борба Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/borba/ За подобро да се разбереме Fri, 12 Apr 2024 09:30:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png борба Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/borba/ 32 32 Една година од војната во Судан која е во сенка на судирите во Газа и Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/edna-godina-od-vojnata-vo-sudan-koja-e-vo-senka-na-sudirite-vo-gaza-i-ukraina/ Fri, 12 Apr 2024 09:30:35 +0000 https://republika.mk/?p=765329

Војната во Судан почна пред една година, а според Обединетите нации, оттогаш околу девет милиони луѓе се внатрешно раселени, додека околу еден милион луѓе ја напуштиле земјата.

Илјадници луѓе се убиени во војната која е во сенка на конфликтите во Газа и Украина.

Обединетите нации побараа 2,7 милијарди долари за финансирање на хуманитарните потреби, но добија 155 милиони долари, што е само шест отсто од бараната сума.

Суданската армија, предводена од генералот Абдел Фатах Бурхан, се бори против паравоените сили за брза поддршка, со кои командува генералот Мохамед Хамдан Дагало.

Обединетите нации предупредија дека војната ќе остави последици за идните генерации.

Се проценува дека три милиони судански деца се неухранети, а околу 19 милиони деца не одат на училиште. Една четвртина од болниците во Судан повеќе не функционираат.

Хуманитарните организации тврдат дека во конфликтот најмногу страдаат жените и децата

The post Една година од војната во Судан која е во сенка на судирите во Газа и Украина appeared first on Република.

]]>

Војната во Судан почна пред една година, а според Обединетите нации, оттогаш околу девет милиони луѓе се внатрешно раселени, додека околу еден милион луѓе ја напуштиле земјата. Илјадници луѓе се убиени во војната која е во сенка на конфликтите во Газа и Украина. Обединетите нации побараа 2,7 милијарди долари за финансирање на хуманитарните потреби, но добија 155 милиони долари, што е само шест отсто од бараната сума. Суданската армија, предводена од генералот Абдел Фатах Бурхан, се бори против паравоените сили за брза поддршка, со кои командува генералот Мохамед Хамдан Дагало. Обединетите нации предупредија дека војната ќе остави последици за идните генерации. Се проценува дека три милиони судански деца се неухранети, а околу 19 милиони деца не одат на училиште. Една четвртина од болниците во Судан повеќе не функционираат. Хуманитарните организации тврдат дека во конфликтот најмногу страдаат жените и децата

The post Една година од војната во Судан која е во сенка на судирите во Газа и Украина appeared first on Република.

]]>
Мексиканскиот суд ја укина забраната, борбите со бикови се враќаат во арените https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/meksikanskiot-sud-ja-ukina-zabranata-borbite-so-bikovi-se-vrakaat-vo-arenite/ Fri, 12 Jan 2024 08:33:33 +0000 https://republika.mk/?p=732229

Во Мексико повторно се одржуваат борби со бикови на најголемата светска арена, за прв пат по укинувањето на судската забрана.

Таканаречената „Фиеста Брава“, како што се нарекува борбата со бикови на шпански, ќе се врати на Плаза Мексико во главниот град Сиудад де Мексико, почнувајќи од 28 јануари по пауза од речиси 600 дена, објавија организаторите во четвртокот.

Арената објави промоции за претстојните борби со бикови на социјалните мрежи.

Активистите за права на животните успеаја пред судот во јуни 2022 година привремено да ги прекинат борбите со бикови во главниот град на Мексико. Сепак, Врховниот суд ја укина суспензијата.

Противниците на борбите со бикови го осудија страдањето и убивањето на биковите користени во рингот.

„Плаза Мексико“ има повеќе од 41.000 седишта, додека светски познатата корида Лас Вентас во Мадрид има место за нешто помалку од 24.000 гледачи.

The post Мексиканскиот суд ја укина забраната, борбите со бикови се враќаат во арените appeared first on Република.

