борбен авион Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/borben-avion/ За подобро да се разбереме Wed, 01 May 2024 20:17:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png борбен авион Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/borben-avion/ 32 32 Гордата членка на НАТО Македонија нема ниту еден борбен авион https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gordata-chlenka-na-nato-makedonija-nema-nitu-eden-borben-avion/ Thu, 02 May 2024 06:06:48 +0000 https://republika.mk/?p=773150

Maкедонија е меѓу ретките членки на НАТО што нема ниту еден борбен авион. Во наше друштво се само Црна Гора и Албанија кои исто така немаат ниту едно борбено летало.

Поради тоа, македонското небо го чува Грција, а сега тоа ќе го прави и Италија.За разлика од нас Бугарија има 20, Унгарија 14, Словенија 9, Романија 23.Од земјите во регионот рекордери се Србија и Хрватска со 31 и 23 борбени летала.

https://republika.mk/vesti/svet/leopard-abrams-bredli-rusija-na-izlozhba-ja-pokazha-nato-tehnikata-zarobena-vo-ukraina/

Хрватска скоро набави нови „Рафали“ од Франција а во тек на набавка е и Србија.

https://republika.mk/vesti/makedonija/italija-doaga-na-makedonskoto-nebo-bidejki-grtsija-dosega-n-chuvashe-na-divo/

The post Гордата членка на НАТО Македонија нема ниту еден борбен авион appeared first on Република.

]]>

Maкедонија е меѓу ретките членки на НАТО што нема ниту еден борбен авион. Во наше друштво се само Црна Гора и Албанија кои исто така немаат ниту едно борбено летало. Поради тоа, македонското небо го чува Грција, а сега тоа ќе го прави и Италија.За разлика од нас Бугарија има 20, Унгарија 14, Словенија 9, Романија 23.Од земјите во регионот рекордери се Србија и Хрватска со 31 и 23 борбени летала. https://republika.mk/vesti/svet/leopard-abrams-bredli-rusija-na-izlozhba-ja-pokazha-nato-tehnikata-zarobena-vo-ukraina/ Хрватска скоро набави нови „Рафали“ од Франција а во тек на набавка е и Србија. https://republika.mk/vesti/makedonija/italija-doaga-na-makedonskoto-nebo-bidejki-grtsija-dosega-n-chuvashe-na-divo/

The post Гордата членка на НАТО Македонија нема ниту еден борбен авион appeared first on Република.

]]>
Кинезите нашле решение за откривање на најсовремениот американски „невидлив“ Ф-22 https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kinezite-nashle-reshenie-za-otkrivane-na-najsovremeniot-amerikanski-nevidliv-f-22/ Sun, 21 Apr 2024 11:19:16 +0000 https://republika.mk/?p=768542

Кинески научници нашле технолошко откритие коешто може да понуди решение за откривање на американските „невидливи“ борбени авиони Ф-22 „Раптор“. Новото откритие може да има значително влијание врз ефикасноста на Ф-22, пишува „Саут Чајна морнинг пост“.

Кинеските истражувачи на воздухопловството објавија дека развиле револуционерна радарска технологија за подобро откривање на стелт авиони, вклучувајќи го и Ф-22, кој САД го промовираат како најнапреден во светот.

Се верува дека површината на радарскиот пресек (ПРП), односно мерката за откривање на даден објект со радар, во случајот со Ф-22 е само еден квадратен сантиметар.

Сепак, тим од Колеџот за воздушна и ракетна одбрана на Универзитетот на воздухопловните сили Ксиан во провинцијата Шанкси, открил начин за откривање стелт авион со исти конфигурации како Ф-22 користејќи ја истата јачина на сигналот што се користи за откривање на обични ловци чиј ПРП е 60.000 пати поголем, пренесува кинескиот медиум.

Тим кинески научници го тестирале овој метод на површина од околу 63.000 квадратни километри, односно на површина доволно голема за непријателскиот авион да остане во своите граници и покрај можните маневри.

Тие велат дека откритието ќе им овозможи на кинеските радари да лоцираат авиони Ф-22 во реално време за само 0,008 секунди, со минимална маргина на грешка помала од 20 метри, а потоа брзо да ја пренесат оваа информација до пресретнувачите и противвоздушната одбрана.

Новото откритие може да има значително влијание врз ефикасноста на Ф-22, бидејќи максималниот дострел на ракетите воздух-воздух што ги носи овој авион е околу 100 километри.

Паметна распределба на ресурсите

Откривањето на стелт авиони често вклучува употреба на значителна количина на ресурси во рамките на радарската мрежа. Покрај тоа, во реални борбени ситуации, бројот на воздушни цели може да биде огромен, а еден радар може да одвои само дел од своите ресурси за откривање и следење на Ф-22.

Сепак, тимот кинески научници велат дека го надминале овој проблем со методот на „паметна распределба на ресурси“, кој овозможува централизирана радарска мрежа да ги приспособи зракот и моќноста на секој радар врз основа на карактеристиките на стелт авионот и промените на позицијата следени во реално време.

