Болоња Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bolonja/ За подобро да се разбереме Tue, 12 Nov 2024 08:17:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Болоња Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bolonja/ 32 32 Првиот Универзитет во Болоња го основале Бугари? https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/prviot-univerzitet-vo-bolona-go-osnovale-bugari/ Tue, 12 Nov 2024 08:17:31 +0000 https://republika.mk/?p=836586

Во 1119 година Бугари го основале во Болоња Првиот Универзитет во Европа на местото на куќата на Булгаро де Булгарис, наречен Златоуст, учен правник и учител.
Плоштадот пред неговата куќа до денес се вика „Бугарински плоштад“. На негово место е основан „Universitato Bulgaro“. Таму се гледаат семејните грбови на ALCEUS BULGARINI и ASCANIUS BULGARINO од Сиена, објави Фејсбук страницата „Грамотни“.

Во целосна независност од црквата, таму учат 10.000 студенти од цела Европа. За споредба, во Кембриџ, основан следниот век, учат 5.000 луѓе

Магнетизмот на „Universitato Bulgaro“ привлекува претставници на европската култура, како Томас Бекет, Данте Алигиери, Еразмо од Ротердам, Николаус Коперник..

Најстарата зачувана слика е од средината на 14 век и е бугарска. Знакот @ е симбол на ерата на Интернет, тој е клучен за електронската пошта и социјалните мрежи. До неодамна, никој навистина не знаеше од каде доаѓа, пишува Клер Бејтс на почетокот на своето истражување.

The post Првиот Универзитет во Болоња го основале Бугари? appeared first on Република.

]]>

Во 1119 година Бугари го основале во Болоња Првиот Универзитет во Европа на местото на куќата на Булгаро де Булгарис, наречен Златоуст, учен правник и учител. Плоштадот пред неговата куќа до денес се вика „Бугарински плоштад“. На негово место е основан „Universitato Bulgaro“. Таму се гледаат семејните грбови на ALCEUS BULGARINI и ASCANIUS BULGARINO од Сиена, објави Фејсбук страницата „Грамотни“. Во целосна независност од црквата, таму учат 10.000 студенти од цела Европа. За споредба, во Кембриџ, основан следниот век, учат 5.000 луѓе Магнетизмот на „Universitato Bulgaro“ привлекува претставници на европската култура, како Томас Бекет, Данте Алигиери, Еразмо од Ротердам, Николаус Коперник.. Најстарата зачувана слика е од средината на 14 век и е бугарска. Знакот @ е симбол на ерата на Интернет, тој е клучен за електронската пошта и социјалните мрежи. До неодамна, никој навистина не знаеше од каде доаѓа, пишува Клер Бејтс на почетокот на своето истражување.

The post Првиот Универзитет во Болоња го основале Бугари? appeared first on Република.

]]>
Болниот од леукемија Синиша Михајловиќ, веќе не е тренер на Болоња https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/bolniot-od-leukemija-sinisha-mihajlovikj-vekje-ne-e-trener-na-bolonja/ Tue, 06 Sep 2022 18:44:23 +0000 https://republika.mk/?p=548070

Српскиот фудбалски тренер, Синиша Михајловиќ, е сменет од должноста тренер на италијанскиот прволигаш Болоња, поради слаби резултати.

Михајловиќ е првиот тренер кој е сменет во италијанската Серија А оваа сезона, откако Болоња во првите пет натпревари освои само три бодови.

Како кандидати за негов наследник на клупата на Болоња се Роберто Де Зерби, Клаудио Раниери и Тијаго Мота.

Михајловиќ ja почна својата самостојна тренерска кариера во Болоња во 2008 година, а во својот втор мандат во Болоња, и покрај лекувањето од леукемија, мина три сезони.

The post Болниот од леукемија Синиша Михајловиќ, веќе не е тренер на Болоња appeared first on Република.

]]>

Српскиот фудбалски тренер, Синиша Михајловиќ, е сменет од должноста тренер на италијанскиот прволигаш Болоња, поради слаби резултати. Михајловиќ е првиот тренер кој е сменет во италијанската Серија А оваа сезона, откако Болоња во првите пет натпревари освои само три бодови. Како кандидати за негов наследник на клупата на Болоња се Роберто Де Зерби, Клаудио Раниери и Тијаго Мота. Михајловиќ ja почна својата самостојна тренерска кариера во Болоња во 2008 година, а во својот втор мандат во Болоња, и покрај лекувањето од леукемија, мина три сезони.