]]>

Во Мексико повторно се одржуваат борби со бикови на најголемата светска арена, за прв пат по укинувањето на судската забрана. Таканаречената „Фиеста Брава“, како што се нарекува борбата со бикови на шпански, ќе се врати на Плаза Мексико во главниот град Сиудад де Мексико, почнувајќи од 28 јануари по пауза од речиси 600 дена, објавија организаторите во четвртокот. Арената објави промоции за претстојните борби со бикови на социјалните мрежи. Активистите за права на животните успеаја пред судот во јуни 2022 година привремено да ги прекинат борбите со бикови во главниот град на Мексико. Сепак, Врховниот суд ја укина суспензијата. Противниците на борбите со бикови го осудија страдањето и убивањето на биковите користени во рингот. „Плаза Мексико“ има повеќе од 41.000 седишта, додека светски познатата корида Лас Вентас во Мадрид има место за нешто помалку од 24.000 гледачи.

The post Мексиканскиот суд ја укина забраната, борбите со бикови се враќаат во арените appeared first on Република.

]]>
Страшна смрт ги стигна руските војници во засолниште: Кога ги откри дрон, следуваше канонада https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/strashna-smrt-gi-stigna-ruskite-vojnitsi-vo-zasolnishte-koga-gi-otkri-dron-sleduvashe-kanonada/ Mon, 16 Jan 2023 18:23:07 +0000 https://republika.mk/?p=597639

Војниците на руската и украинската страна во Украина, секојдневно објавуваат десетици снимки од борби, а на социјалните мрежи објавена е снимка од уништувањето на положбата на руската војска од страна на украинската артилерија кај Соледар.

Како што се наведува, снимката ја претставил украинскиот командант со прекар Маџар, ама не е можно да се провери неговата автентичност.

На него се гледа како наводно група на руски војници се засолнува во напуштен објект.

Набрзо ги воочува украински дрон, а тогаш настанува вистинска канонада од украинската страна, која изгледа ја уништила руската единица.

The post Страшна смрт ги стигна руските војници во засолниште: Кога ги откри дрон, следуваше канонада appeared first on Република.

]]>

Војниците на руската и украинската страна во Украина, секојдневно објавуваат десетици снимки од борби, а на социјалните мрежи објавена е снимка од уништувањето на положбата на руската војска од страна на украинската артилерија кај Соледар. Како што се наведува, снимката ја претставил украинскиот командант со прекар Маџар, ама не е можно да се провери неговата автентичност. На него се гледа како наводно група на руски војници се засолнува во напуштен објект. Набрзо ги воочува украински дрон, а тогаш настанува вистинска канонада од украинската страна, која изгледа ја уништила руската единица.

The post Страшна смрт ги стигна руските војници во засолниште: Кога ги откри дрон, следуваше канонада appeared first on Република.

]]>
Борба за превласт во ДУИ меѓу крилата на Груби и Османи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/borba-za-prevlast-vo-dui-megju-krilata-na-grubi-i-osmani/ Tue, 22 Mar 2022 20:39:40 +0000 https://republika.mk/?p=476860

Откако во Македонија шпекулациите стануваат се погласни дека ДУИ по повеќе од 20 години во власта редно време е да одмори малку во опозиција, а со тоа и нивниот лидер Али Ахмети да се пензионира, борбата за престолонаследник во партијата започнa, пишува порталот „Вечер.мк“.

Како што пишува порталот, со одредени постапки на политичарите, слободно може да се заклучи дека на Македонија и претстојат предвремени парламентарни избори, а се поизвесна е промена на власта.

Актуелната власт на СДСМ и ДУИ од ден на ден се повеќе тоне, иако дел од аналитичарите го пофалија фуриозниот почеток на Ковачевски како премиер, сега по нешто повеќе од два месеци со него на чело на македонската влада, таа фуриозност е сведена на издишан балон.

Кога се мисли на фуриозен старт, добро се сеќаваме дека Ковачевски премиерската функција од Зоран Заев ја презема на 17 јануари, а веднаш наредниот ден имаше посета од бугарскиот премиер, Кирил Петков, потоа тој отиде во Бугарија, па сите оние средби на министрите, средба во еден ден со неколку битни амбасадори… навидум си помисливме дека конечно СДСМ ќе почне да работи за она што народот ги плаќа.

Но, оваа офанзива на СДСМ и Ковачевски не траеше долго, што е типично за СДСМ.

СДСМ меѓу народот за канцелариска и неработничка партија, нејзините функционери во јавноста важат за луѓе кои денот го поминуваат седнати на своите удобни фотелји, наместо во служба на граѓаните.

