Бомбино Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bombino/ За подобро да се разбереме Thu, 06 Jun 2024 09:41:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Бомбино Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bombino/ 32 32 Ексклузивно отворање на OFFest со две големи имиња на африканската музика Bombino и Bcuc https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/ekskluzivno-otvorane-na-offest-so-dve-golemi-imina-na-afrikanskata-muzika-bombino-i-bcuc/ Thu, 06 Jun 2024 09:28:40 +0000 https://republika.mk/?p=784882

Утревечер во Национална опера и балет, со почеток во 20:00 часот, не очекува ексклузивно отворање на OFFest со две големи имиња на африканската музика: 𝗕𝗢𝗠𝗕𝗜𝗡𝗢, еден од најзначајните претставници на прославениот „пустински блуз“, и јужноафриканските ѕвезди 𝗕𝗖𝗨𝗖, познати по својот афро-психоделичен транс и импресивните настапи во живо.

𝗕𝗢𝗠𝗕𝗜𝗡𝗢 (Niger)
GOUMOUR ALMOCTAR (BOMBINO) guitar and vocals
DJAKRAVE DIA bass
KAWISSAN MOHAMED ALHASSAN guitar and vocals
COREY WILHELM drums

 

Омара ‘Бомбино’ Моктар е феномен. Гитаристот со потекло од Нигер е човек со приказна. Во неговата родна земја, тој е вистински култен херој меѓу младите Туарези, способен да го долови звукот на африканската пустина со неговите дисторзирани гитарски мелодии. Заедно со Tinariwen, Mdou Moctar и Vieux Farka Touré, Бомбино е предводник на пробивот на високозаразниот пустинскиот блуз/рок во светот последниве години. Неговата музика ја става гитарата во центарот на звучниот пејзаж, кој е комбинација на традиционалното и модерното. Експерт за создавање волшебни ритми, Бомбино ја слави културата на Туарезите, чувајќи ја од заборав. Инспирацијата од неговата музика лесно се забележува во модерните познати инди бендови како Khruangbin, GOAT или Dirty Projectors – Дејвид Лонгстрeт од последниве воедно го продуцираше албумот „Azel“ (2016). Претходно тоа беше Ден Ауербек од The Black Keys кој стоеше зад прославениот „Nomad“ (2013). Албумот „Deran“, пак, беше номиниран за Греми за најдобар world music албум, со што Бомбино стана првиот изведувач од Нигер што добил ваква номинација. Во моментов, Бомбино го промовира својот седми албум „Sahel“, кој излезе минатата есен за култната Partisan Records (PJ Harvey, Black Angels, Idles итн.). Без оглед на предизвиците што му ги наметнува животот, Бомбино постојано граби напред во својата мисија да ја користи музиката за ширење љубов, разбирање, како и убавата туарешка култура низ целиот свет.

𝗕𝗖𝗨𝗖 (South Africa)
NKOSI “JOVI” ZITHULELE lead vocal
LETLHOGONOLO “HLONI” MAPHUNYE backing vocal
KGOMOTSO NEO MOKONE backing vocal
THABO SAUL “LUJA” NGOEPE bass drum, backing vocal
EPHRAIM SKHUMBUZO MAHLANGU marching, bass drum
DANIEL THABO “CHEEX” MANGEL congas
MOSEBETSI JAN NTSIMANDE bass guitar

 

Афро-психоделичниот септет BCUC (Bantu Continua Uhuru Consciousness) е супергрупа од Совето, Јужна Африка, која ја доживува својата музика како хедонистички транс, но и како оружје за политичко и духовно ослободување во согласност со борбата за правда на претходните генерации. Звукот на BCUC е истовремено современ и оригинален, самоуверен и моќен. Тој е исполнлет со фанки грувови и хип-хоп сензибилитет, но и со репетитивни бас рифови, флејти и галопирачки ритми, како директно оддавање почит на надежта и борбениот дух на претходните генерации. Групата пее и зборува гласно за суровата реалност со која се соочуваат сиромашните работници во Јужна Африка, но во исто време, BCUC не ја прикажува татковината како сиромашна, туку богата со традиции, ритуали и вера. Кога BCUC настапуваат во живо, тие ја вовлекуваат публиката во вистински транс. И кога ќе видиш концерт на BCUC, тоа никогаш нема да го заборавиш. Од нивниот деби албум „Our Truth“ објавен во 2016 година и следниот „The Healing“ (2019), во кој се појавува синот на Фела, Феми Кути, тие го привлекоа вниманието на публиката на сите светски концертни подиуми и фестивали, вклучувајќи ги Glastonbury, Roskilde Festival, Afropunk Brooklyn, Dour, Worldwide, Womad и многу други. BCUC дури три пати ја претворија целата фестивалска публика на Roskilde во свои жестоки фанови, последниот пат во 2022 година. Во моментов го промовираат албумот „Millions of Us“ (2023), кој доби одлични критики ширум светот.