The post Болниот од леукемија Синиша Михајловиќ, веќе не е тренер на Болоња appeared first on Република.

]]>
„Бунт на куклите“ на Димитрие – Рули Османли прикажан на отворањето на Фестивалот на новореставрирани филмови во Болоња https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/bunt-na-kuklite-na-dimitrie-ruli-osmanli-prikazan-na-otvoranjeto-na-festivalot-na-novorestavrirani-filmovi-vo-bolonja/ Wed, 06 Jul 2022 13:25:34 +0000 https://republika.mk/?p=524809

Кон крајот на јуни и почетокот на јули, во италијанскиот град Болоња, најпознат по најстариот универзитет во континуитет во Европа, секоја година се одржува Фестивалот на новореставрирани филмови “Il Cinema ritrovato”, без сомнение, најреномираниот фестивал од овој тип „филмофилски“ фестивали во светот.

На овој фестивал, како гости секоја година присуствуваат исклучително реномирани имиња од светот на филмот. Во изминативе 35 изданија на фестивалот, гостувале режисерите Жан-Лик Годар, Бетран Таверние, Кен Лоуч, Питер Вир, Душан Макавеев, Мајкл Чимино, Стенли Донен, Фатих Акин, Џон Бурман, Агнес Варда, Коста Гаврас, Мартин Скорсези, Маргарет фон Трота, Френсис Форд Копола, Џејн Кемпион, Фолкер Шлендорф и др.; најзначајните режисери на италијанската кинематографија: Ермано Олми, Марио Моничели, Франческо Рози, Бернардо Бертолучи, Џузепе Торнаторе, Дарио Арџенто, Марко Белокио и  др.; актерите Бен Газара, Шарлот Ремплинг, Клаудија Кардинале, Изабел Ипер, Изабела Роселини и др.

Годинава, на 36-тото издание на фестивалот специјални гости беа последната дива на италијанскиот филм Стефанија Сандрели и нејзиниот сонародник, режисерот Џани Амелио, како и едно од најголемите имиња на „Новиот Холивуд“, режисерот на „Возач“ (The Driver, 1978), „Воини на подземјето“ (The Warriors, 1979), „Јужњачка утеха“ (Southern comfort, 1981) и многу други филмови - Волтер Хил, кои пред публиката се претставија со подолги интервјуа во кои разгледуваа многу прашања поврзани со нивната кариера, но и генерално со филмската уметност.

Покрај тоа, Кинотеката на Болоња, организаторот на фестивалот, прочуена по својата лабораторија во која се реставрирани многу ремек-дела на светската кинематографија, има одлична соработка со останатите филмски архиви и кинотеки, па така, секоја година има можност да понуди репрезентативна програма во која можат да се проследат стотици класици од сите меридијани на планетава и од сите епохи на филмската уметност.

Фестивалот во Болоња има и едно непишано правило, на свеченото отворање да претстави неколку филмови како изненадување (sorpresa). Најчесто тоа се филмови за кои долго се сметало дека се загубени, или пак некои подзаборавени архивски бисери, или пак штотуку реставрирани класични дела на филмската уметност. Годинава изборот падна на повеќе неми остварувања снимени пред точно сто и двесет години, во 1902 г., со музичка придружба на пијано во живо, како и на два сосема куси филма на полскиот режисер Анджеј Вајда, два сосема непознати архивски бисери од шеесеттите снимени во Париз, првиот недовршен краткометражен во кој главната ролја како дебитант ја толкува големиот француски актер Жерар Депардје, а вториот интервју на Вајда со големиот италијански писател и режисер, родум од Болоња – Пјер Паоло Пазолини.

