бомбашки напад Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bombashki-napad/ За подобро да се разбереме Thu, 30 Nov 2023 21:55:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бомбашки напад Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bombashki-napad/ 32 32 Најмалку 10 лица загинаа во бомбашки напад во Ирак https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/najmalku-10-litsa-zaginaa-vo-bombashki-napad-vo-irak/ Thu, 30 Nov 2023 21:54:49 +0000 https://republika.mk/?p=718162

Најмалку 10 лица загинаа, а 14 се ранети вечерва во бомбашки напад покрај пат и пукање врз возило и спасувачи во источната ирачка провинција Дијала, соопштија два безбедносни извори.

Како што наведоа, нападот во близина на градот Амранија бил насочен кон роднините на локалниот политичар.

Оттаму додаваат дека две бомби биле фрлени покрај патот, а непознати напаѓачи отвориле снајперски оган врз мештаните кои пристигнале на местото на настанот за да помогнат.

 

The post Најмалку 10 лица загинаа во бомбашки напад во Ирак appeared first on Република.

]]>

Најмалку 10 лица загинаа, а 14 се ранети вечерва во бомбашки напад покрај пат и пукање врз возило и спасувачи во источната ирачка провинција Дијала, соопштија два безбедносни извори. Како што наведоа, нападот во близина на градот Амранија бил насочен кон роднините на локалниот политичар. Оттаму додаваат дека две бомби биле фрлени покрај патот, а непознати напаѓачи отвориле снајперски оган врз мештаните кои пристигнале на местото на настанот за да помогнат.  

The post Најмалку 10 лица загинаа во бомбашки напад во Ирак appeared first on Република.

]]>
Бомбашкиот напад на концертот на Аријана Гранде можел да се спречи, покажа истрагата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/bombashkiot-napad-na-kontsertot-na-arijana-grande-mozhel-da-se-sprechi-pokazha-istragata/ Thu, 02 Mar 2023 18:33:26 +0000 https://republika.mk/?p=615241

Пропуштена била значајна можност да се преземат активности што можеле да го спречат смртоносниот самоубиствен бомбашки напад на крајот од концертот на поп пејачката Аријана Гранде во англискиот град Манчестер во 2017 година, се наведува во денеска објавените заклучоци од истрагата..

Дваесет и две лица, меѓу кои и едно осумгодишно дете, загинаа, а повеќе од 200 беа повредени откако маж активираше рачно изработена бомба во Манчестер Арената во моментите кога родителите почнаа да пристигнуваат да ги земат своите деца по настапот на американската пејачка.

Имаше значајна пропуштена можност да се преземе акција што можеше да го спречи нападот, рече директорот на истрагата Џон Сондерс во својот трет и последен извештај за бомбашкиот напад, најсмртоносниот во Британија од самоубиствените бомбашки напади во 2005 година во јавниот транспорт во Лондон.

Претходните извештаи на Саундерс заклучија дека имало сериозни пропусти и грешки во обезбедувањето на салата. Тој, исто така, откри дека едно лице веројатно би преживеало доколку одговорот на итната помош не бил несоодветен.

Самоубиствениот бомбашки напад го изврши 22-годишниот Салман Абеди. Неговиот помлад брат Хашем беше осуден на 55 години затвор во 2020 година за охрабрување и помагање во злосторството.

Третиот, постариот брат Исмаил, во јули беше осуден во отсуство бидејќи не сведочеше и не учествуваше во истрагата, туку побегна од Британија. Браќата Абеди се деца на либиски родители кои емигрирале во Велика Британија за време на владеењето на Моамер Гадафи.

The post Бомбашкиот напад на концертот на Аријана Гранде можел да се спречи, покажа истрагата appeared first on Република.

]]>

Пропуштена била значајна можност да се преземат активности што можеле да го спречат смртоносниот самоубиствен бомбашки напад на крајот од концертот на поп пејачката Аријана Гранде во англискиот град Манчестер во 2017 година, се наведува во денеска објавените заклучоци од истрагата.. Дваесет и две лица, меѓу кои и едно осумгодишно дете, загинаа, а повеќе од 200 беа повредени откако маж активираше рачно изработена бомба во Манчестер Арената во моментите кога родителите почнаа да пристигнуваат да ги земат своите деца по настапот на американската пејачка.
Имаше значајна пропуштена можност да се преземе акција што можеше да го спречи нападот, рече директорот на истрагата Џон Сондерс во својот трет и последен извештај за бомбашкиот напад, најсмртоносниот во Британија од самоубиствените бомбашки напади во 2005 година во јавниот транспорт во Лондон.
Претходните извештаи на Саундерс заклучија дека имало сериозни пропусти и грешки во обезбедувањето на салата. Тој, исто така, откри дека едно лице веројатно би преживеало доколку одговорот на итната помош не бил несоодветен. Самоубиствениот бомбашки напад го изврши 22-годишниот Салман Абеди. Неговиот помлад брат Хашем беше осуден на 55 години затвор во 2020 година за охрабрување и помагање во злосторството. Третиот, постариот брат Исмаил, во јули беше осуден во отсуство бидејќи не сведочеше и не учествуваше во истрагата, туку побегна од Британија. Браќата Абеди се деца на либиски родители кои емигрирале во Велика Британија за време на владеењето на Моамер Гадафи.

The post Бомбашкиот напад на концертот на Аријана Гранде можел да се спречи, покажа истрагата appeared first on Република.

]]>
Притворени 17 осомничени за врска со нападот во Истанбул https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pritvoreni-17-osomnicheni-za-vrska-so-napadot-vo-istanbul/ Sat, 19 Nov 2022 11:02:47 +0000 https://republika.mk/?p=573437

Суд во Турција одреди притвор до почетокот на судењето за 17 осомничени за организација на бомбашкиот напад во Истанбул, во кој загинаа шест, а 81 лице се здобија со повреди.

Тие се обвинети за напад врз унитарноста на државата, намерни убиства и за обиди за убиства, јави агенцијата Анадолија.

Судот тројца осомничени да не бидат во притвор до почетокот на судењето.

Издадена е и наредба од Турција да бидат депортирани 29 лица, кои полицијата ги уапсила во врска со нападот.

Како што пишуваат дел од медиумите, турските власти за нападот го обвинуваат сирискиот огранок на Курдската работничка партија (ПКК). Сепак, ПКК негираше вмешаност во овој напад.

The post Притворени 17 осомничени за врска со нападот во Истанбул appeared first on Република.

]]>

Суд во Турција одреди притвор до почетокот на судењето за 17 осомничени за организација на бомбашкиот напад во Истанбул, во кој загинаа шест, а 81 лице се здобија со повреди. Тие се обвинети за напад врз унитарноста на државата, намерни убиства и за обиди за убиства, јави агенцијата Анадолија. Судот тројца осомничени да не бидат во притвор до почетокот на судењето. Издадена е и наредба од Турција да бидат депортирани 29 лица, кои полицијата ги уапсила во врска со нападот. Како што пишуваат дел од медиумите, турските власти за нападот го обвинуваат сирискиот огранок на Курдската работничка партија (ПКК). Сепак, ПКК негираше вмешаност во овој напад.

The post Притворени 17 осомничени за врска со нападот во Истанбул appeared first on Република.

]]>