болен Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bolen/ За подобро да се разбереме Fri, 05 Apr 2024 07:08:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png болен Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bolen/ 32 32 Ален Делон е тешко болен, ставен е под засилено старателство https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/alen-delon-e-teshko-bolen-staven-e-pod-zasileno-staratelstvo/ Fri, 05 Apr 2024 07:08:06 +0000 https://republika.mk/?p=762500

Францускиот глумец Ален Делон, кој има 88 години и е тешко болен, е ставен под засилено старателство за заштита на чувствителни лица, според одлуката на Судот.

Од јануари, Делон е ставен под судска заштита со назначување застапник кој „ќе ја следи неговата здравствена состојба“. Извори блиски до случајот за француските медиуми изјавија дека сега таа мерка е засилена. Ова значи дека правниот застапник назначен за случајот на Делон ќе ги надгледува неговите банкарски сметки и ќе ги следи неговите трошоци.

Тоа би значело оти Делон веќе нема целосна слобода во управувањето со својот имот и одлуките што би можел да ги донесе, вели неименуваниот извор.

Од почетокот на јануари неговите деца се во конфликт, преку медиумите и судството, околу грижата за нивниот татко.

Неговите синови Ентони (Ентони) (59) и Ален-Фабиен (Ален-Фабиен) (29) веруваат дека глумецот е изманипулиран од нивната сестра Анушка која наводно сакала да ја сокрие вистинската негова здравствена состојба од нив и имала намера да го врати во Швајцарија.

Анушка неодамна ги тужеше своите двајца браќа за нарушување на приватноста по емитувањето на разговор меѓу неа и нејзиниот татко. Таа бара отштета од околу 120.000 евра, а судењето е закажано за април 2025 година.

Ентони Делон сметаше дека неговата сестра сака да го префрли Делон во Швајцарија, каде што таа живее, за да не плати висок данок на наследство. Анушка, од своја страна, тврди дека сакала да го однесе таткото во Швајцарија за тој да продолжи да се лекува таму.

Според Ентони, филмскиот ветеран претходно изразил желба да живее на неговиот имот во Души и еден ден да биде погребан таму.

Ален Делон ја доби почесната „Златна палма“ на 72. Меѓународен фестивал во Кан во мај 2019 година и тоа, всушност, значеше крај за неговото присуство во јавноста. Како што потоа објавија француските медиуми, Делон имал мозочен удар во 2019 година, а пред неколку месеци било откриено дека има и лимфом. Делон со својата исклучителна филмографија и турбулентниот приватен живот, со ретката харизма и убавина, стана дел од современиот мит на светската кинематографија.

The post Ален Делон е тешко болен, ставен е под засилено старателство appeared first on Република.

]]>

Францускиот глумец Ален Делон, кој има 88 години и е тешко болен, е ставен под засилено старателство за заштита на чувствителни лица, според одлуката на Судот. Од јануари, Делон е ставен под судска заштита со назначување застапник кој „ќе ја следи неговата здравствена состојба“. Извори блиски до случајот за француските медиуми изјавија дека сега таа мерка е засилена. Ова значи дека правниот застапник назначен за случајот на Делон ќе ги надгледува неговите банкарски сметки и ќе ги следи неговите трошоци. Тоа би значело оти Делон веќе нема целосна слобода во управувањето со својот имот и одлуките што би можел да ги донесе, вели неименуваниот извор. Од почетокот на јануари неговите деца се во конфликт, преку медиумите и судството, околу грижата за нивниот татко. Неговите синови Ентони (Ентони) (59) и Ален-Фабиен (Ален-Фабиен) (29) веруваат дека глумецот е изманипулиран од нивната сестра Анушка која наводно сакала да ја сокрие вистинската негова здравствена состојба од нив и имала намера да го врати во Швајцарија. Анушка неодамна ги тужеше своите двајца браќа за нарушување на приватноста по емитувањето на разговор меѓу неа и нејзиниот татко. Таа бара отштета од околу 120.000 евра, а судењето е закажано за април 2025 година. Ентони Делон сметаше дека неговата сестра сака да го префрли Делон во Швајцарија, каде што таа живее, за да не плати висок данок на наследство. Анушка, од своја страна, тврди дека сакала да го однесе таткото во Швајцарија за тој да продолжи да се лекува таму. Според Ентони, филмскиот ветеран претходно изразил желба да живее на неговиот имот во Души и еден ден да биде погребан таму. Ален Делон ја доби почесната „Златна палма“ на 72. Меѓународен фестивал во Кан во мај 2019 година и тоа, всушност, значеше крај за неговото присуство во јавноста. Како што потоа објавија француските медиуми, Делон имал мозочен удар во 2019 година, а пред неколку месеци било откриено дека има и лимфом. Делон со својата исклучителна филмографија и турбулентниот приватен живот, со ретката харизма и убавина, стана дел од современиот мит на светската кинематографија.