Сепак, главното изненадување на отворањето на фестивалот во киното „Џоли“ беше македонскиот кусометраженосумнаесетминутен игран филм од 1957 г., во режија на Димитрие – Рули Османли, а по сценарио на Љубе Петковски, кој воедно е и директор на фотографија – „Бунт на куклите“. Овој детски филм со антивоена порака, со многу онирични елементи, од колегите од Кинотеката во Болоња беше оценет како вистински „бисер“ и не случајно се најде на програмата на отворањето на фестивалот. „Бунт на куклите“ е филм во кој главната улога ја толкува тогаш деветгодишниот доајен на македонското глумиште – Емил Рубен, но не е негов дебитантски филм. Имено, Рубен две години порано веќе глуми во фимот „Тие двајцата“ (Njih dvojica) на Жорж Скригин, а истата, 1957 г. ја игра главната ролја во македонскиот долгометражен игран филм „Малиот човек“ во режија на Жика Чикулиќ. Овде, во „Бунт на куклите“, Емил Рубен е едноставно брилијантен, а таа детска спонтаност, поткрепена од мајсторската режија на Димитрие Османли, успеа да ѝ ја пренесе и на одушевената публика во Болоња, која заедно со него се смееше, се радуваше и  се плашеше во соодветните сцени од филмот, во чија реализација учествувале и Василие Поповиќ – Цицо како сценограф, Скопската филхармонија, што ја изведува музиката на композиторот Ладислав Палфи и членови на Балетот при Скопскиот народен театар во кореографија на Ѓорѓи Македонски.

„Бунт на куклите“, кој по проекцијата беше награден со долг аплауз, подоцна беше проектиран и во официјалната фестивалска програма, а признанието што го доби македонската кинематографија со неговата проекцијата на отворањето на Фестивалот на новореставрирани филмови “Il Cinema ritrovato” во Болоња е дотолку поголемо, што ова беше прв и засега единствен македонски филм проектиран на овој ренимиран фестивал.

Во 2020 г., Кинотеката на Република Македонија, филмот „Бунт на куклите“, заедно со уште триесет други репрезентативни кусометражни играни остварувања од сите етапи на македонската кинематографија, дигитално ги реставрираше во Белград и во Кинотеката, а истата година беше објавено и двојазично DVD-издание со реставрираните филмови, на македонски и англиски јазик, под наслов „Македонски кратки играни филмови (Macedonian Short Feature Films)“.

д-р Атанас Чупоски, филмолог-советник во Кинотека на РС Македонија

The post „Бунт на куклите“ на Димитрие – Рули Османли прикажан на отворањето на Фестивалот на новореставрирани филмови во Болоња appeared first on Република.

Играчите на Болоња го изненадија Михајловиќ: Дојдовте да ме расплачете, ако продолжите вака ќе бидам среќен во болница https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/igrachite-na-bolonja-go-iznenadija-mihajlovikj-dojdovte-da-me-rasplachete-ako-prodolzite-vaka-kje-bidam-srekjen-vo-bolnica/ Fri, 29 Apr 2022 10:45:00 +0000 https://republika.mk/?p=495167

Играчите на Болоња му приредија изненадување на својот тренер Синиша Михајловиќ кој се наоѓа во болница каде по вторпат води битка со леукемијата.

Фудбалерите ден по победата над Интер, сакале да прослават со својот тренер, па се собрале пред болницата и со песна славеле под неговиот болнички прозорец.

Дојдовте тука да ме расплачете. Минатиот пат дојдовте тука за да ви биде чиста совеста, сега заслуживте. Поради вас сум 10 години помлад, ви благодарам, ве сакам. Од кога сум во болница, вие немате загубено. Гледајте тоа да го направите побрзо, па да можам да излезам. Но, ако вака продолжите тогаш ќе бидам среќен што ќе останам во болница - им рекол Михајловиќ.

https://twitter.com/IFTVofficial/status/1519638904772730880?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1519638904772730880%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fkurir.mk%2Fsport%2Ffudbal%2Figrachite-na-bolonja-go-iznenadija-miha-dojdovte-da-me-rasplachete-video%2F

The post Играчите на Болоња го изненадија Михајловиќ: Дојдовте да ме расплачете, ако продолжите вака ќе бидам среќен во болница appeared first on Република.

]]>

Играчите на Болоња му приредија изненадување на својот тренер Синиша Михајловиќ кој се наоѓа во болница каде по вторпат води битка со леукемијата. Фудбалерите ден по победата над Интер, сакале да прослават со својот тренер, па се собрале пред болницата и со песна славеле под неговиот болнички прозорец.