели ќе почнат да ги испраќаат ветените 31 тенк „М1 Амбрамс”„ во Украина.

The post Бајден: САД нема да испраќаат борбени авиони Ф-16 во Украина appeared first on Република.

]]>

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека Вашингтон нема да испраќаат борбени авиони Ф-16 во Украина, пренесуваат британските медиуми. Западните медиуми минатата недела соопштија дека група воени претставници „во тишина” го наговараат Пентагон да испрати авиони Ф-16 во Киев. За ова прашање францускиот претседател Емануел Макрон, синоќа не ја исклучи можноста Париз да испрати борбени авиони во Киев, но под одредени услови. САД за неколку недели ќе почнат да ги испраќаат ветените 31 тенк „М1 Амбрамс”„ во Украина.

The post Бајден: САД нема да испраќаат борбени авиони Ф-16 во Украина appeared first on Република.

]]>
Кина испраќа борбени авиони на воена вежба со Тајланд https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kina-isprakja-borbeni-avioni-na-voena-vezba-so-tajland/ Sat, 13 Aug 2022 13:00:54 +0000 https://republika.mk/?p=539892

Кинеските воздухопловни сили ќе испратат борбени авиони на заедничка воена вежба со Тајланд, потврди Министерството за одбрана на Кина, јавува Анадолија.

Во соопштението се наведува дека кинески борбени авиони и бомбардери ќе учествуваат во вежбата „Falcon Strike“, која ќе започне утре во Тајланд.

Во вежбата, која ќе се одржи во кралската воздухопловна база Удорн на северот на земјата, во близина на границата со Лаос, „ќе се спроведуваат тренинзи во областа на воздушна поддршка, напади на копнени цели, мал и голем транспорт на трупи“.

Вежбата следува по кинеските воени вежби што се одржаа околу Тајван, откако претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, го посети островот.

Вежбите спроведени во шест региони, со учество од воздух, копно и море, создадоа де факто блокада околу островот. Во средата Кина објави крај на воените вежби во близина на Тајван.

 

The post Кина испраќа борбени авиони на воена вежба со Тајланд appeared first on Република.

]]>

Кинеските воздухопловни сили ќе испратат борбени авиони на заедничка воена вежба со Тајланд, потврди Министерството за одбрана на Кина, јавува Анадолија. Во соопштението се наведува дека кинески борбени авиони и бомбардери ќе учествуваат во вежбата „Falcon Strike“, која ќе започне утре во Тајланд. Во вежбата, која ќе се одржи во кралската воздухопловна база Удорн на северот на земјата, во близина на границата со Лаос, „ќе се спроведуваат тренинзи во областа на воздушна поддршка, напади на копнени цели, мал и голем транспорт на трупи“. Вежбата следува по кинеските воени вежби што се одржаа околу Тајван, откако претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, го посети островот. Вежбите спроведени во шест региони, со учество од воздух, копно и море, создадоа де факто блокада околу островот. Во средата Кина објави крај на воените вежби во близина на Тајван.  

The post Кина испраќа борбени авиони на воена вежба со Тајланд appeared first on Република.

]]>
Фиала: Чешки борбени авиони од септември ќе го чуваат воздушниот простор на Словачка https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/fiala-cheshki-borbeni-avioni-od-septemvri-kje-go-chuvaat-vozdushniot-prostor-na-slovachka/ Sun, 03 Jul 2022 12:25:43 +0000 https://republika.mk/?p=523049

Чешки борбени авиони од септември ќе го чуваат воздушниот простор на соседна Словачка, изјави денеска чешкиот премиер Петр Фиала.

Словачка одлучи да ги приземји своите борбени авиони МиГ-29 од руско производство и побара од сојузниците од НАТО да патролираат на нејзиното небо. Приземјените авиони би можеле да бидат испратени во соседна Украина за да му помогнат на Киев да се одбрани од руската инвазија.

Не гледам никаков проблем овде, владата сигурно ќе го одобри тоа, рече Фиала за време на телевизиската дебата со неговиот словачки колега Едуард Хегер.

Во 2018 година, Словачка нарача борбени авиони Ф-16 од САД. Почетокот на испораката на авионите беше планиран за оваа година, а крајот на испораката следната година. Но, сега се претпоставува дека испораката ќе се случи во 2024 година.