За разлика од нив, нивниот коалиционен партнер, „недопирливиот“ ДУИ, повеќе од 20 години не го дава тронот.

Не го даваат тронот, но за тој трон не бираат средства. Имено во светот партија која на власт е подолго од 6-8 години се смета дека лесно може да „забега“, а со тоа корупцијата да стане нивен заштитен знак. Таков е случајот со ДУИ.

Али Ахмети, или попознат како премиер во сенка, не дозволува ДУИ да замине во опозиција, а со тоа и нејзините функционери да „забегуваат“ лево-десно. Во моментот кога тоа ќе се случува, Ахемти реагира. Па на пример, Изет Меџити екс градоначалникот на Чаир, во момент кога се навестуваше дека може да „забега“, веднаш доби „воспитна“ од Ахмети. Денес тој Изет Меџити мирно седи во пратеничкото столче и слуша наредби.

Но, кога се поизвесно е дека ДУИ има големи шанси да замине во опозиција, на површината испливаа две познати имиња од таа партија. Артан Груби и Бујар Османи, двајцата исклучително лојални на Ахмети.

Имено Бујар Османи кој по професија е лекар, на македонската јавност и стана познат откако ја доби функцијата министер за здравство во владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, а Артан Груби по оние немили настани на скопското Кале, по тепачката на навивачките групи. Јавноста добро се сеќава кога пред очите на полицијата Груби им нареди да ги извадат лисиците на еден член на навивачка група.

Потоа Артан Груби од обичен вработен во една странска амбасада или како што тој милува да каже, ПРЕВЕДУВАЧ, станува најблизок човек на Али Ахмети, малтене се однесуваат како татко и син.

На сите настани на кои е присутен Ахмети, таму може да се види и Груби, нормално како преведувач, бидејќи Али Ахмети „не зборува македонски јазик“.

Во ДУИ како и во повеќето партии, постојат неколку крила, Изет Меџити и Теута Арифи од една страна, а Артан Груби и Бујар Османи од друга страна. Али Ахмети првите двајца ги изгоре, па така борбата за престолот во ДУИ остана да се води помеѓу вторите, Груби и Османи.

Едниот е министер за надворешни, а другиот е министер за политички систем, министерство кое ако добро се сеќаваме беше дел од онаа фамозна „Тиранска платформа“ која добро се спроведува во Македонија.

Бујар Османи во Министерството за надворешни работи го заменува Никола Димитров, откако вториот го потпиша договорот од Преспа, па така Османи сега ќе има задача да се договори со Бугарите.

Артан Груби пак има една многу полесна задача, што ќе му овозможи предност пред Османи во битката за тронот во ДУИ. Груби има задача да ги спроведува сите оние политики кои ДУИ смета дека ќе им донесе поени кај Албанците, оние националистичките иако од неодамна се декларираа како зелена партија, „З“ од зелено немаат, но тоа е тема за некоја друга прилика. Најтазе е објавата на Груби за двојазичните униформи на полицијата. Направи невиден спектакл, се пофали на Фејсбук, мислиш издејствувал датум за преговори со ЕУ.

Артан Груби не пропушта ниту една прилика во која ќе се пофали со одредена националистичка реформа зад која ДУИ цврсто стои.

За разлика од неговиот партиски колега Османи, кој се фали со електрични тротинети во Министерството за надворешни работи.

Кај Албанците ваквите зелени агенди не палат. Артан добро си ја знае работата. Двојазичност, изградба на училиште во претежно албански средини… тоа пали кај нив. Тротинети и слични мерки се народски кажано „секое чудо за три дена“.

А, се сеќаваме и на една национална телевизија кога Груби „леташе орли“, знаете она гестикулација со рацете кога покажувате двоглав орел, кој Албанците често го користат.

Потоа фотографиите од неговиот нов кабинет за кој се потрошени илјадници евра, па средби со неговиот партиски шеф со кечињата на глава итн.

Артан Груби не губи време, секојдневно работи и во моментов е во голема предност пред Османи за борбата за освојување на тронот во ДУИ. А дали Али Ахмети со „елиминирањето“ на Изет Меџити и Теута Арифи намерно му ја олесни работата, знаејќи дека Османи му е слаб противник останува времето да покаже.

Во ДУИ ќе има промени, во ДУИ мора да има промени, бидејќи сите политичари имаат рок на трање, никој не е вечен, вечен е само интересот!

