болни од ковид-19 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bolni-od-kovid-19/ За подобро да се разбереме Thu, 21 Dec 2023 20:51:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png болни од ковид-19 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bolni-od-kovid-19/ 32 32 Повторно зголемен број на починати, хоспитализирани и заразени со Ковид-19 во Грција https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/povtorno-zgolemen-broj-na-pochinati-hospitalizirani-i-zarazeni-so-kovid-19-vo-grtsija/ Thu, 21 Dec 2023 21:47:44 +0000 https://republika.mk/?p=725471

Во периодот од 11 до 17 декември во Грција е регистриран зголемен број заразени со Ковид-19, во споредба со една седмица претходно, а зголемување бележат и хоспитализираните, приклучените на апарати, но и на починатите, согласно неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина.

Во конкретниот период регистрирани се 60 смртни случаи на возраст од 57 до 98 години, бројка поголема во однос на просечниот неделен број на починати во изминатите четири седмици.

Хоспитализирани биле 1.373 лица, за 45 отсто повеќе од просекот, а пораст има и на пациентите приклучени на апарати, вкупно 62.

Позитивноста кај сите тестирани примероци бележи зголемување во однос на претходната седмица, кога исто така имаше зголемување споредбено со претходно.

Најзастапена подваријанта во Грција е EG.5 (Ерис) со 39 отсто, следи XBB.1.5 (Кракен) со 30 проценти и подваријантата ΒΑ.2.86 со 20 отсто.

Според ЕОДИ, во земјата е потврдени вкупно 101 случај на новиот сој JN.1, што е подваријанта на BA. 2.86

-Дополнителната опасност ризик за јавното здравје од JN.1 во моментов, на меѓународно ниво, се оценува како ниска, пишува во неделниот извештај.

Националната организација за јавно здравје на Грција, цеќе подолг период, го промени начинот на следење на Ковид-19 и извештаите што се објавуваат еднаш седмично се описни и детални, без конкретни бројки на новозаразени, како што беше случај во текот на пандемијата.

The post Повторно зголемен број на починати, хоспитализирани и заразени со Ковид-19 во Грција appeared first on Република.

]]>

Во периодот од 11 до 17 декември во Грција е регистриран зголемен број заразени со Ковид-19, во споредба со една седмица претходно, а зголемување бележат и хоспитализираните, приклучените на апарати, но и на починатите, согласно неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина. Во конкретниот период регистрирани се 60 смртни случаи на возраст од 57 до 98 години, бројка поголема во однос на просечниот неделен број на починати во изминатите четири седмици. Хоспитализирани биле 1.373 лица, за 45 отсто повеќе од просекот, а пораст има и на пациентите приклучени на апарати, вкупно 62. Позитивноста кај сите тестирани примероци бележи зголемување во однос на претходната седмица, кога исто така имаше зголемување споредбено со претходно. Најзастапена подваријанта во Грција е EG.5 (Ерис) со 39 отсто, следи XBB.1.5 (Кракен) со 30 проценти и подваријантата ΒΑ.2.86 со 20 отсто. Според ЕОДИ, во земјата е потврдени вкупно 101 случај на новиот сој JN.1, што е подваријанта на BA. 2.86 -Дополнителната опасност ризик за јавното здравје од JN.1 во моментов, на меѓународно ниво, се оценува како ниска, пишува во неделниот извештај. Националната организација за јавно здравје на Грција, цеќе подолг период, го промени начинот на следење на Ковид-19 и извештаите што се објавуваат еднаш седмично се описни и детални, без конкретни бројки на новозаразени, како што беше случај во текот на пандемијата.

The post Повторно зголемен број на починати, хоспитализирани и заразени со Ковид-19 во Грција appeared first on Република.

]]>
Стевановиќ: Порастот на заболени од ковид е поради зголемената раздвиженост и малиот процент вакцинирани https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/stevanovikj-porastot-na-zaboleni-od-kovid-e-poradi-zgolemenata-razdvizenost-i-maliot-procent-vakcinirani/ Tue, 05 Jul 2022 06:17:01 +0000 https://republika.mk/?p=523953

Зголемувањето на ковид позитивните пациенти периодов се должи на зголемената раздвиженост, мал процент на вакцинирани против коронавирусот и опаѓање на имунитетот, изјави за МИА директорката на Универзитетска Клиника за Инфективни болести и фебрилни состојби, Милена Стевановиќ.

Во моментов, како што информираше хоспитализирани се десет пациенти на Инфективната клиника и само неколку се со тешка клиничка слика.

-Тоа што може да се забележи е дека за разлика од претходните денови, сега има по 20 пациенти дневно за преглед, вели Стевановиќ.

Апелот на директорката е дека е потребно се зголеми процентот на вакцинирани лица, бидејќи повеќе од јасно е дека вакцините даваат заштита и полесна клиничка слика доколку се дојде во контакт со вирусот.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во период од 1 до 3 јули, од 1 695 тестирања, регистрирани се 290 нови случаи на КОВИД-19, од кои најмногу се од Скопје-186.

Од вкупниот број позитивни лица, 49 се реинфекции. Оздравени се 250 пациенти, а не е пријавено ниту едно починато лице.