Ова ѝ овозможува на радарската мрежа да ги фокусира своите ограничени ресурси на најекспонираниот азимут или аголот на летот на стелт ловецот, со што значително се зголемува интензитетот и точноста на следењето на нејзината радарска патека, истовремено обезбедувајќи дека таа е постојано фиксирана.

Затоа, секој радар треба да потроши само дел од својата моќ за следење на стелт-ловци, а сеопфатното и стабилно следење на формациските ловци Ф-22 може да се постигне со само три радари.

The post Кинезите нашле решение за откривање на најсовремениот американски „невидлив“ Ф-22 appeared first on Република.

]]>

Кинески научници нашле технолошко откритие коешто може да понуди решение за откривање на американските „невидливи“ борбени авиони Ф-22 „Раптор“. Новото откритие може да има значително влијание врз ефикасноста на Ф-22, пишува „Саут Чајна морнинг пост“. Кинеските истражувачи на воздухопловството објавија дека развиле револуционерна радарска технологија за подобро откривање на стелт авиони, вклучувајќи го и Ф-22, кој САД го промовираат како најнапреден во светот. Се верува дека површината на радарскиот пресек (ПРП), односно мерката за откривање на даден објект со радар, во случајот со Ф-22 е само еден квадратен сантиметар. Сепак, тим од Колеџот за воздушна и ракетна одбрана на Универзитетот на воздухопловните сили Ксиан во провинцијата Шанкси, открил начин за откривање стелт авион со исти конфигурации како Ф-22 користејќи ја истата јачина на сигналот што се користи за откривање на обични ловци чиј ПРП е 60.000 пати поголем, пренесува кинескиот медиум. Тим кинески научници го тестирале овој метод на површина од околу 63.000 квадратни километри, односно на површина доволно голема за непријателскиот авион да остане во своите граници и покрај можните маневри. Тие велат дека откритието ќе им овозможи на кинеските радари да лоцираат авиони Ф-22 во реално време за само 0,008 секунди, со минимална маргина на грешка помала од 20 метри, а потоа брзо да ја пренесат оваа информација до пресретнувачите и противвоздушната одбрана. Новото откритие може да има значително влијание врз ефикасноста на Ф-22, бидејќи максималниот дострел на ракетите воздух-воздух што ги носи овој авион е околу 100 километри.

Паметна распределба на ресурсите

Откривањето на стелт авиони често вклучува употреба на значителна количина на ресурси во рамките на радарската мрежа. Покрај тоа, во реални борбени ситуации, бројот на воздушни цели може да биде огромен, а еден радар може да одвои само дел од своите ресурси за откривање и следење на Ф-22. Сепак, тимот кинески научници велат дека го надминале овој проблем со методот на „паметна распределба на ресурси“, кој овозможува централизирана радарска мрежа да ги приспособи зракот и моќноста на секој радар врз основа на карактеристиките на стелт авионот и промените на позицијата следени во реално време. Ова ѝ овозможува на радарската мрежа да ги фокусира своите ограничени ресурси на најекспонираниот азимут или аголот на летот на стелт ловецот, со што значително се зголемува интензитетот и точноста на следењето на нејзината радарска патека, истовремено обезбедувајќи дека таа е постојано фиксирана. Затоа, секој радар треба да потроши само дел од својата моќ за следење на стелт-ловци, а сеопфатното и стабилно следење на формациските ловци Ф-22 може да се постигне со само три радари.

The post Кинезите нашле решение за откривање на најсовремениот американски „невидлив“ Ф-22 appeared first on Република.

]]>
Американски Ф-16 се урна во море во близина на Кина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/amerikanski-f-16-se-urna-vo-more-vo-blizina-na-kina/ Mon, 11 Dec 2023 19:06:42 +0000 https://republika.mk/?p=721889

Американски борбен авион Ф-16 се урнал за време на тренинг лет над Жолтото Море, објавија американските сили во Кореја (УСФК).

Пилотот на борбениот авион се катапултирал по што јужнокорејската морнарица го извлекла од морето меѓу Корејскиот Полуостров и Кина, соопшти УСФК.

Пилотот е во стабилна состојба, а причината за несреќата се истражува. Авионот полетал од американската воздушна база во Гунсан, во западна Јужна Кореја. Вкупно 28. 500 американски војници се стационирани во Јужна Кореја.

The post Американски Ф-16 се урна во море во близина на Кина appeared first on Република.

]]>

Американски борбен авион Ф-16 се урнал за време на тренинг лет над Жолтото Море, објавија американските сили во Кореја (УСФК). Пилотот на борбениот авион се катапултирал по што јужнокорејската морнарица го извлекла од морето меѓу Корејскиот Полуостров и Кина, соопшти УСФК. Пилотот е во стабилна состојба, а причината за несреќата се истражува. Авионот полетал од американската воздушна база во Гунсан, во западна Јужна Кореја. Вкупно 28. 500 американски војници се стационирани во Јужна Кореја.