The post Борба за превласт во ДУИ меѓу крилата на Груби и Османи appeared first on Република.

]]>

Откако во Македонија шпекулациите стануваат се погласни дека ДУИ по повеќе од 20 години во власта редно време е да одмори малку во опозиција, а со тоа и нивниот лидер Али Ахмети да се пензионира, борбата за престолонаследник во партијата започнa, пишува порталот „Вечер.мк“. Како што пишува порталот, со одредени постапки на политичарите, слободно може да се заклучи дека на Македонија и претстојат предвремени парламентарни избори, а се поизвесна е промена на власта. Актуелната власт на СДСМ и ДУИ од ден на ден се повеќе тоне, иако дел од аналитичарите го пофалија фуриозниот почеток на Ковачевски како премиер, сега по нешто повеќе од два месеци со него на чело на македонската влада, таа фуриозност е сведена на издишан балон. Кога се мисли на фуриозен старт, добро се сеќаваме дека Ковачевски премиерската функција од Зоран Заев ја презема на 17 јануари, а веднаш наредниот ден имаше посета од бугарскиот премиер, Кирил Петков, потоа тој отиде во Бугарија, па сите оние средби на министрите, средба во еден ден со неколку битни амбасадори… навидум си помисливме дека конечно СДСМ ќе почне да работи за она што народот ги плаќа. Но, оваа офанзива на СДСМ и Ковачевски не траеше долго, што е типично за СДСМ. СДСМ меѓу народот за канцелариска и неработничка партија, нејзините функционери во јавноста важат за луѓе кои денот го поминуваат седнати на своите удобни фотелји, наместо во служба на граѓаните. За разлика од нив, нивниот коалиционен партнер, „недопирливиот“ ДУИ, повеќе од 20 години не го дава тронот. Не го даваат тронот, но за тој трон не бираат средства. Имено во светот партија која на власт е подолго од 6-8 години се смета дека лесно може да „забега“, а со тоа корупцијата да стане нивен заштитен знак. Таков е случајот со ДУИ. Али Ахмети, или попознат како премиер во сенка, не дозволува ДУИ да замине во опозиција, а со тоа и нејзините функционери да „забегуваат“ лево-десно. Во моментот кога тоа ќе се случува, Ахемти реагира. Па на пример, Изет Меџити екс градоначалникот на Чаир, во момент кога се навестуваше дека може да „забега“, веднаш доби „воспитна“ од Ахмети. Денес тој Изет Меџити мирно седи во пратеничкото столче и слуша наредби. Но, кога се поизвесно е дека ДУИ има големи шанси да замине во опозиција, на површината испливаа две познати имиња од таа партија. Артан Груби и Бујар Османи, двајцата исклучително лојални на Ахмети. Имено Бујар Османи кој по професија е лекар, на македонската јавност и стана познат откако ја доби функцијата министер за здравство во владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, а Артан Груби по оние немили настани на скопското Кале, по тепачката на навивачките групи. Јавноста добро се сеќава кога пред очите на полицијата Груби им нареди да ги извадат лисиците на еден член на навивачка група. Потоа Артан Груби од обичен вработен во една странска амбасада или како што тој милува да каже, ПРЕВЕДУВАЧ, станува најблизок човек на Али Ахмети, малтене се однесуваат како татко и син. На сите настани на кои е присутен Ахмети, таму може да се види и Груби, нормално како преведувач, бидејќи Али Ахмети „не зборува македонски јазик“. Во ДУИ како и во повеќето партии, постојат неколку крила, Изет Меџити и Теута Арифи од една страна, а Артан Груби и Бујар Османи од друга страна. Али Ахмети првите двајца ги изгоре, па така борбата за престолот во ДУИ остана да се води помеѓу вторите, Груби и Османи. Едниот е министер за надворешни, а другиот е министер за политички систем, министерство кое ако добро се сеќаваме беше дел од онаа фамозна „Тиранска платформа“ која добро се спроведува во Македонија. Бујар Османи во Министерството за надворешни работи го заменува Никола Димитров, откако вториот го потпиша договорот од Преспа, па така Османи сега ќе има задача да се договори со Бугарите. Артан Груби пак има една многу полесна задача, што ќе му овозможи предност пред Османи во битката за тронот во ДУИ. Груби има задача да ги спроведува сите оние политики кои ДУИ смета дека ќе им донесе поени кај Албанците, оние националистичките иако од неодамна се декларираа како зелена партија, „З“ од зелено немаат, но тоа е тема за некоја друга прилика. Најтазе е објавата на Груби за двојазичните униформи на полицијата. Направи невиден спектакл, се пофали на Фејсбук, мислиш издејствувал датум за преговори со ЕУ. Артан Груби не пропушта ниту една прилика во која ќе се пофали со одредена националистичка реформа зад која ДУИ цврсто стои. За разлика од неговиот партиски колега Османи, кој се фали со електрични тротинети во Министерството за надворешни работи. Кај Албанците ваквите зелени агенди не палат. Артан добро си ја знае работата. Двојазичност, изградба на училиште во претежно албански средини… тоа пали кај нив. Тротинети и слични мерки се народски кажано „секое чудо за три дена“. А, се сеќаваме и на една национална телевизија кога Груби „леташе орли“, знаете она гестикулација со рацете кога покажувате двоглав орел, кој Албанците често го користат. Потоа фотографиите од неговиот нов кабинет за кој се потрошени илјадници евра, па средби со неговиот партиски шеф со кечињата на глава итн. Артан Груби не губи време, секојдневно работи и во моментов е во голема предност пред Османи за борбата за освојување на тронот во ДУИ. А дали Али Ахмети со „елиминирањето“ на Изет Меџити и Теута Арифи намерно му ја олесни работата, знаејќи дека Османи му е слаб противник останува времето да покаже. Во ДУИ ќе има промени, во ДУИ мора да има промени, бидејќи сите политичари имаат рок на трање, никој не е вечен, вечен е само интересот!