Во моментов, активни се 935 случаи на коронавирусот. Согласно податоците од ИЈЗ, најголем број од активните случаи се во главниот град, и тоа 536, потоа во Битола – 59 и 42 во Куманово. Без ниту еден активен случај се Валандово, Кратово, Демир Капија, Македонска Каменица, Пехчево и Дојран.

Препораките од Комисијата за заразни болести остануваат исти како и досега. Комисијата препорачува граѓаните да бидат совесни и да го заштитат сопственото и јавното здравје и да ги применуваат општите мерки за заштита, како што се заштитна маска, одржување растојание и почесто миење раце.

Засега во сила останува само обврската за задолжително носење маски во здравствените установи, згрижувачките установи, аптеките и јавниот превоз.

The post Стевановиќ: Порастот на заболени од ковид е поради зголемената раздвиженост и малиот процент вакцинирани appeared first on Република.

]]>

Зголемувањето на ковид позитивните пациенти периодов се должи на зголемената раздвиженост, мал процент на вакцинирани против коронавирусот и опаѓање на имунитетот, изјави за МИА директорката на Универзитетска Клиника за Инфективни болести и фебрилни состојби, Милена Стевановиќ. Во моментов, како што информираше хоспитализирани се десет пациенти на Инфективната клиника и само неколку се со тешка клиничка слика.
-Тоа што може да се забележи е дека за разлика од претходните денови, сега има по 20 пациенти дневно за преглед, вели Стевановиќ.
Апелот на директорката е дека е потребно се зголеми процентот на вакцинирани лица, бидејќи повеќе од јасно е дека вакцините даваат заштита и полесна клиничка слика доколку се дојде во контакт со вирусот. Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во период од 1 до 3 јули, од 1 695 тестирања, регистрирани се 290 нови случаи на КОВИД-19, од кои најмногу се од Скопје-186. Од вкупниот број позитивни лица, 49 се реинфекции. Оздравени се 250 пациенти, а не е пријавено ниту едно починато лице. Во моментов, активни се 935 случаи на коронавирусот. Согласно податоците од ИЈЗ, најголем број од активните случаи се во главниот град, и тоа 536, потоа во Битола – 59 и 42 во Куманово. Без ниту еден активен случај се Валандово, Кратово, Демир Капија, Македонска Каменица, Пехчево и Дојран. Препораките од Комисијата за заразни болести остануваат исти како и досега. Комисијата препорачува граѓаните да бидат совесни и да го заштитат сопственото и јавното здравје и да ги применуваат општите мерки за заштита, како што се заштитна маска, одржување растојание и почесто миење раце. Засега во сила останува само обврската за задолжително носење маски во здравствените установи, згрижувачките установи, аптеките и јавниот превоз.

The post Стевановиќ: Порастот на заболени од ковид е поради зголемената раздвиженост и малиот процент вакцинирани appeared first on Република.

]]>
Коњановски: Ескалира бројот на заболени во Битола, да намалиме со дружбите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/konjanovski-eskalira-brojot-na-zaboleni-vo-bitola-da-namalime-so-druzbite/ Mon, 10 Jan 2022 12:57:59 +0000 https://republika.mk/?p=442592

Имаме ескалација на бројот на заболени. Бројот од стотина нови случаи на неделно ниво, после новогодишните празници и после сите оние дружења во градот, се зголемува на 600 неделно, рече денеска битолскиот градоначалник Тони Коњановски по завршување на состанокот на општинскиот кризен штаб и апелираше да се почитуваат мерките за заштита.

Апелирам граѓаните да ги почитуваат мерките, да намалиме колку што е можно со дружењето во овие празници кои сè уште ни претстојат. Оние што не се вакцинирани да поитаат да се вакцинираат, бидејќи тоа е единствена превентивна мерка, рече Коњановски.

Тој посочи дека утре ќе заседава Комисијата за заразни болести и дека засега во најава е само кратење на периодот на изолација бидејќи, новиот сој се шири многу брзо, но пократок е периодот на инкубација.

The post Коњановски: Ескалира бројот на заболени во Битола, да намалиме со дружбите appeared first on Република.

]]>

Имаме ескалација на бројот на заболени. Бројот од стотина нови случаи на неделно ниво, после новогодишните празници и после сите оние дружења во градот, се зголемува на 600 неделно, рече денеска битолскиот градоначалник Тони Коњановски по завршување на состанокот на општинскиот кризен штаб и апелираше да се почитуваат мерките за заштита.
Апелирам граѓаните да ги почитуваат мерките, да намалиме колку што е можно со дружењето во овие празници кои сè уште ни претстојат. Оние што не се вакцинирани да поитаат да се вакцинираат, бидејќи тоа е единствена превентивна мерка, рече Коњановски.
Тој посочи дека утре ќе заседава Комисијата за заразни болести и дека засега во најава е само кратење на периодот на изолација бидејќи, новиот сој се шири многу брзо, но пократок е периодот на инкубација.

The post Коњановски: Ескалира бројот на заболени во Битола, да намалиме со дружбите appeared first on Република.

]]>