The post Ален Делон е тешко болен, ставен е под засилено старателство appeared first on Република.

]]>
Принцот Хари итно пристигна во Лондон https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/printsot-hari-itno-pristigna-vo-london/ Tue, 06 Feb 2024 14:38:15 +0000 https://republika.mk/?p=741108

Принцот Хари, војводата од Сасекс, и помлад син на кралот Чарлс III, итно отпатува од Америка во Велика Британија за да биде со својот татко, кому му бил дијагностициран рак.

Бакингемската палата вчера објави соопштение, во кое се наведува дека на кралот Чарлс му е дијагностициран рак, но не е прецизирано од кој вид рак боледува кралот.

Според извори блиски до семејството, кралот Чарлс лично ги известил своите синови Вилијам и Хари дека е болен, како и својата сестра и браќата, пред светската јавност да дознае за болеста.

Хари, кога дознал дека татко му е болен, итно организирал патување и синоќа полетал од Лос Анџелес, а денес пристигнал во Лондон.

Тој наводно веднаш тргнал да го види својот татко, кој моментно се наоѓа во Кларенс Хаус.

Хари пристигна сам во Лондон, а неговата сопруга Меган Маркл остана со нивните две деца, принцот Арчи и принцезата Лилибет, во Америка, пишува „Телеграф“.

 

The post Принцот Хари итно пристигна во Лондон appeared first on Република.

]]>

Принцот Хари, војводата од Сасекс, и помлад син на кралот Чарлс III, итно отпатува од Америка во Велика Британија за да биде со својот татко, кому му бил дијагностициран рак. Бакингемската палата вчера објави соопштение, во кое се наведува дека на кралот Чарлс му е дијагностициран рак, но не е прецизирано од кој вид рак боледува кралот. Според извори блиски до семејството, кралот Чарлс лично ги известил своите синови Вилијам и Хари дека е болен, како и својата сестра и браќата, пред светската јавност да дознае за болеста. Хари, кога дознал дека татко му е болен, итно организирал патување и синоќа полетал од Лос Анџелес, а денес пристигнал во Лондон. Тој наводно веднаш тргнал да го види својот татко, кој моментно се наоѓа во Кларенс Хаус. Хари пристигна сам во Лондон, а неговата сопруга Меган Маркл остана со нивните две деца, принцот Арчи и принцезата Лилибет, во Америка, пишува „Телеграф“.  

The post Принцот Хари итно пристигна во Лондон appeared first on Република.

]]>
Бил позитивен на ковид 505 дена, починал по долга битка со болеста https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/bil-pozitiven-na-kovid-505-dena-pochinal-po-dolga-bitka-so-bolesta/ Fri, 22 Apr 2022 15:48:45 +0000 https://republika.mk/?p=492357

Најдолгата инфекција со новиот коронавирус кај едно лице, пред да почине од последиците на ковид-19, траела 505 дена, објавија денеска британските научници.

Претходно еден пациент бил позитивен на САРС-КоВ-2 цели 335 дена.

Пациентот кој бил позитивен 505 дена во континуитет имал многу ослабен имунолошки систем и повеќе коморбидитети.

Првиот позитивен тест го имал на почетокот на 2020 година, а потоа пациентот бил позитивен при сите останати тестирања, се до смртта во 2021 година.

 

The post Бил позитивен на ковид 505 дена, починал по долга битка со болеста appeared first on Република.

]]>

Најдолгата инфекција со новиот коронавирус кај едно лице, пред да почине од последиците на ковид-19, траела 505 дена, објавија денеска британските научници. Претходно еден пациент бил позитивен на САРС-КоВ-2 цели 335 дена. Пациентот кој бил позитивен 505 дена во континуитет имал многу ослабен имунолошки систем и повеќе коморбидитети. Првиот позитивен тест го имал на почетокот на 2020 година, а потоа пациентот бил позитивен при сите останати тестирања, се до смртта во 2021 година.  

The post Бил позитивен на ковид 505 дена, починал по долга битка со болеста appeared first on Република.

]]>