The post Борба за превласт во ДУИ меѓу крилата на Груби и Османи appeared first on Република.

]]>
Борби во Мариупол за една од најголемите челичарници во Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/borbi-vo-mariupol-za-edna-od-najgolemite-chelicharnici-vo-evropa/ Sat, 19 Mar 2022 11:17:20 +0000 https://republika.mk/?p=475334

Во опколениот пристаништен град Мариупол, украинските и руските сили се борат за фабриката за челик Азовстал, една од најголемите во Европа, изјави денеска советникот на украинскиот министер за внатрешни работи, Вадим Денисенко.

Сега е борбата за Азовстал. Можам да кажам дека го загубивме овој економски гигант. Всушност, една од најголемите металуршки фабрики во Европа тукушто се уништува, истакна Денисенко во телевизиско обраќање.

Мариупол, со својата стратешка позиција на брегот на Азовското Море, е мета од почетокот на војната на 24 февруари.

Генералштабот на украинската армија доцна синоќа соопшти дека при руската опсада на Мариупол е изгубен пристапот до Азовското Море.

Русија вчера соопшти дека нејзините сили го „затегнуваат обрачот“ околу Мариупол, каде се проценува дека се оштетени 80 отсто од зградите и куќите, а се сомнева дека околу 1.000 луѓе се уште се блокирани во импровизирани засолништа под уништениот театар

The post Борби во Мариупол за една од најголемите челичарници во Европа appeared first on Република.

]]>

Во опколениот пристаништен град Мариупол, украинските и руските сили се борат за фабриката за челик Азовстал, една од најголемите во Европа, изјави денеска советникот на украинскиот министер за внатрешни работи, Вадим Денисенко. Сега е борбата за Азовстал. Можам да кажам дека го загубивме овој економски гигант. Всушност, една од најголемите металуршки фабрики во Европа тукушто се уништува, истакна Денисенко во телевизиско обраќање. Мариупол, со својата стратешка позиција на брегот на Азовското Море, е мета од почетокот на војната на 24 февруари. Генералштабот на украинската армија доцна синоќа соопшти дека при руската опсада на Мариупол е изгубен пристапот до Азовското Море. Русија вчера соопшти дека нејзините сили го „затегнуваат обрачот“ околу Мариупол, каде се проценува дека се оштетени 80 отсто од зградите и куќите, а се сомнева дека околу 1.000 луѓе се уште се блокирани во импровизирани засолништа под уништениот театар

The post Борби во Мариупол за една од најголемите челичарници во Европа appeared first on Република.

]]>