боксери Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bokseri/ За подобро да се разбереме Thu, 27 Apr 2023 19:04:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png боксери Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bokseri/ 32 32 Американските боксери се повлекоа од светската асоцијација https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/amerikanskite-bokseri-se-povlekoa-od-svetskata-asotsijatsija/ Thu, 27 Apr 2023 19:04:10 +0000 https://republika.mk/?p=634776

Американската боксерска федерација (USA Boxing), која ја претставува најуспешната земја во олимписката историја на овој спорт, се повлече од членство во Меѓународната боксерска асоцијација (IBA) и ќе ѝ се приклучи на отцепената федерација Ворлд Боксинг (World Boxing).

Извршниот директор на американската Федерација, Мајк Мекати, преку писмо ги извести членовите дека повлекувањето стапува на сила веднаш.

USA Boxing веднаш ќе почне со процесот на аплицирање за World Boxing и ќе го поднесе потребното барање на 1 мај или приближно околу тој датум, најави Мекати.

Регистрирано порано овој месец во Швајцарија од повеќе земји, вклучувајќи ги САД и Велика Британија, отцепениот Ворлд Боксинг изрази загриженост поради олимписката иднина на боксот.

Од своја страна, ИБА, раководена од Русинот Умар Кремлев, која Меѓународниот олимписки комитет (МОК) ја суспендираше во 2019 година, го осуди формирањето на Ворлд Боксинг, нарекувајќи ја „арамиска“ организација.

The post Американските боксери се повлекоа од светската асоцијација appeared first on Република.

]]>

Американската боксерска федерација (USA Boxing), која ја претставува најуспешната земја во олимписката историја на овој спорт, се повлече од членство во Меѓународната боксерска асоцијација (IBA) и ќе ѝ се приклучи на отцепената федерација Ворлд Боксинг (World Boxing). Извршниот директор на американската Федерација, Мајк Мекати, преку писмо ги извести членовите дека повлекувањето стапува на сила веднаш. USA Boxing веднаш ќе почне со процесот на аплицирање за World Boxing и ќе го поднесе потребното барање на 1 мај или приближно околу тој датум, најави Мекати. Регистрирано порано овој месец во Швајцарија од повеќе земји, вклучувајќи ги САД и Велика Британија, отцепениот Ворлд Боксинг изрази загриженост поради олимписката иднина на боксот. Од своја страна, ИБА, раководена од Русинот Умар Кремлев, која Меѓународниот олимписки комитет (МОК) ја суспендираше во 2019 година, го осуди формирањето на Ворлд Боксинг, нарекувајќи ја „арамиска“ организација.

The post Американските боксери се повлекоа од светската асоцијација appeared first on Република.

]]>
По навивачите на Партизан, властите во Молдавија не дозволија и влез на боксери од Црна Гора https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/po-navivachite-na-partizan-vlastite-vo-moldavija-ne-dozvolija-i-vlez-na-bokseri-od-tsrna-gora/ Wed, 15 Feb 2023 19:46:01 +0000 https://republika.mk/?p=609375

Боксерскиот сојуз на Црна Гора денеска соопшти дека молдавските власти не им дозволиле на боксерите од Будва да учествуваат на меѓународниот турнир „Павел Лускески“ во Кишињев.

- Вчера на аеродромот во Кишињев полицијата приведе наша екипа која се состои од шест лица (меѓу кои и малолетници). Бидејќи им биле одземени сите документи, тие цела ноќ ја поминале во транзитната зона, без храна и сместување. Тие потоа беа депортирани назад во Црна Гора со образложение дека во моментов е забранет влезот на црногорски државјани во Молдавија без подетални информации - изјавија од БС на Црна Гора.

Ова е втор случај молдавските власти да се мешаат во спортски настани. Вчера не им беше дозволен влез во земјата и на навивачите на Партизан.

https://republika.mk/sport/fudbal/dali-osmani-kako-pretsedavach-na-obse-ke-reagira-na-navivachite-na-partizan-pretsedatelkata-na-moldavija-ne-im-dozvoluva-vlez/

 

The post По навивачите на Партизан, властите во Молдавија не дозволија и влез на боксери од Црна Гора appeared first on Република.

]]>

Боксерскиот сојуз на Црна Гора денеска соопшти дека молдавските власти не им дозволиле на боксерите од Будва да учествуваат на меѓународниот турнир „Павел Лускески“ во Кишињев.
- Вчера на аеродромот во Кишињев полицијата приведе наша екипа која се состои од шест лица (меѓу кои и малолетници). Бидејќи им биле одземени сите документи, тие цела ноќ ја поминале во транзитната зона, без храна и сместување. Тие потоа беа депортирани назад во Црна Гора со образложение дека во моментов е забранет влезот на црногорски државјани во Молдавија без подетални информации - изјавија од БС на Црна Гора.
Ова е втор случај молдавските власти да се мешаат во спортски настани. Вчера не им беше дозволен влез во земјата и на навивачите на Партизан. https://republika.mk/sport/fudbal/dali-osmani-kako-pretsedavach-na-obse-ke-reagira-na-navivachite-na-partizan-pretsedatelkata-na-moldavija-ne-im-dozvoluva-vlez/  

The post По навивачите на Партизан, властите во Молдавија не дозволија и влез на боксери од Црна Гора appeared first on Република.

]]>