борба против корупција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/borba-protiv-koruptsija/ За подобро да се разбереме Thu, 22 Aug 2024 13:11:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png борба против корупција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/borba-protiv-koruptsija/ 32 32 Николовски – Јанев: Жестока борба и целосно сузбивање на криминалот преку заедничко делување на Царина и БЈБ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikolovski-janev-zhestoka-borba-i-tselosno-suzbivane-na-kriminalot-preku-zaednichko-deluvane-na-tsarina-i-bjb/ Thu, 22 Aug 2024 13:11:35 +0000 https://republika.mk/?p=809116

Жестока борба и целосно сузбивање на криминалот преку унапредување на соработката со Бирото за јавна безбедност. Директорот на Царинска управа, Бобан Николовски и директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, одржаа состанок на којшто беше договорено двете страни да почнат да работат на нов Меморандум за соработка помеѓу двете институции како и Протокол за негово спроведување.

Преку јасно дефинирање на ингеренциите и подобрување на размената на информации, се очекува побрза интервенција, но и асистенција при гонење на криминалот на двете институции.

Директорот Бобан Николовски истакна дека борбата со криминалот бара менување на свеста на царинските службеници дека секој треба да придонесе во борбата со криминалот.

„Експертизата и разузнавачките информации со коишто располагаат Царината и Бирото за јавна безбедност обезбедуваат клучни елементи за откривање и разбивање на криминалните организации. Со унапредување на соработката и размената на податоци, но и побрзата интервенција и асистенција на меѓусекторско и меѓуинституционално ниво, очекуваме целосно сузбивање на криминалот“, вели Николовски.

Директорот на Бирото за јавна безбедност Јанев истакна дека Бирото е непоколебливо во решеноста да се стави ред и да се обезбеди сигурност за сите граѓани на нашата држава.

„Само преку заедничко делување, следење на трендовите во областа на техниката и технологијата и целосно подигнување на професионалноста во работењето во целост ќе застанеме на патот на организираниот прекуграничен криминал“, потенцира Јанев.

The post Николовски – Јанев: Жестока борба и целосно сузбивање на криминалот преку заедничко делување на Царина и БЈБ appeared first on Република.

]]>

Жестока борба и целосно сузбивање на криминалот преку унапредување на соработката со Бирото за јавна безбедност. Директорот на Царинска управа, Бобан Николовски и директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, одржаа состанок на којшто беше договорено двете страни да почнат да работат на нов Меморандум за соработка помеѓу двете институции како и Протокол за негово спроведување. Преку јасно дефинирање на ингеренциите и подобрување на размената на информации, се очекува побрза интервенција, но и асистенција при гонење на криминалот на двете институции. Директорот Бобан Николовски истакна дека борбата со криминалот бара менување на свеста на царинските службеници дека секој треба да придонесе во борбата со криминалот. „Експертизата и разузнавачките информации со коишто располагаат Царината и Бирото за јавна безбедност обезбедуваат клучни елементи за откривање и разбивање на криминалните организации. Со унапредување на соработката и размената на податоци, но и побрзата интервенција и асистенција на меѓусекторско и меѓуинституционално ниво, очекуваме целосно сузбивање на криминалот“, вели Николовски. Директорот на Бирото за јавна безбедност Јанев истакна дека Бирото е непоколебливо во решеноста да се стави ред и да се обезбеди сигурност за сите граѓани на нашата држава. „Само преку заедничко делување, следење на трендовите во областа на техниката и технологијата и целосно подигнување на професионалноста во работењето во целост ќе застанеме на патот на организираниот прекуграничен криминал“, потенцира Јанев.  

The post Николовски – Јанев: Жестока борба и целосно сузбивање на криминалот преку заедничко делување на Царина и БЈБ appeared first on Република.