The post Американски Ф-16 се урна во море во близина на Кина appeared first on Република.

]]>
Бугарија купува осум воени авиони Ф-16 за 1,2 милијарди долари https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/bugarija-kupuva-osum-voeni-avioni-f-16-za-1-2-milijardi-dolari/ Fri, 04 Nov 2022 12:22:06 +0000 https://republika.mk/?p=569560

Бугарските пратениците одобрија купување осум нови борбени авиони Ф-16. Одлуката е усвоена со 162 гласа „за„ и 49 против. Воздржани беа 11 пратеници.

„За„ гласаа ГЕРБ-СДС, „Продолжуваме на промената“, ДПС, „Демократска Бугарија“ и „Бугарски подем“. Против гласаа пратениците на БСП и Преродба.

Со донесувањето на одлуката, народните избраници му дозволуваат на Министерскиот совет да подготви договори за трансакцијата.

Вкупната сума е 1.296.412.185 долари

The post Бугарија купува осум воени авиони Ф-16 за 1,2 милијарди долари appeared first on Република.

]]>

Бугарските пратениците одобрија купување осум нови борбени авиони Ф-16. Одлуката е усвоена со 162 гласа „за„ и 49 против. Воздржани беа 11 пратеници. „За„ гласаа ГЕРБ-СДС, „Продолжуваме на промената“, ДПС, „Демократска Бугарија“ и „Бугарски подем“. Против гласаа пратениците на БСП и Преродба. Со донесувањето на одлуката, народните избраници му дозволуваат на Министерскиот совет да подготви договори за трансакцијата. Вкупната сума е 1.296.412.185 долари

The post Бугарија купува осум воени авиони Ф-16 за 1,2 милијарди долари appeared first on Република.

]]>
Се урна борбен авион во Иран https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/se-urna-borben-avion-vo-iran/ Sat, 18 Jun 2022 14:59:05 +0000 https://republika.mk/?p=516682

Ирански борбен авион Ф14 се урна денеска во регионот Исфахан по техничка неисправност, јави државната новинска агенција ИРНА.

Пилотот и копилотот безбедно се катапултирале и се здобиле само со полесни повреди.

Ирански воздушен борбен авион утрово имал технички дефект при слетувањето во базата Шахид Бабаи во Исфахан, пренесоа западни медиуми.

The post Се урна борбен авион во Иран appeared first on Република.

]]>

Ирански борбен авион Ф14 се урна денеска во регионот Исфахан по техничка неисправност, јави државната новинска агенција ИРНА. Пилотот и копилотот безбедно се катапултирале и се здобиле само со полесни повреди. Ирански воздушен борбен авион утрово имал технички дефект при слетувањето во базата Шахид Бабаи во Исфахан, пренесоа западни медиуми.

The post Се урна борбен авион во Иран appeared first on Република.

]]>
Германски борбени авиони пресретнаа руски авион во Балтичкото море https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/germanski-borbeni-avioni-presretnaa-ruski-avion-vo-baltichkoto-more/ Tue, 03 May 2022 16:49:18 +0000 https://republika.mk/?p=497033

Германски борбени авиони пресретнале руски извидувачки авион над Балтичкото Море и го испратиле од германска територија, објавија денеска германските медиуми.

„Руски извидувачки воен авион е забележан во близина на островот Реген, по што два авиони „Еурофајтер“ полетаа од базата Лага кај Росток, па рускиот авион беше придружуван подалеку од германска територија“, потврди агенцијата ДПА.

Дополнително беше потврдено дека авионот „се приближувал до германскиот воздушен простор“, но дека го променил правецот по полетувањето на германските авиони. Целиот инцидент се случил во саботата.

Во меѓувреме, данската влада го покани рускиот амбасадор во таа земја на информативен разговор поради неодамнешното влегување на руски воен авион во данскиот воздушен простор над балтичкиот остров Борнхолм. Во таа прилика рускиот авион го нарушил и шведскиот воздушен простор.

The post Германски борбени авиони пресретнаа руски авион во Балтичкото море appeared first on Република.

]]>

Германски борбени авиони пресретнале руски извидувачки авион над Балтичкото Море и го испратиле од германска територија, објавија денеска германските медиуми.
„Руски извидувачки воен авион е забележан во близина на островот Реген, по што два авиони „Еурофајтер“ полетаа од базата Лага кај Росток, па рускиот авион беше придружуван подалеку од германска територија“, потврди агенцијата ДПА.
Дополнително беше потврдено дека авионот „се приближувал до германскиот воздушен простор“, но дека го променил правецот по полетувањето на германските авиони. Целиот инцидент се случил во саботата. Во меѓувреме, данската влада го покани рускиот амбасадор во таа земја на информативен разговор поради неодамнешното влегување на руски воен авион во данскиот воздушен простор над балтичкиот остров Борнхолм. Во таа прилика рускиот авион го нарушил и шведскиот воздушен простор.

The post Германски борбени авиони пресретнаа руски авион во Балтичкото море appeared first on Република.

]]>