бомбици Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bombitsi/ За подобро да се разбереме Sat, 19 Oct 2024 17:42:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бомбици Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bombitsi/ 32 32 Бомбици од малина – без глутен и шеќер https://arhiva3.republika.mk/zivot/kujnski-tefter/bombitsi-od-malina-bez-gluten-i-sheker/ Sat, 19 Oct 2024 20:11:52 +0000 https://republika.mk/?p=828890

Доколку внимавате на килограмите, но не сте подготвени да се откажете од слаткото, не грижете се! Бомбиците од малина на Теодора Павловска (@myglutenfreecorner) не содржат глутен и додадени шеќери, па можете слободно да уживате во овој десерт, без гризење на совеста!

Состојки:
100 г замрзнати малини
40 г кокосово брашно
20 г безглутенски овес
40 г мед

За преливот:
25 г црно чоколадо
1/2 лажица кокосово масло
20 г замрзнати малини

Приготвување:
1. Блендирајте ги сите состојки додека се соедини смесата.

2. Земајте од смесата со лажиче или со црпалка за колачи и формирајте бомбици со дланките.

3. Стопете го чоколадото заедно со кокосовото масло и декорирајте ги бомбиците.

The post Бомбици од малина – без глутен и шеќер appeared first on Република.

]]>

Доколку внимавате на килограмите, но не сте подготвени да се откажете од слаткото, не грижете се! Бомбиците од малина на Теодора Павловска (@myglutenfreecorner) не содржат глутен и додадени шеќери, па можете слободно да уживате во овој десерт, без гризење на совеста! Состојки: 100 г замрзнати малини 40 г кокосово брашно 20 г безглутенски овес 40 г мед За преливот: 25 г црно чоколадо 1/2 лажица кокосово масло 20 г замрзнати малини Приготвување: 1. Блендирајте ги сите состојки додека се соедини смесата. 2. Земајте од смесата со лажиче или со црпалка за колачи и формирајте бомбици со дланките. 3. Стопете го чоколадото заедно со кокосовото масло и декорирајте ги бомбиците.

The post Бомбици од малина – без глутен и шеќер appeared first on Република.

]]>
Андоновска: Стафилококус ауреус и ентеротоксин во бомбици послужени во „Ѓорѓија Пулевски“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/andonovska-stafilokokus-aureus-i-enterotoksin-vo-bombitsi-posluzheni-vo-gorgija-pulevski/ Tue, 01 Oct 2024 12:10:39 +0000 https://republika.mk/?p=821418

Од мострите храна земени од ООУ „Ѓорѓија Пулевски“, од испитуваниот примерок – бомбици, најдено е стафилококус ауреус и ентеротоксин, информираше попладнево директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Марија Андоновска.

– На 27 септември, ИЈЗ доби телефонска дојава од страна на Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ), за постоење сомнеж за труење во основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во Аеродром. Екипи од ИЈЗ, составени од тим од епидемиолог од Одделот за епидемиологија, лаборант од Одделот за микробиологија, веднаш излегоа на терен и беа земени мостри, четири брисови од работни површини и садови, како и мостри од оброците подготвени и послужени во кујната. Исто така, беа земени примероци од четири вработени во кујната од раце, нос и грло. ИЈЗ работеше и сабота и недела за да можеме да бидеме брзи и да дадеме релевантни резултати, нагласи Андоновска.

По добиените резултати, таа била информирана од страна на микробиолозите, дека од мострите храна, од испитуваниот примерок – бомбици, најдено е стафилококус ауреус и ентеротоксин позитивен, од сите брисови што се земени од површините и од садовите, само на еден сад било најдено зголемен број аеробни меозфилни бактерии што, нагласи Андоновска, укажуваат на нехигиенски услови.

– Брисевите од раце на сите вработени ги задоволуваат хигиенските стандарди. Брисевите од грло и нос на вработените се негативни. По добиените резултати, ИЈЗ ги препрати веднаш овие резултати, согласно законските позитивни процедури, до Министерството за здравство (МЗ), Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) и Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), подвлече Андоновска.

The post Андоновска: Стафилококус ауреус и ентеротоксин во бомбици послужени во „Ѓорѓија Пулевски“ appeared first on Република.

Предлог за лесен и здрав оброк: Подгответе ги омилените „бомбици“ на Јелена Ѓоковиќ https://arhiva3.republika.mk/zivot/kujnski-tefter/predlog-za-lesen-i-zdrav-obrok-podgotvete-gi-omilenite-bombitsi-na-jelena-gokovik/ Sat, 04 May 2024 06:02:11 +0000 https://republika.mk/?p=773950

Јелена Ѓоковиќ често го подготвува овој едноставен рецепт, кој не само што е готов за пет минути, туку бара само четири состојки!

Состојки

1 шолја индиски ореви (или орев по избор)

8 урми без јами (или суво овошје по избор)

2 лажици какао во прав

2 лажици кокосово масло (или путер од бадем)

Подготовка:

Млеко (или растително млеко ако постите) по избор, за врзување состојки ако се премногу суви, мед, чоколадо или протеин во прав од ванила (ако сакате протеински бомби), овесна каша, кокосови снегулки, банани.

Едноставно ставете ги сите потребни состојки во блендер и матете додека не се создаде хомогена маса.

Ставете го во фрижидер малку да се стегне, па од него направете топчиња кои по желба можете да ги валкате во какао или кокосово брашно или кокосови снегулки.

Овие бомбици се доволно слатки бидејќи содржат сушено овошје, но се и многу здрави и се вистинска енергетска бомба.

The post Предлог за лесен и здрав оброк: Подгответе ги омилените „бомбици“ на Јелена Ѓоковиќ appeared first on Република.

]]>

Јелена Ѓоковиќ често го подготвува овој едноставен рецепт, кој не само што е готов за пет минути, туку бара само четири состојки!

Состојки

1 шолја индиски ореви (или орев по избор) 8 урми без јами (или суво овошје по избор) 2 лажици какао во прав 2 лажици кокосово масло (или путер од бадем)

Подготовка:

Млеко (или растително млеко ако постите) по избор, за врзување состојки ако се премногу суви, мед, чоколадо или протеин во прав од ванила (ако сакате протеински бомби), овесна каша, кокосови снегулки, банани. Едноставно ставете ги сите потребни состојки во блендер и матете додека не се создаде хомогена маса. Ставете го во фрижидер малку да се стегне, па од него направете топчиња кои по желба можете да ги валкате во какао или кокосово брашно или кокосови снегулки. Овие бомбици се доволно слатки бидејќи содржат сушено овошје, но се и многу здрави и се вистинска енергетска бомба.

The post Предлог за лесен и здрав оброк: Подгответе ги омилените „бомбици“ на Јелена Ѓоковиќ appeared first on Република.

]]>