Билетите по цена од 800 денари се пуштени во продажба во НОБ и онлајн на www.mktickets.mk

The post Ексклузивно отворање на OFFest со две големи имиња на африканската музика Bombino и Bcuc appeared first on Република.

]]>

Утревечер во Национална опера и балет, со почеток во 20:00 часот, не очекува ексклузивно отворање на OFFest со две големи имиња на африканската музика: 𝗕𝗢𝗠𝗕𝗜𝗡𝗢, еден од најзначајните претставници на прославениот „пустински блуз“, и јужноафриканските ѕвезди 𝗕𝗖𝗨𝗖, познати по својот афро-психоделичен транс и импресивните настапи во живо. 𝗕𝗢𝗠𝗕𝗜𝗡𝗢 (Niger) GOUMOUR ALMOCTAR (BOMBINO) guitar and vocals DJAKRAVE DIA bass KAWISSAN MOHAMED ALHASSAN guitar and vocals COREY WILHELM drums   Омара ‘Бомбино’ Моктар е феномен. Гитаристот со потекло од Нигер е човек со приказна. Во неговата родна земја, тој е вистински култен херој меѓу младите Туарези, способен да го долови звукот на африканската пустина со неговите дисторзирани гитарски мелодии. Заедно со Tinariwen, Mdou Moctar и Vieux Farka Touré, Бомбино е предводник на пробивот на високозаразниот пустинскиот блуз/рок во светот последниве години. Неговата музика ја става гитарата во центарот на звучниот пејзаж, кој е комбинација на традиционалното и модерното. Експерт за создавање волшебни ритми, Бомбино ја слави културата на Туарезите, чувајќи ја од заборав. Инспирацијата од неговата музика лесно се забележува во модерните познати инди бендови како Khruangbin, GOAT или Dirty Projectors – Дејвид Лонгстрeт од последниве воедно го продуцираше албумот „Azel“ (2016). Претходно тоа беше Ден Ауербек од The Black Keys кој стоеше зад прославениот „Nomad“ (2013). Албумот „Deran“, пак, беше номиниран за Греми за најдобар world music албум, со што Бомбино стана првиот изведувач од Нигер што добил ваква номинација. Во моментов, Бомбино го промовира својот седми албум „Sahel“, кој излезе минатата есен за култната Partisan Records (PJ Harvey, Black Angels, Idles итн.). Без оглед на предизвиците што му ги наметнува животот, Бомбино постојано граби напред во својата мисија да ја користи музиката за ширење љубов, разбирање, како и убавата туарешка култура низ целиот свет. 𝗕𝗖𝗨𝗖 (South Africa) NKOSI “JOVI” ZITHULELE lead vocal LETLHOGONOLO “HLONI” MAPHUNYE backing vocal KGOMOTSO NEO MOKONE backing vocal THABO SAUL “LUJA” NGOEPE bass drum, backing vocal EPHRAIM SKHUMBUZO MAHLANGU marching, bass drum DANIEL THABO “CHEEX” MANGEL congas MOSEBETSI JAN NTSIMANDE bass guitar   Афро-психоделичниот септет BCUC (Bantu Continua Uhuru Consciousness) е супергрупа од Совето, Јужна Африка, која ја доживува својата музика како хедонистички транс, но и како оружје за политичко и духовно ослободување во согласност со борбата за правда на претходните генерации. Звукот на BCUC е истовремено современ и оригинален, самоуверен и моќен. Тој е исполнлет со фанки грувови и хип-хоп сензибилитет, но и со репетитивни бас рифови, флејти и галопирачки ритми, како директно оддавање почит на надежта и борбениот дух на претходните генерации. Групата пее и зборува гласно за суровата реалност со која се соочуваат сиромашните работници во Јужна Африка, но во исто време, BCUC не ја прикажува татковината како сиромашна, туку богата со традиции, ритуали и вера. Кога BCUC настапуваат во живо, тие ја вовлекуваат публиката во вистински транс. И кога ќе видиш концерт на BCUC, тоа никогаш нема да го заборавиш. Од нивниот деби албум „Our Truth“ објавен во 2016 година и следниот „The Healing“ (2019), во кој се појавува синот на Фела, Феми Кути, тие го привлекоа вниманието на публиката на сите светски концертни подиуми и фестивали, вклучувајќи ги Glastonbury, Roskilde Festival, Afropunk Brooklyn, Dour, Worldwide, Womad и многу други. BCUC дури три пати ја претворија целата фестивалска публика на Roskilde во свои жестоки фанови, последниот пат во 2022 година. Во моментов го промовираат албумот „Millions of Us“ (2023), кој доби одлични критики ширум светот. Билетите по цена од 800 денари се пуштени во продажба во НОБ и онлајн на www.mktickets.mk

The post Ексклузивно отворање на OFFest со две големи имиња на африканската музика Bombino и Bcuc appeared first on Република.

]]>