бонови за храна Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bonovi-za-hrana/ За подобро да се разбереме Wed, 23 Mar 2022 11:44:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бонови за храна Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bonovi-za-hrana/ 32 32 Макрон планира да воведе ваучери за храна https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/makron-planira-da-vovede-vaucheri-za-hrana/ Wed, 23 Mar 2022 11:44:21 +0000 https://republika.mk/?p=477092

Францускиот претседател, Емануел Макрон, предупреди дека постои опасност од „глобална прехранбена криза“ како резултат на војната во Украина. Поради тоа, Макрон го повтори своето ветување дека ќе издава ваучери за храна за семејствата кои имаат потреба поради наглото зголемување на трошоците за гориво и суровини, предизвикани, како што изјави, од руската инвазија на Украина.

Во интервју за радиото „Франс Блу“, Макрон рече дека светот се соочува со „глобална криза со храна“.

Истакнувајќи дека Франција ги советувала другите европски земји да дадат „заеднички одговор“ на ова прашање, Макрон, кој се соочува со избори на 10 април, вели дека неговата влада веќе презела мерки, вклучително и ограничувања на потрошувачката на енергија и попусти на горивото, со цел поддршка на граѓаните.

Сакам да воведам ваучери за храна за да им помогнам на најскромните домаќинства и на средната класа да се соочат со овие дополнителни трошоци - изјави Макрон, нагласувајќи дека Украина и Русија се светските житници.

Тој додаде дека би сакал и неговите сонародници „да купуваат локално“ и да купуваат француски производи.

Макрон, ја разгледува идејата за ваучери за храна од декември 2020 година, а сега тие ваучери станаа едно од неговите предизборни ветувања.

Сепак, деталите за програмата за поддршка допрва треба да бидат откриени. Засега не се знае колкави би биле ваучерите, кои производи би ги покривале, како точно би се делеле и кој би имал право на нив.

Русија и Украина се меѓу најголемите светски снабдувачи со жито и пченица. Според Конференцијата на Обединетите нации за трговија и развој (УНКТАД), двете земји покриваат 53 отсто од светската трговија со сончогледово масло и семиња и 27 отсто со пченица.

Европската централна банка претходно соопшти дека „инфлацијата на храната се очекува да остане висока во 2022 година“ поради високите цени на суровините и „вонредните зголемувања“ на цените на гасот и електричната енергија.

Европската комисија моментално работи на мерки кои би можеле да ја зголемат безбедноста на храната во ЕУ.

Сепак, како што предупредува УНКТАД, сите земји неизбежно ќе бидат погодени од кризата предизвикана од конфликтот.

Порастот на цените на храната и горивата ќе ги погоди најранливите во земјите во развој, што ќе изврши притисок врз најсиромашните домаќинства, кои трошат најголем дел од својот приход на храна, што, пак, ќе резултира со тешкотии и глад - предупреди организацијата.

The post Макрон планира да воведе ваучери за храна appeared first on Република.

]]>

Францускиот претседател, Емануел Макрон, предупреди дека постои опасност од „глобална прехранбена криза“ како резултат на војната во Украина. Поради тоа, Макрон го повтори своето ветување дека ќе издава ваучери за храна за семејствата кои имаат потреба поради наглото зголемување на трошоците за гориво и суровини, предизвикани, како што изјави, од руската инвазија на Украина. Во интервју за радиото „Франс Блу“, Макрон рече дека светот се соочува со „глобална криза со храна“. Истакнувајќи дека Франција ги советувала другите европски земји да дадат „заеднички одговор“ на ова прашање, Макрон, кој се соочува со избори на 10 април, вели дека неговата влада веќе презела мерки, вклучително и ограничувања на потрошувачката на енергија и попусти на горивото, со цел поддршка на граѓаните.
Сакам да воведам ваучери за храна за да им помогнам на најскромните домаќинства и на средната класа да се соочат со овие дополнителни трошоци - изјави Макрон, нагласувајќи дека Украина и Русија се светските житници.
Тој додаде дека би сакал и неговите сонародници „да купуваат локално“ и да купуваат француски производи. Макрон, ја разгледува идејата за ваучери за храна од декември 2020 година, а сега тие ваучери станаа едно од неговите предизборни ветувања. Сепак, деталите за програмата за поддршка допрва треба да бидат откриени. Засега не се знае колкави би биле ваучерите, кои производи би ги покривале, како точно би се делеле и кој би имал право на нив. Русија и Украина се меѓу најголемите светски снабдувачи со жито и пченица. Според Конференцијата на Обединетите нации за трговија и развој (УНКТАД), двете земји покриваат 53 отсто од светската трговија со сончогледово масло и семиња и 27 отсто со пченица. Европската централна банка претходно соопшти дека „инфлацијата на храната се очекува да остане висока во 2022 година“ поради високите цени на суровините и „вонредните зголемувања“ на цените на гасот и електричната енергија. Европската комисија моментално работи на мерки кои би можеле да ја зголемат безбедноста на храната во ЕУ. Сепак, како што предупредува УНКТАД, сите земји неизбежно ќе бидат погодени од кризата предизвикана од конфликтот.
Порастот на цените на храната и горивата ќе ги погоди најранливите во земјите во развој, што ќе изврши притисок врз најсиромашните домаќинства, кои трошат најголем дел од својот приход на храна, што, пак, ќе резултира со тешкотии и глад - предупреди организацијата.

The post Макрон планира да воведе ваучери за храна appeared first on Република.

]]>