]]>
Решението за корупцијата е во Владата на ДУИ и СДСМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/reshenieto-za-koruptsijata-e-vo-vladata-na-dui-i-sdsm/ Fri, 15 Dec 2023 07:46:37 +0000 https://republika.mk/?p=723126

Соединетите Американски Држави лоцираат епидемија од корупција во Македонија. На Ковачевски, Владата и надлежните институции око не им трепнува. Да беа европска власт и доколку негуваа европски вредности веднаш ќе поднеса оставки од своите функции, затоа што во секој ресор на Владата смрди на корупција и се е труло. И тоа не им го говори само САД, тоа е нотирано и во Европскиот извештај. Со оваа криминализирана власт нема ни европска иднина, ни европски стандарди. Единствено кое знае оваа власт да го прави е како да полни свои блиски фирми со сомнителни тендери, како да ги полни своите џебови и сметки, а во исто време само декларативно да говори за Европската Унија, анализира ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа Македонија е најсиромашна држава, затоа стандардот и економијата тонат, затоа има таков егзодус на граѓаните. Не е возможно и Европската Унија и САД да гледаат корупција во Македонија, а само нашето судство и обвинителство, седнато во скутот на ДУИ и СДС, тоа да не го гледа.
Корупцијата е модус вивенди на оваа власт. Од кревет не стануваат функционерите на ДУИ и СДС ако денес не договориле некој тендер, некоја провизија или некое ново кршење на законот. Системот е целосно распаднат, институциите се дерогирани, а правната држава е тотално поклопена. Дијагнозата е повеќе од јасна.  Решението за оваа епидемија на корупција чиј причинител е владата на Ковачевски е да се победи на избори и после тоа клучните единки заразени со корупцијата да се стават во карантин во некоја казнено поправна установа на подолг рок.

The post Решението за корупцијата е во Владата на ДУИ и СДСМ appeared first on Република.

]]>

Соединетите Американски Држави лоцираат епидемија од корупција во Македонија. На Ковачевски, Владата и надлежните институции око не им трепнува. Да беа европска власт и доколку негуваа европски вредности веднаш ќе поднеса оставки од своите функции, затоа што во секој ресор на Владата смрди на корупција и се е труло. И тоа не им го говори само САД, тоа е нотирано и во Европскиот извештај. Со оваа криминализирана власт нема ни европска иднина, ни европски стандарди. Единствено кое знае оваа власт да го прави е како да полни свои блиски фирми со сомнителни тендери, како да ги полни своите џебови и сметки, а во исто време само декларативно да говори за Европската Унија, анализира ВМРО-ДПМНЕ.
Затоа Македонија е најсиромашна држава, затоа стандардот и економијата тонат, затоа има таков егзодус на граѓаните. Не е возможно и Европската Унија и САД да гледаат корупција во Македонија, а само нашето судство и обвинителство, седнато во скутот на ДУИ и СДС, тоа да не го гледа. Корупцијата е модус вивенди на оваа власт. Од кревет не стануваат функционерите на ДУИ и СДС ако денес не договориле некој тендер, некоја провизија или некое ново кршење на законот. Системот е целосно распаднат, институциите се дерогирани, а правната држава е тотално поклопена. Дијагнозата е повеќе од јасна.  Решението за оваа епидемија на корупција чиј причинител е владата на Ковачевски е да се победи на избори и после тоа клучните единки заразени со корупцијата да се стават во карантин во некоја казнено поправна установа на подолг рок.

The post Решението за корупцијата е во Владата на ДУИ и СДСМ appeared first on Република.

]]>
Каде се 500 милиони евра кои стратешките партнери ги дале за борба против корупцијата? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kade-se-500-milioni-evra-koi-strateshkite-partneri-gi-dale-za-borba-protiv-koruptsijata/ Thu, 14 Dec 2023 09:07:00 +0000 https://republika.mk/?p=722796

Стратешките партнери на Македонија издвоиле 500 милиони долари за борба против корупцијата, а Македонија има епидемија од корупција.Власта на тандемот СДС и ДУИ е 7 години власт, министер за внатрешни работи 9 гoдини по ред е Оливер Спасовски, а има епидемија од корупција и довербата во судството сега е пониска од било кога порано, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

Само 2% доверба во судството е заради криминалот и корупцијата кои ја јадат државата.500 милиони долари завршиле во Македонија за борба против корупцијата, криминалот и подобрување на владеењето на правото. Наместо подобрување, ефектот е зголемена корупција, Македонија тоне во криминал, а тој го прави врвот на власта.