 

The post Фиала: Чешки борбени авиони од септември ќе го чуваат воздушниот простор на Словачка appeared first on Република.

]]>

Чешки борбени авиони од септември ќе го чуваат воздушниот простор на соседна Словачка, изјави денеска чешкиот премиер Петр Фиала. Словачка одлучи да ги приземји своите борбени авиони МиГ-29 од руско производство и побара од сојузниците од НАТО да патролираат на нејзиното небо. Приземјените авиони би можеле да бидат испратени во соседна Украина за да му помогнат на Киев да се одбрани од руската инвазија.
Не гледам никаков проблем овде, владата сигурно ќе го одобри тоа, рече Фиала за време на телевизиската дебата со неговиот словачки колега Едуард Хегер.
Во 2018 година, Словачка нарача борбени авиони Ф-16 од САД. Почетокот на испораката на авионите беше планиран за оваа година, а крајот на испораката следната година. Но, сега се претпоставува дека испораката ќе се случи во 2024 година.  

The post Фиала: Чешки борбени авиони од септември ќе го чуваат воздушниот простор на Словачка appeared first on Република.

]]>
Зеленски: Нашите западни партнери имаат борбени авиони и проектили, но тие собираат прашина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zelenski-nashite-zapadni-partneri-imaat-borbeni-avioni-i-proektili-no-tie-sobiraat-prashina/ Sun, 27 Mar 2022 18:41:31 +0000 https://republika.mk/?p=479447

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, побара од Западот борбени авиони и противвоздушни ракети.

Нашите партнери ги имаат и тие собираат прашина за нив. Тие се неопходни не само за слободата на Украина, туку и за слободата на Европа - изјави Зеленски.

Тој порача дека Литванија, Летонија, Естонија, Полска и Словачка може да се соочат со напад од Русија, „бидејќи во хангарите чуваат еден процент од борбените авиони и тенкови на НАТО“.

Само еден процент. Не бараме повеќе од тоа и чекаме 31 ден - изјави Зеленски.

Тој додаде дека Украина не може да соборува руски ракети со пушки и митралези што ги добиле од Запад.

The post Зеленски: Нашите западни партнери имаат борбени авиони и проектили, но тие собираат прашина appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, побара од Западот борбени авиони и противвоздушни ракети.
Нашите партнери ги имаат и тие собираат прашина за нив. Тие се неопходни не само за слободата на Украина, туку и за слободата на Европа - изјави Зеленски.
Тој порача дека Литванија, Летонија, Естонија, Полска и Словачка може да се соочат со напад од Русија, „бидејќи во хангарите чуваат еден процент од борбените авиони и тенкови на НАТО“.
Само еден процент. Не бараме повеќе од тоа и чекаме 31 ден - изјави Зеленски.
Тој додаде дека Украина не може да соборува руски ракети со пушки и митралези што ги добиле од Запад.

The post Зеленски: Нашите западни партнери имаат борбени авиони и проектили, но тие собираат прашина appeared first on Република.

]]>
Дојава за бомба на авион од Москва за Истанбул, Романците го следеле со борбени авиони https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/dojava-za-bomba-na-avion-od-moskva-za-istanbul-romancite-go-sledele-so-borbeni-avioni/ Wed, 23 Mar 2022 07:43:19 +0000 https://republika.mk/?p=476918

Романски борбени авиони следеле патнички авион на лет од Москва кон Истанбул во воздушниот простор на таа земја, откако била примена дојава за бомба во авионот, соопшти прес-службата на романското Министерство за одбрана.

„Романските воздухопловни сили денеска извршија нова мисија во националниот воздушен простор за пресретнување и придружба на цивилен авион на ‘Туркиш ерлајнс’ што леташе од Москва до Истанбул. Пред тоа, од цивилната контрола на летање е добиена дојава дека во авионот е поставена бомба“, се вели во пораката објавена на Фејсбук страницата на романското Министерство за одбрана.

Министерството појасни дека воените авиони го следеле цивилното летало во согласност со важечките закони и процедури додека авионот го напуштил воздушниот простор на Романија.

The post Дојава за бомба на авион од Москва за Истанбул, Романците го следеле со борбени авиони appeared first on Република.