МВР, Управата за Финансиска полиција, Царинската Управа, УЈП, Управата за финансиско разузнавање 7 години се водени од структури на СДС и ДУИ, 7 години неказнивост.

Ако 500 милиони долари се потрошиле за борба против корупцијата, а корупцијата цвета тогаш главните прашања се зошто никој не е во затвор и каде завршија парите?

За криминалот на оваа власт не кажува веќе само ВМРО-ДПМНЕ кажуваат и меѓународни институции и агенции.

The post Каде се 500 милиони евра кои стратешките партнери ги дале за борба против корупцијата? appeared first on Република.

]]>

Стратешките партнери на Македонија издвоиле 500 милиони долари за борба против корупцијата, а Македонија има епидемија од корупција.Власта на тандемот СДС и ДУИ е 7 години власт, министер за внатрешни работи 9 гoдини по ред е Оливер Спасовски, а има епидемија од корупција и довербата во судството сега е пониска од било кога порано, прашува ВМРО-ДПМНЕ.
Само 2% доверба во судството е заради криминалот и корупцијата кои ја јадат државата.500 милиони долари завршиле во Македонија за борба против корупцијата, криминалот и подобрување на владеењето на правото. Наместо подобрување, ефектот е зголемена корупција, Македонија тоне во криминал, а тој го прави врвот на власта.
МВР, Управата за Финансиска полиција, Царинската Управа, УЈП, Управата за финансиско разузнавање 7 години се водени од структури на СДС и ДУИ, 7 години неказнивост. Ако 500 милиони долари се потрошиле за борба против корупцијата, а корупцијата цвета тогаш главните прашања се зошто никој не е во затвор и каде завршија парите? За криминалот на оваа власт не кажува веќе само ВМРО-ДПМНЕ кажуваат и меѓународни институции и агенции.

The post Каде се 500 милиони евра кои стратешките партнери ги дале за борба против корупцијата? appeared first on Република.

]]>
На маргините на Министерскиот состанок на ОБСЕ потпишана заедничка изјава за борба против корупцијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/na-marginite-na-ministerskiot-sostanok-na-obse-potpishana-zaednichka-izjava-za-borba-protiv-koruptsijata/ Thu, 30 Nov 2023 16:11:40 +0000 https://republika.mk/?p=718091

Министрите за надворешни работи на Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора, на маргините на 30. Министерски самит на ОБСЕ во Скопје, потпишаа заедничка изјава за борба против корупцијата, перењето пари и олеснување на напорите за враќање на имотот.

Текстот на заедничката изјава, усогласен за време на регионална конференција за борба против корупција во Југоисточна Европа, одржана во Скопје на 31 октомври годинава, во организација на македонското претседателство со ОБСЕ, а во соработка со Одделот за транснационални закани на ОБСЕ и Канцеларијата на координаторот на ОБСЕ за економски и еколошки активности, ја потпишаа македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи, вицепремиерот и министер за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Елмедин Конаковиќ, министерот за надворешни работи на Црна Гора, Филип Ивановиќ и министерот за Европа и надворешни работи на Албанија, Игли Хасани.

Претседавачот на ОБСЕ и министер за надворешни работи Бујар Османи, по потпишувањето рече дека корупцијата е заеднички проблем на регионот, а потпишувањето на заедничката изјава праќа јасна порака дека корупцијата не се исплаќа.