]]>

Романски борбени авиони следеле патнички авион на лет од Москва кон Истанбул во воздушниот простор на таа земја, откако била примена дојава за бомба во авионот, соопшти прес-службата на романското Министерство за одбрана. „Романските воздухопловни сили денеска извршија нова мисија во националниот воздушен простор за пресретнување и придружба на цивилен авион на ‘Туркиш ерлајнс’ што леташе од Москва до Истанбул. Пред тоа, од цивилната контрола на летање е добиена дојава дека во авионот е поставена бомба“, се вели во пораката објавена на Фејсбук страницата на романското Министерство за одбрана. Министерството појасни дека воените авиони го следеле цивилното летало во согласност со важечките закони и процедури додека авионот го напуштил воздушниот простор на Романија.

The post Дојава за бомба на авион од Москва за Истанбул, Романците го следеле со борбени авиони appeared first on Република.

]]>
Русија префрли борбени авиони во Белорусија во пресрет на воените вежби https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-prefrli-borbeni-avioni-vo-belorusija-vo-presret-na-voenite-vezbi/ Sat, 05 Feb 2022 12:23:27 +0000 https://republika.mk/?p=454492

Русија префрли непознат број борбени авиони Сухој Су-25СМ во Белорусија, неколку дена пред планираните воени маневри во таа земја, која граничи со Украина.

Авионите се испратени на 7.000 километри од брегот на Јапонското Море до воените аеродроми во регионот Брест во западна Белорусија, соопшти денеска руското Министерство за одбрана, без да наведе точен број.

Москва планира да одржи воени маневри во Белорусија, нејзин близок сојузник, од 10 до 20 февруари.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу посочи дека во вежбите во Белорусија ќе бидат вклучени помалку од 13.000 руски војници, 300 тенкови, 500 оклопни возила и 3.500 падобранци.

Западните сојузници стравуваат дека Русија можеби планира инвазија на украинска територија. Кремљ го негира ова и за возврат го обвинува НАТО дека ги подгрева тензиите во регионот.

Меѓу различните можни опции, според западни разузнавачки извори е и упад на Русија преку украинскиот регион Донбас, кој е под контрола на проруските сепаратисти. Втората е Русија да изврши инвазија од Белорусија, која е блиску до украинскиот главен град Киев.

Земјите од НАТО преместија повеќе бродови, авиони и војници во Балтикот и Источна Европа во последните недели.

Алијансата ја обвини Русија дека распоредила околу 30.000 војници во Белорусија, вклучувајќи авиони, нуклеарни ракети Искандер, системи за противвоздушна одбрана С-400 и специјални единици на воената разузнавачка агенција ГРУ. Со тоа се зголемува бројот од 100.000 руски војници кои веќе се во близина на украинската граница.

The post Русија префрли борбени авиони во Белорусија во пресрет на воените вежби appeared first on Република.

]]>

Русија префрли непознат број борбени авиони Сухој Су-25СМ во Белорусија, неколку дена пред планираните воени маневри во таа земја, која граничи со Украина. Авионите се испратени на 7.000 километри од брегот на Јапонското Море до воените аеродроми во регионот Брест во западна Белорусија, соопшти денеска руското Министерство за одбрана, без да наведе точен број. Москва планира да одржи воени маневри во Белорусија, нејзин близок сојузник, од 10 до 20 февруари. Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу посочи дека во вежбите во Белорусија ќе бидат вклучени помалку од 13.000 руски војници, 300 тенкови, 500 оклопни возила и 3.500 падобранци. Западните сојузници стравуваат дека Русија можеби планира инвазија на украинска територија. Кремљ го негира ова и за возврат го обвинува НАТО дека ги подгрева тензиите во регионот. Меѓу различните можни опции, според западни разузнавачки извори е и упад на Русија преку украинскиот регион Донбас, кој е под контрола на проруските сепаратисти. Втората е Русија да изврши инвазија од Белорусија, која е блиску до украинскиот главен град Киев. Земјите од НАТО преместија повеќе бродови, авиони и војници во Балтикот и Источна Европа во последните недели. Алијансата ја обвини Русија дека распоредила околу 30.000 војници во Белорусија, вклучувајќи авиони, нуклеарни ракети Искандер, системи за противвоздушна одбрана С-400 и специјални единици на воената разузнавачка агенција ГРУ. Со тоа се зголемува бројот од 100.000 руски војници кои веќе се во близина на украинската граница.

The post Русија префрли борбени авиони во Белорусија во пресрет на воените вежби appeared first on Република.

]]>