Заедничката изјава препознава дека корупцијата го ослабнува владеењето на правото, ја разнишува довербата во институциите и ги загрозува социјалниот и економскиот развој и просперитет како и стабилноста и безбедноста. Таа претставува опасност за споделените вредности на ОБСЕ и предизвикува секаков вид на криминални активности, рече Османи.

Документот, како што посочи, содржи десет акциски точки, меѓу кои зајакнување и користење на дигитални алатки, регионална соработка на ниво на институции и организации во борбата против корупцијата и олеснување на напорите за враќање на имотот.

Српскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ порача дека борбата против корупцијата не е можна без сеопфатна институционална и регионална соработка.

Ниту една земја не може сама, и ОБСЕ може да помогне во јакнење на капацитетите за спречување и борба против корупцијата, рече Дачиќ, посочувајќи дека ваква изјава треба да потпишат сите земји, вклучително и побогатите и поразвиени, за кои изрази сомнеж дека би успеале да ги исполнат сите критериуми кои самите ги поставуваат.

Министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Елмедин Конаковиќ, рече дека јакнењето на регионалната соработка е клучно во борбата против корупцијата, а потпишувањето на изјавата, како што рече, претставува потврда за силната посветеност во борбата против корупцијата.

Препознаваме дека корупцијата е транснационален проблем и нашата посветеност се протега преку границите, потенцираше тој.

Филип Ивановиќ, министерот за надворешни работи на Црна Гора, потпишувањето на иницијативата го оцени како конкретен чекор во зајакнување на регионалната соработка во борбата против корупцијата и дека таа значително ќе помогне во зголемување на добросостојбата на државите.

Tоа е, исто така, критична одредница за оценка на прогресот на западните земји на патот кон ЕУ, дополни Ивановиќ.

Министерот за Европа и надворешни работи на Албанија, Игли Хасани, ја поздрави иницијативата, посочувајќи дека борбата против корупцијата и доброто владеење е еден од главните приоритети на албанската Влада.

Крајна линија останува политичката волја, и се надевам дека иако сите присутни министри на масава се мажи, ќе сториме многу повеќе за жените и младите, рече тој.

The post На маргините на Министерскиот состанок на ОБСЕ потпишана заедничка изјава за борба против корупцијата appeared first on Република.

]]>

Министрите за надворешни работи на Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора, на маргините на 30. Министерски самит на ОБСЕ во Скопје, потпишаа заедничка изјава за борба против корупцијата, перењето пари и олеснување на напорите за враќање на имотот. Текстот на заедничката изјава, усогласен за време на регионална конференција за борба против корупција во Југоисточна Европа, одржана во Скопје на 31 октомври годинава, во организација на македонското претседателство со ОБСЕ, а во соработка со Одделот за транснационални закани на ОБСЕ и Канцеларијата на координаторот на ОБСЕ за економски и еколошки активности, ја потпишаа македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи, вицепремиерот и министер за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Елмедин Конаковиќ, министерот за надворешни работи на Црна Гора, Филип Ивановиќ и министерот за Европа и надворешни работи на Албанија, Игли Хасани. Претседавачот на ОБСЕ и министер за надворешни работи Бујар Османи, по потпишувањето рече дека корупцијата е заеднички проблем на регионот, а потпишувањето на заедничката изјава праќа јасна порака дека корупцијата не се исплаќа.
Заедничката изјава препознава дека корупцијата го ослабнува владеењето на правото, ја разнишува довербата во институциите и ги загрозува социјалниот и економскиот развој и просперитет како и стабилноста и безбедноста. Таа претставува опасност за споделените вредности на ОБСЕ и предизвикува секаков вид на криминални активности, рече Османи.
Документот, како што посочи, содржи десет акциски точки, меѓу кои зајакнување и користење на дигитални алатки, регионална соработка на ниво на институции и организации во борбата против корупцијата и олеснување на напорите за враќање на имотот. Српскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ порача дека борбата против корупцијата не е можна без сеопфатна институционална и регионална соработка.